полициска акција Archives - Република https://republika.mk/tema/policiska-akcija/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 10:25:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полициска акција Archives - Република https://republika.mk/tema/policiska-akcija/ 32 32 Во тек е голема полициска акција во Тетово и Охрид https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-tek-e-golema-politsiska-aktsija-vo-tetovo-i-ohrid/ Thu, 17 Oct 2024 10:03:18 +0000 https://republika.mk/?p=827952

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во тек е голема полициска акција во регионот на Тетово и Охрид.

Се вршат претреси на повеќе локации, има и приведени лица.

Со детали од акцијата МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот на денот.

The post Во тек е голема полициска акција во Тетово и Охрид appeared first on Република.

]]>

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во тек е голема полициска акција во регионот на Тетово и Охрид. Се вршат претреси на повеќе локации, има и приведени лица. Со детали од акцијата МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот на денот.

The post Во тек е голема полициска акција во Тетово и Охрид appeared first on Република.

]]>
Вечерва голема полициска акција – апсења во струмичко- гевгелискиот регион https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vecherva-golema-politsiska-aktsija-apsena-vo-strumichko-gevgeliskiot-region/ Tue, 15 Oct 2024 19:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=827308

Се апси вечерва во струмичко- гевгелискиот регион. Од МВР потврдуваат дека во моментов има полициска акција, но повеќе детали најавуваат за утре.

Под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, во тек е голема полициска акција во струмичко гевгелискиот регион.
Со детали МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот на утрешниот ден, велат од МВР.

The post Вечерва голема полициска акција – апсења во струмичко- гевгелискиот регион appeared first on Република.

]]>

Се апси вечерва во струмичко- гевгелискиот регион. Од МВР потврдуваат дека во моментов има полициска акција, но повеќе детали најавуваат за утре.
Под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, во тек е голема полициска акција во струмичко гевгелискиот регион. Со детали МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот на утрешниот ден, велат од МВР.

The post Вечерва голема полициска акција – апсења во струмичко- гевгелискиот регион appeared first on Република.

]]>
Во голема полициска акција во Албанија запленети 3 милиони евра кеш, 5 блинидирани возила, покер маса https://republika.mk/vesti/vo-golema-politsiska-aktsija-vo-albanija-zapleneti-3-milioni-evra-kesh-5-blinidirani-vozila-poker-masa/ Sat, 18 May 2024 18:21:21 +0000 https://republika.mk/?p=779620

Во голема полициска акција спроведена во повеќе градови во Албанија запленет е имот вреден над 4,5 милиони евра.

– Пронајдени и одземени како материјални докази се 2.996.760 евра готовина; значителни количини злато и скап накит; часовници од скапи марки со приближна вредност од 500.000 евра; огнено оружје; прилагодени регистарски таблички; луксузни возила (од кои пет блиндирани возила во вредност од над 500.000 евра); системи за надзор со камера, покер маса и слично, објави Министерството за внатрешни работи на Албанија.

Со оваа опсежна операција биле опфатени седум структурирани криминални групи со значителна моќ, особено во поголемите градови како што се Тирана, Драч, Валона, Лежа, Фуш Круја и Решен, а биле издадени 43 налози за апсење.

Уапсени се 20 лица, а по останатите, меѓу кои и поранешен пратеник и четворица високи полициски раководители се трага.

The post Во голема полициска акција во Албанија запленети 3 милиони евра кеш, 5 блинидирани возила, покер маса appeared first on Република.

]]>

Во голема полициска акција спроведена во повеќе градови во Албанија запленет е имот вреден над 4,5 милиони евра.
– Пронајдени и одземени како материјални докази се 2.996.760 евра готовина; значителни количини злато и скап накит; часовници од скапи марки со приближна вредност од 500.000 евра; огнено оружје; прилагодени регистарски таблички; луксузни возила (од кои пет блиндирани возила во вредност од над 500.000 евра); системи за надзор со камера, покер маса и слично, објави Министерството за внатрешни работи на Албанија.
Со оваа опсежна операција биле опфатени седум структурирани криминални групи со значителна моќ, особено во поголемите градови како што се Тирана, Драч, Валона, Лежа, Фуш Круја и Решен, а биле издадени 43 налози за апсење. Уапсени се 20 лица, а по останатите, меѓу кои и поранешен пратеник и четворица високи полициски раководители се трага.

The post Во голема полициска акција во Албанија запленети 3 милиони евра кеш, 5 блинидирани возила, покер маса appeared first on Република.

]]>
Голема полициска акција во Албанија: Запленети три милиони евра кеш, злато, скап накит, часовници, пиштоли… https://republika.mk/vesti/balkan/golema-politsiska-aktsija-vo-albanija-zapleneti-tri-milioni-evra-kesh-zlato-skap-nakit-chasovnitsi-pishtoli/ Sat, 18 May 2024 16:40:48 +0000 https://republika.mk/?p=779600

Во голема полициска акција, во содејство со Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), спроведена во повеќе градови во Албанија, запленет е имот вреден над 4,5 милиони евра.

Пронајдени и одземени како материјални докази се 2.996.760 евра готовина; значителни количини злато и скап накит; часовници од скапи марки со приближна вредност од 500.000 евра; огнено оружје; прилагодени регистарски таблички; луксузни возила (од кои пет блиндирани возила во вредност од над 500.000 евра); системи за надзор со камера, покер маса и слично, објави Министерството за внатрешни работи.

Се додава дека во рамки на оваа мега-операција, биле погодени седум структурирани криминални групи со значителна моќ и географски опфат на нивните криминални активности во некои од поголемите градови во земјата, како што се Тирана, Драч, Валона, Лежа, Фуш Круја и Решен, а биле издадени 43 налози за апсење.

Уапсени се 20 лица, а по останатите, меѓу кои и поранешен пратеник и четворица високи полициски раководители се трага.

The post Голема полициска акција во Албанија: Запленети три милиони евра кеш, злато, скап накит, часовници, пиштоли… appeared first on Република.

]]>

Во голема полициска акција, во содејство со Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), спроведена во повеќе градови во Албанија, запленет е имот вреден над 4,5 милиони евра.
Пронајдени и одземени како материјални докази се 2.996.760 евра готовина; значителни количини злато и скап накит; часовници од скапи марки со приближна вредност од 500.000 евра; огнено оружје; прилагодени регистарски таблички; луксузни возила (од кои пет блиндирани возила во вредност од над 500.000 евра); системи за надзор со камера, покер маса и слично, објави Министерството за внатрешни работи.
Се додава дека во рамки на оваа мега-операција, биле погодени седум структурирани криминални групи со значителна моќ и географски опфат на нивните криминални активности во некои од поголемите градови во земјата, како што се Тирана, Драч, Валона, Лежа, Фуш Круја и Решен, а биле издадени 43 налози за апсење. Уапсени се 20 лица, а по останатите, меѓу кои и поранешен пратеник и четворица високи полициски раководители се трага.  

