починато Archives - Република https://republika.mk/tema/pochinato/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 16:22:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png починато Archives - Република https://republika.mk/tema/pochinato/ 32 32 Во болницата во Гостивар донесено починато четиримесечно бебе https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-bolnitsata-vo-gostivar-doneseno-pochinato-chetirimesechno-bebe/ Sat, 19 Oct 2024 16:22:47 +0000 https://republika.mk/?p=828862

Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека четиримесечно бебе од Гостивар е донесено починато во Медицинскиот центар во Гостивар со Брза помош, соопшти СВР Тетово.

Случајот е пријавен на дежурен јавен обвинител од ОЈО Гостивар, а други официјални детали за инцидентот засега нема.

 

 

The post Во болницата во Гостивар донесено починато четиримесечно бебе appeared first on Република.

]]>

Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека четиримесечно бебе од Гостивар е донесено починато во Медицинскиот центар во Гостивар со Брза помош, соопшти СВР Тетово. Случајот е пријавен на дежурен јавен обвинител од ОЈО Гостивар, а други официјални детали за инцидентот засега нема.    

The post Во болницата во Гостивар донесено починато четиримесечно бебе appeared first on Република.

]]>
Бебе почина по пад од тераса од четврти спрат на зграда во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/bebe-pochina-po-pad-od-terasa-od-chetvrti-sprat-na-zgrada-vo-srbija/ Mon, 14 Oct 2024 05:56:57 +0000 https://republika.mk/?p=826290

Детето на возраст од една и пол година, кое вчера околу 16 часот паднало од четврти кат од зграда во Нови Пазар, им подлегнало на повредите во возилото на Брзата помош на пат кон Белград, каде било носено поради тешки повреди, јавува РТС.

По падот, детето се здобило со тешки повреди на основата на черепот и скршеница на екстремитет, а по првичното лекување во болницата во Нови Пазар е упатено на понатамошна нега во Белград.

На пат кон Белград, здравјето на детето се влошило, по што било реанимирано во болницата во Краљево, јавува РТС.

Детето престана да дише околу Маглич, по што беше реанимирано два часа, изјави за РТС директорот на Општата болница во Краљево, доктор Зоран Мрвиќ.

Истрагата утврдила дека детето било во станот со родителите и дека во еден момент излегло на терасата и паднало на платото пред зградата, соопшти српската полиција.

The post Бебе почина по пад од тераса од четврти спрат на зграда во Србија appeared first on Република.

]]>

Детето на возраст од една и пол година, кое вчера околу 16 часот паднало од четврти кат од зграда во Нови Пазар, им подлегнало на повредите во возилото на Брзата помош на пат кон Белград, каде било носено поради тешки повреди, јавува РТС. По падот, детето се здобило со тешки повреди на основата на черепот и скршеница на екстремитет, а по првичното лекување во болницата во Нови Пазар е упатено на понатамошна нега во Белград. На пат кон Белград, здравјето на детето се влошило, по што било реанимирано во болницата во Краљево, јавува РТС.
Детето престана да дише околу Маглич, по што беше реанимирано два часа, изјави за РТС директорот на Општата болница во Краљево, доктор Зоран Мрвиќ.
Истрагата утврдила дека детето било во станот со родителите и дека во еден момент излегло на терасата и паднало на платото пред зградата, соопшти српската полиција.

The post Бебе почина по пад од тераса од четврти спрат на зграда во Србија appeared first on Република.

]]>
Бебе почина во охридската болница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bebe-pochina-vo-ohridskata-bolnitsa-2/ Sat, 18 May 2024 12:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=779538

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот.

-Бебето претходно со Итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба, вели Димоски.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвиниел телото е дадено на обдукција.

The post Бебе почина во охридската болница appeared first on Република.

]]>

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот.
-Бебето претходно со Итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба, вели Димоски. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвиниел телото е дадено на обдукција.

The post Бебе почина во охридската болница appeared first on Република.

]]>
Во ГОБ „8 Септември“ во Скопје било донесено починато бебе https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-gob-8-septemvri-vo-skopje-bilo-doneseno-pochinato-bebe/ Wed, 06 Mar 2024 15:16:52 +0000 https://republika.mk/?p=751981

Полицијата извести дека вчера околу 14.30 часот во полициската станица Карпош, од Градска општа болница (ГОБ) „8 Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено починато неколкумесечно бебе од Скопје.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото бебе било дадено на обдукција.

 

The post Во ГОБ „8 Септември“ во Скопје било донесено починато бебе appeared first on Република.

]]>

Полицијата извести дека вчера околу 14.30 часот во полициската станица Карпош, од Градска општа болница (ГОБ) „8 Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено починато неколкумесечно бебе од Скопје. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото бебе било дадено на обдукција.  

The post Во ГОБ „8 Септември“ во Скопје било донесено починато бебе appeared first on Република.

]]>
Починато петмесечно бебе донесено во неготинската болница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochinato-petmesechno-bebe-doneseno-vo-negotinskata-bolnitsa/ Wed, 29 Nov 2023 13:04:39 +0000 https://republika.mk/?p=717572

Бебе на возраст од околу пет месеци, без знаци на живот вчера било донесено во Итната медицинска служба во неготинската болница.

Како што информираат од СВР Велес за „Фокус“, телото било дадено на обдукција.

