поскапување на струја Archives - Република https://republika.mk/tema/poskapuvanje-na-struja/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jun 2024 12:29:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поскапување на струја Archives - Република https://republika.mk/tema/poskapuvanje-na-struja/ 32 32 Граѓаните да бидат спокојни, зголемување на цената на електричната енергија нема да има, вели Мицкоски https://republika.mk/vesti/ekonomija/graganite-da-bidat-spokojni-zgolemuvane-na-tsenata-na-elektrichnata-energija-nema-da-ima-veli-mitskoski/ Wed, 26 Jun 2024 12:24:47 +0000 https://republika.mk/?p=790993

Граѓаните да бидат спокојни, зголемување на цената на електричната енергија нема да има и тоа очекувам да го потврди Регулаторната комисија за енергетика, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Во одговор на новинарско прашање, по поставувањето на камен-темелникот на основното училиште „Свети Климент Охридски“ во село Драчево, нагласи дека исполнети се двата услови, односно пратениците вчера го изгласаа дополнувањето на Законот за енергетика, како и универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ ги оптимира количините за да не дојде до енормно зголемување на цената не електричната енергија.

Кога го поднесував дополнуавњето на Законот за енергетика имав две пораки. Првата е пратениците час поскоро да го изгласаат ова дополнување, и тоа тие го сторија, и втората порака беше до компанијата која е универзален снабдувач, тоа е „ЕВН Хоум“, да ги оптимира количините за да не дојде до енормно зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата и за корисниците од универзалниот снабдувач. Она што го добив како информација дека и двата услови се исполнети. Вчера беше изгласан законот, а од страна на ЕВН добив информација дека е оптимирано до максимум. Сега останува до Регулаторната комисија да одлучи, таа е независен орган, рече Мицкоски.

Вели според неговото предзнаење во областа, не очекува да има зголемување за првата и втората категорија.

Според моето предзнаење во оваа област не очекувам да има зголемување за првата и втората категорија или тоа би било минимално, односно под 1 отсто или вкупното зголемвуање да биде двојно помало од инфлацијата, односно да се движи од 0 до 1 отсто. Граѓаните да бидат спокојни, зголемување на цената на електричната енергија нема да има, откако овие два услови се усполнети, а тоа очекувам да го потврди Регулаторната комисија за енергетика, рече Мицкоски.

The post Граѓаните да бидат спокојни, зголемување на цената на електричната енергија нема да има, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Граѓаните да бидат спокојни, зголемување на цената на електричната енергија нема да има и тоа очекувам да го потврди Регулаторната комисија за енергетика, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во одговор на новинарско прашање, по поставувањето на камен-темелникот на основното училиште „Свети Климент Охридски“ во село Драчево, нагласи дека исполнети се двата услови, односно пратениците вчера го изгласаа дополнувањето на Законот за енергетика, како и универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ ги оптимира количините за да не дојде до енормно зголемување на цената не електричната енергија.
Кога го поднесував дополнуавњето на Законот за енергетика имав две пораки. Првата е пратениците час поскоро да го изгласаат ова дополнување, и тоа тие го сторија, и втората порака беше до компанијата која е универзален снабдувач, тоа е „ЕВН Хоум“, да ги оптимира количините за да не дојде до енормно зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата и за корисниците од универзалниот снабдувач. Она што го добив како информација дека и двата услови се исполнети. Вчера беше изгласан законот, а од страна на ЕВН добив информација дека е оптимирано до максимум. Сега останува до Регулаторната комисија да одлучи, таа е независен орган, рече Мицкоски.
Вели според неговото предзнаење во областа, не очекува да има зголемување за првата и втората категорија.
Според моето предзнаење во оваа област не очекувам да има зголемување за првата и втората категорија или тоа би било минимално, односно под 1 отсто или вкупното зголемвуање да биде двојно помало од инфлацијата, односно да се движи од 0 до 1 отсто. Граѓаните да бидат спокојни, зголемување на цената на електричната енергија нема да има, откако овие два услови се усполнети, а тоа очекувам да го потврди Регулаторната комисија за енергетика, рече Мицкоски.

The post Граѓаните да бидат спокојни, зголемување на цената на електричната енергија нема да има, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Донесен Законот со кој ќе се спречи поскапување на струјата од 1 јули https://republika.mk/vesti/ekonomija/donesen-zakonot-so-koj-ke-se-sprechi-poskapuvane-na-strujata-od-1-juli/ Wed, 26 Jun 2024 06:40:05 +0000 https://republika.mk/?p=790844

Собранието вчера во рамки на 8-та седница едногласно со 84 гласа „за“ го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика со што ќе се спречи зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули годинава за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар.

Со дополнувањата на Законот во членот 1 се врши дополнување на членот 101 односно се додава став (10) кој има за цел утврдување на исклучок од ставот (9), односно доколку назначениот универзален снабдувач ја обезбедувал универзалната услуга до завршување на утврдената тендерска постапка да не е должен да основа ново друштво за обезбедување на услугата. Со ваквата одредба освен сигурно и безбедно се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија. Со членот 2 се врши дополнување во членот 237 преку додавање на став (14) кој е усогласување со членот 1 од овој закон односно има иста цел обезбедување на сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија.

Со ова решение ќе се обезбеди сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи.

Претходно, законските дополнувања беа усвоени од матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика и на Законодавно-правната комисија.

The post Донесен Законот со кој ќе се спречи поскапување на струјата од 1 јули appeared first on Република.

]]>

Собранието вчера во рамки на 8-та седница едногласно со 84 гласа „за“ го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика со што ќе се спречи зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули годинава за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар. Со дополнувањата на Законот во членот 1 се врши дополнување на членот 101 односно се додава став (10) кој има за цел утврдување на исклучок од ставот (9), односно доколку назначениот универзален снабдувач ја обезбедувал универзалната услуга до завршување на утврдената тендерска постапка да не е должен да основа ново друштво за обезбедување на услугата. Со ваквата одредба освен сигурно и безбедно се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија. Со членот 2 се врши дополнување во членот 237 преку додавање на став (14) кој е усогласување со членот 1 од овој закон односно има иста цел обезбедување на сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија. Со ова решение ќе се обезбеди сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи. Претходно, законските дополнувања беа усвоени од матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика и на Законодавно-правната комисија.

The post Донесен Законот со кој ќе се спречи поскапување на струјата од 1 јули appeared first on Република.

]]>
За да не дојде до поскапување од 1 јули: Почнува собраниската постапка за дополнување на Законот за енергетика https://republika.mk/vesti/ekonomija/za-da-ne-dojde-do-poskapuvane-od-1-juli-pochnuva-sobraniskata-postapka-za-dopolnuvane-na-zakonot-za-energetika/ Tue, 25 Jun 2024 06:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=790478

Собранието денеска ќе ја одржи 8. седница на која на дневен ред се верификација на мандат на пратеници и Предлог на закон за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка.

Премиерот Христијан Мицкоски, пред неговиот избор запрв човек на Владата, и пратениците Бојан Стојановски, Тони Јаревски и Марија Митевска од ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа дополнувањето на Законот за енергетика со цел да се спречи зголемување на цените на струјата од 1 јули. Со Законот треба во наредните шест месеци да се спречи нагорен тренд на цената на струјата, а од јануари 2025 година да се намали цената на електричната енергија и за домаќинствата и за индустријата. Со поднесениот предлог, цената на електричната енергија нема да се зголеми за првата и втората група потрошувачи, додека за третата и четвртата тарифна група зголемувањето ќе биде од 1 до 2 проценти.

Со Предлог-законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, со членот 1 се врши дополнување на членот 101 односно се додава став (10) кој има за цел утврдување на исклучот од ставот (9) односно доколку назначениот универзален снабдувач ја обезбедувал универзалната услуга до завршување на утврдената тендерска постапка да не е должен да основа ново друштво за обезбедување на услугата. Со ваквата одредба освен сигурно и безбедно се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија.

На оваа седница како прва точка е верификација на мандатите на новите пратеници кои доаѓаат на местата на Мицкоски и на неколкумина други новоизбрани министри.

The post За да не дојде до поскапување од 1 јули: Почнува собраниската постапка за дополнување на Законот за енергетика appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска ќе ја одржи 8. седница на која на дневен ред се верификација на мандат на пратеници и Предлог на закон за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка. Премиерот Христијан Мицкоски, пред неговиот избор запрв човек на Владата, и пратениците Бојан Стојановски, Тони Јаревски и Марија Митевска од ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа дополнувањето на Законот за енергетика со цел да се спречи зголемување на цените на струјата од 1 јули. Со Законот треба во наредните шест месеци да се спречи нагорен тренд на цената на струјата, а од јануари 2025 година да се намали цената на електричната енергија и за домаќинствата и за индустријата. Со поднесениот предлог, цената на електричната енергија нема да се зголеми за првата и втората група потрошувачи, додека за третата и четвртата тарифна група зголемувањето ќе биде од 1 до 2 проценти. Со Предлог-законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, со членот 1 се врши дополнување на членот 101 односно се додава став (10) кој има за цел утврдување на исклучот од ставот (9) односно доколку назначениот универзален снабдувач ја обезбедувал универзалната услуга до завршување на утврдената тендерска постапка да не е должен да основа ново друштво за обезбедување на услугата. Со ваквата одредба освен сигурно и безбедно се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија. На оваа седница како прва точка е верификација на мандатите на новите пратеници кои доаѓаат на местата на Мицкоски и на неколкумина други новоизбрани министри.

