планинари Archives - Република https://republika.mk/tema/planinari/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 12:52:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png планинари Archives - Република https://republika.mk/tema/planinari/ 32 32 Успешна акција на спасување: Пронајдени планинарите кои се изгубија во Тетовско https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uspeshna-aktsija-na-spasuvane-pronajdeni-planinarite-koi-se-izgubija-vo-tetovsko/ Mon, 04 Nov 2024 17:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=833892

Вчера во 22.10 часот над с.Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од с.Боговиње, с.Лисец, с.Раковец, с.Пршовце и Тетово, за кои во 21.30 часот А.Р. од тетовско Боговиње пријави дека не можел да стапи во контакт со нив, соопшти МВР.

Имено, во текот на денот тие заминале во планината над село Пршовце за да одат до место викано ,,Доброшки езера“, а последната локација од каде контактирале била кога се наоѓале кај „Три Чешми“ во близина на границата со Косово.

Лицата биле пренесени во Клиничката болница Тетово на преглед.

The post Успешна акција на спасување: Пронајдени планинарите кои се изгубија во Тетовско appeared first on Република.

]]>

Четворица планинари загинаа во несреќи на италијанските Алпи https://republika.mk/vesti/svet/chetvoritsa-planinari-zaginaa-vo-nesreki-na-italijanskite-alpi/ Mon, 04 Nov 2024 10:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=833949

Четворица планинари загинаа на италијанските Алпи во одделни несреќи што се случија вчера, соопшти планинската служба за спасување.

Несреќите се случиле во регионите Венето, Трентино и Пиемонт во северна Италија. Според информациите, загинатите се тројца мажи и една жена.

Спасувачките екипи распоредија хеликоптери и повеќе тимови во погодените области.

На Рочиамелоне во регионот Пиемонт, еден човек паднал повеќе од 400 метри. Спасувачките екипи го извлекле неговото тело по комплицирана операција.

Во областа Трентино, 26-годишен маж загинал кога изгубил рамнотежа и паднал околу 30 метри во провалија, завршувајќи во корито на река.

Во Венето, маж паднал во процеп, а во друг инцидент, жена паднала додека се спуштала со јаже.

The post Четворица планинари загинаа во несреќи на италијанските Алпи appeared first on Република.

]]>

Четворица планинари загинаа на италијанските Алпи во одделни несреќи што се случија вчера, соопшти планинската служба за спасување. Несреќите се случиле во регионите Венето, Трентино и Пиемонт во северна Италија. Според информациите, загинатите се тројца мажи и една жена. Спасувачките екипи распоредија хеликоптери и повеќе тимови во погодените области. На Рочиамелоне во регионот Пиемонт, еден човек паднал повеќе од 400 метри. Спасувачките екипи го извлекле неговото тело по комплицирана операција. Во областа Трентино, 26-годишен маж загинал кога изгубил рамнотежа и паднал околу 30 метри во провалија, завршувајќи во корито на река. Во Венето, маж паднал во процеп, а во друг инцидент, жена паднала додека се спуштала со јаже.

The post Четворица планинари загинаа во несреќи на италијанските Алпи appeared first on Република.

]]>
Полицијата ги пронајде планинарите кои вчеравечер се изгубија во Тетовско https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsijata-gi-pronajde-planinarite-koi-vcheravecher-se-izgubija-vo-tetovsko/ Mon, 04 Nov 2024 08:51:57 +0000 https://republika.mk/?p=833878

Вчеравечер во 22.10 часот над с.Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од с.Боговиње, с.Лисец, с.Раковец, с.Пршовце и Тетово, за кои во 21.30 часот А.Р. од тетовско Боговиње пријави дека не можел да стапи во контакт со нив.

Имено, во текот на денот тие заминале во планината над село Пршовце за да одат до место викано ,,Доброшки езера“, а последната локација од каде контактирале била кога се наоѓале кај „Три Чешми“ во близина на границата со Косово, соопшти МВР.

Лицата биле пренесени во Клиничката болница Тетово на преглед.

The post Полицијата ги пронајде планинарите кои вчеравечер се изгубија во Тетовско appeared first on Република.

