потрошувачи Archives - Република https://republika.mk/tema/potroshuvachi/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Jun 2023 16:15:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png потрошувачи Archives - Република https://republika.mk/tema/potroshuvachi/ 32 32 На што се жалеле најмногу потрошувачите во АХВ годинава? https://republika.mk/vesti/ekonomija/na-shto-se-zhalele-najmnogu-potroshuvachite-vo-ahv-godinava/ Fri, 02 Jun 2023 07:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=647028

Од вкупно поднесените претставки годинава кои се однесуваат на безбедноста на храната, 17 се поврзани со Добрата хигиенска пракса, а 15 се за промени во органолептичките својства на производите. Вкупно 14 се со наводи за сомнеж за безбедноста на производите, 13 се за присуство на контаминенти во храната, додека 12 се за поминат рок на употреба, открива за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

Бабовски истакнува дека е помал бројот на претставки кои се однесуваат на работа без одобрение на оператори со храна, измама на потрошувачи, сомнежи за труење со храна и други наводи.

Во Одделението за заштита на правата на потрошувачите од почетокот на годинава досега се пристигнати 218 претставки, но предничат оние од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните и досега такви се 112. По бројност, по нив се оние кои се однесуваат на безбедноста на храната од неживотинско потекло. Нивниот број досега изнесува 90. Само 13 претставки се однесуваат на безбедност на храната од животинско потекло. Останатите се предлози, нагласува Бабовски.

Минатата година, 226 од поднесените претставки до АХВ биле со наводи кои се однесувале на храната од неживотинско потекло, додека најмал бил бројот на претставки за безбедноста на храната од животинско потекло. Според Бабовски, нивниот број во 2022 година изнесувал 25.

The post На што се жалеле најмногу потрошувачите во АХВ годинава? appeared first on Република.

]]>

Од вкупно поднесените претставки годинава кои се однесуваат на безбедноста на храната, 17 се поврзани со Добрата хигиенска пракса, а 15 се за промени во органолептичките својства на производите. Вкупно 14 се со наводи за сомнеж за безбедноста на производите, 13 се за присуство на контаминенти во храната, додека 12 се за поминат рок на употреба, открива за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски. Бабовски истакнува дека е помал бројот на претставки кои се однесуваат на работа без одобрение на оператори со храна, измама на потрошувачи, сомнежи за труење со храна и други наводи.
Во Одделението за заштита на правата на потрошувачите од почетокот на годинава досега се пристигнати 218 претставки, но предничат оние од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните и досега такви се 112. По бројност, по нив се оние кои се однесуваат на безбедноста на храната од неживотинско потекло. Нивниот број досега изнесува 90. Само 13 претставки се однесуваат на безбедност на храната од животинско потекло. Останатите се предлози, нагласува Бабовски.
Минатата година, 226 од поднесените претставки до АХВ биле со наводи кои се однесувале на храната од неживотинско потекло, додека најмал бил бројот на претставки за безбедноста на храната од животинско потекло. Според Бабовски, нивниот број во 2022 година изнесувал 25.

The post На што се жалеле најмногу потрошувачите во АХВ годинава? appeared first on Република.

]]>
Зошто лименките со газирани сокови стануваат потенки? https://republika.mk/zivot/psihologija/zoshto-limenkite-so-gazirani-sokovi-stanuvaat-potenki/ Sun, 30 Apr 2023 14:02:23 +0000 https://republika.mk/?p=629107

Сте забележале ли дека потенките лименки со сок стануваат сè попопуларни? Пакувањето игра голема улога дали ќе купите одреден производ. Така, и брендовите за пијалоци се служат со различен облик и дизајнот, со цел да привлечат што повеќе потрошувачи.

Неодамна станаа популарни лименките кои се многу потенки од оние што ги купувавме порано. Зошто?

Производителите сметаат дека потенките лименки суптилно ќе ви сугерираат дека егзотичните пијалоци се поздрави од пивото и од газираните пијалоци кои се пакуваа во старите ниски и тркалезни лименки.

Потрошувачите ги гледаат тенките лименки како пософистицирани, што ги прави и нив да се чувствуваат така, изјави уредникот на „Beverage Digest“ за Стенфорд.

