поевтинување Archives - Република https://republika.mk/tema/poevtinuvanje/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 07:40:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поевтинување Archives - Република https://republika.mk/tema/poevtinuvanje/ 32 32 Млеко, брашно, кафе, риба, шампон: Поевтинуваат 700 основни производи во српските маркети https://republika.mk/vesti/balkan/mleko-brashno-kafe-riba-shampon-poevtinuvaat-700-osnovni-proizvodi-vo-srpskite-marketi/ Sat, 31 Aug 2024 20:08:51 +0000 https://republika.mk/?p=811876

Српскиот премиер Милош Вучевиќ на прес-конференција истакна дека цените се пониски од промотивните во трговските синџири, а ќе се применуваат во 2.500 малопродажни објекти, објави Новости.

Исто така, беше истакнато дека преку оваа кампања домаќинствата ќе успеат да заштедат од 8.000 до 22.000 динари месечно.

Инаку, акцијата ќе трае до 31 октомври, а опфатени се речиси сите категории на храна кои ќе се продаваат по ниски цени.

Премиерот рече дека се подготвуваат и многу други работи за да им се помогне на граѓаните и посочи дека Владата пред сѐ мора да се грижи за граѓаните и дека е проблем доколку трговците имаат екстра профит од нив. Тој рече дека мора внимателно да се подготви за да не се наруши принципот на пазарната економија и да не се оспорува ничие право на бизнис:

- Повторувам, немам проблем некој да профитира, туку имам проблем само ако некој создаде екстра профит. Како влада мораме да се грижиме и за граѓаните и за економијата, кои и двете ја сочинуваат средината на една земја. Пред сѐ, треба да се грижиме за граѓаните, за луѓето со помали примања, за пензионерите, за да ја почувствуваат грижата на државата.

The post Млеко, брашно, кафе, риба, шампон: Поевтинуваат 700 основни производи во српските маркети appeared first on Република.

]]>

Српскиот премиер Милош Вучевиќ на прес-конференција истакна дека цените се пониски од промотивните во трговските синџири, а ќе се применуваат во 2.500 малопродажни објекти, објави Новости. Исто така, беше истакнато дека преку оваа кампања домаќинствата ќе успеат да заштедат од 8.000 до 22.000 динари месечно. Инаку, акцијата ќе трае до 31 октомври, а опфатени се речиси сите категории на храна кои ќе се продаваат по ниски цени. Премиерот рече дека се подготвуваат и многу други работи за да им се помогне на граѓаните и посочи дека Владата пред сѐ мора да се грижи за граѓаните и дека е проблем доколку трговците имаат екстра профит од нив. Тој рече дека мора внимателно да се подготви за да не се наруши принципот на пазарната економија и да не се оспорува ничие право на бизнис:
- Повторувам, немам проблем некој да профитира, туку имам проблем само ако некој создаде екстра профит. Како влада мораме да се грижиме и за граѓаните и за економијата, кои и двете ја сочинуваат средината на една земја. Пред сѐ, треба да се грижиме за граѓаните, за луѓето со помали примања, за пензионерите, за да ја почувствуваат грижата на државата.

The post Млеко, брашно, кафе, риба, шампон: Поевтинуваат 700 основни производи во српските маркети appeared first on Република.

]]>
Поевтинуваат горивата од полноќ https://republika.mk/vesti/ekonomija/poevtinuvaat-gorivata-od-polnok/ Mon, 13 May 2024 11:49:51 +0000 https://republika.mk/?p=777616

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која горивата од полноќ поевтинуваат.

Согласно одлуката за 1,5 денари поевтинуваат бензините, додека за половина денар се намалува цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство.

Од 14.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,007 (денари/килограм)

The post Поевтинуваат горивата од полноќ appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која горивата од полноќ поевтинуваат. Согласно одлуката за 1,5 денари поевтинуваат бензините, додека за половина денар се намалува цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство. Од 14.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 44,007 (денари/килограм)

The post Поевтинуваат горивата од полноќ appeared first on Република.

]]>
Поевтинувањето на прехранбените производи се почитува во маркетите, од идната недела пониски цени и на пијалаците https://republika.mk/vesti/makedonija/poevtinuvaneto-na-prehranbenite-proizvodi-se-pochituva-vo-marketite-od-idnata-nedela-poniski-tseni-i-na-pijalatsite/ Thu, 21 Sep 2023 11:20:16 +0000 https://republika.mk/?p=683764

Од влегувањето во сила до овој момент, задоволни сме како се почитува владината Одлука од страна на трговците, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши во врска со поевтинувањето на основните прехранбени производи за најмалку 10 отсто.

Тој повтори дека од идната недела ќе се намалат за минимум десет проценти и цените на пијалаците.

Инспекциските контроли, истакна министерот, ќе продолжат до крајот на ноември, а секоја недоследност, како евентуално недоволно снабдување со одредени производи во маркетите, граѓаните треба да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Повеќе од задоволен сум од тоа што вчера се случуваше во секторот трговија, посебно од компаниите и сите ланци маркети, но и од производителите и дистрибутерите. До денешниот ден, пред оваа посета, добивме неколку писма од наши производители, генерално на минерална вода, сокови и на светло пиво, кои од наредната недела ќе почнат со намалување на цените од минимум десет отсто, намалување директно од страна на производителите, имајќи предвид дека немаме намера да донесеме некое ограничување во делот на ланците супермаркети, зашто генерално годинава главниот товар беше врз нив, а гледаме дека одредени супермаркети ги зголемуваат платите, а тоа се пресликува и со денешната објава на Заводот за статстика, дека е зголемена просечната плата за 14,1 отсто во споредба со јули лани - изјави Бектеши по посетата на логистичкиот центар на „КАМ“ маркет во општина Илинден.

Според министерот, Владата носи одлуки кои се задолжителни за секторот трговија.

