пошта Archives - Република https://republika.mk/tema/poshta/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 09:48:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пошта Archives - Република https://republika.mk/tema/poshta/ 32 32 ДЗР: Континуираните загуби во работењето на АД Пошта влијаат на навремената достава и квалитетот на услугата https://republika.mk/vesti/ekonomija/dzr-kontinuiranite-zagubi-vo-raboteneto-na-ad-poshta-vlijaat-na-navremenata-dostava-i-kvalitetot-na-uslugata-2/ Thu, 14 Nov 2024 09:48:29 +0000 https://republika.mk/?p=837515

Континуираните загуби негативно се одразуваат на тековното и идно работење на друштвото, не овозможуваат негов развој и го доведуваат во прашање ефикасното, трајното, уредно и квалитетно вршење на дејноста како јавен оператор во внатрешниот и во меѓународниот поштенски сообраќај, се наведува во денеска објавениот конечен ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија на АД за поштенски сообраќај Пошта на Република Македонија во државна сопственост Скопје.

Согласно ревизорскиот извештај друштвото се наоѓа во неповолна финансиска положба почнувајќи од 2017 година, при што во континуитет остварува загуби од работењето, а најголема загуба во износ од 229.883 илјади денари или 3.726.000 евра е искажана во 2022 година.

Друштвото се соочува со голема задолженост по основ на заеми, кредити и пресметани камати, кои не се сервисираат навремено, што дополнително ја влошува финансиска состојба и ја нарушуваа ликвидноста. Вкупните обврски за краткорочни кредити и заеми на крајот на 2023 година изнесуваат 219.650 илјади денари, а се однесуваат на земен краткорочен заем од МЕПСО – АД за пренос на електрична енергија во износ од 100.000 илјади денари и два краткорочни кредити од деловни банки во вкупен износ од 119.650 илјади денари. За доспеаните, а неисплатени кредити во 2024 година, пресметана е договорна казнена камата од 24,45% или 6,7 милиони денари, односно 109.000 евра, се вели во извештајот.

Во текот на 2023 година бил вратен краткорочен кредит во износ од 40.000 илјади денари, кој бил одобрен во 2022 година, а одобрен е друг кредит од деловна банка на износ од 32.500 илјади денари кој доспева за враќање на крајот на 2024 година.

Во извештајот се подвлекува дека сите земени кредити се со висока каматна стапка која се движи во интервал од 4,8% до 6,25%.

Ревизорите направиле анализа на квалитетот на услугите опфатени со универзалната услуга и утврдиле ненавремена достава на пратки. Во 2023 година, 59,7% од пратките биле доставени во првиот ден, додека 30,5% биле доставени во период подолг од три дена. Овие резултати укажуваат на отстапување од целите поставени од Светскиот поштенски сојуз, кој пропишува минимален стандард од 75% и максималниот стандард од 88% за успешно и навремено доставени пратки.

Меѓу другото се додава дека со Годишниот план за јавни набавки во 2023 година друштвото планирано да набави машина за сортирање на поштенски пратки со проценета вредност од 30.000 илјади денари со која би се овозможило побрзо и флексибилно сортирање на поштата, подобрувајќи го целокупниот процес на услугата од почеток до крај, но истата не е спроведена.

Ревизорите утврдиле и сериозни неправилности во работењето на АД Пошта на Македонија.

Недостасуваат точни и усогласени евиденции за земјиштето и градежните објекти, што влијае на квалитетот на податоците во трговските книги. Дел од објектите, како и два одморалишта во Охрид вредни 6,4 милиони денари, се во лоша состојба и потребна им е санација, а за еден е утврдено бесправно користење, посочуваат во извештајот од ДЗР.

Исто така и процесот за поделба на имотот меѓу АД Пошта и Македонски Телеком, започнат во 1996 година, не е завршен, а од 2017 година е запрен и до денот на ревизијата не се дадени насоки за понатамошно постапување со заедничкиот имот на двете друштва.

Законот за поштенските услуги пропишува давателите на поштенските услуги да плаќаат годишен надоместок на Агенцијата за пошти. За 2023 година, АД Пошта на Македонија требало да плати 23.461 илјади денари, но поради финансиски тешкотии, друштвото ненавремено ги подмирило овие обврски, што резултирало со каматни трошоци од 1.990 илјади денари. Сите обврски биле подмирени во април 2024 година.

Во делот на јавните набавки ревизорите утврдиле дека АД Пошта на Македонија без спроведена постапка за јавна набавка има преземено обврски за набавка на стоки и услуги, во вкупен износ од 3,7 милиони денари или приближно 60 илјади евра, што претставува надминување за 36 илјади евра или приближно 2,2 милиони денари над утврдениот вредносен праг од 24 илјади евра во денарска противвредност.

Во постапките за доделување на рамковна спогодба со еден економски оператор за набавка на услуги за осигурување на имот со отворена постапка во 2022 и 2023 година, биле склучени две рамковни спогодби, со вкупна вредност од 28.169 илјади денари (од кои 16.207 илјади денари во 2023 година). Ревизорите утврдиле дека истите можеле да бидат спроведени во делови, што би имало влијание врз конкуренцијата во постапката и рационалното користење на финансиските средства. Покрај тоа, утврдено е ненавремено плаќање на премиите (еден месец пред истекот на важноста на полисата премијата не е подмирена). Заклучено било дека ова ја загрозува сигурноста на материјалните и паричните средства, а дополнително може да доведе до зголемување на премиите во иднина поради влошениот рејтинг на друштвото.

Со ревизијата утврдени се чести измени на актот на систематизација, особено во однос на бројот на извршители, работното искуство, степенот на образование и видот на стручна подготовка. Утврдени се и неправилности во пополнување на работните места и евиденцијата на работното време, како и во пресметката на додатоци, надоместоци и награди за дел од вработените. Понатаму, друштвото има склучено договори со 276 пошторазнесувачи, но дел од нив, наместо за договорените услуги, ангажирани се за извршување на други административни задачи.

Во извештајот од ДЗР се подвлекува дека во септември 2023 година и покрај континуираниот негативен финансиски резултат, друштвото извршило зголемување на месечната нето плата на директорите на сектори, заменик генералниот и генералниот директор за 42% до 58% соодветно, што не е во согласност со Законот за трговски друштва. Според законот, во случај на намалена добивка или значително влошена финансиска состојба на друштвото, надоместокот на плата и другите бенефиции, предвидени во менаџерскиот договор може да се намалат.

Ревизорите укажуваат на потребата од поголема меѓуинституционална соработка за обнова на руинираните делови од зградата во која се наоѓа Дирекцијата на АД Пошта на Македонија.

Со извршената ревизија, се вели во зивештајот, констатирани се и низа други состојби, неправилности и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и за усогласеноста со законската регулатива.

За надминување на констатираните состојби, како што стои во објавеноит извештај од ДЗР, дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

The post ДЗР: Континуираните загуби во работењето на АД Пошта влијаат на навремената достава и квалитетот на услугата appeared first on Република.

]]>

Континуираните загуби негативно се одразуваат на тековното и идно работење на друштвото, не овозможуваат негов развој и го доведуваат во прашање ефикасното, трајното, уредно и квалитетно вршење на дејноста како јавен оператор во внатрешниот и во меѓународниот поштенски сообраќај, се наведува во денеска објавениот конечен ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија на АД за поштенски сообраќај Пошта на Република Македонија во државна сопственост Скопје. Согласно ревизорскиот извештај друштвото се наоѓа во неповолна финансиска положба почнувајќи од 2017 година, при што во континуитет остварува загуби од работењето, а најголема загуба во износ од 229.883 илјади денари или 3.726.000 евра е искажана во 2022 година. Друштвото се соочува со голема задолженост по основ на заеми, кредити и пресметани камати, кои не се сервисираат навремено, што дополнително ја влошува финансиска состојба и ја нарушуваа ликвидноста. Вкупните обврски за краткорочни кредити и заеми на крајот на 2023 година изнесуваат 219.650 илјади денари, а се однесуваат на земен краткорочен заем од МЕПСО – АД за пренос на електрична енергија во износ од 100.000 илјади денари и два краткорочни кредити од деловни банки во вкупен износ од 119.650 илјади денари. За доспеаните, а неисплатени кредити во 2024 година, пресметана е договорна казнена камата од 24,45% или 6,7 милиони денари, односно 109.000 евра, се вели во извештајот. Во текот на 2023 година бил вратен краткорочен кредит во износ од 40.000 илјади денари, кој бил одобрен во 2022 година, а одобрен е друг кредит од деловна банка на износ од 32.500 илјади денари кој доспева за враќање на крајот на 2024 година. Во извештајот се подвлекува дека сите земени кредити се со висока каматна стапка која се движи во интервал од 4,8% до 6,25%. Ревизорите направиле анализа на квалитетот на услугите опфатени со универзалната услуга и утврдиле ненавремена достава на пратки. Во 2023 година, 59,7% од пратките биле доставени во првиот ден, додека 30,5% биле доставени во период подолг од три дена. Овие резултати укажуваат на отстапување од целите поставени од Светскиот поштенски сојуз, кој пропишува минимален стандард од 75% и максималниот стандард од 88% за успешно и навремено доставени пратки. Меѓу другото се додава дека со Годишниот план за јавни набавки во 2023 година друштвото планирано да набави машина за сортирање на поштенски пратки со проценета вредност од 30.000 илјади денари со која би се овозможило побрзо и флексибилно сортирање на поштата, подобрувајќи го целокупниот процес на услугата од почеток до крај, но истата не е спроведена. Ревизорите утврдиле и сериозни неправилности во работењето на АД Пошта на Македонија. Недостасуваат точни и усогласени евиденции за земјиштето и градежните објекти, што влијае на квалитетот на податоците во трговските книги. Дел од објектите, како и два одморалишта во Охрид вредни 6,4 милиони денари, се во лоша состојба и потребна им е санација, а за еден е утврдено бесправно користење, посочуваат во извештајот од ДЗР. Исто така и процесот за поделба на имотот меѓу АД Пошта и Македонски Телеком, започнат во 1996 година, не е завршен, а од 2017 година е запрен и до денот на ревизијата не се дадени насоки за понатамошно постапување со заедничкиот имот на двете друштва. Законот за поштенските услуги пропишува давателите на поштенските услуги да плаќаат годишен надоместок на Агенцијата за пошти. За 2023 година, АД Пошта на Македонија требало да плати 23.461 илјади денари, но поради финансиски тешкотии, друштвото ненавремено ги подмирило овие обврски, што резултирало со каматни трошоци од 1.990 илјади денари. Сите обврски биле подмирени во април 2024 година. Во делот на јавните набавки ревизорите утврдиле дека АД Пошта на Македонија без спроведена постапка за јавна набавка има преземено обврски за набавка на стоки и услуги, во вкупен износ од 3,7 милиони денари или приближно 60 илјади евра, што претставува надминување за 36 илјади евра или приближно 2,2 милиони денари над утврдениот вредносен праг од 24 илјади евра во денарска противвредност. Во постапките за доделување на рамковна спогодба со еден економски оператор за набавка на услуги за осигурување на имот со отворена постапка во 2022 и 2023 година, биле склучени две рамковни спогодби, со вкупна вредност од 28.169 илјади денари (од кои 16.207 илјади денари во 2023 година). Ревизорите утврдиле дека истите можеле да бидат спроведени во делови, што би имало влијание врз конкуренцијата во постапката и рационалното користење на финансиските средства. Покрај тоа, утврдено е ненавремено плаќање на премиите (еден месец пред истекот на важноста на полисата премијата не е подмирена). Заклучено било дека ова ја загрозува сигурноста на материјалните и паричните средства, а дополнително може да доведе до зголемување на премиите во иднина поради влошениот рејтинг на друштвото. Со ревизијата утврдени се чести измени на актот на систематизација, особено во однос на бројот на извршители, работното искуство, степенот на образование и видот на стручна подготовка. Утврдени се и неправилности во пополнување на работните места и евиденцијата на работното време, како и во пресметката на додатоци, надоместоци и награди за дел од вработените. Понатаму, друштвото има склучено договори со 276 пошторазнесувачи, но дел од нив, наместо за договорените услуги, ангажирани се за извршување на други административни задачи. Во извештајот од ДЗР се подвлекува дека во септември 2023 година и покрај континуираниот негативен финансиски резултат, друштвото извршило зголемување на месечната нето плата на директорите на сектори, заменик генералниот и генералниот директор за 42% до 58% соодветно, што не е во согласност со Законот за трговски друштва. Според законот, во случај на намалена добивка или значително влошена финансиска состојба на друштвото, надоместокот на плата и другите бенефиции, предвидени во менаџерскиот договор може да се намалат. Ревизорите укажуваат на потребата од поголема меѓуинституционална соработка за обнова на руинираните делови од зградата во која се наоѓа Дирекцијата на АД Пошта на Македонија. Со извршената ревизија, се вели во зивештајот, констатирани се и низа други состојби, неправилности и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и за усогласеноста со законската регулатива. За надминување на констатираните состојби, како што стои во објавеноит извештај од ДЗР, дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.  