The post За да не дојде до поскапување од 1 јули: Почнува собраниската постапка за дополнување на Законот за енергетика appeared first on Република.

]]>
Синдикатите алармираат: Ако се зголеми цената на струјата ќе има ценовен шок https://republika.mk/vesti/ekonomija/sindikatite-alarmiraat-ako-se-zgolemi-tsenata-na-strujata-ke-ima-tsenoven-shok/ Sat, 15 Jun 2024 20:18:39 +0000 https://republika.mk/?p=787982

Синдикатите со предупредување дека ако порасне цената на струјата, ќе следи нов бран поскапување, a граѓаните ќе добијат уште еден удар по домашниот буџет. Според, информациите, се бара домашната електрична енергија да поскапи за околу пет отсто.

Од ССМ велат дека ако тоа не се спречи ќе следи еден тежок период. Зголемувањето на цената на лебот ќе биде само почеток, пренесе Телма

Тоа значи уште едно обезведренување на минималната и просечната плата, но и уште едно зголемување на минималната кошница. По ова, доколку се случи цените од сите артикли и сите оние услужни дејности кои што се нормално поврзани со струјата ќе дојде до нивно поскапување. Така што мислам дека ќе не очекува еден тежок период, но да се надеваме дека ќе се најдат одредени решенија, вели Љупчо Радовски од ССМ.

Од пред неколку дена, некои видови леб поскапеа за околу 10 отсто поради зголемување на цената на пченицата. Од мелничко-пекарската индустрија ветија дека кога ќе се стабилизира, цената на лебот ќе се врати по старо. Но, од ССМ велат дека ако поскапи струјата, компаниите ќе имаат нов изговор да не го сторат тоа.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/poskape-lebot-povisoki-tseni-za-10-do-15/

The post Синдикатите алармираат: Ако се зголеми цената на струјата ќе има ценовен шок appeared first on Република.

]]>

Синдикатите со предупредување дека ако порасне цената на струјата, ќе следи нов бран поскапување, a граѓаните ќе добијат уште еден удар по домашниот буџет. Според, информациите, се бара домашната електрична енергија да поскапи за околу пет отсто. Од ССМ велат дека ако тоа не се спречи ќе следи еден тежок период. Зголемувањето на цената на лебот ќе биде само почеток, пренесе Телма
Тоа значи уште едно обезведренување на минималната и просечната плата, но и уште едно зголемување на минималната кошница. По ова, доколку се случи цените од сите артикли и сите оние услужни дејности кои што се нормално поврзани со струјата ќе дојде до нивно поскапување. Така што мислам дека ќе не очекува еден тежок период, но да се надеваме дека ќе се најдат одредени решенија, вели Љупчо Радовски од ССМ.
Од пред неколку дена, некои видови леб поскапеа за околу 10 отсто поради зголемување на цената на пченицата. Од мелничко-пекарската индустрија ветија дека кога ќе се стабилизира, цената на лебот ќе се врати по старо. Но, од ССМ велат дека ако поскапи струјата, компаниите ќе имаат нов изговор да не го сторат тоа. https://republika.mk/vesti/ekonomija/poskape-lebot-povisoki-tseni-za-10-do-15/

The post Синдикатите алармираат: Ако се зголеми цената на струјата ќе има ценовен шок appeared first on Република.

]]>
Стојаноски: Колку ќе биде нето-поскапувањето на струјата од 1 јули по основ на 8% покачување на ДДВ? https://republika.mk/vesti/ekonomija/stojanoski-kolku-ke-bide-neto-poskapuvaneto-na-strujata-od-1-juli-po-osnov-na-8-pokachuvane-na-ddv/ Fri, 26 May 2023 12:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=644925

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски упати  три пратенички прашања до претседателот на владата Димитар Ковачевски, првото прашање беше дали е нормално на консултант кој што не е со специфична струка да се исплати плата 35 500 евра, второто прашање колку ќе биде нето поскапувањето на струјата од 1 јули по основ на 8 % покачување на ДДВ, и третото прашање до премиерот Ковачевски во врска со пресудата од Стразбур е дали ќе  иницира отворање на истрага за детектирање на одговорност кај тие судии кои што суделе знаејќи дека ги прекршуваат човековите права.

„Ова што се случува е институционално насилие, така што можевме да видиме како се злоупотребува целокупната постапка на носење закони, се злоупотреби европското знаменце, во договорот за коридорите стои одредба каде што за 4 консултанти треба да се исплати плата од 35 500 евра, дали во компаниите во кои што сте работеле дали во компанијата каде што акционер сте сега би дале 35 500 евра плата на вработен за консултантски услуги? Односно дали е нормално на консултант кој што не е со специфична струка е нормално да им се исплати плата 35 500 евра“ праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Стојаноски упати прашање до премиерот Ковачевски колку ќе биде нето поскапувањето на струјата од 1 јули по основ на 8 % покачување на ДДВ.

„Второто прашање ми е во врска со утринската изјава на вашиот вицепремиер за економски прашања, во врска со поскапувањето на струјата дополнително и воведувањето на евтина тарифа, прашањето ми е следно, колку ќе биде нето поскапувањето на струјата од 1 јули по основ на 8 % покачување на ДДВ“ , праша Стојаноски.

Третото прашање на пратеникот Стојаноски до премиерот Ковачевски е во врска со пресудата од Стразбур и дали Ковачевски ќе  иницира отворање на истрага за детектирање на одговорност кај тие судии кои што суделе знаејќи дека ги прекршуваат човековите права.

„Третото прашање ми е следно, дали доколку судот во Стразбур процени дека во таа водена постапка биле прекршени човековите права за што и наложи државата на почитуваната Елена Доцевска Божиновска да и исплати казна дали вие како премиер сметате дека треба да повикате на одговорност односно да иницирате отворање на истрага за детектирање на одговорност кај тие судии кои што суделе знаејќи дека го прекршуваат човековите права заради тоа што ова е основ за одповикуввање и разрешување на судии“ истакна Стојаноски.

The post Стојаноски: Колку ќе биде нето-поскапувањето на струјата од 1 јули по основ на 8% покачување на ДДВ? appeared first on Република.

Новогодишната честитка од Владата ќе ви ги смрзне срцата, ќе ви ги заледи домовите и ќе ви ги испразни џебовите – поскапе струјата! https://republika.mk/vesti/ekonomija/novogodishnata-chestitka-od-vladata-ke-vi-gi-smrzne-srtsata-ke-vi-gi-zaledi-domovite-i-ke-vi-gi-isprazni-dhebovite-poskape-strujata/ Mon, 02 Jan 2023 11:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=592597

Во новата година влеговме истоштени и истрошени. Во годината што останува зад нас основните прехранбени производи станаа луксуз, неделниот ручек се почесто е посен, а неделата неработен ден - совршен за перење, пеглање, готвење, чистење. Владата ни советуваше да готвиме во помали тенџериња, да се тушираме наместо да се капеме и да ги гасиме компјутерите. Штедевме, денот го заменивме за ноќ, а благата зима ни даваше надеж дека можеби и ќе се преживее.

И како да не е доволно што ветувањата на Владата на терен изгледаат како ветер и магла, и што зимата допрва доаѓа, вистинска новогодишна честитка ќе ја почувстуваме на гола кожа со јануарската сметка за струја.

Поскапува струјата. Во реалноста, а не во политичките говори на функционерите. Регулаторна, која ги пресметува цените на струјата без да вклучи ДДВ, всушност ги намали цените за првиот и за вториот блок за домаќинства, меѓутоа од 1 јануари почнува да важи мерката за враќање на ДДВ-то од 5 на 10 проценти.

Кај 99,2 отсто од домаќинствата ќе се намали трошокот за електрична енергија не вклучувајќи го зголемувањето на ДДВ-то. Најбитно е што за 70.000 мали и микро компании значително се намалува цената на струјата, вели во една изјава претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Но, дали е така?

Во оваа табела се претставени целите на струјата за киловат-час по блокови. Блоковите важат за скапата струја. Притоа, ДДВ-то е покачено од 5 на 10 отсто. Земете една сметка за струја помножете ја вашата потрошувачка со новата цена и додадете 10% и лесно можете да пресметате колку „ќе ви поевтини струјата“ од 1 јануари.

Во оваа табела, пак, е претставена цената на евтината струја, која поскапува повеќе од двојно.

Со прости зборови, граѓаните кои переле, пеглале и готвеле на евтина струја во недела или по 22 часот, сега ќе плаќаат двојно повеќе ако продолжат да штедат на истиот начин.

Но, Бислимоски не е едиснтвен кој ја убедуваше јавноста дека струјата од 1 јанари ќе поевтини.

И министерот Крешник Бектеши тврдеше дека граѓаните можат да бидат спокојни бидејќи владата се грижи енергетската криза да не им се удри од грбот.

Од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат со друга математика. Од сите параметри кои ја формаираат цената на струјата единствено поевтинува преносот на струја. Во евтината тарифа струјата за домаќинствата поскапува за повеќе од двојно, така што нема математика која ќе го оправда тврдењето на власта.

