повелба Archives - Република https://republika.mk/tema/povelba/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Mar 2024 12:12:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png повелба Archives - Република https://republika.mk/tema/povelba/ 32 32 Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени кои треба да обезбедат стабилна и силна Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-koalitsijata-na-vmro-dpmne-tvoja-makedonija-zastanuva-zad-branot-promeni-koi-treba-da-obezbedat-stabilna-i-silna-makedonija/ Fri, 29 Mar 2024 12:12:13 +0000 https://republika.mk/?p=760118

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја Македонија“, рече на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ е најбројната досега коалиција составена од 24 политички субјекти и организации кои застануваат зад бранот на промени кои треба да обезбедат стабилна и силна Македонија. Тргнувајќи од целта за сеопшт политички и државен развој и напредок на нашата татковина Република Македонија; Констатирајќи го девастирачкиот карактер врз македонската економија, политика и национални интереси на актуелната владејачка клика; Свесни за сериозноста на предизвиците пред кои е исправена Република Македонија во битката за сеопшт политички, економски, социјален и културен развој; Коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека при реализацијата на програмата за претседателските и парламентарните избори во 2024-тата година, целосно и недвосмислено ќе се водиме од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување - истакна Мицкоски.

Свесни за девастирачкиот карактер на политиките на неодговорната владејачка клика, обзнануваме дека развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите – членки на коалицијата „Твоја Македонија“. Недвосмислена и цврста борба против корупцијата и намалување на обемната бирократијата се наш носечки предизвик бидејќи цврсто веруваме дека праведноста во општеството е основен предуслов за вкупен развој на татковината. Оттаму, длабоко свесни за истакнатото, коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека жестоко, праведно и принципиелно ќе иницираме и ќе поддржиме акции на правната држава кои треба да ја вратат разнишаната доверба на граѓаните во институциите на државната власт, потенцираше Мицкоски.

Основниот концепт за развој на приватната иницијатива е почитување на економската слобода и развој на креативноста на личноста. Нагласувајќи го разорното дејство на криминалот и корупцијата на актуелната владејачка клика, остануваме посветени на економската модернизација на татковината. Во таа насока се обврзуваме дека ќе генерираме нови политики во функција на финансирање на изградба на меѓународните и локалните патишта, железничките коридори, електраните, гасоводните системи, далноводите, училиштата, болниците како и други инфраструктурни проекти. Манифестираме јасна, непоколеблива и цврста решеност да реализираме реформи кои ќе обезбедат долгорочен економски раст и напредок на Македонија бидејќи цврсто веруваме дека борбата за подобри економски постигнувања значи борба за подобар живот и подобар стандард на македонските граѓани - вели Мицкоски.

Воедно апелираме да има масовна излезеност на овие избори бидејќи неизлегувањето на овие избори подразбира поддршка на неодговорната и криминална власт. Затоа излезноста е клучот. Промените се во ваши раце, додава Мицкоски.

The post Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени кои треба да обезбедат стабилна и силна Македонија appeared first on Република.

]]>

Славе Ѓорго Димоски: За жал во ова време-невреме, повеќе се грижи јазикот за нас, отколку ние за него https://republika.mk/vesti/kultura/slave-gorgo-dimoski-za-zhal-vo-ova-vreme-nevreme-poveke-se-grizhi-jazikot-za-nas-otkolku-nie-za-nego/ Fri, 08 Dec 2023 17:58:25 +0000 https://republika.mk/?p=721101

Интернационалната манифестација „Поетска ноќ во Велестово” која се одржува 35 години се обидува да го зачува македонскиот литературен збор. Но, за жал, во ова време-невреме, повеќе се грижи јазикот за нас, отколку ние за него, посочи истакнатиот македонист Славе Ѓорго Димоски, добитник на Свети Климентовата повелба што ја доделува Општина Охрид во чест на патронот на градот Св. Климент.

