починато бебе Archives - Република https://republika.mk/tema/pochinato-bebe/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 18:50:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png починато бебе Archives - Република https://republika.mk/tema/pochinato-bebe/ 32 32 Мемеди: Нема ништо спорно во смртта на новороденчето на Клиника https://republika.mk/vesti/makedonija/memedi-nema-nishto-sporno-vo-smrtta-na-novorodencheto-na-klinika/ Sun, 03 Nov 2024 18:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=833840

Директорот на Детската клиника, доктор Реџеп Мемеди вели дека нема ништо спорно во смртта на осумдневното бебе кое било донесено од струмичката општа болница. Како што објаснува, станува збор за предвремено родено бебе со интраутерино страдање и со помала тежина за својата возраст. Детето неколку дена било дома, а во семејството сите биле болни.

Директорот на детска клиника вели дека бебето е донесено со задоцнување и со тешка сепса, најпрво во струмичката општа болница од каде поради сериозноста на состојбата било испратено за Скопје.

На новороденчето му била обезбедена целосна нега и грижа на одделот за интензивна нега, но доктор Мемеди вели дека кај предвремено родени деца со компромитиран имунитет, раната сепса има висок степен за смртност.

The post Мемеди: Нема ништо спорно во смртта на новороденчето на Клиника appeared first on Република.

]]>

Директорот на Детската клиника, доктор Реџеп Мемеди вели дека нема ништо спорно во смртта на осумдневното бебе кое било донесено од струмичката општа болница. Како што објаснува, станува збор за предвремено родено бебе со интраутерино страдање и со помала тежина за својата возраст. Детето неколку дена било дома, а во семејството сите биле болни. Директорот на детска клиника вели дека бебето е донесено со задоцнување и со тешка сепса, најпрво во струмичката општа болница од каде поради сериозноста на состојбата било испратено за Скопје. На новороденчето му била обезбедена целосна нега и грижа на одделот за интензивна нега, но доктор Мемеди вели дека кај предвремено родени деца со компромитиран имунитет, раната сепса има висок степен за смртност.

The post Мемеди: Нема ништо спорно во смртта на новороденчето на Клиника appeared first on Република.

]]>
Бебе родено пред осум дена починало на Детска клиника https://republika.mk/vesti/makedonija/bebe-rodeno-pred-osum-dena-pochinalo-na-detska-klinika/ Sat, 02 Nov 2024 20:43:14 +0000 https://republika.mk/?p=833609

Бебе старо само осум дена починало вчера на Детската клиника во Скопје, откако било донесено од Струмица во тешка здравствена состојба, потврдуваат од Клиниката. Според првичните информациите, станува збор за предвремено родено дете со мала тежина, кое страдало од тешка сепса.

Директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди, одбил да даде конкретни информации, а притоа рекол дека секојдневно низ Клиниките во земјава умираат деца.

Минатиот месец четиринаесетмесечно бебе почина на Клиниката, по што двајца лекари беа суспендирани.

The post Бебе родено пред осум дена починало на Детска клиника appeared first on Република.

]]>

Бебе старо само осум дена починало вчера на Детската клиника во Скопје, откако било донесено од Струмица во тешка здравствена состојба, потврдуваат од Клиниката. Според првичните информациите, станува збор за предвремено родено дете со мала тежина, кое страдало од тешка сепса. Директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди, одбил да даде конкретни информации, а притоа рекол дека секојдневно низ Клиниките во земјава умираат деца. Минатиот месец четиринаесетмесечно бебе почина на Клиниката, по што двајца лекари беа суспендирани.

The post Бебе родено пред осум дена починало на Детска клиника appeared first on Република.

]]>
Taравари за починатото бебе: Не сум за да се стигматизираат докторите https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-za-pochinatoto-bebe-ne-sum-za-da-se-stigmatiziraat-doktorite/ Thu, 24 Oct 2024 20:14:03 +0000 https://republika.mk/?p=830702

Во врска со случајот со починатото  14-месечно бебе во Скопје, министерот Таравари рече дека не вели оти докторите направиле голема грешка, меѓутоа имало превид, имало пропуст.

