повисоки плати Archives - Република https://republika.mk/tema/povisoki-plati/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 10:46:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png повисоки плати Archives - Република https://republika.mk/tema/povisoki-plati/ 32 32 Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците https://republika.mk/vesti/janevska-se-razgovara-so-sindikatot-za-povisoki-plati-na-nastavnitsite/ Tue, 01 Oct 2024 10:46:44 +0000 https://republika.mk/?p=821360

Во фаза на дискусија се разговорите за повисоки плати на наставниците меѓу Синдикатот за образование и наука (СОНК) и претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министрите во Владата, кои почнаа вчера, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која присуствуваше на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Деталите се уште се во фаза на дискутирање и дооформување. Значи се разговараше за идните можности, се разговараше за методологија, се разговараше за потребите на наставниците, за можностите на државата и продолжуваме и понатаму да изнаоѓаме соодветни решенија на општо задоволство на сите, вели Јаневска.

Прашана дали е договорено за зголемување на платите на наставниците за 12 отсто, Јаневска со одговор дека се уште се дискутира.

Што се однесува за зголемување на студентскиот обрак, ресорната министерка Јаневска истакна дека за колку ќе се зголеми ќе зависи од буџетските средства за наредната година.

Во буџетот за следната 2025 година предвидуваме зголемување на студентскиот оброк. Знаете дека во фаза на реконструкција се два дома во Скопје. Но, се предвидува повеќегодишна реконструкција на повеќе домови ширим земјата. Зголемен е обемот на стипендии и им удоволивме на барањата на студентите. Променивме неколку Правилници, а тоа е за оние што имаат завршено со 180 кредити, да можат да аплицираат за постдипломски студии, ги изменивме Правилниците за оние кои сакаат да студираат на педагошката Академија. Значи се што можеме како држава и министерство да оствариме веднаш го правиме това, вели Јаневска.

Таа посочи дека останува да се разговара и за Законот, потоа за студентскиот стандард и за други барања кои ги имаат студентите.

The post Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците appeared first on Република.

]]>

Во фаза на дискусија се разговорите за повисоки плати на наставниците меѓу Синдикатот за образование и наука (СОНК) и претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министрите во Владата, кои почнаа вчера, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која присуствуваше на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
Деталите се уште се во фаза на дискутирање и дооформување. Значи се разговараше за идните можности, се разговараше за методологија, се разговараше за потребите на наставниците, за можностите на државата и продолжуваме и понатаму да изнаоѓаме соодветни решенија на општо задоволство на сите, вели Јаневска.
Прашана дали е договорено за зголемување на платите на наставниците за 12 отсто, Јаневска со одговор дека се уште се дискутира. Што се однесува за зголемување на студентскиот обрак, ресорната министерка Јаневска истакна дека за колку ќе се зголеми ќе зависи од буџетските средства за наредната година.
Во буџетот за следната 2025 година предвидуваме зголемување на студентскиот оброк. Знаете дека во фаза на реконструкција се два дома во Скопје. Но, се предвидува повеќегодишна реконструкција на повеќе домови ширим земјата. Зголемен е обемот на стипендии и им удоволивме на барањата на студентите. Променивме неколку Правилници, а тоа е за оние што имаат завршено со 180 кредити, да можат да аплицираат за постдипломски студии, ги изменивме Правилниците за оние кои сакаат да студираат на педагошката Академија. Значи се што можеме како држава и министерство да оствариме веднаш го правиме това, вели Јаневска.
Таа посочи дека останува да се разговара и за Законот, потоа за студентскиот стандард и за други барања кои ги имаат студентите.

The post Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Наставниците нема да бидат заборавени, со сигурност ќе добијат повисоки плати https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-nastavnitsite-nema-da-bidat-zaboraveni-so-sigurnost-ke-dobijat-povisoki-plati/ Thu, 22 Aug 2024 13:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=809140

Повисоки плати за наставниците ќе има кога ќе се создадат буџетски услови за тоа, а Министерството за образование и наука бара од нив и оваа учебна година да продолжат да придонесуваат за знаењето на учениците. Министерката Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека како наставник точно ги знае проблемите и предизвиците со кои се соочуваат наставниците.

