појасот газа Archives - Република https://republika.mk/tema/pojasot-gaza/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 16:57:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png појасот газа Archives - Република https://republika.mk/tema/pojasot-gaza/ 32 32 Абас пред ОН: Престанете со геноцидот! Целиот свет е одговорен за она што се случува во Газа https://republika.mk/vesti/svet/abas-pred-on-prestanete-so-genotsidot-tseliot-svet-e-odgovoren-za-ona-shto-se-sluchuva-vo-gaza/ Thu, 26 Sep 2024 17:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=819960

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го осуди Израел и неговата офанзива во Појасот Газа пред Генералното собрание на ОН. Тој ги повика другите држави да ја запрат војната.

Абас, претседателот на Палестинската власт, која управува со Западниот Брег, но не и со Појасот Газа, повика меѓународната заедница да престане да испраќа оружје во Израел.

Тој истакна дека неговата влада треба да управува со поствоена Газа како дел од независна Држава Палестина.

Палестина ќе остане наша. И ако некој треба да замине, тоа ќе бидат окупаторските узурпатори, потенцираше Абас.

Во своето обраќање пред ОН, палестинскиот претседател посочи дека Палестинците речиси една година го трпат она што тој го опиша како едно од најтешките злосторства на нашето време.

Престанете со овој криминал. Престанете веднаш. Престанете со убивањето на децата и жените. Престанете со геноцидот. Престанете да испраќате оружје во Израел. Ова лудило не може да продолжи. Целиот свет е одговорен за тоа што им се случува на нашите луѓе во Газа и на Западниот Брег, изјави тој.

Абас додаде дека Палестинците се „подложени на еден од најгнасните злосторства на нашето време, тоа е злосторството на целосна војна, на геноцид кој го извршува Израел.“

Меѓународниот суд на правдата истражува случај поднесен од Јужноафриканската Република, кој обвинува дека Израел врши „геноцидни акти“ во својата офанзива во Газа, што е прекршување на Конвенцијата на ОН за геноцид од 1948 година. Израел силно ги отфрли овие обвинувања.

Абас истакна дека во војната се убиени повеќе од 40,000 луѓе само во Газа и ранети се десетици илјади други.

„Стотици палестински семејства се уништени,“ рече тој. „Илјадници умреа поради ширењето на болести и епидемии, како и поради недостаток на лекови и вода.“

Тој додаде дека Израел го уништил Појасот Газа „речиси целосно,“ изјавувајќи дека територијата „веќе не е погодна за живот.“

Абас, исто така, го обвини Израел за „нова агресија“ врз Либан, кој во последните денови е погоден од бранови на израелски напади.

„Ја осудуваме оваа агресија и бараме таа веднаш да престане,“ додаде тој.

Конфликтот започна откако милитантите предводени од Хамас извршија терористички напад врз Израел на 7 октомври, при што загинаа околу 1,200 луѓе и беа земени околу 250 заложници. Потоа Израел започна одмазнички напади во Газа, каде се убиени над 40 илјади луѓе.

The post Абас пред ОН: Престанете со геноцидот! Целиот свет е одговорен за она што се случува во Газа appeared first on Република.

]]>

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го осуди Израел и неговата офанзива во Појасот Газа пред Генералното собрание на ОН. Тој ги повика другите држави да ја запрат војната. Абас, претседателот на Палестинската власт, која управува со Западниот Брег, но не и со Појасот Газа, повика меѓународната заедница да престане да испраќа оружје во Израел. Тој истакна дека неговата влада треба да управува со поствоена Газа како дел од независна Држава Палестина.
Палестина ќе остане наша. И ако некој треба да замине, тоа ќе бидат окупаторските узурпатори, потенцираше Абас.
Во своето обраќање пред ОН, палестинскиот претседател посочи дека Палестинците речиси една година го трпат она што тој го опиша како едно од најтешките злосторства на нашето време.
Престанете со овој криминал. Престанете веднаш. Престанете со убивањето на децата и жените. Престанете со геноцидот. Престанете да испраќате оружје во Израел. Ова лудило не може да продолжи. Целиот свет е одговорен за тоа што им се случува на нашите луѓе во Газа и на Западниот Брег, изјави тој.
Абас додаде дека Палестинците се „подложени на еден од најгнасните злосторства на нашето време, тоа е злосторството на целосна војна, на геноцид кој го извршува Израел.“ Меѓународниот суд на правдата истражува случај поднесен од Јужноафриканската Република, кој обвинува дека Израел врши „геноцидни акти“ во својата офанзива во Газа, што е прекршување на Конвенцијата на ОН за геноцид од 1948 година. Израел силно ги отфрли овие обвинувања. Абас истакна дека во војната се убиени повеќе од 40,000 луѓе само во Газа и ранети се десетици илјади други. „Стотици палестински семејства се уништени,“ рече тој. „Илјадници умреа поради ширењето на болести и епидемии, како и поради недостаток на лекови и вода.“ Тој додаде дека Израел го уништил Појасот Газа „речиси целосно,“ изјавувајќи дека територијата „веќе не е погодна за живот.“ Абас, исто така, го обвини Израел за „нова агресија“ врз Либан, кој во последните денови е погоден од бранови на израелски напади. „Ја осудуваме оваа агресија и бараме таа веднаш да престане,“ додаде тој. Конфликтот започна откако милитантите предводени од Хамас извршија терористички напад врз Израел на 7 октомври, при што загинаа околу 1,200 луѓе и беа земени околу 250 заложници. Потоа Израел започна одмазнички напади во Газа, каде се убиени над 40 илјади луѓе.

The post Абас пред ОН: Престанете со геноцидот! Целиот свет е одговорен за она што се случува во Газа appeared first on Република.

]]>
Во Појасот Газа почна вакцинацијата на децата против полио, се очекуваат „паузи“ во војувањето https://republika.mk/vesti/svet/vo-pojasot-gaza-pochna-vaktsinatsijata-na-detsata-protiv-polio-se-ochekuvaat-pauzi-vo-vojuvaneto/ Sat, 31 Aug 2024 14:19:45 +0000 https://republika.mk/?p=811808

Вакцинацијата на децата против детска парализа (полио) започна во центарот на Појасот Газа, изјави денеска официјалниот претставник на палестинското Министерство за здравство, д-3 Муса Абед, во пресрет на „хуманитарната пауза“ во војувањето, што ОН ги најавија за да го овозможат вакцинирањето, пренесуваат француските медиуми.

-Тимови од Министерството за здравство, УНРВА и невладините организации денеска ја почнаа кампањата за вакцинација против детска парализа во централниот Појас Газа, изјави д-р Абед, директор за прва помош во Министерството за здравство на владата на Хамас.

Првиот случај на детска парализа неодамна беше потврден кај десетмесечно дете во Појасот Газа, каде болеста беше искоренета пред дваесет и пет години.

ОН испратија 1,2 милиони орални вакцини.

Родителите чии деца ја примија првата орална вакцинација од две капки, а две дози од вакцината се потребни во период од еден месец, изјавија за француските медиуми дека стравуваат од епидемија меѓу децата на малата територија од 2,4 милиони луѓе, од кои речиси сите беа раселени за време на војната.

