пица Archives - Република https://republika.mk/tema/pica/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 11:44:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пица Archives - Република https://republika.mk/tema/pica/ 32 32 Сите се враќале по пицата со број 40: Германската полиција упаднала во пицерија која со храната служела и кокаин https://republika.mk/vesti/svet/site-se-vrakale-po-pitsata-so-broj-40-germanskata-politsija-upadnala-vo-pitserija-koja-sluzhela-kokain-so-pitsata/ Tue, 22 Oct 2024 11:41:51 +0000 https://republika.mk/?p=829803

Германската полиција упаднала во пицерија во Дизелдорф во која заедно со еден вид пица се служел и кокаин, а директорот на локалната полиција рекол дека токму таа нарачка под број 40 била најбарана на менито, објавија денеска германските медиуми. Полицискиот службеник Михаел Граф фон Молтке изјави дека првпат добиле пријава во март од инспектор за храна кој се сомневал дека нешто необично се случува во пицеријата, пренесе „АП“.

Кога членовите на агенцијата за наркотици почнале да го надгледуваат ресторанот, набрзо откриле зошто пицата со број 40 била толку популарна. Во моментот кога полицијата заѕвонила на вратата од станот на сопственикот на пицеријата, 36-годишниот маж, наводно, фрлил вреќа со дрога низ прозорецот, која паднала право во рацете на полицијата, соопшти полициската управа во Дизелдорф.

Полицајците заплениле 1,6 килограми кокаин, 400 грама канабис и 268.000 евра во кеш. Менаџерот на ресторанот набрзо бил ослободен од притвор, само за повторно да ја отвори пицеријата и да продолжи да служи кокаин со пица број 40, што им дало можност на истражителите уште подобро да го запознаат синџирот на снабдување со дрога.

По неколку недели, околу 150 полицајци спроведоа акција со која беше разбиен целиот синџир за снабдување со дрога во западниот дел на Германија, уапсија тројца осомничени, меѓу кои и 22-годишниот шеф на операцијата, и ги пребараа домовите и деловните објекти. простории на уште 12 осомничени.

Како што јави АП, за време на операцијата полицијата открила две плантажи со канабис во блиските градови Менхенгладбах и Солинген, а нашла и ладно оружје, пари и скапи часовници. Сопственикот на пицеријата бил уапсен кога се обидел да побегне во странство и сега е во притвор. Имињата на осомничените не се објавени во согласност со германските правила за приватност. Полицијата не соопшти колку пицеријата наплатувала за својата „специјална нарачка“, пренесува „Танјуг“.

The post Сите се враќале по пицата со број 40: Германската полиција упаднала во пицерија која со храната служела и кокаин appeared first on Република.

]]>

Германската полиција упаднала во пицерија во Дизелдорф во која заедно со еден вид пица се служел и кокаин, а директорот на локалната полиција рекол дека токму таа нарачка под број 40 била најбарана на менито, објавија денеска германските медиуми. Полицискиот службеник Михаел Граф фон Молтке изјави дека првпат добиле пријава во март од инспектор за храна кој се сомневал дека нешто необично се случува во пицеријата, пренесе „АП“. Кога членовите на агенцијата за наркотици почнале да го надгледуваат ресторанот, набрзо откриле зошто пицата со број 40 била толку популарна. Во моментот кога полицијата заѕвонила на вратата од станот на сопственикот на пицеријата, 36-годишниот маж, наводно, фрлил вреќа со дрога низ прозорецот, која паднала право во рацете на полицијата, соопшти полициската управа во Дизелдорф. Полицајците заплениле 1,6 килограми кокаин, 400 грама канабис и 268.000 евра во кеш. Менаџерот на ресторанот набрзо бил ослободен од притвор, само за повторно да ја отвори пицеријата и да продолжи да служи кокаин со пица број 40, што им дало можност на истражителите уште подобро да го запознаат синџирот на снабдување со дрога. По неколку недели, околу 150 полицајци спроведоа акција со која беше разбиен целиот синџир за снабдување со дрога во западниот дел на Германија, уапсија тројца осомничени, меѓу кои и 22-годишниот шеф на операцијата, и ги пребараа домовите и деловните објекти. простории на уште 12 осомничени. Како што јави АП, за време на операцијата полицијата открила две плантажи со канабис во блиските градови Менхенгладбах и Солинген, а нашла и ладно оружје, пари и скапи часовници. Сопственикот на пицеријата бил уапсен кога се обидел да побегне во странство и сега е во притвор. Имињата на осомничените не се објавени во согласност со германските правила за приватност. Полицијата не соопшти колку пицеријата наплатувала за својата „специјална нарачка“, пренесува „Танјуг“.