Имено, на слика 1 и 2 се дадени официјалните вредности за цените на електричната енергија за домаќинствата од одлуката на РКЕ која е на сила од 1.7.2022 година, споредено со новите цени кои треба да важат од 1.1.2023 година.
Од слика 1, за категорија на потрошувачи домаќинства јасно се гледа дека има зголемување на цените на електричната енергија во сите четири блока од скапата струја. Тоа значи дека во кој блок и да сте, секако од 1.1.2023 имате зголемена цена на струјата во висока тарифа.
Посебно е страшно што СДСМ го премолчува најважното, а тоа е дека цената на струјата во т.н. ефтина тарифа расте повеќе од дупло. Ова е дадено на Слика 2, каде јасно се гледа дека цената на електричната енергија во ниската тарифа се зголемува од 0,6193 Ден/kWh на 1,3181 Ден/kWh. За жал, тоа е најсиромашната категорија на граѓани, кои најмногу штедат, па чекат да дојде 22 часот навечер или недела цел ден, за да користат ефтина струја. Истите тие сега за струјата во ефтина тарифа од 1ви јануари ќе плаќаат дупло повисока цена.
Згора на сẻ, ако на ова се додаде зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 %, тогаш навистина не се јасни изјавите на ПР тимот од кујната на СДС за намалување на цените на струјата за домаќинствата.
Затоа прашуваме: КАКО СДСМ го пресмета намалувањето на цените кога од сите елементи со кои се формира цената единствено ќе се намали тарифата за пренос и дистрибуција, додека сите други елементи ќе се зголемат, вклучувајќи го и ДДВ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните се уверија дека Владата нема да дозволи ценовен шок за населението и за малите потрошувачи на електрична енергија, што се потврди со цените на струјата што денеска ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика”, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во интервју за Македонска радио телевизија.

Претседателот на Владата посочи дека од 1 јануари, цената на електрична енергија кај домаќинствата за првиот и вториот блок се намалува, а само ќе се зголеми цената на третиот и четвртиот блок.

Во четвриот блок има зголемување на цената, но таму се граѓани и семејства кои трошат поголеми количини на енергија, кои загреваат поголеми површини, дел од нив загреваат и базени во текот на зимскиот период. Тие можат да си дозволат да имаат таква потрошувачка”, рече премиерот Ковачевски.

Одговор простигна од претседателот на ВМРО-ДПМН, Христијан Мицкоски.

Евтината тарифа од 0,6 денари се зголемува на 1,3 денари, повеќе од двапати тоа го заборавија да го кажат. И сега кога ќе си пресмета секој еден граѓанин колку киловат часови троши во евтина, а колку во еден од блоковите ќе видите дека сметката со додадените плус 5% данок на додадена вредност ќе биде најмалку 20% поголема. Но, тоа од први јануари ќе го видат сите граѓани и ќе го доживеат. Тоа заборавија да го кажат, тоа никаде го нема, ниту во соопштението на Регулаторната дека ниската тарифа од 0,6 денари ќе стане 1,3 денари. наеднаш се зголеми за 200 отсто. Тоа никаде го нема, тоа никој не го кажува – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Новогодишната честитка од Владата ќе ви ги смрзне срцата, ќе ви ги заледи домовите и ќе ви ги испразни џебовите – поскапе струјата! appeared first on Република.

]]>

Во новата година влеговме истоштени и истрошени. Во годината што останува зад нас основните прехранбени производи станаа луксуз, неделниот ручек се почесто е посен, а неделата неработен ден - совршен за перење, пеглање, готвење, чистење. Владата ни советуваше да готвиме во помали тенџериња, да се тушираме наместо да се капеме и да ги гасиме компјутерите. Штедевме, денот го заменивме за ноќ, а благата зима ни даваше надеж дека можеби и ќе се преживее. И како да не е доволно што ветувањата на Владата на терен изгледаат како ветер и магла, и што зимата допрва доаѓа, вистинска новогодишна честитка ќе ја почувстуваме на гола кожа со јануарската сметка за струја. Поскапува струјата. Во реалноста, а не во политичките говори на функционерите. Регулаторна, која ги пресметува цените на струјата без да вклучи ДДВ, всушност ги намали цените за првиот и за вториот блок за домаќинства, меѓутоа од 1 јануари почнува да важи мерката за враќање на ДДВ-то од 5 на 10 проценти.
Кај 99,2 отсто од домаќинствата ќе се намали трошокот за електрична енергија не вклучувајќи го зголемувањето на ДДВ-то. Најбитно е што за 70.000 мали и микро компании значително се намалува цената на струјата, вели во една изјава претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
Но, дали е така? Во оваа табела се претставени целите на струјата за киловат-час по блокови. Блоковите важат за скапата струја. Притоа, ДДВ-то е покачено од 5 на 10 отсто. Земете една сметка за струја помножете ја вашата потрошувачка со новата цена и додадете 10% и лесно можете да пресметате колку „ќе ви поевтини струјата“ од 1 јануари. Во оваа табела, пак, е претставена цената на евтината струја, која поскапува повеќе од двојно. Со прости зборови, граѓаните кои переле, пеглале и готвеле на евтина струја во недела или по 22 часот, сега ќе плаќаат двојно повеќе ако продолжат да штедат на истиот начин. Но, Бислимоски не е едиснтвен кој ја убедуваше јавноста дека струјата од 1 јанари ќе поевтини. И министерот Крешник Бектеши тврдеше дека граѓаните можат да бидат спокојни бидејќи владата се грижи енергетската криза да не им се удри од грбот. Од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат со друга математика. Од сите параметри кои ја формаираат цената на струјата единствено поевтинува преносот на струја. Во евтината тарифа струјата за домаќинствата поскапува за повеќе од двојно, така што нема математика која ќе го оправда тврдењето на власта.
Имено, на слика 1 и 2 се дадени официјалните вредности за цените на електричната енергија за домаќинствата од одлуката на РКЕ која е на сила од 1.7.2022 година, споредено со новите цени кои треба да важат од 1.1.2023 година. Од слика 1, за категорија на потрошувачи домаќинства јасно се гледа дека има зголемување на цените на електричната енергија во сите четири блока од скапата струја. Тоа значи дека во кој блок и да сте, секако од 1.1.2023 имате зголемена цена на струјата во висока тарифа. Посебно е страшно што СДСМ го премолчува најважното, а тоа е дека цената на струјата во т.н. ефтина тарифа расте повеќе од дупло. Ова е дадено на Слика 2, каде јасно се гледа дека цената на електричната енергија во ниската тарифа се зголемува од 0,6193 Ден/kWh на 1,3181 Ден/kWh. За жал, тоа е најсиромашната категорија на граѓани, кои најмногу штедат, па чекат да дојде 22 часот навечер или недела цел ден, за да користат ефтина струја. Истите тие сега за струјата во ефтина тарифа од 1ви јануари ќе плаќаат дупло повисока цена. Згора на сẻ, ако на ова се додаде зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 %, тогаш навистина не се јасни изјавите на ПР тимот од кујната на СДС за намалување на цените на струјата за домаќинствата. Затоа прашуваме: КАКО СДСМ го пресмета намалувањето на цените кога од сите елементи со кои се формира цената единствено ќе се намали тарифата за пренос и дистрибуција, додека сите други елементи ќе се зголемат, вклучувајќи го и ДДВ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
  Граѓаните се уверија дека Владата нема да дозволи ценовен шок за населението и за малите потрошувачи на електрична енергија, што се потврди со цените на струјата што денеска ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика”, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во интервју за Македонска радио телевизија. Претседателот на Владата посочи дека од 1 јануари, цената на електрична енергија кај домаќинствата за првиот и вториот блок се намалува, а само ќе се зголеми цената на третиот и четвртиот блок.
Во четвриот блок има зголемување на цената, но таму се граѓани и семејства кои трошат поголеми количини на енергија, кои загреваат поголеми површини, дел од нив загреваат и базени во текот на зимскиот период. Тие можат да си дозволат да имаат таква потрошувачка”, рече премиерот Ковачевски.
Одговор простигна од претседателот на ВМРО-ДПМН, Христијан Мицкоски.
Евтината тарифа од 0,6 денари се зголемува на 1,3 денари, повеќе од двапати тоа го заборавија да го кажат. И сега кога ќе си пресмета секој еден граѓанин колку киловат часови троши во евтина, а колку во еден од блоковите ќе видите дека сметката со додадените плус 5% данок на додадена вредност ќе биде најмалку 20% поголема. Но, тоа од први јануари ќе го видат сите граѓани и ќе го доживеат. Тоа заборавија да го кажат, тоа никаде го нема, ниту во соопштението на Регулаторната дека ниската тарифа од 0,6 денари ќе стане 1,3 денари. наеднаш се зголеми за 200 отсто. Тоа никаде го нема, тоа никој не го кажува – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
 
The post Новогодишната честитка од Владата ќе ви ги смрзне срцата, ќе ви ги заледи домовите и ќе ви ги испразни џебовите – поскапе струјата! appeared first on Република.

]]>
Од Нова година најмалку 5% поскапа струја – Владата зголемува ДДВ за струја на 10% https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-nova-godina-najmalku-5-poskapa-struja-vladata-zgolemuva-ddv-za-struja-na-10/ Wed, 02 Nov 2022 21:47:42 +0000 https://republika.mk/?p=568979

ДДВ-то за електричната енергија од први јануари ќе биде 10% проценти, а не 5% како што беше намалено во мај годинава со одлука на Владата, рече министерот за финансии Фатмир Бесими во вечерашната „Топ тема“ на телевизија Телма.

Во првото полугодие повластената стапка ќе биде 10% за прометот на електричната енергија кон домаќинствата.

Даночната реформа, според Бесими, ќе разгледа неколку модели, но се задржува на две нивоа – одредени производи на кои во текот на годините им се намалило ДДВ-то на 5%, да се вратат на ДДВ како што биле претходно, а и во делот на персоналните даноци и придонесите кои во нив треба да се вметнат, да нема едно решение, туку да има избор во однос на плаќањето, бидејќи висината на хонорарите се различни.