Потенките лименки се сметаат за иновативни. Забележано е дека сè повеќе луѓе се заинтересирани за поздрав начин на живот, поради што има сè повеќе пијалоци кои се наменети за потрошувачи кои се свесни за здравјето. Се верува дека тенките лименки даваат сигнал за оваа карактеристика, па овие причини се поврзуваат со „психолошка игра“.

Експертите советуваат дека ако се обидувате да го намалите конзумација на сокот, енергетските пијалоци или пивото, секогаш проверувајте ги етикетите.

Лименката може да биде потенка и сепак да содржи иста количина на пијалок. Причината за потенки лименки не е само оптичка. Овие лименки, исто така, им помагаат на компаниите кои произведуваат пијалаци, заштедувајќи им пари на пакувањето и правејќи простор за повеќе производи да се сместат на полиците на супермаркетите.

The post Зошто лименките со газирани сокови стануваат потенки? appeared first on Република.

]]>

Сте забележале ли дека потенките лименки со сок стануваат сè попопуларни? Пакувањето игра голема улога дали ќе купите одреден производ. Така, и брендовите за пијалоци се служат со различен облик и дизајнот, со цел да привлечат што повеќе потрошувачи. Неодамна станаа популарни лименките кои се многу потенки од оние што ги купувавме порано. Зошто? Производителите сметаат дека потенките лименки суптилно ќе ви сугерираат дека егзотичните пијалоци се поздрави од пивото и од газираните пијалоци кои се пакуваа во старите ниски и тркалезни лименки.
Потрошувачите ги гледаат тенките лименки како пософистицирани, што ги прави и нив да се чувствуваат така, изјави уредникот на „Beverage Digest“ за Стенфорд.
Потенките лименки се сметаат за иновативни. Забележано е дека сè повеќе луѓе се заинтересирани за поздрав начин на живот, поради што има сè повеќе пијалоци кои се наменети за потрошувачи кои се свесни за здравјето. Се верува дека тенките лименки даваат сигнал за оваа карактеристика, па овие причини се поврзуваат со „психолошка игра“. Експертите советуваат дека ако се обидувате да го намалите конзумација на сокот, енергетските пијалоци или пивото, секогаш проверувајте ги етикетите. Лименката може да биде потенка и сепак да содржи иста количина на пијалок. Причината за потенки лименки не е само оптичка. Овие лименки, исто така, им помагаат на компаниите кои произведуваат пијалаци, заштедувајќи им пари на пакувањето и правејќи простор за повеќе производи да се сместат на полиците на супермаркетите.

The post Зошто лименките со газирани сокови стануваат потенки? appeared first on Република.

]]>
Им одѕвони на гаранциите на 3 и 5 години за белата техника: ЕП донесе одлука која се однесува и на потрошувачите на Балканот https://republika.mk/vesti/balkan/im-odzvoni-na-garantsiite-na-3-i-5-godini-za-belata-tehnika-ep-donese-odluka-koja-se-odnesuva-i-na-potroshuvachite-na-balkanot/ Tue, 28 Mar 2023 15:58:38 +0000 https://republika.mk/?p=624753

Европскиот парламент изгласа директива за забрана на вградени кварови кај домашните апарати. Имало 39 гласа За, додека само еден бил Против.

Станува збор за директива која ја иницирала пратеничката Билјана Борзан. Како што таа вели преговорите траеле долго и биле тешки, а освен тоа постоел и силен притисок на индустријата.

Чекор поблиску сме до големата победа на потрошувачите, навела таа на својот Твитер налог.

Таа предупредила дека се работи за таканаречено програмирано расипување на уредите, со оглед на тоа дека граѓаните забележиле дека оној момент кога истекува гаранцијата за некој уред, тој брзо се расипува. Иако технологијата напредувала во однос на шеесеттите или седумдесеттите години на минатиот век, кога домашните апарати траеле по 10 и повеќе години , сега тој рок е 5 до 6 години, или многу пократко. Тоа е неодржливо што се однесува до околината, бидејќи фрламе кабаст отпад, но тоа е удар и на џебот на потрошувачите, бидејќи апаратите мора постојно да се обновуваат.