The post ДЗР: Континуираните загуби во работењето на АД Пошта влијаат на навремената достава и квалитетот на услугата appeared first on Република.

]]>
Доставувач од брза пошта лажно пријавил дека банда го нападнала и ограбила https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dostavuvach-od-brza-poshta-lazhno-prijavil-deka-banda-go-napadnala-i-ograbila/ Tue, 15 Oct 2024 06:20:58 +0000 https://republika.mk/?p=826864

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Б.Б.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

На 31.08.2024, пријавениот во ОВР Дебар лажно пријавил дека, додека на патот Дебар - Струга се движел со патничко возило „фиат добло“, сопственост на брза пошта од Скопје, бил пресретнат од друго возило од кое излегле неколку лица и со употреба на физичка сила му одзеле пари од дневниот промет на поштата, соопшти МВР.

The post Доставувач од брза пошта лажно пријавил дека банда го нападнала и ограбила appeared first on Република.

Љутков: Пошта ќе биде мултифункционален комплекс подготвен и за потребите на Скопје „Европска престолнина на културата“ https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-poshta-ke-bide-multifunktsionalen-kompleks-podgotven-i-za-potrebite-na-skopje-evropska-prestolnina-na-kulturata/ Wed, 02 Oct 2024 11:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=821758

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска посочи дека е донесена владина одлука да биде реновирана централната зграда на Македонска пошта. Како што најави, таа ќе има намена за мултифункционален комплекс кој што ќе биде подготвен и за потребите на Скопје „Европска престолнина на културата“ за 2028 година.

Ние веќе разговаравме со амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, пред тој да замине од функцијата. Разговаравме неколку пати, бидејќи седум години имало тенденција Министерството за култура да ја преземе Пошта и таа да стане друг комплекс, односно да има друга намена. Разговаравме и со министерот за транспорт и врски Александар Николовски и донесовме одлука на Влада дека таа ќе биде реновирана и ќе има друга намена, ќе има намена за мултифункционален комплекс, изјави денеска Љутков за време на посетата на НУ Национална опера и балет, во одговор на новинарско прашање.

Како што рече, формирана е работната група и треба да почне да работи. Работната група е сочинета од претставници и од Европски комисија, од Министерство за транспорт и врски и од Министерство за култура и туризам.

На новинарско прашање во врска со креативните индустрии, Љутков најави дека ќе следува посебен конкурс, на кој што во моментов се работи и набргу ќе биде објавен.

The post Љутков: Пошта ќе биде мултифункционален комплекс подготвен и за потребите на Скопје „Европска престолнина на културата“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска посочи дека е донесена владина одлука да биде реновирана централната зграда на Македонска пошта. Како што најави, таа ќе има намена за мултифункционален комплекс кој што ќе биде подготвен и за потребите на Скопје „Европска престолнина на културата“ за 2028 година.
Ние веќе разговаравме со амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, пред тој да замине од функцијата. Разговаравме неколку пати, бидејќи седум години имало тенденција Министерството за култура да ја преземе Пошта и таа да стане друг комплекс, односно да има друга намена. Разговаравме и со министерот за транспорт и врски Александар Николовски и донесовме одлука на Влада дека таа ќе биде реновирана и ќе има друга намена, ќе има намена за мултифункционален комплекс, изјави денеска Љутков за време на посетата на НУ Национална опера и балет, во одговор на новинарско прашање.
Како што рече, формирана е работната група и треба да почне да работи. Работната група е сочинета од претставници и од Европски комисија, од Министерство за транспорт и врски и од Министерство за култура и туризам. На новинарско прашање во врска со креативните индустрии, Љутков најави дека ќе следува посебен конкурс, на кој што во моментов се работи и набргу ќе биде објавен.

The post Љутков: Пошта ќе биде мултифункционален комплекс подготвен и за потребите на Скопје „Европска престолнина на културата“ appeared first on Република.

]]>
Николоски: Додека сум јас министер, никој нема да остане на улица, а ќе има одговорност за душманското трошење на парите од „Пошта“ и „Железници“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-dodeka-sum-jas-minister-nikoj-nema-da-ostane-na-ulitsa-a-ke-ima-odgovornost-za-dushmanskoto-troshene-na-parite-od-poshta-i-zheleznitsi/ Tue, 09 Jul 2024 17:57:13 +0000 https://republika.mk/?p=795070

Јас знаев дека секторот кој што го преземам ќе биде тежок, но е многу полошо и многу потешко од моите најлоши очекувања и предвидувања. Со години не се работело ништо и се оставале проблемите под тепих. И јас како министер на оваа позиција сум само 12 дена до денес и не можам за 12 дена да решам нешто што изминатите седум години било запоставувано, но се обидувам да помогнам колку можам“, истакна Александар Николоски, вицепремиер за економски прашања и министер за транспорт во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Она што можам да го ветам на сите дека во мојот мандат нема ниеден човек од секторите кои што се под мене да остане без работа без негова волја, нагласи тој.

Николоски вети дека нема да дозволи ниту еден човек да си замине од работа и да остане на улица.

Сега ние имаме две паралелни реалности, ако ги гледате компаниите пред се тука мислам на Македонски железници – транспорт, Македонски железници – инфраструктура, тоа се две различни претпријатија, едните ги имаат возовите под нив, а другите ги имаат пругите под нив и Македонска пошта. И ако гледате чисто менаџерски тие се во многу лоша состојба. Но, ако гледате од човечки аспект од таму егзистираат 4.400 семејства, кои што секој месец треба дома да однесат нешто и да живеат нормално во текот на тој месец. И затоа работите не можат да се гледаат праволинински“, појасни Николоски.

Тој посочи дека според него првично треба да се направи стабилизација за која што е потребно од 5 до 6 месеци. И после откако ќе се направи стабилизацијата ќе се направи и рационализација за да се увиди зошто се трошеле средства, како се трошеле истите и кој ги трошел.

Секаде каде што има сомнежи за криминал да си влезе МВР и да си ги испоапси тие што го правеле истиот тој криминал. За тоа што не случајно се донесени претпријатијата во таа состојба. А, јас не случајно ја повикав МВР да влезе во мојот ресор и во фирмите кои што се под мене, рече министерот Николоски.

Николоски укажа дека е потребно среднорочно и долгорочно да се направи план како претпријатијата да станат профитабилни.

Трите претпријатија ја имаат потрошено платата за оваа година комплетно. Значи досегашните менаџери тоа што требало да го потрошат за 12 месеци, го потрошиле за 6 месеци. Тоа е душмански однос кон претпријатијата кои што ги водат. И за тоа мора да има одговорност, истакна министерот.

„Јас не смеам да дозволам луѓето кои што егзистираат од овие претпријатија да останат без приходи затоа што на крајот на денот тие луѓе не се виновни што претходната Влада на Заев и Ахмети ставила такви менаџери какви што ставила“, нагласи Николоски.

The post Николоски: Додека сум јас министер, никој нема да остане на улица, а ќе има одговорност за душманското трошење на парите од „Пошта“ и „Железници“ appeared first on Република.

Николоски: Нема да дозволам 4,400 семејства од Пошта и Железници да останат без плата, но мора да се знае дека претходната власт ги потрошила сите пари https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-nema-da-dozvolam-4-400-semejstva-od-poshta-i-zheleznitsi-da-ostanat-bez-plata-no-mora-da-se-znae-deka-prethodnata-vlast-gi-potroshila-site-pari/ Tue, 09 Jul 2024 07:57:44 +0000 https://republika.mk/?p=794784

Во мојот воведен говор искористив да кажам каква е состојбата во моментов во државата. Сакам да споделам неколку податоци за да ги знаете и вие. Буџетската дупка е огромна, трошоците се огромни, но тоа не значи дека нема да го реализираме она што го ветуваме и веќе со ребалансот на буџетот кој би требало да биде усвоен во Собранието до крајот на месец јули, а да биде поднесе веќе следната недела, планираме да доделиме 100 милиони евра помош за општините со пакетот за поддршка на општините кој што го ветивме кој што в година ќе биде 250 милиони евра затоа што ќе е цела година, а пензиите се зголемуваат за 5,000 денари како што ветивме и почнуваат од следниот месец со 2,500 денари и до март месец уште 2,500 денари така што 5,000 денари во една година како што ветивме, кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на одбележувањето 34 години од основањето на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица и додаде:

Во однос на состојбата можам само да кажам за мојот ресор, таа е финансиски катастрофална. Во моментов се бориме 4400 луѓе воопшто дали ќе можат да земат плата до крајот на годината. Се работи за вработените во Пошта, во Македонски железници Транспорт и Македонски железници Инфраструктура. За жал досегашните раководства ги потрошиле средствата за работа кои што требало да им бидат за 12 месеци, тие ги потрошиле за 6 месеци и во останатите 6 месеци се бориме дали воопшто овие вработени ќе земат плата. Навистина правиме над човечки напори со вработените во министерството за транспорт за да успееме да обезбедиме плата за овие вработени - истакна Николоски.

Во однос на тоа дали вработените ќе земат плата и дали има некое решение Николоски кажа дека нема да дозволи 4,400 семејства да останат без приходи.

Работиме со вработените во министерството за транспорт интензивно, но мора луѓето да ја знаат вистината а тоа е дека буџетите кои што ги добиле овие три јавни претпријатие досегашните раководства ги потрошиле за шест месеци, тоа е вистината. А секако јас нема да дозволам 4,400 семејства да останат без приходи но мора да ја знаат вистината - истакна Николоски.