Верувам дека наставниците знаат и се длабоко убедени дека ако некој сака тие да имаат подобар стандард, тоа сме јас како министер и нашата Влада. Јас не сакам да им се покачи платата 3%, сакам да им се покачи платата 30% уште утре, кога тоа би било можно. Она што го наследивме во Буџетот на МОН е цел едногодишен буџет истрошен за половина година. Необезбедени плати за наставници, за професори, неисплатена помош на ученици, неисплатени стипендии на студенти, неисплатени превози за училиштата, кон општините, необезбедени учебници за повеќе години и за повеќе предмети, неисплатени обврски за лиценци Фулбрајт, ПИСА и кон други странски партнери, студентски домови во распад, ученички домови во распад“, посочи Јаневска.

Таа ги замоли наставниците да постапуваат со онаа пасија како кога се запишале на факултетот, како кога ја посакале таа професија, и да ја реализираат оваа учебна година со нивната волја и желба, за да придонесат за знаењето на учениците и за напредокот на државата.

Она што им следува на наставниците, тие ќе го добијат во оној момент кога државата ќе може тоа да го направи. Јас како министер грчевито ќе се борам на Влада, тоа да биде што е можно повеќе, рече Јаневска.

Рече дека МОН е секогаш отворено за разговори со синдикатите, но во момент кога државата била во слободен пад што новата Влада се обидува да го запре, наставниците треба да имаат верба во Владата и во министерката за образование и да бидат сигурни дека нема да бидат заборавени.

The post Јаневска: Наставниците нема да бидат заборавени, со сигурност ќе добијат повисоки плати appeared first on Република.

Постигнат договор за платата на машиновозачите, железничкиот сообраќај ќе се нормализира од 20 часот https://republika.mk/vesti/makedonija/postignat-dogovor-za-platata-na-mashinovozachite-zheleznichkiot-soobrakaj-ke-se-normalizira-od-20-chasot/ Mon, 31 Jul 2023 16:39:18 +0000 https://republika.mk/?p=667372

Железничкиот сообраќај  во државава ќе се нормализира вечер во 20 часот откако претставниците на машинскиот извршен персонал и на раководството во ЖРМ Транспорт доцна попладнето постигнаа договор за исплата на вториот дел од платата за јуни и за старт на преговори за измени во актот за систематизација, потврди за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал.

Сообраќајот, што е во прекин од 13 часот денеска кога  вработените стапија во бојкот, според најавите од Димовски, ќе се нормализира со возот за Битола 645 во 20.05 часот.

Постигнат е договор со менаџерскиот на ЖРМ Транспорт за исплата на вториот дел од платата за јуни во петок како и да почнат преговори за доставените барања за изменување и дополнување на систематизацијата со што ќе се зголеми коефицинетот на сложеност за машинскиот извршен персонал, а можно е и за сите вработени, изјави Димовски.

Во тек на неколку часовниот прекин на  железничкиот собраќај, не се реализираше сообраќањето на два патнички воза од Скопје за Битола и за Гевгелија, додека од товарните немаше откажување.

The post Постигнат договор за платата на машиновозачите, железничкиот сообраќај ќе се нормализира од 20 часот appeared first on Република.

]]>

Железничкиот сообраќај  во државава ќе се нормализира вечер во 20 часот откако претставниците на машинскиот извршен персонал и на раководството во ЖРМ Транспорт доцна попладнето постигнаа договор за исплата на вториот дел од платата за јуни и за старт на преговори за измени во актот за систематизација, потврди за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал. Сообраќајот, што е во прекин од 13 часот денеска кога  вработените стапија во бојкот, според најавите од Димовски, ќе се нормализира со возот за Битола 645 во 20.05 часот.
Постигнат е договор со менаџерскиот на ЖРМ Транспорт за исплата на вториот дел од платата за јуни во петок како и да почнат преговори за доставените барања за изменување и дополнување на систематизацијата со што ќе се зголеми коефицинетот на сложеност за машинскиот извршен персонал, а можно е и за сите вработени, изјави Димовски.
Во тек на неколку часовниот прекин на  железничкиот собраќај, не се реализираше сообраќањето на два патнички воза од Скопје за Битола и за Гевгелија, додека од товарните немаше откажување.

The post Постигнат договор за платата на машиновозачите, железничкиот сообраќај ќе се нормализира од 20 часот appeared first on Република.

]]>
Предупредувачки протест на судската администрација, бараат повисоки плати https://republika.mk/vesti/makedonija/predupreduvachki-protest-na-sudskata-administratsija-baraat-povisoki-plati/ Tue, 13 Jun 2023 12:35:16 +0000 https://republika.mk/?p=650883

Вработени во судската администрација денеска излегоа на мирен едночасовен протест пред Основниот Кривичен суд во Скопје со барање за враќање на додатоците на плата до 35 отсто и итно донесување на законот за судска служба.