The post Им одѕвони на гаранциите на 3 и 5 години за белата техника: ЕП донесе одлука која се однесува и на потрошувачите на Балканот appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент изгласа директива за забрана на вградени кварови кај домашните апарати. Имало 39 гласа За, додека само еден бил Против. Станува збор за директива која ја иницирала пратеничката Билјана Борзан. Како што таа вели преговорите траеле долго и биле тешки, а освен тоа постоел и силен притисок на индустријата. Чекор поблиску сме до големата победа на потрошувачите, навела таа на својот Твитер налог. Таа предупредила дека се работи за таканаречено програмирано расипување на уредите, со оглед на тоа дека граѓаните забележиле дека оној момент кога истекува гаранцијата за некој уред, тој брзо се расипува. Иако технологијата напредувала во однос на шеесеттите или седумдесеттите години на минатиот век, кога домашните апарати траеле по 10 и повеќе години , сега тој рок е 5 до 6 години, или многу пократко. Тоа е неодржливо што се однесува до околината, бидејќи фрламе кабаст отпад, но тоа е удар и на џебот на потрошувачите, бидејќи апаратите мора постојно да се обновуваат.

The post Им одѕвони на гаранциите на 3 и 5 години за белата техника: ЕП донесе одлука која се однесува и на потрошувачите на Балканот appeared first on Република.

]]>
Плаќаме скапо за расипани производи оти трговците ги исклучуваат фрижидерите https://republika.mk/vesti/ekonomija/plakjame-skapo-za-rasipani-proizvodi-oti-trgovcite-gi-iskluchuvaat-friziderite/ Thu, 13 Oct 2022 13:12:18 +0000 https://republika.mk/?p=560690

Организацијата на потрошувачи на Македонија(ОПМ) останува на барањето да се замрзнат цените на производите, а не на маржите. Од март годинава постојано добиваат претставки од граѓаните кога влегуваат во супермаркетите, кои реагираат на цените, но и на квалитетот на производите, кои се во фрижидерите. Претседателката на ОПМ, Маријана Лончар-Велкова вели дека претставки веќе имаат, а на терен секојдневно се и инспекциите, кои утврдуваат дали трговците за да ги намалат сметките за струја ги исклучуваат фрижидерите.

Луѓето реагираат на тоа. Купиле производ, па го сликаат дека е расипан. Сега дали баш поради тоа е расипан не можеме ние да утврдиме, меѓутоа инспекторите може да бидат на терен, дури и рано сабајле да видат дали ладилниците се уклучени или не. Бидејќи може навечер илил во текот на денот да ги исклучуваат, вели Лончар-Велкова.

Посочи дека во зимскиот период очекуваат да се зголеми бројот на преставки поврзани со сметките за струја. Изминатиот период реакциите се околу цената на трансмисија на струјата, која најмногу ги буни граѓаните. Имаат и реакции од страна на граѓаните и за цената на огревното дрво, кое дефинитивно не се продава за 3.000 до 3.500 денари.

Луѓето не можат да ги најдат тие дрва по 3000денари. И јас лично барав не можев да ги најдам. И кога правевме истражување пак не најдовме. Сега ќе мора да купат помалку од потребното, за дополнително не го оптеретат буџетот. Таква цена од 3000 до 3500 денари нема, вели Лончар-Велкова.

Забележа дека треба да има и субвенции, но и поволни кредити за граѓаните кои купуваат инвертор клими и се залагаат за заштита на животна средина.

The post Плаќаме скапо за расипани производи оти трговците ги исклучуваат фрижидерите appeared first on Република.

Презентирани четири блок-тарифи на потрошувачка на струја: Оние кои трошат помалку, ќе плаќаат помалку https://republika.mk/vesti/ekonomija/prezentirani-chetiri-blok-tarifi-na-potroshuvachka-na-struja-onie-koi-troshat-pomalku-kje-plakjaat-pomalku/ Mon, 06 Jun 2022 12:50:54 +0000 https://republika.mk/?p=511776

Со измените на тарифниот систем за електрична енеригја кои ги најавува Регулаторна комисија за енергетика за потрошувачите на регулираниот пазар, поточно за домаќинствата ќе има различни цени, или различна тарифа зависно од потрошувачката на енергија.

