подарено дело Archives - Република https://republika.mk/tema/podareno-delo/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Feb 2023 14:09:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png подарено дело Archives - Република https://republika.mk/tema/podareno-delo/ 32 32 Британската уметница Дилејн Ле Бас му подари дело на Музејот на современата уметност – Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/britanskata-umetnitsa-dilejn-le-bas-mu-podari-delo-na-muzejot-na-sovremenata-umetnost-skopje/ Mon, 20 Feb 2023 14:09:53 +0000 https://republika.mk/?p=611135

Британската уметница Дилејн Ле Бас, чии дела се дел од меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“ му подари дело на Музејот на современата уметност – Скопје, соопштија оттаму.

Подарено дело - фотографија од тековниот проект на Дилејн Ле Бас насловен „Ромска амбасада“. Фотографија на Дилејн Ле Бас со натпис „Ромска амбасада“ и амбасадорот Метју Лосон во Британската амбасада во Скопје

„Ромска амбасада“ е тековен проект на Делејн Ле Бас, концепиран според идејата за Ромска револуција, за време на нејзиниот резиденциски престој во HIAP резиденцијата во Хелсинки, Финска во 2012 година, и за првпат изведен како перформанс за проектот „When The Fuel Runs Out People will need Horses“ во Лондон, во јуни 2015 година.
Дилејн ле Бас ќе изјави: „Ние како заедница немаме „една татковина“, ниту држава, ниту пак национална држава. Не има во многу земји, но никогаш не сме целосно прифатени, и во секое време можеме да бидеме исчистени како население. Олицетворение сме на меѓународна популација, имаме многу религии, зборуваме многу јазици и постојат многу верзии на нашиот јазик. Имаме малку политичко претставување и немаме амбасада каде можеме да прибегнеме во време на неволја“.
„Ромската амбасада“ е информативна точка, жива архива, олицетворение на враќање на украдениот артефакт во кој се претворивме. Делото може да е променливо во големина и обем, да го менува изгледот, да се појави и да исчезне, тоа е подвижна, флексибилна структура. Се состои од картонски знак создаден во движење. Истото постои во реалниот и виртуелниот простор и време. Може да е сочинето од едно лице, а може и повеќе. Истото е дистрибутивна точка преку која се преиспитува мислењето на мнозинството во општеството и системското насилство кон Ромите. Делото е тивок чин на отпор. Ромската амбасада е фотографија, перформанс во процес, уметничко дело, активизам.

Дилејн Ле Бас е уметница која работи во повеќе уметнички медиуми и создава инсталации, перформанси, фотографии и филмови. Таа е една од шеснаесетте уметници кои се дел од „Изгубениот рај“, Првиот ромски павилјон на Биеналето во Венеција од 2007 година. Изложувала на Биеналето во Венеција (2007), Биеналето во Прага (2005 и 2007), Биеналето Гвангју (2012), Националната галерија на уметност „Закета“ (2013), MWW Музеј на современа уметност Вроцлав (2014), Биенале за современа уметност D-O Арк Андерграунд, Босна и Херцеговина (2015), Биеналето Оф, Будимпешта (2015), Проширено меѓународно биенале за современа уметност во Гетеборг и други.

The post Британската уметница Дилејн Ле Бас му подари дело на Музејот на современата уметност – Скопје appeared first on Република.

]]>