Протестот го организираа Независниот синдикат на судска администрација на Македонија и Здружението на судска администрација.

Јасмина Величкова претседател на судска служба на Македонија вели дека парите од додатоци се од плаќањето судски паушали и оти не зависат од Министерството за финансии.

- Да ни се вратат додатоците на плата. Тие додатоци се од судскиот буџет, не се од Министерството за финансии, бидејќи ние судскиот буџет го полниме од паушали. Бараме итно, како има пари за 78 отсто повисока плата за функционерите, европски плати за нив и за нас, изјави Величкова на протестот.

Потпретседателката на Здружението на судска администрација Рената Ѓоргиевска вели дека на протестот го изразуваат незадоволството од одлуката на Судскиот совет дека е одбиено нивното барање за исплата на најмалку 25 отсто додатоци на плата на судската служба.

- Освен што се одби ова барање, беше донесена и одлука со која се одбиваат додатоците и за мај 2023 година. Ова незадоволство го искажуваме затоа што 90 отсто од вработените  во судската служба се на работ на егзистенција. Просечната плата е 25.000 денари, додека потрошувачката кошничка на четири члено семејство за мај е 50.000 денари, рече Ѓоргиевска.

Побараа од надлежните органи во Судскиот совет да се координираат и да ги обезбедат средствата за исплата на најмалку 35 отсто додатоци на судксите службеници до донесување на новиот закон на судска служба.

Доколку Судскиот совет не ги исполни нивните барања, судските службеници најавија по неколку часовни протести во сите судови низ државата, а подоцна и штрајк.

Фото:МИА

The post Предупредувачки протест на судската администрација, бараат повисоки плати appeared first on Република.

]]>

Вработени во судската администрација денеска излегоа на мирен едночасовен протест пред Основниот Кривичен суд во Скопје со барање за враќање на додатоците на плата до 35 отсто и итно донесување на законот за судска служба. Протестот го организираа Независниот синдикат на судска администрација на Македонија и Здружението на судска администрација. Јасмина Величкова претседател на судска служба на Македонија вели дека парите од додатоци се од плаќањето судски паушали и оти не зависат од Министерството за финансии. - Да ни се вратат додатоците на плата. Тие додатоци се од судскиот буџет, не се од Министерството за финансии, бидејќи ние судскиот буџет го полниме од паушали. Бараме итно, како има пари за 78 отсто повисока плата за функционерите, европски плати за нив и за нас, изјави Величкова на протестот. Потпретседателката на Здружението на судска администрација Рената Ѓоргиевска вели дека на протестот го изразуваат незадоволството од одлуката на Судскиот совет дека е одбиено нивното барање за исплата на најмалку 25 отсто додатоци на плата на судската служба. - Освен што се одби ова барање, беше донесена и одлука со која се одбиваат додатоците и за мај 2023 година. Ова незадоволство го искажуваме затоа што 90 отсто од вработените  во судската служба се на работ на егзистенција. Просечната плата е 25.000 денари, додека потрошувачката кошничка на четири члено семејство за мај е 50.000 денари, рече Ѓоргиевска. Побараа од надлежните органи во Судскиот совет да се координираат и да ги обезбедат средствата за исплата на најмалку 35 отсто додатоци на судксите службеници до донесување на новиот закон на судска служба. Доколку Судскиот совет не ги исполни нивните барања, судските службеници најавија по неколку часовни протести во сите судови низ државата, а подоцна и штрајк. Фото:МИА

The post Предупредувачки протест на судската администрација, бараат повисоки плати appeared first on Република.

]]>
Покачувањето на платата од 72.000 денари Пендаровски ќе гo донира https://republika.mk/vesti/makedonija/pokachuvaneto-na-platata-od-72-000-denari-pendarovski-ke-go-donira/ Wed, 03 May 2023 07:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=636237

Шефот на државата Стево Пендаровски месецов ќе добие покачена плата за околу 72.000 денари, па месецов на сметката на претседателот ќе му се исплатат околу 165.500 денари нето, односно 254.000 бруто-плата.

Пендаровски останува на ставот дека е невкусно функционерите да добиваат повисоки плати во време на криза.