Тука е вклучено и месото. Имајќи предвид дека освен задолженија за ланците супермаркети или во делот на малопродажбата, во владината Одлука има задолженија и за добавувачите и производителите. Утрово имавме дополнителна координација со ДПИ кој вчера попладне веќе вршеше контроли. Во моментот се во тек различни контроли и тоа ќе продолжи до крајот на ноември. Ако граѓаните забележуваат дека вакви работи може да се случуваат, да пријават во Инспекторатот и согласно законските одредби и задолженијата што ги добиле, тие ќе постапат и за нив ќе следи тоа што е предвидено во законските прописи - истакна Бектеши.

Според менаџментот на „КАМ“, пресметките се уште не се направени, но добивката, по поевтинувањето на дел од производите, секако ќе се намали.

Ситуацијата е таква, мораме да се соочиме со тешкиот момент во државата. Ние живееме и постоиме за да ги намалиме цените, нам секоја цена која ќе ја ставиме на рафт од 99 на 100 денари ни е голем пораз. Ние и без мерките, правиме максимални напори. Има моменти кога мора да се надминеме себе си. Потребни се подолгорочни мерки во целото стопанство за да бидеме сите поефикасни - истакнаа од менаџментот.

Министерот Бектеши го посети и новоотворениот маркет на „КАМ“ во општина Петровец.

The post Поевтинувањето на прехранбените производи се почитува во маркетите, од идната недела пониски цени и на пијалаците appeared first on Република.

]]>

Од влегувањето во сила до овој момент, задоволни сме како се почитува владината Одлука од страна на трговците, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши во врска со поевтинувањето на основните прехранбени производи за најмалку 10 отсто. Тој повтори дека од идната недела ќе се намалат за минимум десет проценти и цените на пијалаците. Инспекциските контроли, истакна министерот, ќе продолжат до крајот на ноември, а секоја недоследност, како евентуално недоволно снабдување со одредени производи во маркетите, граѓаните треба да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).
Повеќе од задоволен сум од тоа што вчера се случуваше во секторот трговија, посебно од компаниите и сите ланци маркети, но и од производителите и дистрибутерите. До денешниот ден, пред оваа посета, добивме неколку писма од наши производители, генерално на минерална вода, сокови и на светло пиво, кои од наредната недела ќе почнат со намалување на цените од минимум десет отсто, намалување директно од страна на производителите, имајќи предвид дека немаме намера да донесеме некое ограничување во делот на ланците супермаркети, зашто генерално годинава главниот товар беше врз нив, а гледаме дека одредени супермаркети ги зголемуваат платите, а тоа се пресликува и со денешната објава на Заводот за статстика, дека е зголемена просечната плата за 14,1 отсто во споредба со јули лани - изјави Бектеши по посетата на логистичкиот центар на „КАМ“ маркет во општина Илинден.
Според министерот, Владата носи одлуки кои се задолжителни за секторот трговија.
Тука е вклучено и месото. Имајќи предвид дека освен задолженија за ланците супермаркети или во делот на малопродажбата, во владината Одлука има задолженија и за добавувачите и производителите. Утрово имавме дополнителна координација со ДПИ кој вчера попладне веќе вршеше контроли. Во моментот се во тек различни контроли и тоа ќе продолжи до крајот на ноември. Ако граѓаните забележуваат дека вакви работи може да се случуваат, да пријават во Инспекторатот и согласно законските одредби и задолженијата што ги добиле, тие ќе постапат и за нив ќе следи тоа што е предвидено во законските прописи - истакна Бектеши.
Според менаџментот на „КАМ“, пресметките се уште не се направени, но добивката, по поевтинувањето на дел од производите, секако ќе се намали.
Ситуацијата е таква, мораме да се соочиме со тешкиот момент во државата. Ние живееме и постоиме за да ги намалиме цените, нам секоја цена која ќе ја ставиме на рафт од 99 на 100 денари ни е голем пораз. Ние и без мерките, правиме максимални напори. Има моменти кога мора да се надминеме себе си. Потребни се подолгорочни мерки во целото стопанство за да бидеме сите поефикасни - истакнаа од менаџментот.
Министерот Бектеши го посети и новоотворениот маркет на „КАМ“ во општина Петровец.

The post Поевтинувањето на прехранбените производи се почитува во маркетите, од идната недела пониски цени и на пијалаците appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Ќе ја укинеме повластената цена на струјата на компаниите што не ги поевтиниле производите https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-ke-ja-ukineme-povlastenata-tsena-na-strujata-na-kompaniite-shto-ne-gi-poevtinile-proizvodite/ Fri, 10 Feb 2023 14:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=607448

Компаниите од прехранбената индустрија што користат повластена цена на струја и кои не ги намалиле цените согласно договореното со Владата ќе ја изгубат оваа поволност, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тоа ќе се знае на крајот на месецов согласно податоците од Државниот пазарен инспекторат. Оние што ги намалиле цените ќе продолжат да ја користат таа поволност.

На дневна база разговараме со стопанските коморите и со одредени сектори од индустријата, особено производителите на домашни прехранбени производи. Во случај ако нема дополнително намалување ќе се доведеме во ситуација тоа да се укине како поддршка од страна на Владата, затоа што целта на поддршката што ја даде Владата на барање на стопанските комори беше да се влијае во делот на намалувањето на цените на основните прехранбени производи. Ако не се намалат на процентот што е договорен помеѓу компаниите и Владата и согласно очекувањата на потрошувачите подобро тие средства да ги дадеме на граѓаните преку различни мерки, рече Бектеши на средба со новинари.

Посочувајќи дека намалувањето би требало да се движи од седум до 13 отсто, потенцираше дека одредени компании ги намалиле цените, а за жал одредени не.

Би требало до крајот на месецов да имаме конечен извештај од Државниот пазарен инспекторат и согласно тоа да се донесат одредени одлуки. Согласно прогласената кризна состојба одлуките може да бидат и селективни, па за компаниите кои не ги намалиле цените да не важи оваа мерка, а за тие што ги намалиле и навистина се потрудиле да направат максимум да излезат во пресрет на потрошувачите, да продолжи, рече Бектеши.

