победник со победник Archives - Република https://republika.mk/tema/pobednik-so-pobednik/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 11:21:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png победник со победник Archives - Република https://republika.mk/tema/pobednik-so-pobednik/ 32 32 Oсмани не може да се помири што ДУИ оди во опозиција: Навредливо е тој што има 61 пратеник да формира Влада https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ne-mozhe-da-se-pomiri-shto-dui-odi-vo-opozizija-navredlivo-e-toj-shto-ima-61-pratenik-da-formira-vlada/ Thu, 02 May 2024 11:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=773386

Mинитерот на ДУИ Бујар Османи денеска на прес конференција беше прашан како на парламантарните избори во 2016 година ДУИ влезе во влада со СДСМ иако таа партија не победи, со што беше нарушено правилото „победник со победник“, Османи одговори дека новинарите и граѓаните не ја  разбираат суштината.

„Рамковниот договор има механизам за заштита на немнозинските заедници, а не е создаден заради мнозинската заедница. И затоа, покрај 61 пратеник како мнозинство, се бара и бадентерово мнозинство. Оттука се јалови сите обиди да се потцени волјата на немнозинското население“, рече Османи.

„Што доколку некој формира влада без ДУИ, обезбедувајќи 61 пратеник, беше прашан Османи?

„Тоа е веќе навредливо прашање, затоа што без двојно мнозинство, според Рамковниот договор не може да има функционално Собрание и Влада и не се однесува само за Албанците, туку за сите немнозински заедници“, рече Османи според кого изборите ќе бидат референдум за соживот.

„Дали треба да земам табла и да нацртам? Нема влада без бадентерово мнозинство и без тоа не може да има функционално мнозинство за формирање на влада, тоа е во духот на Рамковниот договор, двојното мнозинство го има во уставните измени и нема потреба да го пишува во закон или да се прават законски измени“, рече Османи.

The post Oсмани не може да се помири што ДУИ оди во опозиција: Навредливо е тој што има 61 пратеник да формира Влада appeared first on Република.

]]>

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено во 2017 година и тоа не важи, оној кој има 61 пратеник ја формира владата https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-praviloto-pobednik-so-pobednik-e-prekrsheno-vo-2017-godina-i-toa-ne-vazhi-onoj-koj-ima-61-pratenik-ja-formira-vladata/ Tue, 30 Apr 2024 12:02:35 +0000 https://republika.mk/?p=772589

Жалам што сеуште раководството на ДУИ живее во некои времиња кој се минато во Македонија. Македонија е држава на сите граѓани во нејзе, ниту е федерација, ниту е би, три, четири национална држава. Македонија според Уставот е држава на сите граѓани, според демократијата оној кој има 61 пратеник ја формира идната влада во Македонија или ја формира владата.

Јас не знам како тие пресметале дека се претставници на мнозинското не македонско население во Македонија. Мислам дека сите ние сме граѓани на Македонија, Македонци и ценам дека политиката не треба да се гледа како условно кажано шведска маса, па ДУИ малце ќе земе сега од СДСМ, малку од ВМРО, малку од некоја друга политичка партија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Стопанската комора на Северо – Западна Македонија.

Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:

https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-govoreshe-osmani-vo-2017-godina-dui-ne-donese-odluka-za-koalitsija-so-vmro-dpmne-iako-pobedi-na-izborite/

„ДУИ беше шест и половина години со СДСМ во владата. Тие се поразени во првиот круг претседателски избори. Очекувам да бидат поразени и после парламентарните избори и очекувам ДУИ да биде опозиција за неколку недели од денес“, истакна Мицкоски.

Претседателот Мицкоски уште еднашка укажа на тоа дека демократијата се темели на принцип врз основа на тоа кој има мнозинство во парламентот ја прави владата.