Не постои законска основа за да се вратат средствата во државниот буџет. Што се однесува до разликата меѓу старата и новата плата, претседателот Пендаровски ќе ја донира во хуманитарни цели на ранливи категории наши сограѓани. Во однос на покачувањето на платите, претседателот Пендаровски смета дека е потребно да се најде законско решение за намалување на платите и претседателот очекува најбргу што може Владата да излезе со конкретен предлог, велат од Кабинетот на Пендаровски за „Макфакс“.

The post Покачувањето на платата од 72.000 денари Пендаровски ќе гo донира appeared first on Република.

]]>

Шефот на државата Стево Пендаровски месецов ќе добие покачена плата за околу 72.000 денари, па месецов на сметката на претседателот ќе му се исплатат околу 165.500 денари нето, односно 254.000 бруто-плата. Пендаровски останува на ставот дека е невкусно функционерите да добиваат повисоки плати во време на криза.
Не постои законска основа за да се вратат средствата во државниот буџет. Што се однесува до разликата меѓу старата и новата плата, претседателот Пендаровски ќе ја донира во хуманитарни цели на ранливи категории наши сограѓани. Во однос на покачувањето на платите, претседателот Пендаровски смета дека е потребно да се најде законско решение за намалување на платите и претседателот очекува најбргу што може Владата да излезе со конкретен предлог, велат од Кабинетот на Пендаровски за „Макфакс“.

The post Покачувањето на платата од 72.000 денари Пендаровски ќе гo донира appeared first on Република.

]]>
СПМ бара итно покачување на платите во полицијата https://republika.mk/vesti/makedonija/spm-bara-itno-pokachuvane-na-platite-vo-politsijata/ Fri, 17 Mar 2023 11:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=620667

Синдикатото на полицијата во Македонија бара итно зголемување на платите во Министерството за внатрешни работи.

Најнапред да го поздравиме покачувањето на износот на минималната плата во Република Македонија на 20.100 денари. Добро е да има покачување иако е тоа премалку за жал.

Но, се поставува прашањето кое сите нас во Полицијата не интересира- КОЈА Е
ПРИДОБИВКАТА ОД ОВА ПОКАЧУВАЊЕ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР???

Бидејќи самонаречениот и самопрогласениот за „единствен“ МПС толку помпезно си молчи за ова прашање и со измислениот нивни збор „социјален дилалог“ не прават ништо за ова прашање и како Синдикат јавно побаравме да го објават износот на ОСНОВНАТА ПЛАТА за да се знае колку е основната плата во Полицијата. Но одговор не добивме до денес и веројатно нема да добиеме затоа што износот на ОСНОВНАТА ПЛАТА НА ПОЛИЦАЕЦ во моментов е ни помалку ни повеќе туку 15.000 денари.
Затоа како Синдикат БАРАМЕ уште од МЕСЕЦ АПРИЛ 2023 ГОДИНА:
- ПЛАТИТЕ НА СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО МВР ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ ЗА 10%,
- ОД МЕСЕЦ АПРИЛ 2023 ГОДИНА ДА СЕ ВРАТАТ ЗАКОНСКИТЕ 32 ЧАСОВИ МЕСЕЧНА РАБОТА ПОДОЛГА ОД ПОЛНОТО РАБОТНО ВРЕМЕ ЗА СИТЕ ВРАБОТЕНИ.

Зголемувањето на платите за 10% почнувајќи од месец Април 2023 година ГО БАРАМЕ И ПРЕДЛАГАМЕ да биде од буџетот на Министерството за внатрешни работи за што сметаме дека МВР е способно да ги покачи платите од својот буџет.

Да направиме/те од професијата „Полицаец“ една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава“!, велат оттаму.

The post СПМ бара итно покачување на платите во полицијата appeared first on Република.

