пораки Archives - Република https://republika.mk/tema/poraki/ За подобро да се разбереме Wed, 29 May 2024 08:17:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пораки Archives - Република https://republika.mk/tema/poraki/ 32 32 Mасовни заканувачки мејлови до училишта во Атина: Пораките биле испратени од странски земји https://republika.mk/vesti/svet/masovni-zakanuvachki-mejlovi-do-uchilishta-vo-atina-porakite-bile-isprateni-od-stranski-zemji/ Wed, 29 May 2024 08:17:53 +0000 https://republika.mk/?p=782642

Голем број училишта во Атина денеска добиле мејлови со заканувачка содржина за поставена бомба, а според грчката полиција испраќачот е од странство и веројатно намерата е да се создаде вознемиреност, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, мејловите биле испратени во најмалку 35 училишта во различни делови на Атина и најверојатно зад нив стои Русин познат по фарси.

Од грчката полиција соопштија дека постоела брза мобилизација во соработка со Министерството за образование и самите училишта за спроведување соодветната контрола, додека пак Дирекцијата за борба со електронски криминал води истрага за откривање на испраќачот.

Пораката се чини дека доаѓа од земја од странство, а масовното испраќање, дури и до училишните единици кои денеска не функционираат, покажува дека целта на пораката е да создаде вознемиреност и да го разниша чувството на безбедност кај граѓаните, соопштија од грчката полиција.

The post Mасовни заканувачки мејлови до училишта во Атина: Пораките биле испратени од странски земји appeared first on Република.

]]>

Голем број училишта во Атина денеска добиле мејлови со заканувачка содржина за поставена бомба, а според грчката полиција испраќачот е од странство и веројатно намерата е да се создаде вознемиреност, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, мејловите биле испратени во најмалку 35 училишта во различни делови на Атина и најверојатно зад нив стои Русин познат по фарси. Од грчката полиција соопштија дека постоела брза мобилизација во соработка со Министерството за образование и самите училишта за спроведување соодветната контрола, додека пак Дирекцијата за борба со електронски криминал води истрага за откривање на испраќачот. Пораката се чини дека доаѓа од земја од странство, а масовното испраќање, дури и до училишните единици кои денеска не функционираат, покажува дека целта на пораката е да создаде вознемиреност и да го разниша чувството на безбедност кај граѓаните, соопштија од грчката полиција.

The post Mасовни заканувачки мејлови до училишта во Атина: Пораките биле испратени од странски земји appeared first on Република.

]]>
Секоја жена има моќ да напише историја – порака од Меѓународниот форум за женско лидерство! https://republika.mk/zivot/sekoja-zhena-ima-mok-da-napishe-istorija-poraka-od-megunarodniot-forum-za-zhensko-liderstvo/ Mon, 06 Mar 2023 20:33:04 +0000 https://republika.mk/?p=616581

Амбасадорки, банкарки, бизнисменки, уреднички, професорки и уметници денеска на
Универзитетот за туризам и менаџмент испратија силни пораки дека дамите го менуваат
светот.
На петте панели на Меѓународниот форум за женско лидерство, под мотото „Жените
пишуваат историја“, учествуваа и Н.Е. Ами Ларсон Џеин, амбасадорка на Кралството
Шведска, Н.Е. Невена Јовановиќ, амбасадорка на Република Србија, Н.Е. Патриција ди
Џовани, претставник на УНИЦЕФ во Република Македонија, Н.Е. Невена Јовановиќ,
амбасадорка на Република Србија, г-а Илина Мангова, заменик-директор на ИРИ во
Македонија, г-а Јулијана Кениг, заменик јавна обвинителка од Република Хрватска, г-а
Анита Ангеловска-Бежовска, гувернерка на Народната банка, г-а Сања Лукаревска,
директорка на Управата за јавни приходи, г-а Миглена Темлкова, ректорка на
Универзитетот за телекомуникации и пошти од Софија, Бугарија и многу други успешни
жени од Македонија и од странство.

Присутните ги поздрави ректорот на Универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски и
генералниот секретар проф. д-р Јана Илиева.
Форумот го отвори проф. д-р Јана Илиева, генерален секретар на УТМС, која во својот
поздравен говор истакна:
„Низ историјата, жените секогаш биле во првите редови на промените, поместувајќи ги
границите и уривајќи ги ригидните општествени ограничувања. Јас силно верувам дека
секоја жена има моќ да напише историја, да создаде подобро утре и да остави белег во
светот!“, истакна Илиева за улогата на жената во општествените промени низ историјата
и денеска.
Проф. д-р Аце Миленковски, ректорот на УТМС, во поздравниот говор до гостите,
заблагодарувајќи им се на жените што го разубавуваат светот и истакнувајќи ја нивната
специфична позиција во македонската култура и цивилизација, ја посочи официјалната
статистика за жените во високото образование денеска: „Од година во година, на
високообразовните институции се запишуваат повеќе жени во сите три циклуса студии, а
и меѓу тие што го завршиле своето образование повторно доминираат жените“.
Во панелот посветен на успешните жени во дипломатијата, Н.Е. Ами Ларсон Џеин,
амбасадорка на Кралството Шведска, истакна дека родовата еднаквост значи
рамноправна распределба на правата, застапеноста и на ресурсите во општеството, 50%
- 50% меѓу мажите и жените. Таа нагласи дека многу е сторено на овој план, но дека има
уште многу да се работи на тој план.
„Во корпоративниот свет жената треба да работи повеќе за да добие иста позиција како и
мажот иако веќе докажала дека може да ја заврши работата. За разлика, мажите, пак, се
перципираат како потенцијал“, истакна. Н.Е. Патриција ди Џовани, претставник на
УНИЦЕФ во Република Македонија.

Во панелот посветен на жените што го движат бизнисот, г-а Анита Ангеловска-Бежовска,
гувернерка на Народната банка нагласи дека поголемата вклученост на жените во
работната сила може да значи повисоки стапки на економски раст.
Со овој одлично организиран и успешно одржан форум, Универзитетот за туризам и
менаџмент од Скопје, како општествено одговорна високообразовна институција, даде
свој скромен придонес во отворање на прашањата поврзани со родовата еднаквост и
женското лидерство денеска.