The post Починато петмесечно бебе донесено во неготинската болница appeared first on Република.

]]>

Бебе на возраст од околу пет месеци, без знаци на живот вчера било донесено во Итната медицинска служба во неготинската болница. Како што информираат од СВР Велес за „Фокус“, телото било дадено на обдукција.

The post Починато петмесечно бебе донесено во неготинската болница appeared first on Република.

]]>
Новороденче од Прилеп почина на Детска клиника https://republika.mk/vesti/makedonija/novorodenche-od-prilep-pochina-na-detska-klinika/ Sun, 12 Nov 2023 16:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=700777

Новореденче со сепса починало на Детската клиника во Скопје, потврди за МИА директорката на клиниката, Стојка Нацева Фуштиќ.

Таа информира дека новороденчето било е донесено од Прилеп на Детската клиника во тешка состојба, со ирегуларно дишење, било згрижено на Единицата за интензивна терапија, првично со неинвазивна поддршка на респирацијата, а потоа поставено на механичка вентилација.

Детето е поставено на двојна антибиотска терапија, соодветна поддршка, односно корекција на нарушувањата, меѓутоа она што откажува и бубрежната функција, седмиот ден завршува лошо. Според клиничките и биохемиските параметри, се работи за рана неонатална сепса, што се појавува првите четири дена и најчесто, инфекцијата настанува при самото раѓање. Дали е предвремено прснат воденик, дали е од родилните патишта, тука може да се шпекулира ... немаме такви податоци. Меѓутоа, кога е донесено на клиниката, веќе има јасни клинички биохемиски знаци за рана неонатална сепса, појасни директорката на Детската клиника.

Мајката на бебето на социјалните мрежи ги сподели случувањата по породувањето, информирајќи дека во Прилепската болница персоналот ѝ рекол дека бебето ќе биде третирано со зрачење заради жолтица, но потоа било препратено во Скопје.

Како што појасни Нацева Фуштиќ, жолтицата е физиолошка појава кај бебињата. Педесет отсто, вели, од бебињата имаат жолтица и таа е најчесто во физиолошки граници.

The post Новороденче од Прилеп почина на Детска клиника appeared first on Република.

]]>

Новореденче со сепса починало на Детската клиника во Скопје, потврди за МИА директорката на клиниката, Стојка Нацева Фуштиќ. Таа информира дека новороденчето било е донесено од Прилеп на Детската клиника во тешка состојба, со ирегуларно дишење, било згрижено на Единицата за интензивна терапија, првично со неинвазивна поддршка на респирацијата, а потоа поставено на механичка вентилација.
Детето е поставено на двојна антибиотска терапија, соодветна поддршка, односно корекција на нарушувањата, меѓутоа она што откажува и бубрежната функција, седмиот ден завршува лошо. Според клиничките и биохемиските параметри, се работи за рана неонатална сепса, што се појавува првите четири дена и најчесто, инфекцијата настанува при самото раѓање. Дали е предвремено прснат воденик, дали е од родилните патишта, тука може да се шпекулира ... немаме такви податоци. Меѓутоа, кога е донесено на клиниката, веќе има јасни клинички биохемиски знаци за рана неонатална сепса, појасни директорката на Детската клиника.
Мајката на бебето на социјалните мрежи ги сподели случувањата по породувањето, информирајќи дека во Прилепската болница персоналот ѝ рекол дека бебето ќе биде третирано со зрачење заради жолтица, но потоа било препратено во Скопје. Како што појасни Нацева Фуштиќ, жолтицата е физиолошка појава кај бебињата. Педесет отсто, вели, од бебињата имаат жолтица и таа е најчесто во физиолошки граници.

The post Новороденче од Прилеп почина на Детска клиника appeared first on Република.

]]>
Бебе почина во охридската болница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bebe-pochina-vo-ohridskata-bolnitsa/ Mon, 06 Nov 2023 17:21:13 +0000 https://republika.mk/?p=698918

Едногодишно бебе почина денеска во охридската болница.

Според информациите од СВР Охрид, бебето утрово во 7:44 часот, било донесено во тешка здравствена состојба, а по реанимацијата, констатирана е смрт.

Состојбата на бебето, како што се наведува, е резултат на претходни заболувања и нема траги на насилство.

За настанот е информиран јавен обвинител по чија наредба телото му е предадено на семејството.

The post Бебе почина во охридската болница appeared first on Република.

]]>

Едногодишно бебе почина денеска во охридската болница. Според информациите од СВР Охрид, бебето утрово во 7:44 часот, било донесено во тешка здравствена состојба, а по реанимацијата, констатирана е смрт. Состојбата на бебето, како што се наведува, е резултат на претходни заболувања и нема траги на насилство. За настанот е информиран јавен обвинител по чија наредба телото му е предадено на семејството.

The post Бебе почина во охридската болница appeared first on Република.

]]>
Тело на починато лице најдено покрај Вардар, таму било со денови https://republika.mk/vesti/crna-hronika/telo-na-pochinato-litse-najdeno-pokraj-vardar-tamu-bilo-so-denovi/ Sun, 22 Oct 2023 13:43:58 +0000 https://republika.mk/?p=693912

Во близина на болницата „Систина“, на кејот на реката Вардар, пронајдено е тело на починато лице. Први сведоци биле случајни минувачи. Телото подолго време стоело покрај коритото на реката.

