пост Archives - Република https://republika.mk/tema/post/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jul 2024 06:41:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пост Archives - Република https://republika.mk/tema/post/ 32 32 Почнува Петровденскиот пост, погледнете ја табелата со правила од МПЦ https://republika.mk/zivot/servisi/pochnuva-petrovdenskiot-post-poglednete-ja-tabelata-so-pravila-od-mpts/ Mon, 01 Jul 2024 06:41:08 +0000 https://republika.mk/?p=792262

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули.

Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно. Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден.

Целта на постот е да се исчистат духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. Телесниот пост подразбира воздржување од храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата.

Поважниот пост – духовниот, според Православната црква, подразбира одрекување од секое зло и грев, воздржување од лоши помисли, зборови и дела, покајание и безрезервна љубов кон Бога и кон луѓето.

The post Почнува Петровденскиот пост, погледнете ја табелата со правила од МПЦ appeared first on Република.

]]>

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно. Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден. Целта на постот е да се исчистат духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. Телесниот пост подразбира воздржување од храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата. Поважниот пост – духовниот, според Православната црква, подразбира одрекување од секое зло и грев, воздржување од лоши помисли, зборови и дела, покајание и безрезервна љубов кон Бога и кон луѓето.

The post Почнува Петровденскиот пост, погледнете ја табелата со правила од МПЦ appeared first on Република.

]]>
„Во тек се Божиќните пости, смеам ли да имам секс?“ https://republika.mk/intima/vo-tek-se-bozhiknite-posti-smeam-li-da-imam-seks/ Sun, 10 Dec 2023 17:48:08 +0000 https://republika.mk/?p=721525

За верниците од православна вероисповед во тек е Божикниот пост, како и секоја година почна на 28 ноември и ќе ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос.

https://republika.mk/zivot/servisi/tabela-koj-den-shto-se-jade-za-vreme-na-bozhiknite-posti/

Според светото писмо, за време на постот, сексуалните односи не се забранети, но не се ни пожелни, но ако сопружниците не можат да се воздржат, подобро е „да се подадат еден на друг отколку само на тоа да мислат.“

Сепак, кога е во прашање водењето љубов за време на големи постови, различни свештеници имаат различни ставови.

Ако се држиме строго до правилата, тогаш во пост сексот е забранет, дури и во брак. Сепак, секоја верничка може да се обрати до својот свештеник во парохијата и да побара да ја разреши од тој дел од постот, а тој може да го направи тоа, ако, да речеме, постои можност дека сопругот ќе ја остави поради тоа, вели за српски „Телеграф“ верскиот аналитичар Живица Туциќ.

Од друга страна, во Црквата постои една фракција што смета дека кога двајца се сакаат, тоа само може да го слави Бога. Љубовта тогаш се слави низ боженствена трпеза Агапа и не претставува грев телесно да се остварува љубов, особено кога овие двојки се посветени еден на друг низ брак благословен од Црквата.

Но, и тие се согласуваат дека сексот без љубов, прељубата, разни перверзии како и мастурбација не се богоугодни работи, особено не во период на големите одрекувања.

Сепак, сите се согласуваат во едно. Во вечерта пред причесната, би требало да се воздржуваат од секакво јадење и пиење, но и сите други телесни задоволства и времето да го посветат на медитација и на молитва.

The post „Во тек се Божиќните пости, смеам ли да имам секс?“ appeared first on Република.

]]>

За верниците од православна вероисповед во тек е Божикниот пост, како и секоја година почна на 28 ноември и ќе ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. https://republika.mk/zivot/servisi/tabela-koj-den-shto-se-jade-za-vreme-na-bozhiknite-posti/ Според светото писмо, за време на постот, сексуалните односи не се забранети, но не се ни пожелни, но ако сопружниците не можат да се воздржат, подобро е „да се подадат еден на друг отколку само на тоа да мислат.“ Сепак, кога е во прашање водењето љубов за време на големи постови, различни свештеници имаат различни ставови.
Ако се држиме строго до правилата, тогаш во пост сексот е забранет, дури и во брак. Сепак, секоја верничка може да се обрати до својот свештеник во парохијата и да побара да ја разреши од тој дел од постот, а тој може да го направи тоа, ако, да речеме, постои можност дека сопругот ќе ја остави поради тоа, вели за српски „Телеграф“ верскиот аналитичар Живица Туциќ.
Од друга страна, во Црквата постои една фракција што смета дека кога двајца се сакаат, тоа само може да го слави Бога. Љубовта тогаш се слави низ боженствена трпеза Агапа и не претставува грев телесно да се остварува љубов, особено кога овие двојки се посветени еден на друг низ брак благословен од Црквата. Но, и тие се согласуваат дека сексот без љубов, прељубата, разни перверзии како и мастурбација не се богоугодни работи, особено не во период на големите одрекувања. Сепак, сите се согласуваат во едно. Во вечерта пред причесната, би требало да се воздржуваат од секакво јадење и пиење, но и сите други телесни задоволства и времето да го посветат на медитација и на молитва.