The post Сите се враќале по пицата со број 40: Германската полиција упаднала во пицерија која со храната служела и кокаин appeared first on Република.

]]>
Најмногу во Унгарија: Лани пиците поскапеле ширум ЕУ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/najmnogu-vo-ungarija-lani-pitsite-poskapele-shirum-eu/ Sat, 10 Feb 2024 13:25:43 +0000 https://republika.mk/?p=742491

Во декември 2023 година цените на пиците во ЕУ биле за 5,9 отсто повисоки отколку во истиот месец претходната година, кога овој традиционален италијански специјалитет бил за 15,9 проценти бил поскап во споредба со последниот месец во 2021 година, соопшти Европската статистичка агенција, Евростат по повод Националниот ден на пицата - 9 февруари.

Пиците лани во декември најмногу поскапеле во Унгарија и тоа за 13,4 отсто, по што следат Луксембург каде што цените на овој специјалитет се зголемиле за 11,3% и Летонија за 10,6 проценти.

Единствената држава во Унијата каде што пиците поевтиниле на годишно ниво и тоа за 0,9 отсто е Холандија.

Пред Холандија, на самото дно на листата се Данска каде пиците поскапеле за само 0,6 проценти и Белгија за 1 отсто.

The post Најмногу во Унгарија: Лани пиците поскапеле ширум ЕУ appeared first on Република.

]]>

Во декември 2023 година цените на пиците во ЕУ биле за 5,9 отсто повисоки отколку во истиот месец претходната година, кога овој традиционален италијански специјалитет бил за 15,9 проценти бил поскап во споредба со последниот месец во 2021 година, соопшти Европската статистичка агенција, Евростат по повод Националниот ден на пицата - 9 февруари. Пиците лани во декември најмногу поскапеле во Унгарија и тоа за 13,4 отсто, по што следат Луксембург каде што цените на овој специјалитет се зголемиле за 11,3% и Летонија за 10,6 проценти. Единствената држава во Унијата каде што пиците поевтиниле на годишно ниво и тоа за 0,9 отсто е Холандија. Пред Холандија, на самото дно на листата се Данска каде пиците поскапеле за само 0,6 проценти и Белгија за 1 отсто.

The post Најмногу во Унгарија: Лани пиците поскапеле ширум ЕУ appeared first on Република.

]]>
Кобна пица во италијански ресторан: Жената починала од труење, мажот се бори за живот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kobna-pitsa-vo-italijanski-restoran-zhenata-pochinala-od-truene-mazhot-se-bori-za-zhivot/ Wed, 01 Nov 2023 16:08:33 +0000 https://republika.mk/?p=697163

Италијански пар отишол на пица во локален ресторан, следниот ден им се слошило, а целата ситуација завршила со смртен случај, објавуваат медиумите во таа земја.

46-годишната жена починала во вторникк наутро во болница, а нејзиниот 52-годишниот сопруг е хоспитализран и е во критична состојба. Според истражувањата, кобен бил ботулинот во маслото зачинето со чили пиперка.

Според пишувањата, двајцата имале главоболка, силни грчеви и повраќале и поради тоа итно биле хоспитализарни.

Обвинителството покренало истрага, а како најверојатна причина за труењето се наведува ботулин, токсин кој го лачи анаеробната бактерија Clostridium botulinum. Најчест начин на зараза е конзумирање на заразена храна, а смртоносен е бидејќи предизвикува парализа на мускулите.