„Демократијата се темели на принципот кој има мнозинство во парламентот и ја прави владата, не знам за кој мајски договор зборува ДУИ, не знам за кое правило победник со победник. Имаше едно правило во минатото победник со победник кој е резултат од минатото, тој договор и тоа правило за жал самите тие го прекршија уште во 2017 година и повторно би потсетил дека политиката не треба да ја гледаме како шведска маса па малку со едните, другите, третите. Доколку ВМРО-ДПМНЕ освои мнозинство како што се очекува немаме ниту елементарна доверба да соработуваме со ДУИ, така што тие мора да одат во опозиција“, дециден е Мицкоски.

The post Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено во 2017 година и тоа не важи, оној кој има 61 пратеник ја формира владата appeared first on Република.

]]>

Жалам што сеуште раководството на ДУИ живее во некои времиња кој се минато во Македонија. Македонија е држава на сите граѓани во нејзе, ниту е федерација, ниту е би, три, четири национална држава. Македонија според Уставот е држава на сите граѓани, според демократијата оној кој има 61 пратеник ја формира идната влада во Македонија или ја формира владата. Јас не знам како тие пресметале дека се претставници на мнозинското не македонско население во Македонија. Мислам дека сите ние сме граѓани на Македонија, Македонци и ценам дека политиката не треба да се гледа како условно кажано шведска маса, па ДУИ малце ќе земе сега од СДСМ, малку од ВМРО, малку од некоја друга политичка партија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Стопанската комора на Северо – Западна Македонија. Претседателот Мицкоски продолжи и додаде: https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-govoreshe-osmani-vo-2017-godina-dui-ne-donese-odluka-za-koalitsija-so-vmro-dpmne-iako-pobedi-na-izborite/
„ДУИ беше шест и половина години со СДСМ во владата. Тие се поразени во првиот круг претседателски избори. Очекувам да бидат поразени и после парламентарните избори и очекувам ДУИ да биде опозиција за неколку недели од денес“, истакна Мицкоски.
Претседателот Мицкоски уште еднашка укажа на тоа дека демократијата се темели на принцип врз основа на тоа кој има мнозинство во парламентот ја прави владата.
„Демократијата се темели на принципот кој има мнозинство во парламентот и ја прави владата, не знам за кој мајски договор зборува ДУИ, не знам за кое правило победник со победник. Имаше едно правило во минатото победник со победник кој е резултат од минатото, тој договор и тоа правило за жал самите тие го прекршија уште во 2017 година и повторно би потсетил дека политиката не треба да ја гледаме како шведска маса па малку со едните, другите, третите. Доколку ВМРО-ДПМНЕ освои мнозинство како што се очекува немаме ниту елементарна доверба да соработуваме со ДУИ, така што тие мора да одат во опозиција“, дециден е Мицкоски.

The post Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено во 2017 година и тоа не важи, оној кој има 61 пратеник ја формира владата appeared first on Република.

]]>
Што говореше Османи во 2017 година: ДУИ не донесе одлука за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ иако победи на изборите https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-govoreshe-osmani-vo-2017-godina-dui-ne-donese-odluka-za-koalitsija-so-vmro-dpmne-iako-pobedi-na-izborite/ Tue, 30 Apr 2024 08:33:57 +0000 https://republika.mk/?p=772487

Министерот за надворешни работи на ДУИ Бујар Османи вчера отворено се закани дека идна влада без ДУИ нема да има и оти принципот победник со победник мора да се применува. Османи отиде дотаму што вели дека ако ДУИ не влезе во владата дека немало да се почитува волјата на гласачите Албанци.

Ваквите закани на Османи дојдоа откако веќе станува извесна коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди која ја предводи албанската опозиција.

Османи веројатно заборавил или не сака да се сети како дојде до ова победникот на изборите, во случајов ВМРО-ДПМНЕ да го бира албанскиот коалициски партнер во владата.

Македонија е унитарна држава и победникот самиот бира односно одлучува со кого ќе коалцира во владата.Но, ова беше нарушено токму на барање на ДУИ во 2017 година.

ДУИ во 2008 годинна бараше од ВМРО-ДПМНЕ, победникот од македонскиот блок секогаш да коалицира со победникот на македонскиот блок. Тоа беше т.н Мајски договор кој не е никаков официјален пишан документ туку усмен, џентлменски договор.