Како што знаеме дека имаме чудни политички ветришта кои некако,на некој начин го оспоруваат тој неоспорен факт дека македонскиот јазик постои. Ова не е една ветрометина за нашиот јазик. И денес ќе се избориме и ќе настојуваме ни една црна дамка да не падне врз тој свет јазик , рече Славе Ѓорѓо Димоски

The post Славе Ѓорго Димоски: За жал во ова време-невреме, повеќе се грижи јазикот за нас, отколку ние за него appeared first on Република.

ИФФК „Браќа Манаки“ добитник на Повелба од Претседателот Пендаровски https://republika.mk/vesti/kultura/iffk-brakja-manaki-dobitnik-na-povelba-od-pretsedatelot-pendarovski/ Mon, 28 Mar 2022 06:57:02 +0000 https://republika.mk/?p=479551

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ е дoбитник на признанието Повелба по повод 40-годишното постоење и за значаен и непроценлив придонес во развојот на македонската кинематографија и за нејзина афирмација во светски рамки, како и за афирмација и популаризација на филмската уметност низ нејзиниот најспецифичен сегмент — кинематографијата, кое го додели Претседателот Стево Пендаровски.

ИФФК „Браќа Манаки“ е прв и најстар ваков фестивал, светилник и гордост на македонската кинематографија и уметност повеќе од четири децении. „Браќа Манаки“ има посебен успех со својата мисија за врвен вредносен систем во промоцијата и славењето на еден од најважните сегменти во филмската продукција-кинематограферството, клучната алатка за раскажувањето на наративите на филмското платно.

Почетоците се во градот домаќин Битола, во кој живееја и твореа браќата Милтон и Јанаки Манаки. Со својот фасцинантно богат опус и особено со документарните филмови снимени со нивната легендарна Камера 300 тие оставија непроценлив драгоцен филмски опус. Фестивалот е основан во 1979 година од страна на Друштвото на филмски работници во соработка со градот Битола и Кинотеката.

„Браќа Манаки“ ја доживува својата интернационализација во раните деведесетти години која се одразува во неговата главна програма за компетиција Камера 300, како селекција на најдобрите кинематографери.

Дел од „Браќа Манаки“ биле најзначаните потврдени и афирмирани светски кинематографери, носители на бројни светски награди. Многумина од нив и оскаровци.

Фестивалот откриваше многу нови млади таленти кои учествуваа во главната компетиција, селекцијата на програмите на европската перспектива и документарната програма на долгометражни филмови, како и компетицијата на најдобрите светски кратки филмови, чии конематографери се натпреваруваа за малата Златна камера 300.

Бронзената, Сребрената и Златната Камера 300 се доделувани од светски жирија, а Фестивалот „Браќа Манаки“ создаде антологија на најзначајни дела кои ја красат креативноста на кинематограферите.

Посебна придобивка и на Фестивалот е Клубот на великаните во кој влегуваат најдобрите светски кинематографери, освојувачи на Големата Златна Камера 300 за животен опус. Првиот меѓу нив е Милтон Манаки, а првиот меѓународен великан на кинематограферството, легендарниот Швеѓанец, Свен Линдквист, тандем партнерот на режисерот Ингмар Бергман. Во Алејата на добитниците на оваа награда се и двократниот оскаровец Фреди Френсис, трикратниот оскаровец Виторио Стораро, основоположникот на францускиот нов филмски бран Раул Гутар, потоа Роџер Дикинс, легендарниот руски кинематографер Вадим Јусов, но и Кристијан Бергер.

Другата престижна награда на „Браќа Манаки“, Златната камера 300, која се доделува за особен придонес во светската филмска уметност ја добиваа како познати кинематографери, така и водечки светски актери, режисери и продуценти.

Како светски водечки најстар и најугледен фестивал на кинематограферите „Браќа Манаки“ има плодна соработка со ИМАГО - Светската асоцијација на кинематографери. По повод 40 јубилеј, ИМАГО на Фестивалот „Браќа Манаки“ му додели признание Големото кристално око за афирмација на уметноста на светските кинематографери.