The post Секоја жена има моќ да напише историја – порака од Меѓународниот форум за женско лидерство! appeared first on Република.

]]>

Амбасадорки, банкарки, бизнисменки, уреднички, професорки и уметници денеска на Универзитетот за туризам и менаџмент испратија силни пораки дека дамите го менуваат светот. На петте панели на Меѓународниот форум за женско лидерство, под мотото „Жените пишуваат историја“, учествуваа и Н.Е. Ами Ларсон Џеин, амбасадорка на Кралството Шведска, Н.Е. Невена Јовановиќ, амбасадорка на Република Србија, Н.Е. Патриција ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ во Република Македонија, Н.Е. Невена Јовановиќ, амбасадорка на Република Србија, г-а Илина Мангова, заменик-директор на ИРИ во Македонија, г-а Јулијана Кениг, заменик јавна обвинителка од Република Хрватска, г-а Анита Ангеловска-Бежовска, гувернерка на Народната банка, г-а Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи, г-а Миглена Темлкова, ректорка на Универзитетот за телекомуникации и пошти од Софија, Бугарија и многу други успешни жени од Македонија и од странство. Присутните ги поздрави ректорот на Универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски и генералниот секретар проф. д-р Јана Илиева. Форумот го отвори проф. д-р Јана Илиева, генерален секретар на УТМС, која во својот поздравен говор истакна: „Низ историјата, жените секогаш биле во првите редови на промените, поместувајќи ги границите и уривајќи ги ригидните општествени ограничувања. Јас силно верувам дека секоја жена има моќ да напише историја, да создаде подобро утре и да остави белег во светот!“, истакна Илиева за улогата на жената во општествените промени низ историјата и денеска. Проф. д-р Аце Миленковски, ректорот на УТМС, во поздравниот говор до гостите, заблагодарувајќи им се на жените што го разубавуваат светот и истакнувајќи ја нивната специфична позиција во македонската култура и цивилизација, ја посочи официјалната статистика за жените во високото образование денеска: „Од година во година, на високообразовните институции се запишуваат повеќе жени во сите три циклуса студии, а и меѓу тие што го завршиле своето образование повторно доминираат жените“. Во панелот посветен на успешните жени во дипломатијата, Н.Е. Ами Ларсон Џеин, амбасадорка на Кралството Шведска, истакна дека родовата еднаквост значи рамноправна распределба на правата, застапеноста и на ресурсите во општеството, 50% - 50% меѓу мажите и жените. Таа нагласи дека многу е сторено на овој план, но дека има уште многу да се работи на тој план. „Во корпоративниот свет жената треба да работи повеќе за да добие иста позиција како и мажот иако веќе докажала дека може да ја заврши работата. За разлика, мажите, пак, се перципираат како потенцијал“, истакна. Н.Е. Патриција ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ во Република Македонија. Во панелот посветен на жените што го движат бизнисот, г-а Анита Ангеловска-Бежовска, гувернерка на Народната банка нагласи дека поголемата вклученост на жените во работната сила може да значи повисоки стапки на економски раст. Со овој одлично организиран и успешно одржан форум, Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, како општествено одговорна високообразовна институција, даде свој скромен придонес во отворање на прашањата поврзани со родовата еднаквост и женското лидерство денеска.

The post Секоја жена има моќ да напише историја – порака од Меѓународниот форум за женско лидерство! appeared first on Република.

]]>
Пораки од Олга Панго и Канг Су-Јин за Светскиот ден на танцот: Танцот е слобода со која се надминуваат и најтешките ситуации во животот https://republika.mk/vesti/kultura/poraki-od-olga-pango-i-kang-su-jin-za-svetskiot-den-na-tancot-tancot-e-sloboda-so-koja-se-nadminuvaat-i-najteshkite-situacii-vo-zivotot/ Fri, 29 Apr 2022 07:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=495067

На 29 април дигитално ќе биде одбележан Светскиот ден на танцот, во соработка со балерината, кореограф и балетски педагог Олга Панго, која е авторка на годинашната македонска порака по повод Светскиот ден на танцот.

Како што информира Македонскиот центар на Интернационален театарски институт ПРОДУКЦИЈА, Панго порачува: „Танцувајте, танцувајте и само танцувајте!“. Таа апелира да се танцува секој ден, да се учат децата да танцуваат и да бидат среќни, а на постарите и немоќните да им се помогне го придвижат своето тело за да се чувствуваат подобро.

Да се пишува, да се зборува и да се живее танцот е привилегија која ја имаат само оние кои истрајуваат на патот на оваа чудесна уметност која значи живот. Танцот е начин на изразување, комуникација, љубов и несебично вложување во телото како инструмент, кој создава совршена музика, која може да се визуелизира. Танцот е мост кој го користиме да поминеме од една на друга страна: од потемна кон посветла, од не знаење кон знаење. Убавина која ја живееме во сите негови форми, се вели во пораката.

Според Панго, танцот е слобода со која се надминуваат најсложените и најтешките ситуации во животот и така светот ќе го направиме подобро место за живеење.

Танцот е толку возбудлив и забавен што ние кои се занимаваме со него сме среќни луѓе. Во времиња како овие, времиња на големи искушенија и транзиции, во ерата на пандемијата, единствениот спас е да се прочистуваме со нешта кои се возвишени: како танцот и уметноста воопшто. Танцот опстојувал, опстојува и ќе опстои независно од тоа колку општеството ќе ги поддржи оние кои го негуваат, се борат и живеат од него, со него и во него. Секојдневното присуство на танцот нè прави само посреќни и побезгрижни, наведува Панго.

Светската порака е на Канг Су-Јин од Јужна Кореја, танчерка, уметничка директорка на Националниот Балет во Јужна Кореја.