The post „Во тек се Божиќните пости, смеам ли да имам секс?“ appeared first on Република.

]]>
Почнува божиќниот пост https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochnuva-bozhikniot-post/ Tue, 28 Nov 2023 08:03:30 +0000 https://republika.mk/?p=716976

За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почнува шест неделниот божиќен пост.

Постот ќе трае 40 дена, односно до Божиќ, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божиќ не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари.

Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник.

Божиќниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна, божиќниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење вино, масло за јадење и риба.

Во Православната црква практика е во текот на божикниот пост верниците да се исповедаат и по можност да се причестат за да бидат што подостојни во подготовката за празнување на Христовото раѓање – Божиќ. Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на божиќниот пост, посни се и сите славски трпези.

Со Канонот на Православната црква се предвидени еднодневни и повеќедневни пости.

Еднодневните пости се во среда и петок, Водокрст на 18 јануари, Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител на 11 септември и Крстовден на 27 септември.

Повеќедневни пости се велигденските, петровденските, богородичните и божиќните пости.

Лицата кои доследно ги почитуваат правилата постат и секоја среда и петок, бидејќи тоа се деновите кога Христос е осуден и кога умрел на крстот.

Божиќниот пост, како и останатите повеќедневни постови, датира од првите векови на христијанството и се споменува во делата на светите лица од 4 и 5 век.

Првобитно постот траел седум дена, а одлуката христијаните пред празникот – Раѓањето Христово да постат 40 дена е донесена на Собор во 1166 година.

Траењето на божикниот пост се објаснува и со четириесетдневното патување на тројцата мудреци до Витлеемската пештера, во која на 25 декември е роден Богомладенецот Исус. Затоа се вели дека постот е ѕвезда водилка за сите кои христијанството го одбрале за своја вера, како што за мудреците кои верувале во пророштвото за раѓањето на Спасителот единствена водилка била најсветлата ѕвезда на небото, која се движела од западот кон истокот и која ги довела во Витлеем.

The post Почнува божиќниот пост appeared first on Република.

]]>

За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почнува шест неделниот божиќен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божиќ, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божиќ не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник. Божиќниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна, божиќниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење вино, масло за јадење и риба. Во Православната црква практика е во текот на божикниот пост верниците да се исповедаат и по можност да се причестат за да бидат што подостојни во подготовката за празнување на Христовото раѓање – Божиќ. Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на божиќниот пост, посни се и сите славски трпези. Со Канонот на Православната црква се предвидени еднодневни и повеќедневни пости. Еднодневните пости се во среда и петок, Водокрст на 18 јануари, Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител на 11 септември и Крстовден на 27 септември. Повеќедневни пости се велигденските, петровденските, богородичните и божиќните пости. Лицата кои доследно ги почитуваат правилата постат и секоја среда и петок, бидејќи тоа се деновите кога Христос е осуден и кога умрел на крстот. Божиќниот пост, како и останатите повеќедневни постови, датира од првите векови на христијанството и се споменува во делата на светите лица од 4 и 5 век. Првобитно постот траел седум дена, а одлуката христијаните пред празникот – Раѓањето Христово да постат 40 дена е донесена на Собор во 1166 година. Траењето на божикниот пост се објаснува и со четириесетдневното патување на тројцата мудреци до Витлеемската пештера, во која на 25 декември е роден Богомладенецот Исус. Затоа се вели дека постот е ѕвезда водилка за сите кои христијанството го одбрале за своја вера, како што за мудреците кои верувале во пророштвото за раѓањето на Спасителот единствена водилка била најсветлата ѕвезда на небото, која се движела од западот кон истокот и која ги довела во Витлеем.