The post Бектеши: Ќе ја укинеме повластената цена на струјата на компаниите што не ги поевтиниле производите appeared first on Република.

]]>

Компаниите од прехранбената индустрија што користат повластена цена на струја и кои не ги намалиле цените согласно договореното со Владата ќе ја изгубат оваа поволност, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тоа ќе се знае на крајот на месецов согласно податоците од Државниот пазарен инспекторат. Оние што ги намалиле цените ќе продолжат да ја користат таа поволност.
На дневна база разговараме со стопанските коморите и со одредени сектори од индустријата, особено производителите на домашни прехранбени производи. Во случај ако нема дополнително намалување ќе се доведеме во ситуација тоа да се укине како поддршка од страна на Владата, затоа што целта на поддршката што ја даде Владата на барање на стопанските комори беше да се влијае во делот на намалувањето на цените на основните прехранбени производи. Ако не се намалат на процентот што е договорен помеѓу компаниите и Владата и согласно очекувањата на потрошувачите подобро тие средства да ги дадеме на граѓаните преку различни мерки, рече Бектеши на средба со новинари.
Посочувајќи дека намалувањето би требало да се движи од седум до 13 отсто, потенцираше дека одредени компании ги намалиле цените, а за жал одредени не.
Би требало до крајот на месецов да имаме конечен извештај од Државниот пазарен инспекторат и согласно тоа да се донесат одредени одлуки. Согласно прогласената кризна состојба одлуките може да бидат и селективни, па за компаниите кои не ги намалиле цените да не важи оваа мерка, а за тие што ги намалиле и навистина се потрудиле да направат максимум да излезат во пресрет на потрошувачите, да продолжи, рече Бектеши.

The post Бектеши: Ќе ја укинеме повластената цена на струјата на компаниите што не ги поевтиниле производите appeared first on Република.

]]>
Граѓаните знаат, но и инспекторите признаа: Поосетно намалување засега нема https://republika.mk/vesti/ekonomija/gragjanite-znaat-no-i-inspektorite-priznaa-poosetno-namaluvanje-zasega-nema/ Sat, 10 Dec 2022 08:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=583923

187 компании од прехранбената индустрија веќе десетина дена произведуваат користејќи струја со повластена цена од 80 евра за мегават. Оваа мерка Владата ја најави како нешто што ќе ги намали екстремно покачените цени на прехраната. Сепак, инспекциите покажале дека во првата недела од мерката, таа не носи резултати.

Поосетно намалување засега немаме, признава на ТВ24 директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска.

Најпогодените, граѓаните, реагираат дека ова е само замајување и дека цените не само што не се намалија, туку цените на некои производи дополнително се зголемија, за со поскапување да се глуми поевтинување.

Производителите, пак, се правдаат дека овие производи се направени од суровини, кои се набавени пред 1 декември и мерката за повластена струја, па затоа цените се уште не се намалени.

Во истата дебатна емисија, Сашо Дукоски, потпретседател на ССК вели дека токму поради ова, за некои производи ќе треба да поминат и до 90 дена за да се намалат.

The post Граѓаните знаат, но и инспекторите признаа: Поосетно намалување засега нема appeared first on Република.

]]>

187 компании од прехранбената индустрија веќе десетина дена произведуваат користејќи струја со повластена цена од 80 евра за мегават. Оваа мерка Владата ја најави како нешто што ќе ги намали екстремно покачените цени на прехраната. Сепак, инспекциите покажале дека во првата недела од мерката, таа не носи резултати.
Поосетно намалување засега немаме, признава на ТВ24 директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска.
Најпогодените, граѓаните, реагираат дека ова е само замајување и дека цените не само што не се намалија, туку цените на некои производи дополнително се зголемија, за со поскапување да се глуми поевтинување. Производителите, пак, се правдаат дека овие производи се направени од суровини, кои се набавени пред 1 декември и мерката за повластена струја, па затоа цените се уште не се намалени. Во истата дебатна емисија, Сашо Дукоски, потпретседател на ССК вели дека токму поради ова, за некои производи ќе треба да поминат и до 90 дена за да се намалат.  

The post Граѓаните знаат, но и инспекторите признаа: Поосетно намалување засега нема appeared first on Република.

]]>
Oд утре леб и за 32 денари, поевтини млечни производи по Нова година https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-utre-leb-i-za-32-denari-poevtini-mlechni-proizvodi-po-nova-godina/ Wed, 30 Nov 2022 07:25:13 +0000 https://republika.mk/?p=579835

Дел од пекарниците најавуваат дека од утре, 1 декември, граѓаните ќе може да купуваат леб и за 32 денара. Во наредниот период, како што велат за МИА, ќе има корекција и на цените на другите пекарски производи, веројатно за околу 10 проценти. Снижувања за над 10 отсто се можни и кај месните производи доколку Владата донесе одлука со која би се укинале давачките на увозните суровини, како што бараат компаниите од овој сектор. Намалени цени во декември не може да се очекуваат кај млечните производи кои, според преработувачите, ќе бидат поевтини од јануари.

Ова се ставовите на претставници од прехранбената индустрија кои од утре, преку „ЕСМ продажба“, треба да добиваат струја по субвенционирана, фиксна цена од 80 евра за мегават час.

Компаниите ја поздравуваат мерката како почеток за целосно решавање на проблемот во нивната индустрија. Сметаат и дека регулираната цена на струјата, комбинирана со мерката за маржите во малопродажбата, ќе даде ефект.

Мелничарите и натаму се на ставот дека со активирање на стоковните резерви би се постигнал поширок бенефит. Посериозна стабилизација, пак, на цените кај млечните производи, како што оценуваат од млечната индустрија, може да се очекува само ако им се даде поевтина струја и на фармерите.