Причините за смртта не се познати, ниту пак, кога настанала. Ќе се утврдува и идентитетот на лицето.

Повикана беше полиција, која сега прави увид. Телото ќе биде дадено и на обдукција, а треба да биде повикан и јавен обвинител.

 

The post Тело на починато лице најдено покрај Вардар, таму било со денови appeared first on Република.

]]>

Во близина на болницата „Систина“, на кејот на реката Вардар, пронајдено е тело на починато лице. Први сведоци биле случајни минувачи. Телото подолго време стоело покрај коритото на реката. Причините за смртта не се познати, ниту пак, кога настанала. Ќе се утврдува и идентитетот на лицето. Повикана беше полиција, која сега прави увид. Телото ќе биде дадено и на обдукција, а треба да биде повикан и јавен обвинител.  

The post Тело на починато лице најдено покрај Вардар, таму било со денови appeared first on Република.

]]>
Бебе почина од изгореници при капење https://republika.mk/vesti/balkan/bebe-pochina-od-izgorenitsi-pri-kapene/ Mon, 24 Jul 2023 15:50:00 +0000 https://republika.mk/?p=664842

Едногодишно девојче од Ваљево, Србија, починало од изгореници од топла вода додека се капело.

Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но нивните напори не дале резултат. Инаку, 25-годишната мајка вчера во Ургентниот центар во Ваљево ја донела својата едногодишна ќерка без свест.

25-годишната жена и нејзиниот сопруг имаат четири малолетни деца, а се претпоставува дека повреденото девојче се здобила со изгореници кога нејзиниот тригодишен брат истурил топла вода во кадата, пишува Телеграф. Мајката во тоа време не била во бањата. Српските медиуми јавуваат дека сѐ се случило синоќа околу 21:30 часот.

The post Бебе почина од изгореници при капење appeared first on Република.

]]>

Едногодишно девојче од Ваљево, Србија, починало од изгореници од топла вода додека се капело.

Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но нивните напори не дале резултат. Инаку, 25-годишната мајка вчера во Ургентниот центар во Ваљево ја донела својата едногодишна ќерка без свест. 25-годишната жена и нејзиниот сопруг имаат четири малолетни деца, а се претпоставува дека повреденото девојче се здобила со изгореници кога нејзиниот тригодишен брат истурил топла вода во кадата, пишува Телеграф. Мајката во тоа време не била во бањата. Српските медиуми јавуваат дека сѐ се случило синоќа околу 21:30 часот.

The post Бебе почина од изгореници при капење appeared first on Република.

]]>
Изела хот-дог и се струполила: Детали за смртта на 16 годишното девојче во Ханиоти! https://republika.mk/vesti/balkan/izela-hot-dog-i-se-strupolila-detali-za-smrtta-na-16-godishnoto-devojche-vo-hanioti/ Fri, 14 Jul 2023 11:05:55 +0000 https://republika.mk/?p=661286

Местото Даутбал кај Солун го зафати тага по ненадејната смрт на 16-годишното девојче, кое почина во раните утрински часови во средата на Халкидики, откако претрпе алергиски шок.

Според мајката на несреќната тинејџерка, таа била во Ханиоти со пријателите на одмор. Тие излегле на забава во вторникот навечер, а потоа отишле да јадат во локалниот ресторан за брза храна во раните утрински часови, во средата.

Ќерка ми јадела виршла, но е алергична на млечни производи и отсекогаш била внимателна кога јаде надвор. Не знам што точно се случило, и дали има нешто млечно во тоа што јадела – рекла неутешната мајка.

Таа додала дека девојката колабиралa штом го изела хот-догот.

Една од нејзините пријателки веднаш истрчала во собата каде што престојувале да и донесат лекови, а во исто време повикале брза помош.

Меѓутоа, според мајката на жртвата, помошта пристигнала по 45 минути, кога веќе било доцна.

Од првите докази се чини дека моето девојче доживеало алергиски шок и затоа почина. Таа беше најубавото дете и почина на само 16 години, без помош. Во Здравствениот дом двапати се обиделе да ја вратат во живот, но не успеале – истакнала мајката.

Неутешната жена додала дека не знае зошто ѝ требало толку време на брзата помош да пристигне на местото на настанот.

– Беше пет часот наутро, немаше метеж – забележа таа.

„Прототема“ пишува дека 16-годишната девојка земала лекови во последните неколку години бидејќи страдала од епилептични напади.

Наводно прашала дали храната содржи состојки кои и биле забранети, бидејќи е алергична, пренесува медиумот.

Наводно во ресторанот и дале негативен одговор, а откако девојката го консумирала оброкот – доживеала алергиски шок.

Таа денеска ќе биде погребана во родното место, додека се чекаат резултатите од обдукцијата.

The post Изела хот-дог и се струполила: Детали за смртта на 16 годишното девојче во Ханиоти! appeared first on Република.