Светската здравствена организација (СЗО) во четвртокот соопшти дека израелските власти се согласиле на неколку „хуманитарни паузи“ од по три дена во Газа за да дозволат 640.000 деца да бидат вакцинирани против детска парализа.

Поради оштетените патишта и раселеното население, ОН најавија дека може да биде потребен дополнителен ден за секоја област.

Договорот предвидува хуманитарната пауза да трае секој ден од рано наутро до рано попладне, а по можност и да се продолжи.

Според ОН, „епидемијата за да биде запрена потребно е да бидат опфатени најмалку 90 отсто од децата во текот на секоја фаза на вакцинација“.

The post Во Појасот Газа почна вакцинацијата на децата против полио, се очекуваат „паузи“ во војувањето appeared first on Република.

]]>

Вакцинацијата на децата против детска парализа (полио) започна во центарот на Појасот Газа, изјави денеска официјалниот претставник на палестинското Министерство за здравство, д-3 Муса Абед, во пресрет на „хуманитарната пауза“ во војувањето, што ОН ги најавија за да го овозможат вакцинирањето, пренесуваат француските медиуми.
-Тимови од Министерството за здравство, УНРВА и невладините организации денеска ја почнаа кампањата за вакцинација против детска парализа во централниот Појас Газа, изјави д-р Абед, директор за прва помош во Министерството за здравство на владата на Хамас.
Првиот случај на детска парализа неодамна беше потврден кај десетмесечно дете во Појасот Газа, каде болеста беше искоренета пред дваесет и пет години. ОН испратија 1,2 милиони орални вакцини. Родителите чии деца ја примија првата орална вакцинација од две капки, а две дози од вакцината се потребни во период од еден месец, изјавија за француските медиуми дека стравуваат од епидемија меѓу децата на малата територија од 2,4 милиони луѓе, од кои речиси сите беа раселени за време на војната. Светската здравствена организација (СЗО) во четвртокот соопшти дека израелските власти се согласиле на неколку „хуманитарни паузи“ од по три дена во Газа за да дозволат 640.000 деца да бидат вакцинирани против детска парализа. Поради оштетените патишта и раселеното население, ОН најавија дека може да биде потребен дополнителен ден за секоја област. Договорот предвидува хуманитарната пауза да трае секој ден од рано наутро до рано попладне, а по можност и да се продолжи. Според ОН, „епидемијата за да биде запрена потребно е да бидат опфатени најмалку 90 отсто од децата во текот на секоја фаза на вакцинација“.

The post Во Појасот Газа почна вакцинацијата на децата против полио, се очекуваат „паузи“ во војувањето appeared first on Република.

]]>
Цивилите во Појасот Газа се гладни, жедни и болни https://republika.mk/vesti/svet/tsivilite-vo-pojasot-gaza-se-gladni-zhedni-i-bolni/ Fri, 30 Aug 2024 09:50:06 +0000 https://republika.mk/?p=811491

Заменик генералниот секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања, Џојс Мсуја изјави дека ситуацијата во Појасот Газа, каде што продолжуваат израелските напади, е „повеќе од безнадежна“, пренесува Анадолија.

Во обраќањето пред членовите на Советот за безбедност на ОН, Мсуја предупреди на тешката хуманитарна ситуација со која се соочуваат палестинските цивили во Газа.

Таа ја повтори длабоката загриженост на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за ситуацијата на окупираниот Западен Брег и неговиот повик за итен прекин на сите израелски операции.

„Од 7 октомври 2023 година, повеќе од десет пати известувавме до Советот за безбедност на ОН за страдањата на цивилите, жените, мажите и децата“, рече Мсуја.

Таа потсети дека се почести се вестите за злоупотреба на палестински затвореници во Израел.

Мсуја, исто така, истакна дека хуманитарните работници на ОН се „соочени со предизвик без преседан“ поради различните опструкции на Израел.

Таа нагласи дека настаните во Појасот Газа во последните 11 месеци ја доведоа во прашање посветеноста на светот кон меѓународниот правен поредок, кој е дизајниран да спречи токму такви трагедии.

„Ова не тера да се запрашаме: Што се случи со нашето основно чувство за хуманост“, рече Мсуја.

Таа уште еднаш го предупреди светот дека цивилите во Појасот Газа се гладни, жедни, болни и без покрив на главата.

The post Цивилите во Појасот Газа се гладни, жедни и болни appeared first on Република.

]]>

Заменик генералниот секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања, Џојс Мсуја изјави дека ситуацијата во Појасот Газа, каде што продолжуваат израелските напади, е „повеќе од безнадежна“, пренесува Анадолија. Во обраќањето пред членовите на Советот за безбедност на ОН, Мсуја предупреди на тешката хуманитарна ситуација со која се соочуваат палестинските цивили во Газа. Таа ја повтори длабоката загриженост на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за ситуацијата на окупираниот Западен Брег и неговиот повик за итен прекин на сите израелски операции. „Од 7 октомври 2023 година, повеќе од десет пати известувавме до Советот за безбедност на ОН за страдањата на цивилите, жените, мажите и децата“, рече Мсуја. Таа потсети дека се почести се вестите за злоупотреба на палестински затвореници во Израел. Мсуја, исто така, истакна дека хуманитарните работници на ОН се „соочени со предизвик без преседан“ поради различните опструкции на Израел. Таа нагласи дека настаните во Појасот Газа во последните 11 месеци ја доведоа во прашање посветеноста на светот кон меѓународниот правен поредок, кој е дизајниран да спречи токму такви трагедии. „Ова не тера да се запрашаме: Што се случи со нашето основно чувство за хуманост“, рече Мсуја. Таа уште еднаш го предупреди светот дека цивилите во Појасот Газа се гладни, жедни, болни и без покрив на главата.

The post Цивилите во Појасот Газа се гладни, жедни и болни appeared first on Република.

]]>
Бајден: САД не се откажуваат од напорите за примирје во Газа https://republika.mk/vesti/svet/bajden-sad-ne-se-otkazhuvaat-od-naporite-za-primirje-vo-gaza/ Mon, 19 Aug 2024 07:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=807824

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека прекин на огнот во Газа „сѐ уште е можен“ и увери дека САД не се откажуваат од напорите за постигнување примирје.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Хамас вчера се обвинија меѓусебно за неуспехот на посредничките напори за постигнување примирје, во момент кога започна посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Израел.

The post Бајден: САД не се откажуваат од напорите за примирје во Газа appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека прекин на огнот во Газа „сѐ уште е можен“ и увери дека САД не се откажуваат од напорите за постигнување примирје. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Хамас вчера се обвинија меѓусебно за неуспехот на посредничките напори за постигнување примирје, во момент кога започна посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Израел.

The post Бајден: САД не се откажуваат од напорите за примирје во Газа appeared first on Република.