И тој договор се почитуваше се до 2017 година после изборите во 2016 година кои ВМРО-ДПМНЕ ги доби со 51 пратеници а СДСМ имаше 49. Кај Албанците најмногу гласови освои ДУИ.

И тогаш се случи онаа прес конференција на 29 јануари 2017 година во Мала Речица која ја држеше кој друг ако не Бујар Османи. На таа прес конференција рече дека „ДУИ не донела одлука за коалциција со ВМРО-ДПМНЕ иако таа партија победила на изборите“.

-Дебатата беше, конструктивна и добронамерна со цел да се донесе најдобрата одлука за сите граѓани на Република Македонија. Едногласно заклучивме дека таа дебата не може да биде исцрпена и дека немаме доволно аргументи да се определиме за една од петте опции кои беа ставени на маса“ рече Османи во ноќните часови пред седум години.

Неколку месеци подоцна ДУИ направи влада со СДСМ и не ја почитуваше волјата на мнозинството Македонци кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите Шарени револуции, СЈО и Договор во Пржино.

Затоа на Османи ќе му биде подобро да каже кој заѕвони на црвениот телефон во Мала Речица таа студена ноќ и им нареди да не коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ, а не да се заканува. Мајски, јунски или било каков договор не може да важи само кога му одговара на ДУИ.

The post Што говореше Османи во 2017 година: ДУИ не донесе одлука за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ иако победи на изборите appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на ДУИ Бујар Османи вчера отворено се закани дека идна влада без ДУИ нема да има и оти принципот победник со победник мора да се применува. Османи отиде дотаму што вели дека ако ДУИ не влезе во владата дека немало да се почитува волјата на гласачите Албанци. Ваквите закани на Османи дојдоа откако веќе станува извесна коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди која ја предводи албанската опозиција. Османи веројатно заборавил или не сака да се сети како дојде до ова победникот на изборите, во случајов ВМРО-ДПМНЕ да го бира албанскиот коалициски партнер во владата. Македонија е унитарна држава и победникот самиот бира односно одлучува со кого ќе коалцира во владата.Но, ова беше нарушено токму на барање на ДУИ во 2017 година. ДУИ во 2008 годинна бараше од ВМРО-ДПМНЕ, победникот од македонскиот блок секогаш да коалицира со победникот на македонскиот блок. Тоа беше т.н Мајски договор кој не е никаков официјален пишан документ туку усмен, џентлменски договор. И тој договор се почитуваше се до 2017 година после изборите во 2016 година кои ВМРО-ДПМНЕ ги доби со 51 пратеници а СДСМ имаше 49. Кај Албанците најмногу гласови освои ДУИ. И тогаш се случи онаа прес конференција на 29 јануари 2017 година во Мала Речица која ја држеше кој друг ако не Бујар Османи. На таа прес конференција рече дека „ДУИ не донела одлука за коалциција со ВМРО-ДПМНЕ иако таа партија победила на изборите“.
-Дебатата беше, конструктивна и добронамерна со цел да се донесе најдобрата одлука за сите граѓани на Република Македонија. Едногласно заклучивме дека таа дебата не може да биде исцрпена и дека немаме доволно аргументи да се определиме за една од петте опции кои беа ставени на маса“ рече Османи во ноќните часови пред седум години.
Неколку месеци подоцна ДУИ направи влада со СДСМ и не ја почитуваше волјата на мнозинството Македонци кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите Шарени револуции, СЈО и Договор во Пржино. Затоа на Османи ќе му биде подобро да каже кој заѕвони на црвениот телефон во Мала Речица таа студена ноќ и им нареди да не коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ, а не да се заканува. Мајски, јунски или било каков договор не може да важи само кога му одговара на ДУИ.

The post Што говореше Османи во 2017 година: ДУИ не донесе одлука за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ иако победи на изборите appeared first on Република.

]]>