Петмина руски планирани загинаа освојувајќи го седмиот највисок врв во светот https://republika.mk/vesti/svet/petmina-ruski-planirani-zaginaa-osvojuvajki-go-sedmiot-najvisok-vrv-vo-svetot/ Tue, 08 Oct 2024 08:56:40 +0000 https://republika.mk/?p=824077

Петмина руски планинари загинаа при искачувањето на седмиот највисок врв во светот, потврди денеска организаторот на експедицијата во Непал.

Руски планинари се искачија на планината Даулагири висока 8.167 метри. Во Непал во моментов е во тек есенската сезона на качување. Планинарите беа исчезнати од неделата, а денеска нивните тела беа забележани од спасувачки хеликоптер, изјави Пемба Џангбу Шерпа од „I AM Trekking and Expeditions“, со седиште во Катманду.

Се уште не е одлучено дали, кога и како телата ќе бидат симнати од планината. Таквата операција би барала обемно планирање, работна сила и соодветна опрема. Двајца руски планинари всушност стигнале до врвот, додека останатите планинари почнале да се враќаат без да стигнат до врвот. Меѓутоа, тогаш радио контактот меѓу нив и членовите на тимот во базниот камп бил изгубен.

Минатиот месец започна есенската сезона на качување, која не е толку популарна како пролетната сезона. На планините има помалку гужви, а таксите за дозволи се пониски.

The post Петмина руски планирани загинаа освојувајќи го седмиот највисок врв во светот appeared first on Република.

]]>

Петмина руски планинари загинаа при искачувањето на седмиот највисок врв во светот, потврди денеска организаторот на експедицијата во Непал. Руски планинари се искачија на планината Даулагири висока 8.167 метри. Во Непал во моментов е во тек есенската сезона на качување. Планинарите беа исчезнати од неделата, а денеска нивните тела беа забележани од спасувачки хеликоптер, изјави Пемба Џангбу Шерпа од „I AM Trekking and Expeditions“, со седиште во Катманду. Се уште не е одлучено дали, кога и како телата ќе бидат симнати од планината. Таквата операција би барала обемно планирање, работна сила и соодветна опрема. Двајца руски планинари всушност стигнале до врвот, додека останатите планинари почнале да се враќаат без да стигнат до врвот. Меѓутоа, тогаш радио контактот меѓу нив и членовите на тимот во базниот камп бил изгубен. Минатиот месец започна есенската сезона на качување, која не е толку популарна како пролетната сезона. На планините има помалку гужви, а таксите за дозволи се пониски.

The post Петмина руски планирани загинаа освојувајќи го седмиот највисок врв во светот appeared first on Република.

]]>
Двајца планинари загинаа на Триглав https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/dvajtsa-planinari-zaginaa-na-triglav/ Wed, 03 Apr 2024 12:23:44 +0000 https://republika.mk/?p=761688

Словенечката полиција соопшти дека на подрачјето на планината Триглав на Јулиските Алпи пронашла тела на двајца мажи кои се државјани на Србија. Нивните тела се пронајдени при претрес на теренот со полициски хеликоптери, по исчезнувањето на планинарите во саботата, пишува словенечки Дело.

Како што јави словенечката агенција СТА, станува збор за 33-годишен и 42-годишен маж кои во саботата наутро тргнале на планинарење, но паднале на надморска височина од 1.600 метри и починале на лице место.

Според словенечко „Делo“, во спасувачката акција учествувала и Планинарската спасувачка служба на Словенија.

Потрагата по двајцата планинари започна во саботата, но траеше многу време бидејќи екипите мораа да пребаруваат голема површина, бидејќи не знаеја каде отишле планинарите.

Словенечката полиција наведува дека ја продолжува истрагата како дошло до несреќата.

The post Двајца планинари загинаа на Триглав appeared first on Република.

]]>

Словенечката полиција соопшти дека на подрачјето на планината Триглав на Јулиските Алпи пронашла тела на двајца мажи кои се државјани на Србија. Нивните тела се пронајдени при претрес на теренот со полициски хеликоптери, по исчезнувањето на планинарите во саботата, пишува словенечки Дело. Како што јави словенечката агенција СТА, станува збор за 33-годишен и 42-годишен маж кои во саботата наутро тргнале на планинарење, но паднале на надморска височина од 1.600 метри и починале на лице место. Според словенечко „Делo“, во спасувачката акција учествувала и Планинарската спасувачка служба на Словенија. Потрагата по двајцата планинари започна во саботата, но траеше многу време бидејќи екипите мораа да пребаруваат голема површина, бидејќи не знаеја каде отишле планинарите. Словенечката полиција наведува дека ја продолжува истрагата како дошло до несреќата.  