]]>
Хамас не го прифаќа новиот предлог за примирје во Појасот Газа https://republika.mk/vesti/svet/hamas-ne-go-prifaka-noviot-predlog-za-primirje-vo-pojasot-gaza/ Sat, 17 Aug 2024 08:41:14 +0000 https://republika.mk/?p=807423

САД вчера на мировните преговори во Доха претставија нов, изменет предлог за примирје во Појасот Газа, но Хамас ги отфрли „новите услови“.

Посредници на САД, Катар и Египет, без присуство на претставници на Хамас два дена разговараа за договор за прекин на огнот во Појасот Газа. Тие најавија дека преговорите ќе продолжат следната недела во Каиро.

Договорот никогаш не бил толку близок. Мислам дека имаме шанса, изјави синоќа претседателот на САД, Џо Бајден

Претходно, Стејт департменот соопшти дека државниот секретар Ентони Блинкен денеска ќе допатува во Израел во обид да „запечати договор“ за новиот предлог.

Додека претставници на Хамас изјавија дека движењето ги отфрла „новите услови“ на Израел.

Преговорите се засноваат на планот што го објави Бајден на 31 мај, а кој во првата фаза предвидува шестмесечно примирје и повлекување на израелските сили од густонаселените зони на Појасот Газа и ослободување на израелските заложници во замена за палестинските затвореници.

The post Хамас не го прифаќа новиот предлог за примирје во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

САД вчера на мировните преговори во Доха претставија нов, изменет предлог за примирје во Појасот Газа, но Хамас ги отфрли „новите услови“. Посредници на САД, Катар и Египет, без присуство на претставници на Хамас два дена разговараа за договор за прекин на огнот во Појасот Газа. Тие најавија дека преговорите ќе продолжат следната недела во Каиро.
Договорот никогаш не бил толку близок. Мислам дека имаме шанса, изјави синоќа претседателот на САД, Џо Бајден
Претходно, Стејт департменот соопшти дека државниот секретар Ентони Блинкен денеска ќе допатува во Израел во обид да „запечати договор“ за новиот предлог. Додека претставници на Хамас изјавија дека движењето ги отфрла „новите услови“ на Израел. Преговорите се засноваат на планот што го објави Бајден на 31 мај, а кој во првата фаза предвидува шестмесечно примирје и повлекување на израелските сили од густонаселените зони на Појасот Газа и ослободување на израелските заложници во замена за палестинските затвореници.

The post Хамас не го прифаќа новиот предлог за примирје во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Џо Бајден: Примирјето во Газа е поблиску од кога било, но сè уште не е постигнато https://republika.mk/vesti/svet/dho-bajden-primirjeto-vo-gaza-e-poblisku-od-koga-bilo-no-se-ushte-ne-e-postignato/ Fri, 16 Aug 2024 18:36:59 +0000 https://republika.mk/?p=807344

Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека договор за прекин на огнот во Газа е „поблиску од кога било, но сè уште не е постигнат“, Преговорите се очекува да продолжат следната недела.

Да не кажам голем збор, но веќе има нешто конкретно. Сепак, сè уште не е конечно, истакна Бајден пред новинарите.

Многу сме поблиску до прекинот на огнот во Газа отколку што бевме пред три дена. Стискајте палци, додаде тој.

Претходно денеска, во заедничкото соопштение на Египет, Катар и САД беше наведено дека Соединетите Американски Држави претставиле нов предлог за прекин на огнот во Газа, со кој се отстрануваат преостанатите разлики во позициите. Во него се посочува дека високи претставници од земјите посредници ќе се состанат следната недела за да работат на финализирање на договорот.

Посредниците го опишуваат новиот документ како „предлог за премостување“, што укажува дека остануваат празнини, иако велат дека има некои нови „области на договор“ меѓу страните, пренесува Тајмс оф Израел.

The post Џо Бајден: Примирјето во Газа е поблиску од кога било, но сè уште не е постигнато appeared first on Република.

]]>

Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека договор за прекин на огнот во Газа е „поблиску од кога било, но сè уште не е постигнат“, Преговорите се очекува да продолжат следната недела.
Да не кажам голем збор, но веќе има нешто конкретно. Сепак, сè уште не е конечно, истакна Бајден пред новинарите. Многу сме поблиску до прекинот на огнот во Газа отколку што бевме пред три дена. Стискајте палци, додаде тој.
Претходно денеска, во заедничкото соопштение на Египет, Катар и САД беше наведено дека Соединетите Американски Држави претставиле нов предлог за прекин на огнот во Газа, со кој се отстрануваат преостанатите разлики во позициите. Во него се посочува дека високи претставници од земјите посредници ќе се состанат следната недела за да работат на финализирање на договорот. Посредниците го опишуваат новиот документ како „предлог за премостување“, што укажува дека остануваат празнини, иако велат дека има некои нови „области на договор“ меѓу страните, пренесува Тајмс оф Израел.

The post Џо Бајден: Примирјето во Газа е поблиску од кога било, но сè уште не е постигнато appeared first on Република.

]]>
Израел ќе испрати делегација на преговори во Каиро за примирје во Газа https://republika.mk/vesti/svet/izrael-ke-isprati-delegatsija-na-pregovori-vo-kairo-za-primirje-vo-gaza/ Sat, 03 Aug 2024 07:48:10 +0000 https://republika.mk/?p=802972

Израелска делегација вечерва или утре е отпатува за египетската престолнина Каиро за да учествува во преговори за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на заложниците, кои се држат таму од радикалната палестинска групација „Хамас“, се наведува во синоќешната изјава од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Делегација за преговори за договор за заложниците ќе отпатува за Каиро во сабота навечер или в недела“, прецизираа од кабинетот на премиерот.

Во меѓувреме, израелската војска (ИДФ) соопшти дека во Појасот Газа е убиен Мухамед ал Џабари, еден од водачите на палестинскиот Исламски џихад. Покрај тоа, ИДФ уби двајца политички лидери на Хамас и тројца воени команданти во тунел под Газа.

Хамас тврди дека ИДФ за време на нападот целел на цивилни објекти. Израел го негира ова и вели дека презел чекори за ублажување на цивилната штета во нападот, вклучително и користење на воздушно набљудување и прецизно наведувана муниција.

The post Израел ќе испрати делегација на преговори во Каиро за примирје во Газа appeared first on Република.

]]>

Израелска делегација вечерва или утре е отпатува за египетската престолнина Каиро за да учествува во преговори за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на заложниците, кои се држат таму од радикалната палестинска групација „Хамас“, се наведува во синоќешната изјава од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Делегација за преговори за договор за заложниците ќе отпатува за Каиро во сабота навечер или в недела“, прецизираа од кабинетот на премиерот. Во меѓувреме, израелската војска (ИДФ) соопшти дека во Појасот Газа е убиен Мухамед ал Џабари, еден од водачите на палестинскиот Исламски џихад. Покрај тоа, ИДФ уби двајца политички лидери на Хамас и тројца воени команданти во тунел под Газа. Хамас тврди дека ИДФ за време на нападот целел на цивилни објекти. Израел го негира ова и вели дека презел чекори за ублажување на цивилната штета во нападот, вклучително и користење на воздушно набљудување и прецизно наведувана муниција.