The post Николоски: Нема да дозволам 4,400 семејства од Пошта и Железници да останат без плата, но мора да се знае дека претходната власт ги потрошила сите пари appeared first on Република.

Николоски: Неизвесно е дали 4.400 вработени во Пошта, Македонски железници транспорт и инфраструктура ќе земат плата до крајот на годината https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-neizvesno-e-dali-4-400-vraboteni-vo-poshta-makedonski-zheleznitsi-transport-i-infrastruktura-ke-zemat-plata-do-krajot-na-godinata/ Mon, 08 Jul 2024 20:43:42 +0000 https://republika.mk/?p=794741

Неизвесно дали 4.400 вработени во „Македонска пошта“, МЖ транспорт и инфраструктура ќе земаат плаат до крајот на годината, бидејќи досегашните раководства ги потрошиле средствата за шест наместо за 12 месеци и затоа за останатите шест месеци се бориме дали воопшто овие вработени ќе можат да земат плата, изјави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски во Струмица.

На новинарско прашање дали овие вработени ќе останат без плата, министерот рече дека нема да дозволи овие семејства да останат без плата, но, како што додаде, мора да се знае вистината.

Николоски посочи дека според ревизорскиот извештај само за автопатот Кичево-Охрид вредноста е зголемена за 190 милиони евра, а за катастрофата во Железницата рече дека нема ниту една локомотива која е во функција.

Слично нешто се случува со експресниот пат Прилеп-Градско, којшто за време на капмањата Бочварски и Филипче го пуштаа, ама истиот не само што не е пуштен, туку Македонија може да оди на арбитража заради проблеми во реализацијата на договорот, рече Николоски.

За состојбата со изградбата на автопатиштата во државата министерот смета дека има целосни промашувања и затоа тој го поканил МВР сериозно да ги разгледа овие случаи, а исто било и со Железницата каде очекува исто така реакција од МВР.

Инаку, Николоски присуствуваше на одбележувањето на 34 години од формирањето на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струмица.

The post Николоски: Неизвесно е дали 4.400 вработени во Пошта, Македонски железници транспорт и инфраструктура ќе земат плата до крајот на годината appeared first on Република.

]]>

Неизвесно дали 4.400 вработени во „Македонска пошта“, МЖ транспорт и инфраструктура ќе земаат плаат до крајот на годината, бидејќи досегашните раководства ги потрошиле средствата за шест наместо за 12 месеци и затоа за останатите шест месеци се бориме дали воопшто овие вработени ќе можат да земат плата, изјави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски во Струмица.
На новинарско прашање дали овие вработени ќе останат без плата, министерот рече дека нема да дозволи овие семејства да останат без плата, но, како што додаде, мора да се знае вистината. Николоски посочи дека според ревизорскиот извештај само за автопатот Кичево-Охрид вредноста е зголемена за 190 милиони евра, а за катастрофата во Железницата рече дека нема ниту една локомотива која е во функција.
Слично нешто се случува со експресниот пат Прилеп-Градско, којшто за време на капмањата Бочварски и Филипче го пуштаа, ама истиот не само што не е пуштен, туку Македонија може да оди на арбитража заради проблеми во реализацијата на договорот, рече Николоски.
За состојбата со изградбата на автопатиштата во државата министерот смета дека има целосни промашувања и затоа тој го поканил МВР сериозно да ги разгледа овие случаи, а исто било и со Железницата каде очекува исто така реакција од МВР. Инаку, Николоски присуствуваше на одбележувањето на 34 години од формирањето на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струмица.

The post Николоски: Неизвесно е дали 4.400 вработени во Пошта, Македонски железници транспорт и инфраструктура ќе земат плата до крајот на годината appeared first on Република.

]]>
Вработените во „Пошта“ се уште не земале плата, бараат итна средба со новата Влада https://republika.mk/vesti/ekonomija/vrabotenite-vo-poshta-se-ushte-ne-zemale-plata-baraat-itna-sredba-so-novata-vlada/ Wed, 22 May 2024 10:01:22 +0000 https://republika.mk/?p=780796

Синдикалните организации на „Македонска пошта“ информираа дека сите вработени повторно излегоа на протест, изразувајќи го својот револт и загриженост за иднината на „Македонска пошта“ и зачувување на нивните работни места. Велат дека со години претпријатието се соочува со огромна финансиска криза и доведени се до тотален хаос.

Најавуваат штрајк за 7 јуни кога имаат законска можност да го остварат.

Се уште немаме земено плата и не знаеме кога ќе земеме плата во нареден период. Менаџерскиот тим немаат одговор на прашањето кога ќе земеме пари. Вработените се соочуваат со егзистенцијални проблеми. Македонска пошта која беше симбол на државата, ја доведовме до дното поради лошата кадровска и партиска политика, истакна на прес – конференција, Боро Велигденов – претседател на Синдикалните организации на Македонска пошта.

Тој бара приоритетна задача на новата влада да биде функционирањето на „Пошта“ и да имаат итна средба со членовите на владата.

2000 семејства ќе останеме на улица и Македонија ќе биде единствен пример во светот каде државна пошта нема да постои, додаде Велигденов.

Тој информира дека последната плата ја земале минатиот месец.

Вработените си заминуваат поради состојбите и бараат егзистенција на друго работно место, жали Велигденов.

The post Вработените во „Пошта“ се уште не земале плата, бараат итна средба со новата Влада appeared first on Република.

]]>

Синдикалните организации на „Македонска пошта“ информираа дека сите вработени повторно излегоа на протест, изразувајќи го својот револт и загриженост за иднината на „Македонска пошта“ и зачувување на нивните работни места. Велат дека со години претпријатието се соочува со огромна финансиска криза и доведени се до тотален хаос. Најавуваат штрајк за 7 јуни кога имаат законска можност да го остварат.
Се уште немаме земено плата и не знаеме кога ќе земеме плата во нареден период. Менаџерскиот тим немаат одговор на прашањето кога ќе земеме пари. Вработените се соочуваат со егзистенцијални проблеми. Македонска пошта која беше симбол на државата, ја доведовме до дното поради лошата кадровска и партиска политика, истакна на прес – конференција, Боро Велигденов – претседател на Синдикалните организации на Македонска пошта.
Тој бара приоритетна задача на новата влада да биде функционирањето на „Пошта“ и да имаат итна средба со членовите на владата.
2000 семејства ќе останеме на улица и Македонија ќе биде единствен пример во светот каде државна пошта нема да постои, додаде Велигденов.
Тој информира дека последната плата ја земале минатиот месец.
Вработените си заминуваат поради состојбите и бараат егзистенција на друго работно место, жали Велигденов.

The post Вработените во „Пошта“ се уште не земале плата, бараат итна средба со новата Влада appeared first on Република.

]]>
Со нова систематизација Синдикатот на Македонска пошта сам ќе ги укине вработените кои не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат https://republika.mk/vesti/ekonomija/so-nova-sistematizatsija-sindikatot-na-makedonska-poshta-sam-ke-gi-ukine-vrabotenite-koi-ne-doagaat-na-rabota-oti-vladata-i-upravniot-odbor-molchat/ Tue, 16 Apr 2024 09:25:28 +0000 https://republika.mk/?p=766615

Синдикатот на Македонска пошта во соработка со вработените и со ангажирање експерти ќе подготви нова систематизација која ќе ја достави до новата влада за да се примени веднаш по изборите. На нивните повици за заедничко решавање на лошата состојба во друштвото не се одѕвале ниту Управниот одбор, ниту Владата како основач на друштвото, иако Македонска пошта е во финансиска криза и во прашање се доведени 2.000 вработени како и егзистенцијата на нивните семејства. Претседателот на Синдикатот Боро Велигденов вели дека со новата систематизација нема да има вработени кои не доаѓаат на работа, ниту пак вработени кои доаѓаат но не си го знаат работното место.

Нам ни е битно да не се продолжи со оваа лоша кадровска политика, со таа партизација што со години и години наназад се провлекува и ја доведе Македонска пошта до работ на опстојување. Клучен проблем е токму таа систематизација. Како што е постојната систематизација веруваме дека во работењето нема во ниту една институција, само во Македонска пошта. Имаме 15 подружници, 15 директори,  седум членови на Управен одбор шефовски места, раководни позиции, советници, стручни соработници, а се помалку работници во технолошкиот процес. Нашата цел е да изготвиме нова систематизација  која е согласно потребите на друштвото и на пазарот. Да ставиме акцент на технолошкиот процес, на обработка на пратките и сите тие аномалии и проблеми во работењето со таа систематизација ќе се надминат и ќе се позиционираме на пазарот. Ќе ја вратиме Македонска пошта на граѓаните, со редовна и навремена достава на пратки. Да нема повеќе работници кои не доаѓаат на работа, има работници кои доаѓаат, а не знаат кои им се работните места. Затоа е таа нова систематизација, да ја подигнеме продуктивноста во работењето, а со самото тоа ќе ги зголемиме приходите и ќе можеме самостојно да функционираме како друштво“, рече претседателот на Синдикатот, Велигденов.

Вчера вработените зеле плата, но стравуваат за следните исплати оти друштвото е во голема финансиска криза. По протестот минатиот месец, другиот синдикат во Македонска пошта, се повлекол од барањата, па сега  Синдикатот предводен од Велигденов ги преставува барањата на сите вработени. Синдикатот веднаш ќе формира работни групи и ќе ангажира експерти кои ќе ја подготват новата ситематизација, а во меѓувреме подготвуваат и нови протести.

Во наредниот период заедно со сите вработени, најавуваме и нови активности за организација на протест како и отпочнување постапка за штрајк. Во моментот се прават анкети, се информираат вработените за поголемо учество во понатамошните активности. Во насока на заштита на работничките права ќе ги преземеме сите мерки како што се протестите. Бидејќи сега се избори, моментално имаме консултација со членството и дополнително ќе одлучиме во кој период и како ќе настапиме“, рече Велигденов.

Барањата на Синдикатот и на вработените се итни реформи со нова систематизација, а по изборите и потпишување нов колективен договор по неколкуте протести што ги организираа изминатиов период.

The post Со нова систематизација Синдикатот на Македонска пошта сам ќе ги укине вработените кои не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат appeared first on Република.

Маја Јорданова, службеничка во „Пошта“ добила бизнис од Електрани вреден 7 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/maja-jordanova-sluzhbenichka-vo-poshta-dobila-biznis-od-elektrani-vreden-7-milioni-evra/ Wed, 21 Feb 2024 17:17:05 +0000 https://republika.mk/?p=746681

Истражувачката репортерска агенција ( ИРЛ) открива потенцијален скандал со тендерите во ЕСМ каде е замешана службеничка вработена во Пошта. Во нивното истражување велат дека Маја Јорданова од Велес која од пред три години е вработена во АД Пошта врти милионски бизнис со државната ЕСМ.

Таа како сопственичка на компанијата „Браинкоде“ ќе увезува адитив од Италија кој за прв пат ќе се користи во двата енергетски капацитети како замена за мазутот.

Фирмата „Браинкоде“ нема ниту еден вработен, претходно тргувала со канцелариски материјали, а откако почнува да работи со хемиски производи лани склучила три договори со ЕСМ вредни речиси седум милиони евра како единствен понудавач.

ИРЛ открива дека седиштето на „Браинкоде“ се наоѓа во семејна куќа во скопската населба Ѓорче Петров каде на истото место се регистирани повеќе фирми, чии сопственици или управители се луѓе од Велес.