 

The post Кобна пица во италијански ресторан: Жената починала од труење, мажот се бори за живот appeared first on Република.

]]>

Италијански пар отишол на пица во локален ресторан, следниот ден им се слошило, а целата ситуација завршила со смртен случај, објавуваат медиумите во таа земја. 46-годишната жена починала во вторникк наутро во болница, а нејзиниот 52-годишниот сопруг е хоспитализран и е во критична состојба. Според истражувањата, кобен бил ботулинот во маслото зачинето со чили пиперка. Според пишувањата, двајцата имале главоболка, силни грчеви и повраќале и поради тоа итно биле хоспитализарни. Обвинителството покренало истрага, а како најверојатна причина за труењето се наведува ботулин, токсин кој го лачи анаеробната бактерија Clostridium botulinum. Најчест начин на зараза е конзумирање на заразена храна, а смртоносен е бидејќи предизвикува парализа на мускулите.  

The post Кобна пица во италијански ресторан: Жената починала од труење, мажот се бори за живот appeared first on Република.

]]>
Пица „против комарци“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pitsa-protiv-komartsi/ Fri, 07 Jul 2023 10:32:41 +0000 https://republika.mk/?p=658901

Летото е синоним за одмор, долги седенки и закуски надвор навечер, но според многумина, тоа е и сезона на едно од најдосадните суштества нa светот - комарците.

Затоа, синџирoт ресторани „Пица пица“ (Pizza Pizza) со седиште во Торонто, Онтарио, Канада, осмисли пица „против комарци“... Важно за напоменување - „Buzz Off Pizza“ не е зачинета со средства против инсекти. Но, за вкусот ќе мора да се има добро извежбан стомак, пишува „Нови лист“.

 Долгите викенди се важни, а Канаѓаните знаат дека комарците може да ја расипат забавата. „Buzz Off Pizza“ е одличен начин да се осигурате дека сите ќе имаат одличен викенд и гозби со пица... Освен комарците!, изјави Адријан Фуоко, потпретседател за маркетинг на „Пица пица“.

Рецептот содржи лук, домати, лути пиперки и кромид, состојки што е познато дека ги одвраќаат комарците.

The post Пица „против комарци“ appeared first on Република.

]]>

Летото е синоним за одмор, долги седенки и закуски надвор навечер, но според многумина, тоа е и сезона на едно од најдосадните суштества нa светот - комарците. Затоа, синџирoт ресторани „Пица пица“ (Pizza Pizza) со седиште во Торонто, Онтарио, Канада, осмисли пица „против комарци“... Важно за напоменување - „Buzz Off Pizza“ не е зачинета со средства против инсекти. Но, за вкусот ќе мора да се има добро извежбан стомак, пишува „Нови лист“.
 Долгите викенди се важни, а Канаѓаните знаат дека комарците може да ја расипат забавата. „Buzz Off Pizza“ е одличен начин да се осигурате дека сите ќе имаат одличен викенд и гозби со пица... Освен комарците!, изјави Адријан Фуоко, потпретседател за маркетинг на „Пица пица“.
Рецептот содржи лук, домати, лути пиперки и кромид, состојки што е познато дека ги одвраќаат комарците.

The post Пица „против комарци“ appeared first on Република.

]]>
Пица стара 2.000 години: Во Помпеја е откриена фреска на која е насликан познатиот италијански специјалитет https://republika.mk/vesti/svet/pitsa-stara-2-000-godini-vo-pompeja-e-otkriena-freska-na-koja-e-naslikan-poznatiot-italijanski-spetsijalitet/ Mon, 03 Jul 2023 09:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=657613

Археолозите претпоставуваат дека на една впечатлива фреска, пронајдена меѓу урнатините на римскиот град Помпеја, најверојатно е насликан првиот приказ на пица, пишува „Гардијан“.

Тие забележале дека, на ова добро познато италијанско јадење му недостасуваат двете основни состојки - доматен сос и моцарела, а вклучува една работа која наликува на ананас.