- И јас не сум за да се стигматизираат докторите. „Ајде да ги исфрлиме“, „ајде да ги судиме“... Меѓутоа, некаква казна треба да се даде за да понатаму не ни се повторат. Сите сме потенцијални пациенти, додаде Таравари.

https://republika.mk/vesti/makedonija/skopje-zasluzhuva-nov-klinichki-tsentar-no-dali-ke-go-dobie/

Меѓу другото, тој кажа и дека нивен предлог до Лекарска комора било привремено да се одземат лиценци, некаква дисциплинска мерка од клиниките или болниците за да не се повторат грешките.

- Целта е таа. Бидејќи тој живот, за жал, не можеме да го вратиме. Меѓутоа, да не ни се повторуваат грешките, нагласи Таравари.

The post Taравари за починатото бебе: Не сум за да се стигматизираат докторите appeared first on Република.

]]>

Во врска со случајот со починатото  14-месечно бебе во Скопје, министерот Таравари рече дека не вели оти докторите направиле голема грешка, меѓутоа имало превид, имало пропуст.
- И јас не сум за да се стигматизираат докторите. „Ајде да ги исфрлиме“, „ајде да ги судиме“... Меѓутоа, некаква казна треба да се даде за да понатаму не ни се повторат. Сите сме потенцијални пациенти, додаде Таравари.
https://republika.mk/vesti/makedonija/skopje-zasluzhuva-nov-klinichki-tsentar-no-dali-ke-go-dobie/ Меѓу другото, тој кажа и дека нивен предлог до Лекарска комора било привремено да се одземат лиценци, некаква дисциплинска мерка од клиниките или болниците за да не се повторат грешките.
- Целта е таа. Бидејќи тој живот, за жал, не можеме да го вратиме. Меѓутоа, да не ни се повторуваат грешките, нагласи Таравари.

The post Taравари за починатото бебе: Не сум за да се стигматизираат докторите appeared first on Република.

]]>
Таравари: Инсистирам директорите да преземат мерки за докторите што направиле грешка https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-insistiram-direktorite-da-prezemat-merki-za-doktorite-shto-napravile-greshka/ Thu, 17 Oct 2024 10:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=827969

Министерот за здравство Арбен Таравари нема намера да ги разреши директорите на Детската клиника и на болницата „Козле“. Денеска на прес-конференција тој рече дека од нив очекува да казнат некого, односно „да има одговорност од некого за смртта на 14-месечното бебе“ кое почина на Детската клиника од бронхопневмонија.

Да причекаме, верувам дека двајцата директори ќе преземат мерки, а какви ќе бидат, не сакам да предрасудувам. Но, очекувам од нив да има некаква одговорност, рече Таравари на новинарско прашање дали директорите ќе бидат казнети ако не преземат мерки.

Таравари рече дека Клиниката „Козле“ според неговите информации, имала респиратор, ама го дала на некоја друга клиника.

Секако дека Министерството има обврска што побрзо да обезбеди во „Козле“ да има неинванзивен или инванзивен респиратор. Како министер не сум судија, ниту обвинител. Како министер ангажирав компетентна комисија што даде детален извештај што се случило. Тој е испратен до клиниките и чекаме да видиме како ќе постапат директорите. Немам ингеренции да избркам некого од работа, но инсистирам директорите да преземат мерки за докторите што направиле превид, да не речам грешка, рече Таравари.

The post Таравари: Инсистирам директорите да преземат мерки за докторите што направиле грешка appeared first on Република.