The post Голема полициска акција во Албанија: Запленети три милиони евра кеш, злато, скап накит, часовници, пиштоли… appeared first on Република.

]]>
Нема притвор за момчето на пејачката, тој е обвинет за „влијание“ врз сведок https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nema-pritvor-za-momcheto-na-pejachkata-toj-e-obvinet-za-vlijanie-vrz-svedok/ Fri, 26 Jan 2024 13:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=737105

Прифатен е предлогот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и на лицата Ш.Б., Ф.Б., Н.И., Ф.С., и С.А. им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

За О.П. е прифатен предлогот за определување мерки на претпазливост, односно Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање живеалиште, односно престојувалиште и Обврска за јавување во суд.

https://republika.mk/vesti/makedonija/momche-na-poznata-pejachka-od-makedonskata-stsena-megu-uapsenite-vo-grupata-grchets-dukandhik/

Како што информира денеска Основен кривичен суд Скопје, судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапиле по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство за шест лица кои во текот на ноќта беа спроведени во судот, а поврзани со полициската акција во скопското село Грчец.

Судот го прифати предлогот и определи мерка притвор за 10 лица кои се опфатени со истрагата, а во моментов не се достапни на органите за прогон и тоа од нивно пронаоѓање, односно лишување од слобода, се вели во соопштението.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа на прес-конференција соопшти дека е разбиена криминална група, а кривични пријави ќе има за сите 16 лица, од кои се уапсени седум. Вкупно 16 лица, кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства. Седум од нив се веќе уапсени, а и останатите, кои се надвор од земјава, ќе бидат лишени од слобода.

Се работи за Ш.М. (46), Д.И. (50), Ф.Б. (45), Б.А. (44), Р.С. (41), С.А. (44), М.Ч. (27), С.С. (36), Ш.А. (27), Ш.Б.(20), Н.И. (44), Е.И. (25), Ф.С. (43), Ш.С. (40), М.Д. (41) и О.П. (43). Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, а ги предводел Ш.М. од село Грчец, заедно со веќе починатите О.Б. и Ј.К., од декември 2019 до март 2021 година, за што се обезбедени докази. Во овој период, групата организирала транспорт на 435 килограми кокаин во земјава од Бразил.

The post Нема притвор за момчето на пејачката, тој е обвинет за „влијание“ врз сведок appeared first on Република.

]]>

Прифатен е предлогот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и на лицата Ш.Б., Ф.Б., Н.И., Ф.С., и С.А. им е определена мерка притвор во траење од 30 дена. За О.П. е прифатен предлогот за определување мерки на претпазливост, односно Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање живеалиште, односно престојувалиште и Обврска за јавување во суд. https://republika.mk/vesti/makedonija/momche-na-poznata-pejachka-od-makedonskata-stsena-megu-uapsenite-vo-grupata-grchets-dukandhik/ Како што информира денеска Основен кривичен суд Скопје, судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапиле по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство за шест лица кои во текот на ноќта беа спроведени во судот, а поврзани со полициската акција во скопското село Грчец.
Судот го прифати предлогот и определи мерка притвор за 10 лица кои се опфатени со истрагата, а во моментов не се достапни на органите за прогон и тоа од нивно пронаоѓање, односно лишување од слобода, се вели во соопштението.
Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа на прес-конференција соопшти дека е разбиена криминална група, а кривични пријави ќе има за сите 16 лица, од кои се уапсени седум. Вкупно 16 лица, кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства. Седум од нив се веќе уапсени, а и останатите, кои се надвор од земјава, ќе бидат лишени од слобода. Се работи за Ш.М. (46), Д.И. (50), Ф.Б. (45), Б.А. (44), Р.С. (41), С.А. (44), М.Ч. (27), С.С. (36), Ш.А. (27), Ш.Б.(20), Н.И. (44), Е.И. (25), Ф.С. (43), Ш.С. (40), М.Д. (41) и О.П. (43). Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, а ги предводел Ш.М. од село Грчец, заедно со веќе починатите О.Б. и Ј.К., од декември 2019 до март 2021 година, за што се обезбедени докази. Во овој период, групата организирала транспорт на 435 килограми кокаин во земјава од Бразил.

The post Нема притвор за момчето на пејачката, тој е обвинет за „влијание“ врз сведок appeared first on Република.

]]>
Во тек е полициска акција во Грчец, се трага по осомничени убијци и дилери https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-tek-e-politsiska-aktsija-vo-grchets-se-traga-po-osomnicheni-ubijtsi-i-dileri/ Thu, 25 Jan 2024 09:48:01 +0000 https://republika.mk/?p=736631

Полицијата утринава врши серија претреси и апси членови на криминален клан од Грчец, кои се поврзани со трговија со дрога и убиства, дознава МИА.

Претреси се прават во Грчец, Дуќанџик, Чаир и други локации. Според информации на МИА, веќе има неколкумина уапсени, а акцијата е се уште во тек.

Во текот на денот, по завршување на акцијата, се очекуваат повеќе детали од полицијата.

The post Во тек е полициска акција во Грчец, се трага по осомничени убијци и дилери appeared first on Република.

]]>

Полицијата утринава врши серија претреси и апси членови на криминален клан од Грчец, кои се поврзани со трговија со дрога и убиства, дознава МИА. Претреси се прават во Грчец, Дуќанџик, Чаир и други локации. Според информации на МИА, веќе има неколкумина уапсени, а акцијата е се уште во тек. Во текот на денот, по завршување на акцијата, се очекуваат повеќе детали од полицијата.

The post Во тек е полициска акција во Грчец, се трага по осомничени убијци и дилери appeared first on Република.

]]>
Утрово специјалци претресуваат скопски фирми, уапсени 10-тина лица https://republika.mk/vesti/crna-hronika/utrovo-spetsijaltsi-pretresuvaat-skopski-firmi-uapseni-10-tina-litsa/ Wed, 13 Dec 2023 08:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=722441

Во полициска акција што се одвива на подрачјето на Скопје изутринава уапсени се десетина лица. Полициските специјалци вршат претреси на неколку локации со кои се опфатени и повеќе скопски фирми кои биле инволвирани во економски криминал.

Од МВР за МИА потврдуваат дека во тек се претреси и апсења, а повеќе информации за целата акција најавуваат подоцна во текот на денот.

The post Утрово специјалци претресуваат скопски фирми, уапсени 10-тина лица appeared first on Република.