The post Од Нова година најмалку 5% поскапа струја – Владата зголемува ДДВ за струја на 10% appeared first on Република.

]]>

ДДВ-то за електричната енергија од први јануари ќе биде 10% проценти, а не 5% како што беше намалено во мај годинава со одлука на Владата, рече министерот за финансии Фатмир Бесими во вечерашната „Топ тема“ на телевизија Телма. Во првото полугодие повластената стапка ќе биде 10% за прометот на електричната енергија кон домаќинствата. Даночната реформа, според Бесими, ќе разгледа неколку модели, но се задржува на две нивоа – одредени производи на кои во текот на годините им се намалило ДДВ-то на 5%, да се вратат на ДДВ како што биле претходно, а и во делот на персоналните даноци и придонесите кои во нив треба да се вметнат, да нема едно решение, туку да има избор во однос на плаќањето, бидејќи висината на хонорарите се различни.

The post Од Нова година најмалку 5% поскапа струја – Владата зголемува ДДВ за струја на 10% appeared first on Република.

]]>
Рама: Никогаш не сме изјавиле дека оние кои повеќе трошат од ноември ќе плаќаат поскапа струја https://republika.mk/vesti/balkan/rama-nikogash-ne-sme-izjavile-deka-onie-koi-povekje-troshat-od-noemvri-kje-plakjaat-poskapa-struja/ Sun, 30 Oct 2022 18:09:50 +0000 https://republika.mk/?p=567516

Албанскиот премиер Еди Рама вели дека не е точна веста за поскапувањето на струјата од 1 ноември за домаќинствата кои трошат повеќе, додавајќи дека такво нешто владата не објавила.

Иако ваква одлука објави Регулаторниот завод за енергетика, ЕРЕ, Рама за веста ги обвинува медиумите и опозицијата.

Опозицијата рубља (се мисли на демократите кои наводно добивале пари од Русија за избори) и нејзините медиуми им порачуваат на Албанците дека Владата објавила поскапување на струјата од 1 ноември! Двојно лажна вест: 14 месеци кажуваме дека цената ќе биде заштитена и вакво нешто никогаш не сме изјавиле! Зошто го прават тоа, пишува Рама на Твитер.

ЕРЕ во петок објави дека во месеците ноември и декември домаќинствата што трошат над 800 киловатчасови месечно ќе плаќаат 44 лека по киловат, наместо 9,5 колку што е цената и оти цената ќе биде предмет на периодично разгледување.

Ваква одлука во септември донесе и ЕРЕ и Владата, која требаше да се применува од почетокот на овој месец, но истата беше повлечена, поради, како што образложи премиерот Еди Рама „намалената потрошувачка и зголемено домашно производство“.

Дел од медиумите тоа го оценија за предизборен чекор на Рама пред локалните избори во мај идната година.
Во Албанија од 1,2 милиони потрошувачи домаќинства околу 60 илјади трошат повеќе од 800 киловат-часови месечно.

The post Рама: Никогаш не сме изјавиле дека оние кои повеќе трошат од ноември ќе плаќаат поскапа струја appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама вели дека не е точна веста за поскапувањето на струјата од 1 ноември за домаќинствата кои трошат повеќе, додавајќи дека такво нешто владата не објавила. Иако ваква одлука објави Регулаторниот завод за енергетика, ЕРЕ, Рама за веста ги обвинува медиумите и опозицијата.
Опозицијата рубља (се мисли на демократите кои наводно добивале пари од Русија за избори) и нејзините медиуми им порачуваат на Албанците дека Владата објавила поскапување на струјата од 1 ноември! Двојно лажна вест: 14 месеци кажуваме дека цената ќе биде заштитена и вакво нешто никогаш не сме изјавиле! Зошто го прават тоа, пишува Рама на Твитер.
ЕРЕ во петок објави дека во месеците ноември и декември домаќинствата што трошат над 800 киловатчасови месечно ќе плаќаат 44 лека по киловат, наместо 9,5 колку што е цената и оти цената ќе биде предмет на периодично разгледување. Ваква одлука во септември донесе и ЕРЕ и Владата, која требаше да се применува од почетокот на овој месец, но истата беше повлечена, поради, како што образложи премиерот Еди Рама „намалената потрошувачка и зголемено домашно производство“. Дел од медиумите тоа го оценија за предизборен чекор на Рама пред локалните избори во мај идната година. Во Албанија од 1,2 милиони потрошувачи домаќинства околу 60 илјади трошат повеќе од 800 киловат-часови месечно.

The post Рама: Никогаш не сме изјавиле дека оние кои повеќе трошат од ноември ќе плаќаат поскапа струја appeared first on Република.

]]>
Владата надоцна до среда да донесе мерки за ублажување на ценовниот удар, апелираат од Стопанска комора https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-nadocna-do-sreda-da-donese-merki-za-ublazuvanje-na-cenovniot-udar-apeliraat-od-stopanska-komora/ Mon, 03 Oct 2022 11:51:29 +0000 https://republika.mk/?p=556822

Владата најдоцна до 5 октомври 2022 година, за кога е закажана седницата на Економскиот совет, да донесе мерки кои ќе го ублажат силниот ценовен удар, апелира Стопанската комора.

Според Комората, бизнисот има една алтернатива – или државата ќе помогне или ќе се затворат капацитеите.

Ова е критичен момент. Брзината на реакцијата е пресуден фактор за зачувување на макроекономската и на буџетската стабилност на државата. Ситуацијата во која се наоѓа стопанството е сериозна со оглед на високите сметки за електрична енергија, зголемени до шест пати, за што ниту една компанија не е виновна. Повеќе од 1 600 правни субјекти кои се наоѓаат на слободниот пазар на 30.9.2022 година беа анкетирани и рекоа дека се наоѓаат во исклучително тешка состојба. Почнат е процесот на намалување на вработените, редуцирање на производството и на затворање на капацитетите. Ескалацијата ќе биде во наредните два месеца кога се склучуваат договорите за снабдување со струја за наредната година, наведува Комората во денешното соопштение и додава дека нема регистрирано ниту една земја во регионот и пошироко која не им помогнала на своите компании.

Стопанската комора оценува дека фирмите, оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат, излез бараат во враќањето на регулираниот пазар.

Комората регистрира случаи на правно преструктуирање (делење на фирмите за да се исполнат условите за влегување на регулираниот пазар), што може да доведе до сериозни последици за сиот енергетски систем, исто како и за отпуштените работници, кои, иако дома имаат субвенционирана цена на струјата, нема да можат да ја платат, наведува Комората.

Воедно укажува и дека без државна поддршка 10-те најголеми потрошувачи на електрична енергија, кои имаат 6.000 вработени, приход од една милијарда евра, наредната година, според овие цени, би требало да платат половина милијарда евра, со што ќе се наруши нивната конкурентност и ќе се удри врз темелите на македонската економија.

За другите компании на слободниот пазар Комората сугерира, врз основа на сите компаративни анализи, да добијат определена базна цена над која државата би ги покривала трошоците и со тоа би се создале неопходните претпоставки за некаква предвидливост, која е основа на бизнисот.

Барањата се оправдани и економски издржани за да се зачува ценовната конкурентност на македонските производи, во услови кога за мегават час Србија има цена од околу 100 евра, Босна и Херцеговина – 65 евра, Косово – 70 евра, Бугарија има поставена лимит-цена од 128 евра, износ над кој трошокот го покрива државата, Романија има цена од околу 180 евра, а Грција прогнозира максимално ниво на цена од 220 евра за мегават час, со субвенционирање на другиот дел од реалната вредност на цената на струјата. Исто така, ова апсолутно не е момент за каков било дополнителен фискален товар за бизнис-секторот во однос на државата, без оглед на тоа дали станува збор за промена на постојните даноци, воведување нови даноци или за укинување на даночни ослободувања,…, нагласува Комората.

Комората ги цени напорите на сите субјекти во државава кои се трудат да му помогнат на бизнисот, но, исто така е свесна, како што пишува, и за состојбите на глобално и на регионално ниво.

Затоа цениме дека е потребно да ги известиме сите меѓународни коморски институции во кои членуваме и да побараме помош од нив. Не исклучуваме и други мерки кои ќе бидат преземени во однос на потребите, истакнува Стопанската комора.

The post Владата надоцна до среда да донесе мерки за ублажување на ценовниот удар, апелираат од Стопанска комора appeared first on Република.

