покачување плата Archives - Република https://republika.mk/tema/pokachuvanje-plata/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Sep 2023 12:25:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png покачување плата Archives - Република https://republika.mk/tema/pokachuvanje-plata/ 32 32 Ковачевски им вети ново покачување на платите на медицинскиот персонал од јавното здравство https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-im-veti-novo-pokachuvane-na-platite-na-meditsinskiot-personal-od-javnoto-zdravstvo/ Fri, 08 Sep 2023 12:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=679950

Овој месец ќе биде потпишана спогодбата меѓу Министерството за здравство и Синдикатот на здравствените работници за ново зголемување на платите на медицинскиот персонал од јавното здравство кое е второ по ред оваа година, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тие многу пати не направиле горди во изминатите години, само да се потсетиме на првата трансплантација што беше извршена на срце во државата, па на трансплантациите што ги прават Клиниката за дигестивна хирургија, Клиниката за урологија и тоа е нешто што нашата држава ја запишува во листата на држави кои прават најсофистицирани и најкомплицирани операции кои во многу држави не можат да се направат. Тие со тоа не направиле горди, а наше е да им возвратиме на сите доктори кои 24 часа на ден се посветени на сите пациенти, односно на сите нас, да им се заблагодариме и на тој начин да покажеме дека државата стои преку финансирање на се она што значи и повисоки плати, меѓутоа и обезбедување подобра опрема за нивното работење, подвлече Ковачевски по пуштањето на трите нови сали за интервентна кардиологија и радиологија во ГОБ „8-ми Септември“.

The post Ковачевски им вети ново покачување на платите на медицинскиот персонал од јавното здравство appeared first on Република.

]]>

Министерот со 78 oтсто зголемување на платата, бара бесплатно да работат оние на кои не им даваат 50 евра покачување со месеци https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-so-78-otsto-zgolemuvane-na-platata-bara-besplatno-da-rabotat-onie-na-koi-ne-im-davaat-50-evra-pokachuvane-so-mesetsi/ Thu, 01 Jun 2023 15:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=646918

„Министерот за здравство ги повика хирурзите да работат без надомест во викенд”.

Министерот со 78% зголемување на плата бара бесплатно да работат оние на кои не им даваат 50 евра покачување со месеци, пишува Божидар Божиновски - Моџо.

The post Министерот со 78 oтсто зголемување на платата, бара бесплатно да работат оние на кои не им даваат 50 евра покачување со месеци appeared first on Република.

Наставниците заслужуваат повисоки плати, ама треба да сфатат во каква криза се наоѓаме, порача Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/nastavnicite-zasluzuvaat-povisoki-plati-ama-treba-da-sfatat-vo-kakva-kriza-se-naogjame-poracha-kovachevski/ Sat, 02 Apr 2022 07:17:31 +0000 https://republika.mk/?p=482203

Премиерот Димитар Комачевски, во вчерашната емисија „360 степени” на ТВ Алсат, рече дека при преговорите за зголемување на минималната плата ги замолил претставниците на синдикатите и здруженијата „да не се прави политика од зголемувањето на платата на најранливите во државата”. Ова тој го кажа во контекст на најавата на Синдикатот за образование и наука (СОНК) за генерален штрајк.

Сите работници, особено вработените во образовниот сектор, заслужуваат поголеми плати зашто образовниот сектор е тој што го креира човечкиот капитал којшто во државата, а кој гледаме дека ни се намалува и нам ни требаат поквалификувани работници кои ќе креираат подобри и подобро платени работни места за да биде подобра државата. Јас имав разговор со претседателот на СОНК на денот кога се носеше одлуката заедно со министрите од економските ресори, во понеделник повторно ќе има состанок, и на крајот и со штрајк и без штрајк, договор се постигнува помеѓу партнерите во социјалниот дијалог во овој случај Владата и синдикатите, рече Ковачевски.

Премиерот рече оти лично смета дека треба да има зголемување на платите во образованието, но и дека треба да бидеме свесни дека ова е најкризната година по Втората светска војна.

Мора да се грижите државата да може да ги финансира сите свои обврски, гледате дека и во најголема криза пензиите повторно се исплаќаат предвреме, државата донесе одлука за намалување за 50 насто на трошоците за репрезентација, намалување за 10 насто на тековните трошоци, ограничување на бројот на луѓе што патуваат итн., рече тој.