]]>

Синдикатото на полицијата во Македонија бара итно зголемување на платите во Министерството за внатрешни работи.
Најнапред да го поздравиме покачувањето на износот на минималната плата во Република Македонија на 20.100 денари. Добро е да има покачување иако е тоа премалку за жал. Но, се поставува прашањето кое сите нас во Полицијата не интересира- КОЈА Е ПРИДОБИВКАТА ОД ОВА ПОКАЧУВАЊЕ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР??? Бидејќи самонаречениот и самопрогласениот за „единствен“ МПС толку помпезно си молчи за ова прашање и со измислениот нивни збор „социјален дилалог“ не прават ништо за ова прашање и како Синдикат јавно побаравме да го објават износот на ОСНОВНАТА ПЛАТА за да се знае колку е основната плата во Полицијата. Но одговор не добивме до денес и веројатно нема да добиеме затоа што износот на ОСНОВНАТА ПЛАТА НА ПОЛИЦАЕЦ во моментов е ни помалку ни повеќе туку 15.000 денари. Затоа како Синдикат БАРАМЕ уште од МЕСЕЦ АПРИЛ 2023 ГОДИНА: - ПЛАТИТЕ НА СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО МВР ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ ЗА 10%, - ОД МЕСЕЦ АПРИЛ 2023 ГОДИНА ДА СЕ ВРАТАТ ЗАКОНСКИТЕ 32 ЧАСОВИ МЕСЕЧНА РАБОТА ПОДОЛГА ОД ПОЛНОТО РАБОТНО ВРЕМЕ ЗА СИТЕ ВРАБОТЕНИ. Зголемувањето на платите за 10% почнувајќи од месец Април 2023 година ГО БАРАМЕ И ПРЕДЛАГАМЕ да биде од буџетот на Министерството за внатрешни работи за што сметаме дека МВР е способно да ги покачи платите од својот буџет. Да направиме/те од професијата „Полицаец“ една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава“!, велат оттаму.

The post СПМ бара итно покачување на платите во полицијата appeared first on Република.

]]>
Петровска: Од ноември припадниците на Армијата ќе земаат плати повисоки за 2.000 денари https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-od-noemvri-pripadnicite-n-aarmijata-kje-zemaat-plati-povisoki-za-2-000-denari/ Tue, 01 Nov 2022 07:32:49 +0000 https://republika.mk/?p=568082

Министерката за одбрана Славјанка Петровска најави дека од денес припадниците на Армијата добиваат покачување на платите од 2.000 денари, а исплатата на отпремнината во висина од две просечни плати, но не помалку од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата започнува следната недела.

Се отвара уште една можност за сите оние професионални војници кои ќе наполнат 45 години, со што им престанува нивниот договор за работа како професионални војници, да земат отпремнина, да останат во Министерството или пак да бидат превземени во некоја од другите институции, рече Петровска зборувајќи за измените на законот за служба во Армијата кои беа договорени во дијалог со сите четири  синдикати и во кои се вклучени платите и покачувањата и други придобивки и бенефиции.

Министерката истакна дека пресметките се веќе вкалкулирани во буџетот и  од следната недела  ќе започне исплатата на  отпремнина за професионални војници кои ги исполнуваат условите и доставиле барање за отпремнина.

The post Петровска: Од ноември припадниците на Армијата ќе земаат плати повисоки за 2.000 денари appeared first on Република.

Владата ги излажа синдикатот и работниците дека ќе ги покачи платите https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-gi-izlaza-sindikatot-i-rabotnicite-deka-kje-gi-pokachi-platite/ Mon, 20 Jun 2022 20:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=517813

Беше 1 мај кога, ако не се лажам, кога се одржа средбата по повод Денот на работникот во рамките на Владата. Излегоа синдикатот заедно со владата, држеа прес-конференција и таму рекоа дека барањето на синдикатот е прифатено и ќе имаме повисоки плати, поголем стандард и сите среќни се сликаа се испогушкаа и си заминаа секој по дома, претпоставувам. За да месец дена потоа, гледаме дека и тоа било една голема невистина.

Јас јавно го повикав омилениот синдикалец на власта да дојде до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, да го достави амандманот и во името на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ тој амандман да го предложиме за време на комисиската расправа. Дојде, дојдоа и претставници на други синдикални организации, за тоа сме ние, за тоа сме бирани од народот, да ги слушнеме аргументите на определени организации за да можеме да им излеземе во пресрет. Во случајов, тоа и го направивме. Дојдоа тие, дадоа амандман, го поднесовме тој амандман и имаше и расправа, видовме кој е за а кој против, кој бил лицемер, кој не бил лицемер и кој ја говорел вистината а кој не ја говорел вистината, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „24 aнализа“.

Мицкоски додаде дека министерот Фатмир Бесими рекол дека зголемени се приходите за 15 или 20% и рече тоа зголемување е ништо за вработените во државната администрација во споредба со тоа зголемување на министерот. Додаде дека ако има толкави зголемувања, наместо во крадење тендери и тендери во четири очи, нека им ги дадат луѓето за барем нешто од нешто да видат од овие кризи.