]]>

Во полициска акција што се одвива на подрачјето на Скопје изутринава уапсени се десетина лица. Полициските специјалци вршат претреси на неколку локации со кои се опфатени и повеќе скопски фирми кои биле инволвирани во економски криминал. Од МВР за МИА потврдуваат дека во тек се претреси и апсења, а повеќе информации за целата акција најавуваат подоцна во текот на денот.

The post Утрово специјалци претресуваат скопски фирми, уапсени 10-тина лица appeared first on Република.

]]>
Голема полициска акција низ САД и Италија: Уапсени 16 членови на озлогласеното семејство Гамбино https://republika.mk/vesti/svet/golema-politsiska-aktsija-niz-sad-i-italija-uapseni-16-chlenovi-na-ozloglasenoto-semejstvo-gambino/ Thu, 09 Nov 2023 08:17:05 +0000 https://republika.mk/?p=699735

Шеснаесет наводни водачи и соработници на криминалното семејство Гамбино се уапсени во САД и Италија, објавија американските обвинители. Обвиненијата против нив вклучуваат рекетирање, изнуда, одмазда против сведоци, заговор и измама. Десет од нив беа уапсени во Њујорк, а шест беа уапсени од италијанските власти во Палермо, Сицилија.

Според американското Министерство за правда, во моментов е во бегство уште еден осомничен. Осомничените, кои живеат во САД, беа изведени пред судот во Њујорк. Во обвинението, обвинителите презентираа шема на заплашување и насилни напади со намера за проневера на средства.

Цел на мафијашите биле компаниите за уништување и собирање ѓубре. Според обвинението, членовите на групата им се заканувале на претприемачите и барале да им се исплати одредена сума за обезбедување заштита. Тие се обвинети за избегнување на правилата на синдикатот и местење на понуди за профитабилни договори за уривање, пишува Би-Би-Си.

Тие се обвинети и за закани за сведоци, перење пари и злосторства поврзани со огнено оружје. Меѓу уапсените се: семејниот капетан Џозеф „Џо Бруклин“ Лени, Анџело „Фифи“ Градилоне и соработникот на сицилијанската мафија Франческо Викари, познат и како „чичко Чичо“.

Семејството Гамбино е едно од петте истакнати мафијашки семејства од областа Њујорк, познати како Ла Коза Ностра. Семејството го водел шефот Џон Готи до неговата смрт во затвор во 2002 година, а подоцна и Френк Кели, кој бил застрелан пред неговиот дом во Стејтен Ајленд во март 2019 година.

Неговата смрт го означи првото насочено убиство на мафијашки бос во градот по смртта на тогашниот шеф на семејството Гамбино, Пол Кастелано во 1985 година. Неколку неодамнешни истраги и полициски операции беа насочени кон групата во САД и Италија. Обвинетите се соочуваат со казни од 20 до 180 години затвор.

The post Голема полициска акција низ САД и Италија: Уапсени 16 членови на озлогласеното семејство Гамбино appeared first on Република.

]]>

Шеснаесет наводни водачи и соработници на криминалното семејство Гамбино се уапсени во САД и Италија, објавија американските обвинители. Обвиненијата против нив вклучуваат рекетирање, изнуда, одмазда против сведоци, заговор и измама. Десет од нив беа уапсени во Њујорк, а шест беа уапсени од италијанските власти во Палермо, Сицилија. Според американското Министерство за правда, во моментов е во бегство уште еден осомничен. Осомничените, кои живеат во САД, беа изведени пред судот во Њујорк. Во обвинението, обвинителите презентираа шема на заплашување и насилни напади со намера за проневера на средства. Цел на мафијашите биле компаниите за уништување и собирање ѓубре. Според обвинението, членовите на групата им се заканувале на претприемачите и барале да им се исплати одредена сума за обезбедување заштита. Тие се обвинети за избегнување на правилата на синдикатот и местење на понуди за профитабилни договори за уривање, пишува Би-Би-Си. Тие се обвинети и за закани за сведоци, перење пари и злосторства поврзани со огнено оружје. Меѓу уапсените се: семејниот капетан Џозеф „Џо Бруклин“ Лени, Анџело „Фифи“ Градилоне и соработникот на сицилијанската мафија Франческо Викари, познат и како „чичко Чичо“. Семејството Гамбино е едно од петте истакнати мафијашки семејства од областа Њујорк, познати како Ла Коза Ностра. Семејството го водел шефот Џон Готи до неговата смрт во затвор во 2002 година, а подоцна и Френк Кели, кој бил застрелан пред неговиот дом во Стејтен Ајленд во март 2019 година. Неговата смрт го означи првото насочено убиство на мафијашки бос во градот по смртта на тогашниот шеф на семејството Гамбино, Пол Кастелано во 1985 година. Неколку неодамнешни истраги и полициски операции беа насочени кон групата во САД и Италија. Обвинетите се соочуваат со казни од 20 до 180 години затвор.

The post Голема полициска акција низ САД и Италија: Уапсени 16 членови на озлогласеното семејство Гамбино appeared first on Република.

]]>
Во тек е „Синџир“, голема полициска акција во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-tek-e-sindhir-golema-politsiska-aktsija-vo-negotino-kavadartsi-bitola-i-ohrid/ Mon, 30 Oct 2023 09:39:04 +0000 https://republika.mk/?p=696203

Денеска од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од МВР на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид извршува претреси и се приведуваат осомничени лица.

Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Синџир“, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што обвинителството ја спроведе со Управата за финансиска полиција и истражители од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. По завршување на акцијата обвинителството детално ќе информира за предметот.

The post Во тек е „Синџир“, голема полициска акција во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид appeared first on Република.

]]>

Денеска од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од МВР на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид извршува претреси и се приведуваат осомничени лица. Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Синџир“, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што обвинителството ја спроведе со Управата за финансиска полиција и истражители од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. По завршување на акцијата обвинителството детално ќе информира за предметот.  

The post Во тек е „Синџир“, голема полициска акција во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид appeared first on Република.

]]>
Во голема акција против дрвокрадци уапсени 10 лица во Скопска Црна Гора https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-golema-aktsija-protiv-drvokradtsi-uapseni-10-litsa-vo-skopska-tsrna-gora/ Thu, 21 Sep 2023 08:11:01 +0000 https://republika.mk/?p=683671

На место викано Рамно на планината Скопска Црна Гора,  на 19.09. и 20.09.2023 година во заедничка акција на  Одделот за криминалистичка полиција, Единицата за брзо распоредување при Одделот за специјални полициски операции, СВР Скопје, Шумска полиција и Јавното претпријатие „Национални шуми“, од слобода биле лишени С.А.(28), Р.А.(22), Џ.А.(24), Е.А.(37), Б.С.(39), Д.А.(51), Ќ.А.(53), С.А.(47), Џ.С.(34), сите од село Брест и Б.М.(27) од скопското село Арачиново.