The post Почнува божиќниот пост appeared first on Република.

]]>
Постот од 14 часа функционира: Нè прави поенергични и помалку гладни https://republika.mk/zivot/zdravje/postot-od-14-chasa-funktsionira-ne-pravi-poenergichni-i-pomalku-gladni/ Sat, 18 Nov 2023 17:47:04 +0000 https://republika.mk/?p=702971

Постот од 14 часа може да нè направи помалку гладни, поенергични и посреќни, покажа новото истражување на истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон.

Резултатите од истражувањето откриваат дека ограничувањето на консумацијата на храна на само 10 часа, на пример помеѓу 9 и 19 часот, има позитивен ефект врз расположението, енергијата и гладот.

Истражувачите користеле податоци од волонтери кои со помош на апликацијата „ZOE“ ја бележеле својата здравствена состојба. Учествувале повеќе од 37.000 луѓе кои јаделе нормално една недела, додека во следните две недели од нив било побарано да јадат само во одбраните 10 часа од денот.

Анализата открила дека оние кои постеле 14 часа дневно имале повеќе енергија, биле порасположени и помалку гладни.

Ова е најголемата студија спроведена надвор од строго контролирана средина која покажува дека наизменичното постење може да го подобри здравјето. Возбудливо е да се открие дека не мора да бидеме многу рестриктивни за да видиме позитивни резултати. 10-часовната временска рамка за јадење е толерантна за повеќето луѓе“, вели д-р Сара Бери.

Резимето на студијата беше претставено на Европската конференција за исхрана во Белград. Приврзаниците на наизменичното постење најчесто се одлучуваат за моделот 16:8, при што се пости 16 часа, додека 8 часа може да се јаде и пие што и да посакате.

 

The post Постот од 14 часа функционира: Нè прави поенергични и помалку гладни appeared first on Република.

]]>

Постот од 14 часа може да нè направи помалку гладни, поенергични и посреќни, покажа новото истражување на истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон. Резултатите од истражувањето откриваат дека ограничувањето на консумацијата на храна на само 10 часа, на пример помеѓу 9 и 19 часот, има позитивен ефект врз расположението, енергијата и гладот. Истражувачите користеле податоци од волонтери кои со помош на апликацијата „ZOE“ ја бележеле својата здравствена состојба. Учествувале повеќе од 37.000 луѓе кои јаделе нормално една недела, додека во следните две недели од нив било побарано да јадат само во одбраните 10 часа од денот. Анализата открила дека оние кои постеле 14 часа дневно имале повеќе енергија, биле порасположени и помалку гладни.
Ова е најголемата студија спроведена надвор од строго контролирана средина која покажува дека наизменичното постење може да го подобри здравјето. Возбудливо е да се открие дека не мора да бидеме многу рестриктивни за да видиме позитивни резултати. 10-часовната временска рамка за јадење е толерантна за повеќето луѓе“, вели д-р Сара Бери.
Резимето на студијата беше претставено на Европската конференција за исхрана во Белград. Приврзаниците на наизменичното постење најчесто се одлучуваат за моделот 16:8, при што се пости 16 часа, додека 8 часа може да се јаде и пие што и да посакате.  

The post Постот од 14 часа функционира: Нè прави поенергични и помалку гладни appeared first on Република.

]]>
Се обиде да се храни како Исус и според Библијата, почина по 25 дена пост https://republika.mk/zivot/servisi/se-obide-da-se-hrani-kako-isus-i-spored-biblijata-pochina-po-25-dena-post/ Sat, 18 Feb 2023 11:34:15 +0000 https://republika.mk/?p=610390

Пасторот Франциско Барајах почина откако се обидел да пости 40 дена, по примерот наведен во Библијата, имитирајќи го Исус.

Бараја (39) воедно и основач на Евангелистичката црква Санта Триндад, починал во болница во градот Беира, каде што бил префрлен во критична состојба, при што му е констатирана акутна анемија и откажување на органите за варење. Тој 25 дена не пиел вода и не јадел ништо.

Бараја, исто така, бил учител по француски јазик во градот Месика во централната провинција Маница, на границата со Зимбабве.