Фестивалот имаше и плодна соработка со Европската филмска академија, најчесто со нивниот избор на најдобрите краткометражни филмови, а во континуитет ја афирмираше и домашната кинематографија - учество на наши филмови и кинематографери во главната компетиција. Постојаната Мак-поинт програма од домашни краткометражни филмови, ретроспективи на македонски филмови и автори и наградата Голема ѕвезда која Друштвото на филмски работници на Македонија ја доделува за заслужен мaкедонски филмски работник.

Низ годините својот придонес за развојот и афирмацијата на „Браќа Манаки“ го дадоа многу филмски работници од земјава кои му го овозможија на Фестивалот заслуженото признание кое денес го има.

Признанието на директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски му го врачи Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Ми претставува огромна чест што имам можност во името на сите мои претходници, по чија апсолутна и директна заслуга стојам овде, во името на Друштвото на филмските работници на Македонија, кој е грижлив родител и старател на Фестивалот сиве овие години и во името на бројните посветени професионалци и вљубеници во филмот кои со макотрпна работа го изградиле фестивалот и го донеле таму каде што е денеска, со неговиот кредибилитет и големина, да ја примам оваа награда за нашата најпрестижна Меѓународна филмска манифестација.

Во оваа прилика сакам да се заблагодарам Вам, и да ви оддадам признание Вам, на Претседателот на Република Македонија, на Министерството за култура, на Агенцијата за филм, на Општина Битола, на Друштвото на филмските работници на Македонија, на Кинотеката на Македонија и на нашите тимови, членови на Друштвото на филмски работници, нашите долгогодишни верни бизнис партнери и вљубеници во филмот без кои овој фестивал никогаш не би опстоил низ годините, ниту би бил таму каде што е денес, во нашата свест и во свеста на светските кинематографери и филмски професионалци. Затоа оваа награда не е само наша, туку е и Ваша.

Она што можам да ви го ветам денес е дека додека сум јас на кормилото на Фестивалот ние ќе сториме се овој фестивал да продолжи да расте и вие да се гордеете со нас, рече Дамевски, примајќи го признанието.

The post ИФФК „Браќа Манаки“ добитник на Повелба од Претседателот Пендаровски appeared first on Република.