Катастрофата наречена КОВИД-19 го запре животот во кој бевме слободни, гледано од оваа перспектива (бевме послободни), меѓу другото оваа трагедија не наведе да ги промислуваме значењата на „танцот’’ и „танчерите’’. Во далечното минато, танцот бил примарна комуникациска експресија, зборови изразени преку гестови; танцот претворајќи се во уметност на перформансот ги придвижува душите и ја инспирира публиката. Танцот е уметност на моментот и тешко е да се реставрира во нејзината оригинална форма и облик, тогаш кога станува завршен, бидејќи е создаден со целото тело и душа. Танцот се создава во ефемерни моменти, ги одредува танчерите да бидат засекогаш во движење. Додека КОВИД-19 ѝ наметна рестрикции па дури ја блокира уметноста на танцот во нејзината изворна изразна форма…, вели Канг Су-Јин.

Според неа, состојбата постепено се подобрува, а танцовите изведби се уште се предмет на многу рекстрикции и ограничувања.

Ова ни предизвикува да ги цениме сите драгоцени моменти и сеќавања од времето кога танцот и танчерите блескаа како скапоцени камења на сцена, победувајќи ја човечката агонија и анксиозност, волја и надеж за живот и просветлен свет, наведува Канг Су-Јин.

Таа посочува дека публиката е жедна да ги теши и поддржува танчерите.

Како танчери ние веруваме дека ширењето на нашите танцови крилја им дава надеж во срцата на оние кои ја љубат уметноста на танцот и им дава храброст да ја надминат пандемијата. Моето срце почнува повторно да отчукува танцувајќи, се вели во пораката на Канг Су-Јин.

The post Пораки од Олга Панго и Канг Су-Јин за Светскиот ден на танцот: Танцот е слобода со која се надминуваат и најтешките ситуации во животот appeared first on Република.

]]>

На 29 април дигитално ќе биде одбележан Светскиот ден на танцот, во соработка со балерината, кореограф и балетски педагог Олга Панго, која е авторка на годинашната македонска порака по повод Светскиот ден на танцот.
Како што информира Македонскиот центар на Интернационален театарски институт ПРОДУКЦИЈА, Панго порачува: „Танцувајте, танцувајте и само танцувајте!“. Таа апелира да се танцува секој ден, да се учат децата да танцуваат и да бидат среќни, а на постарите и немоќните да им се помогне го придвижат своето тело за да се чувствуваат подобро.
Да се пишува, да се зборува и да се живее танцот е привилегија која ја имаат само оние кои истрајуваат на патот на оваа чудесна уметност која значи живот. Танцот е начин на изразување, комуникација, љубов и несебично вложување во телото како инструмент, кој создава совршена музика, која може да се визуелизира. Танцот е мост кој го користиме да поминеме од една на друга страна: од потемна кон посветла, од не знаење кон знаење. Убавина која ја живееме во сите негови форми, се вели во пораката.
Според Панго, танцот е слобода со која се надминуваат најсложените и најтешките ситуации во животот и така светот ќе го направиме подобро место за живеење.
Танцот е толку возбудлив и забавен што ние кои се занимаваме со него сме среќни луѓе. Во времиња како овие, времиња на големи искушенија и транзиции, во ерата на пандемијата, единствениот спас е да се прочистуваме со нешта кои се возвишени: како танцот и уметноста воопшто. Танцот опстојувал, опстојува и ќе опстои независно од тоа колку општеството ќе ги поддржи оние кои го негуваат, се борат и живеат од него, со него и во него. Секојдневното присуство на танцот нè прави само посреќни и побезгрижни, наведува Панго.
Светската порака е на Канг Су-Јин од Јужна Кореја, танчерка, уметничка директорка на Националниот Балет во Јужна Кореја.
Катастрофата наречена КОВИД-19 го запре животот во кој бевме слободни, гледано од оваа перспектива (бевме послободни), меѓу другото оваа трагедија не наведе да ги промислуваме значењата на „танцот’’ и „танчерите’’. Во далечното минато, танцот бил примарна комуникациска експресија, зборови изразени преку гестови; танцот претворајќи се во уметност на перформансот ги придвижува душите и ја инспирира публиката. Танцот е уметност на моментот и тешко е да се реставрира во нејзината оригинална форма и облик, тогаш кога станува завршен, бидејќи е создаден со целото тело и душа. Танцот се создава во ефемерни моменти, ги одредува танчерите да бидат засекогаш во движење. Додека КОВИД-19 ѝ наметна рестрикции па дури ја блокира уметноста на танцот во нејзината изворна изразна форма…, вели Канг Су-Јин.
Според неа, состојбата постепено се подобрува, а танцовите изведби се уште се предмет на многу рекстрикции и ограничувања.
Ова ни предизвикува да ги цениме сите драгоцени моменти и сеќавања од времето кога танцот и танчерите блескаа како скапоцени камења на сцена, победувајќи ја човечката агонија и анксиозност, волја и надеж за живот и просветлен свет, наведува Канг Су-Јин.
Таа посочува дека публиката е жедна да ги теши и поддржува танчерите.
Како танчери ние веруваме дека ширењето на нашите танцови крилја им дава надеж во срцата на оние кои ја љубат уметноста на танцот и им дава храброст да ја надминат пандемијата. Моето срце почнува повторно да отчукува танцувајќи, се вели во пораката на Канг Су-Јин.

The post Пораки од Олга Панго и Канг Су-Јин за Светскиот ден на танцот: Танцот е слобода со која се надминуваат и најтешките ситуации во животот appeared first on Република.

]]>
Подгответе се за полноќ, честитајте Велигден со најубавите пораки https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/podgotvete-se-za-polnokj-chestitajte-veligden-so-najubavite-poraki/ Sat, 23 Apr 2022 21:29:21 +0000 https://republika.mk/?p=492850

*… Ова е најубавиот македонски православен празник … Нека од Велигден до Велигден биде присутна кај сите вас … ЉУБОВТА … ИСКРЕНОСТА … ДОБРОДУШНОСТА … и секогаш бидете она што и всушност сте за да сите знаат колку е убаво да си бидете само … СВОИ … Имајте … ПРЕСРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ …

*Додај мир во душата, љубов во срцето со верба во Бога, во слава на Христос да се радуваме, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

*Да го празнуваме животот денес.
Да го воскреснеме Исус во нашите срца.
Да ги отвориме душите за љубов и радост.