Членовите на црквата Санта Триндад изјавија дека не е невообичаено свештеникот и неговите следбеници да постат, но не толку долго.

The post Се обиде да се храни како Исус и според Библијата, почина по 25 дена пост appeared first on Република.

]]>

Пасторот Франциско Барајах почина откако се обидел да пости 40 дена, по примерот наведен во Библијата, имитирајќи го Исус. Бараја (39) воедно и основач на Евангелистичката црква Санта Триндад, починал во болница во градот Беира, каде што бил префрлен во критична состојба, при што му е констатирана акутна анемија и откажување на органите за варење. Тој 25 дена не пиел вода и не јадел ништо. Бараја, исто така, бил учител по француски јазик во градот Месика во централната провинција Маница, на границата со Зимбабве. Членовите на црквата Санта Триндад изјавија дека не е невообичаено свештеникот и неговите следбеници да постат, но не толку долго.

The post Се обиде да се храни како Исус и според Библијата, почина по 25 дена пост appeared first on Република.

]]>
Почнуваат Божиќните пости: Ова се правилата за постење, што треба, а што не треба да јадете секој ден https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochnuvaat-bozikjnite-posti-ova-se-pravilata-za-postenje-shto-treba-a-shto-ne-treba-da-jadete-sekoj-den/ Mon, 28 Nov 2022 06:47:32 +0000 https://republika.mk/?p=578870

На 28 ноември почнуваат Божиќните пости кои траат 40 дена, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7 јануари.

Православната црква запишала дека Божиќниот пост е востановен за верниците да можат, во пресрет на Рождеството Христово, да се исчистат себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи му го, наместо обични дарови и жртви, чистото срце на верниците и желбата за последување на Неговото учење.

Секој пост има правила, во кои денови се пости стого, а во кои денови е дозволено масло, вино и/или риба. Верниците строго се придржуваат на црковните правила.

Во продолжение погледнете ја табелата со годинашните датуми, празници и правила за постење на Божиќните пости.

The post Почнуваат Божиќните пости: Ова се правилата за постење, што треба, а што не треба да јадете секој ден appeared first on Република.

]]>

На 28 ноември почнуваат Божиќните пости кои траат 40 дена, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7 јануари. Православната црква запишала дека Божиќниот пост е востановен за верниците да можат, во пресрет на Рождеството Христово, да се исчистат себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи му го, наместо обични дарови и жртви, чистото срце на верниците и желбата за последување на Неговото учење. Секој пост има правила, во кои денови се пости стого, а во кои денови е дозволено масло, вино и/или риба. Верниците строго се придржуваат на црковните правила. Во продолжение погледнете ја табелата со годинашните датуми, празници и правила за постење на Божиќните пости.

The post Почнуваат Божиќните пости: Ова се правилата за постење, што треба, а што не треба да јадете секој ден appeared first on Република.

]]>
За духовно и телесно прочистување: Утре почнува Божиќниот пост https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/za-duhovno-i-telesno-prochistuvanje-utre-pochnuva-bozikjniot-post/ Sun, 27 Nov 2022 08:38:33 +0000 https://republika.mk/?p=578637

Утре, 28 ноември 2022 година почнува Божиќниот пост, а завршува на Божиќ, петок, 6 јануари 2023 година.

Се верува дека Божиќниот пост бил воведен уште во IV век, а целото времетраење од 40 дена го добил во 12 век.

Постот не значи монотона исхрана или гладување, туку урамнотежена исхрана со растителна храна.

Во текот на целиот божиќен пост не се јаде месо, бело месо и јајца. Маслото и виното се дозволени во сите денови освен среда и петок, кои се пости „на вода“.

Риба се јаде секоја сабота и недела, како и на Воведение на Пресвета Богородица, дури и ако празникот паѓа во среда или петок.

The post За духовно и телесно прочистување: Утре почнува Божиќниот пост appeared first on Република.

]]>

Утре, 28 ноември 2022 година почнува Божиќниот пост, а завршува на Божиќ, петок, 6 јануари 2023 година. Се верува дека Божиќниот пост бил воведен уште во IV век, а целото времетраење од 40 дена го добил во 12 век. Постот не значи монотона исхрана или гладување, туку урамнотежена исхрана со растителна храна. Во текот на целиот божиќен пост не се јаде месо, бело месо и јајца. Маслото и виното се дозволени во сите денови освен среда и петок, кои се пости „на вода“. Риба се јаде секоја сабота и недела, како и на Воведение на Пресвета Богородица, дури и ако празникот паѓа во среда или петок.