]]>

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ е дoбитник на признанието Повелба по повод 40-годишното постоење и за значаен и непроценлив придонес во развојот на македонската кинематографија и за нејзина афирмација во светски рамки, како и за афирмација и популаризација на филмската уметност низ нејзиниот најспецифичен сегмент — кинематографијата, кое го додели Претседателот Стево Пендаровски. ИФФК „Браќа Манаки“ е прв и најстар ваков фестивал, светилник и гордост на македонската кинематографија и уметност повеќе од четири децении. „Браќа Манаки“ има посебен успех со својата мисија за врвен вредносен систем во промоцијата и славењето на еден од најважните сегменти во филмската продукција-кинематограферството, клучната алатка за раскажувањето на наративите на филмското платно. Почетоците се во градот домаќин Битола, во кој живееја и твореа браќата Милтон и Јанаки Манаки. Со својот фасцинантно богат опус и особено со документарните филмови снимени со нивната легендарна Камера 300 тие оставија непроценлив драгоцен филмски опус. Фестивалот е основан во 1979 година од страна на Друштвото на филмски работници во соработка со градот Битола и Кинотеката. „Браќа Манаки“ ја доживува својата интернационализација во раните деведесетти години која се одразува во неговата главна програма за компетиција Камера 300, како селекција на најдобрите кинематографери. Дел од „Браќа Манаки“ биле најзначаните потврдени и афирмирани светски кинематографери, носители на бројни светски награди. Многумина од нив и оскаровци. Фестивалот откриваше многу нови млади таленти кои учествуваа во главната компетиција, селекцијата на програмите на европската перспектива и документарната програма на долгометражни филмови, како и компетицијата на најдобрите светски кратки филмови, чии конематографери се натпреваруваа за малата Златна камера 300. Бронзената, Сребрената и Златната Камера 300 се доделувани од светски жирија, а Фестивалот „Браќа Манаки“ создаде антологија на најзначајни дела кои ја красат креативноста на кинематограферите. Посебна придобивка и на Фестивалот е Клубот на великаните во кој влегуваат најдобрите светски кинематографери, освојувачи на Големата Златна Камера 300 за животен опус. Првиот меѓу нив е Милтон Манаки, а првиот меѓународен великан на кинематограферството, легендарниот Швеѓанец, Свен Линдквист, тандем партнерот на режисерот Ингмар Бергман. Во Алејата на добитниците на оваа награда се и двократниот оскаровец Фреди Френсис, трикратниот оскаровец Виторио Стораро, основоположникот на францускиот нов филмски бран Раул Гутар, потоа Роџер Дикинс, легендарниот руски кинематографер Вадим Јусов, но и Кристијан Бергер. Другата престижна награда на „Браќа Манаки“, Златната камера 300, која се доделува за особен придонес во светската филмска уметност ја добиваа како познати кинематографери, така и водечки светски актери, режисери и продуценти. Како светски водечки најстар и најугледен фестивал на кинематограферите „Браќа Манаки“ има плодна соработка со ИМАГО - Светската асоцијација на кинематографери. По повод 40 јубилеј, ИМАГО на Фестивалот „Браќа Манаки“ му додели признание Големото кристално око за афирмација на уметноста на светските кинематографери. Фестивалот имаше и плодна соработка со Европската филмска академија, најчесто со нивниот избор на најдобрите краткометражни филмови, а во континуитет ја афирмираше и домашната кинематографија - учество на наши филмови и кинематографери во главната компетиција. Постојаната Мак-поинт програма од домашни краткометражни филмови, ретроспективи на македонски филмови и автори и наградата Голема ѕвезда која Друштвото на филмски работници на Македонија ја доделува за заслужен мaкедонски филмски работник. Низ годините својот придонес за развојот и афирмацијата на „Браќа Манаки“ го дадоа многу филмски работници од земјава кои му го овозможија на Фестивалот заслуженото признание кое денес го има. Признанието на директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски му го врачи Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.
Ми претставува огромна чест што имам можност во името на сите мои претходници, по чија апсолутна и директна заслуга стојам овде, во името на Друштвото на филмските работници на Македонија, кој е грижлив родител и старател на Фестивалот сиве овие години и во името на бројните посветени професионалци и вљубеници во филмот кои со макотрпна работа го изградиле фестивалот и го донеле таму каде што е денеска, со неговиот кредибилитет и големина, да ја примам оваа награда за нашата најпрестижна Меѓународна филмска манифестација. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам Вам, и да ви оддадам признание Вам, на Претседателот на Република Македонија, на Министерството за култура, на Агенцијата за филм, на Општина Битола, на Друштвото на филмските работници на Македонија, на Кинотеката на Македонија и на нашите тимови, членови на Друштвото на филмски работници, нашите долгогодишни верни бизнис партнери и вљубеници во филмот без кои овој фестивал никогаш не би опстоил низ годините, ниту би бил таму каде што е денес, во нашата свест и во свеста на светските кинематографери и филмски професионалци. Затоа оваа награда не е само наша, туку е и Ваша. Она што можам да ви го ветам денес е дека додека сум јас на кормилото на Фестивалот ние ќе сториме се овој фестивал да продолжи да расте и вие да се гордеете со нас, рече Дамевски, примајќи го признанието.

The post ИФФК „Браќа Манаки“ добитник на Повелба од Претседателот Пендаровски appeared first on Република.

]]>