Целиот текст тука

The post Маја Јорданова, службеничка во „Пошта“ добила бизнис од Електрани вреден 7 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Истражувачката репортерска агенција ( ИРЛ) открива потенцијален скандал со тендерите во ЕСМ каде е замешана службеничка вработена во Пошта. Во нивното истражување велат дека Маја Јорданова од Велес која од пред три години е вработена во АД Пошта врти милионски бизнис со државната ЕСМ. Таа како сопственичка на компанијата „Браинкоде“ ќе увезува адитив од Италија кој за прв пат ќе се користи во двата енергетски капацитети како замена за мазутот. Фирмата „Браинкоде“ нема ниту еден вработен, претходно тргувала со канцелариски материјали, а откако почнува да работи со хемиски производи лани склучила три договори со ЕСМ вредни речиси седум милиони евра како единствен понудавач. ИРЛ открива дека седиштето на „Браинкоде“ се наоѓа во семејна куќа во скопската населба Ѓорче Петров каде на истото место се регистирани повеќе фирми, чии сопственици или управители се луѓе од Велес. Целиот текст тука  

The post Маја Јорданова, службеничка во „Пошта“ добила бизнис од Електрани вреден 7 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Вработени во Пошта земале плата, а не одале на работа https://republika.mk/vesti/makedonija/vraboteni-vo-poshta-zemale-plata-a-ne-odale-na-rabota/ Wed, 21 Feb 2024 15:00:53 +0000 https://republika.mk/?p=746635

Лоши организација и менаџирање на Поштата, недостиг на дигитализација, мануелна работа, човечки грешки во финансиските извештаи, отсуство на единствен систем на работа и неодговорни работници што не одат на работа.

Овие скандалозни наоди се само дел од проблемите опишани во физибилити студијата за Поштата на Македонија, спроведена во 2021 година, за која државата платила околу 800.000 евра, пишува Порталб.мк.

Поштата со години работи со загуба. Поради тешкотиите, Владата во 2020 година отвори расправа за нејзина приватизација и ангажираше компанија да спроведе физибилити студија за нејзината работа. За оваа студија, поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, беше обвинет и осуден на две години и шест месеци затвор, за злоупотреба на службената положба и овластување, поради тоа што потпишал договор без да ја почитува постапката за јавна набавка.

Физибилити студијата е документ што ја анализира состојбата во оваа институција и е направена во периодот од мај до ноември 2021 година, од компанијата „Интерфајненс“ од Загреб и од компанијата „Интерхолдинг“ од Македонија.

Беше спроведена во периодот кога беше Јани Макрадули директор на Поштата и се однесува на периодот од 2012 до 2020 година. Во овој период, со Поштата раководеа Рафиз Алити, Гоце Боболиноски, Фадис Реџепи, Ејуп Рустеми и Јани Макрадули.

The post Вработени во Пошта земале плата, а не одале на работа appeared first on Република.

]]>

Лоши организација и менаџирање на Поштата, недостиг на дигитализација, мануелна работа, човечки грешки во финансиските извештаи, отсуство на единствен систем на работа и неодговорни работници што не одат на работа. Овие скандалозни наоди се само дел од проблемите опишани во физибилити студијата за Поштата на Македонија, спроведена во 2021 година, за која државата платила околу 800.000 евра, пишува Порталб.мк. Поштата со години работи со загуба. Поради тешкотиите, Владата во 2020 година отвори расправа за нејзина приватизација и ангажираше компанија да спроведе физибилити студија за нејзината работа. За оваа студија, поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, беше обвинет и осуден на две години и шест месеци затвор, за злоупотреба на службената положба и овластување, поради тоа што потпишал договор без да ја почитува постапката за јавна набавка. Физибилити студијата е документ што ја анализира состојбата во оваа институција и е направена во периодот од мај до ноември 2021 година, од компанијата „Интерфајненс“ од Загреб и од компанијата „Интерхолдинг“ од Македонија. Беше спроведена во периодот кога беше Јани Макрадули директор на Поштата и се однесува на периодот од 2012 до 2020 година. Во овој период, со Поштата раководеа Рафиз Алити, Гоце Боболиноски, Фадис Реџепи, Ејуп Рустеми и Јани Макрадули.  

The post Вработени во Пошта земале плата, а не одале на работа appeared first on Република.

]]>
Од лажна веб страница со името на Пошта се испраќаат електронски пораки, граѓаните да бидат внимателни https://republika.mk/vesti/makedonija/od-lazhna-veb-stranitsa-so-imeto-na-poshta-se-isprakaat-elektronski-poraki-graganite-da-bidat-vnimatelni/ Wed, 24 Jan 2024 16:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=736404

Пошта на Македонија информира дека нејзиното име е злоупотребено во измамничка кампања преку социјалната мрежа Фејсбук, со лажна веб страница која испраќа пораки и апелира до граѓаните да бидат внимателни.

Од Пошта истакнуваат дека не стојат зад објави во кои се нудат специјални кутии со различни производи за само 123 денари.

Повторно се злоупотребува името на Пошта, овојпат преку социјалната мрежа фејсбукСе работи за измамничка кампања која го користи логото на Пошта, а зад тоа стои лажна веб страница која испраќа пораки. Сакаме да ги известиме нашите корисници дека Пошта на Македонија не стои зад овие објави во кои се нудат специјални кутии со различни производи за само 123 ден. Ги молиме граѓаните да бидат крајно внимателни каде ги оставаат своите лични податоци, бидејќи АД „Пошта на Македонија “ не испраќа електронски пораки до своите корисници, ниту пак ваква кампања постои на нашата официјална веб страница, наведува Пошта на РСМ во соопштение на веб страницата.

Потсетува дека секое неовластено претставување во име на Пошта на Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност.

Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки, понуди или услуги може да го прочитате на официјалната веб страница www.posta.com.mk, укажуваат од Пошта.

The post Од лажна веб страница со името на Пошта се испраќаат електронски пораки, граѓаните да бидат внимателни appeared first on Република.

]]>

Пошта на Македонија информира дека нејзиното име е злоупотребено во измамничка кампања преку социјалната мрежа Фејсбук, со лажна веб страница која испраќа пораки и апелира до граѓаните да бидат внимателни. Од Пошта истакнуваат дека не стојат зад објави во кои се нудат специјални кутии со различни производи за само 123 денари.
Повторно се злоупотребува името на Пошта, овојпат преку социјалната мрежа фејсбукСе работи за измамничка кампања која го користи логото на Пошта, а зад тоа стои лажна веб страница која испраќа пораки. Сакаме да ги известиме нашите корисници дека Пошта на Македонија не стои зад овие објави во кои се нудат специјални кутии со различни производи за само 123 ден. Ги молиме граѓаните да бидат крајно внимателни каде ги оставаат своите лични податоци, бидејќи АД „Пошта на Македонија “ не испраќа електронски пораки до своите корисници, ниту пак ваква кампања постои на нашата официјална веб страница, наведува Пошта на РСМ во соопштение на веб страницата.
Потсетува дека секое неовластено претставување во име на Пошта на Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност.
Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки, понуди или услуги може да го прочитате на официјалната веб страница www.posta.com.mk, укажуваат од Пошта.
 
The post Од лажна веб страница со името на Пошта се испраќаат електронски пораки, граѓаните да бидат внимателни appeared first on Република.

]]>
Со изложба од конкурсот „Скопје на новата генерација“ во Пошта ќе се одбележи 13 Ноември https://republika.mk/vesti/kultura/so-izlozhba-od-konkursot-skopje-na-novata-generatsija-vo-poshta-ke-se-odbelezhi-13-noemvri/ Mon, 13 Nov 2023 07:49:54 +0000 https://republika.mk/?p=700859

Во знак на 60-годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, во Централна Пошта Скопје денеска ќе биде отворена архитектонска изложба. Изложбата произлезе од конкурсот „Скопје на новата генерација“, организирана од страна на Јуроп Хаус Скопје.

Како што соопштуваат организаторите, поставката официјално ќе биде отворена во 18:30 часот од страна на шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, кој воедно ќе ги прогласи и победниците на конкурсот. Овој настан ќе служи како платформа за визијата и развојот на градот, креирана од новата генерација архитекти и урбанисти.

Фазата на пријавување доведе до одлични иновативни архитектонски предлози, каде што секој од предлозите претставува можност за скок кон поинклузивен и ревитализиран град, како и за модернизација на Скопје, велат организаторите.

Тие додаваат дека се возбудени од квалитетот и креативноста на младите архитекти, а визијата што ја добиле од предлозите е инспиративна и дава надеж за иднината на градот.

Главниот настан ќе биде од отворен карактер и ќе се случува во шалтерската сала на Пошта – Скопје. Сите што ќе го пропуштат главниот настан, ќе имаат можност да ја посетат изложбата и во следните три дена, поточно од 14 до 16 ноември, во периодот од 12 до 15 часот.

Со настанот симболично ќе биде прославен 13 Ноември – Денот на градот, но и четвртиот роденден на Јуроп Хаус Скопје.

The post Со изложба од конкурсот „Скопје на новата генерација“ во Пошта ќе се одбележи 13 Ноември appeared first on Република.

]]>

Во знак на 60-годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, во Централна Пошта Скопје денеска ќе биде отворена архитектонска изложба. Изложбата произлезе од конкурсот „Скопје на новата генерација“, организирана од страна на Јуроп Хаус Скопје. Како што соопштуваат организаторите, поставката официјално ќе биде отворена во 18:30 часот од страна на шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, кој воедно ќе ги прогласи и победниците на конкурсот. Овој настан ќе служи како платформа за визијата и развојот на градот, креирана од новата генерација архитекти и урбанисти.
Фазата на пријавување доведе до одлични иновативни архитектонски предлози, каде што секој од предлозите претставува можност за скок кон поинклузивен и ревитализиран град, како и за модернизација на Скопје, велат организаторите.
Тие додаваат дека се возбудени од квалитетот и креативноста на младите архитекти, а визијата што ја добиле од предлозите е инспиративна и дава надеж за иднината на градот. Главниот настан ќе биде од отворен карактер и ќе се случува во шалтерската сала на Пошта – Скопје. Сите што ќе го пропуштат главниот настан, ќе имаат можност да ја посетат изложбата и во следните три дена, поточно од 14 до 16 ноември, во периодот од 12 до 15 часот. Со настанот симболично ќе биде прославен 13 Ноември – Денот на градот, но и четвртиот роденден на Јуроп Хаус Скопје.

The post Со изложба од конкурсот „Скопје на новата генерација“ во Пошта ќе се одбележи 13 Ноември appeared first on Република.

]]>
Поскапуваат цените за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети што се праќаат преку Пошта https://republika.mk/vesti/ekonomija/poskapuvaat-tsenite-za-pismata-poshtenskite-kartichki-pechatenite-raboti-i-malite-paketi-shto-se-prakaat-preku-poshta/ Fri, 01 Sep 2023 08:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=677818

Нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај се во сила од денеска. Новите цени се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети.

За стандардизираното писмо, поштенската услуга ќе чини 42 денари, а исто толку ќе чини и за поштенската картичка.

Поштенската услуга за нестандардизираното писмо до 20 грама во соседните држави и во земјите од Европа, кои се во втора зона, од септември ќе биде 42 денари, а за останатите држави од Европа, кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 45 денари.