The post За духовно и телесно прочистување: Утре почнува Божиќниот пост appeared first on Република.

]]>
Почнува Богородичниот пост https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochnuva-bogorodichniot-post-2/ Sun, 14 Aug 2022 07:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=540098

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица.

Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка.

По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година започнува на денот на прославувањето на светите седум макавејци (1/14 август), а завршува на благденот Успение на Пресвета Богородица (15/28 август).

Сигурни сведоштва за оформувањето на Богородичниот пост најнапред наоѓаме во списите на Теодор Студит (IX век), а тој е конечно утврден од Светата Црква на Цариградскиот собор во 1166 година, иако верните уште многу векови порано пребивале во пост исчекувајќи го денот посветен на Успението на Богородица.

И покрај постоењето на ориентирни правила во однос на позволените и забранети продукти за исхрана, никогаш не смее да се заборави дека сржта на православната антропологија е во тоа дека од човекот не треба да се стори проста маса, туку секој е и треба да остане конкретна личност, Оттаму, „строгоста“ на личното применување на физичката страна на постот зависи од личносниот совет од духовниот отец кон своето духовно чедо.

Константата, пак, која треба да се следи во секој повеќедневен пост, а која никако не се „разблажнува“ е духовната страна на постењето. Духовниот пост секогаш подразбира одрекување од сите облици на грешни и зли мисли, желби и дела, додека телесниот пост е само неопходно помошно средство за успешна духовна борба против страстите.

Денот на празнувањето на Успението на Пресвета Богородица, 28 август, е неработен за граѓаните од православна исповед во земјава

The post Почнува Богородичниот пост appeared first on Република.

]]>

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година започнува на денот на прославувањето на светите седум макавејци (1/14 август), а завршува на благденот Успение на Пресвета Богородица (15/28 август). Сигурни сведоштва за оформувањето на Богородичниот пост најнапред наоѓаме во списите на Теодор Студит (IX век), а тој е конечно утврден од Светата Црква на Цариградскиот собор во 1166 година, иако верните уште многу векови порано пребивале во пост исчекувајќи го денот посветен на Успението на Богородица. И покрај постоењето на ориентирни правила во однос на позволените и забранети продукти за исхрана, никогаш не смее да се заборави дека сржта на православната антропологија е во тоа дека од човекот не треба да се стори проста маса, туку секој е и треба да остане конкретна личност, Оттаму, „строгоста“ на личното применување на физичката страна на постот зависи од личносниот совет од духовниот отец кон своето духовно чедо. Константата, пак, која треба да се следи во секој повеќедневен пост, а која никако не се „разблажнува“ е духовната страна на постењето. Духовниот пост секогаш подразбира одрекување од сите облици на грешни и зли мисли, желби и дела, додека телесниот пост е само неопходно помошно средство за успешна духовна борба против страстите. Денот на празнувањето на Успението на Пресвета Богородица, 28 август, е неработен за граѓаните од православна исповед во земјава

The post Почнува Богородичниот пост appeared first on Република.

]]>
Почнуваат постите за Петровден https://republika.mk/zivot/servisi/pochnuvaat-postite-za-petrovden/ Mon, 20 Jun 2022 07:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=517447

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули.

Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден.

Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно. Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден.

Целта на постот е да се исчистат духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела.

Телесниот пост подразбира воздржување од храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата. Во среда и петок јадењата се на вода, односно се подготвуваат без масло.

Понеделник, вторник и четврток се со масло, а во сабота и недела дозволено е јадење риба.

Поважниот пост – духовниот, според Православната црква, подразбира одрекување од секое зло и грев, воздржување од лоши помисли, зборови и дела, покајание и безрезервна љубов кон Бога и кон луѓето.

The post Почнуваат постите за Петровден appeared first on Република.