Комисија за стручен надзор денеска ќе ги истражува двете клиники каде што било лекувано починатото бебе https://republika.mk/vesti/makedonija/komisija-za-struchen-nadzor-deneska-ke-gi-istrazhuva-dvete-kliniki-kade-shto-bilo-lekuvano-pochinatoto-bebe/ Mon, 07 Oct 2024 05:41:41 +0000 https://republika.mk/?p=823628

Комисијата за стручен надзор денеска ќе ги истражува двете клиники каде што било лекувано бебето. Како што напомена вчера министерот Таравари, кој и да е виновен, ќе мора да сноси одговорност.

https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-za-pochinatoto-bebe-komisija-za-struchen-nadzor-utre-ke-gi-istrazhuva-dvete-kliniki-kade-shto-bilo-lekuvano/

„Вратено било, за жал. Дали поради лекарска грешка или незнаење треба да се констатира. Дефинитивно треба да има одговорност. Меѓутоа не очекувајте од мене уште денес да судам како било. Дозволете компетентните органи да испитаат сѐ во детали. На крајот некој мора да сноси одговорност кога има вакви трагични случаи. Дојдени биле двајца анестезиолози вечерта кога починало детето, имало обид да се интубира, но со ниска сатурација и аритмија било проблем“, изјави министерот

The post Комисија за стручен надзор денеска ќе ги истражува двете клиники каде што било лекувано починатото бебе appeared first on Република.

]]>

Комисијата за стручен надзор денеска ќе ги истражува двете клиники каде што било лекувано бебето. Како што напомена вчера министерот Таравари, кој и да е виновен, ќе мора да сноси одговорност. https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-za-pochinatoto-bebe-komisija-za-struchen-nadzor-utre-ke-gi-istrazhuva-dvete-kliniki-kade-shto-bilo-lekuvano/
„Вратено било, за жал. Дали поради лекарска грешка или незнаење треба да се констатира. Дефинитивно треба да има одговорност. Меѓутоа не очекувајте од мене уште денес да судам како било. Дозволете компетентните органи да испитаат сѐ во детали. На крајот некој мора да сноси одговорност кога има вакви трагични случаи. Дојдени биле двајца анестезиолози вечерта кога починало детето, имало обид да се интубира, но со ниска сатурација и аритмија било проблем“, изјави министерот

The post Комисија за стручен надзор денеска ќе ги истражува двете клиники каде што било лекувано починатото бебе appeared first on Република.

]]>
Почина четиримесечно бебе во Струшко https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-chetirimesechno-bebe-vo-strushko/ Wed, 07 Aug 2024 11:19:57 +0000 https://republika.mk/?p=804218

Четиримесечно бебе од струшко без знаци на живот синоќа од родителите било донесено во Општата болница во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Портпаролот Стефан Димоски информира дека во ОВР Струга вчера во 22 часот и 43 минути било пријавено дека детето починато е однесено на Детското одделение.

На Детското одделение во Општата болница во Струга од родителите било донесено четиримесечно машко бебе од струшко село без знаци на живот. Според пријавеното, тие претходно повикале екипа од Итната медицинска помош – Струга, кои во семејниот дом извршиле реанимација, по што бебето го пренеле во болницата, каде била констатирана смрт, изјави Димоски.

По наредба на јавен обвинител, врз телото на бебето ќе биде извршена обдукција, која треба да покаже како настанала смртта.

The post Почина четиримесечно бебе во Струшко appeared first on Република.

]]>

Четиримесечно бебе од струшко без знаци на живот синоќа од родителите било донесено во Општата болница во Струга, соопшти денеска СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски информира дека во ОВР Струга вчера во 22 часот и 43 минути било пријавено дека детето починато е однесено на Детското одделение.
На Детското одделение во Општата болница во Струга од родителите било донесено четиримесечно машко бебе од струшко село без знаци на живот. Според пријавеното, тие претходно повикале екипа од Итната медицинска помош – Струга, кои во семејниот дом извршиле реанимација, по што бебето го пренеле во болницата, каде била констатирана смрт, изјави Димоски.
По наредба на јавен обвинител, врз телото на бебето ќе биде извршена обдукција, која треба да покаже како настанала смртта.

The post Почина четиримесечно бебе во Струшко appeared first on Република.