Лицата биле затекнати на местото при бесправна сеча на дрва и притоа биле пронајдени околу 400 кубни метри исечено огревно дрво.

На местото биле пронајдени четири товарни возила натоварени со огревно дрво, едно патничко возило, три моторни пили и други предмети  кои биле користени за сеча на дрвата. Возилата, дрвата и другите предмети биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор, соопштија денеска од МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик.

https://youtu.be/SHNOy2W--m8?si=s06BKnmTKxUrYpbb

The post Во голема акција против дрвокрадци уапсени 10 лица во Скопска Црна Гора appeared first on Република.

]]>

На место викано Рамно на планината Скопска Црна Гора,  на 19.09. и 20.09.2023 година во заедничка акција на  Одделот за криминалистичка полиција, Единицата за брзо распоредување при Одделот за специјални полициски операции, СВР Скопје, Шумска полиција и Јавното претпријатие „Национални шуми“, од слобода биле лишени С.А.(28), Р.А.(22), Џ.А.(24), Е.А.(37), Б.С.(39), Д.А.(51), Ќ.А.(53), С.А.(47), Џ.С.(34), сите од село Брест и Б.М.(27) од скопското село Арачиново. Лицата биле затекнати на местото при бесправна сеча на дрва и притоа биле пронајдени околу 400 кубни метри исечено огревно дрво.
На местото биле пронајдени четири товарни возила натоварени со огревно дрво, едно патничко возило, три моторни пили и други предмети  кои биле користени за сеча на дрвата. Возилата, дрвата и другите предмети биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор, соопштија денеска од МВР.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик. https://youtu.be/SHNOy2W--m8?si=s06BKnmTKxUrYpbb

The post Во голема акција против дрвокрадци уапсени 10 лица во Скопска Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Голема рација во Cеверна Митровица, запленети шок-бомби и опрема за наркотици и криптовалути https://republika.mk/vesti/balkan/golema-ratsija-vo-ceverna-mitrovitsa-zapleneti-shok-bombi-i-oprema-za-narkotitsi-i-kriptovaluti/ Mon, 07 Aug 2023 16:23:49 +0000 https://republika.mk/?p=669713

Косовската полиција изведе акција во населбата „Три облакодери“ во Cеверна Митровица, при што запленила нелегална опрема за производство на дрога и криптовалути, како и муниција и шок-бомби, јави дописникот на МИА од Приштина.

Заменикот директор на полицијата на Косово за северниот регион, Ветон Елшани изјави за медиумите дека акцијата е спроведена по добиени информации за нелегално производство и трговија со наркотични средства.

По дојавите добиени од Секторот за борба против наркотиците – Cеверна Митровица, во соработка со Регионалната управа Север, извршена е контрола во стан на улицата „Колашин“... Во станот, кој е користен од лицето С.М. – пронајдени се и конфискувани 60 графички картички, машини „Антминер С9“, 13 вентилатори, електрични лампи за лабораторија, 51 куршум и осум модифицирани шок-бомби, информира Елшани.

Според Елшани, осомничениот не се наоѓал на местото на настанот во времето кога е изведена акцијата.

Медиумите во Приштина потсетуваат дека ова не е прв пат полицијата на Косово да преземе акција против дрога, или против криптовалутите во општините во северно Косово.

Во февруари минатата година полицијата откри три лаборатории за дрога во Cеверна Митровица, а во мај уништи две лаборатории во Ивор, во близина на границата со Србија, каде што беа откриени големи количества садници марихуана. Во април истата година беше уништена лабораторија за дрога во Звечан, при што беа уапсени четворица косовски Срби.

Неколку акции минатата година косовската полиција изведе на територијата на целата држава, вклучително и северот, против ископувањето на криптовалути, откако го забрани нивното производство поради енормниот трошок на електрична енергија.

The post Голема рација во Cеверна Митровица, запленети шок-бомби и опрема за наркотици и криптовалути appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција изведе акција во населбата „Три облакодери“ во Cеверна Митровица, при што запленила нелегална опрема за производство на дрога и криптовалути, како и муниција и шок-бомби, јави дописникот на МИА од Приштина. Заменикот директор на полицијата на Косово за северниот регион, Ветон Елшани изјави за медиумите дека акцијата е спроведена по добиени информации за нелегално производство и трговија со наркотични средства.
По дојавите добиени од Секторот за борба против наркотиците – Cеверна Митровица, во соработка со Регионалната управа Север, извршена е контрола во стан на улицата „Колашин“... Во станот, кој е користен од лицето С.М. – пронајдени се и конфискувани 60 графички картички, машини „Антминер С9“, 13 вентилатори, електрични лампи за лабораторија, 51 куршум и осум модифицирани шок-бомби, информира Елшани.
Според Елшани, осомничениот не се наоѓал на местото на настанот во времето кога е изведена акцијата. Медиумите во Приштина потсетуваат дека ова не е прв пат полицијата на Косово да преземе акција против дрога, или против криптовалутите во општините во северно Косово. Во февруари минатата година полицијата откри три лаборатории за дрога во Cеверна Митровица, а во мај уништи две лаборатории во Ивор, во близина на границата со Србија, каде што беа откриени големи количества садници марихуана. Во април истата година беше уништена лабораторија за дрога во Звечан, при што беа уапсени четворица косовски Срби. Неколку акции минатата година косовската полиција изведе на територијата на целата држава, вклучително и северот, против ископувањето на криптовалути, откако го забрани нивното производство поради енормниот трошок на електрична енергија.

The post Голема рација во Cеверна Митровица, запленети шок-бомби и опрема за наркотици и криптовалути appeared first on Република.

]]>
Детали за денешната полициска акција: Како со лажни фактури и поврат се краделе и переле државни пари https://republika.mk/vesti/makedonija/detali-za-deneshnata-politsiska-aktsija-kako-so-lazhni-fakturi-i-povrat-se-kradele-i-perele-drzhavni-pari/ Wed, 19 Jul 2023 11:48:15 +0000 https://republika.mk/?p=663117

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15 физички лица и три правни лица, и тоа против 11 физички лица за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ по чл. 394, од кои против девет за сторено кривично дело „даночна измама“ по чл. 279-А ст. 2, додека едно лице освен за овие две дела, заедно со уште четири физички и три правни лица се сомничат дека сториле кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 од Кривичниот законик.

https://republika.mk/vesti/makedonija/utrovo-se-uapseni-nekolku-chlenovi-na-dui/

Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд - Скопје ќе предложи определување на мерката притвор за тројца осомничени, додека за останатите ќе предложи други мерки за обезбедување присуство во текот на постапката.

