плин Archives - Република https://republika.mk/tema/plin/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Mar 2024 12:15:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png плин Archives - Република https://republika.mk/tema/plin/ 32 32 Се преврте цистерна со плин кај Битола https://republika.mk/vesti/crna-hronika/se-prevrte-tsisterna-so-plin-kaj-bitola/ Wed, 13 Mar 2024 12:15:06 +0000 https://republika.mk/?p=754386

Во 09.30 часот од страна на РЦУК Прилеп е известено за случена сообраќајна незгода во близина на с. Вашарејца – Битола. Превртена е цистерна со плин.

Известени се ТППЕ Битола којашто прати 4 пожарникари со 1 ПП возило, а МВР Битола се веќе на терен.

Возачот на камионот е лесно повреден и е пренесен во клиничката болница во Битола од страна на Итна медицинска помош.

За подигање на цистерната се чека механизација.

Инаку во полиција пријавата е евидентирана утринава во 06:45 часот, а било пријавено излетување на цистерна на патот А3, и дека нема штети и нема излевање на плинот, велат од МВР.

The post Се преврте цистерна со плин кај Битола appeared first on Република.

]]>

Во 09.30 часот од страна на РЦУК Прилеп е известено за случена сообраќајна незгода во близина на с. Вашарејца – Битола. Превртена е цистерна со плин. Известени се ТППЕ Битола којашто прати 4 пожарникари со 1 ПП возило, а МВР Битола се веќе на терен. Возачот на камионот е лесно повреден и е пренесен во клиничката болница во Битола од страна на Итна медицинска помош. За подигање на цистерната се чека механизација. Инаку во полиција пријавата е евидентирана утринава во 06:45 часот, а било пријавено излетување на цистерна на патот А3, и дека нема штети и нема излевање на плинот, велат од МВР.

The post Се преврте цистерна со плин кај Битола appeared first on Република.

]]>
Две штипјанки се затруле од плин, итно се пренесени на скопските клиники https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-shtipjanki-se-zatrule-od-plin-itno-se-preneseni-na-skopskite-kliniki/ Wed, 17 Jan 2024 15:36:44 +0000 https://republika.mk/?p=734082

Две жени на 52-годишна возраст се затруле од плин во кујна. Од Клиничка болница Штип велат дека жените се во добра здравствена состојба, но се транспортирани во Клинички центар „Мајка Тереза" во Скопје. Посочуваат дека жените се со стабилни витални параметри.

Две жени на 52-годишна возраст со возило на ИПМ се донесени во Клиничка болница Штип, со претходно труење со плин од плинска боца. Пациентите се прегледани во Дежурна амбуланта и примени на Оддел за интезивна нега. Со стабилни витални параметри и по претходнен договор, а во придружба на доктор и медицинска сестра упатени се на Клиника за токсикологија при Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од штипската болница.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова го потврди случајот и рече кај нив пријавата пристигнала од страна на Брзата помош. Увидот е се уште во тек и подетални информации ќе има во текот на денот.

The post Две штипјанки се затруле од плин, итно се пренесени на скопските клиники appeared first on Република.

Се отрула од плин во сопствената бања: Почина 34-годишна битолчанка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/se-otrula-od-plin-vo-sopstvenata-bana-pochina-34-godishna-bitolchanka/ Sat, 18 Nov 2023 18:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=702978

Како последица на труење од плин починала 34-годишна жена од Битола.

Нејзиното тело било пронајдено во бањата од нејзиниот стан. И покрај обидите на екипата на итната помош, а потоа и на битолската болница да ја реанимираат, веќе било доцна.

Од МВР велат дека телото на битолчанката било пренесено во болницата без видливи траги на насилство.

По наредба на обвинител извршена е обдукција.

The post Се отрула од плин во сопствената бања: Почина 34-годишна битолчанка appeared first on Република.