За препорачаните писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена која ќе се додава на цената за основната услуга.

Кај малите пакети до 100 грама, доколку се праќаат во соседните држави и во земјите од Европа од втора зона ќе се плаќа поштенска услуга од 105 денари, а за останатите европски држави кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 120 денари. За најголемите пакети од 1000 до 2000 грама, цената на поштенската услуга за соседните држави и за Европа, втора зона, ќе биде 1.115 денари, додека за останатите европски држави, Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот ќе биде 1.285 денари.

За печатени книги, весници и списанија до 20 грама, поштенската услуга за соседните држави и Европа, втора зона, ќе биде 37 денари, а за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 39 денари. За пратка со печатени книги, весници и списанија кои тежат од 1000 до 2000 грама, ќе се плаќа поштенска услуга од 1.112 денари за соседните држави и Европа, втора зона, додека за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави во светот 1.265 денари…

За авионски превоз за писмо, поштенска картичка, печатени работи, мали пакети и секограми (сите видови печатени работи за слепи) за Австралија и Нов Заланд и за останатите земји во светот, цената ќе биде по 6 денари за секои 10 грама тежина на пратката, која ќе се пресметува како дополнителна цена и ќе се додава на цената за основната услуга. За земјите од Европа, цената за оваа услуга останува четири денари на секои 10 грама тежина на пратката.

Потребата од зголемување на цените, како што стои во образложението од Агенцијата за пошти, е оправдано од неколку причини – некои од постојните цени на основните и дополнителните услуги во меѓународниот сообраќај како писмо и поштенска картичка се во примена повеќе од 20 години, додека цените на нестандардизираното писмо, печатени работи и мали пакети, препорачано ракување и ракување со писмо, не се сменети шест години, а трошоците за нивно обезбедување се зголемени.

Во образложението се наведува и дека вака зголемените цени на поштенските услуги се меѓу пониските во регионот и дека се во рамки на просекот со земјите од регионот.

The post Поскапуваат цените за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети што се праќаат преку Пошта appeared first on Република.

]]>

Нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај се во сила од денеска. Новите цени се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети. За стандардизираното писмо, поштенската услуга ќе чини 42 денари, а исто толку ќе чини и за поштенската картичка. Поштенската услуга за нестандардизираното писмо до 20 грама во соседните држави и во земјите од Европа, кои се во втора зона, од септември ќе биде 42 денари, а за останатите држави од Европа, кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 45 денари. За препорачаните писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена која ќе се додава на цената за основната услуга. Кај малите пакети до 100 грама, доколку се праќаат во соседните држави и во земјите од Европа од втора зона ќе се плаќа поштенска услуга од 105 денари, а за останатите европски држави кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 120 денари. За најголемите пакети од 1000 до 2000 грама, цената на поштенската услуга за соседните држави и за Европа, втора зона, ќе биде 1.115 денари, додека за останатите европски држави, Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот ќе биде 1.285 денари. За печатени книги, весници и списанија до 20 грама, поштенската услуга за соседните држави и Европа, втора зона, ќе биде 37 денари, а за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 39 денари. За пратка со печатени книги, весници и списанија кои тежат од 1000 до 2000 грама, ќе се плаќа поштенска услуга од 1.112 денари за соседните држави и Европа, втора зона, додека за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави во светот 1.265 денари… За авионски превоз за писмо, поштенска картичка, печатени работи, мали пакети и секограми (сите видови печатени работи за слепи) за Австралија и Нов Заланд и за останатите земји во светот, цената ќе биде по 6 денари за секои 10 грама тежина на пратката, која ќе се пресметува како дополнителна цена и ќе се додава на цената за основната услуга. За земјите од Европа, цената за оваа услуга останува четири денари на секои 10 грама тежина на пратката. Потребата од зголемување на цените, како што стои во образложението од Агенцијата за пошти, е оправдано од неколку причини – некои од постојните цени на основните и дополнителните услуги во меѓународниот сообраќај како писмо и поштенска картичка се во примена повеќе од 20 години, додека цените на нестандардизираното писмо, печатени работи и мали пакети, препорачано ракување и ракување со писмо, не се сменети шест години, а трошоците за нивно обезбедување се зголемени. Во образложението се наведува и дека вака зголемените цени на поштенските услуги се меѓу пониските во регионот и дека се во рамки на просекот со земјите од регионот.  

The post Поскапуваат цените за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети што се праќаат преку Пошта appeared first on Република.

]]>
Од септември нови цени на дел од поштенските услуги https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-septemvri-novi-tseni-na-del-od-poshtenskite-uslugi/ Fri, 18 Aug 2023 11:56:21 +0000 https://republika.mk/?p=673405

Од први септември се воведуваат нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај. Новите цени се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети.

За стандардизираното писмо, поштенската услуга ќе чини 42 денари, а исто толку ќе чини и за поштенската картичка.

Поштенската услуга за нестандардизираното писмо до 20 грама во соседните држави и во земјите од Европа, кои се во втора зона, од септември ќе биде 42 денари, а за останатите држави од Европа, кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 45 денари.

За препорачаните писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена која ќе се додава на цената за основната услуга.

Кај малите пакети до 100 грама, доколку се праќаат во соседните држави и во земјите од Европа од втора зона ќе се плаќа поштенска услуга од 105 денари, а за останатите европски држави кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 120 денари. За најголемите пакети од 1000 до 2000 грама, цената на поштенската услуга за соседните држави и за Европа, втора зона, ќе биде 1.115 денари, додека за останатите европски држави, Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот ќе биде 1.285 денари.

За печатени книги, весници и списанија до 20 грама, поштенската услуга за соседните држави и Европа, втора зона, ќе биде 37 денари, а за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 39 денари. За пратка со печатени книги, весници и списанија кои тежат од 1000 до 2000 грама, ќе се плаќа поштенска услуга од 1.112 денари за соседните држави и Европа, втора зона, додека за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави во светот 1.265 денари...

За авионски превоз за писмо, поштенска картичка, печатени работи, мали пакети и секограми (сите видови печатени работи за слепи)  за Австралија и Нов Заланд и за останатите земји во светот, цената ќе биде по 6 денари за секои 10 грама тежина на пратката, која ќе се пресметува како дополнителна цена и ќе се додава на цената за основната услуга. За земјите од Европа, цената за оваа услуга останува четири денари на секои 10 грама тежина на пратката.

Потребата од зголемување на цените, како што стои во образложението од Агенцијата за пошти, е оправдано од неколку причини - некои од постојните цени на основните и дополнителните услуги во меѓународниот сообраќај како писмо и поштенска картичка се во примена повеќе од 20 години, додека цените на нестандардизираното писмо, печатени работи и мали пакети, препорачано ракување и ракување со писмо, не се сменети шест години, а трошоците за нивно обезбедување се зголемени.

Во образложението се наведува и дека вака зголемените цени на поштенските услуги се меѓу пониските во регионот и дека се во рамки на просекот со земјите од регионот.

The post Од септември нови цени на дел од поштенските услуги appeared first on Република.

]]>

Од први септември се воведуваат нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај. Новите цени се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети.
За стандардизираното писмо, поштенската услуга ќе чини 42 денари, а исто толку ќе чини и за поштенската картичка. Поштенската услуга за нестандардизираното писмо до 20 грама во соседните држави и во земјите од Европа, кои се во втора зона, од септември ќе биде 42 денари, а за останатите држави од Европа, кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 45 денари. За препорачаните писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена која ќе се додава на цената за основната услуга. Кај малите пакети до 100 грама, доколку се праќаат во соседните држави и во земјите од Европа од втора зона ќе се плаќа поштенска услуга од 105 денари, а за останатите европски држави кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 120 денари. За најголемите пакети од 1000 до 2000 грама, цената на поштенската услуга за соседните држави и за Европа, втора зона, ќе биде 1.115 денари, додека за останатите европски држави, Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот ќе биде 1.285 денари. За печатени книги, весници и списанија до 20 грама, поштенската услуга за соседните држави и Европа, втора зона, ќе биде 37 денари, а за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 39 денари. За пратка со печатени книги, весници и списанија кои тежат од 1000 до 2000 грама, ќе се плаќа поштенска услуга од 1.112 денари за соседните држави и Европа, втора зона, додека за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави во светот 1.265 денари... За авионски превоз за писмо, поштенска картичка, печатени работи, мали пакети и секограми (сите видови печатени работи за слепи)  за Австралија и Нов Заланд и за останатите земји во светот, цената ќе биде по 6 денари за секои 10 грама тежина на пратката, која ќе се пресметува како дополнителна цена и ќе се додава на цената за основната услуга. За земјите од Европа, цената за оваа услуга останува четири денари на секои 10 грама тежина на пратката. Потребата од зголемување на цените, како што стои во образложението од Агенцијата за пошти, е оправдано од неколку причини - некои од постојните цени на основните и дополнителните услуги во меѓународниот сообраќај како писмо и поштенска картичка се во примена повеќе од 20 години, додека цените на нестандардизираното писмо, печатени работи и мали пакети, препорачано ракување и ракување со писмо, не се сменети шест години, а трошоците за нивно обезбедување се зголемени. Во образложението се наведува и дека вака зголемените цени на поштенските услуги се меѓу пониските во регионот и дека се во рамки на просекот со земјите од регионот.

The post Од септември нови цени на дел од поштенските услуги appeared first on Република.

]]>
Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а Бујаре Абази ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“ https://republika.mk/vesti/makedonija/surija-rashidi-ke-bide-predlog-za-direktor-na-mepso-a-bujare-abazi-ke-bide-novata-direktorka-na-makedonski-poshti/ Tue, 07 Mar 2023 11:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=616833

Пратеникот Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а поранешната заменичка на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, Бујаре Абази ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“, потврдуваат од Алијанса за Албанците.

Рашиди за директор на МЕПСО ќе дојде на местото на Орхан Муртезани од редовите на Алтернатива, откако таа партија излезе од Владата. Нов пратеник од Алијанса за Албанците, на местото на Рашиди ќе биде Ремзи Мехмеди од Кичево.

Додека, пак, Абази на директорската позиција ќе го смени Васко Стефанов, откако Алијанса за Албанците стана владин партнер. Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците.

Со реконструкцијата на Владата, Алијансата за Албананците ги доби и министерствата за правда, за здравство и за информатичко општество и администрација со кои раководат Кренар Лога, Фатмир Меџити и Азир Алиу. Кадри на Алијансата за Албанците се поставени и на заменичките места во Министерството за одбрана Тирон Јајага и заменик министер во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – Вјолца Бериша.

The post Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а Бујаре Абази ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“ appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а поранешната заменичка на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, Бујаре Абази ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“, потврдуваат од Алијанса за Албанците. Рашиди за директор на МЕПСО ќе дојде на местото на Орхан Муртезани од редовите на Алтернатива, откако таа партија излезе од Владата. Нов пратеник од Алијанса за Албанците, на местото на Рашиди ќе биде Ремзи Мехмеди од Кичево. Додека, пак, Абази на директорската позиција ќе го смени Васко Стефанов, откако Алијанса за Албанците стана владин партнер. Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците. Со реконструкцијата на Владата, Алијансата за Албананците ги доби и министерствата за правда, за здравство и за информатичко општество и администрација со кои раководат Кренар Лога, Фатмир Меџити и Азир Алиу. Кадри на Алијансата за Албанците се поставени и на заменичките места во Министерството за одбрана Тирон Јајага и заменик министер во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – Вјолца Бериша.