Инаку, тројца од пријавените, меѓу кои и раководно лице од УЈП, информираа од МВР, во септември 2020 година организирале злосторничко здружување кон кое подоцна се приклучиле уште осум лица, меѓу кои и двајца вработени во УЈП. Останатите управители или сопственици на правни лица, во текот на 2020 и 2021 година на организиран начин преку осум правни лица од Скопје издавале фиктивни фактури и генерирале фиктивни барања кон УЈП за поврат на данок, со што ги сториле споменатите кривични дела и се стекнале со противправна имотна корист на штета на буџетски средства. Прво и второпријавениот, иако не се сопственици, управители и овластени лица на сметките на правните субјекти, појаснуваат од МВР, тие реално управувале, координирале и давале инструции за постапување, а за активностите го известувале третопријавеното раководно лице од УЈП.

Оваа организирана криминална група правните субјекти ги користела за издавање на лажни фактури едни кон други, без да постојат реални деловни активности, и врз основа на овие фактури до УЈП биле доставувани ДДВ - даночни пријави, со цел неосновано побарување на поврат на данок т.е. врз основа на овие фактури била прокнижувана аконтација која понатаму се користела за пребивање на даночни долгови, кои трети лица, исто така правни субјекти, ги имале како обврска кон УЈП. Овие правни лица биле користени како даночни гаранти така што со даночни должници биле склучувани договори согласно кои осумте правни лица биле даночните гаранти и за тоа ги користеле нереалните даночни аконтации кои ги имале кон УЈП. Организаторите за целата оваа осмислена шема за возврат добивале стока, движен и недвижен имот како луксузни возила, станови и сл., кои подоцна ги препродавале на трети лица со што противправно се стекнувале со материјална корист, соопштија од МВР.

Додаваат дека оваа криминална група преку четири правни лица од Скопје, во периодот од 2020 до 2021 година, со склучување на договори за даночни гаранти, неосновано, на штета на буџетските средства пребиле данок во вкупен износ од 51.626.637 ден. (или 837.458 евра), при што дел од нелегално стекнатите парични средства преку повеќе трансакции биле искористени за купување на недвижен имот во вкупна вредност од околу 150.000 евра на име на еден од пријавените, син на третопријавениот, а дел биле пуштени во легалните финансиски текови преку повеќе готовински уплати и трансакции по основ на наводни позајмици.

Дел од нелегално стекнатата имотна корист, третопријавениот ја легализирал преку пријавените овластени лица на банкарските сметки на правните субјекти и пријавените правни лица, преку повеќе меѓусебни трансакции.

Третопријавениот на овој начин легализирал и износ од 15.259.870 ден. (или 248.128 евра), при што уплати на сметка на едно од пријавените правни лица по основ на „дневен пазар“ во повеќе трансакции по основ на „позајмица“ биле трансферирани на сметката на другото пријавено правно лице. Овие средства понатаму, од страна на правното лице биле користени за откуп на девизи, плаќање на фактури кон домашни и странски правни лица за увоз или набавка на стока, а дел од средствата, односно 110.000 ден. (или 1.789 еур) биле префрлени на сметка на синот на третопријавениот, се наведува во соопштението.

Со сите овие инкриминирачки дејанија, оваа криминална група на организиран начин ги сторила кривичните дела опфатени во кривичната пријава, со што членовите на оваа група за себе прибавиле противправна имотна корист, а на буџетските средства била нанесена штета во вкупен износ од 51.626.637 ден. (или 837.458 евра).

Инаку, утрово се спроведени претреси на седум локации, при што од слобода се лишени три лица кои ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка. При претресите се запленети мобилни телефони и документација, а при претресите на две локации беа пронајдени и запленети вкупно 35 куршуми, од кои осум куршуми со калибар 6,5 мм, 10 куршуми со калибар 7,65 и 17 куршуми со калибар 9 мм, при што дополнително се приведени две лица, за кои по документирање на случаите ќе следува соодветна пријава.

Од Јавно обвинителство информираат дека по повеќемесечна предистражна постапка координирана од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска од страна на МВР е реализирана акција и по поднесената кривична пријава, предметниот обвинител донел Наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица.

Врз основа на спроведените предистражни дејствија постои основано сомнение дека осомничените сториле кривични дела и тоа: 11 лица сториле кривично дело Злосторничко здружување од чл.394, од нив деветмина се осомничени дека сториле и кривично дело Даночна измама од чл.279-а, додека третоосомничениот освен за овие две кривични дела, заедно со останатите четворица осомничени и осомничените правни лица се товарат дека сториле кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик, додаваат од Јавно обвинителство.

Појаснуваат дека во текот на октомври 2020 година, во угостителски објект во Скопје, тројца од осомничените, запознавајќи се преку заеднички пријател, формирале злосторничко здружување заради вршење на кривичното дело даночна измама.

Притоа ги поделиле своите улоги, па така, првоосомничениот го користел својот должничко доверителски однос со едно правно лице, а второосомничениот бил задолжен да наоѓа фиктивни правни лица и да формира нови правни лица преку кои ќе генерираат фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи. За таа цел на располагање имале осум правни лица со кои реално, но не и формално управувале. Како раководно лице во УЈП, третоосомничениот иако немал надлежност, од вработените во УЈП, електронски добивал известувања и постојано бил во тек со фиктивниот поврат на незаконски средства врз основа на одобрени барања за пребивање на даночен долг со повеќе платен данок и тоа исклучиво за фиктивните даночни гаранти, соопштија од ЈО.

Подоцна како членови на злосторничкото здружување се приклучиле уште осуммина осомничени при што двајца од нив имале задача да учествуваат во подготовка на потребната документација за формирање и промени во правните лица и подготвување на потребната документација за даночните пријави, како и за склучување на Договори за пребивање на данок со фиктивните гаранти. Шестоосомничената пак, како сметководител на дел од правните лица со кои располагале организаторите на здружувањето, била задолжена да ја подготвува фиктивната документација на правните лица до УЈП за даночната пријава ДДВ 04, а заради добивање на нелегален поврат на парични средства од данок на додадена вредност од УЈП. Двајца осомничени – вработени во УЈП, имале задолжение да ги одобруваат барањата за пребивање на даночен долг со повеќе платен данок на правните лица, а тројца осомничени – управители на дел од правните лица, имале задача како даночни гаранти на даночни должници да склучуваат договори преку кои за возврат добивале стока – гориво, движен имот – луксузни возила или недвижен имот – станови, кои подоцна ги препродавале на трети лица, со што противправно се стекнувале со парични средства во готовина, па врз основа на таквите фиктивни договори издавале невистинити фактури, со пресметан ДДВ, едни кон други, а потоа доставувале барања за пребивање на даночен долг со повеќе платен данок до Управата за јавни приходи.