The post Двајца планинари загинаа на Триглав appeared first on Република.

]]>
Македонски планинари го искачија највисокиот врв во Јужна Америка https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonski-planinari-go-iskachija-najvisokiot-vrv-vo-juzhna-amerika/ Thu, 15 Feb 2024 16:18:17 +0000 https://republika.mk/?p=744496

Четиричлена македонска група планинари успешно ја завршија експедицијата во Јужна Америка и се искачија на највисокиот планински врв Аконкагва на 6962 метри.

Планинарот Зоран Николов, член на ПСК „Осогово“ од Кочани, заедно со своите колеги Филип Христов, Зоран Успрцов и Лазе Миновски, како и двајца планинари од Република Србија во средата попладне по локално време стигнале на највисоката точка на Андите, на аргентинско-чилеанската граница.\

-Горди сме што експедицијата ја оствари крајната цел и го развиори македонското знаме на највисокиот врв на јужната земјина полутопка. Искачувањето поминало според зацртаниот план, по карпест терен и без многу снег, со минусни температури иако таму е лето, а на врвот ги дочекал убав сончев ден. Тоа што на многу други планинари досега не им успеало и се откажале од искачување, нашите момци го исполнија и им честитаме на успехот, истакна Тошо Антов, претседател на ПСК „Осогово“.

Подготовките за реализирање на експедицијата во Јужна Америка, нашите планинари ги направиле во изминатите неколку месеци на домашни врвови, а поддршка им обезбедија матичните планинарски клубови и локалниот бизнис сектор.

Планинарот Николов минатата година беше дел и од експедицијата која за пет дена се искачи на петте највисоки врвови во Италија, Швајцарија и Словенија.

Извор: МИА

Фото: ПСК „Осогово“ - Кочани

The post Македонски планинари го искачија највисокиот врв во Јужна Америка appeared first on Република.

]]>

Четиричлена македонска група планинари успешно ја завршија експедицијата во Јужна Америка и се искачија на највисокиот планински врв Аконкагва на 6962 метри. Планинарот Зоран Николов, член на ПСК „Осогово“ од Кочани, заедно со своите колеги Филип Христов, Зоран Успрцов и Лазе Миновски, како и двајца планинари од Република Србија во средата попладне по локално време стигнале на највисоката точка на Андите, на аргентинско-чилеанската граница.\ -Горди сме што експедицијата ја оствари крајната цел и го развиори македонското знаме на највисокиот врв на јужната земјина полутопка. Искачувањето поминало според зацртаниот план, по карпест терен и без многу снег, со минусни температури иако таму е лето, а на врвот ги дочекал убав сончев ден. Тоа што на многу други планинари досега не им успеало и се откажале од искачување, нашите момци го исполнија и им честитаме на успехот, истакна Тошо Антов, претседател на ПСК „Осогово“. Подготовките за реализирање на експедицијата во Јужна Америка, нашите планинари ги направиле во изминатите неколку месеци на домашни врвови, а поддршка им обезбедија матичните планинарски клубови и локалниот бизнис сектор. Планинарот Николов минатата година беше дел и од експедицијата која за пет дена се искачи на петте највисоки врвови во Италија, Швајцарија и Словенија. Извор: МИА Фото: ПСК „Осогово“ - Кочани

The post Македонски планинари го искачија највисокиот врв во Јужна Америка appeared first on Република.

]]>
Македонски планинари „Први на први“ на Пелистер https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonski-planinari-prvi-na-prvi-na-pelister/ Mon, 01 Jan 2024 11:53:25 +0000 https://republika.mk/?p=728632

Педесеттина планинари и рекреативци од Охрид, Штип, Велес, Делчево, Берово, Прилеп, Скопје, Битола и други македонски градови, организирани од „Олимпус Монс“, утрово во 05:30 часот стигнаа на врвот Пелистер (2.601 м.) со што ја продолжија традиционалната манифестација „Први на први“.

Новогодишното освојување на врвот Пелистер почна точно на полноќ, со добри временски услови на стартот, но и силен ветер на врвот, изјави за МИА, Христијан Томевски, планинар - рекреативец од Охрид.