]]>
Почина четиримесечно бебе во Богданци https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-chetirimesechno-bebe-vo-bogdantsi/ Thu, 25 Jul 2024 12:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=800226

Машко бебе на четиримесечна возраст вчера починало во Богданци, а смртта во полицијата ја пријавил лекар од Итната медицинска помош од Гевгелија, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според полицијата, бебето од раѓање имало здравствени проблеми и подолг период било на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Екипа од ОВР Гевгелија извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител од ОЈО Велес телото на бебето било предадено на обдукција.

The post Почина четиримесечно бебе во Богданци appeared first on Република.

]]>

Машко бебе на четиримесечна возраст вчера починало во Богданци, а смртта во полицијата ја пријавил лекар од Итната медицинска помош од Гевгелија, соопштија денеска од СВР Струмица. Според полицијата, бебето од раѓање имало здравствени проблеми и подолг период било на лекување во Клиничкиот центар во Скопје. Екипа од ОВР Гевгелија извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител од ОЈО Велес телото на бебето било предадено на обдукција.

The post Почина четиримесечно бебе во Богданци appeared first on Република.

]]>
Четиримесечно бебе почина откако семејството славело 4 Јули на брод на 48 степени https://republika.mk/vesti/svet/chetirimesechno-bebe-pochina-otkako-semejstvoto-slavelo-4-juli-na-brod-na-48-stepeni/ Wed, 10 Jul 2024 08:53:41 +0000 https://republika.mk/?p=795205

Четиримесечно девојче почина откако додека семејството го прославувало Денот на независноста на САД на семејниот брод. Трагедијата се случила во Лејк Хавасу Сити, град во Аризона, каде температурите тие денови достигнувале и над 48 степени.

На 5 јули околу 17:00 часот, Тана Рае Вроблевски итно била пренесена во Регионалниот медицински центар. Детето „уживало во семејниот ден на езерото“ по повод прославата на 4 Јули, велат надлежните, кога е пријавено дека „изгубила свест“ и дека семејството „веднаш почнало со пружање на прва помош“.

Веднаш пристигнала и пожарникарската служба, која ја прелена во Регионалниот медицински центар Хавасу, а веднаш потоа со хеликоптер била пренесена во детската болница во Феникс.

И покрај напорите на сите овие екипи за реанимација на девојчето, таа починала.

Според 12News, причината за смртта на Тана сè уште не е јавно објавена и Канцеларијата на шерифот на округот Мохаве продолжува да ја истражува нејзината смрт.

Сепак, властите се сомневаат дека смртта на малото дете може да биде поврзана со екстремната топлина која тој ден била регистрирана во регионот.

The post Четиримесечно бебе почина откако семејството славело 4 Јули на брод на 48 степени appeared first on Република.

]]>

Четиримесечно девојче почина откако додека семејството го прославувало Денот на независноста на САД на семејниот брод. Трагедијата се случила во Лејк Хавасу Сити, град во Аризона, каде температурите тие денови достигнувале и над 48 степени. На 5 јули околу 17:00 часот, Тана Рае Вроблевски итно била пренесена во Регионалниот медицински центар. Детето „уживало во семејниот ден на езерото“ по повод прославата на 4 Јули, велат надлежните, кога е пријавено дека „изгубила свест“ и дека семејството „веднаш почнало со пружање на прва помош“. Веднаш пристигнала и пожарникарската служба, која ја прелена во Регионалниот медицински центар Хавасу, а веднаш потоа со хеликоптер била пренесена во детската болница во Феникс. И покрај напорите на сите овие екипи за реанимација на девојчето, таа починала. Според 12News, причината за смртта на Тана сè уште не е јавно објавена и Канцеларијата на шерифот на округот Мохаве продолжува да ја истражува нејзината смрт. Сепак, властите се сомневаат дека смртта на малото дете може да биде поврзана со екстремната топлина која тој ден била регистрирана во регионот.

The post Четиримесечно бебе почина откако семејството славело 4 Јули на брод на 48 степени appeared first on Република.