]]>

Како последица на труење од плин починала 34-годишна жена од Битола. Нејзиното тело било пронајдено во бањата од нејзиниот стан. И покрај обидите на екипата на итната помош, а потоа и на битолската болница да ја реанимираат, веќе било доцна. Од МВР велат дека телото на битолчанката било пренесено во болницата без видливи траги на насилство. По наредба на обвинител извршена е обдукција.

The post Се отрула од плин во сопствената бања: Почина 34-годишна битолчанка appeared first on Република.

]]>
Ученик фрлил солзавец или протекол плин: Чуден мирис создаде мачнини и паника во хрватско училиште https://republika.mk/vesti/balkan/uchenik-frlil-solzavets-ili-protekol-plin-chuden-miris-sozdade-machnini-i-panika-vo-hrvatsko-uchilishte/ Mon, 05 Jun 2023 16:07:31 +0000 https://republika.mk/?p=648115

Пред сплитското училиште Обрничка денеска од 16 часот се собраа итните служби - пожарникари, Брза помош и полиција, но засега не се знае точно зошто интервенирале, јавува „Слободна Далмација“.

Од Пожарна им потврдиле дека имало евакуација, но не сакале да откријат зошто, само потенцирале дека не станува збор за пожар.

Во 16:00 часот добивме дојава од Стручното училиште во Сплит дека неколкумина ученици од еден клас имале мачнини. Излеговме на терен со пожарникари и со Брза помош, а по пристигнувањето никој не побара лекарска помош. рече за хрватските медиуми Јерко Куревија од ПУ Сплит-Далматинска.

Тој увери и дека опасност за другите граѓани нема.

Само ни рекоа да го напуштиме училиштето, настана паника, сè уште не знаеме што точно се случило, ученик наводно фрлил солзавец, изјавиле ученици кои го чекале расплетот на ситуацијата пред училиштето.

Други ученици, пак, слушнале дека не бил солзавец туку истечен плин. Но, сите се согласуваат дека во училиштето имало чудна миризба. Што точно се случи ќе утврдат службите кои излегле на терен.

Наставата продолжи, но некои ученици решија да не се вратат на училиште.

The post Ученик фрлил солзавец или протекол плин: Чуден мирис создаде мачнини и паника во хрватско училиште appeared first on Република.

]]>

Пред сплитското училиште Обрничка денеска од 16 часот се собраа итните служби - пожарникари, Брза помош и полиција, но засега не се знае точно зошто интервенирале, јавува „Слободна Далмација“. Од Пожарна им потврдиле дека имало евакуација, но не сакале да откријат зошто, само потенцирале дека не станува збор за пожар.
Во 16:00 часот добивме дојава од Стручното училиште во Сплит дека неколкумина ученици од еден клас имале мачнини. Излеговме на терен со пожарникари и со Брза помош, а по пристигнувањето никој не побара лекарска помош. рече за хрватските медиуми Јерко Куревија од ПУ Сплит-Далматинска.
Тој увери и дека опасност за другите граѓани нема.

Само ни рекоа да го напуштиме училиштето, настана паника, сè уште не знаеме што точно се случило, ученик наводно фрлил солзавец, изјавиле ученици кои го чекале расплетот на ситуацијата пред училиштето.

Други ученици, пак, слушнале дека не бил солзавец туку истечен плин. Но, сите се согласуваат дека во училиштето имало чудна миризба. Што точно се случи ќе утврдат службите кои излегле на терен. Наставата продолжи, но некои ученици решија да не се вратат на училиште.  

The post Ученик фрлил солзавец или протекол плин: Чуден мирис создаде мачнини и паника во хрватско училиште appeared first on Република.

]]>
Општина Гази Баба субвенционира вградување на уред за течен нафтен гас на возилата https://republika.mk/vesti/skopje/opshtina-gazi-baba-subvencionira-vgraduvanje-na-ured-za-techen-naften-gas-na-vozilata/ Tue, 23 Aug 2022 09:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=543179

Општина Гази Баба од денес 23.08.2022 година распиша Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на течен нафтен гас, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за 2022 година.