]]>

Владата најдоцна до 5 октомври 2022 година, за кога е закажана седницата на Економскиот совет, да донесе мерки кои ќе го ублажат силниот ценовен удар, апелира Стопанската комора. Според Комората, бизнисот има една алтернатива – или државата ќе помогне или ќе се затворат капацитеите.
Ова е критичен момент. Брзината на реакцијата е пресуден фактор за зачувување на макроекономската и на буџетската стабилност на државата. Ситуацијата во која се наоѓа стопанството е сериозна со оглед на високите сметки за електрична енергија, зголемени до шест пати, за што ниту една компанија не е виновна. Повеќе од 1 600 правни субјекти кои се наоѓаат на слободниот пазар на 30.9.2022 година беа анкетирани и рекоа дека се наоѓаат во исклучително тешка состојба. Почнат е процесот на намалување на вработените, редуцирање на производството и на затворање на капацитетите. Ескалацијата ќе биде во наредните два месеца кога се склучуваат договорите за снабдување со струја за наредната година, наведува Комората во денешното соопштение и додава дека нема регистрирано ниту една земја во регионот и пошироко која не им помогнала на своите компании.
Стопанската комора оценува дека фирмите, оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат, излез бараат во враќањето на регулираниот пазар.
Комората регистрира случаи на правно преструктуирање (делење на фирмите за да се исполнат условите за влегување на регулираниот пазар), што може да доведе до сериозни последици за сиот енергетски систем, исто како и за отпуштените работници, кои, иако дома имаат субвенционирана цена на струјата, нема да можат да ја платат, наведува Комората.
Воедно укажува и дека без државна поддршка 10-те најголеми потрошувачи на електрична енергија, кои имаат 6.000 вработени, приход од една милијарда евра, наредната година, според овие цени, би требало да платат половина милијарда евра, со што ќе се наруши нивната конкурентност и ќе се удри врз темелите на македонската економија. За другите компании на слободниот пазар Комората сугерира, врз основа на сите компаративни анализи, да добијат определена базна цена над која државата би ги покривала трошоците и со тоа би се создале неопходните претпоставки за некаква предвидливост, која е основа на бизнисот.
Барањата се оправдани и економски издржани за да се зачува ценовната конкурентност на македонските производи, во услови кога за мегават час Србија има цена од околу 100 евра, Босна и Херцеговина – 65 евра, Косово – 70 евра, Бугарија има поставена лимит-цена од 128 евра, износ над кој трошокот го покрива државата, Романија има цена од околу 180 евра, а Грција прогнозира максимално ниво на цена од 220 евра за мегават час, со субвенционирање на другиот дел од реалната вредност на цената на струјата. Исто така, ова апсолутно не е момент за каков било дополнителен фискален товар за бизнис-секторот во однос на државата, без оглед на тоа дали станува збор за промена на постојните даноци, воведување нови даноци или за укинување на даночни ослободувања,…, нагласува Комората.
Комората ги цени напорите на сите субјекти во државава кои се трудат да му помогнат на бизнисот, но, исто така е свесна, како што пишува, и за состојбите на глобално и на регионално ниво. Затоа цениме дека е потребно да ги известиме сите меѓународни коморски институции во кои членуваме и да побараме помош од нив. Не исклучуваме и други мерки кои ќе бидат преземени во однос на потребите, истакнува Стопанската комора.

The post Владата надоцна до среда да донесе мерки за ублажување на ценовниот удар, апелираат од Стопанска комора appeared first on Република.

]]>
Струјата поскапела 11,2 отсто https://republika.mk/vesti/ekonomija/strujata-poskapela-11-2-otsto/ Fri, 30 Sep 2022 11:57:57 +0000 https://republika.mk/?p=556002

Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од 2022 година изнесува 5 761 денар по киловат час што претставува пораст од 11,2 отсто во споредба со второто полугодие од 2021 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 10 316 до 14 782 денари по киловат час по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 57 840 до 65 380 денари по нормален метар кубен по групи на потрошувачи.

The post Струјата поскапела 11,2 отсто appeared first on Република.

]]>

Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од 2022 година изнесува 5 761 денар по киловат час што претставува пораст од 11,2 отсто во споредба со второто полугодие од 2021 година, соопшти Државниот завод за статистика. Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 10 316 до 14 782 денари по киловат час по групи на потрошувачи. Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 57 840 до 65 380 денари по нормален метар кубен по групи на потрошувачи.

The post Струјата поскапела 11,2 отсто appeared first on Република.

]]>
Струјата ќе ги затвори Комуналните претпријатија? Сметките им голтаат од 60 до 90 отсто од буџетот https://republika.mk/vesti/ekonomija/strujata-kje-gi-zatvori-komunalnite-pretprijatija-smetkite-im-goltaat-od-60-do-90-otsto-od-budzetot/ Mon, 05 Sep 2022 13:02:29 +0000 https://republika.mk/?p=547648

Им се заканува ли „струен удар“ на комуналните претпријатија во земјава? Дел од нив веќе се исклучени од струја поради неплатени сметки. Другите не се сигурни уште колку ќе можат да издржат со оглед на тоа што сметките за струја неколкукратно им се зголемени од декември лани, а ги чекаат и многу повисоки сметки до крајот на годината, бидејќи струјата ја купуваат на отворен пазар по берзански цени,aнализира „Плусинфо“. Скоро сите велат дека не се сигурни дека во вакви услови ќе можат да обезбедат вода за пиење и чиста канализациска мрежа и нормално да работат. Во моментов не размислуваат за отпуштање вработени, но не се сигурни дека ќе можат да исплатат плати.

Комуналните претпријатија очекуваат рекција од владата по неколкуте нивни барања за подобрување на состојбата, бидејќи општините немаат буџети да им помогнат.

Голем број претпријатија се во тешка состојба поради неможноста да ги платат доспеаните обврски за електрична енергија и во некои од нив веќе дојде до исклучување, со што директно се загрозува давањето на услугите, потврдуваат за „Плусинфо“ од Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ).

Според ова здружение, најголемиот дел од јавните комунални претпријатија, кои имаат голема потрошувачка на електрична енергија, моментно се во мошне тешка положба и не можат да ги покријат оперативните трошоци со приходите кои ги остваруваат.

Тоа значи дека тие нема да можат да ги сервисираат своите обврски, што директно ќе се одрази врз непрекинатоста и квалитетот на давањето на комуналните услуги, велат од АДКОМ.

Комунални претпријатија веќе пресметале дека до почетокот на зимата поголемиот дел од нив ќе треба да го потрошат целиот буџет само за да ги платат сметките за струја.

Оваа состојба ќе стане се поизразена до почетокот на зимата. Според некои пресметки учеството на трошоците за струја, во зависност од претпријатијата, во минатиот период се движи од 20 до 25 отсто. Со сегашните поскапувања, трошоците за струја ќе се зголемат повеќекратно, а во некои претпријатија може да се движат од 60 до 90 отсто од буџетот со кој располагаат, укажуваат од АДКОМ.

Целата сторија на „Плусинфо

The post Струјата ќе ги затвори Комуналните претпријатија? Сметките им голтаат од 60 до 90 отсто од буџетот appeared first on Република.

]]>

Им се заканува ли „струен удар“ на комуналните претпријатија во земјава? Дел од нив веќе се исклучени од струја поради неплатени сметки. Другите не се сигурни уште колку ќе можат да издржат со оглед на тоа што сметките за струја неколкукратно им се зголемени од декември лани, а ги чекаат и многу повисоки сметки до крајот на годината, бидејќи струјата ја купуваат на отворен пазар по берзански цени,aнализира „Плусинфо“. Скоро сите велат дека не се сигурни дека во вакви услови ќе можат да обезбедат вода за пиење и чиста канализациска мрежа и нормално да работат. Во моментов не размислуваат за отпуштање вработени, но не се сигурни дека ќе можат да исплатат плати. Комуналните претпријатија очекуваат рекција од владата по неколкуте нивни барања за подобрување на состојбата, бидејќи општините немаат буџети да им помогнат.
Голем број претпријатија се во тешка состојба поради неможноста да ги платат доспеаните обврски за електрична енергија и во некои од нив веќе дојде до исклучување, со што директно се загрозува давањето на услугите, потврдуваат за „Плусинфо“ од Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ).
Според ова здружение, најголемиот дел од јавните комунални претпријатија, кои имаат голема потрошувачка на електрична енергија, моментно се во мошне тешка положба и не можат да ги покријат оперативните трошоци со приходите кои ги остваруваат.
Тоа значи дека тие нема да можат да ги сервисираат своите обврски, што директно ќе се одрази врз непрекинатоста и квалитетот на давањето на комуналните услуги, велат од АДКОМ.
Комунални претпријатија веќе пресметале дека до почетокот на зимата поголемиот дел од нив ќе треба да го потрошат целиот буџет само за да ги платат сметките за струја.

Оваа состојба ќе стане се поизразена до почетокот на зимата. Според некои пресметки учеството на трошоците за струја, во зависност од претпријатијата, во минатиот период се движи од 20 до 25 отсто. Со сегашните поскапувања, трошоците за струја ќе се зголемат повеќекратно, а во некои претпријатија може да се движат од 60 до 90 отсто од буџетот со кој располагаат, укажуваат од АДКОМ.

Целата сторија на „Плусинфо

The post Струјата ќе ги затвори Комуналните претпријатија? Сметките им голтаат од 60 до 90 отсто од буџетот appeared first on Република.

]]>
Ле Мер: Франција ќе го ограничи поскапувањето на струјата следната година https://republika.mk/vesti/svet/le-mer-francija-kje-go-ogranichi-poskapuvanjeto-na-strujata-slednata-godina/ Sat, 27 Aug 2022 20:00:57 +0000 https://republika.mk/?p=544773

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека поскапувањето на струјата следната година ќе биде ограничено, јави францускиот телевизиски канал БФМ.

„Зголемувањата за кои зборуваат претседателот и премиерот ќе бидат ограничени зголемувања“, рече Ле Мер, додавајќи дека Владата ќе обезбеди помош за домаќинствата кои најмалку се способни да ги платат сметките за енергија.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно оваа недела изјави дека претстојат „тешки месеци“, а неговата влада предупреди на пораст на цените на енергијата.

The post Ле Мер: Франција ќе го ограничи поскапувањето на струјата следната година appeared first on Република.