]]>

Местото Даутбал кај Солун го зафати тага по ненадејната смрт на 16-годишното девојче, кое почина во раните утрински часови во средата на Халкидики, откако претрпе алергиски шок. Според мајката на несреќната тинејџерка, таа била во Ханиоти со пријателите на одмор. Тие излегле на забава во вторникот навечер, а потоа отишле да јадат во локалниот ресторан за брза храна во раните утрински часови, во средата. Ќерка ми јадела виршла, но е алергична на млечни производи и отсекогаш била внимателна кога јаде надвор. Не знам што точно се случило, и дали има нешто млечно во тоа што јадела – рекла неутешната мајка. Таа додала дека девојката колабиралa штом го изела хот-догот. Една од нејзините пријателки веднаш истрчала во собата каде што престојувале да и донесат лекови, а во исто време повикале брза помош. Меѓутоа, според мајката на жртвата, помошта пристигнала по 45 минути, кога веќе било доцна. Од првите докази се чини дека моето девојче доживеало алергиски шок и затоа почина. Таа беше најубавото дете и почина на само 16 години, без помош. Во Здравствениот дом двапати се обиделе да ја вратат во живот, но не успеале – истакнала мајката. Неутешната жена додала дека не знае зошто ѝ требало толку време на брзата помош да пристигне на местото на настанот. – Беше пет часот наутро, немаше метеж – забележа таа. „Прототема“ пишува дека 16-годишната девојка земала лекови во последните неколку години бидејќи страдала од епилептични напади. Наводно прашала дали храната содржи состојки кои и биле забранети, бидејќи е алергична, пренесува медиумот. Наводно во ресторанот и дале негативен одговор, а откако девојката го консумирала оброкот – доживеала алергиски шок. Таа денеска ќе биде погребана во родното место, додека се чекаат резултатите од обдукцијата.

The post Изела хот-дог и се струполила: Детали за смртта на 16 годишното девојче во Ханиоти! appeared first on Република.

]]>
Бебе почина од топлотен удар, родителите го оставиле во автомобил за да одат на миса https://republika.mk/vesti/svet/bebe-pochina-od-toploten-udar-roditelite-go-ostavile-vo-avtomobil-za-da-odat-na-misa/ Wed, 31 May 2023 11:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=646455

Единаесетмесечно девојче почина од топлотен удар откако била оставена заклучена во автомобил над три часа, додека родителите присуствувале на црковна миса. Несреќата се случила во Палм Беј, Флорида во неделата, 28 мај, кога температурата била 27 степени, но во вжештеното возило достигнала околу 38 степени.

Кога завршила мисата, родителите биле шокирани кога виделе дека нивната ќерка е во несвест.

Брза помош набрзо пристигнала на лице место и го пренела девојчето во локалната болница. Сепак, лекарите набрзо констатирале смрт на девојчето.

Полицијата се уште го истражува инцидентот и засега родителите не се уапсени.

Неколку дена пред оваа трагедија, едногодишно дете починало во Вашингтон откако било оставено во автомобил повеќе од девет часа, потсетува „Мирор“.

 

The post Бебе почина од топлотен удар, родителите го оставиле во автомобил за да одат на миса appeared first on Република.

]]>

Единаесетмесечно девојче почина од топлотен удар откако била оставена заклучена во автомобил над три часа, додека родителите присуствувале на црковна миса. Несреќата се случила во Палм Беј, Флорида во неделата, 28 мај, кога температурата била 27 степени, но во вжештеното возило достигнала околу 38 степени. Кога завршила мисата, родителите биле шокирани кога виделе дека нивната ќерка е во несвест. Брза помош набрзо пристигнала на лице место и го пренела девојчето во локалната болница. Сепак, лекарите набрзо констатирале смрт на девојчето. Полицијата се уште го истражува инцидентот и засега родителите не се уапсени. Неколку дена пред оваа трагедија, едногодишно дете починало во Вашингтон откако било оставено во автомобил повеќе од девет часа, потсетува „Мирор“.  

The post Бебе почина од топлотен удар, родителите го оставиле во автомобил за да одат на миса appeared first on Република.

]]>
Ни го убивте бебето поради вашето его, надменост и непрофесионализам: Мајката на починатото бебе во Битола, бара правда https://republika.mk/zivot/zdravje/ni-go-ubivte-bebeto-poradi-vasheto-ego-nadmenost-i-neprofesionalizam-majkata-na-pochinatoto-bebe-vo-bitola-bara-pravda/ Fri, 14 Apr 2023 11:13:31 +0000 https://republika.mk/?p=630774

Овие денови требаше да ја добијам најголемата титула во животот.
МАЈКА, пишува на Фејсбук, Викторија Крстеска, родилката чие бебе почина во Битолската болница.