Во временскиот период од 01.01.2021 година до 12.10.2021 година, во Скопје, третоосомничениот и останатите четири осомничени лица, како и осомничените правни лица, со намера да го прикријат потеклото на паричните средства, пуштиле во оптек пари во вкупен износ од 24.484.870,00 денари, за кои знаеле дека потекнуваат од кривично дело – Даночна измама. Така, откако третоосомничениот ќе ги добиел парите од кривичното дело, дел ги пуштал во промет во име и корист за неговиот син, кој исто така е осомничен во овој предмет. Притоа во име и корист за неговиот син бил купен недвижен имот – деловен простор со површина од 102 м2 во вкупна вредност од околу 150.000 евра и на име позајмица од осомничените правни лица во повеќе наврати, за оваа цел, му биле префрлани парични средства. Нелегални пари во износ од 15.259.870,00 денари, третоосомничениот со цел да ги легализира ги дал во готово на осомничено овластено лице кое пак во повеќе наврати, како дневен промет ги внело на сметките на своето правно лице, а потоа повторно во повеќе наврати – трансакции, на име на позајмица биле префрлени од неговото осомничено правно лице на осомниченото правно лице сопственост на синот на третоосомничениот, се појаснува во соопштението од Јавно обвинителство.

The post Детали за денешната полициска акција: Како со лажни фактури и поврат се краделе и переле државни пари appeared first on Република.

]]>

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15 физички лица и три правни лица, и тоа против 11 физички лица за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ по чл. 394, од кои против девет за сторено кривично дело „даночна измама“ по чл. 279-А ст. 2, додека едно лице освен за овие две дела, заедно со уште четири физички и три правни лица се сомничат дека сториле кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 од Кривичниот законик. https://republika.mk/vesti/makedonija/utrovo-se-uapseni-nekolku-chlenovi-na-dui/ Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд - Скопје ќе предложи определување на мерката притвор за тројца осомничени, додека за останатите ќе предложи други мерки за обезбедување присуство во текот на постапката. Инаку, тројца од пријавените, меѓу кои и раководно лице од УЈП, информираа од МВР, во септември 2020 година организирале злосторничко здружување кон кое подоцна се приклучиле уште осум лица, меѓу кои и двајца вработени во УЈП. Останатите управители или сопственици на правни лица, во текот на 2020 и 2021 година на организиран начин преку осум правни лица од Скопје издавале фиктивни фактури и генерирале фиктивни барања кон УЈП за поврат на данок, со што ги сториле споменатите кривични дела и се стекнале со противправна имотна корист на штета на буџетски средства. Прво и второпријавениот, иако не се сопственици, управители и овластени лица на сметките на правните субјекти, појаснуваат од МВР, тие реално управувале, координирале и давале инструции за постапување, а за активностите го известувале третопријавеното раководно лице од УЈП.
Оваа организирана криминална група правните субјекти ги користела за издавање на лажни фактури едни кон други, без да постојат реални деловни активности, и врз основа на овие фактури до УЈП биле доставувани ДДВ - даночни пријави, со цел неосновано побарување на поврат на данок т.е. врз основа на овие фактури била прокнижувана аконтација која понатаму се користела за пребивање на даночни долгови, кои трети лица, исто така правни субјекти, ги имале како обврска кон УЈП. Овие правни лица биле користени како даночни гаранти така што со даночни должници биле склучувани договори согласно кои осумте правни лица биле даночните гаранти и за тоа ги користеле нереалните даночни аконтации кои ги имале кон УЈП. Организаторите за целата оваа осмислена шема за возврат добивале стока, движен и недвижен имот како луксузни возила, станови и сл., кои подоцна ги препродавале на трети лица со што противправно се стекнувале со материјална корист, соопштија од МВР.
Додаваат дека оваа криминална група преку четири правни лица од Скопје, во периодот од 2020 до 2021 година, со склучување на договори за даночни гаранти, неосновано, на штета на буџетските средства пребиле данок во вкупен износ од 51.626.637 ден. (или 837.458 евра), при што дел од нелегално стекнатите парични средства преку повеќе трансакции биле искористени за купување на недвижен имот во вкупна вредност од околу 150.000 евра на име на еден од пријавените, син на третопријавениот, а дел биле пуштени во легалните финансиски текови преку повеќе готовински уплати и трансакции по основ на наводни позајмици. Дел од нелегално стекнатата имотна корист, третопријавениот ја легализирал преку пријавените овластени лица на банкарските сметки на правните субјекти и пријавените правни лица, преку повеќе меѓусебни трансакции.
Третопријавениот на овој начин легализирал и износ од 15.259.870 ден. (или 248.128 евра), при што уплати на сметка на едно од пријавените правни лица по основ на „дневен пазар“ во повеќе трансакции по основ на „позајмица“ биле трансферирани на сметката на другото пријавено правно лице. Овие средства понатаму, од страна на правното лице биле користени за откуп на девизи, плаќање на фактури кон домашни и странски правни лица за увоз или набавка на стока, а дел од средствата, односно 110.000 ден. (или 1.789 еур) биле префрлени на сметка на синот на третопријавениот, се наведува во соопштението.
Со сите овие инкриминирачки дејанија, оваа криминална група на организиран начин ги сторила кривичните дела опфатени во кривичната пријава, со што членовите на оваа група за себе прибавиле противправна имотна корист, а на буџетските средства била нанесена штета во вкупен износ од 51.626.637 ден. (или 837.458 евра). Инаку, утрово се спроведени претреси на седум локации, при што од слобода се лишени три лица кои ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка. При претресите се запленети мобилни телефони и документација, а при претресите на две локации беа пронајдени и запленети вкупно 35 куршуми, од кои осум куршуми со калибар 6,5 мм, 10 куршуми со калибар 7,65 и 17 куршуми со калибар 9 мм, при што дополнително се приведени две лица, за кои по документирање на случаите ќе следува соодветна пријава. Од Јавно обвинителство информираат дека по повеќемесечна предистражна постапка координирана од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска од страна на МВР е реализирана акција и по поднесената кривична пријава, предметниот обвинител донел Наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица.
Врз основа на спроведените предистражни дејствија постои основано сомнение дека осомничените сториле кривични дела и тоа: 11 лица сториле кривично дело Злосторничко здружување од чл.394, од нив деветмина се осомничени дека сториле и кривично дело Даночна измама од чл.279-а, додека третоосомничениот освен за овие две кривични дела, заедно со останатите четворица осомничени и осомничените правни лица се товарат дека сториле кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик, додаваат од Јавно обвинителство.
Појаснуваат дека во текот на октомври 2020 година, во угостителски објект во Скопје, тројца од осомничените, запознавајќи се преку заеднички пријател, формирале злосторничко здружување заради вршење на кривичното дело даночна измама.
Притоа ги поделиле своите улоги, па така, првоосомничениот го користел својот должничко доверителски однос со едно правно лице, а второосомничениот бил задолжен да наоѓа фиктивни правни лица и да формира нови правни лица преку кои ќе генерираат фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи. За таа цел на располагање имале осум правни лица со кои реално, но не и формално управувале. Како раководно лице во УЈП, третоосомничениот иако немал надлежност, од вработените во УЈП, електронски добивал известувања и постојано бил во тек со фиктивниот поврат на незаконски средства врз основа на одобрени барања за пребивање на даночен долг со повеќе платен данок и тоа исклучиво за фиктивните даночни гаранти, соопштија од ЈО.
Подоцна како членови на злосторничкото здружување се приклучиле уште осуммина осомничени при што двајца од нив имале задача да учествуваат во подготовка на потребната документација за формирање и промени во правните лица и подготвување на потребната документација за даночните пријави, како и за склучување на Договори за пребивање на данок со фиктивните гаранти. Шестоосомничената пак, како сметководител на дел од правните лица со кои располагале организаторите на здружувањето, била задолжена да ја подготвува фиктивната документација на правните лица до УЈП за даночната пријава ДДВ 04, а заради добивање на нелегален поврат на парични средства од данок на додадена вредност од УЈП. Двајца осомничени – вработени во УЈП, имале задолжение да ги одобруваат барањата за пребивање на даночен долг со повеќе платен данок на правните лица, а тројца осомничени – управители на дел од правните лица, имале задача како даночни гаранти на даночни должници да склучуваат договори преку кои за возврат добивале стока – гориво, движен имот – луксузни возила или недвижен имот – станови, кои подоцна ги препродавале на трети лица, со што противправно се стекнувале со парични средства во готовина, па врз основа на таквите фиктивни договори издавале невистинити фактури, со пресметан ДДВ, едни кон други, а потоа доставувале барања за пребивање на даночен долг со повеќе платен данок до Управата за јавни приходи.
Во временскиот период од 01.01.2021 година до 12.10.2021 година, во Скопје, третоосомничениот и останатите четири осомничени лица, како и осомничените правни лица, со намера да го прикријат потеклото на паричните средства, пуштиле во оптек пари во вкупен износ од 24.484.870,00 денари, за кои знаеле дека потекнуваат од кривично дело – Даночна измама. Така, откако третоосомничениот ќе ги добиел парите од кривичното дело, дел ги пуштал во промет во име и корист за неговиот син, кој исто така е осомничен во овој предмет. Притоа во име и корист за неговиот син бил купен недвижен имот – деловен простор со површина од 102 м2 во вкупна вредност од околу 150.000 евра и на име позајмица од осомничените правни лица во повеќе наврати, за оваа цел, му биле префрлани парични средства. Нелегални пари во износ од 15.259.870,00 денари, третоосомничениот со цел да ги легализира ги дал во готово на осомничено овластено лице кое пак во повеќе наврати, како дневен промет ги внело на сметките на своето правно лице, а потоа повторно во повеќе наврати – трансакции, на име на позајмица биле префрлени од неговото осомничено правно лице на осомниченото правно лице сопственост на синот на третоосомничениот, се појаснува во соопштението од Јавно обвинителство.