The post Израел ќе испрати делегација на преговори во Каиро за примирје во Газа appeared first on Република.

]]>
Во Појасот Газа прогласена епидемија на детска парализа https://republika.mk/vesti/svet/vo-pojasot-gaza-proglasena-epidemija-na-detska-paraliza/ Mon, 29 Jul 2024 17:15:36 +0000 https://republika.mk/?p=801393

Министерството за здравство на Појасот Газа објави епидемија на детска парализа во енклавата.

Властите во Појасот Газа за епидемијата го обвинија Израел и неговата воената операција во палестинската енклава.

Израелските сили ја почнаа својата операција во Појасот Газа откако Хамас изврши напад врз Израел на 7 октомври минатата година, во кој, според израелските власти, беа убиени околу 1.200 Израелци, а речиси 250 беа земени како заложници.

Според информациите на Министерството за здравство во Газа, од почетокот на конфликтот во енклавата загинале повеќе од 39.000 Палестинци.

The post Во Појасот Газа прогласена епидемија на детска парализа appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство на Појасот Газа објави епидемија на детска парализа во енклавата. Властите во Појасот Газа за епидемијата го обвинија Израел и неговата воената операција во палестинската енклава. Израелските сили ја почнаа својата операција во Појасот Газа откако Хамас изврши напад врз Израел на 7 октомври минатата година, во кој, според израелските власти, беа убиени околу 1.200 Израелци, а речиси 250 беа земени како заложници. Според информациите на Министерството за здравство во Газа, од почетокот на конфликтот во енклавата загинале повеќе од 39.000 Палестинци.

The post Во Појасот Газа прогласена епидемија на детска парализа appeared first on Република.

]]>
Израелската армија изврши напад врз уште едно училиште во Газа https://republika.mk/vesti/svet/izraelskata-armija-izvrshi-napad-vrz-ushte-edno-uchilishte-vo-gaza/ Fri, 07 Jun 2024 18:48:36 +0000 https://republika.mk/?p=785614

Израелската армија соопшти дека денеска нападнала позиција на Хамас во училиште со кое раководат ОН на северот на Газа и протоа се убиени 17 луѓе.
Од болницата што се наоѓа во близина соопштија дека има 37 луѓе загинати.

На нападот вчера му претходеше израелски напад врз училиште на ОН во центарот на Газа, во кој загинаа најмалку 33 лица, меѓу кои 12 жени и деца, според локалните здравствени власти, иако други извештаи велат дека бројот на жртви е поголем.

Шефот на УНРВА, Филип Лазарини, рече денешниот дека нападот бил извршен „без претходно предупредување“.

https://republika.mk/vesti/svet/on-go-stavija-izrael-na-t-n-spisok-na-sramot-poradi-krshene-na-pravata-na-detsata-vo-vojna/

Тој додаде дека УНРВА „ги споделува координатите на сите свои капацитети (вклучувајќи го ова училиште) со израелската армија и другите страни во конфликтот“.

„Нападите, таргетирањето или користењето на зградите на ОН за воени цели се бесрамно непочитување на меѓународното хуманитарно право“, нагласи Лазарини.

Цел на денешниот напад беше училиштето Асма во бегалскиот камп Шати во северниот дел на Газа, со кое раководи Палестинската агенција на ОН за бегалци (УНРВА).

The post Израелската армија изврши напад врз уште едно училиште во Газа appeared first on Република.

]]>

Израелската армија соопшти дека денеска нападнала позиција на Хамас во училиште со кое раководат ОН на северот на Газа и протоа се убиени 17 луѓе. Од болницата што се наоѓа во близина соопштија дека има 37 луѓе загинати. На нападот вчера му претходеше израелски напад врз училиште на ОН во центарот на Газа, во кој загинаа најмалку 33 лица, меѓу кои 12 жени и деца, според локалните здравствени власти, иако други извештаи велат дека бројот на жртви е поголем. Шефот на УНРВА, Филип Лазарини, рече денешниот дека нападот бил извршен „без претходно предупредување“. https://republika.mk/vesti/svet/on-go-stavija-izrael-na-t-n-spisok-na-sramot-poradi-krshene-na-pravata-na-detsata-vo-vojna/ Тој додаде дека УНРВА „ги споделува координатите на сите свои капацитети (вклучувајќи го ова училиште) со израелската армија и другите страни во конфликтот“. „Нападите, таргетирањето или користењето на зградите на ОН за воени цели се бесрамно непочитување на меѓународното хуманитарно право“, нагласи Лазарини. Цел на денешниот напад беше училиштето Асма во бегалскиот камп Шати во северниот дел на Газа, со кое раководи Палестинската агенција на ОН за бегалци (УНРВА).

The post Израелската армија изврши напад врз уште едно училиште во Газа appeared first on Република.

]]>
„Се лаже во извештајот за Газа“, откри службеничка од Стејт департмент и даде отказ поради тоа https://republika.mk/vesti/svet/se-lazhe-vo-izveshtajot-za-gaza-otkri-sluzhbenichka-od-stejt-department-i-dade-otkaz-poradi-toa/ Fri, 31 May 2024 13:09:20 +0000 https://republika.mk/?p=783389

Службенчка на Стејт департментот, која поднесе оставка оваа недела, изјави дека причината за нејзиното заминување е извештајот на администрацијата до Конгресот во кој таа рече дека погрешно е наведено оти Израел не ја блокира хуманитарната помош за Појасот Газа.

Вработената Стејси Гилберт, од Бирото за население, бегалци и миграција на Стејт департментот, била експерт за извештајот, но поднесе оставка во знак на протест против политиката на претседателот Џо Бајден кон Израел.

Постои толку јасна разлика помеѓу доброто и погрешното, а она што е во овој извештај е погрешно, рече Гилберт во интервју.

ОН и организациите за хуманитарна помош долго време изразуваат загриженост за опасностите и пречките за примање и дистрибуција на помош во Појасот Газа.

The post „Се лаже во извештајот за Газа“, откри службеничка од Стејт департмент и даде отказ поради тоа appeared first on Република.

]]>

Службенчка на Стејт департментот, која поднесе оставка оваа недела, изјави дека причината за нејзиното заминување е извештајот на администрацијата до Конгресот во кој таа рече дека погрешно е наведено оти Израел не ја блокира хуманитарната помош за Појасот Газа. Вработената Стејси Гилберт, од Бирото за население, бегалци и миграција на Стејт департментот, била експерт за извештајот, но поднесе оставка во знак на протест против политиката на претседателот Џо Бајден кон Израел.
Постои толку јасна разлика помеѓу доброто и погрешното, а она што е во овој извештај е погрешно, рече Гилберт во интервју.
ОН и организациите за хуманитарна помош долго време изразуваат загриженост за опасностите и пречките за примање и дистрибуција на помош во Појасот Газа.

The post „Се лаже во извештајот за Газа“, откри службеничка од Стејт департмент и даде отказ поради тоа appeared first on Република.