-Манифестацијата беше одлично организирана, имавме придружба, водичи, лекар, ски-санка, џип ратрак...се што е потребно за безбедно планинарење во зимски и ноќни услови. До Ловечка куќа времето беше одлично, но потоа почна да дува силен ветер кој не влијаеше врз нашето расположение, и целта што ја поставивме пред себе, односно освојување на врвот Пелистер во првиот ден од оваа 2024 година, истакна Томевски.

Традиционалната планинарска манифестација „Први на први“ е поддржана од Општина Битола. 

The post Македонски планинари „Први на први“ на Пелистер appeared first on Република.

]]>

Педесеттина планинари и рекреативци од Охрид, Штип, Велес, Делчево, Берово, Прилеп, Скопје, Битола и други македонски градови, организирани од „Олимпус Монс“, утрово во 05:30 часот стигнаа на врвот Пелистер (2.601 м.) со што ја продолжија традиционалната манифестација „Први на први“. Новогодишното освојување на врвот Пелистер почна точно на полноќ, со добри временски услови на стартот, но и силен ветер на врвот, изјави за МИА, Христијан Томевски, планинар - рекреативец од Охрид. -Манифестацијата беше одлично организирана, имавме придружба, водичи, лекар, ски-санка, џип ратрак...се што е потребно за безбедно планинарење во зимски и ноќни услови. До Ловечка куќа времето беше одлично, но потоа почна да дува силен ветер кој не влијаеше врз нашето расположение, и целта што ја поставивме пред себе, односно освојување на врвот Пелистер во првиот ден од оваа 2024 година, истакна Томевски. Традиционалната планинарска манифестација „Први на први“ е поддржана од Општина Битола. 

The post Македонски планинари „Први на први“ на Пелистер appeared first on Република.

]]>
Планинари на грб носеа стакла за да се обноват оштетените прозорци во кулата на Титов Врв https://republika.mk/zivot/patuvanja/planinari-na-grb-nosea-stakla-za-da-se-obnovat-oshtetenite-prozortsi-vo-kulata-na-titov-vrv/ Wed, 30 Aug 2023 13:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=677278

Планинари на грб носеа плекси-стакла и ги обновија уништените прозорци во планинарската кула на Титов врв на 2.747 метри надморска височина. Оваа обнова следува откако кулата во периодот помеѓу 8 и 18 декември 2022 година беше вандализирана, при што беа оштетени сите прозорци кои беа кршени со употреба на чекани, а сторителите имаа направено и друга штета во внатрешноста на објектот. Во акцијата овој викенд учествувале вкупно 11 планинари, осум планинари од ПК Аргентус Монт, по еден планинар од ПК Х20-Скопје, ПК Тетово и ПК Копанки-Битола.

Дванаесет пластични стакла се обезбедени со донација на Назиф Изаири од Боговиње. Со теренско возило на планинарот Али Ислами од ПК Тетово, стаклата се однесоа од градот до кота 2.445 метри надморска височина. Потоа од таму до врвот ги носевме на грб. Трошоци за други материјали, алати, штрафови, надомест за гориво се од Федерацијата за планинарски спортови“, информираше Зија Јонузовски, секретар во ПК Аргент Монт.

Планинарите по носењето на материјалите, самите ги поставле стаклата на прозорците. Извршена е санација и на дел од рамовите од прозорците, како и други поправки низ кулата.

Поставивме 11 стакла на прозорците, еден остана резерва. Сега се санирани последиците од вандализмот. Искршените делови од патосот на вториот кат се заменети со нова шпер плочи и се поставени и нови алуминиумски фолии. Успешно е поправена и една метална клупа и ставена во употреба додека една метална клупа и металната маса се целосно оштетени и не можат да се поправат. Со претходни акции сите отпадоци од вандализмот се очистени. Преостанува со следни акции да се очистат опожарените и зачадени ѕидови со специјални средства“, потенцира Зија Јонузовски.

Планинарите апелираат во иднина да не се оштетува Кулата, да не се пишуваат графити затоа што веќе е препознатлив објект кај планинарите од цела Европа и се повеќе е користена за засолнување и престој.