The post Детали за денешната полициска акција: Како со лажни фактури и поврат се краделе и переле државни пари appeared first on Република.

]]>
Голема полициска акција низ Македонија, уапсени над 15 лица https://republika.mk/vesti/crna-hronika/golema-politsiska-aktsija-niz-makedonija-uapseni-nad-15-litsa/ Wed, 05 Jul 2023 08:50:45 +0000 https://republika.mk/?p=658253

Македонската полиција засилена со специјалци, утрово во Скопје, Битола и Ресен при претреси на повеќе локации, лишила од слобода повеќе од 15 лица.

При претресите биле пронајдени поголемо количество муниција и други предмети поврзани со кривични дела.

Од МВР потврдуваат дека во тек се претреси, а за целта на оваа голема полициска акција и за крајниот исход од претресите повеќе информации најавуваат во текот на денот.

The post Голема полициска акција низ Македонија, уапсени над 15 лица appeared first on Република.

]]>

Македонската полиција засилена со специјалци, утрово во Скопје, Битола и Ресен при претреси на повеќе локации, лишила од слобода повеќе од 15 лица. При претресите биле пронајдени поголемо количество муниција и други предмети поврзани со кривични дела. Од МВР потврдуваат дека во тек се претреси, а за целта на оваа голема полициска акција и за крајниот исход од претресите повеќе информации најавуваат во текот на денот.

The post Голема полициска акција низ Македонија, уапсени над 15 лица appeared first on Република.

]]>
Во голема акција на скопскиот аеродром уапсен поранешен градоначалник https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-golema-aktsija-na-skopskiot-aerodrom-uapsen-poraneshen-gradonachalnik/ Fri, 30 Jun 2023 07:10:21 +0000 https://republika.mk/?p=656714

Во голема акција на скопскиот аеродром синоќа бил приведен поранешниот градоначалник В.Т. како и други 10 лица поврзани со предмет на поранешното СЈО, дознава МКД.мк од неофицијални извори.

На граничниот премин Табановце утрово бил приведен и поранешниот претседател на Советот на истата општина.

The post Во голема акција на скопскиот аеродром уапсен поранешен градоначалник appeared first on Република.

]]>

Во голема акција на скопскиот аеродром синоќа бил приведен поранешниот градоначалник В.Т. како и други 10 лица поврзани со предмет на поранешното СЈО, дознава МКД.мк од неофицијални извори. На граничниот премин Табановце утрово бил приведен и поранешниот претседател на Советот на истата општина.

The post Во голема акција на скопскиот аеродром уапсен поранешен градоначалник appeared first on Република.

]]>
Голема акција во Скопје, се апсат дилери и криминалци https://republika.mk/vesti/crna-hronika/golema-aktsija-vo-skopje-se-apsat-dileri-i-kriminaltsi/ Sun, 02 Apr 2023 13:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=626282

Голема полициска акција се одвива во Скопје.Се прават претреси на дваесетина локации, а уапсени се петнаесетина криминалци, пред се дилери и разбојници, првично објави МВР.

Цел се најмалку 17 лица кој се поврзуваат со трговија на дрога, а според неофицијални извори, досега се уапсени 15 лица, објави „Плусинфо.мк“.

Полицијата детали најавува по нејзиното завршување.

The post Голема акција во Скопје, се апсат дилери и криминалци appeared first on Република.