]]>
ОЈО: Се испитува дали е постапено по протокол, како и медицинската историја на мајката и на бебето https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-se-ispituva-dali-e-postapeno-po-protokol-kako-i-meditsinskata-istorija-na-majkata-i-na-bebeto/ Tue, 14 May 2024 12:27:04 +0000 https://republika.mk/?p=777994

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид издаде повеќе наредби за утврдување на причините за смртта на седуммесечнто бебе од Вевчани, кое починало рано утрово во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ откако било донесено со повреди на главата и итно префрлено во операциона сала.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tragedija-vo-vevchani-pochina-sedummesechno-bebe/

Неколку часа по спроведената операција, бебето починало на интензивна нега. Јавниот обвинител, со цел да ги расчисти причините за тоа како настанала повредата на бебето, како и да испита дали стручниот персонал ЈЗУ „Св. Еразмо“ постапувал согласно протоколите и процедурите, издаде насоки за прибирање докази. Прибавена е целокупната документација од болницата, издадена е наредба за обдукција на бебето во Институтот за судска медицина во Скопје, се вршат разговори со семејството и блиски лица, а се проверува и медицинската историја на детето и на мајката, велат од ОЈО Охрид.

Претходно од СВР Охрид соопштија дека денеска во раните утрински часовикај нив било пријавено дека, во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое, претходниот ден околу 16 часот, било донесено во болницата од неговата мајка.

Бебето, според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење, веднаш била извршена операција.

Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.

The post ОЈО: Се испитува дали е постапено по протокол, како и медицинската историја на мајката и на бебето appeared first on Република.

]]>

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид издаде повеќе наредби за утврдување на причините за смртта на седуммесечнто бебе од Вевчани, кое починало рано утрово во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ откако било донесено со повреди на главата и итно префрлено во операциона сала. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tragedija-vo-vevchani-pochina-sedummesechno-bebe/
Неколку часа по спроведената операција, бебето починало на интензивна нега. Јавниот обвинител, со цел да ги расчисти причините за тоа како настанала повредата на бебето, како и да испита дали стручниот персонал ЈЗУ „Св. Еразмо“ постапувал согласно протоколите и процедурите, издаде насоки за прибирање докази. Прибавена е целокупната документација од болницата, издадена е наредба за обдукција на бебето во Институтот за судска медицина во Скопје, се вршат разговори со семејството и блиски лица, а се проверува и медицинската историја на детето и на мајката, велат од ОЈО Охрид.
Претходно од СВР Охрид соопштија дека денеска во раните утрински часовикај нив било пријавено дека, во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое, претходниот ден околу 16 часот, било донесено во болницата од неговата мајка. Бебето, според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење, веднаш била извршена операција. Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.  

The post ОЈО: Се испитува дали е постапено по протокол, како и медицинската историја на мајката и на бебето appeared first on Република.

]]>
Почина бебе по рутинска операција на непце во Тузла https://republika.mk/vesti/balkan/pochina-bebe-po-rutinska-operatsija-na-neptse-vo-tuzla/ Fri, 01 Sep 2023 20:30:36 +0000 https://republika.mk/?p=678022

По рутинска операција ,која била извршена во понеделникот на 29 август, бебе почина во Медицинскиот центар во Тузла, пренесува босански „Аваз“.

Веднаш по операцијата и по преземени мерки за реанимација, почина малолетна пациентка, родена 2022 година, изјавија од Универзитетската болница Тузла.

Според информациите на тамошните медиуми, бебето починало по рутинска операција на непцето.

Формиран е тим кој ќе ги утврдува околностите на сите спроведени процедури при лекувањето на малата пациентка.

The post Почина бебе по рутинска операција на непце во Тузла appeared first on Република.

]]>

По рутинска операција ,која била извршена во понеделникот на 29 август, бебе почина во Медицинскиот центар во Тузла, пренесува босански „Аваз“.
Веднаш по операцијата и по преземени мерки за реанимација, почина малолетна пациентка, родена 2022 година, изјавија од Универзитетската болница Тузла.
Според информациите на тамошните медиуми, бебето починало по рутинска операција на непцето. Формиран е тим кој ќе ги утврдува околностите на сите спроведени процедури при лекувањето на малата пациентка.