За јавниот повик, на социјалните мрежи информираше градоначалникот Стефковски кој на својата официјална страна на фејсбук напиша:

Субвенционирање на граѓаните за вградување на уред за погон на течен нафтен гас, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за граѓаните на општина Гази Баба.

За прв пат општина Гази Баба ги субвенционира граѓаните за вградување на уред за погон на течен нафтен гас, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата.

Јавниот повик е објавен денес 23.08.2022 година и ќе трае се до исцрпување на финансиските средства определени во буџетот на општина Гази Баба за 2022 година.

Уште едно ветување кое го дадов пред граѓаните станува реалност!

За условите за учество на јавниот повик граѓаните можат да се информираат на следниот линк: http://gazibaba.gov.mk/…/a-v-e-n-p-o-v-i-k-za…

Ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат. – напиша Стефковски

The post Општина Гази Баба субвенционира вградување на уред за течен нафтен гас на возилата appeared first on Република.

]]>

Општина Гази Баба од денес 23.08.2022 година распиша Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на течен нафтен гас, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за 2022 година. За јавниот повик, на социјалните мрежи информираше градоначалникот Стефковски кој на својата официјална страна на фејсбук напиша: Субвенционирање на граѓаните за вградување на уред за погон на течен нафтен гас, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за граѓаните на општина Гази Баба. За прв пат општина Гази Баба ги субвенционира граѓаните за вградување на уред за погон на течен нафтен гас, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата. Јавниот повик е објавен денес 23.08.2022 година и ќе трае се до исцрпување на финансиските средства определени во буџетот на општина Гази Баба за 2022 година. Уште едно ветување кое го дадов пред граѓаните станува реалност! За условите за учество на јавниот повик граѓаните можат да се информираат на следниот линк: http://gazibaba.gov.mk/…/a-v-e-n-p-o-v-i-k-za… Ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат. – напиша Стефковски

The post Општина Гази Баба субвенционира вградување на уред за течен нафтен гас на возилата appeared first on Република.

]]>
Франција ја замрзнува цената на плинот до крајот на годината https://republika.mk/vesti/svet/francija-ja-zamrznuva-cenata-na-plinot-do-krajot-na-godinata/ Fri, 24 Jun 2022 11:08:37 +0000 https://republika.mk/?p=519255

Француската влада најави дека до крајот на годината ќе ги замрзне цените на плинот за домаќинствата, продолжувајќи го ограничувањето до новата грејна сезона.

Владата ги замрзна цените во октомври минатата година.

Потрошувачите сè уште можат да сметаат на стабилна цена на гасот бидејќи државата ќе ја покрие разликата до пазарната цена до крајот на 2022 година, изјави вчера премиерката Елизабет Борн.

Владата, исто така, го ограничи растот на цената на струјата оваа година на четири отсто, што ќе го чини буџетот милијарди евра.

Франција е помалку зависна од рускиот природен гас отколку другите европски земји, рече Борн. Складиштата до есенва треба да бидат речиси полни, потенцира премиерката.

Следната година Владата планира да изгради нов пловечки терминал за течен природен гас (ЛНГ).

Веќе една недела гасот не пристигнува во Франција преку гасовод од Германија, соопшти минатиот петок мрежниот оператор ГРТгаз. Но, увозот и онака од почетокот на годината падна за 60 отсто.

The post Франција ја замрзнува цената на плинот до крајот на годината appeared first on Република.