]]>

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно. Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден. Целта на постот е да се исчистат духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. Телесниот пост подразбира воздржување од храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата. Во среда и петок јадењата се на вода, односно се подготвуваат без масло. Понеделник, вторник и четврток се со масло, а во сабота и недела дозволено е јадење риба. Поважниот пост – духовниот, според Православната црква, подразбира одрекување од секое зло и грев, воздржување од лоши помисли, зборови и дела, покајание и безрезервна љубов кон Бога и кон луѓето.

The post Почнуваат постите за Петровден appeared first on Република.

]]>
Совети за луѓето со дијабетес кои сакаат да постат за Рамазан https://republika.mk/zivot/zdravje/soveti-za-lugjeto-so-dijabetes-koi-sakaat-da-postat-za-ramazan/ Tue, 05 Apr 2022 08:42:35 +0000 https://republika.mk/?p=483428

Рамазан, периодот во којшто муслиманските верници постат од изгрејсонце до зајдисонце, почна на 2 април. Што значи ова за луѓето кои имаат дијабетес и коишто треба да го задржат шеќерот во крвта под контрола?

Дијабетесот е доживотна здравствена состојба која предизвикува високи нивоа шеќер во крвта. Постојат два главни вида дијабетес – тип 1 и тип 2. Кај дијабетес тип 1, имунолошкиот систем на телото ги напаѓа клетките што произведуваат инсулин, а кај дијабетесот тип 2, телото самостојно не произведува доволно инсулин, што предизвикува клетките да не реагираат правилно на инсулинот.

Постот за време на Рамазан не се препорачува за луѓе со дијабетес тип 1. Ова важи и за оние со оштетување на бубрезите или земаат апчиња поради болеста -  вели стручњакот Несрин Јавуз.

Муслиманите со хронични болести како што е дијабетесот се ослободени од обврската за рамазанскиот пост, иако многумина, сепак, сакаат да учествуваат во постот.

Оние со дијабетес тип 2 може да постат, но треба да бидат особено внимателни во конкретни случаи.

Дури и за луѓето кои не си инјектираат инсулин, важно е да имаат добри долгорочни нивоа на гликоза во крвта. Оние кои земаат инсулин мора да бидат особено внимателни, бидејќи во спротивно може да западнат во тешка хипогликемија - вели Јавуз.

На сите дијабетичари им се советува да разговараат со својот лекар пред да почнат да постат, да си ја проценат општата здравствена состојба, постојната терапија, опасностите од постот и со тоа да си помогнат во креирањето на планот за исхрана. Задолжително е и редовно мерење на нивото шеќер во крвта.

Се препорачува овој преглед да се направи еден до два месеци пред Рамазан. И постарите лица и трудниците со дијабетес, исто така, се изложени на ризик.

Ако пациентот со дијабетес е изложен на опасност од хипогликемија за време на целодневен пост, треба веднаш да престане да пости и да го врати шеќерот во крвта под контрола со земање, на пример, малку гликоза - истакнува Јавуз.

The post Совети за луѓето со дијабетес кои сакаат да постат за Рамазан appeared first on Република.

]]>

Рамазан, периодот во којшто муслиманските верници постат од изгрејсонце до зајдисонце, почна на 2 април. Што значи ова за луѓето кои имаат дијабетес и коишто треба да го задржат шеќерот во крвта под контрола? Дијабетесот е доживотна здравствена состојба која предизвикува високи нивоа шеќер во крвта. Постојат два главни вида дијабетес – тип 1 и тип 2. Кај дијабетес тип 1, имунолошкиот систем на телото ги напаѓа клетките што произведуваат инсулин, а кај дијабетесот тип 2, телото самостојно не произведува доволно инсулин, што предизвикува клетките да не реагираат правилно на инсулинот.
Постот за време на Рамазан не се препорачува за луѓе со дијабетес тип 1. Ова важи и за оние со оштетување на бубрезите или земаат апчиња поради болеста -  вели стручњакот Несрин Јавуз.
Муслиманите со хронични болести како што е дијабетесот се ослободени од обврската за рамазанскиот пост, иако многумина, сепак, сакаат да учествуваат во постот. Оние со дијабетес тип 2 може да постат, но треба да бидат особено внимателни во конкретни случаи.
Дури и за луѓето кои не си инјектираат инсулин, важно е да имаат добри долгорочни нивоа на гликоза во крвта. Оние кои земаат инсулин мора да бидат особено внимателни, бидејќи во спротивно може да западнат во тешка хипогликемија - вели Јавуз.
На сите дијабетичари им се советува да разговараат со својот лекар пред да почнат да постат, да си ја проценат општата здравствена состојба, постојната терапија, опасностите од постот и со тоа да си помогнат во креирањето на планот за исхрана. Задолжително е и редовно мерење на нивото шеќер во крвта. Се препорачува овој преглед да се направи еден до два месеци пред Рамазан. И постарите лица и трудниците со дијабетес, исто така, се изложени на ризик.
Ако пациентот со дијабетес е изложен на опасност од хипогликемија за време на целодневен пост, треба веднаш да престане да пости и да го врати шеќерот во крвта под контрола со земање, на пример, малку гликоза - истакнува Јавуз.