The post Почина бебе по рутинска операција на непце во Тузла appeared first on Република.

]]>
Родилката од Битола веќе 12 дена е дома, но уште не ја добила отпусната листа https://republika.mk/vesti/makedonija/rodilkata-od-bitola-veke-12-dena-e-doma-no-ushte-ne-ja-dobila-otpusnata-lista/ Tue, 25 Apr 2023 15:31:57 +0000 https://republika.mk/?p=634025

Викторија Крстевска, родилката на починото новороденче во Битола со емотивен статус на Фејсбук реагира на односот кој го имаат во битолската болница. Конкретно, таа реагира што веќе 12 денови е пуштена дома  се уште нема добиено отпусна листа.

Се уште мојата историја ЈА НЕМА.Као технички си испишана, а документ од мене нема??? НИКАДЕ?

И нема мучканици? Или народски речено, "Чекај да се погодиме на смена заедно, напрајвме шо напрајвме, дај шо да напишиме да се извајме, да налепиме друг или да напрајме се да е подмачкано"?Или ај бе ко ќе стигниме, сигурно плачи, пишти таја дома, не и е дојдено до ова.. А?- прашува Крстевска.

Министерот за здравство изјави дека ја чека докторката која била вклучена во породувањето да се врати од пат за да се изготви извештај за случајот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/se-cheka-doktorkata-da-se-vrati-od-pat-i-da-se-izjasni-za-tragedijata-so-pochinatoto-novorodenche-vo-bitola/

The post Родилката од Битола веќе 12 дена е дома, но уште не ја добила отпусната листа appeared first on Република.

]]>

Викторија Крстевска, родилката на починото новороденче во Битола со емотивен статус на Фејсбук реагира на односот кој го имаат во битолската болница. Конкретно, таа реагира што веќе 12 денови е пуштена дома  се уште нема добиено отпусна листа. Се уште мојата историја ЈА НЕМА.Као технички си испишана, а документ од мене нема??? НИКАДЕ?
И нема мучканици? Или народски речено, "Чекај да се погодиме на смена заедно, напрајвме шо напрајвме, дај шо да напишиме да се извајме, да налепиме друг или да напрајме се да е подмачкано"?Или ај бе ко ќе стигниме, сигурно плачи, пишти таја дома, не и е дојдено до ова.. А?- прашува Крстевска.
Министерот за здравство изјави дека ја чека докторката која била вклучена во породувањето да се врати од пат за да се изготви извештај за случајот.   https://republika.mk/vesti/makedonija/se-cheka-doktorkata-da-se-vrati-od-pat-i-da-se-izjasni-za-tragedijata-so-pochinatoto-novorodenche-vo-bitola/

The post Родилката од Битола веќе 12 дена е дома, но уште не ја добила отпусната листа appeared first on Република.

]]>
Се чека докторката да се врати од пат и да се изјасни за трагедијата со починатото новороденче во Битола https://republika.mk/vesti/makedonija/se-cheka-doktorkata-da-se-vrati-od-pat-i-da-se-izjasni-za-tragedijata-so-pochinatoto-novorodenche-vo-bitola/ Mon, 24 Apr 2023 18:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=633699

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска соопшти дека до четврток треба да биде готов извештајот од стручната комисија што тој ја формираше за случајот со починатото новороденче во болницата во Битола.

До четврток законски поминува рокот. Како што сум известен, едната докторката што била инволвирана била на пат, ја чекале неа да се изјасни за настанот. Мислам дека најдоцна до утре или задутре ќе имаме извештај од стручната комисија во врска со родилката и бебето кое, за жал, почина, рече Меџити по презентација на платформата Е-здравство.

The post Се чека докторката да се врати од пат и да се изјасни за трагедијата со починатото новороденче во Битола appeared first on Република.