Во нејзиниот статус таа понатаму пишува:
Поради партиските "препуцавања", РИВАЛСТВО, ИНАЕТ МЕЃУ ДОКТОРИТЕ и НЕСПОСОБНОСТА
ЈАС ИЗГУБИВ НАЈМНОГУ.
ГО ИЗГУБИВМЕ НАЈВРЕДНОТО НЕШТО ВО ЖИВОТОТ.
НАШИОТ ЈОВАН.
НАШЕТО НАЈМИЛО.
ДО КОГА РАДИ ВАС ПАРТИСКИ ПИУНЧИЊА ЌЕ СТРАДАМЕ????
Се изначитавте.. безброј лаги. Различни приказни.. Сите се ставивте на мое место внатре во сала, а уствари,
ТАМУ БЕВ САМО ЈАС и тие.."луѓе".
Не знам и дали дали треба да кажам дека се луѓе.
Бебето не ми почина во стомакот, ниту беше извадено со вакум, иако се колнат дека било. Пола секунда било.. Ех, уште на маката и будала да те направат..
Точно дека бев вратена од болница дома и сеуште си го поставувам прашањето, ЗОШТО?
Се вратив во раце на други. Откако ми го пукнаа водењакот и ИСКУСНИТЕ воочиле дека има мекониум, а ЦТГ уредно, А ЗА КОЕ НИКОГАШ НЕ ОДБИВ ДА МИ БИДЕ НАПРАВЕНО, ИМАШЕ ВРЕМЕ за царски, и до утре можат да ме убедуваат дека немало, било во каналот... Па еве, кога било во канал, можевте веднаш да употребите ама вистински вакум и да го извадите и ми го спасите бебето, а не додека после пукање на водењакот викав, кревајќи ја болницата од болки и молев за рез, уште два часа, госпоѓата која што веднаш после смртта на моето бебе си замина на одмор и не се појави на ниту едно сослушување, која тврдеше дека НЕ УЧЕСТВУВАЛА во мојот пораѓај, иако таа ме искасапи и животински ми скокаше на стомакот, ми се смееше и ми рече " АКО НЕ ТИ СЕ БЕНДИСВАМЕ НИЕ, ОДИ СИ ВО ПЛОДНОСТ".
Удирајќи ме во стомакот, на кој што сеуште имам траги, насилно ми го извадивте бебето кое НИКОГАШ НЕ УСПЕАВ ДА ГО ВИДАМ! И УШТЕ ЛЕСЕН БИЛ ПОРАЃАЈОТ, ДАЈ БОЖЕ СИТЕ СЛЕДНИ ДА МИ СЕ ВАКВИ....??? Па не бил насилен пораѓај.
Какви се не небулози ќе слушнам? Зарем немате трошка милост? Дел по дел ќе обелоденам се!
И тоа што ми се умилкувавте, ПЛАЧЕЈЌИ и нудејќи ми разноразни ствари, кафенце, сокче.. Ако ти треба нешто само јави се.. НЕМА ДА ВЕ ИСПЕРИ.
Имав НАЈЗДРАВА БРЕМЕНОСТ, ДО ПОСЛЕДНИОТ МИГ. Секој преглед уреден, секој резултат уреден.
Го направија пропустот за кој што ЗНАМ, дека НИКОЈ нема да сноси одговорност или за да се покријат, ќе одговара некој друг. Колку да е некој де...
А ништо чудно и обдукцијата да е така скоцкана да нема крив. Како што кажавте, да не е некоја најретка аномалија или?
А тоа што по канти баравте плаценти, постелки, и што ми стававте?!
А тоа што се договоривте што да кажите за да се покриете?
А?
Оставки, жалења, тажења.. НЕ.
Знам, свесна сум за се! Иако мислевте не.
НЕ ПОТЦЕНИВТЕ И МЕНЕ И СОПРУГОТ.
Но, ЌЕ ВЕ ИЗГОРАМ СИТЕ.
ВЕТУВАМ!
Ни го убивте бебето поради вашето его, надменост и непрофесионализам... Мислејќи дека сте Бог.
УБИЈЦИ!
ПАРИЧНА КАЗНА? СМЕШНО Е.
ДУРИ НЕ СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ!!!!!, пишува Крстеска.

The post Ни го убивте бебето поради вашето его, надменост и непрофесионализам: Мајката на починатото бебе во Битола, бара правда appeared first on Република.