*Додека велигденски јајца кршиш во твојата душа нека владее мир,нека Христос ти даде снага да злото не те совлада. И нека оваа реченица ти се мота низ глава “денес е почеток на нов живот” и денешниот празник нека ти донесе многу среќа и љубов. Христос Воскресе.

*Слезе од небото заради наше спасение. Страдаше па заради нас воскресна, се вознесе на небото. Нека силата божја го благослови твоето постоење. Христос воскресна – Навистина воскресна !!!

*Нека светлината на Христовото Воскресение ви ги осветли вашите срца,а неговата бесконечна љубов,го благослови вашиот живот и вашиот дом … Христос Воскресна

*Денес нека се веселат небесата, нека се радува Земјата, нека празнуваат видливите и невидливите светови, зашто Христос, нашата Вечна радост – Воскресна од мртвите ! Нека ни е за многу години празникот Христијани… Христос Bоскресе

*Ви го честитам овој животворен ден, кој е една и единствена основа на христијанскиот живот и христијанската надеж. Да поздравиме сé што е во светлината на Христовото Воскресение, зашто после него сé е поразлично од она што го имавме вчера, сé изгледа подобро и повеличенствено. Да ја искусиме целата сила на оваа Пасхална радост, зашто, само во светлината на Воскресението, животот добива вистинско значење.

*Честит Велигден!
Ви го честитам најголемиот христијански празник, и ви посакувам многу, здравје, радост, успех и слога! Од срце на сите им посакувам смирение и срцата да ви бидат исполнети само со љубов, оти нашиот бог се жртвуваше за нас заради преголемата љубов кон нас, земајќи ги врз себе нашите гревови.

The post Подгответе се за полноќ, честитајте Велигден со најубавите пораки appeared first on Република.

]]>

*… Ова е најубавиот македонски православен празник … Нека од Велигден до Велигден биде присутна кај сите вас … ЉУБОВТА … ИСКРЕНОСТА … ДОБРОДУШНОСТА … и секогаш бидете она што и всушност сте за да сите знаат колку е убаво да си бидете само … СВОИ … Имајте … ПРЕСРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ … *Додај мир во душата, љубов во срцето со верба во Бога, во слава на Христос да се радуваме, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! *Да го празнуваме животот денес. Да го воскреснеме Исус во нашите срца. Да ги отвориме душите за љубов и радост. *Додека велигденски јајца кршиш во твојата душа нека владее мир,нека Христос ти даде снага да злото не те совлада. И нека оваа реченица ти се мота низ глава “денес е почеток на нов живот” и денешниот празник нека ти донесе многу среќа и љубов. Христос Воскресе. *Слезе од небото заради наше спасение. Страдаше па заради нас воскресна, се вознесе на небото. Нека силата божја го благослови твоето постоење. Христос воскресна – Навистина воскресна !!! *Нека светлината на Христовото Воскресение ви ги осветли вашите срца,а неговата бесконечна љубов,го благослови вашиот живот и вашиот дом … Христос Воскресна *Денес нека се веселат небесата, нека се радува Земјата, нека празнуваат видливите и невидливите светови, зашто Христос, нашата Вечна радост – Воскресна од мртвите ! Нека ни е за многу години празникот Христијани… Христос Bоскресе *Ви го честитам овој животворен ден, кој е една и единствена основа на христијанскиот живот и христијанската надеж. Да поздравиме сé што е во светлината на Христовото Воскресение, зашто после него сé е поразлично од она што го имавме вчера, сé изгледа подобро и повеличенствено. Да ја искусиме целата сила на оваа Пасхална радост, зашто, само во светлината на Воскресението, животот добива вистинско значење. *Честит Велигден! Ви го честитам најголемиот христијански празник, и ви посакувам многу, здравје, радост, успех и слога! Од срце на сите им посакувам смирение и срцата да ви бидат исполнети само со љубов, оти нашиот бог се жртвуваше за нас заради преголемата љубов кон нас, земајќи ги врз себе нашите гревови.

The post Подгответе се за полноќ, честитајте Велигден со најубавите пораки appeared first on Република.

]]>
Честитајте го Велигден со некоја од овие пораки https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/chestitajte-go-veligden-so-nekoja-od-ovie-poraki/ Sat, 23 Apr 2022 13:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=492710

Велигден е најубавиот православен празник, а ова се најубавите пораки.

- Нека од Велигден до Велигден биде присутна кај сите вас … ЉУБОВТА … ИСКРЕНОСТА … ДОБРОДУШНОСТА … и секогаш бидете она што и всушност сте за да сите знаат колку е убаво да си бидете само … СВОИ … Имајте … ПРЕСРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ
- Додај мир во душата, љубов во срцето со верба во Бога, во слава на Христос да се радуваме, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
- Да го празнуваме животот денес.
Да го воскреснеме Исус во нашите срца.
Да ги отвориме душите за љубов и радост.
- Додека велигденски јајца кршиш во твојата душа нека владее мир,нека Христос ти даде снага да злото не те совлада. И нека оваа реченица ти се мота низ глава “денес е почеток на нов живот” и денешниот празник нека ти донесе многу среќа и љубов. Христос Воскресе.
- Слезе од небото заради наше спасение. Страдаше па заради нас воскресна, се вознесе на небото. Нека силата божја го благослови твоето постоење. Христос воскресна – Навистина воскресна !!!
- Нека светлината на Христовото Воскресение ви ги осветли вашите срца,а неговата бесконечна љубов,го благослови вашиот живот и вашиот дом … Христос Воскресна
- Денес нека се веселат небесата, нека се радува Земјата, нека празнуваат видливите и невидливите светови, зашто Христос, нашата Вечна радост – Воскресна од мртвите ! Нека ни е за многу години празникот Христијани… Христос Bоскресе
- Ви го честитам овој животворен ден, кој е една и единствена основа на христијанскиот живот и христијанската надеж. Да поздравиме сé што е во светлината на Христовото Воскресение, зашто после него сé е поразлично од она што го имавме вчера, сé изгледа подобро и повеличенствено. - Да ја искусиме целата сила на оваа Пасхална радост, зашто, само во светлината на Воскресението, животот добива вистинско значење.
Честит Велигден!
- Ви го честитам најголемиот христијански празник, и ви посакувам многу, здравје, радост, успех и слога! Од срце на сите им посакувам смирение и срцата да ви бидат исполнети само со љубов, оти нашиот бог се жртвуваше за нас заради преголемата љубов кон нас, земајќи ги врз себе нашите гревови.