Планинарската кула на Титов врв од 2021 година по реновирањето е внесена во Европската електронска мапа на планинарски заслони и лесно се пронаоѓа преку современите мобилни апликации.

Планинарите од Аргентус Монт од 2016 година постојано работат на обновување на планинарската кула.

The post Планинари на грб носеа стакла за да се обноват оштетените прозорци во кулата на Титов Врв appeared first on Република.

]]>

Планинари на грб носеа плекси-стакла и ги обновија уништените прозорци во планинарската кула на Титов врв на 2.747 метри надморска височина. Оваа обнова следува откако кулата во периодот помеѓу 8 и 18 декември 2022 година беше вандализирана, при што беа оштетени сите прозорци кои беа кршени со употреба на чекани, а сторителите имаа направено и друга штета во внатрешноста на објектот. Во акцијата овој викенд учествувале вкупно 11 планинари, осум планинари од ПК Аргентус Монт, по еден планинар од ПК Х20-Скопје, ПК Тетово и ПК Копанки-Битола.
Дванаесет пластични стакла се обезбедени со донација на Назиф Изаири од Боговиње. Со теренско возило на планинарот Али Ислами од ПК Тетово, стаклата се однесоа од градот до кота 2.445 метри надморска височина. Потоа од таму до врвот ги носевме на грб. Трошоци за други материјали, алати, штрафови, надомест за гориво се од Федерацијата за планинарски спортови“, информираше Зија Јонузовски, секретар во ПК Аргент Монт.
Планинарите по носењето на материјалите, самите ги поставле стаклата на прозорците. Извршена е санација и на дел од рамовите од прозорците, како и други поправки низ кулата.
Поставивме 11 стакла на прозорците, еден остана резерва. Сега се санирани последиците од вандализмот. Искршените делови од патосот на вториот кат се заменети со нова шпер плочи и се поставени и нови алуминиумски фолии. Успешно е поправена и една метална клупа и ставена во употреба додека една метална клупа и металната маса се целосно оштетени и не можат да се поправат. Со претходни акции сите отпадоци од вандализмот се очистени. Преостанува со следни акции да се очистат опожарените и зачадени ѕидови со специјални средства“, потенцира Зија Јонузовски.
Планинарите апелираат во иднина да не се оштетува Кулата, да не се пишуваат графити затоа што веќе е препознатлив објект кај планинарите од цела Европа и се повеќе е користена за засолнување и престој. Планинарската кула на Титов врв од 2021 година по реновирањето е внесена во Европската електронска мапа на планинарски заслони и лесно се пронаоѓа преку современите мобилни апликации. Планинарите од Аргентус Монт од 2016 година постојано работат на обновување на планинарската кула.  

The post Планинари на грб носеа стакла за да се обноват оштетените прозорци во кулата на Титов Врв appeared first on Република.

]]>
Планинари изодија 42 километра по Кожуф планина во чест на Илинден https://republika.mk/vesti/makedonija/planinari-izodija-42-kilometra-po-kozhuf-planina-vo-chest-na-ilinden/ Sun, 30 Jul 2023 10:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=666873

Повеќемина планинари, изодија 42 километри од Бошавска трансверзала, во чест на празникот Илинден. Ним им се приклучија и неколкумина велосипедисти. Планинарот Дарко Најдов, организатор на акцијата, информираше дека целта е промоција на здравиот начин на живот, алтернативниот туризам и убавините на Бошавијата, во пазувите на Кожуф планина.

Тој нагласи дека со старт од детското одмаралиште Михајлово и финиш во село Горна Бошава, Бошавската трансверзала се вбројува во една од најдолгите планинарски тури што се организираат во државата.

Илинден е голем македонски празник, кога се потсетуваме на историското Илинденско востание. Истовремено, на верскиот празник Свети Илија е селска слава во кавадаречките села Горна и Долна Бошава. Сакајќи да го одбележиме значењето на Илинден во свеста на нашиот народ, по вторпат беше изодена оваа трансверзала, настан за кој се надеваме дека ќе стане традиција. Ги искачивме врвовите на Кожуф, Дудица, Порта и Греда, во срцето на планината. Падините, реките, шумите и чистиот планински воздух измешан со континентална и медитеранска клима, никого не оставаат рамнодушен. Затоа е убаво да се доживее природата во овој еколошки крај, нагласува Најдов за МИА.