]]>

Овие денови требаше да ја добијам најголемата титула во животот. МАЈКА, пишува на Фејсбук, Викторија Крстеска, родилката чие бебе почина во Битолската болница. Во нејзиниот статус таа понатаму пишува: Поради партиските "препуцавања", РИВАЛСТВО, ИНАЕТ МЕЃУ ДОКТОРИТЕ и НЕСПОСОБНОСТА ЈАС ИЗГУБИВ НАЈМНОГУ. ГО ИЗГУБИВМЕ НАЈВРЕДНОТО НЕШТО ВО ЖИВОТОТ. НАШИОТ ЈОВАН. НАШЕТО НАЈМИЛО. ДО КОГА РАДИ ВАС ПАРТИСКИ ПИУНЧИЊА ЌЕ СТРАДАМЕ???? Се изначитавте.. безброј лаги. Различни приказни.. Сите се ставивте на мое место внатре во сала, а уствари, ТАМУ БЕВ САМО ЈАС и тие.."луѓе". Не знам и дали дали треба да кажам дека се луѓе. Бебето не ми почина во стомакот, ниту беше извадено со вакум, иако се колнат дека било. Пола секунда било.. Ех, уште на маката и будала да те направат.. Точно дека бев вратена од болница дома и сеуште си го поставувам прашањето, ЗОШТО? Се вратив во раце на други. Откако ми го пукнаа водењакот и ИСКУСНИТЕ воочиле дека има мекониум, а ЦТГ уредно, А ЗА КОЕ НИКОГАШ НЕ ОДБИВ ДА МИ БИДЕ НАПРАВЕНО, ИМАШЕ ВРЕМЕ за царски, и до утре можат да ме убедуваат дека немало, било во каналот... Па еве, кога било во канал, можевте веднаш да употребите ама вистински вакум и да го извадите и ми го спасите бебето, а не додека после пукање на водењакот викав, кревајќи ја болницата од болки и молев за рез, уште два часа, госпоѓата која што веднаш после смртта на моето бебе си замина на одмор и не се појави на ниту едно сослушување, која тврдеше дека НЕ УЧЕСТВУВАЛА во мојот пораѓај, иако таа ме искасапи и животински ми скокаше на стомакот, ми се смееше и ми рече " АКО НЕ ТИ СЕ БЕНДИСВАМЕ НИЕ, ОДИ СИ ВО ПЛОДНОСТ". Удирајќи ме во стомакот, на кој што сеуште имам траги, насилно ми го извадивте бебето кое НИКОГАШ НЕ УСПЕАВ ДА ГО ВИДАМ! И УШТЕ ЛЕСЕН БИЛ ПОРАЃАЈОТ, ДАЈ БОЖЕ СИТЕ СЛЕДНИ ДА МИ СЕ ВАКВИ....??? Па не бил насилен пораѓај. Какви се не небулози ќе слушнам? Зарем немате трошка милост? Дел по дел ќе обелоденам се! И тоа што ми се умилкувавте, ПЛАЧЕЈЌИ и нудејќи ми разноразни ствари, кафенце, сокче.. Ако ти треба нешто само јави се.. НЕМА ДА ВЕ ИСПЕРИ. Имав НАЈЗДРАВА БРЕМЕНОСТ, ДО ПОСЛЕДНИОТ МИГ. Секој преглед уреден, секој резултат уреден. Го направија пропустот за кој што ЗНАМ, дека НИКОЈ нема да сноси одговорност или за да се покријат, ќе одговара некој друг. Колку да е некој де... А ништо чудно и обдукцијата да е така скоцкана да нема крив. Како што кажавте, да не е некоја најретка аномалија или? А тоа што по канти баравте плаценти, постелки, и што ми стававте?! А тоа што се договоривте што да кажите за да се покриете? А? Оставки, жалења, тажења.. НЕ. Знам, свесна сум за се! Иако мислевте не. НЕ ПОТЦЕНИВТЕ И МЕНЕ И СОПРУГОТ. Но, ЌЕ ВЕ ИЗГОРАМ СИТЕ. ВЕТУВАМ! Ни го убивте бебето поради вашето его, надменост и непрофесионализам... Мислејќи дека сте Бог. УБИЈЦИ! ПАРИЧНА КАЗНА? СМЕШНО Е. ДУРИ НЕ СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ!!!!!, пишува Крстеска.

The post Ни го убивте бебето поради вашето его, надменост и непрофесионализам: Мајката на починатото бебе во Битола, бара правда appeared first on Република.

]]>
Трагедија во Пинтија, 8-годишно дете почина по напад на куче https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tragedija-vo-pintija-8-godishno-dete-pochina-po-napad-na-kuche/ Wed, 12 Apr 2023 07:00:38 +0000 https://republika.mk/?p=630003

Трагедија се случи вчера во скопската населба Пинтија откако дете беше нападнато од куче што го чувал неговиот сосед, по што им подглегна на повредите.

Од ГОБ „Св.Наум Охридски“ вчера во 18:25 часот било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г., соопшти МВР.

Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според информациите на МКД.мк, станува збор збор за осумгодишно дете, кое било нападнато од куче од расата блу мастив откако влегло во дворот од куќата на Н.Г., сопственикот на кучето.

The post Трагедија во Пинтија, 8-годишно дете почина по напад на куче appeared first on Република.

]]>

Трагедија се случи вчера во скопската населба Пинтија откако дете беше нападнато од куче што го чувал неговиот сосед, по што им подглегна на повредите.
Од ГОБ „Св.Наум Охридски“ вчера во 18:25 часот било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г., соопшти МВР.
Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Според информациите на МКД.мк, станува збор збор за осумгодишно дете, кое било нападнато од куче од расата блу мастив откако влегло во дворот од куќата на Н.Г., сопственикот на кучето.

The post Трагедија во Пинтија, 8-годишно дете почина по напад на куче appeared first on Република.

]]>
Почина бебето кое на Детска клиника беше примено со туберкулоза https://republika.mk/zivot/zdravje/pochina-bebeto-koe-na-detska-klinika-beshe-primeno-so-tuberkoloza/ Sun, 05 Mar 2023 09:51:37 +0000 https://republika.mk/?p=615997

Почина бебето кое беше примено во тешка состојба на Детската клиника во Скопје.

Се работи за деветмесечно бебе кај кое на почетокот постоеше сомневање дека белодробната слабост му е предизвикана од инфективната болест туберкулоза, но подоцна и се утврдило дека има туберкулоза.

Дететото на Детската клиника во Скопје беше донесено на 24 февруари во тешка состојба, и беше итно префрлено од болницата Козле“. Како итен случај беше сместено во одделот за интензивна нега на детската клиника и беше ставено на машина.

The post Почина бебето кое на Детска клиника беше примено со туберкулоза appeared first on Република.

]]>

Почина бебето кое беше примено во тешка состојба на Детската клиника во Скопје. Се работи за деветмесечно бебе кај кое на почетокот постоеше сомневање дека белодробната слабост му е предизвикана од инфективната болест туберкулоза, но подоцна и се утврдило дека има туберкулоза. Дететото на Детската клиника во Скопје беше донесено на 24 февруари во тешка состојба, и беше итно префрлено од болницата Козле“. Како итен случај беше сместено во одделот за интензивна нега на детската клиника и беше ставено на машина.