Платите и пензиите секаде се приоритет и тука да немаме дилема, стандардот на граѓаните е приоритет. Делот од тие приоритети е и ова, не знам зошто не би било приоритет. Приоритет беше и да се намалат даноците за да можат производите што ги користат граѓаните поевтини, даночната стапка за дел од тие производи да се врати онаква каква што беше пред 30 јуни 2022 година. Од тоа трошење владата не сака да се откаже, не сака да се откаже од 430-440 милиони евра стоки и услуги, рекордни до сега, рече Мицкоски.

The post Владата ги излажа синдикатот и работниците дека ќе ги покачи платите appeared first on Република.

Професорите од УКИМ ќе добијат повисоки плати од септември, вели Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/profesorite-od-ukim-kje-dobijat-povisoki-plati-od-septemvri-veli-kovachevski/ Fri, 27 May 2022 10:23:55 +0000 https://republika.mk/?p=507561

Покачувањето на платите на универзитетските професори е предвидено во Буџетот од месец септември. Тоа стои во ребалансот на Буџетот. Го видов писмото што го пратија и контактирав со нив. Самиот јас сум професор. Се согласувам дека во целиот образовен систем треба да се покачат платите, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

„Буџетот од година во година се зголемува во однос на платите во високото образование. Исто така, треба да бидеме свесни дека имаме повеќе државни универзитети и да бидеме свесни дека сме во голема економска криза. Верувам дека ќе најдеме решение со професорите бидејќи веќе има планирани средства за нив, тврди Ковачевски.

Вчера беше обелоденето дека професорите од универзитетот „Кирил и Методиј“ ќе излезат на предупредувачки протест доколку не се исполни нивното барање за повисоки плати.

The post Професорите од УКИМ ќе добијат повисоки плати од септември, вели Ковачевски appeared first on Република.

Нема договор за повисоки плати во Управата за водење на матични книги https://republika.mk/vesti/ekonomija/nema-dogovor-za-povisoki-plati-vo-upravata-za-vodenje-na-matichni-knigi/ Thu, 05 May 2022 17:17:01 +0000 https://republika.mk/?p=498198

Независниот синдикат од Управата за водење на матични книги (УЗМК) не успеа да најде заеднички јазик со Министерството за правда за покачување на платите, изјави попладнево синдикалниот претставник Марјан Ристески, по средбата со министерот за правда Никола Тупанчевски.

– Се вадат со некои законски уредби, подзаконски акти. Ние им предложивме конкретно оваа категорија на вработени, Управата за водење матични книги да се исели од Министертсвото за инфорнматичко општество. Значи замислете, оваа категорија на вработени кои што работат со строго доверливи документи, ги ставаат во куп со цела администрација, со уште 10.000 вработени. Доколку се качела платата само на овие не можел да се крши законот. Ние им предложивме да најдат модус да се издвои оваа категорија од групата во која што се вработени и да биде посебна, дали како агенција, дали како управа, рече Ристески.

Преставникот на Синдикатот на УВМК, Тони Милошевски, по средбата наведе дека е прифатено да има унапредување на вработените, но не и усогласување за платите.

– Ние им кажавме дека ќе продолжиме со штрајкот. Нема да го ставиме во мирување. Значи продолжуваме со штрајкот. Сега утрешниот ден ќе видиме тие регулативи што ни ги кажаа, законски што не може и како можат да се донесат. Утре ќе имаме работна средба со Министерството и со Управата и ќе видиме до каде ќе одат работите и дали ќе се најде законски начин да може тие работи да се надминат и да се потпише колективен договор за да го прекинеме штрајкот, рече Милошовски.

Од Министерството за правда, пак, по средбата соопштија дека министерот Тупачевски им укажал на преставниците на Синдикатот да отпочнат со разговори за подготовка на нов колективен договор, кој ќе биде во согласност со Законот за административни службеници.

– При подготовката на Законот за административни службеници да се разгледа и прашањето за статусот на вработените во УВМК заради специфичноста на нивната работа. Вработените во Управата имаат можност да остварат и додаток на плата на административен службеник до 30 отсто согласно Уредбата на Владата за специфичност на работите и работните задачи заради зголемен обем на работа. На вработените во Управата ќе им бидат усогласени платите со Законот за минимална плата и Законот за административни службеници Платата за април ќе биде со корекција на мартовската плата, велат од Министерство.

На средбата додаваат од таму, е договорено вакви состаноци и комуникации да има и во наредниот период, а во рамките на Управата да се разгледа можноста за интерни унапредувања, дополнителна мотивација на вработените, воведување на јубилејна награда, како и и подобрување на условите за работа.

The post Нема договор за повисоки плати во Управата за водење на матични книги appeared first on Република.