Фото: Instagram/ pompeiiparcoarcheologico

Фреската датира од пред 2.000 години, а е откриена за време на ископувањата на просторот Реџо IX на археолошкиот локалитет во Помпеја, блиску до Неапол, родното место на пицата.

Археолозите претпоставуваат дека оваа фреска била насликана на ѕид од ходникот на една куќа во која имало и пекара. На неа се прикажани тркалезен леб - фокача, на сребрен послужавник како и разни овошја, меѓу кои калинка и урма. Се претпоставува дека лебот бил зачинет, намачкан со намаз од сирење и тревки, познат деликатес што старите Римјани постојано го јаделе.

Фото: Instagram/ pompeiiparcoarcheologico

Ваквите фрески биле широко распространети во домовите на античка Помпеја и соседниот Херкуланум, кои биле уништени во 79 година н.е, од катастрофалната ерупција на вулканот Везув.

Директорот на археолошкиот парк Помпеја, Габриел Цухтригел, вели дека фреската го одразува контрастот помеѓу „штедливиот и едноставен оброк“ и „префинетоста и луксузот“, во времето на Римјаните.

Како што е познато, Неапол е домот на маргаритата, традиционална пица која се состои од едноставна мешавина од домати, моцарела, свеж босилек и екстра девствено маслиново масло.

Свое мислење дал и Џино Сорбило, сопственик на една од најстарите пицерии во Неапол, кој е убеден дека се работи за веродостоен приказ на италијанска пица.

Во античка Помпеја е познато дека постоеле облици на рамно лепче, направено со зрна, вода, сол и можеби пиво наместо квасец. Тогаш, на тестото за древната форма на пица му додавале зеленчук или риба“, рекол тој.

The post Пица стара 2.000 години: Во Помпеја е откриена фреска на која е насликан познатиот италијански специјалитет appeared first on Република.

]]>

Археолозите претпоставуваат дека на една впечатлива фреска, пронајдена меѓу урнатините на римскиот град Помпеја, најверојатно е насликан првиот приказ на пица, пишува „Гардијан“. Тие забележале дека, на ова добро познато италијанско јадење му недостасуваат двете основни состојки - доматен сос и моцарела, а вклучува една работа која наликува на ананас. Фото: Instagram/ pompeiiparcoarcheologico Фреската датира од пред 2.000 години, а е откриена за време на ископувањата на просторот Реџо IX на археолошкиот локалитет во Помпеја, блиску до Неапол, родното место на пицата. Археолозите претпоставуваат дека оваа фреска била насликана на ѕид од ходникот на една куќа во која имало и пекара. На неа се прикажани тркалезен леб - фокача, на сребрен послужавник како и разни овошја, меѓу кои калинка и урма. Се претпоставува дека лебот бил зачинет, намачкан со намаз од сирење и тревки, познат деликатес што старите Римјани постојано го јаделе. Фото: Instagram/ pompeiiparcoarcheologico Ваквите фрески биле широко распространети во домовите на античка Помпеја и соседниот Херкуланум, кои биле уништени во 79 година н.е, од катастрофалната ерупција на вулканот Везув. Директорот на археолошкиот парк Помпеја, Габриел Цухтригел, вели дека фреската го одразува контрастот помеѓу „штедливиот и едноставен оброк“ и „префинетоста и луксузот“, во времето на Римјаните. Како што е познато, Неапол е домот на маргаритата, традиционална пица која се состои од едноставна мешавина од домати, моцарела, свеж босилек и екстра девствено маслиново масло. Свое мислење дал и Џино Сорбило, сопственик на една од најстарите пицерии во Неапол, кој е убеден дека се работи за веродостоен приказ на италијанска пица.
Во античка Помпеја е познато дека постоеле облици на рамно лепче, направено со зрна, вода, сол и можеби пиво наместо квасец. Тогаш, на тестото за древната форма на пица му додавале зеленчук или риба“, рекол тој.

The post Пица стара 2.000 години: Во Помпеја е откриена фреска на која е насликан познатиот италијански специјалитет appeared first on Република.