]]>

Француската влада најави дека до крајот на годината ќе ги замрзне цените на плинот за домаќинствата, продолжувајќи го ограничувањето до новата грејна сезона. Владата ги замрзна цените во октомври минатата година.
Потрошувачите сè уште можат да сметаат на стабилна цена на гасот бидејќи државата ќе ја покрие разликата до пазарната цена до крајот на 2022 година, изјави вчера премиерката Елизабет Борн.
Владата, исто така, го ограничи растот на цената на струјата оваа година на четири отсто, што ќе го чини буџетот милијарди евра.
Франција е помалку зависна од рускиот природен гас отколку другите европски земји, рече Борн. Складиштата до есенва треба да бидат речиси полни, потенцира премиерката.
Следната година Владата планира да изгради нов пловечки терминал за течен природен гас (ЛНГ). Веќе една недела гасот не пристигнува во Франција преку гасовод од Германија, соопшти минатиот петок мрежниот оператор ГРТгаз. Но, увозот и онака од почетокот на годината падна за 60 отсто.

The post Франција ја замрзнува цената на плинот до крајот на годината appeared first on Република.

]]>
Малолетник имал гушење со плин, итно пренесен во болница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnik-imal-gushenje-so-plin-itno-prenesen-vo-bolnica/ Sat, 26 Mar 2022 16:49:38 +0000 https://republika.mk/?p=478999

На 25.03.2022 околу 20:30 часот во ОВР Дечево било пријавено дека за укажување лекарска помош во медицинска установа бил пренесен малолетник од с.Чифлик, делчевско, поради гушење со плин во својот дом, на кој бил приклучен бојлер.

Се работи на расчистување на случајот.

The post Малолетник имал гушење со плин, итно пренесен во болница appeared first on Република.

]]>

На 25.03.2022 околу 20:30 часот во ОВР Дечево било пријавено дека за укажување лекарска помош во медицинска установа бил пренесен малолетник од с.Чифлик, делчевско, поради гушење со плин во својот дом, на кој бил приклучен бојлер. Се работи на расчистување на случајот.  

The post Малолетник имал гушење со плин, итно пренесен во болница appeared first on Република.

]]>
Растат цените на плинот на европските берзи https://republika.mk/vesti/svet/rastat-cenite-na-plinot-na-evropskite-berzi/ Wed, 23 Feb 2022 11:03:08 +0000 https://republika.mk/?p=462385

Цените на плинот во Европа за време на тргувањето денеска се искачија над 960 долари за илјада кубни метри, за првпат од 14 февруари, покажуваат податоците на лондонската берза ИЦЕ.

Цената на мартовските фјучерси во центарот ТТФ во Холандија се искачи на 960,6 долари за 1.000 кубни метри, или 82 евра за мегават-час.

Вкупното поскапување на плинот од почетокот на денот изнесува околу 2,8 отсто.

Аналитичарите потсетуваат дека вчера германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Берлин ја прекинува сертификацијата на гасоводот „Северен поток 2“. Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок исто така рече дека „проектот ‘Северен поток 2’ е замрзнат“.

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари над 97 долари, поради загриженоста за снабдувањето по признавањето од страна на Русија на двата источни украински региони контролирани од проруските сепаратисти.

The post Растат цените на плинот на европските берзи appeared first on Република.

]]>

Цените на плинот во Европа за време на тргувањето денеска се искачија над 960 долари за илјада кубни метри, за првпат од 14 февруари, покажуваат податоците на лондонската берза ИЦЕ. Цената на мартовските фјучерси во центарот ТТФ во Холандија се искачи на 960,6 долари за 1.000 кубни метри, или 82 евра за мегават-час. Вкупното поскапување на плинот од почетокот на денот изнесува околу 2,8 отсто. Аналитичарите потсетуваат дека вчера германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Берлин ја прекинува сертификацијата на гасоводот „Северен поток 2“. Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок исто така рече дека „проектот ‘Северен поток 2’ е замрзнат“. Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари над 97 долари, поради загриженоста за снабдувањето по признавањето од страна на Русија на двата источни украински региони контролирани од проруските сепаратисти.

The post Растат цените на плинот на европските берзи appeared first on Република.

]]>