-Можеме да соопштиме дека од утре, 1 декември, граѓаните ќе може да имаат леб по подостапна цена од 32 денара, а во наредниот период, по пресметките, ќе се направи корекција и на цените на другите пекарски производи која би била за околу 10 проценти во овој сектор. За да можеме уште повеќе да излеземе во пресрет на потребите на граѓаните, а воедно да не ја загрозиме ликвидноста на компаниите, сметаме дека активирање на стоковите резерви е мерка со која би се постигнал поширок бенефит. Според информациите кои ги имаме за залихите со кои располагаме како држава, треба да е доволно и за овој период, а не би требало да има поголеми проблеми и наредната година, бидејќи Србија од каде се прави најголемиот узвоз има доволни количини. За трендот на движење на цените на пченицата не може однапред да се дадат подолгорочни прогнози, бидејќи се работи за берзански производ и зависи од пошироките глобални движења и случувања, изјави за МИА потпретседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) и претседател на Агро-бизнис комората, Горан Ѓорѓиевски.

Според Стопанската комора на Македонија, млечните производи што ќе се произведуваат од 1 декември натаму, со евтина струја, ќе се продаваат по Нова година.

-Млечната индустрија е специфична поради подолгите неколкумесечни процеси на производство. Ферментирањето за дел од производите како кашкавал или сирење, трае два до три месеци. Тоа што сега ќе се произведе во млечната индустрија, ќе се продава од јануари натаму или производите со евтина струја ќе се продаваат после Нова година. Малку поразлично е во пекарската индустрија каде многу побрзо може да се чувствуваат позитивни ефекти и намалување на цените, објаснуваат од Стопанската комора.

Оттаму нагласуваат дека секоја компанија ќе ги намалува цените на производите зависно од процентот на учество на енергијата во крајниот производ, но под услов цените на суровината, амбалажата и другите инпути да останат исти.

-Тоа не е случај зашто во изминатиот период, почнувајќи од 2021 година и особено со почетокот на украинската криза, суровините од кои сме многу зависни се во постојан раст, а како држава немаме влијание на тој процес, потенцираат од Комората.

Колкаво е учеството на струјата во крајната цена на прехранбените производи?

Компаниите од месната индустрија кои деновиве одржаа работен состанок, заклучија дека процентот на намалување на цената на крајниот производ сепак ќе зависи и од тоа со колкав процент во него учествува енергијата.

-Кога цената на енергијата беше највисока, 500 евра за мегават час, таа учествуваше со 15 проценти, а сега, со намалени цени, учествува со 2 – 8 отсто. Тоа важи за мелничката и месната индустрија. Само за споредба околу конкурентноста на македонските прехранбени производи во однос на производите од Србија – во август и септември, кога цената на електричната енергија беше највисока, учеството на енергијата во производот од Србија во однос на оној од Македонија беше 1/10. Ако кај нас учеството беше 15 отсто, во Србија највисокоот учество беше 1,7 проценти. Во овој момент, во нашите производни цени државата со своите зафаќања учествува со над 35 отсто (суровина до 20 отсто), вклучително и енергијата, без платите. Затоа во моментов имаме повисоки цени отколку што се оние во опкружувањето (дури и ЕУ) и постепено го губиме домашниот пазар, како и јавни набавки каде единствен критериум е цената, објаснуваат од Комората.

Воедно додаваат дека кај млечната индустрија суровината е домашна и има постојано раст на цените за два до три денари или од 8 до 10 отсто на основна суровина.

-Енергијата во периодот кога беше најскапа учествуваше до седум проценти. Суровото млеко во ЕУ е 20 отсто поевтино во однос на нашата суровина, а квалитетот е далеку повисок. Оттука, ако се даде поевтина струја и на фармерите, тогаш може да се очекува стабилизација посериозна. Месната индустрија, пак, не бара субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување. Србија има 8 отсто давачка, другите земји немаат царина на замрзнато месо, а ние имаме од 18 до 35 проценти во зависност од тарифниот број. Владата ги увиде ваквите состојби, донесе одредени мерки во таа насока и тие треба да се заокружат до крај за да се реализира заедничката цел – граѓаните да кушуваат домашни евтини и квалитетни месни производи, дополнуваат од Комората.

Надлежните најавуваа намалување на цените во декември и до 13 проценти

На 18 ноември годинава, по средбата со производителите и претставниците на најголемите ланци маркети, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека очекува во почетокот на декември да има намалување на цената на основните прехранбени производи од пет до 13 отсто.

-Веќе почна трендот на намалување на цените на одредени производи, посебно на лебот, млекото, млечните и на некои месни производи. Одреден производител на млеко имаше пред 4 – 5 дена цена над 80 денари, а денеска цената е 76 и најверојатно од 1 декември ќе има дополнително намалување. Одредени производители на леб имаат цени над 40 денари, а денеска тие се движат од 36 – 38 денари. И таму очекуваме дополнително намалување. Истото важи и за месните производи. Согласно сите калкулации, ќе има дополнително намалување во наредните денови со оглед дека завршуваат сите постапки во „ЕСМ продажба“ за склучување на договорите со компаниите прозводители на основните прехранбени производи, подвлече министерот.

Може да се случи, нагласи Бектеши, да има зголемување на цената на суровините кои се увезени.

-Но, секако дека има одредени механизми и за таму да може да се стабилизира. Ако е тоа проблемот за да има дополнитело намалување на цените, ние сме подготвени и тоа да го направиме, потенцира тогаш министерот.

И премиерот Димитар Ковачевски најави намалување на цените на основните прехранбени производи.

– Со последната мерка на Владата обезбедивме поевтина струја за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи. Резултатите веќе се евидентни, одредени производители ја намалија цената на лебот, а цената на маслото за јадење на одредени произведувачи е намалена и за 40 денари. Очекувам во наредните денови до 10 посто намалување на цените на основните прехранбени производи. Ова е време на одговорност, не е време за профит, порача завчера Ковачевски.