На прашањето дали ќе прифати нешто од барањата на СОНК, тој рече дека со Синдикатот разговараат за методологија која ќе овозможи без политички влијанија во иднина да расте платата на вработените во образованието.

Се прават калкулации во Министерството за образование и во Министерството за финансии да видиме кои се тие можности што буџетот може да ги издржи во оваа кризна година. Доколку ги зголемите платите колку што е вкупното барање на синдикатите, тоа може предизвика дополнителен инфлаторен притисок, а дополнителен инфлаторен притисок од овој што го имаме ќе значи дека и платата што ќе ја добијат работниците после многу кратко време нема да вреди, додаде тој.

The post Наставниците заслужуваат повисоки плати, ама треба да сфатат во каква криза се наоѓаме, порача Ковачевски appeared first on Република.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат новиот министер да го ревидира предлогот за измени на Законот за наставници https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenicite-od-vmro-dpmne-baraat-noviot-minister-da-go-revidira-predlogot-za-izmeni-na-zakonot-za-nastavnici/ Fri, 18 Feb 2022 14:35:18 +0000 https://republika.mk/?p=460525

Пратениците од владејачкото мнозинство обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ повеќе од осум месеци блокира Предлог-закон со кој треба да им се зголемат платите на наставниците и на 4700 да им се трансформира работниот однос од определено на неопределено време. Опозициските пратеници, пак, бараат Предлог-законот да се ревидира од новиот министер за образование затоа што наставниците ги става во нерамноправна положба.

По паузата која беше дадена поради несогласувања околу дневниот ред, на петтото продолжение на деветтата седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, Дарко Каевски од СДСМ повика да продолжат да работат по дневниот ред.

Ако нема дискутанти, точката за Предлог за измени на Законот за наставници и стручни соработници, рече тој, да биде ставена на гласање зашто, како што нагласи,, сите го очекуваат овој закон долго време и никој не смее да си поигрува со судбината на луѓето кои очекуваат трансформација на работниот однос и раст на платите кои треба да се усогласат со минималната плата.

Вие го кочите носењето на законот со процедурални забелешки и тоа го правите веќе седум-осум месеци. Поминувањето во прво читање значи донесување потреба за измени на законот. Потреба за 4700 наставници да добијат решение на неопределено време, што им е нужна во овој момент. Ако сметате дека нема потреба за тоа, кога ќе се отвори расправата по првата точка од дневниот ред, излезете и кажете им чесно на граѓаните дека нема потреба. А не вака, излегувате и говорите сè и сешто. Ве замолувам да се одважиме, да се издигнеме над сè и да го поминеме првото читање. Граѓаните гледаат дека вие сте против трансформација и против зголемување на платите и ваша главна интенција е да го закочите за да правите немир во образованието, рече Каевски.

На пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тој им порача и дека ако имаат забелешки на Предлог-законот, ќе имаат можност на амандманска расправа да го подобрат текстот со амандмани.

Процедурално му реплицираше Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ кој побара новиот министер за образование и неговиот заменик да го разгледаат повторно предлог-законот и, како што рече, да ги ревидираат позициите во законот.

Апелирам до министерот, заменик-министерот и до пратениците од мнозинството да го ревидираат овој закон, да ги слушнат нашите забелешки. Не може да дозволиме да помине закон во кој во воведот пишува „правна и економска сигурност преку засновување работен однос“, а понатаму – „овозможување кариерен и професионален развој и побрзо напредување во сужбата на ’овие’ наставници и стручни соработници“. Не смееме да ги разделуваме едните од другите наставници, не смееме да градиме систем на нееднаквост и нерамноправност. Апелирам до МОН и до пратениците од мнозинството хипотеките од минатото и лошите решенија кои ги имаше Мила Царовска во Министетството за образование и наука да не ги пренесуваме како хипотека на новиот министер. Да не тргнуваме така слепо во трка по политички поени затоа што од таквиот начин на работеење никој не добива. Со силната партизација во образованието, губиме ние, губат и идните генерации, рече Лефков.

Според него, предлогот на Каевски за интервенирање со амнадмани е несериозен, додавајќи дека „креатор на политиката во образованието е Министерството за образование и одговорноста ќе биде на министерот“.

