Покачувањето на платите на универзитетските професори е предвидено во Буџетот од месец септември. Тоа стои во ребалансот на Буџетот. Го видов писмото што го пратија и контактирав со нив. Самиот јас сум професор. Се согласувам дека во целиот образовен систем треба да се покачат платите, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

„Буџетот од година во година се зголемува во однос на платите во високото образование. Исто така, треба да бидеме свесни дека имаме повеќе државни универзитети и да бидеме свесни дека сме во голема економска криза. Верувам дека ќе најдеме решение со професорите бидејќи веќе има планирани средства за нив, тврди Ковачевски.

Вчера беше обелоденето дека професорите од универзитетот „Кирил и Методиј“ ќе излезат на предупредувачки протест доколку не се исполни нивното барање за повисоки плати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.