– Потрошувачите ќе бидат поделени во четири блокови, во првиот блок се потрошувачи кои трошат до 210 киловатчасови енергија, во втор блок се потрошувачи кои трошат до 420 киловатчасови, потоа во трет блок од 420 до 630 киловатчасови, додека во четвртата категорија се најголемите потрошувачи кои трошат над 630 киловатчасови енергија. Дополнително со новиот тарифен модел ќе се читаат броилата на 35 дена, за да нема сомнеж дека на некој му бил наплатен поголема сума ако пресметките влезат во следниот месец, – вели претседателот на Регулаторна, Марко Бислимоски.

Тој дополни дека кај 87 проценти од домаќинствата во зимските месеци ќе имаат намалени трошоци, но кај останатите, кои се големи потрошувачи ќе има зголемување на сметките. Во исто време, во летниот период се очекува кај 92 отсто од потрошувачите да има намалена потрошувачка и намалени сметки, додека пак кај останатите зголемена сума.

Со овие измени не можат да се решат сите проблеми во енергетскиот сектор. Првпат се воведуваат тарифите и се приближуваме кон светските текови. Со овие измени исто така се исполнуваат нашите обврски од членството во европската енергетска заедница и целите на третиот енергетски пакет. Секој потрошувач сега ќе знае колку е набавната цена на енергијата и колку е мрежарината – дополни Бислимовски.

Ова беа дел од посочувањата на јавната трибина која ја организираше РКЕ по повод презентација на реформата на тарифниот систем за електрична енергија, или воведување на блокови согласно потрошувачката, на која зборуваа професори од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

По презентацијата на новите модели, професорот Константин Димитров посочи дека има една неправда според него во новите модели, а тоа е податокот дека голем број домаќинства во Македонија имаат неколку семејства во еден објект со едно броило.

Во Македонија посиромашните семејства живеат по 10 луѓе во една куќа. Родителите со синот и снаата и внуците, па може и уште некој син и снаа… Не видовме дали има опција по број на становници да се дели потрошувачката. Очекувано е дека со еден до двајца потрошувачи во едно домаќинство, каде има едно броило да имаат многу помала потрошувачка отколку кај домаќинства со едно броило но со десетина члена. Ова сметам дека е голема неправда – појаснува Димитров.

The post Презентирани четири блок-тарифи на потрошувачка на струја: Оние кои трошат помалку, ќе плаќаат помалку appeared first on Република.

]]>

Со измените на тарифниот систем за електрична енеригја кои ги најавува Регулаторна комисија за енергетика за потрошувачите на регулираниот пазар, поточно за домаќинствата ќе има различни цени, или различна тарифа зависно од потрошувачката на енергија.
– Потрошувачите ќе бидат поделени во четири блокови, во првиот блок се потрошувачи кои трошат до 210 киловатчасови енергија, во втор блок се потрошувачи кои трошат до 420 киловатчасови, потоа во трет блок од 420 до 630 киловатчасови, додека во четвртата категорија се најголемите потрошувачи кои трошат над 630 киловатчасови енергија. Дополнително со новиот тарифен модел ќе се читаат броилата на 35 дена, за да нема сомнеж дека на некој му бил наплатен поголема сума ако пресметките влезат во следниот месец, – вели претседателот на Регулаторна, Марко Бислимоски.
Тој дополни дека кај 87 проценти од домаќинствата во зимските месеци ќе имаат намалени трошоци, но кај останатите, кои се големи потрошувачи ќе има зголемување на сметките. Во исто време, во летниот период се очекува кај 92 отсто од потрошувачите да има намалена потрошувачка и намалени сметки, додека пак кај останатите зголемена сума.
Со овие измени не можат да се решат сите проблеми во енергетскиот сектор. Првпат се воведуваат тарифите и се приближуваме кон светските текови. Со овие измени исто така се исполнуваат нашите обврски од членството во европската енергетска заедница и целите на третиот енергетски пакет. Секој потрошувач сега ќе знае колку е набавната цена на енергијата и колку е мрежарината – дополни Бислимовски.
Ова беа дел од посочувањата на јавната трибина која ја организираше РКЕ по повод презентација на реформата на тарифниот систем за електрична енергија, или воведување на блокови согласно потрошувачката, на која зборуваа професори од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. По презентацијата на новите модели, професорот Константин Димитров посочи дека има една неправда според него во новите модели, а тоа е податокот дека голем број домаќинства во Македонија имаат неколку семејства во еден објект со едно броило.