The post Почина бебето кое на Детска клиника беше примено со туберкулоза appeared first on Република.

]]>
Нови детали: Девојчето од Велес било донесено починато во болница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/novi-detali-devojcheto-od-veles-bilo-doneseno-pochinato-vo-bolnica/ Sun, 18 Dec 2022 17:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=587282

На 17.12.2022 околу 18.00 часот во СВР Велес, од Општа болница Велес било пријавено дека кај нив било донесено починато женско дете од Велес.

Увид на местото извршила екипа на СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, информираат од МВР.

Како што претходно информираа од МВР, на ул.„Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(29) од Велес, удрило во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка од Велес, по што го напуштило местото.

Во несреќата, малолетничката починала на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат од полицијата.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес ноќеска изврши увид на местото на сообраќајна несреќа на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил кој се движел со голема брзина, на пешачки премин удрил во две лица – мајка и ќерка кои се наоѓале на крајот од преминот за да се качат на тротоар. Од ударот, мајката паднала на земја и се здобила со тешка телесна повреда, додека девојчето на возраст од 11 години било исфрлено значително нанапред, во близина на следниот пешачки премин кај училиштето „Васил Главинов“ и од здобиените повреди починало, се вели во соопштението на Обвинителството.

Оттаму додаваат дека возачот кој што ја предизвикал сообраќајната несреќа воопшто не запрел, туку со голема брзина го напуштил местото на настанот.

 

The post Нови детали: Девојчето од Велес било донесено починато во болница appeared first on Република.

]]>

На 17.12.2022 околу 18.00 часот во СВР Велес, од Општа болница Велес било пријавено дека кај нив било донесено починато женско дете од Велес. Увид на местото извршила екипа на СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, информираат од МВР. Како што претходно информираа од МВР, на ул.„Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(29) од Велес, удрило во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка од Велес, по што го напуштило местото. Во несреќата, малолетничката починала на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат од полицијата. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес ноќеска изврши увид на местото на сообраќајна несреќа на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил кој се движел со голема брзина, на пешачки премин удрил во две лица – мајка и ќерка кои се наоѓале на крајот од преминот за да се качат на тротоар. Од ударот, мајката паднала на земја и се здобила со тешка телесна повреда, додека девојчето на возраст од 11 години било исфрлено значително нанапред, во близина на следниот пешачки премин кај училиштето „Васил Главинов“ и од здобиените повреди починало, се вели во соопштението на Обвинителството.
Оттаму додаваат дека возачот кој што ја предизвикал сообраќајната несреќа воопшто не запрел, туку со голема брзина го напуштил местото на настанот.  

The post Нови детали: Девојчето од Велес било донесено починато во болница appeared first on Република.

]]>
Бебе без знаци на живот донесено во Клиничката болница во Битола https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bebe-bez-znaci-na-zivot-doneseno-vo-klinichkata-bolnica-vo-bitola/ Mon, 28 Nov 2022 16:32:51 +0000 https://republika.mk/?p=579305

На 27.11.2022 во 08.40 часот во СВР Битола, од Одделението за педијатрија при Клиничката болница Битола било пријавено дека кај нив било донесено починато неколкумесечно бебе.

Бил извршен службен разговор со дежурниот лекар кој изјавил дека бебето имало повеќе здравствени проблеми.

Во службен разговор, родителите Н.Г. и Ј.Г. изјавиле дека во 07.00 часот бебето било без знаци на живот, по што го донеле во болница.

По наредба на Јавен обвинител над телото на бебето ќе се врши обдукција.

 

The post Бебе без знаци на живот донесено во Клиничката болница во Битола appeared first on Република.

]]>

На 27.11.2022 во 08.40 часот во СВР Битола, од Одделението за педијатрија при Клиничката болница Битола било пријавено дека кај нив било донесено починато неколкумесечно бебе. Бил извршен службен разговор со дежурниот лекар кој изјавил дека бебето имало повеќе здравствени проблеми. Во службен разговор, родителите Н.Г. и Ј.Г. изјавиле дека во 07.00 часот бебето било без знаци на живот, по што го донеле во болница. По наредба на Јавен обвинител над телото на бебето ќе се врши обдукција.  

The post Бебе без знаци на живот донесено во Клиничката болница во Битола appeared first on Република.

]]>
Уште една страшна трагедија на одморалиште: По непрекинато повраќање од 36 часа, почина 6 годишно дете https://republika.mk/vesti/ushte-edna-strashna-tragedija-na-odmoralishte-vo-egipet-po-neprekinato-povrakjanje-od-36-chasa-pochina-6-godishno-dete/ Fri, 08 Jul 2022 17:17:47 +0000 https://republika.mk/?p=526076

Трагедијата што не снајде засекогаш ќе ги одбележи животите на нашите семејства. Тоа е рана која долго ќе ја носиме - изјави Роберто Маносперти, вујко на момчето (6) од Италија кое почина во египетското одморалиште Шарм ел Шеик по непрекинато повраќање цели 36 часа.

Момчето починало под неразјаснети околности. Маносперти рече дека неговиот зет првично се сомневал дека детето проголтало вода од базенот, но во локалната итна помош му било дијагностицирано труење со храна.

Момчето ги добило првите симптоми во петокот, по што добило третман за труење со храна. Неговиот татко Антонио и мајка му Росалија, добиле ист третман, со оглед на тоа дека и тие имале симптоми.