The post Честитајте го Велигден со некоја од овие пораки appeared first on Република.

]]>

Велигден е најубавиот православен празник, а ова се најубавите пораки. - Нека од Велигден до Велигден биде присутна кај сите вас … ЉУБОВТА … ИСКРЕНОСТА … ДОБРОДУШНОСТА … и секогаш бидете она што и всушност сте за да сите знаат колку е убаво да си бидете само … СВОИ … Имајте … ПРЕСРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ - Додај мир во душата, љубов во срцето со верба во Бога, во слава на Христос да се радуваме, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! - Да го празнуваме животот денес. Да го воскреснеме Исус во нашите срца. Да ги отвориме душите за љубов и радост. - Додека велигденски јајца кршиш во твојата душа нека владее мир,нека Христос ти даде снага да злото не те совлада. И нека оваа реченица ти се мота низ глава “денес е почеток на нов живот” и денешниот празник нека ти донесе многу среќа и љубов. Христос Воскресе. - Слезе од небото заради наше спасение. Страдаше па заради нас воскресна, се вознесе на небото. Нека силата божја го благослови твоето постоење. Христос воскресна – Навистина воскресна !!! - Нека светлината на Христовото Воскресение ви ги осветли вашите срца,а неговата бесконечна љубов,го благослови вашиот живот и вашиот дом … Христос Воскресна - Денес нека се веселат небесата, нека се радува Земјата, нека празнуваат видливите и невидливите светови, зашто Христос, нашата Вечна радост – Воскресна од мртвите ! Нека ни е за многу години празникот Христијани… Христос Bоскресе - Ви го честитам овој животворен ден, кој е една и единствена основа на христијанскиот живот и христијанската надеж. Да поздравиме сé што е во светлината на Христовото Воскресение, зашто после него сé е поразлично од она што го имавме вчера, сé изгледа подобро и повеличенствено. - Да ја искусиме целата сила на оваа Пасхална радост, зашто, само во светлината на Воскресението, животот добива вистинско значење. Честит Велигден! - Ви го честитам најголемиот христијански празник, и ви посакувам многу, здравје, радост, успех и слога! Од срце на сите им посакувам смирение и срцата да ви бидат исполнети само со љубов, оти нашиот бог се жртвуваше за нас заради преголемата љубов кон нас, земајќи ги врз себе нашите гревови.

The post Честитајте го Велигден со некоја од овие пораки appeared first on Република.

]]>
Театарот е пиреј, преживува и преживеал сѐ: Пораки за Светскиот ден на театарот од Ана Стојаноска и Питер Селарс https://republika.mk/vesti/kultura/teatarot-e-pirej-prezivuva-i-preziveal-s-poraki-za-svetskiot-den-na-teatarot-od-ana-stojanoska-i-piter-selars/ Sun, 27 Mar 2022 10:06:33 +0000 https://republika.mk/?p=479229

По повод Светскиот ден на театарот кој се одбележува на 27 март, во организација на Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА беше отворен повик до сите членови на театарската заедница во Македонија за креирање на македонската театарска порака за 2022 година.

Официјален победник во изборот на театарска порака од Македонија е д-р Ана Стојаноска, театролог, писател и професор на Факултетот за драмски уметности при УКИМ – Скопје.

Живееме предизвик од време, живееме изместено и од координатите на општото
добро, но и од координатите на личните достигнувања. Не само пандемијата туку и
промените во светот, животот, дома, придонесе и на театарот да му се измести комоцијата. Како и секогаш, кога имало вакви разбурботени времиња, театарот се обидувал да се снајде. Театарот е пиреј. Преживува и преживеал сѐ. Не само болести, војни, уништувања, туку и печатот, радиото, телевизијата, видеото, дури и интернетот. Театарот ја носи во себе интимната човекова доблест – да се снајде!

 

Ана Стојаноска дипломирала општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Постдипломските студии по театрологија ги завршила на ФДУ, каде што магистрирала и докторирала. Работела како координатор во Институтот за театрологија при ФДУ. Активно се занимава со истражување и проучување на драмата и театарот. Специјализирала театарска музеологија. Авторка е на романот „Ние“, „Лебед“ кој влезе во потесниот круг за наградата „Роман на годината“ годинава; драмата „Трогледало“ која беше објавена во изборот на ЕУРОДРАМ како нова македонска драма, збирката поезија „Трепетлика“ за која ја доби наградата Антево перо за 2020 и многу други. Од 2019 година, таа е членка на Друштвото на писателите на Македонија. Таа пишува континуирано и постојано, не сакајќи да се „вкалапува“ во ниту еден жанр (научен или книжевен), затоа пишува и проза и поезија и драмски текстови.

Автор на светската театарска порака за оваа година е Питер Селарс, режисер на театарски претстави и опери и програмски директор на фестивали од Пенсилванија, САД.