The post Oд утре леб и за 32 денари, поевтини млечни производи по Нова година appeared first on Република.

]]>

Дел од пекарниците најавуваат дека од утре, 1 декември, граѓаните ќе може да купуваат леб и за 32 денара. Во наредниот период, како што велат за МИА, ќе има корекција и на цените на другите пекарски производи, веројатно за околу 10 проценти. Снижувања за над 10 отсто се можни и кај месните производи доколку Владата донесе одлука со која би се укинале давачките на увозните суровини, како што бараат компаниите од овој сектор. Намалени цени во декември не може да се очекуваат кај млечните производи кои, според преработувачите, ќе бидат поевтини од јануари. Ова се ставовите на претставници од прехранбената индустрија кои од утре, преку „ЕСМ продажба“, треба да добиваат струја по субвенционирана, фиксна цена од 80 евра за мегават час. Компаниите ја поздравуваат мерката како почеток за целосно решавање на проблемот во нивната индустрија. Сметаат и дека регулираната цена на струјата, комбинирана со мерката за маржите во малопродажбата, ќе даде ефект. Мелничарите и натаму се на ставот дека со активирање на стоковните резерви би се постигнал поширок бенефит. Посериозна стабилизација, пак, на цените кај млечните производи, како што оценуваат од млечната индустрија, може да се очекува само ако им се даде поевтина струја и на фармерите.
-Можеме да соопштиме дека од утре, 1 декември, граѓаните ќе може да имаат леб по подостапна цена од 32 денара, а во наредниот период, по пресметките, ќе се направи корекција и на цените на другите пекарски производи која би била за околу 10 проценти во овој сектор. За да можеме уште повеќе да излеземе во пресрет на потребите на граѓаните, а воедно да не ја загрозиме ликвидноста на компаниите, сметаме дека активирање на стоковите резерви е мерка со која би се постигнал поширок бенефит. Според информациите кои ги имаме за залихите со кои располагаме како држава, треба да е доволно и за овој период, а не би требало да има поголеми проблеми и наредната година, бидејќи Србија од каде се прави најголемиот узвоз има доволни количини. За трендот на движење на цените на пченицата не може однапред да се дадат подолгорочни прогнози, бидејќи се работи за берзански производ и зависи од пошироките глобални движења и случувања, изјави за МИА потпретседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) и претседател на Агро-бизнис комората, Горан Ѓорѓиевски.
Според Стопанската комора на Македонија, млечните производи што ќе се произведуваат од 1 декември натаму, со евтина струја, ќе се продаваат по Нова година.
-Млечната индустрија е специфична поради подолгите неколкумесечни процеси на производство. Ферментирањето за дел од производите како кашкавал или сирење, трае два до три месеци. Тоа што сега ќе се произведе во млечната индустрија, ќе се продава од јануари натаму или производите со евтина струја ќе се продаваат после Нова година. Малку поразлично е во пекарската индустрија каде многу побрзо може да се чувствуваат позитивни ефекти и намалување на цените, објаснуваат од Стопанската комора.
Оттаму нагласуваат дека секоја компанија ќе ги намалува цените на производите зависно од процентот на учество на енергијата во крајниот производ, но под услов цените на суровината, амбалажата и другите инпути да останат исти.
-Тоа не е случај зашто во изминатиот период, почнувајќи од 2021 година и особено со почетокот на украинската криза, суровините од кои сме многу зависни се во постојан раст, а како држава немаме влијание на тој процес, потенцираат од Комората.

Колкаво е учеството на струјата во крајната цена на прехранбените производи?

Компаниите од месната индустрија кои деновиве одржаа работен состанок, заклучија дека процентот на намалување на цената на крајниот производ сепак ќе зависи и од тоа со колкав процент во него учествува енергијата.
-Кога цената на енергијата беше највисока, 500 евра за мегават час, таа учествуваше со 15 проценти, а сега, со намалени цени, учествува со 2 – 8 отсто. Тоа важи за мелничката и месната индустрија. Само за споредба околу конкурентноста на македонските прехранбени производи во однос на производите од Србија – во август и септември, кога цената на електричната енергија беше највисока, учеството на енергијата во производот од Србија во однос на оној од Македонија беше 1/10. Ако кај нас учеството беше 15 отсто, во Србија највисокоот учество беше 1,7 проценти. Во овој момент, во нашите производни цени државата со своите зафаќања учествува со над 35 отсто (суровина до 20 отсто), вклучително и енергијата, без платите. Затоа во моментов имаме повисоки цени отколку што се оние во опкружувањето (дури и ЕУ) и постепено го губиме домашниот пазар, како и јавни набавки каде единствен критериум е цената, објаснуваат од Комората.
Воедно додаваат дека кај млечната индустрија суровината е домашна и има постојано раст на цените за два до три денари или од 8 до 10 отсто на основна суровина.
-Енергијата во периодот кога беше најскапа учествуваше до седум проценти. Суровото млеко во ЕУ е 20 отсто поевтино во однос на нашата суровина, а квалитетот е далеку повисок. Оттука, ако се даде поевтина струја и на фармерите, тогаш може да се очекува стабилизација посериозна. Месната индустрија, пак, не бара субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување. Србија има 8 отсто давачка, другите земји немаат царина на замрзнато месо, а ние имаме од 18 до 35 проценти во зависност од тарифниот број. Владата ги увиде ваквите состојби, донесе одредени мерки во таа насока и тие треба да се заокружат до крај за да се реализира заедничката цел – граѓаните да кушуваат домашни евтини и квалитетни месни производи, дополнуваат од Комората.