]]>
Израелски официјален претставник: Преговорите за прекин на огнот во Газа завршија без договор https://republika.mk/vesti/izraelski-ofitsijalen-pretstavnik-pregovorite-za-prekin-na-ognot-vo-gaza-zavrshija-bez-dogovor/ Thu, 09 May 2024 18:35:42 +0000 https://republika.mk/?p=776511

Последната рунда разговори за примирје во Појасот Газа заврши откако Израел им укажа на посредниците, вклучително и САД, Египет и Катар, резервиранос на Тел Авив во врска со предлогот на Хамас за заложниците, изјави израелски претставник.

Тој додаде дека израелската делегација се вратила од Каиро, а Израел ќе ги продолжи воените операции во Рафа и другите делови на палестинската енклава според планираното.

Преговорите продолжија во вторникот во Каиро, кога делегациите на Хамас и Израел се вратија во главниот град на Египет, откако претходната рунда преговори пропадна.

The post Израелски официјален претставник: Преговорите за прекин на огнот во Газа завршија без договор appeared first on Република.

]]>

Последната рунда разговори за примирје во Појасот Газа заврши откако Израел им укажа на посредниците, вклучително и САД, Египет и Катар, резервиранос на Тел Авив во врска со предлогот на Хамас за заложниците, изјави израелски претставник. Тој додаде дека израелската делегација се вратила од Каиро, а Израел ќе ги продолжи воените операции во Рафа и другите делови на палестинската енклава според планираното. Преговорите продолжија во вторникот во Каиро, кога делегациите на Хамас и Израел се вратија во главниот град на Египет, откако претходната рунда преговори пропадна.

The post Израелски официјален претставник: Преговорите за прекин на огнот во Газа завршија без договор appeared first on Република.

]]>
Американски и јордански авиони доставија храна за населението во Појасот Газа https://republika.mk/vesti/svet/amerikanski-i-jordanski-avioni-dostavija-hrana-za-naselenieto-vo-pojasot-gaza/ Sat, 16 Mar 2024 17:54:54 +0000 https://republika.mk/?p=755465

Американски и јордански авиони денеска доставија прехранбени производи за Палестинците во Појасот Газа како дел од заедничката операција за доставување хуманитарна помош, соопшти американската Централна команда.

Американските воздухопловни сили и авионите на кралските јордански воздухопловни сили Ц-130 го извршија хуманитарниот лет бидејќи главната агенција на ОН која работи во енклавата соопшти дека секое трето дете на возраст под две години е акутно неисхрането. Агенцијата предупреди дека претстои глад во енклавата.

Во соопштението, Централната команда на САД ги нарече воздушните доставувања „дел од континуираните напори“ и наведе дека продолжуваат да планираат дополнителни доставувања по воздушен пат“.

Голем дел од Појасот Газа е во урнатини, а неговите 2,3 милиони Палестинци се соочуваат со сериозен недостиг на храна повеќе од пет месеци откако Израел започна воздушна и копнена офанзива по 7 октомври, кога владејачката исламистичка група Хамас во енклавата го нападна Израел.

Јорданската кралица Ранија, во интервју за Си-Ен-Ен, го нарече доставувањето храна по воздушен пат „буквално само капка во океанот на незадоволени потреби“ и го обвини Израел дека „го прекинува пристапот до сè што е потребно за одржување на човечкиот живот: храна, гориво, лекови, вода“.

The post Американски и јордански авиони доставија храна за населението во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Американски и јордански авиони денеска доставија прехранбени производи за Палестинците во Појасот Газа како дел од заедничката операција за доставување хуманитарна помош, соопшти американската Централна команда. Американските воздухопловни сили и авионите на кралските јордански воздухопловни сили Ц-130 го извршија хуманитарниот лет бидејќи главната агенција на ОН која работи во енклавата соопшти дека секое трето дете на возраст под две години е акутно неисхрането. Агенцијата предупреди дека претстои глад во енклавата. Во соопштението, Централната команда на САД ги нарече воздушните доставувања „дел од континуираните напори“ и наведе дека продолжуваат да планираат дополнителни доставувања по воздушен пат“. Голем дел од Појасот Газа е во урнатини, а неговите 2,3 милиони Палестинци се соочуваат со сериозен недостиг на храна повеќе од пет месеци откако Израел започна воздушна и копнена офанзива по 7 октомври, кога владејачката исламистичка група Хамас во енклавата го нападна Израел. Јорданската кралица Ранија, во интервју за Си-Ен-Ен, го нарече доставувањето храна по воздушен пат „буквално само капка во океанот на незадоволени потреби“ и го обвини Израел дека „го прекинува пристапот до сè што е потребно за одржување на човечкиот живот: храна, гориво, лекови, вода“.

The post Американски и јордански авиони доставија храна за населението во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Банди ја крадат помошта за Појасот Газа и ја препродаваат на црниот пазар, алармира ОЦХА https://republika.mk/vesti/svet/bandi-ja-kradat-pomoshta-za-pojasot-gaza-i-ja-preprodavaat-na-tsrniot-pazar-alarmira-otsha/ Tue, 27 Feb 2024 18:09:16 +0000 https://republika.mk/?p=749020

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) алармира дека има индиции дека јавниот ред во Појасот Газа се распаѓа и оти банди ја крадат помошта за цивилите и ја препродаваат на црниот пазар.

Портпаролот на ОЦХА, Јенс Лерке изјави дека камионите што транспортираат хуманитарна помош често се запирани откако ќе ја преминат границата и се празнат, а потоа продуктите се појавуваат на црниот пазар.

Практично нема полиција во Појасот Газа, но според Ларке ОН ја отфрлиле можноста нивните конвои да бидат придружувани од вооружени стражари.

- ОН не функционираат така, нагласи Ларке.

The post Банди ја крадат помошта за Појасот Газа и ја препродаваат на црниот пазар, алармира ОЦХА appeared first on Република.

]]>

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) алармира дека има индиции дека јавниот ред во Појасот Газа се распаѓа и оти банди ја крадат помошта за цивилите и ја препродаваат на црниот пазар. Портпаролот на ОЦХА, Јенс Лерке изјави дека камионите што транспортираат хуманитарна помош често се запирани откако ќе ја преминат границата и се празнат, а потоа продуктите се појавуваат на црниот пазар. Практично нема полиција во Појасот Газа, но според Ларке ОН ја отфрлиле можноста нивните конвои да бидат придружувани од вооружени стражари.
- ОН не функционираат така, нагласи Ларке.

The post Банди ја крадат помошта за Појасот Газа и ја препродаваат на црниот пазар, алармира ОЦХА appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-izrael-nema-namera-trajno-da-go-okupira-pojasot-gaza/ Thu, 11 Jan 2024 09:03:22 +0000 https://republika.mk/?p=731825

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повтори дека Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа или да го протера цивилното население оттаму, јави ДПА.

Израел се бори против терористите на Хамас, а не против палестинското население. Ова го правиме целосно во согласност со меѓународното право, рече Нетанјаху во синоќешното видео обраќање.

Сослушувањата започнуваат денеска во највисоката судска институција на ООН, Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Таму Јужна Африка го тужи Израел, тврдејќи дека воената кампања во Појасот Газа е во спротивност со Конвенцијата на ОН за геноцид.