Додека светот во секоја минута и час, виси зависен од храната на дневните медиумски
репортажи, смеам ли да ве поканам, како креатор, да влеземе во, за нас соодветниот
простор и перспектива на епско време, епска промена, епска свесност и епска визија? Ние
живееме во епски период и човечка историја, со длабоки и последични промени во кои
ги искусуваме меѓусебните релациите типични за човечките суштества; и оние, кон
нечовечките светови кои се над нашите способности да ги досегнеме, да ги артикулираме,
да зборуваме за нив и да ги изразиме.
Ние не живееме во 24 часовниот циклус на вестите, ние живееме на работ на времето.
Весниците и медиумите се целосно не екипирани и неспособни да се справат со она што
ние го доживуваме.
Каде е јазикот, што се движењата и што се сликите кои можат да ни овозможат да ги
разбереме длабоките преминувања и вознемирувања кои ги доживуваме? И како можеме
да ги премостиме содржините на нашите животи, токму сега, но не како репортажи туку
како доживувања?
Театарот е уметничка форма на доживување.
Во светот преоптеретен од празни пресс кампањи, симулирани искуства, одвратни
прогнозирања, како да се издигнеме над бесконечното повторување на броеви за да го
искусиме квалитетот и едноставноста на животот, суштината на екосистемот,
пријателството, квалитетот на светлината на чудното небо? Две години КОВИД-19, кој ги отапе сетилата на луѓето, го ограничи животот на луѓето, ги скрши врските, и не постави на чудна нулта точка во човечкиот хабитат.
Кои семиња се потребни да се посадат и повторно насадат во овие години, и што е
надраснувањето на инвазивните видови кои потребно е конечно и засекогаш да се
отстранат? Толку многу луѓе се на работ. Толку многу насилство проникнува,
ирационално или неочекувано. Толку многу етаблирани системи се покажаа како
структури на перпетуална суровост.

Каде се нашите церемонии на сеќавањето? Што ни е потребно за да запамтиме? Кои се
ритуалите кои ни овозможуваат конечно и повторно да ги замислиме истите, и да
почнеме да ги вежбаме чекорите кои никогаш претходно не сме ги направиле?
Театарот на епската визија, цел, обнова, исцелување и грижа има потреба од нови
ритуали. Нам не ни треба да не забавуваат. Нам ни треба да се собереме. Ни треба да
споделиме простор, и ни треба да го култивираме споделениот простор. Нам ни требаат
заштитени простори за длабоко слушање и балансирање.
Театарот е креација на земјата, простор на баланс помеѓу луѓето, боговите, растенијата,
животните, капките дожд, солзите и регенерацијата. Просторот на еднаквоста и
длабокото слушање е осветлено од скриената убавина, која се одржува жива во длабока
интеракција со опасноста, балансот, мудроста, активноста и трпението.
Цветот на орнаментираната Сутра на Буда содржи десет видови на големото трпение
во животот на човекот. Една од најмоќните се нарекува Стрпливост и Перцепирање на
Се’ како чудо. Театарот отсекогаш го претставувал животот на овој свет како чудо,
овозможувајќи ни да прогледаме низ човечката илузија, дезилузија, слепило, и
одрекување со ослободувачка јасност и сила.
Ние сме толку сигурни во тоа што го гледаме и на начинот на кој го гледаме тоа, така што
не сме способни да видиме и почувствуваме поинакви реалности, нови можности,
различни пристапи, невидливи поврзувања и безвременски конекции.
Ова е време за длабоко освежување на нашите умови, сетила, нашата имагинација,
нашите истории и нашите иднини. Оваа работа не може да ја направат изолирани луѓе
кои работат сами. Оваа работа треба да ја направиме заедно. Театарот е покана да ја
направиме оваа работа заедно.
Длабоко Ви благодарам за Вашата работа, ќе напише во својата порака, Селарс.

Пораката на Селарс прочитана на македонски од страна на актерката Симона Димковска во превод на режисерката и професорка која при изборот на македонската порака беше програмски продуцент од ИТИ/ПРОДУКЦИЈА, д-р Иванка Апостолова Баскар.

Питер Селарс се занимава со режирање на опера, театар и фестивали. Досега се здобил со меѓународно признание за неговите револуционерни и трансформативни интерпретации на класиците; интерпретирањето на 20-тиот век и современата музика и колаборативните проекти со извонреден опсег на креативни и изведувачки уметници. Неговото дело ја осветлува моќта на уметноста како средство за морално изразување и општествено дејствување.

Тој има поставувано опери и театарски претстави на најразлични светски сцени и локации. Како што се вели во неговата биографија, тој е исклучително продуктивна и инспиративна фигура од светската сцена. Добитник е на стипендијата „MacArthur Fellowship“, наградата „Erasmus Prize“ за придонес во европската култура, наградата „Gish Prize“ и член е на Американската академија за уметности и науки. Селарс е добитник и на престижната награда за музика „Polar Music Prize“ и прогласен е за уметник на годината од Musical America.

The post Театарот е пиреј, преживува и преживеал сѐ: Пораки за Светскиот ден на театарот од Ана Стојаноска и Питер Селарс appeared first on Република.