The post Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а Бујаре Абази ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“ appeared first on Република.

]]>
Синдикатот на Пошта бара средба со Влада – во спротивно вработените излегуваат на улиците https://republika.mk/vesti/makedonija/sindikatot-na-poshta-bara-sredba-so-vlada-vo-sprotivno-vrabotenite-izleguvaat-na-ulitsite/ Mon, 20 Feb 2023 12:35:18 +0000 https://republika.mk/?p=611058

Синдикатот на Македонска пошта бара итна средба со Министерството за транспорт и врски и Владата за состојбите во претпријатието кое, како што велат, е во тешка финансиска ситуација, се соочува со загуби во работењето и ризици за редовна исплата на платата.

Доколку во рок од пет дена не се одржи средба, синдикалното раководство најави дека ќе ги преземе сите законски мерки и механизми за заштита на правата на работниците со организација на протести и штрајкови. Повторно апелира генералниот директор на Пошта да го стопира огласот за 31 ново вработување во администрацијата на претпријатието, што сметаат дека е економски неиздржано и  во постојните финансискси услови.

Стравуваме како вработени за натамошната иднина на друштвото, како и редовната исплата на плата за наредниот период со оглед на фактот дека платата за јануари ја земавме на 17-ти месецов по истекот на законскиот рок. И покрај тоа што Македонска пошта се соочува со сериозни проблеми со целокупното работење генералниот директор распиша оглас за нови 31 вработување во администрцијата. Тие вработувања во оваа ситуација се непотребни со оглед на фактот дека во тој дел имаме превработеност,  а тоа може да се направи со прераспоредување на работни места со цел поголема продуктивност и подобри услуги кон граѓаните, рече на прес-конференција Велигденов, посочувајќи дека нови вработувања се потребни во технолошкиот процес, односно на поштари, шалтерски и работници во оператива, каде немаат доволно кадар.

Според Велигденов, не е преземено ништо за спроведување на трипартитниот меморандум за соработка  потпишан   протестот во октомври лани, што го организираше Синдикатит. Тогаш со раководството и Владата беа договорени активности за внатрешни реформи, со нова систематизација и реорганизација на работењето особено во делот на обезбедување услови  и средства за работа, како и потпишување колективен договор.

Во Пошта, информираше Велигденов, моментно работат над 2000 вработени, а вкупната бројка во последните пет години се намалува и претходно изнесуваше 2200. Проблемот, вели тој, е старосната структура, 65 проценти се над 55 години и заминуваат во пензија. Над 90 проценти од нив се во технолошкиот процес каде имаме сериозни проблеми во работењето.

Наместо да се сконцентрираме да ги подобриме услугите односно да обезбедиме поквалитетна работа, преземаме непотребни чекори со новите вработувања. Платата за јануари е со задоцнување со заеми, генерираме намалени приходи, работиме со загуба, и стравуваме како ќе обезведиме средства за редовна плата за наредниот период, рече Велигденов, посочувајќи дека според негови информации платата за јануари била исплатена со помош на заем земен од Халк банка.

Со договорот по протестот во октомври лани, што следуваше по неисплатената плата за септември, е предвидено платите да се исплаќаат во законски предвидениот рок, до 15-ти во месецот. Исто така со одлука на Владата државните институции добија задолжение  да ги користат услугите на АД „Пошти“, како и дека ќе почне процес на реорганизација, рационализација и оптимизација на работењето претпријатието, што ќе трае до 31 декември 2022 година и ќе се следи од Владата.

Националната Пошта има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до 31 декември година, откако со законски измени повторно и беше вратена монополската позиција во тој сегмент од пазарот.

Од почетокот на месецов се во сила нови цени за осум поштенски услуги на државното претпријатие. Зголемување на цените има за стандардизирано и за нестандардизирано писмо до 50 грама за што наместо 25 денари ќе се плаќа 36 денари, за стандардизирана картичка до 50 грама – 16 денари, за нестандардизирано писмо oд 50 до 100 грама – 48 денари, а за нестандардизирано писмо од 100 до 250 грама – 60 денари. Пониски се цените за гломазно писмо над 250 до 500 грама (80 денари), за гломазно писмо од 500 до 1.000 грама (128 денари), како и за гломазно писмо над 1.000 до 2.000 грама (176 денари), се наведува во решението од Агенцијата за пошти.

The post Синдикатот на Пошта бара средба со Влада – во спротивно вработените излегуваат на улиците appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на Македонска пошта бара итна средба со Министерството за транспорт и врски и Владата за состојбите во претпријатието кое, како што велат, е во тешка финансиска ситуација, се соочува со загуби во работењето и ризици за редовна исплата на платата. Доколку во рок од пет дена не се одржи средба, синдикалното раководство најави дека ќе ги преземе сите законски мерки и механизми за заштита на правата на работниците со организација на протести и штрајкови. Повторно апелира генералниот директор на Пошта да го стопира огласот за 31 ново вработување во администрацијата на претпријатието, што сметаат дека е економски неиздржано и  во постојните финансискси услови.
Стравуваме како вработени за натамошната иднина на друштвото, како и редовната исплата на плата за наредниот период со оглед на фактот дека платата за јануари ја земавме на 17-ти месецов по истекот на законскиот рок. И покрај тоа што Македонска пошта се соочува со сериозни проблеми со целокупното работење генералниот директор распиша оглас за нови 31 вработување во администрцијата. Тие вработувања во оваа ситуација се непотребни со оглед на фактот дека во тој дел имаме превработеност,  а тоа може да се направи со прераспоредување на работни места со цел поголема продуктивност и подобри услуги кон граѓаните, рече на прес-конференција Велигденов, посочувајќи дека нови вработувања се потребни во технолошкиот процес, односно на поштари, шалтерски и работници во оператива, каде немаат доволно кадар.
Според Велигденов, не е преземено ништо за спроведување на трипартитниот меморандум за соработка  потпишан   протестот во октомври лани, што го организираше Синдикатит. Тогаш со раководството и Владата беа договорени активности за внатрешни реформи, со нова систематизација и реорганизација на работењето особено во делот на обезбедување услови  и средства за работа, како и потпишување колективен договор. Во Пошта, информираше Велигденов, моментно работат над 2000 вработени, а вкупната бројка во последните пет години се намалува и претходно изнесуваше 2200. Проблемот, вели тој, е старосната структура, 65 проценти се над 55 години и заминуваат во пензија. Над 90 проценти од нив се во технолошкиот процес каде имаме сериозни проблеми во работењето.
Наместо да се сконцентрираме да ги подобриме услугите односно да обезбедиме поквалитетна работа, преземаме непотребни чекори со новите вработувања. Платата за јануари е со задоцнување со заеми, генерираме намалени приходи, работиме со загуба, и стравуваме како ќе обезведиме средства за редовна плата за наредниот период, рече Велигденов, посочувајќи дека според негови информации платата за јануари била исплатена со помош на заем земен од Халк банка.
Со договорот по протестот во октомври лани, што следуваше по неисплатената плата за септември, е предвидено платите да се исплаќаат во законски предвидениот рок, до 15-ти во месецот. Исто така со одлука на Владата државните институции добија задолжение  да ги користат услугите на АД „Пошти“, како и дека ќе почне процес на реорганизација, рационализација и оптимизација на работењето претпријатието, што ќе трае до 31 декември 2022 година и ќе се следи од Владата. Националната Пошта има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до 31 декември година, откако со законски измени повторно и беше вратена монополската позиција во тој сегмент од пазарот. Од почетокот на месецов се во сила нови цени за осум поштенски услуги на државното претпријатие. Зголемување на цените има за стандардизирано и за нестандардизирано писмо до 50 грама за што наместо 25 денари ќе се плаќа 36 денари, за стандардизирана картичка до 50 грама – 16 денари, за нестандардизирано писмо oд 50 до 100 грама – 48 денари, а за нестандардизирано писмо од 100 до 250 грама – 60 денари. Пониски се цените за гломазно писмо над 250 до 500 грама (80 денари), за гломазно писмо од 500 до 1.000 грама (128 денари), како и за гломазно писмо над 1.000 до 2.000 грама (176 денари), се наведува во решението од Агенцијата за пошти.

The post Синдикатот на Пошта бара средба со Влада – во спротивно вработените излегуваат на улиците appeared first on Република.

]]>
Поштенската испорака на сметки и фактурири доцни – граѓаните плаќаат камати https://republika.mk/vesti/ekonomija/poshtenskata-isporaka-ba-smetki-i-fakturiri-dotsni-graganite-plakaat-kamati/ Sun, 12 Feb 2023 08:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=607918

Задоцнетата испорака на фактурите по разни основи на граѓаните кои избирале да ги добиваат во хартиена форма ги чини дополнителен износ на сметките поради плаќање камата, како и трошење време за административни процедури за „поправање“ на состојбата. Решение за тој хроничен проблем според компаниите и регулаторите е зголемена информираност на граѓаните за опциите што им се на раслогање и користење онлајн услуги.

За испораката на фактурите преку поштенско сандаче секоја компанија има посебен пристап, преку сопствени инкасанти или преку националната Пошта, како носител на универзалната услуга со монополска позиција во испораката на тој тип услуги.

Од телекомуникацискиот оператор А1 Македонија велат дека редовно ги пријавуават поплаките за доставата на фактурите.

Поплаките т.е. приговорите за проблемите поврзани со достава на фактурите во печатена форма се пријавуваат редовно до давателот на услуги за достава - Пошта на Македонија електронски по договорен канал, велат за МИА од А1 Македонија.

Опциите за достава на месечните фактури за комуникациски услуги до корисниците на А1 Македонија се во хартиена форма или електронски.  Доставата на фактурите до корисниците не се наплаќа т.е. е бесплатна. Електронските фактури се достапни до крајните корисници по електронска пошта или со бесплатно преземање преку активен линк, кој им се испраќа по пат на СМС.

Од ЕВН Македонија посочуваат дека долги години промовираат многубројни онлајн услуги наменети за корисниците, од што дел е и електронската достава на фактурите.

На страницата evnonline.mk на многу брз и едноставен начин корисниците може да се регистрираат за добивање на фактурите за електрична енергија по електронски пат или да креираат кориснички профил „Мој ЕВН Хоме“ и во секое време да бидат во можност да преземат фактури. Со овие услуги фактурите ќе ги добиваат навремено и ќе го избегнуваат моментот на нивното недобивање, велат од ЕВН Македонија за МИА.

За добивање фактура корисниците може да се обратат и во корисничките енерго центри, Контакт центарот на ЕВН Македонија и во Инфо центарот на ЕВН во ГТЦ во Скопје. Компанијата располага со повеќе решенија за плаќање кои корисниците може да ги користат: онлајн плаќање без провизија преку веб страната evnonline.mk,  безготовинско плаќање без провизија, преку терминалите на ЕВН поставени во Корисничките енерго центри и Инфо центарот на ЕВН во ГТЦ, електронско плаќање без провизија, користење на траен налог и плаќање во пошта и банки.

Од ЈП Водовод и канализација Скопје, пак, доставата на фактурите ја вршат преку свои инкасанти и тврдат дека има минорни поплаки.