ИД (израелските сили) прават се за да ги минимизираат цивилните жртви, додека Хамас прави се за да има што е можно повеќе, користејќи ги палестинските цивили како жив штит, рече Нетанјаху.

Според него, израелската армија предупредува и ги повикува палестинските цивили да ги напуштат воените зони, додека Хамас ги спречува во тоа.

Нашата цел е да ги исчистиме терористите на Газа од Хамас и да ги ослободиме заложниците. Откако ќе се постигне тоа, Газа може да се демилитаризира и да се дерадикализира, рече тој.

Премиерот додаде дека тоа ќе создаде „можност за подобра иднина и за Израелците и за Палестинците“.

The post Нетанјаху: Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повтори дека Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа или да го протера цивилното население оттаму, јави ДПА.
Израел се бори против терористите на Хамас, а не против палестинското население. Ова го правиме целосно во согласност со меѓународното право, рече Нетанјаху во синоќешното видео обраќање.
Сослушувањата започнуваат денеска во највисоката судска институција на ООН, Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Таму Јужна Африка го тужи Израел, тврдејќи дека воената кампања во Појасот Газа е во спротивност со Конвенцијата на ОН за геноцид.
ИД (израелските сили) прават се за да ги минимизираат цивилните жртви, додека Хамас прави се за да има што е можно повеќе, користејќи ги палестинските цивили како жив штит, рече Нетанјаху.
Според него, израелската армија предупредува и ги повикува палестинските цивили да ги напуштат воените зони, додека Хамас ги спречува во тоа.
Нашата цел е да ги исчистиме терористите на Газа од Хамас и да ги ослободиме заложниците. Откако ќе се постигне тоа, Газа може да се демилитаризира и да се дерадикализира, рече тој.
Премиерот додаде дека тоа ќе создаде „можност за подобра иднина и за Израелците и за Палестинците“.

The post Нетанјаху: Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
„Оксфам“: Порасна бројот на предвремено родени бебиња во Појасот Газа https://republika.mk/vesti/svet/oksfam-porasna-brojot-na-predvremeno-rodeni-bebina-vo-pojasot-gaza/ Thu, 23 Nov 2023 18:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=715626

Бројот на предвремено родени бебиња по израелската опсада на Појасот Газа се зголеми за речиси една третина во изминатиот месец, бидејќи мајките се подложени на зголемен стрес и траума, соопшти британската добротворна организација „Оксфам“.

Десетици предвремено родени бебиња се најдоа на насловните страници оваа недела откако беа спасени од болница во северниот дел на Газа и префрлени во Египет откако локацијата беше под израелско бомбардирање.

„Џузор“, партнерска организација на Оксфам што помага на стотици бремени жени во Газа, соопшти дека бројот на предвремено родени бебиња се зголемил за 25 до 30 отсто во изминатиот месец.

Предвремено родените бебиња се поподложни на болести, а „Џузор“ објави дека најмалку едно новороденче починало во секое од 13-те засолништа за раселени лица во северниот дел на Газа во изминатиот месец.

Дури и пред актуелниот конфликт, имаше високо ниво на смртност на деца во Газа. Смртните случаи на новороденчиња сочинуваат 68 проценти од вкупните смртни случаи, според Светската здравствена организација.

The post „Оксфам“: Порасна бројот на предвремено родени бебиња во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Бројот на предвремено родени бебиња по израелската опсада на Појасот Газа се зголеми за речиси една третина во изминатиот месец, бидејќи мајките се подложени на зголемен стрес и траума, соопшти британската добротворна организација „Оксфам“. Десетици предвремено родени бебиња се најдоа на насловните страници оваа недела откако беа спасени од болница во северниот дел на Газа и префрлени во Египет откако локацијата беше под израелско бомбардирање. „Џузор“, партнерска организација на Оксфам што помага на стотици бремени жени во Газа, соопшти дека бројот на предвремено родени бебиња се зголемил за 25 до 30 отсто во изминатиот месец. Предвремено родените бебиња се поподложни на болести, а „Џузор“ објави дека најмалку едно новороденче починало во секое од 13-те засолништа за раселени лица во северниот дел на Газа во изминатиот месец. Дури и пред актуелниот конфликт, имаше високо ниво на смртност на деца во Газа. Смртните случаи на новороденчиња сочинуваат 68 проценти од вкупните смртни случаи, според Светската здравствена организација.

The post „Оксфам“: Порасна бројот на предвремено родени бебиња во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Катар: Постојаното бомбардирање на Газа ги попречува напорите за ослободување на израелските заробеници https://republika.mk/vesti/svet/katar-postojanoto-bombardirane-na-gaza-gi-poprechuva-naporite-za-osloboduvane-na-izraelskite-zarobenitsi/ Sun, 12 Nov 2023 13:11:53 +0000 https://republika.mk/?p=700734

Катар објави дека континуираното израелско бомбардирање на Појасот Газа ги попречува напорите за ослободување на израелските затвореници, јавува Анадолија.

Според катарската новинска агенција QNA, катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани телефонски разговарал со американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Ал Тани истакна дека Катар продолжува со посредничките напори за ослободување на израелските заробеници.

- Израелските напади само ја влошуваат хуманитарната катастрофа во Газа и ги поткопуваат напорите за ослободување на заробениците, рече катарскиот премиер.

Тој истакна дека е неопходно да се работи на регионално и меѓународно ниво за трајно отворање на граничниот премин Рафа со цел да се спречи прекинот на испораката на хуманитарна помош за Газа.

Ал Тани особено ја истакна важноста на заедничките регионални и меѓународни дипломатски напори за постигнување итен прекин на огнот.

Според Израел, во Појасот Газа има најмалку 240 израелски заробеници, киднапирани од страна на Хамас на 7 октомври. Во терористичкиот напад на Хамас во Израел беа убиени и 1200 луѓе, главно цивили. Овој напад го натера Израел да почне жестоко бомбардирање на Појасот Газа, при што се убиени најмалку 11.078 Палестинци, меѓу кои 4.506 деца и 3.027 жени.

The post Катар: Постојаното бомбардирање на Газа ги попречува напорите за ослободување на израелските заробеници appeared first on Република.

]]>

Катар објави дека континуираното израелско бомбардирање на Појасот Газа ги попречува напорите за ослободување на израелските затвореници, јавува Анадолија. Според катарската новинска агенција QNA, катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани телефонски разговарал со американскиот државен секретар Антони Блинкен. Ал Тани истакна дека Катар продолжува со посредничките напори за ослободување на израелските заробеници.
- Израелските напади само ја влошуваат хуманитарната катастрофа во Газа и ги поткопуваат напорите за ослободување на заробениците, рече катарскиот премиер.
Тој истакна дека е неопходно да се работи на регионално и меѓународно ниво за трајно отворање на граничниот премин Рафа со цел да се спречи прекинот на испораката на хуманитарна помош за Газа. Ал Тани особено ја истакна важноста на заедничките регионални и меѓународни дипломатски напори за постигнување итен прекин на огнот. Според Израел, во Појасот Газа има најмалку 240 израелски заробеници, киднапирани од страна на Хамас на 7 октомври. Во терористичкиот напад на Хамас во Израел беа убиени и 1200 луѓе, главно цивили. Овој напад го натера Израел да почне жестоко бомбардирање на Појасот Газа, при што се убиени најмалку 11.078 Палестинци, меѓу кои 4.506 деца и 3.027 жени.