]]>

По повод Светскиот ден на театарот кој се одбележува на 27 март, во организација на Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА беше отворен повик до сите членови на театарската заедница во Македонија за креирање на македонската театарска порака за 2022 година. Официјален победник во изборот на театарска порака од Македонија е д-р Ана Стојаноска, театролог, писател и професор на Факултетот за драмски уметности при УКИМ – Скопје.
Живееме предизвик од време, живееме изместено и од координатите на општото добро, но и од координатите на личните достигнувања. Не само пандемијата туку и промените во светот, животот, дома, придонесе и на театарот да му се измести комоцијата. Како и секогаш, кога имало вакви разбурботени времиња, театарот се обидувал да се снајде. Театарот е пиреј. Преживува и преживеал сѐ. Не само болести, војни, уништувања, туку и печатот, радиото, телевизијата, видеото, дури и интернетот. Театарот ја носи во себе интимната човекова доблест – да се снајде!
  Ана Стојаноска дипломирала општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Постдипломските студии по театрологија ги завршила на ФДУ, каде што магистрирала и докторирала. Работела како координатор во Институтот за театрологија при ФДУ. Активно се занимава со истражување и проучување на драмата и театарот. Специјализирала театарска музеологија. Авторка е на романот „Ние“, „Лебед“ кој влезе во потесниот круг за наградата „Роман на годината“ годинава; драмата „Трогледало“ која беше објавена во изборот на ЕУРОДРАМ како нова македонска драма, збирката поезија „Трепетлика“ за која ја доби наградата Антево перо за 2020 и многу други. Од 2019 година, таа е членка на Друштвото на писателите на Македонија. Таа пишува континуирано и постојано, не сакајќи да се „вкалапува“ во ниту еден жанр (научен или книжевен), затоа пишува и проза и поезија и драмски текстови. Автор на светската театарска порака за оваа година е Питер Селарс, режисер на театарски претстави и опери и програмски директор на фестивали од Пенсилванија, САД.
Додека светот во секоја минута и час, виси зависен од храната на дневните медиумски репортажи, смеам ли да ве поканам, како креатор, да влеземе во, за нас соодветниот простор и перспектива на епско време, епска промена, епска свесност и епска визија? Ние живееме во епски период и човечка историја, со длабоки и последични промени во кои ги искусуваме меѓусебните релациите типични за човечките суштества; и оние, кон нечовечките светови кои се над нашите способности да ги досегнеме, да ги артикулираме, да зборуваме за нив и да ги изразиме. Ние не живееме во 24 часовниот циклус на вестите, ние живееме на работ на времето. Весниците и медиумите се целосно не екипирани и неспособни да се справат со она што ние го доживуваме. Каде е јазикот, што се движењата и што се сликите кои можат да ни овозможат да ги разбереме длабоките преминувања и вознемирувања кои ги доживуваме? И како можеме да ги премостиме содржините на нашите животи, токму сега, но не како репортажи туку како доживувања? Театарот е уметничка форма на доживување. Во светот преоптеретен од празни пресс кампањи, симулирани искуства, одвратни прогнозирања, како да се издигнеме над бесконечното повторување на броеви за да го искусиме квалитетот и едноставноста на животот, суштината на екосистемот, пријателството, квалитетот на светлината на чудното небо? Две години КОВИД-19, кој ги отапе сетилата на луѓето, го ограничи животот на луѓето, ги скрши врските, и не постави на чудна нулта точка во човечкиот хабитат. Кои семиња се потребни да се посадат и повторно насадат во овие години, и што е надраснувањето на инвазивните видови кои потребно е конечно и засекогаш да се отстранат? Толку многу луѓе се на работ. Толку многу насилство проникнува, ирационално или неочекувано. Толку многу етаблирани системи се покажаа како структури на перпетуална суровост.
Каде се нашите церемонии на сеќавањето? Што ни е потребно за да запамтиме? Кои се ритуалите кои ни овозможуваат конечно и повторно да ги замислиме истите, и да почнеме да ги вежбаме чекорите кои никогаш претходно не сме ги направиле? Театарот на епската визија, цел, обнова, исцелување и грижа има потреба од нови ритуали. Нам не ни треба да не забавуваат. Нам ни треба да се собереме. Ни треба да споделиме простор, и ни треба да го култивираме споделениот простор. Нам ни требаат заштитени простори за длабоко слушање и балансирање. Театарот е креација на земјата, простор на баланс помеѓу луѓето, боговите, растенијата, животните, капките дожд, солзите и регенерацијата. Просторот на еднаквоста и длабокото слушање е осветлено од скриената убавина, која се одржува жива во длабока интеракција со опасноста, балансот, мудроста, активноста и трпението. Цветот на орнаментираната Сутра на Буда содржи десет видови на големото трпение во животот на човекот. Една од најмоќните се нарекува Стрпливост и Перцепирање на Се’ како чудо. Театарот отсекогаш го претставувал животот на овој свет како чудо, овозможувајќи ни да прогледаме низ човечката илузија, дезилузија, слепило, и одрекување со ослободувачка јасност и сила. Ние сме толку сигурни во тоа што го гледаме и на начинот на кој го гледаме тоа, така што не сме способни да видиме и почувствуваме поинакви реалности, нови можности, различни пристапи, невидливи поврзувања и безвременски конекции. Ова е време за длабоко освежување на нашите умови, сетила, нашата имагинација, нашите истории и нашите иднини. Оваа работа не може да ја направат изолирани луѓе кои работат сами. Оваа работа треба да ја направиме заедно. Театарот е покана да ја направиме оваа работа заедно. Длабоко Ви благодарам за Вашата работа, ќе напише во својата порака, Селарс.
Пораката на Селарс прочитана на македонски од страна на актерката Симона Димковска во превод на режисерката и професорка која при изборот на македонската порака беше програмски продуцент од ИТИ/ПРОДУКЦИЈА, д-р Иванка Апостолова Баскар. Питер Селарс се занимава со режирање на опера, театар и фестивали. Досега се здобил со меѓународно признание за неговите револуционерни и трансформативни интерпретации на класиците; интерпретирањето на 20-тиот век и современата музика и колаборативните проекти со извонреден опсег на креативни и изведувачки уметници. Неговото дело ја осветлува моќта на уметноста како средство за морално изразување и општествено дејствување. Тој има поставувано опери и театарски претстави на најразлични светски сцени и локации. Како што се вели во неговата биографија, тој е исклучително продуктивна и инспиративна фигура од светската сцена. Добитник е на стипендијата „MacArthur Fellowship“, наградата „Erasmus Prize“ за придонес во европската култура, наградата „Gish Prize“ и член е на Американската академија за уметности и науки. Селарс е добитник и на престижната награда за музика „Polar Music Prize“ и прогласен е за уметник на годината од Musical America.

The post Театарот е пиреј, преживува и преживеал сѐ: Пораки за Светскиот ден на театарот од Ана Стојаноска и Питер Селарс appeared first on Република.

]]>
Совети од универзумот за секој хороскопски знак – еве што треба да направите за да бидете посреќни! https://republika.mk/zivot/astro/soveti-od-univerzumot-za-sekoj-horoskopski-znak-eve-shto-treba-da-napravite-za-da-bidete-posrekjni/ Wed, 02 Feb 2022 08:17:52 +0000 https://republika.mk/?p=452772

Совети од универзумот за секој хороскопски знак – еве што треба да направите за да бидете посреќни во 2022 година!