Голема полициска акција во Тирана, уапсени 20 дилери на дрога https://republika.mk/vesti/balkan/golema-politsiska-aktsija-vo-tirana-uapseni-20-dileri-na-droga/ Wed, 22 Mar 2023 12:45:21 +0000 https://republika.mk/?p=622433

Во голема полициска акција наречена „Мапа“ 20 лица се уапсени за шверц на дрога, а четири лица се ставени на потерница, изјави директорот на албанската полиција Тонин Вочај.

По спроведена тримесечна истрага, со посебни истражни методи од страна на полицијата во Тирана под раководство на Обвинителството, обезбедени се правни докази за криминалната активност на две групи составени од 24 лица. Акцијата беше спроведена во Тирана и Камез, а запленети се два килограми и 121 грам кокаин, 300 дози канабис, 130 дози хероин, 1.700 евра, пет милиони лека, како и 11 возила и 29 мобилни уреди, рече Вочај.

Според извештаите, уапсените дистрибуирале дрога во училишта, барови, ноќни клубови и различни населби на Тирана.

Уапсените на возраст меѓу 25 и 60 години комуницирале со различни шифри.

The post Голема полициска акција во Тирана, уапсени 20 дилери на дрога appeared first on Република.

]]>

Во голема полициска акција наречена „Мапа“ 20 лица се уапсени за шверц на дрога, а четири лица се ставени на потерница, изјави директорот на албанската полиција Тонин Вочај.
По спроведена тримесечна истрага, со посебни истражни методи од страна на полицијата во Тирана под раководство на Обвинителството, обезбедени се правни докази за криминалната активност на две групи составени од 24 лица. Акцијата беше спроведена во Тирана и Камез, а запленети се два килограми и 121 грам кокаин, 300 дози канабис, 130 дози хероин, 1.700 евра, пет милиони лека, како и 11 возила и 29 мобилни уреди, рече Вочај.
Според извештаите, уапсените дистрибуирале дрога во училишта, барови, ноќни клубови и различни населби на Тирана. Уапсените на возраст меѓу 25 и 60 години комуницирале со различни шифри.

The post Голема полициска акција во Тирана, уапсени 20 дилери на дрога appeared first on Република.

]]>
Ноќва акции по ноќните клубови и кафулињата, уапсени 4 лица https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nokva-aktsii-po-noknite-klubovi-i-kafulinata-uapseni-4-litsa/ Sat, 21 Jan 2023 10:38:02 +0000 https://republika.mk/?p=599331

Во текот на изминатата вечер, во периодот од 23:30 до 04:00 часот, од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти во повеќе градови.

При контролата, како што информираат денеска од МВР, приведени се четири лица од кои три поради нарушување на јавниот ред и мир, а едно лице П.Ѓ (20) од Скопје поради тоа што кај него, во угостителски објект во населбата Илинден во Скопје, бил пронајден кокаин.

The post Ноќва акции по ноќните клубови и кафулињата, уапсени 4 лица appeared first on Република.

]]>

Во текот на изминатата вечер, во периодот од 23:30 до 04:00 часот, од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти во повеќе градови. При контролата, како што информираат денеска од МВР, приведени се четири лица од кои три поради нарушување на јавниот ред и мир, а едно лице П.Ѓ (20) од Скопје поради тоа што кај него, во угостителски објект во населбата Илинден во Скопје, бил пронајден кокаин.

The post Ноќва акции по ноќните клубови и кафулињата, уапсени 4 лица appeared first on Република.

]]>
Драматично на автопатот Велес-Скопје: Во голема полициска акција запленета дрога вредна над 250.000 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dramatichno-na-avtopatot-veles-skopje-vo-golema-policiska-akcija-zapleneta-droga-vredna-nad-250-000-evra/ Tue, 01 Nov 2022 18:39:40 +0000 https://republika.mk/?p=568446

Во тек е голема полициска акција на наплатната станица Отовица, на автопатот Велес-Скопје, при што е пресечен меѓународен канал за шверц и запленета е дрога вредна над 250.000 евра.

Дрогата била пренесувана во возило фолксваген туран, управувано од скопјанец.

Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, а детали најавуваат по завршување на акцијата

The post Драматично на автопатот Велес-Скопје: Во голема полициска акција запленета дрога вредна над 250.000 евра appeared first on Република.

]]>

Во тек е голема полициска акција на наплатната станица Отовица, на автопатот Велес-Скопје, при што е пресечен меѓународен канал за шверц и запленета е дрога вредна над 250.000 евра. Дрогата била пренесувана во возило фолксваген туран, управувано од скопјанец. Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, а детали најавуваат по завршување на акцијата

The post Драматично на автопатот Велес-Скопје: Во голема полициска акција запленета дрога вредна над 250.000 евра appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Секогаш има обиди некој да саботира полициски акции https://republika.mk/vesti/crna-hronika/spasovski-sekogash-ima-obidi-nekoj-da-sabotira-policiski-akcii/ Wed, 10 Aug 2022 08:25:16 +0000 https://republika.mk/?p=538626

Секогаш има обиди некој да саботира полициски акции, ама верувајте дека МВР како институција и институциите кои работат во системот на спроведување на законот се тие кои го оневозможуваат тоа, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.

– Секогаш постојат луѓе кои сакаат да бидат сојузници со криминал, нашата задача е да креираме систем кој ќе им се спротивстави. Не можат криминалците да го победат најголемото мнозинство во државата, напиша Спасовски на Фејсбук.

Минатата година беше пробиена акцијата „Планина“ а пак во акцијата на ДЕА на Плетвар МВР беше информирано во последен момент токму поради стравот дека може да протечат информации.

The post Спасовски: Секогаш има обиди некој да саботира полициски акции appeared first on Република.

Во тек е полициска акција во Арачиново, Нерези, Радуша… https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-tek-e-policiska-akcija-vo-arachinovo-nerezi-radusha/ Fri, 01 Apr 2022 08:35:19 +0000 https://republika.mk/?p=481800

Во голема полициска акција која почнала утрово и се уште трае на повеќе локации во скопско, меѓу кои, Арачиново, Нерези, Радуша и други, запленет е коакин и марихуана, а се апсат и нарко дилери организирани во криминални групи.

Од МВР потврдија дека во тек е акција, а детали најавуваат по завршувањето.

The post Во тек е полициска акција во Арачиново, Нерези, Радуша… appeared first on Република.

]]>

Во голема полициска акција која почнала утрово и се уште трае на повеќе локации во скопско, меѓу кои, Арачиново, Нерези, Радуша и други, запленет е коакин и марихуана, а се апсат и нарко дилери организирани во криминални групи. Од МВР потврдија дека во тек е акција, а детали најавуваат по завршувањето.

The post Во тек е полициска акција во Арачиново, Нерези, Радуша… appeared first on Република.

]]>