The post Катар: Постојаното бомбардирање на Газа ги попречува напорите за ослободување на израелските заробеници appeared first on Република.

]]>
Отворен коридор за евакуација од север кон југ на Појасот Газа https://republika.mk/vesti/svet/otvoren-koridor-za-evakuatsija-od-sever-kon-jug-na-pojasot-gaza/ Sun, 12 Nov 2023 12:19:47 +0000 https://republika.mk/?p=700724

Социјалниот медиумски канал на израелската армија на арапски јазик објави дека денеска ќе биде отворен „ограничен коридор за жителите на северна Газа“ за евакуација на југот на Појасот Газа.

Стотици илјади жители изминатите денови се движат низ хуманитарниот безбеден коридор, или со возила или пеш по улицата Салах ал-Дин, наведува Гардијан.

„Улицата Салах Ел-Дин ќе остане отворена денеска за вашата евакуација од 9:00 до 16:00 часот (локално време) за да се евакуирате јужно од водотекот Вади Газа. Не се предавајте на Хамас, вашето континуирано присуство во регионот ве изложува на многу голема опасност“, се наведува во соопштението.

Во пораката се најавува „привремено тактичко прекинување на воените активности за хуманитарни цели во селата Џабалија и Езбет Млин“, кое ќе трае од 10:00 до 14:00 часот по локално време.

Израел постојано бара Палестинците да се евакуираат од северот кон југот на Газа, иако продолжува со воздушните напади и на југот на Појасот Газа, вклучувајќи ги и градовите Рафа и Кан Јунис.

The post Отворен коридор за евакуација од север кон југ на Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Социјалниот медиумски канал на израелската армија на арапски јазик објави дека денеска ќе биде отворен „ограничен коридор за жителите на северна Газа“ за евакуација на југот на Појасот Газа. Стотици илјади жители изминатите денови се движат низ хуманитарниот безбеден коридор, или со возила или пеш по улицата Салах ал-Дин, наведува Гардијан. „Улицата Салах Ел-Дин ќе остане отворена денеска за вашата евакуација од 9:00 до 16:00 часот (локално време) за да се евакуирате јужно од водотекот Вади Газа. Не се предавајте на Хамас, вашето континуирано присуство во регионот ве изложува на многу голема опасност“, се наведува во соопштението. Во пораката се најавува „привремено тактичко прекинување на воените активности за хуманитарни цели во селата Џабалија и Езбет Млин“, кое ќе трае од 10:00 до 14:00 часот по локално време. Израел постојано бара Палестинците да се евакуираат од северот кон југот на Газа, иако продолжува со воздушните напади и на југот на Појасот Газа, вклучувајќи ги и градовите Рафа и Кан Јунис.

The post Отворен коридор за евакуација од север кон југ на Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Макрон: Израел има право да се брани, но не без правила https://republika.mk/vesti/svet/makron-izrael-ima-pravo-da-se-brani-no-ne-bez-pravila/ Thu, 09 Nov 2023 18:37:31 +0000 https://republika.mk/?p=700025

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз отвори „хуманитарна конференција“, чија цел е да се деблокира испораката на хуманитарна помош во Газа.
Нема многу надеж за напредок бидејќи израелската влада и лидерите на арапските држави не дошле на конференцијата.

Израел продолжува да го бомбардира градот Газа, принудувајќи десетици илјади цивили да побегнат на југ од енклавата. Израелски воен претставник изјави дека „нема хуманитарна криза во Појасот Газа“, притоа признавајќи дека палестинските цивили се соочуваат со „бројни тешкотии“.

„Мораме да работиме на заштита на цивилите.Додека Израел има право да се брани себеси и должност да го заштити своето, неговата влада исто така има важна должност- да го почитува законот и да ги штити цивилите“, рече тој. „Борбата против тероризмот никогаш не може да се води без правила“, додаде тој, нагласувајќи дека хуманитарната ситуација се влошува „секој ден“.

Повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, загинаа во нападот на Хамас врз Израел, а повеќе од 10.000, исто така главно цивили, во израелското бомбардирање на Појасот Газа. Набрзина најавена минатата недела, на конференцијата учествуваат претставници од втор ранг. Палестинските власти испратија премиер, а Египет министерска делегација.

За иницијативата била информирана израелската влада, но никого не испратиле. „Знаеме дека ситуацијата со цивилите во Појасот Газа не е лесна“, изјави денеска полковникот Моше Тетро, ​​одговорен за Газа во телото на Министерството за одбрана што ги надгледува цивилните активности на палестинските територии, негирајќи дека има хуманитарна криза.

Хуманитарните организации, силно застапени во Париз, едногласно ја критикуваа неможноста да се достави помош за Појасот Газа.

„Не можеме да чекаме минута повеќе за хуманитарен прекин на огнот во Газа и укинување на опсадата што е колективна казна за милион деца“, рече Јан Егеланд, генерален секретар на Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ). „Законот се крши пред нашите очи од двете страни.“

ОН процениле дека на населението во Газа и на Западниот Брег му се потребни 1,2 милијарди американски долари помош до крајот на годината. Целта на конференцијата е заедничка проценка на состојбите и мобилизација на партнерите и доверителите.

Пред сѐ ќе разговараат за помош во храна, медицинска опрема и енергија, како и за финансиски донации. Франција ќе ја зголеми помошта од 20 на 100 милиони евра, рече Макрон.

Во последниве недели има сѐ погласни повици за „паузи“, „прекин на огнот“, со цел да се достави помош и да се ослободат над 240-те заложници кои ги држи Хамас.

Но, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера повторно ја отфрли можноста за прекин на огнот без ослободување на заложниците. Извор близок до Хамас во Газа изјави за АФП дека Катар посредува во разговорите за ослободување на 12-те заложници, меѓу кои и шест Американци, во замена за „тридневен хуманитарен прекин на огнот“.

„Она што го прави израелската влада го надминува правото на самоодбрана“, рече египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри во Париз.

„Колку Палестинци мора да бидат убиени за да се запре војната? Дали е доволно убиството на шест деца и четири жени на час?“ рече палестинскиот премиер Мохамад Стајех, барајќи „крај на двојните стандарди“.

„Никогаш ОН не забележале толку мртви за толку кратко време во конфликт“, изјави денеска Филип Лазарини, директор на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), додавајќи дека речиси стотина вработени во неговата агенција биле убиени.

Елисејската палата соопшти дека конференцијата нема да заврши со заедничка декларација за да се избегне бескрајна дебата за секој збор, објави Франс 24.