Граѓаните не го разбираат новиот тарифник за струја, јасно им е само дека ќе плаќаат повеќе https://republika.mk/vesti/ekonomija/gragjanite-ne-go-razbiraat-noviot-tarifnik-za-struja-jasno-im-e-samo-deka-kje-plakjaat-povekje/ Fri, 01 Jul 2022 20:46:02 +0000 https://republika.mk/?p=522363

Граѓаните не го разбираат новиот тарифник за струјата и не знаат како да ја пресметаат потрошувачката на калкулаторот што е објавен на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика. На многумина им е нејасен начинот на пресметката на цената, и се збунети. Не знаат кој ќе плаќа повеќе кој помалку, колку ќе биде евтината тарифа, колку ќе плаќаат за мрежарина…

И дел од експертите се согласни дека голем дел од граѓаните не ги разбираат тарифникот и новиот начин на пресметка на цената на струјата, велат дека власта го вовела само за да го оправда поскапувањето на струјата.

Тарифникот е неразбирлив за граѓаните и повеќе ги збунува. Тие не може да разберат која е поскапа која е поевтина тарифа и за колку ќе им се зголеми цената по блокови. Мислам дека тоа беше и целта на власта да ги збуни граѓаните за да го оправда зголемувањето на цената на струјата. Можеа попросто да им го објаснат на граѓаните, но мислам дека во моментов ни самите не знаат што сакаат да постигнат со новиот тарифник. Едно е сигурно – дека сметките за струја од 1 јули се повисоки за сите граѓани - вели за „Вечер“ енергетскиот експерт Ѓорѓи Манасков.

Целиот текст на „Вечер“.

The post Граѓаните не го разбираат новиот тарифник за струја, јасно им е само дека ќе плаќаат повеќе appeared first on Република.

]]>

Граѓаните не го разбираат новиот тарифник за струјата и не знаат како да ја пресметаат потрошувачката на калкулаторот што е објавен на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика. На многумина им е нејасен начинот на пресметката на цената, и се збунети. Не знаат кој ќе плаќа повеќе кој помалку, колку ќе биде евтината тарифа, колку ќе плаќаат за мрежарина… И дел од експертите се согласни дека голем дел од граѓаните не ги разбираат тарифникот и новиот начин на пресметка на цената на струјата, велат дека власта го вовела само за да го оправда поскапувањето на струјата.
Тарифникот е неразбирлив за граѓаните и повеќе ги збунува. Тие не може да разберат која е поскапа која е поевтина тарифа и за колку ќе им се зголеми цената по блокови. Мислам дека тоа беше и целта на власта да ги збуни граѓаните за да го оправда зголемувањето на цената на струјата. Можеа попросто да им го објаснат на граѓаните, но мислам дека во моментов ни самите не знаат што сакаат да постигнат со новиот тарифник. Едно е сигурно – дека сметките за струја од 1 јули се повисоки за сите граѓани - вели за „Вечер“ енергетскиот експерт Ѓорѓи Манасков.
Целиот текст на „Вечер“.

The post Граѓаните не го разбираат новиот тарифник за струја, јасно им е само дека ќе плаќаат повеќе appeared first on Република.

]]>
Од денеска трошиме поскапа струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-deneska-troshime-poskapa-struja/ Fri, 01 Jul 2022 06:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=521911

Од денеска поскапува струјата и почнува да се применува новиот концепт на блок тарифи. Регулаторите уверуваат дека за 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти. Не се очекуваат ниту рестрикции на струја, иако не очекува тешка зима.

Блок тарифите ќе важат само за скапата струја, а за евтината нема да има блок тарифи и потрошувачката ќе се плаќа врз основа на разлика. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека доколку не се воведат блок тарифите, цената би се зголемила за 17,74 проценти.

РКЕ воведе концепт на блок тарифи со цел да им се помогне на најранливите категории на потрошувачи, но да им се помогне и на домаќинствата што немаат друг избор и друг начин за греење освен електрична енергија и поради тоа блоковите ги проширивме само во висока тарифа до 1050 киловатчасови. Проверете во која било земја во регионот дали има толку високи блокови. Јас ви тврдам најодговорно и цврсто стојам позади тоа дека блоковите кои се определени во Македонија се највисоки во регионот, изјави вчера во Охрид претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Тој тврди дека кај 59,9 проценти од потрошувачите во зимскиот период зголемувањето ќе биде 6,6 проценти, кај 20-30 проценти ќе биде од 6,6 до 8,7, кај три проценти од 8,7 до 11,2 а кај тие што трошат многу ќе биде од 11,2 до 99-100 проценти.

Опозицијата, пак, смета дека поскапувањето на струјата ќе биде меѓу 17 и 18 проценти. Со новата цена на струјата и новиот тарифен модел, според опозицијата, граѓаните ќе бидат двапати оштетени и ќе горат се што ќе им се најде за да се затоплат оваа зима.

Од Владата не кријат дека не очекува тешка зима, но уверуваат дека рестрикции нема да има. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера од МЕФ Енергетскиот форум во Охрид порача дека се прават сите подготовки од страна на ЕСМ да се зголеми производството на електрична енергија и дека согласно нивниот план веќе е зголемено производството.

И тој е на став дека со концептот на блок тарифи ќе се ублажат последиците од кризата и ќе им се помогне на најранливите категории на граѓани и на домаќинствата кои немаат друг извор на греење, освен електрична енергија.

Во однос на цените, најголемиот товар ќе падне на тие што грејат базени, кои имаат можност да ги плаќаат сметките, коишто трошат колку што трошат 100 просечни домаќинства во државата месечно. Во однос на просечните граѓани, оние кои трошат просечно согласно сите параметри и нивните потреби, за нив можеби ќе има и помали сметки со воведување на блок тарифите. Секако, дека сите треба да бидеме свесни и да се обидеме да заштедиме што повеќе електрична енергија затоа што ова не е криза само на Македонија, туку глобална криза, рече Бектеши.

Според првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, мора да се размислува за градење на капацитети со кои ќе се обезбеди базна енергија бидејќи проблемот со производството на електрична енергија испливал на површина во последниве години на криза.

Да произведуваме до пет илјади гигават часа на годишно ниво, енергетската криза полесно ќе ја поминевме. Мора сега да размислуваме за иднината, да се градат капацитети и да се обезбеди базна енергија, изјави вчера Бислимоски за Канал 5 телевизија.

За да се зголеми енергетската независност на државата, потребни се инвестиции во сите обновливи извори – фотоволтаици, ветерни електрани и гасни електрани, смета Бислимоски.

Кога ќе го снема јагленот, ние ќе ја изгубиме независноста. Нас, Сонцето ќе ни ја обезбеди независноста во иднина и мора да се градат гасни централи. Од 2006 година, ТЕЦ Неготино го чуваме како споменик, дури сега се стави во функција. Да се направеше на времето ТЕЦ Неготино на гас, ние ќе имавме еден одличен капацитет за базна енергија. Тоа се пропуштените шанси на политичарите кои мора да се надоместат, порачува Бислимоски.

The post Од денеска трошиме поскапа струја appeared first on Република.

]]>

Од денеска поскапува струјата и почнува да се применува новиот концепт на блок тарифи. Регулаторите уверуваат дека за 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти. Не се очекуваат ниту рестрикции на струја, иако не очекува тешка зима. Блок тарифите ќе важат само за скапата струја, а за евтината нема да има блок тарифи и потрошувачката ќе се плаќа врз основа на разлика. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека доколку не се воведат блок тарифите, цената би се зголемила за 17,74 проценти.
РКЕ воведе концепт на блок тарифи со цел да им се помогне на најранливите категории на потрошувачи, но да им се помогне и на домаќинствата што немаат друг избор и друг начин за греење освен електрична енергија и поради тоа блоковите ги проширивме само во висока тарифа до 1050 киловатчасови. Проверете во која било земја во регионот дали има толку високи блокови. Јас ви тврдам најодговорно и цврсто стојам позади тоа дека блоковите кои се определени во Македонија се највисоки во регионот, изјави вчера во Охрид претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
Тој тврди дека кај 59,9 проценти од потрошувачите во зимскиот период зголемувањето ќе биде 6,6 проценти, кај 20-30 проценти ќе биде од 6,6 до 8,7, кај три проценти од 8,7 до 11,2 а кај тие што трошат многу ќе биде од 11,2 до 99-100 проценти. Опозицијата, пак, смета дека поскапувањето на струјата ќе биде меѓу 17 и 18 проценти. Со новата цена на струјата и новиот тарифен модел, според опозицијата, граѓаните ќе бидат двапати оштетени и ќе горат се што ќе им се најде за да се затоплат оваа зима. Од Владата не кријат дека не очекува тешка зима, но уверуваат дека рестрикции нема да има. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера од МЕФ Енергетскиот форум во Охрид порача дека се прават сите подготовки од страна на ЕСМ да се зголеми производството на електрична енергија и дека согласно нивниот план веќе е зголемено производството. И тој е на став дека со концептот на блок тарифи ќе се ублажат последиците од кризата и ќе им се помогне на најранливите категории на граѓани и на домаќинствата кои немаат друг извор на греење, освен електрична енергија.
Во однос на цените, најголемиот товар ќе падне на тие што грејат базени, кои имаат можност да ги плаќаат сметките, коишто трошат колку што трошат 100 просечни домаќинства во државата месечно. Во однос на просечните граѓани, оние кои трошат просечно согласно сите параметри и нивните потреби, за нив можеби ќе има и помали сметки со воведување на блок тарифите. Секако, дека сите треба да бидеме свесни и да се обидеме да заштедиме што повеќе електрична енергија затоа што ова не е криза само на Македонија, туку глобална криза, рече Бектеши.
Според првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, мора да се размислува за градење на капацитети со кои ќе се обезбеди базна енергија бидејќи проблемот со производството на електрична енергија испливал на површина во последниве години на криза.
Да произведуваме до пет илјади гигават часа на годишно ниво, енергетската криза полесно ќе ја поминевме. Мора сега да размислуваме за иднината, да се градат капацитети и да се обезбеди базна енергија, изјави вчера Бислимоски за Канал 5 телевизија.
За да се зголеми енергетската независност на државата, потребни се инвестиции во сите обновливи извори – фотоволтаици, ветерни електрани и гасни електрани, смета Бислимоски.
Кога ќе го снема јагленот, ние ќе ја изгубиме независноста. Нас, Сонцето ќе ни ја обезбеди независноста во иднина и мора да се градат гасни централи. Од 2006 година, ТЕЦ Неготино го чуваме како споменик, дури сега се стави во функција. Да се направеше на времето ТЕЦ Неготино на гас, ние ќе имавме еден одличен капацитет за базна енергија. Тоа се пропуштените шанси на политичарите кои мора да се надоместат, порачува Бислимоски.