Сепак, состојбата на детето не се подобрила, поради што неговите родители во саботата го однеле во меѓународна болница. За жал, било предоцна. Лекарите еден час се обидувале да го реанимираат момчето, но тоа починало.

Неговиот татко, кој имал потешки симптоми, бил задржан на одделот за интензивна нега, додека неговата мајка, која имала најблаги симптоми, набрзо била отпуштена од болница.

Родителите на момчето тврдат дека јаделе само во одморалиштето каде што престојувале.

Станува збор за комплексот „Султан Гарден“ кој има пет ѕвезди и одлични препораки. Италијанската агенција АНСА навела дека никој друг освен ова семејство не пријавил труење за време на престојот во овој хотелски комплекс.

Адвокатите на семејството побараа обдукција на телото на детето, но египетските закони пропишуваат строги рокови. Потребни се еден до два месеци за да се добие извештај, врз основа на примероците земени од експерти од Суец. Египетскиот суд отвори истрага за смртта.

Таткото Антонио Мирабиле (46) се уште е во болница, но се чини дека состојбата му се подобрува.

За среќа, состојбата на мојот зет благо се подобрува. Проблемот е ниското ниво на кислород во крвта штом ќе се отстрани маската за кислород. Затоа не може да се качи на првиот редовен лет и да се врати во Италија со сестра ми - изјави Маносперти за италијанските медиуми.

Мајката на починатото момче Росалија Маносперти, која е во четвртиот месец од бременоста, се чувствува подобро. Имала и симптоми, но за среќа поблаги.

Според вујкото, семејството не верува многу дека египетските власти ќе ја откријат точната причина за смртта.

Штом телото ќе биде вратено во Италија, ќе побараме уште еден преглед од доверливи лекари -  рече тој.

Маносперти упати апел до сите кои можат да помогнат семејството што побрзо да се врати во Италија.

Апелирам до сите институции и надлежни органи, како локални, општина Палермо и регионот на Сицилија, како и националните, да дадат се од себе да ја вратат дома мојата сестра, која сакам да ве потсетам дека е бремена, како и мојот зет по оваа страшна трагедија што ги снајде - рече тој.

The post Уште една страшна трагедија на одморалиште: По непрекинато повраќање од 36 часа, почина 6 годишно дете appeared first on Република.

]]>

Трагедијата што не снајде засекогаш ќе ги одбележи животите на нашите семејства. Тоа е рана која долго ќе ја носиме - изјави Роберто Маносперти, вујко на момчето (6) од Италија кое почина во египетското одморалиште Шарм ел Шеик по непрекинато повраќање цели 36 часа.
Момчето починало под неразјаснети околности. Маносперти рече дека неговиот зет првично се сомневал дека детето проголтало вода од базенот, но во локалната итна помош му било дијагностицирано труење со храна. Момчето ги добило првите симптоми во петокот, по што добило третман за труење со храна. Неговиот татко Антонио и мајка му Росалија, добиле ист третман, со оглед на тоа дека и тие имале симптоми. Сепак, состојбата на детето не се подобрила, поради што неговите родители во саботата го однеле во меѓународна болница. За жал, било предоцна. Лекарите еден час се обидувале да го реанимираат момчето, но тоа починало. Неговиот татко, кој имал потешки симптоми, бил задржан на одделот за интензивна нега, додека неговата мајка, која имала најблаги симптоми, набрзо била отпуштена од болница. Родителите на момчето тврдат дека јаделе само во одморалиштето каде што престојувале. Станува збор за комплексот „Султан Гарден“ кој има пет ѕвезди и одлични препораки. Италијанската агенција АНСА навела дека никој друг освен ова семејство не пријавил труење за време на престојот во овој хотелски комплекс. Адвокатите на семејството побараа обдукција на телото на детето, но египетските закони пропишуваат строги рокови. Потребни се еден до два месеци за да се добие извештај, врз основа на примероците земени од експерти од Суец. Египетскиот суд отвори истрага за смртта. Таткото Антонио Мирабиле (46) се уште е во болница, но се чини дека состојбата му се подобрува.
За среќа, состојбата на мојот зет благо се подобрува. Проблемот е ниското ниво на кислород во крвта штом ќе се отстрани маската за кислород. Затоа не може да се качи на првиот редовен лет и да се врати во Италија со сестра ми - изјави Маносперти за италијанските медиуми.
Мајката на починатото момче Росалија Маносперти, која е во четвртиот месец од бременоста, се чувствува подобро. Имала и симптоми, но за среќа поблаги. Според вујкото, семејството не верува многу дека египетските власти ќе ја откријат точната причина за смртта.
Штом телото ќе биде вратено во Италија, ќе побараме уште еден преглед од доверливи лекари -  рече тој.
Маносперти упати апел до сите кои можат да помогнат семејството што побрзо да се врати во Италија.
Апелирам до сите институции и надлежни органи, како локални, општина Палермо и регионот на Сицилија, како и националните, да дадат се од себе да ја вратат дома мојата сестра, која сакам да ве потсетам дека е бремена, како и мојот зет по оваа страшна трагедија што ги снајде - рече тој.

The post Уште една страшна трагедија на одморалиште: По непрекинато повраќање од 36 часа, почина 6 годишно дете appeared first on Република.

]]>