Овен

Животот е преку природни и спонтани промени. Не треба да се обидувате да одолеете: тоа само ќе боли и ќе го зголеми бројот на тешки моменти. Нека реалноста остане реалност. Настаните нека се случат сами, гледајќи ги однадвор и донесувајќи правилни заклучоци.

Бик

Ако не можеш да леташ – трчај, ако не можеш да трчаш – оди, ако не можеш да одиш – ползи, но што и да се случува околу тебе, треба да одиш напред.

Близнаци

Нема да можете да ги промените околностите што се појавуваат на вашиот животен пат, но во ваша моќ е да го промените вашиот однос кон нив и да го изградите вашиот живот онака како што ви треба. Разберете дека секој момент од вашиот живот е уникатен и дека нема подобро место од она во кое сте сега.

Рак

Престанете да се плашите да живеете! Колку и да се трудите, тешкотиите сепак не можат да се избегнат. Сè што не те убива те прави посилен и помудар. Научете да уживате во секој ден, време е да се ослободите од синдромот на одложен живот.

Лав

Тешкотиите не треба да се земаат како реченица. Денес можеби немате апсолутно ништо, но утре среќата, љубовта, успехот и парите ќе ви пробијат како лавина во животот. Ваша задача е да живеете во хармонија, сè друго дефинитивно ќе испадне на најдобар начин.

Девица

Најскапоценото нешто што го имате е времето. Не е важно дали се работи за твојата заработка, неуспеси или предавство со кое повремено се соочуваш. Животот е минлив, бидете во можност да ги забележите сите убави нешта што ве опкружуваат.

Вага

Секој од нас има мисија во животот и нема да можете да живеете целосно и да се чувствувате среќни додека не ја дефинирате таа мисија. Направете го ова наскоро!

Скорпија

Обидете се да не ги навредувате луѓето околу вас. Пари, успех, слобода – тоа е одлично! Но, без саканите ќе се чувствувате осамено и несреќно.

Стрелец

Научете да забавите. Живеете во постојана трка за успех и достигнувања, заборавајќи да уживате во прекрасните моменти. Сфатете дека среќата е тука и сега!

Јарец

Завршете го секој ден со позитивни мисли и благодарност. Колку и да ви е тежок животот, утре ќе биде нова можност да го подобрите. Бидете љубезни и добро ќе ви се случи. Не дозволувајте внатрешниот конфликт да ве направи несреќни.

Водолија

Секое достигнување порано беше само сон. Секогаш запомнете дека имате сила, трпение и способност да го направите невозможното и да го промените светот на подобро.

Риби

Промените нема да дојдат ако чекате да се појави таа личност или да дојде вистинското време. Она што го чекаме, можностите што ги бараме, веќе ги имаме. И треба да ги барате во себе, а не во надворешниот свет.

The post Совети од универзумот за секој хороскопски знак – еве што треба да направите за да бидете посреќни! appeared first on Република.

]]>

Совети од универзумот за секој хороскопски знак – еве што треба да направите за да бидете посреќни во 2022 година! Овен Животот е преку природни и спонтани промени. Не треба да се обидувате да одолеете: тоа само ќе боли и ќе го зголеми бројот на тешки моменти. Нека реалноста остане реалност. Настаните нека се случат сами, гледајќи ги однадвор и донесувајќи правилни заклучоци. Бик Ако не можеш да леташ – трчај, ако не можеш да трчаш – оди, ако не можеш да одиш – ползи, но што и да се случува околу тебе, треба да одиш напред. Близнаци Нема да можете да ги промените околностите што се појавуваат на вашиот животен пат, но во ваша моќ е да го промените вашиот однос кон нив и да го изградите вашиот живот онака како што ви треба. Разберете дека секој момент од вашиот живот е уникатен и дека нема подобро место од она во кое сте сега. Рак Престанете да се плашите да живеете! Колку и да се трудите, тешкотиите сепак не можат да се избегнат. Сè што не те убива те прави посилен и помудар. Научете да уживате во секој ден, време е да се ослободите од синдромот на одложен живот. Лав Тешкотиите не треба да се земаат како реченица. Денес можеби немате апсолутно ништо, но утре среќата, љубовта, успехот и парите ќе ви пробијат како лавина во животот. Ваша задача е да живеете во хармонија, сè друго дефинитивно ќе испадне на најдобар начин. Девица Најскапоценото нешто што го имате е времето. Не е важно дали се работи за твојата заработка, неуспеси или предавство со кое повремено се соочуваш. Животот е минлив, бидете во можност да ги забележите сите убави нешта што ве опкружуваат. Вага Секој од нас има мисија во животот и нема да можете да живеете целосно и да се чувствувате среќни додека не ја дефинирате таа мисија. Направете го ова наскоро! Скорпија Обидете се да не ги навредувате луѓето околу вас. Пари, успех, слобода – тоа е одлично! Но, без саканите ќе се чувствувате осамено и несреќно. Стрелец Научете да забавите. Живеете во постојана трка за успех и достигнувања, заборавајќи да уживате во прекрасните моменти. Сфатете дека среќата е тука и сега! Јарец Завршете го секој ден со позитивни мисли и благодарност. Колку и да ви е тежок животот, утре ќе биде нова можност да го подобрите. Бидете љубезни и добро ќе ви се случи. Не дозволувајте внатрешниот конфликт да ве направи несреќни. Водолија Секое достигнување порано беше само сон. Секогаш запомнете дека имате сила, трпение и способност да го направите невозможното и да го промените светот на подобро. Риби Промените нема да дојдат ако чекате да се појави таа личност или да дојде вистинското време. Она што го чекаме, можностите што ги бараме, веќе ги имаме. И треба да ги барате во себе, а не во надворешниот свет.

The post Совети од универзумот за секој хороскопски знак – еве што треба да направите за да бидете посреќни! appeared first on Република.

]]>