The post Од денеска трошиме поскапа струја appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Поскапување од 7,5% е замајување на јавноста, ако пресметате на годишно ниво поскапувањето ќе биде околу 17,5% https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-poskapuvanje-od-7-5-e-zamajuvanje-na-javnosta-ako-presmetate-na-godishno-nivo-poskapuvanjeto-kje-bide-okolu-17-5/ Thu, 30 Jun 2022 08:29:21 +0000 https://republika.mk/?p=521438

Две години предупредуваме дека ќе дојде до ова и наместо да работат и произведуваат струја, тие се занимаваат со криминал и тендери во четири очи, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, при гостување во централниот дневник на Сител.

Ако не произведуваме, мораме да увезуваме далеку поскапа електрична енергија. Граѓаните тоа ќе го почувствуваат два пати, преку плаќање на сметките, но и преку буџетот, бидејќи ќе бидат потребни 150-200 милиони евра државна помош.

Поскапување од 7,5% е замајување на јавноста зошто ако пресметате на годишно ниво, а посебно во зима и лето, кога се користат климите, поскапувањето ќе биде околу 17,5% - истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека екологијата и здравиот воздух беа топ три приоритети на граѓаните, но дека тоа повеќе нема да биде важно, затоа што оваа зима, оние најсиромашните, ќе палат било што за да се затоплат.

Сè ова е под влијание на светската енергетска криза, но не на толкаво ниво како што говорат. Последица е првенствено на нивните кражби, а потоа и на лошиот менаџмент во домашното производство - истакна Мицкоски.

The post Мицкоски: Поскапување од 7,5% е замајување на јавноста, ако пресметате на годишно ниво поскапувањето ќе биде околу 17,5% appeared first on Република.

]]>

Две години предупредуваме дека ќе дојде до ова и наместо да работат и произведуваат струја, тие се занимаваат со криминал и тендери во четири очи, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, при гостување во централниот дневник на Сител.
Ако не произведуваме, мораме да увезуваме далеку поскапа електрична енергија. Граѓаните тоа ќе го почувствуваат два пати, преку плаќање на сметките, но и преку буџетот, бидејќи ќе бидат потребни 150-200 милиони евра државна помош.   Поскапување од 7,5% е замајување на јавноста зошто ако пресметате на годишно ниво, а посебно во зима и лето, кога се користат климите, поскапувањето ќе биде околу 17,5% - истакна Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека екологијата и здравиот воздух беа топ три приоритети на граѓаните, но дека тоа повеќе нема да биде важно, затоа што оваа зима, оние најсиромашните, ќе палат било што за да се затоплат.
Сè ова е под влијание на светската енергетска криза, но не на толкаво ниво како што говорат. Последица е првенствено на нивните кражби, а потоа и на лошиот менаџмент во домашното производство - истакна Мицкоски.

The post Мицкоски: Поскапување од 7,5% е замајување на јавноста, ако пресметате на годишно ниво поскапувањето ќе биде околу 17,5% appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ удрија по народот, поскапа струја за да го покријат криминалот https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-sdsm-i-dui-udrija-po-narodot-poskapa-struja-za-da-go-pokrijat-kriminalot/ Thu, 30 Jun 2022 06:50:25 +0000 https://republika.mk/?p=521369

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ и ДУИ удрија по народот, поскапа струја за да го покријат криминалот.

-СДСМ го крие енормното покачување зад таканаречените тарифи. Најголемиот број од народот ќе плаќа 18% и 138% поскапа струја. Тие што до вчера плаќале 4.000 денари ќе плаќаат 5.000 денари, а тие што плаќале 5.500 денари ќе плаќаат над 13.000 денари. Најпогодени ќе бидат домаќинствата кои се греат со грејни тела на струја. 7 месеци во ек на грејна сезона, ако со лани плаќале 13.000 денари, сега ќе плаќаат и над 28.000 денари месечно за загревање на нивните домови, се наведува во соопштението на партијата.

Посочуваат дека СДСМ и ДУИ ја зголемија цената на струјата за да ги покријат дупките оставени од крадење во РЕК и ЕЛЕМ.

-Над 200 милиони евра се потрошени за 7 месеци за скап увоз на струја, затоа што власта не произведува и го уништи домашното производство заради крадење. Сега тие дупки ќе треба да ги покриваат граѓаните.СДСМ и ДУИ го уништија енергетскиот систем. Сега сакаат да ги осиромашат и граѓаните. Премногу е, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ удрија по народот, поскапа струја за да го покријат криминалот appeared first on Република.

За домаќинствата кои трошат над 1.050 киловатчасови, поскапувањето е за 320 проценти https://republika.mk/vesti/ekonomija/za-domakjinstvata-koi-troshat-nad-1-050-kilovatchasovi-poskapuvanjeto-e-za-320-procenti-rke-gi-objavi-presmetkite-na-evn/ Wed, 29 Jun 2022 11:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=521087

Регулаторната комисија за енергетика во рамките на денешната подготвителна седница на која се одлучува за тоа колку ќе поскапи електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар, на својата веб-страница ја објави и одлуката за одобрување на цената на ЕВН Хоме според блокови и коефициенти на поскапување во рамки на новиот тарифен систем.

Според објавените табели, домаќинствата кои трошат до 210 киловатчасови нема да видат којзнае колкаво финансиско олеснување во однос на вториот блок. Тие ќе плаќаат само 0,1 отсто поевтино, а цената за нив ќе биде 4,35 денари од киловатчас. Во вториот блок кај домаќинствата кои трошат од 211 до 630 киловатчасови, основната цена се множи со коефициент од 1.07 отсто, а цената што ја бара ЕВН Хоме е 4,7 денари по киловатчас потрошена струја. Третиот блок ќе плаќа за 20 отсто поскапо и цена од 5,27 денари по киловатчас за се што е над 631 киловати, па до 1.050 киловати. Енормно е поскапувањето за домаќинствата кои трошат над 1.050 киловатчасови. Тие ќе плаќаат по 14 денари за киловатчас и за нив поскапувањето е за 320 проценти. Ниската тарифа, односно евтината струја, останува по иста цена за сите од 0,62 денари по киловатчас.

Кај малите потрошувачи, како што се малите фирми, училиштата, градинките, кои остануваат на регулираниот пазар, во периодот на висока тарифа ќе се плаќа 13,9 денари за киловат-час, а евтината струја за нив ќе биде 10,11 денари за киловат-час.
РКЕ во моментот ја носи одлуката за конечните цени на електричната енергија во сите блокови. Во конечните цени ќе бидат пресметани трошоците на „ЕВН хоме“, АД СМ, МЕМО, АД МЕПСО и на „Електродистрибуција“.

The post За домаќинствата кои трошат над 1.050 киловатчасови, поскапувањето е за 320 проценти appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика во рамките на денешната подготвителна седница на која се одлучува за тоа колку ќе поскапи електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар, на својата веб-страница ја објави и одлуката за одобрување на цената на ЕВН Хоме според блокови и коефициенти на поскапување во рамки на новиот тарифен систем. Според објавените табели, домаќинствата кои трошат до 210 киловатчасови нема да видат којзнае колкаво финансиско олеснување во однос на вториот блок. Тие ќе плаќаат само 0,1 отсто поевтино, а цената за нив ќе биде 4,35 денари од киловатчас. Во вториот блок кај домаќинствата кои трошат од 211 до 630 киловатчасови, основната цена се множи со коефициент од 1.07 отсто, а цената што ја бара ЕВН Хоме е 4,7 денари по киловатчас потрошена струја. Третиот блок ќе плаќа за 20 отсто поскапо и цена од 5,27 денари по киловатчас за се што е над 631 киловати, па до 1.050 киловати. Енормно е поскапувањето за домаќинствата кои трошат над 1.050 киловатчасови. Тие ќе плаќаат по 14 денари за киловатчас и за нив поскапувањето е за 320 проценти. Ниската тарифа, односно евтината струја, останува по иста цена за сите од 0,62 денари по киловатчас. Кај малите потрошувачи, како што се малите фирми, училиштата, градинките, кои остануваат на регулираниот пазар, во периодот на висока тарифа ќе се плаќа 13,9 денари за киловат-час, а евтината струја за нив ќе биде 10,11 денари за киловат-час. РКЕ во моментот ја носи одлуката за конечните цени на електричната енергија во сите блокови. Во конечните цени ќе бидат пресметани трошоците на „ЕВН хоме“, АД СМ, МЕМО, АД МЕПСО и на „Електродистрибуција“.    