За секоја поплака или рекламација на корисник, усно на шалтерите, телефонски или во електронска форма, според прес-службата на претпријатието, веднаш се реагира и доколку има потреба се доставуваат копии од фактурите. Каматата поради ненавремено подмирување на фактурите се пресметува согласно законските нормативи.

Секој корисник на нашите услуги доколку не добие навремено фактура има обврска да го извести ЈП Водовод и канализација-Скопје. Ние како компанија која е сервис на граѓаните веднаш интервенираме. Сакаме да напоменеме дека минорни се поплаките за нередовна достава на фактурите, а како компанија овозможуваме и електронска достава на фактурите, со што е овозможено и брзо и лесно подмирување на фактурите без пресметка на провизија. Овој начин на достава на фактурите веќе го користат над 50.000 корисници на нашите услуги, посочуваат за МИА од ЈП Водовод и канализација.

Оттаму апелираат до корисниците доколку имаат проблем со достава на фактурите да се обратат до нивните служби на телефонскиот број или електронската пошта и потенцираат дека остануават отворени за соработка и решавање на сите состојби кои се во нивна надлежност.

Откако „ЕСМ снабдување со топлина“ ја доби лиценцата за снабдување со топлинска енергија на подрачјето на градот Скопје и започна со издавање фактури за своите потрошувачи, склучи договор со АД Пошта на Македонија за соработка и достава на поштенски пратки и испорака на фактури за топлинска енергија до потрошувачите кои тоа го навеле при потпишување на договорот за снабдување.

Во изминатиот период нема реакции за задоцнета испорака на фактурите за парно греење испратени преку АД Пошта до потрошувачите, велат за МИА од „ЕСМ снабдување со топлина“.

Фактурите за топлинска енергија се доставуваат до потрошувачите во еден примерок, на еден од следните начини: по електронска пошта, со услугата „е-фактура“ по претходна согласност од потрошувачите кои ја активирале услугата „е-фактура“ со достава на „формулар е-фактура” по електронска пошта [email protected] или во Пункт за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина, како и во поштенско сандаче во печатена форма.

Од Пошта на РСМ не одговориле на прашањата што ги упатиле од МИА во однос на поплаките  од граѓаните за ненавремена испорака на фактури, како и бројот на поднесени рекламации по тој основ. Тие од 1 февруари  применуваат нови цени за осум поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај во опфатот на универзалната услуга  каде имаат монополска позиција. Зголемување на цените има за стандардизирано и за нестандардизирано писмо до 50 грама за што наместо 25 денари се плаќа 36 денари, за стандардизирана картичка до 50 грама – 16 денари, за нестандардизирано писмо oд 50 до 100 грама – 48 денари, а за нестандардизирано писмо од 100 до 250 грама – 60 денари.

Поплаките на кои алармираат граѓаните не се пресликуваат во официјалната статистика со поднесени барања кај регулаторните тела на пазарите за електронски комуникации и за поштенски услуги, кои имаат имаат утврдени правила за постапување во случај на ненавремена испорака.

Во Агенцијата за пошти (АП) изминатата година корисниците на поштенски услуги поднеле 29 претставки и два управни приговора, што во споредба со 2021 година бележи намалување, кога во Агенцијата биле поднесени 49 претставки и 2 приговора.

Овој податок ни укажува дека сепак корисниците за одредени прашања и проблеми поврзани со доставата на пратките, успеваат да добијат одговор и да најдат заедничко решение со давателите на поштенските услуги во прва инстанца, велат од АП.

Во првото полугодие од 2022 година, до давателот на универзалната услуга АД Пошта биле поднесени 273 рекламации, наспроти 458 во првото полугодие од 2021 година. Кај давателот на универзалната услуга, 99,63 проценти од рекламациите се однесувале за изгубени препорачани писма.

Од АП ги поттикнуваат корисниците на поштенски услуги доколку имаат основани забелешки за услугата која ја користеле, да го искористат своето законско право, и да поднесат писмена рекламација до давателот кој ја обезбедувал поштенската услуга.

Во статистиката која ја води Агенцијата за електронски комуникаци во делот барање за решавање на спор, досега не е забележен случај на приговори од корисници, каде  основ за приговор е ненавремена или воопшто недоставена фактура.

 Во случај кога до АЕК би пристигнало такво барање Агенцијата има обврска да ги утврдува сите факти и околности и решава во рамки на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) и Правилникот за видот и содржината на податоците и информациите за општите услови во однос на пристапот и користењето на јавните комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите и за видот и содржината на податоците што ке ги објавува АЕК.

Во Правилникот е утврдена формата и начинот на информирање и комуникација со претплатниците, како и дека „доставувањето на писменото може да се врши и во електронска форма, доколку операторот има потврдена еmail адреса од претплатникот преку која ќе се врши доставата“. Дополнително во член 17 од Правилник со кој е уредена фактурата и начинот на плаќање, е утврдено дека: операторот треба на своите претплатници, да им издава фактура во пишана форма и оти доставата е согласно Законот за данокот на додадена вредност.

Непримањето на фактурата или непоседувањето од која и да било причина не го ослободува претплатникот од обврската да го плати износот што го должи во предвидениот рок, односно претплатникот треба сам да ја побара фактурата, доколку не ја примил на време. Во случај на ненавремено плаќање, операторот има право да пресметува законска казнена камата од денот кога претплатникот задоцнил со плаќањето, објаснуваат од АЕК.

The post Поштенската испорака на сметки и фактурири доцни – граѓаните плаќаат камати appeared first on Република.

]]>

Задоцнетата испорака на фактурите по разни основи на граѓаните кои избирале да ги добиваат во хартиена форма ги чини дополнителен износ на сметките поради плаќање камата, како и трошење време за административни процедури за „поправање“ на состојбата. Решение за тој хроничен проблем според компаниите и регулаторите е зголемена информираност на граѓаните за опциите што им се на раслогање и користење онлајн услуги. За испораката на фактурите преку поштенско сандаче секоја компанија има посебен пристап, преку сопствени инкасанти или преку националната Пошта, како носител на универзалната услуга со монополска позиција во испораката на тој тип услуги. Од телекомуникацискиот оператор А1 Македонија велат дека редовно ги пријавуават поплаките за доставата на фактурите.
Поплаките т.е. приговорите за проблемите поврзани со достава на фактурите во печатена форма се пријавуваат редовно до давателот на услуги за достава - Пошта на Македонија електронски по договорен канал, велат за МИА од А1 Македонија.
Опциите за достава на месечните фактури за комуникациски услуги до корисниците на А1 Македонија се во хартиена форма или електронски.  Доставата на фактурите до корисниците не се наплаќа т.е. е бесплатна. Електронските фактури се достапни до крајните корисници по електронска пошта или со бесплатно преземање преку активен линк, кој им се испраќа по пат на СМС. Од ЕВН Македонија посочуваат дека долги години промовираат многубројни онлајн услуги наменети за корисниците, од што дел е и електронската достава на фактурите.
На страницата evnonline.mk на многу брз и едноставен начин корисниците може да се регистрираат за добивање на фактурите за електрична енергија по електронски пат или да креираат кориснички профил „Мој ЕВН Хоме“ и во секое време да бидат во можност да преземат фактури. Со овие услуги фактурите ќе ги добиваат навремено и ќе го избегнуваат моментот на нивното недобивање, велат од ЕВН Македонија за МИА.
За добивање фактура корисниците може да се обратат и во корисничките енерго центри, Контакт центарот на ЕВН Македонија и во Инфо центарот на ЕВН во ГТЦ во Скопје. Компанијата располага со повеќе решенија за плаќање кои корисниците може да ги користат: онлајн плаќање без провизија преку веб страната evnonline.mk,  безготовинско плаќање без провизија, преку терминалите на ЕВН поставени во Корисничките енерго центри и Инфо центарот на ЕВН во ГТЦ, електронско плаќање без провизија, користење на траен налог и плаќање во пошта и банки. Од ЈП Водовод и канализација Скопје, пак, доставата на фактурите ја вршат преку свои инкасанти и тврдат дека има минорни поплаки. За секоја поплака или рекламација на корисник, усно на шалтерите, телефонски или во електронска форма, според прес-службата на претпријатието, веднаш се реагира и доколку има потреба се доставуваат копии од фактурите. Каматата поради ненавремено подмирување на фактурите се пресметува согласно законските нормативи.
Секој корисник на нашите услуги доколку не добие навремено фактура има обврска да го извести ЈП Водовод и канализација-Скопје. Ние како компанија која е сервис на граѓаните веднаш интервенираме. Сакаме да напоменеме дека минорни се поплаките за нередовна достава на фактурите, а како компанија овозможуваме и електронска достава на фактурите, со што е овозможено и брзо и лесно подмирување на фактурите без пресметка на провизија. Овој начин на достава на фактурите веќе го користат над 50.000 корисници на нашите услуги, посочуваат за МИА од ЈП Водовод и канализација.
Оттаму апелираат до корисниците доколку имаат проблем со достава на фактурите да се обратат до нивните служби на телефонскиот број или електронската пошта и потенцираат дека остануават отворени за соработка и решавање на сите состојби кои се во нивна надлежност. Откако „ЕСМ снабдување со топлина“ ја доби лиценцата за снабдување со топлинска енергија на подрачјето на градот Скопје и започна со издавање фактури за своите потрошувачи, склучи договор со АД Пошта на Македонија за соработка и достава на поштенски пратки и испорака на фактури за топлинска енергија до потрошувачите кои тоа го навеле при потпишување на договорот за снабдување.
Во изминатиот период нема реакции за задоцнета испорака на фактурите за парно греење испратени преку АД Пошта до потрошувачите, велат за МИА од „ЕСМ снабдување со топлина“.
Фактурите за топлинска енергија се доставуваат до потрошувачите во еден примерок, на еден од следните начини: по електронска пошта, со услугата „е-фактура“ по претходна согласност од потрошувачите кои ја активирале услугата „е-фактура“ со достава на „формулар е-фактура” по електронска пошта [email protected] или во Пункт за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина, како и во поштенско сандаче во печатена форма. Од Пошта на РСМ не одговориле на прашањата што ги упатиле од МИА во однос на поплаките  од граѓаните за ненавремена испорака на фактури, како и бројот на поднесени рекламации по тој основ. Тие од 1 февруари  применуваат нови цени за осум поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај во опфатот на универзалната услуга  каде имаат монополска позиција. Зголемување на цените има за стандардизирано и за нестандардизирано писмо до 50 грама за што наместо 25 денари се плаќа 36 денари, за стандардизирана картичка до 50 грама – 16 денари, за нестандардизирано писмо oд 50 до 100 грама – 48 денари, а за нестандардизирано писмо од 100 до 250 грама – 60 денари. Поплаките на кои алармираат граѓаните не се пресликуваат во официјалната статистика со поднесени барања кај регулаторните тела на пазарите за електронски комуникации и за поштенски услуги, кои имаат имаат утврдени правила за постапување во случај на ненавремена испорака. Во Агенцијата за пошти (АП) изминатата година корисниците на поштенски услуги поднеле 29 претставки и два управни приговора, што во споредба со 2021 година бележи намалување, кога во Агенцијата биле поднесени 49 претставки и 2 приговора.
Овој податок ни укажува дека сепак корисниците за одредени прашања и проблеми поврзани со доставата на пратките, успеваат да добијат одговор и да најдат заедничко решение со давателите на поштенските услуги во прва инстанца, велат од АП.
Во првото полугодие од 2022 година, до давателот на универзалната услуга АД Пошта биле поднесени 273 рекламации, наспроти 458 во првото полугодие од 2021 година. Кај давателот на универзалната услуга, 99,63 проценти од рекламациите се однесувале за изгубени препорачани писма. Од АП ги поттикнуваат корисниците на поштенски услуги доколку имаат основани забелешки за услугата која ја користеле, да го искористат своето законско право, и да поднесат писмена рекламација до давателот кој ја обезбедувал поштенската услуга.