Надлежните најавуваа намалување на цените во декември и до 13 проценти

На 18 ноември годинава, по средбата со производителите и претставниците на најголемите ланци маркети, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека очекува во почетокот на декември да има намалување на цената на основните прехранбени производи од пет до 13 отсто.
-Веќе почна трендот на намалување на цените на одредени производи, посебно на лебот, млекото, млечните и на некои месни производи. Одреден производител на млеко имаше пред 4 – 5 дена цена над 80 денари, а денеска цената е 76 и најверојатно од 1 декември ќе има дополнително намалување. Одредени производители на леб имаат цени над 40 денари, а денеска тие се движат од 36 – 38 денари. И таму очекуваме дополнително намалување. Истото важи и за месните производи. Согласно сите калкулации, ќе има дополнително намалување во наредните денови со оглед дека завршуваат сите постапки во „ЕСМ продажба“ за склучување на договорите со компаниите прозводители на основните прехранбени производи, подвлече министерот.
Може да се случи, нагласи Бектеши, да има зголемување на цената на суровините кои се увезени.
-Но, секако дека има одредени механизми и за таму да може да се стабилизира. Ако е тоа проблемот за да има дополнитело намалување на цените, ние сме подготвени и тоа да го направиме, потенцира тогаш министерот.
И премиерот Димитар Ковачевски најави намалување на цените на основните прехранбени производи.
– Со последната мерка на Владата обезбедивме поевтина струја за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи. Резултатите веќе се евидентни, одредени производители ја намалија цената на лебот, а цената на маслото за јадење на одредени произведувачи е намалена и за 40 денари. Очекувам во наредните денови до 10 посто намалување на цените на основните прехранбени производи. Ова е време на одговорност, не е време за профит, порача завчера Ковачевски.

The post Oд утре леб и за 32 денари, поевтини млечни производи по Нова година appeared first on Република.

]]>
Месото може да поевтини, дури десет посто https://republika.mk/vesti/ekonomija/mesoto-moze-da-poevtini-duri-deset-posto/ Tue, 29 Nov 2022 07:17:50 +0000 https://republika.mk/?p=579404

Преработувачите на месо, како одговор на кризата и намалената куповна моќ на потрошувачите, најавуваат акција „Домашни квалитетни евтини месни производи достапни за секој наш граѓанин“.

Ова е договорено на работниот состанок што го организира Групацијата за преработка на месо и производи од месо во Стопанската комора на Македонија.

Месната индустрија уште еднаш апелира Владата да ги укине давачките на увозните суровини кои не се произведуваат во државата, мерка која, како што потсетува, беше активна до јуни 2022 година. Во таков случај, веднаш може да дојде до поевтинување на месните преработки и за над 10 проценти.

Како што објаснуваат за МИА од Стопанската комора, месната индустрија не бара субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување. Србија, нагласуваат, има осум отсто давачка, другите земји немаат царина на замрзнато месо, а државава има 18 до 35 проценти во зависност од тарифниот број.

-Ја поздравуваме одлуката на Владата за фиксна цена на струјата и истовремено бараме да ги укине давачките на увозните суровини кои не се произведуваат во државата, мерка која беше активна до јуни 2022 година. Целта за намалување на цените е заедничка – и на Владата и на граѓаните и на индустријата. Сите ќе бидат задоволни доколку намалувањето на цените на месните преработки бидe што поголемo, на пример над 10 проценти, што може да се случи веднаш ако се донесе одлука за ослободување од плаќање на царината на одредени тарифи на суровина за крајна употреба за овој кризен период, а за трајно решение да се прифати Предлог-законoт кој е доставен до Министерството за финансии и Владата, велат од Комората

The post Месото може да поевтини, дури десет посто appeared first on Република.

]]>

Преработувачите на месо, како одговор на кризата и намалената куповна моќ на потрошувачите, најавуваат акција „Домашни квалитетни евтини месни производи достапни за секој наш граѓанин“. Ова е договорено на работниот состанок што го организира Групацијата за преработка на месо и производи од месо во Стопанската комора на Македонија. Месната индустрија уште еднаш апелира Владата да ги укине давачките на увозните суровини кои не се произведуваат во државата, мерка која, како што потсетува, беше активна до јуни 2022 година. Во таков случај, веднаш може да дојде до поевтинување на месните преработки и за над 10 проценти. Како што објаснуваат за МИА од Стопанската комора, месната индустрија не бара субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување. Србија, нагласуваат, има осум отсто давачка, другите земји немаат царина на замрзнато месо, а државава има 18 до 35 проценти во зависност од тарифниот број.
-Ја поздравуваме одлуката на Владата за фиксна цена на струјата и истовремено бараме да ги укине давачките на увозните суровини кои не се произведуваат во државата, мерка која беше активна до јуни 2022 година. Целта за намалување на цените е заедничка – и на Владата и на граѓаните и на индустријата. Сите ќе бидат задоволни доколку намалувањето на цените на месните преработки бидe што поголемo, на пример над 10 проценти, што може да се случи веднаш ако се донесе одлука за ослободување од плаќање на царината на одредени тарифи на суровина за крајна употреба за овој кризен период, а за трајно решение да се прифати Предлог-законoт кој е доставен до Министерството за финансии и Владата, велат од Комората

The post Месото може да поевтини, дури десет посто appeared first on Република.

]]>
Оваа недела ќе се знае кои производи поевтиниле во маркетите https://republika.mk/vesti/ekonomija/ovaa-nedela-kje-se-znae-koi-proizvodi-poevtinile-vo-marketite/ Tue, 15 Nov 2022 10:11:58 +0000 https://republika.mk/?p=573967

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека оваа недела ќе бидат направени анализи на цените во маркетите и јавноста ќе биде информирана за нивното намалување.

Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на бизнис настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo, Бектеши уште еднаш напомена дека нема да се дозволи никаква злоупотреба на кризата врз грбот на граѓаните, инспекциските контроли се засилени, а веќе се, како што рече, и изречени неколку казни.