А одговорноста е наша ако ние дозволуваме неквалитетни решенија заради партиски амбиции и за ловење политички поени. Овде споменувате плати на наставниците, а имавте можност вчера да ги решите со тоа што ќе беа вклучени ако беше прифатен амандман од опозицијата, додаде пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателката на собраниската Комисија за образование, наука и спорт Жаклина Лазаревска даде втора пауза. Првата пауза претпладнето беше дадена по почетокот на седницата зашто опозициските пратеници не се соглсуваа околу дневниот ред за кој Лазаревска тврдеше дека е усвоен уште во јуни.

Петтото продолжение на оваа комисисика седница беше закажано по подолго време. Од јуни на дневен ред се Предлог-законот за именување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, двата во прво читање.

The post Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат новиот министер да го ревидира предлогот за измени на Законот за наставници appeared first on Република.

]]>

Пратениците од владејачкото мнозинство обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ повеќе од осум месеци блокира Предлог-закон со кој треба да им се зголемат платите на наставниците и на 4700 да им се трансформира работниот однос од определено на неопределено време. Опозициските пратеници, пак, бараат Предлог-законот да се ревидира од новиот министер за образование затоа што наставниците ги става во нерамноправна положба. По паузата која беше дадена поради несогласувања околу дневниот ред, на петтото продолжение на деветтата седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, Дарко Каевски од СДСМ повика да продолжат да работат по дневниот ред. Ако нема дискутанти, точката за Предлог за измени на Законот за наставници и стручни соработници, рече тој, да биде ставена на гласање зашто, како што нагласи,, сите го очекуваат овој закон долго време и никој не смее да си поигрува со судбината на луѓето кои очекуваат трансформација на работниот однос и раст на платите кои треба да се усогласат со минималната плата.
Вие го кочите носењето на законот со процедурални забелешки и тоа го правите веќе седум-осум месеци. Поминувањето во прво читање значи донесување потреба за измени на законот. Потреба за 4700 наставници да добијат решение на неопределено време, што им е нужна во овој момент. Ако сметате дека нема потреба за тоа, кога ќе се отвори расправата по првата точка од дневниот ред, излезете и кажете им чесно на граѓаните дека нема потреба. А не вака, излегувате и говорите сè и сешто. Ве замолувам да се одважиме, да се издигнеме над сè и да го поминеме првото читање. Граѓаните гледаат дека вие сте против трансформација и против зголемување на платите и ваша главна интенција е да го закочите за да правите немир во образованието, рече Каевски.
На пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тој им порача и дека ако имаат забелешки на Предлог-законот, ќе имаат можност на амандманска расправа да го подобрат текстот со амандмани. Процедурално му реплицираше Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ кој побара новиот министер за образование и неговиот заменик да го разгледаат повторно предлог-законот и, како што рече, да ги ревидираат позициите во законот.
Апелирам до министерот, заменик-министерот и до пратениците од мнозинството да го ревидираат овој закон, да ги слушнат нашите забелешки. Не може да дозволиме да помине закон во кој во воведот пишува „правна и економска сигурност преку засновување работен однос“, а понатаму – „овозможување кариерен и професионален развој и побрзо напредување во сужбата на ’овие’ наставници и стручни соработници“. Не смееме да ги разделуваме едните од другите наставници, не смееме да градиме систем на нееднаквост и нерамноправност. Апелирам до МОН и до пратениците од мнозинството хипотеките од минатото и лошите решенија кои ги имаше Мила Царовска во Министетството за образование и наука да не ги пренесуваме како хипотека на новиот министер. Да не тргнуваме така слепо во трка по политички поени затоа што од таквиот начин на работеење никој не добива. Со силната партизација во образованието, губиме ние, губат и идните генерации, рече Лефков.
Според него, предлогот на Каевски за интервенирање со амнадмани е несериозен, додавајќи дека „креатор на политиката во образованието е Министерството за образование и одговорноста ќе биде на министерот“.
А одговорноста е наша ако ние дозволуваме неквалитетни решенија заради партиски амбиции и за ловење политички поени. Овде споменувате плати на наставниците, а имавте можност вчера да ги решите со тоа што ќе беа вклучени ако беше прифатен амандман од опозицијата, додаде пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателката на собраниската Комисија за образование, наука и спорт Жаклина Лазаревска даде втора пауза. Првата пауза претпладнето беше дадена по почетокот на седницата зашто опозициските пратеници не се соглсуваа околу дневниот ред за кој Лазаревска тврдеше дека е усвоен уште во јуни. Петтото продолжение на оваа комисисика седница беше закажано по подолго време. Од јуни на дневен ред се Предлог-законот за именување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, двата во прво читање.