Секогаш има обиди некој да саботира полициски акции, ама верувајте дека МВР како институција и институциите кои работат во системот на спроведување на законот се тие кои го оневозможуваат тоа, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.

– Секогаш постојат луѓе кои сакаат да бидат сојузници со криминал, нашата задача е да креираме систем кој ќе им се спротивстави. Не можат криминалците да го победат најголемото мнозинство во државата, напиша Спасовски на Фејсбук.

Минатата година беше пробиена акцијата „Планина“ а пак во акцијата на ДЕА на Плетвар МВР беше информирано во последен момент токму поради стравот дека може да протечат информации.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.