Тој додава дека радува на фактот што расте бројот на лицата кои сакаат да престојуваат во природа, а зголемен е интересот кај младите, за вакви и слични активности. Истовремено, се заблагодарува на компаниите што поддржуваат планинарски акции.

The post Планинари изодија 42 километра по Кожуф планина во чест на Илинден appeared first on Република.

]]>

Повеќемина планинари, изодија 42 километри од Бошавска трансверзала, во чест на празникот Илинден. Ним им се приклучија и неколкумина велосипедисти. Планинарот Дарко Најдов, организатор на акцијата, информираше дека целта е промоција на здравиот начин на живот, алтернативниот туризам и убавините на Бошавијата, во пазувите на Кожуф планина. Тој нагласи дека со старт од детското одмаралиште Михајлово и финиш во село Горна Бошава, Бошавската трансверзала се вбројува во една од најдолгите планинарски тури што се организираат во државата.
Илинден е голем македонски празник, кога се потсетуваме на историското Илинденско востание. Истовремено, на верскиот празник Свети Илија е селска слава во кавадаречките села Горна и Долна Бошава. Сакајќи да го одбележиме значењето на Илинден во свеста на нашиот народ, по вторпат беше изодена оваа трансверзала, настан за кој се надеваме дека ќе стане традиција. Ги искачивме врвовите на Кожуф, Дудица, Порта и Греда, во срцето на планината. Падините, реките, шумите и чистиот планински воздух измешан со континентална и медитеранска клима, никого не оставаат рамнодушен. Затоа е убаво да се доживее природата во овој еколошки крај, нагласува Најдов за МИА.
Тој додава дека радува на фактот што расте бројот на лицата кои сакаат да престојуваат во природа, а зголемен е интересот кај младите, за вакви и слични активности. Истовремено, се заблагодарува на компаниите што поддржуваат планинарски акции.

The post Планинари изодија 42 километра по Кожуф планина во чест на Илинден appeared first on Република.

]]>
Планинарите од „Калин Камен“ се искачија на врвот Китка https://republika.mk/zivot/patuvanja/planinarite-od-kalin-kamen-se-iskachija-na-vrvot-kitka/ Sun, 11 Jun 2023 18:28:36 +0000 https://republika.mk/?p=650225

Петнаесет планинари од Планинарско-спортскиот клуб „Калин Камен“ од Крива Паланка денеска се искачија на врвот Китка на Козјак Планина, учествувајќи во акцијата по повод десетгодишниот јубилеј на ПСК „Козјак“ од Куманово.

Ни беше големо задоволство да бидеме дел од акцијата за искачување на Китка по повод десеттиот роденден на нашите соработници и пријатели од клубот „Козјак“, а симболично искачувањето беше на истоимената планина Козјак. Со петнаесетчлена група во која учествуваше и нашиот највозрасен член, 76-годишниот Стојанче Костовски, бевме дел од вкупно стотина планинари од земјава и соседна Република Србија, што на овој роденденски ден се искачивме низ високата трева и прекрасните падини на Козјак украсени со планински цвеќиња, рече Алена Милковска, претседателка на планинарско спортски клуб „Калин Камен“.

Милковска упати апел до помладите, но и останати што се љубители на планината, да се информираат за тековните активности на клубот и да планинарат, особено поради бројните психо-физички и здравствени придобивки од планинарењето.

Бројни научни студии потврдуваат дека со пешачење низ шума се чистат умот, телото и душата, а науката откри дека пешачењето и планинарењето го менуваат мозокот на подобро. Чувството на смиреност и задоволство што ве придружуваат во времето поминато на отворено, пешачење во природа, ги редуцира стресот и негативните мисли, додава Милковска.

Следната акција во организација на ЗПСК "Калин Камен" е кон крајот на месецот, искачување на Шар Планина, Врв Лешница или Плат

The post Планинарите од „Калин Камен“ се искачија на врвот Китка appeared first on Република.

Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите https://republika.mk/vesti/svet/lavina-zatrupa-21-planinar-na-himalaite-2/ Tue, 04 Oct 2022 15:06:40 +0000 https://republika.mk/?p=557297

Група од 21 планинар исчезна на индиските Хималаи откако ги зароби лавина на северот на Индија, соопштија денес за официјални лица.
На планинскиот врв кој се наоѓа во синџирот Гаготри на Хималаите група од 29 луѓе беше погодена од лавина.