– Оваа недела ќе направиме анализа директно и физички во супермаркетите, а ќе известиме и за процентот на намалување на цените на производите и компаниите кои тоа го направиле. Државниот пазарен инспекторат веќе работи согласно новиот Закон за заштита на потрошувачите, интензивирани се контролите и вчера директорката кажа дека се изречени неколку казни, истакна Бектеши, додавајќи дека Министерството на дневна основа добива податоци за увозот на производите од Одлуката на Царинската управа.

The post Оваа недела ќе се знае кои производи поевтиниле во маркетите appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека оваа недела ќе бидат направени анализи на цените во маркетите и јавноста ќе биде информирана за нивното намалување. Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на бизнис настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo, Бектеши уште еднаш напомена дека нема да се дозволи никаква злоупотреба на кризата врз грбот на граѓаните, инспекциските контроли се засилени, а веќе се, како што рече, и изречени неколку казни. – Оваа недела ќе направиме анализа директно и физички во супермаркетите, а ќе известиме и за процентот на намалување на цените на производите и компаниите кои тоа го направиле. Државниот пазарен инспекторат веќе работи согласно новиот Закон за заштита на потрошувачите, интензивирани се контролите и вчера директорката кажа дека се изречени неколку казни, истакна Бектеши, додавајќи дека Министерството на дневна основа добива податоци за увозот на производите од Одлуката на Царинската управа.

The post Оваа недела ќе се знае кои производи поевтиниле во маркетите appeared first on Република.

]]>
Ако со новите мерки не се намали цената на производите, ќе следат и други мерки, ветуваат од Влада https://republika.mk/vesti/ekonomija/ako-so-novite-merki-ne-se-namali-cenata-na-proizvodite-kje-sledat-i-drugi-merki-vetuvaat-od-vlada/ Sun, 30 Oct 2022 15:42:24 +0000 https://republika.mk/?p=567466

Ако во случај инпутот на електрична енергија што е во формирање на финалната цена не се рефлектира и во намалување на цена на производите, тогаш има и други механизми, односоно замрзнување на цените онаму каде што ќе се утврди дека инпутот со електричната енергија не се калкулира во финалната цена на производите, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

Тој очекува утре или задутре на седница на Собранието да биде усвоен Законот за потрошувачи, преку кој ќе се контролира цената на производите.

Во Законот има одредени мерки со кои Државниот пазарен инспекторат може да постапи и ние кажавме дека нема да дозволиме никој да прави профитерство во време на криза, додаде министерот.

The post Ако со новите мерки не се намали цената на производите, ќе следат и други мерки, ветуваат од Влада appeared first on Република.

]]>

Ако во случај инпутот на електрична енергија што е во формирање на финалната цена не се рефлектира и во намалување на цена на производите, тогаш има и други механизми, односоно замрзнување на цените онаму каде што ќе се утврди дека инпутот со електричната енергија не се калкулира во финалната цена на производите, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција. Тој очекува утре или задутре на седница на Собранието да биде усвоен Законот за потрошувачи, преку кој ќе се контролира цената на производите.
Во Законот има одредени мерки со кои Државниот пазарен инспекторат може да постапи и ние кажавме дека нема да дозволиме никој да прави профитерство во време на криза, додаде министерот.

The post Ако со новите мерки не се намали цената на производите, ќе следат и други мерки, ветуваат од Влада appeared first on Република.

]]>
Наводното поевтинување на производите за 10% наидува на потсмев кај граѓаните бидејќи знаат дека тоа е невистинито https://republika.mk/vesti/makedonija/navodnoto-poevtinuvanje-na-proizvodite-za-10-naiduva-na-potsmev-kaj-gragjanite-bidejkji-znaat-deka-toa-e-nevistinito/ Sat, 29 Oct 2022 11:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=567105

Производите се двојно поскапи поради лошите политики на Владата и ненавремените мерки. И тоа што можам да го забележам се незадоволни граѓани, несреќни граѓани и посиромашни граѓани - истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес од Охрид одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски додаде дека оваа Влада наместо да помага на народот, таа краде од истиот тој народ.

Од друга страна гледаме побогата Влада и побогати функционери, затоа што наместо да работат и да му помагаат на народот тие одлучиле да крадат од истиот тој народ. И се додека така се однесуваат да крадат од истиот народ овој начин на манипулирање како што тие го прават со некое си наводно поевтинување за 10-тина проценти делува невистинито и впрочем е невистинито. И од она што можам да го слушнам од граѓаните наидува на потсмев, но од друга страна го зголемува гневот на граѓаните поради лошите политики кои што оваа Влада ги води - рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој и порача на Владата да се зафати со работа за ова кратко време што и преостанува, затоа што секој ден изминат значи дека Владата на СДСМ е поблиску до нејзиниот крај.

The post Наводното поевтинување на производите за 10% наидува на потсмев кај граѓаните бидејќи знаат дека тоа е невистинито appeared first on Република.

Поевтинувањето на лебот е можно по Нова година https://republika.mk/vesti/ekonomija/poevtinuvanjeto-na-lebot-e-mozno-po-nova-godina/ Sat, 22 Oct 2022 13:48:51 +0000 https://republika.mk/?p=564331

Дали со најавените нови мерки за поевтина струја ќе се намали и цената на лебот? Дел од производителите велат дека очекуваат најнапред стабилизација на цената, па дури потоа поевтинување на лебот и пекарските производи, објави Канал 5.

Поевтинувањето на лебот е можно по Nова година. Со новите мерки кои се најавуваат за поевтина струја од први декември за дел од производителите на храна маѓу кои е и мелничко пекарската индустрија се очекува најнапред стабилизација на цената па дури потоа е можно поевтинување на лебот и пекарските производи. Ова е ставот на претставниците на двете најголеми стопански комори. Според агро комората при ССК за да има реално поефтинување потребно е проектвност од владата, заедно со коморите да се носат мерките за полесно да се надмине кризата и вклучување на стоковите резерви за да се намали влијанието на светските берзи каде цените постојано растат.

The post Поевтинувањето на лебот е можно по Нова година appeared first on Република.