The post Совети за луѓето со дијабетес кои сакаат да постат за Рамазан appeared first on Република.

]]>
Денеска почнуваат велигденските пости https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-pochnuvaat-veligdenskite-posti/ Mon, 07 Mar 2022 16:54:42 +0000 https://republika.mk/?p=469102

Денеска почнуваат велигденските пости во 2022 година – ова се обичаите и правилата!

За православните верници Велигденскиот пост, кој трае 48 дена, започнува во понеделник на 7 март, и е најдолгиот од сите четири пости и уште се нарекува и Велик пост.

Ова се смета за најстрог пост, бидејќи најчесто се пости на вода, но важно е да се знае дека постот не е само откажување од храна. Најважното правило на постот е воздржување од лоши мисли и дела, како и зајакнување на духовноста.

Првата недела од постот се нарекува Чиста. Втората недела е Пачиста. Третата недела е обожување на Крстот бидејќи чесниот Крст им се предава на верниците кои претпладнето влегле во подвигот на постот за поклонение и целивање.

Четвртата недела е Средопосна, бидејќи е средина на Великиот пост. Петтата недела од постот се нарекува Глувна. Во текот на таа недела човек не пее, не свири, не свири, а работата не се започнува.

Шестата недела е Цветна. Името ја добила по цвеќињата и зелените гранчиња што децата и граѓаните ги фрлале пред Христа кога Тој влегол во Ерусалим. Седмата, последната недела пред празникот Велигден е Света Недела.

Најважниот ден од таа седмица е Велики петок, денот на распнувањето. Велигденските пости завршуваат со празнувањето на Велигден.

Постот значи прочистување на душата и телото, а важно е да се негува љубов, добрина, радост и внатрешен мир во срцето. Верниците постат за да се причестат, а причестувањето претставува соединување со Бога и се зема за здравје, мир и спасение.

The post Денеска почнуваат велигденските пости appeared first on Република.

]]>

Денеска почнуваат велигденските пости во 2022 година – ова се обичаите и правилата! За православните верници Велигденскиот пост, кој трае 48 дена, започнува во понеделник на 7 март, и е најдолгиот од сите четири пости и уште се нарекува и Велик пост. Ова се смета за најстрог пост, бидејќи најчесто се пости на вода, но важно е да се знае дека постот не е само откажување од храна. Најважното правило на постот е воздржување од лоши мисли и дела, како и зајакнување на духовноста. Првата недела од постот се нарекува Чиста. Втората недела е Пачиста. Третата недела е обожување на Крстот бидејќи чесниот Крст им се предава на верниците кои претпладнето влегле во подвигот на постот за поклонение и целивање. Четвртата недела е Средопосна, бидејќи е средина на Великиот пост. Петтата недела од постот се нарекува Глувна. Во текот на таа недела човек не пее, не свири, не свири, а работата не се започнува. Шестата недела е Цветна. Името ја добила по цвеќињата и зелените гранчиња што децата и граѓаните ги фрлале пред Христа кога Тој влегол во Ерусалим. Седмата, последната недела пред празникот Велигден е Света Недела. Најважниот ден од таа седмица е Велики петок, денот на распнувањето. Велигденските пости завршуваат со празнувањето на Велигден. Постот значи прочистување на душата и телото, а важно е да се негува љубов, добрина, радост и внатрешен мир во срцето. Верниците постат за да се причестат, а причестувањето претставува соединување со Бога и се зема за здравје, мир и спасение.

The post Денеска почнуваат велигденските пости appeared first on Република.

]]>