The post За домаќинствата кои трошат над 1.050 киловатчасови, поскапувањето е за 320 проценти appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе се знае колкаво ќе биде поскапувањео на струјата од 1 јули https://republika.mk/vesti/ekonomija/deneska-kje-se-znae-kolkavo-kje-bide-poskapuvanjeo-na-strujata-od-1-juli/ Wed, 29 Jun 2022 07:22:11 +0000 https://republika.mk/?p=520946

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимовски на седница посочи дека денеска ќе се знае колку ќе изнесува цената на електичната енергија.

Цената по која граѓаните ќе ја плаќаат струјата по 1 јули годинава ќе зависи од тоа колкаво покачување на цената ќе побара универзалниот снабдувач ЕВН хоум, откако ЕСМ, од чија понуда најмногу зависи цената, во петокот понуди цена од 48 e/MWh на тендерот за снабдување на универзалниот снабдувач со електрична енергија за потребите на регулираниот пазар, што е зголемување од седум евра во однос на минатогодишната цена од по 41 евро за мегават-час.

АД ЕСМ, во соопштение до медиумите, објави дека и годинава повторно ќе испорачаат 100 проценти за потребите на граѓаните и малите потрошувачи, иако законот им дава можност да испорачуваат енергија од само 60 проценти од потребите на ЕВН хоме. ЕСМ учествува со околу 32 проценти во цената за крајните потрошувачи.

The post Денеска ќе се знае колкаво ќе биде поскапувањео на струјата од 1 јули appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимовски на седница посочи дека денеска ќе се знае колку ќе изнесува цената на електичната енергија. Цената по која граѓаните ќе ја плаќаат струјата по 1 јули годинава ќе зависи од тоа колкаво покачување на цената ќе побара универзалниот снабдувач ЕВН хоум, откако ЕСМ, од чија понуда најмногу зависи цената, во петокот понуди цена од 48 e/MWh на тендерот за снабдување на универзалниот снабдувач со електрична енергија за потребите на регулираниот пазар, што е зголемување од седум евра во однос на минатогодишната цена од по 41 евро за мегават-час. АД ЕСМ, во соопштение до медиумите, објави дека и годинава повторно ќе испорачаат 100 проценти за потребите на граѓаните и малите потрошувачи, иако законот им дава можност да испорачуваат енергија од само 60 проценти од потребите на ЕВН хоме. ЕСМ учествува со околу 32 проценти во цената за крајните потрошувачи.

The post Денеска ќе се знае колкаво ќе биде поскапувањео на струјата од 1 јули appeared first on Република.

]]>
Мицкоски наброја што требаше да направат за да не поскапи струјата, а наместо тоа – крадеа и крадат https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-nabroja-shto-trebashe-da-napravat-za-da-ne-poskapi-strujata-a-namesto-toa-kradea-i-kradat/ Fri, 03 Jun 2022 12:21:38 +0000 https://republika.mk/?p=510659

Поскапувањето на струјата ќе биде зашто крадат. Не работат, туку крадат. Е затоа ќе има поскапување на струјата. И затоа реков дека тие капитулираа пред енергетската криза. Често ми го поставуваат тоа прашање, добро што требаше да направат. Многу едноставно, требаше да ги подготват акумулациите, да има доволно вода во акумулациите и плански да ги трошат. Требаше да ги подготват ископите во рудниците за да има откриен доволно јаглен пет години однапред. Или пак потенцијал за да се открие јаглен пет години однапред. Требаше да продолжат со модернизацијата, требаше да направат ремонт на производните постројки. И така подготвени тие производни постројки ќе произведуваа. Еве не мора како што сме правеле некогаш 6 и пол или 6.600, 6.700 терават часови електрична енергија. Еве 5 нека произведуваат. Тоа е за 80% повеќе од тоа што го произведува ЕСМ сега или поранешно ЕЛЕМ, а тоа е некаде околу 3 терават на час, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Битола во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.

Мицкоски додаде дека ако власта произведеше 5 теравати на час, тогаш ќе имаше два милиони мегават часови повеќе.

Ако на берзите цената сега е 250 евра, тоа се половина милијарда евра плус. Половина милијарда евра повеќе за граѓаните, половина милијарда евра повеќе за компаниите, и колку толку ќе им помогне во енергетската криза и немаше од буџетот сега да трансферираме средства за да ја спасиме ликвидноста на денешно ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, истакна Мицкоски.

Мицкоски укажа дека за жал власта наместо да мисли однапред во енергетиката, таа единствено ги брои багерите со регистарски таблички во еден град од југоисточна Македонија. И годината наместо да трае 365 дена, таа трае 450-500 дена според доставените фактури.

The post Мицкоски наброја што требаше да направат за да не поскапи струјата, а наместо тоа – крадеа и крадат appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обвинуваат меѓусебно за поскапувањето на струјата https://republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-i-sdsm-se-obvinuvaat-megjusebno-za-poskapuvanjeto-na-strujata/ Mon, 30 May 2022 10:14:12 +0000 https://republika.mk/?p=508643

Неспособноста на СДСМ во управувањето со ЕЛЕМ ја чини државата и до 250 милиони евра годишно, a тоа ќе го платат граѓаните со повисоки сметки за струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2019 година ЕЛЕМ произведувале 4,25 терават часови, а во 2021 година произвеле само 3,17 терават часови. 1 терават часови се 1 милион мегават часови. Доколку се помножи 1 милион мегават часови по цена од 250 евра, бројка околу која се движи цената на струјата на берза, се доаѓа до сума од 250 милиони евра годишно, пари кои се потрошени за увоз и покривање на струјата која ЕЛЕМ можеле да ја произведат, но заради неспособноста на СДСМ не ја произвеле.

Тие 250 милиони евра, кои се за покривање на слабото производство на ЕЛЕМ, можеле да не се одделат од државата, доколку правилни се менаџира РЕК Битола, хидроакумулациите, ТЕЦ Неготино.

Но СДСМ наместо да работи, тие РЕК Битола во ек на грејна сезона ја оставија без јаглен, па тргнаа во бркање на скап увоз на јаглен. Долг период РЕК Битола работеше на минимум затоа што воопшто немаа енергенс. А хидроакумулациите ги испразнија во лето. Сите овие пропусти доведоа да се фрлаат тешки милиони за увоз, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Тие 250 милиони евра кои се одлеаја од државата за купување на скапа струја со која се покрива само разликата која ЕЛЕМ ја произведувал, а сега не може да ја произведе, што е исклучува вина на СДСМ сега сакаат да ги фрлат на граѓаните.

Наместо да удира по граѓаните, врвот на власта треба да одговори зошто има намалено производство и зошто со наши пари се купува скапа струја во ек на криза, за што се одлеваат девизи.

Со СДСМ во енергетиката не очекуваат само поскапи сметки и енергетска неизвесност. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“.

СДСМ, пак, во соопштение за поскапувањето на струјата ги обвинуваат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Во секоја општина предводена од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ има назадување и неработа.

Деновиве граѓаните сведочат и дека дел од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ направиле злоупотреба, формирајќи јавни претпријатија преку кои електричната енергија за улично осветлување од ЕВН ја добиваат по цена за домаќинствата.

Мицкоски наместо да измислува оправдувања да каже кои градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ правеле дубари со струјата на граѓаните, ветат од СДСМ.

The post ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обвинуваат меѓусебно за поскапувањето на струјата appeared first on Република.

]]>

Неспособноста на СДСМ во управувањето со ЕЛЕМ ја чини државата и до 250 милиони евра годишно, a тоа ќе го платат граѓаните со повисоки сметки за струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Во 2019 година ЕЛЕМ произведувале 4,25 терават часови, а во 2021 година произвеле само 3,17 терават часови. 1 терават часови се 1 милион мегават часови. Доколку се помножи 1 милион мегават часови по цена од 250 евра, бројка околу која се движи цената на струјата на берза, се доаѓа до сума од 250 милиони евра годишно, пари кои се потрошени за увоз и покривање на струјата која ЕЛЕМ можеле да ја произведат, но заради неспособноста на СДСМ не ја произвеле. Тие 250 милиони евра, кои се за покривање на слабото производство на ЕЛЕМ, можеле да не се одделат од државата, доколку правилни се менаџира РЕК Битола, хидроакумулациите, ТЕЦ Неготино. Но СДСМ наместо да работи, тие РЕК Битола во ек на грејна сезона ја оставија без јаглен, па тргнаа во бркање на скап увоз на јаглен. Долг период РЕК Битола работеше на минимум затоа што воопшто немаа енергенс. А хидроакумулациите ги испразнија во лето. Сите овие пропусти доведоа да се фрлаат тешки милиони за увоз, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се додава: „Тие 250 милиони евра кои се одлеаја од државата за купување на скапа струја со која се покрива само разликата која ЕЛЕМ ја произведувал, а сега не може да ја произведе, што е исклучува вина на СДСМ сега сакаат да ги фрлат на граѓаните. Наместо да удира по граѓаните, врвот на власта треба да одговори зошто има намалено производство и зошто со наши пари се купува скапа струја во ек на криза, за што се одлеваат девизи. Со СДСМ во енергетиката не очекуваат само поскапи сметки и енергетска неизвесност. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“. СДСМ, пак, во соопштение за поскапувањето на струјата ги обвинуваат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Во секоја општина предводена од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ има назадување и неработа. Деновиве граѓаните сведочат и дека дел од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ направиле злоупотреба, формирајќи јавни претпријатија преку кои електричната енергија за улично осветлување од ЕВН ја добиваат по цена за домаќинствата. Мицкоски наместо да измислува оправдувања да каже кои градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ правеле дубари со струјата на граѓаните, ветат од СДСМ.  

The post ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обвинуваат меѓусебно за поскапувањето на струјата appeared first on Република.

]]>