Спасителите од снегот извлекоа осум планинари, а за преостанатите 21 планинар уште се трага. Сите исчезнати биле на обука во планинарскиот инсититут, но далеку од местото на лавината, изјави шефот на полициката на Утараканда Ашок Кумар, пренесе АП.

Највисокиот избран службеник на државата Утарканд Пушкар Стинг Дами рече дека националните сили за регирање при катастрофи и индиската војска распоредиле тимови да помогнат во напорите за спасување,пренесе Ројтерс.

Индиските воздухопловни сили распоредиле два хеликоптери во потрага за исчезнатите.

Лавините се вообичаени во планинските области на Утарканд. Минатата година пукањето на глечери во државата резултираше со бујна поплава во која загинаа повеќе од 200 луѓе.

The post Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите appeared first on Република.

]]>

Група од 21 планинар исчезна на индиските Хималаи откако ги зароби лавина на северот на Индија, соопштија денес за официјални лица. На планинскиот врв кој се наоѓа во синџирот Гаготри на Хималаите група од 29 луѓе беше погодена од лавина. Спасителите од снегот извлекоа осум планинари, а за преостанатите 21 планинар уште се трага. Сите исчезнати биле на обука во планинарскиот инсититут, но далеку од местото на лавината, изјави шефот на полициката на Утараканда Ашок Кумар, пренесе АП. Највисокиот избран службеник на државата Утарканд Пушкар Стинг Дами рече дека националните сили за регирање при катастрофи и индиската војска распоредиле тимови да помогнат во напорите за спасување,пренесе Ројтерс. Индиските воздухопловни сили распоредиле два хеликоптери во потрага за исчезнатите. Лавините се вообичаени во планинските области на Утарканд. Минатата година пукањето на глечери во државата резултираше со бујна поплава во која загинаа повеќе од 200 луѓе.

The post Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите appeared first on Република.

]]>
Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/lavina-zatrupa-21-planinar-na-himalaite/ Tue, 04 Oct 2022 13:19:27 +0000 https://republika.mk/?p=557269

Група од 21 планинар се водат за исчезнати на индиските Хималаи кога беа заробени од лавина во северна Индија, соопштија денеска официјални лица.

На планински врв лоциран во масивот Ганготри на Хималаите група од 29 луѓе беше погодена од лавина.

Спасувачите од снегот извлекоа осум планинари, а потрагата по преостанатите 21 сè уште трае, изјави началникот на полицијата во Утараханд, Ашок Кумар, пренесува АП.

Највисокиот избран функционер на државата Утараханд, Пушкар Синг Дами, рече дека Националните сили за одговор при катастрофи и индиската армија распоредиле тимови за да помогнат во спасувачките напори, објави „Ројтерс“.

Индиските воздухопловни сили распоредија два хеликоптера во потрага по исчезнатите.

Лавините се вообичаени во планинските области на Утараханд. Минатата година пукна глечер, што резултира со поплава, во која загинаа повеќе од 200 луѓе.

The post Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите appeared first on Република.

]]>

Група од 21 планинар се водат за исчезнати на индиските Хималаи кога беа заробени од лавина во северна Индија, соопштија денеска официјални лица. На планински врв лоциран во масивот Ганготри на Хималаите група од 29 луѓе беше погодена од лавина. Спасувачите од снегот извлекоа осум планинари, а потрагата по преостанатите 21 сè уште трае, изјави началникот на полицијата во Утараханд, Ашок Кумар, пренесува АП. Највисокиот избран функционер на државата Утараханд, Пушкар Синг Дами, рече дека Националните сили за одговор при катастрофи и индиската армија распоредиле тимови за да помогнат во спасувачките напори, објави „Ројтерс“. Индиските воздухопловни сили распоредија два хеликоптера во потрага по исчезнатите. Лавините се вообичаени во планинските области на Утараханд. Минатата година пукна глечер, што резултира со поплава, во која загинаа повеќе од 200 луѓе.  

The post Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите appeared first on Република.