The post Макрон: Израел има право да се брани, но не без правила appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз отвори „хуманитарна конференција“, чија цел е да се деблокира испораката на хуманитарна помош во Газа. Нема многу надеж за напредок бидејќи израелската влада и лидерите на арапските држави не дошле на конференцијата. Израел продолжува да го бомбардира градот Газа, принудувајќи десетици илјади цивили да побегнат на југ од енклавата. Израелски воен претставник изјави дека „нема хуманитарна криза во Појасот Газа“, притоа признавајќи дека палестинските цивили се соочуваат со „бројни тешкотии“. „Мораме да работиме на заштита на цивилите.Додека Израел има право да се брани себеси и должност да го заштити своето, неговата влада исто така има важна должност- да го почитува законот и да ги штити цивилите“, рече тој. „Борбата против тероризмот никогаш не може да се води без правила“, додаде тој, нагласувајќи дека хуманитарната ситуација се влошува „секој ден“. Повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, загинаа во нападот на Хамас врз Израел, а повеќе од 10.000, исто така главно цивили, во израелското бомбардирање на Појасот Газа. Набрзина најавена минатата недела, на конференцијата учествуваат претставници од втор ранг. Палестинските власти испратија премиер, а Египет министерска делегација. За иницијативата била информирана израелската влада, но никого не испратиле. „Знаеме дека ситуацијата со цивилите во Појасот Газа не е лесна“, изјави денеска полковникот Моше Тетро, ​​одговорен за Газа во телото на Министерството за одбрана што ги надгледува цивилните активности на палестинските територии, негирајќи дека има хуманитарна криза. Хуманитарните организации, силно застапени во Париз, едногласно ја критикуваа неможноста да се достави помош за Појасот Газа. „Не можеме да чекаме минута повеќе за хуманитарен прекин на огнот во Газа и укинување на опсадата што е колективна казна за милион деца“, рече Јан Егеланд, генерален секретар на Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ). „Законот се крши пред нашите очи од двете страни.“ ОН процениле дека на населението во Газа и на Западниот Брег му се потребни 1,2 милијарди американски долари помош до крајот на годината. Целта на конференцијата е заедничка проценка на состојбите и мобилизација на партнерите и доверителите. Пред сѐ ќе разговараат за помош во храна, медицинска опрема и енергија, како и за финансиски донации. Франција ќе ја зголеми помошта од 20 на 100 милиони евра, рече Макрон. Во последниве недели има сѐ погласни повици за „паузи“, „прекин на огнот“, со цел да се достави помош и да се ослободат над 240-те заложници кои ги држи Хамас. Но, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера повторно ја отфрли можноста за прекин на огнот без ослободување на заложниците. Извор близок до Хамас во Газа изјави за АФП дека Катар посредува во разговорите за ослободување на 12-те заложници, меѓу кои и шест Американци, во замена за „тридневен хуманитарен прекин на огнот“. „Она што го прави израелската влада го надминува правото на самоодбрана“, рече египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри во Париз. „Колку Палестинци мора да бидат убиени за да се запре војната? Дали е доволно убиството на шест деца и четири жени на час?“ рече палестинскиот премиер Мохамад Стајех, барајќи „крај на двојните стандарди“. „Никогаш ОН не забележале толку мртви за толку кратко време во конфликт“, изјави денеска Филип Лазарини, директор на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), додавајќи дека речиси стотина вработени во неговата агенција биле убиени. Елисејската палата соопшти дека конференцијата нема да заврши со заедничка декларација за да се избегне бескрајна дебата за секој збор, објави Франс 24.

The post Макрон: Израел има право да се брани, но не без правила appeared first on Република.

]]>
Бела куќа: Израел ќе спроведува хуманитарни паузи од четири часа секој ден https://republika.mk/vesti/svet/bela-kuka-izrael-ke-sproveduva-humanitarni-pauzi-od-chetiri-chasa-sekoj-den/ Thu, 09 Nov 2023 17:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=700012

Белата куќа соопшти дека Израел се согласил да воведе четиричасовни дневни хуманитарни паузи во нападите врз Хамас во северниот дел на Газа. Во понеделникот американскиот претседател Џо Бајден побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да воведа „дневни хуманитарни паузи“.

Администрацијата на Бајден соопшти дека обезбедила уште еден премин за цивилите да избегаат од борбите.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека првата хуманитарна пауза ќе биде најавена денеска и дека Израелците се обврзале да го објавуваат секој четиричасовен прозорец најмалку три часа однапред.

The post Бела куќа: Израел ќе спроведува хуманитарни паузи од четири часа секој ден appeared first on Република.

]]>

Белата куќа соопшти дека Израел се согласил да воведе четиричасовни дневни хуманитарни паузи во нападите врз Хамас во северниот дел на Газа. Во понеделникот американскиот претседател Џо Бајден побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да воведа „дневни хуманитарни паузи“. Администрацијата на Бајден соопшти дека обезбедила уште еден премин за цивилите да избегаат од борбите. Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека првата хуманитарна пауза ќе биде најавена денеска и дека Израелците се обврзале да го објавуваат секој четиричасовен прозорец најмалку три часа однапред.

The post Бела куќа: Израел ќе спроведува хуманитарни паузи од четири часа секој ден appeared first on Република.

]]>
Врз Израел биле истрелани повеќе од 160 ракети, тврди армијата https://republika.mk/vesti/svet/vrz-izrael-bile-istrelani-povekje-od-160-raketi-tvrdi-armijata/ Sat, 06 Aug 2022 07:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=537311

Израелските одбранбени сили утринава соопштија дека се подготвени за, како што ја нарекоа, „недела на операции“.

Војската соопшти дека од вчера попладне врз Израел биле истрелани повеќе од 160 ракети од Појасот Газа, пишува „тајмс оф Израел“.

Весникот нагласува дека во моментов нема преговори за прекин на насилството.

Израелската војска соопшти дека ракетниот одбранбен систем „Железна купола“ покажал 95 отсто успешност во пресретнување на проектилите истрелани врз израелските градови од терористичките групи од Појасот Газа.

Портпаролот на армијата Ран Кочав на брифинг со новинарите изјави дека околу 30 ракети, што биле истрелани, не стигнале до територијата на Израел и паднале во Појасот Газа.

The post Врз Израел биле истрелани повеќе од 160 ракети, тврди армијата appeared first on Република.

]]>

Израелските одбранбени сили утринава соопштија дека се подготвени за, како што ја нарекоа, „недела на операции“. Војската соопшти дека од вчера попладне врз Израел биле истрелани повеќе од 160 ракети од Појасот Газа, пишува „тајмс оф Израел“. Весникот нагласува дека во моментов нема преговори за прекин на насилството. Израелската војска соопшти дека ракетниот одбранбен систем „Железна купола“ покажал 95 отсто успешност во пресретнување на проектилите истрелани врз израелските градови од терористичките групи од Појасот Газа. Портпаролот на армијата Ран Кочав на брифинг со новинарите изјави дека околу 30 ракети, што биле истрелани, не стигнале до територијата на Израел и паднале во Појасот Газа.

The post Врз Израел биле истрелани повеќе од 160 ракети, тврди армијата appeared first on Република.

]]>