]]>

Дали со најавените нови мерки за поевтина струја ќе се намали и цената на лебот? Дел од производителите велат дека очекуваат најнапред стабилизација на цената, па дури потоа поевтинување на лебот и пекарските производи, објави Канал 5. Поевтинувањето на лебот е можно по Nова година. Со новите мерки кои се најавуваат за поевтина струја од први декември за дел од производителите на храна маѓу кои е и мелничко пекарската индустрија се очекува најнапред стабилизација на цената па дури потоа е можно поевтинување на лебот и пекарските производи. Ова е ставот на претставниците на двете најголеми стопански комори. Според агро комората при ССК за да има реално поефтинување потребно е проектвност од владата, заедно со коморите да се носат мерките за полесно да се надмине кризата и вклучување на стоковите резерви за да се намали влијанието на светските берзи каде цените постојано растат.    

The post Поевтинувањето на лебот е можно по Нова година appeared first on Република.

]]>
Дизелот поевтинува, цените на бензините остануваат исти https://republika.mk/vesti/ekonomija/dizelot-poevtinuva-cenite-na-benzinite-ostanuvaat-isti/ Wed, 29 Jun 2022 13:26:40 +0000 https://republika.mk/?p=521184

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83% во однос на одлуката од 27.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,460%, кај дизелот намалување во просек за 2,480%, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,201% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,032%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 109,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 111,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,305 ден/кг.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 106,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 105,00 ден/лит.

Од 30.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,176 %.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

The post Дизелот поевтинува, цените на бензините остануваат исти appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83% во однос на одлуката од 27.06.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,460%, кај дизелот намалување во просек за 2,480%, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,201% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,032%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 109,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 111,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,305 ден/кг. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 106,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 105,00 ден/лит. Од 30.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,176 %. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

The post Дизелот поевтинува, цените на бензините остануваат исти appeared first on Република.

]]>
Од понеделник можно е поевтинување на горивата https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-ponedelnik-mozno-e-poevtinuvanje-na-gorivata/ Fri, 11 Mar 2022 11:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=471288

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека од следната недела Регулаторната комисија за енергетика ќе почне да носи одлуки со кои ќе се намали цената на горивата.

Имајќи ги во предвид вчерашните цени на берзите и цената пред 2 дена, јас очекувам согласно анализата од утре, а многу е важно да се наведе дека веќе од понеделник ќе имаме не поевтини цени од регионот туку значително поевтини цени од регионот, рече Бектеши.

The post Од понеделник можно е поевтинување на горивата appeared first on Република.

Христовски: Градски паркинг донесе одлука за намалување на цената на паркирање во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/hristovski-gradski-parking-donese-odluka-za-namaluvanje-na-cenata-na-parkiranje-vo-skopje/ Sat, 29 Jan 2022 12:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=451142

На иницијатива на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а согласно Статутот на јавното претпријатие, на седница на Управниот одбор на ЈП Градски паркинг е донесена одлука со која е предвидено намалување на цените на услугите за паркирање на јавните површини во зоните на паркирање во градот Скопје.

Директорот на претпријатието, Бојан Христовски, информира дека согласно одлуката за измена на ценовникот на услуги на Јавното претпријатие Градски паркинг, намалувањето се однесува на час паркирање во следните зони: Зона А0 паркирањето од 100 денари, се намалува на 75 денари, во зона А од 50 денари, се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 денари, износот за паркирањето се намалува на 30 денари и во зона Ц и Д, цената за еден час паркирање од 30 денари се намалува на 25 денари.

Ваквата одлука за поевтинување на паркирањето во Скопје влегува во сила по добивање согласност од Советот на Град Скопје, а истата ќе се применува од 1 март.

Христовски потенцира дека со усвојување на оваа одлука, а сред економска криза, кога цените растат, Јавното претпријатие Градски паркинг им излегува во пресрет на барањата на граѓаните за поевтин паркинг во градот и го реализира она кое е ветено пред скопјани.

Нашата цел како Јавно претпријатие е со своите одлуки секогаш првенствено да бидеме транспарентни во своето работење, да бидеме во служба на граѓаните и да ги реализираме правовремено барањата на граѓаните во градот Скопје. Реализацијата на ова ветување е показател дека тоа што се ветува, треба и се исполнува. Имено, продолжуваме и понатаму активно да работиме во насока на реализација на програмските проекти кои се во интерес на граѓаните, а се во план да се реализираат во наредниот период. Тука би ги истакнал новите катни и монтажни паркиралишта во Чаир, Аеродром, Центар и Кисела Вода, со што ќе овозможи паркирањето во Скопје не само да биде поевтино, туку да биде и подостапно за граѓаните - додава Христовски.

The post Христовски: Градски паркинг донесе одлука за намалување на цената на паркирање во Скопје appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а согласно Статутот на јавното претпријатие, на седница на Управниот одбор на ЈП Градски паркинг е донесена одлука со која е предвидено намалување на цените на услугите за паркирање на јавните површини во зоните на паркирање во градот Скопје. Директорот на претпријатието, Бојан Христовски, информира дека согласно одлуката за измена на ценовникот на услуги на Јавното претпријатие Градски паркинг, намалувањето се однесува на час паркирање во следните зони: Зона А0 паркирањето од 100 денари, се намалува на 75 денари, во зона А од 50 денари, се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 денари, износот за паркирањето се намалува на 30 денари и во зона Ц и Д, цената за еден час паркирање од 30 денари се намалува на 25 денари. Ваквата одлука за поевтинување на паркирањето во Скопје влегува во сила по добивање согласност од Советот на Град Скопје, а истата ќе се применува од 1 март. Христовски потенцира дека со усвојување на оваа одлука, а сред економска криза, кога цените растат, Јавното претпријатие Градски паркинг им излегува во пресрет на барањата на граѓаните за поевтин паркинг во градот и го реализира она кое е ветено пред скопјани.