]]>
150 планинари заглавени во хотел Молика, патот завеан од снег нема кој да го исчисти https://republika.mk/vesti/makedonija/150-planinari-zaglaveni-vo-hotel-molika-patot-zavean-od-sneg-nema-koj-da-go-ischisti/ Sun, 27 Feb 2022 15:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=464768

150 планинари од Македонија, Србија и Бугарија се заглавени во хотелот Молика на Пелистер и не можат да тргнат за дома, затоа што велат патот на Пелистер не е исчитен од снегот кој интензивно врне.

 Тие вчера се искачуваа на врвот Неолица, на маршот посветен на Февруарскиот поход, а експедицијата е во организација на друштвото за планинанрски спортови Лисец од Штип.

Иако велат утрово им било ветено  од надлежните, дека патот  до хотел Молика ќе биде исчистен, сепак, до попладнево патниот правец се уште е затрупан во снег.

The post 150 планинари заглавени во хотел Молика, патот завеан од снег нема кој да го исчисти appeared first on Република.

Во Грција пронајдени телата на тројца планинари, загинале во лавина https://republika.mk/vesti/balkan/vo-grcija-pronajdeni-telata-na-trojca-planinari-zaginale-vo-lavina/ Sun, 06 Feb 2022 21:11:53 +0000 https://republika.mk/?p=454846

Грчката противпожарна служба соопшти дека се пронајдени телата на тројца планинари кои се воделе како исчезнати.

Тројцата планинари на возраст меѓу 50 и 55 години во саботата наутро тргнале да се искачат на планината Хелмос, висока 2.355 метри, на Пелопонез, во југозападна Грција, објави АП.

Тие го паркирале својот автомобил кај ски-центарот Калаврита, во близина на истоимениот град и оставиле телефонски број за контакт на операторите од одморалиштето.

Операторите за локалните медиуми изјавиле дека синоќа ги алармирале спасувачките служби, кога забележале дека автомобилот и натаму е на паркингот.

Обидите да се јават на бројот за контакт биле неуспешни.

Спасувачката служба активирала специјална единица за спасување, 22 пожарникара, два хеликоптера и оператори со дронови. Кацига и јакна биле пронајдени попладнево, а неколку часа подоцна и три тела.

Локалните медиуми објавија дека тројцата најверојатно биле затрупани од лавина.

The post Во Грција пронајдени телата на тројца планинари, загинале во лавина appeared first on Република.

]]>

Грчката противпожарна служба соопшти дека се пронајдени телата на тројца планинари кои се воделе како исчезнати.
Тројцата планинари на возраст меѓу 50 и 55 години во саботата наутро тргнале да се искачат на планината Хелмос, висока 2.355 метри, на Пелопонез, во југозападна Грција, објави АП.
Тие го паркирале својот автомобил кај ски-центарот Калаврита, во близина на истоимениот град и оставиле телефонски број за контакт на операторите од одморалиштето. Операторите за локалните медиуми изјавиле дека синоќа ги алармирале спасувачките служби, кога забележале дека автомобилот и натаму е на паркингот. Обидите да се јават на бројот за контакт биле неуспешни. Спасувачката служба активирала специјална единица за спасување, 22 пожарникара, два хеликоптера и оператори со дронови. Кацига и јакна биле пронајдени попладнево, а неколку часа подоцна и три тела. Локалните медиуми објавија дека тројцата најверојатно биле затрупани од лавина.

The post Во Грција пронајдени телата на тројца планинари, загинале во лавина appeared first on Република.

]]>
Спаувачката акција на Шар Планина со среќен крај: Пронајдени повредените планинари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/spauvachkata-akcija-na-shar-planina-so-srekjen-kraj-pronajdeni-povredenite-planinari/ Sun, 30 Jan 2022 18:20:49 +0000 https://republika.mk/?p=451652

Успешно се пронајдени и спасувани планинарите од страна на Екипите за брз одговор за спасување од планина при Дирекцијата за заштита и спасување.

Еден од планинарите бил повреден на кој му е извршено брзо интервирање на коленото. Екипите на Дирекцијата за заштита и спасување заедно со планинарите се упатени кон с. Вешале, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Денеска околу 15:00 часот било пријавено дека двајца планинари од Скопје се повредени некаде над с. Вешала, Кобилица на Шар Планина во близина на границата со Косово.

The post Спаувачката акција на Шар Планина со среќен крај: Пронајдени повредените планинари appeared first on Република.