Во статистиката која ја води Агенцијата за електронски комуникаци во делот барање за решавање на спор, досега не е забележен случај на приговори од корисници, каде  основ за приговор е ненавремена или воопшто недоставена фактура.

 Во случај кога до АЕК би пристигнало такво барање Агенцијата има обврска да ги утврдува сите факти и околности и решава во рамки на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) и Правилникот за видот и содржината на податоците и информациите за општите услови во однос на пристапот и користењето на јавните комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите и за видот и содржината на податоците што ке ги објавува АЕК.

Во Правилникот е утврдена формата и начинот на информирање и комуникација со претплатниците, како и дека „доставувањето на писменото може да се врши и во електронска форма, доколку операторот има потврдена еmail адреса од претплатникот преку која ќе се врши доставата“. Дополнително во член 17 од Правилник со кој е уредена фактурата и начинот на плаќање, е утврдено дека: операторот треба на своите претплатници, да им издава фактура во пишана форма и оти доставата е согласно Законот за данокот на додадена вредност.

Непримањето на фактурата или непоседувањето од која и да било причина не го ослободува претплатникот од обврската да го плати износот што го должи во предвидениот рок, односно претплатникот треба сам да ја побара фактурата, доколку не ја примил на време. Во случај на ненавремено плаќање, операторот има право да пресметува законска казнена камата од денот кога претплатникот задоцнил со плаќањето, објаснуваат од АЕК.

The post Поштенската испорака на сметки и фактурири доцни – граѓаните плаќаат камати appeared first on Република.

]]>
Пошта има нови цени https://republika.mk/vesti/ekonomija/poshta-ima-novi-tseni/ Wed, 25 Jan 2023 11:23:23 +0000 https://republika.mk/?p=600827

Од 1 февруари поскапуваат стандардните поштенски услуги во внатрешниот сообраќај на АД Пошта со одобрение од Агенцијата за пошти како регулаторно тело. Регулираниот поштенски оператор веќе го објави новиот ценовник на својата веб-страница.

Писмото до 50 грама од 25 денари од следната среда поскапува на 36 денари. И препорачаната цена поскапува и таа сега изнесува 90 денари – цена што е многу повисока од претходната. Писмото до 100 грама сега наместо 34 денари, ќе биде 48 денари. Поскапуваат и писмата до 250 грама од 48 на 60 денари.

Се зголемуваат и цените на услугата препорачано. Се намалува цената на писмата од 250 до 2.000 грама. Поскапува поштенската картичка од 9 на 16 денари. Се укинува и цената од првата зона за испраќање пакети и ќе важат само цените од втората зона.

Од Агенцијата за пошти велат дека профитната маржа на АД Пошти со зголемувањето на цените и натаму ќе биде 1 отсто и дека ценовникот не е променет од 2009.

Овие услуги биле секаде поскапи во регионот, освен некои во Србија. При одобрувањето на новиот ценовник биле земени во предвид инфлацијата, зголемените трошоци за струја од над 40 отсто, на гориво од 30 отсто и потребата од стабилни плати во АД Пошта.

Од таму велат дека Пошта се соочува со тешкотии во своето работење од 2020 и дека просекот на поскапување на сите услуги чии цени се зголемуваат е 6,28 отсто. Досега неколку јавни претпријатија и агенции ги поскапеа цените на своите услуги и производи.

The post Пошта има нови цени appeared first on Република.

]]>

Од 1 февруари поскапуваат стандардните поштенски услуги во внатрешниот сообраќај на АД Пошта со одобрение од Агенцијата за пошти како регулаторно тело. Регулираниот поштенски оператор веќе го објави новиот ценовник на својата веб-страница. Писмото до 50 грама од 25 денари од следната среда поскапува на 36 денари. И препорачаната цена поскапува и таа сега изнесува 90 денари – цена што е многу повисока од претходната. Писмото до 100 грама сега наместо 34 денари, ќе биде 48 денари. Поскапуваат и писмата до 250 грама од 48 на 60 денари. Се зголемуваат и цените на услугата препорачано. Се намалува цената на писмата од 250 до 2.000 грама. Поскапува поштенската картичка од 9 на 16 денари. Се укинува и цената од првата зона за испраќање пакети и ќе важат само цените од втората зона. Од Агенцијата за пошти велат дека профитната маржа на АД Пошти со зголемувањето на цените и натаму ќе биде 1 отсто и дека ценовникот не е променет од 2009. Овие услуги биле секаде поскапи во регионот, освен некои во Србија. При одобрувањето на новиот ценовник биле земени во предвид инфлацијата, зголемените трошоци за струја од над 40 отсто, на гориво од 30 отсто и потребата од стабилни плати во АД Пошта. Од таму велат дека Пошта се соочува со тешкотии во своето работење од 2020 и дека просекот на поскапување на сите услуги чии цени се зголемуваат е 6,28 отсто. Досега неколку јавни претпријатија и агенции ги поскапеа цените на своите услуги и производи.  

The post Пошта има нови цени appeared first on Република.

]]>
Во Пошта немало бомба, пријавата е лажна https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-poshta-nemalo-bomba-prijavata-e-lazhna/ Thu, 29 Dec 2022 14:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=591527

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава од објект на Пошта на Македонија во Скопје по добиена порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, информираат од МВР.

The post Во Пошта немало бомба, пријавата е лажна appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава од објект на Пошта на Македонија во Скопје по добиена порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, информираат од МВР.

The post Во Пошта немало бомба, пријавата е лажна appeared first on Република.

]]>
Вратен монополот на „Пошта“, испраќање писмо преку други фирми мора да биде поскапо https://republika.mk/vesti/ekonomija/vraten-monopolot-na-poshta-isprakjanje-pismo-preku-drugi-firmi-mora-da-bide-poskapo/ Wed, 02 Nov 2022 10:47:41 +0000 https://republika.mk/?p=568718

Агенцијата за пошти објави дека повторно е вратен ценовниот монопол за услугите за писма до 50 грама, кој е воспоставен со закон во корист на давателот на универзалната услуга А.Д. „Пошта на Македонија" во државна сопственост – Скопје, која за услугата има регулирана цена од 25 денари по писмо, одобрена од регулаторот. На oстанатите лиценцирани даватели на ваква услуга цената мора да им биде за два и пол пати повисока.

Тоа значи дека лиценцираните даватели на поштенски услуги за истата поштенска услуга не смеат да наплаќаат единечна цена пониска од 62,5.денари, според цените кои се во примена од 1 март 2020 година, почнувајќи од 26 октомври 2022 година, односно, можат да ги обезбедуваат услугите од опфатот на резервираните услуги по цена која е два и половина пати повисока од цената по која давателот на универзална услуга ги обезбедува пратките за кореспонденција од стандардна категорија во првата тежинска стапка, информираат од Агенцијата за пошти во објава на нивната веб страница.

Оттаму напоменуваат дека како регулатор во повеќе наврати укажувале на последиците кои би настанале од евентуалното усвојување на Предлог на законот за изменување на Законот за поштенските услуги, како и на негативните економски ефекти од ваквите околности, врз поштенскиот сектор.

Со Законот за изменување на Законот за поштенските услуги што беше усвоен на 20 октомври, а стапи во сила од 26 октомври, се обезбеди давателот на универзалната услуга повторно да има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до крајот на 2023 година.

Пазарот на поштенските услуги беше накратко отворен за целосна конкуренција на 1 јануари минатата година, кога беше укинат поштенскиот монопол, но на 14 јули 2021 година беше воведена законска измена со која последователно се врати поштенскиот монопол. Целосно отворање на пазарот повторно се случи на 1 јануари годинава, а со последните измени на законот што стапија во сила на 26 октомври, повторно се овозможи ексклузивно право за националниот оператор за резервираните поштенски услуги.

Поради доцнење на исплатата на платата за септември, во националната „Пошта" на крајот на минатиот месец се одржа предупредувачки протест, кој беше ставен во мирување по постигнатиот договор со кој меѓу другото Министерството за транспорт се обврзало на владина седница да се стави точка на дневен ред со која се дава задолжение до сите државни институции да ги користат услугите на АД „Пошти", согласно со измените во Законот за поштенски услуги.

The post Вратен монополот на „Пошта“, испраќање писмо преку други фирми мора да биде поскапо appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за пошти објави дека повторно е вратен ценовниот монопол за услугите за писма до 50 грама, кој е воспоставен со закон во корист на давателот на универзалната услуга А.Д. „Пошта на Македонија" во државна сопственост – Скопје, која за услугата има регулирана цена од 25 денари по писмо, одобрена од регулаторот. На oстанатите лиценцирани даватели на ваква услуга цената мора да им биде за два и пол пати повисока. Тоа значи дека лиценцираните даватели на поштенски услуги за истата поштенска услуга не смеат да наплаќаат единечна цена пониска од 62,5.денари, според цените кои се во примена од 1 март 2020 година, почнувајќи од 26 октомври 2022 година, односно, можат да ги обезбедуваат услугите од опфатот на резервираните услуги по цена која е два и половина пати повисока од цената по која давателот на универзална услуга ги обезбедува пратките за кореспонденција од стандардна категорија во првата тежинска стапка, информираат од Агенцијата за пошти во објава на нивната веб страница. Оттаму напоменуваат дека како регулатор во повеќе наврати укажувале на последиците кои би настанале од евентуалното усвојување на Предлог на законот за изменување на Законот за поштенските услуги, како и на негативните економски ефекти од ваквите околности, врз поштенскиот сектор. Со Законот за изменување на Законот за поштенските услуги што беше усвоен на 20 октомври, а стапи во сила од 26 октомври, се обезбеди давателот на универзалната услуга повторно да има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до крајот на 2023 година. Пазарот на поштенските услуги беше накратко отворен за целосна конкуренција на 1 јануари минатата година, кога беше укинат поштенскиот монопол, но на 14 јули 2021 година беше воведена законска измена со која последователно се врати поштенскиот монопол. Целосно отворање на пазарот повторно се случи на 1 јануари годинава, а со последните измени на законот што стапија во сила на 26 октомври, повторно се овозможи ексклузивно право за националниот оператор за резервираните поштенски услуги. Поради доцнење на исплатата на платата за септември, во националната „Пошта" на крајот на минатиот месец се одржа предупредувачки протест, кој беше ставен во мирување по постигнатиот договор со кој меѓу другото Министерството за транспорт се обврзало на владина седница да се стави точка на дневен ред со која се дава задолжение до сите државни институции да ги користат услугите на АД „Пошти", согласно со измените во Законот за поштенски услуги.

The post Вратен монополот на „Пошта“, испраќање писмо преку други фирми мора да биде поскапо appeared first on Република.

]]>