]]>
Подобро е да изедете пица одошто секој ден да јадете житарки https://republika.mk/zivot/zdravje/podobro-e-da-izedete-pitsa-odoshto-sekoj-den-da-jadete-zhitarki/ Sun, 19 Mar 2023 20:59:11 +0000 https://republika.mk/?p=621346

Доколку и вие спаѓате во групата луѓе што сметаат дека житарките се еден од најздравите појадоци, се лажете!

Житарките за многумина се најчестиот избор за појадок, како поради тоа што се приготвуваат многу брзо така и поради општоприфатеното мислење дека се здрави. Меѓутоа, нутриционистите сметаат дека повеќето житарки се толку хранливи што, всушност, подобро да изедете парче пица.

Имено, тие истакнуваат дека едно просечно парче пица и порција житарки содржат речиси ист број калории, но додаваат дека пицата дури содржи и извесен број протеини, што подолго време ќе ве држат сити.

Нутриционистката Челси Ејмер додава и дека пицата содржи повеќе масти, а помалку шеќер од повеќето житарки кои може да се најдат во продавниците, па така пицата нема да ви предизвика ненадеен скок на шеќерот.

Секако, ова не значи дека секое утро треба да појадувате пица!

„Добрата работа во врска со пицата, во споредба со многу житарки што може да се најдат во продавниците, е тоа што таа содржи балансирана количина на протеини, масти и јаглехидрати. Житарките, од друга страна, генерално содржат премногу шеќер“, вели нутриционистот Сајмон Јуркив.

Сајмон препорачува да го започнете денот со оброк што содржи балансирана количина на здрави масти, влакна, сложени јаглехидрати и протеини. Таков пример е овесната каша, но ако додадете лажица путер од кикирики во неа.

The post Подобро е да изедете пица одошто секој ден да јадете житарки appeared first on Република.

]]>

Доколку и вие спаѓате во групата луѓе што сметаат дека житарките се еден од најздравите појадоци, се лажете! Житарките за многумина се најчестиот избор за појадок, како поради тоа што се приготвуваат многу брзо така и поради општоприфатеното мислење дека се здрави. Меѓутоа, нутриционистите сметаат дека повеќето житарки се толку хранливи што, всушност, подобро да изедете парче пица. Имено, тие истакнуваат дека едно просечно парче пица и порција житарки содржат речиси ист број калории, но додаваат дека пицата дури содржи и извесен број протеини, што подолго време ќе ве држат сити. Нутриционистката Челси Ејмер додава и дека пицата содржи повеќе масти, а помалку шеќер од повеќето житарки кои може да се најдат во продавниците, па така пицата нема да ви предизвика ненадеен скок на шеќерот. Секако, ова не значи дека секое утро треба да појадувате пица!
„Добрата работа во врска со пицата, во споредба со многу житарки што може да се најдат во продавниците, е тоа што таа содржи балансирана количина на протеини, масти и јаглехидрати. Житарките, од друга страна, генерално содржат премногу шеќер“, вели нутриционистот Сајмон Јуркив.
Сајмон препорачува да го започнете денот со оброк што содржи балансирана количина на здрави масти, влакна, сложени јаглехидрати и протеини. Таков пример е овесната каша, но ако додадете лажица путер од кикирики во неа.

The post Подобро е да изедете пица одошто секој ден да јадете житарки appeared first on Република.

]]>
Чини околу 10.000 евра, а се подготвува 72 часа: Италијански шеф ја прави најскапата пица во светот https://republika.mk/zivot/patuvanja/chini-okolu-10-000-evra-a-se-podgotvuva-72-chasa-italijanski-shef-ja-pravi-najskapata-pica-vo-svetot/ Mon, 15 Aug 2022 10:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=540461

Најскапата пица во светот чини повеќе од 10.000 евра и се прави во Италија… Може да се нарача во крајбрежниот град Салерно.

Пицата е наречена „Луј Тринаесетти“, а рецептот е на готвачот Ренато Виола. Дијаметарот на порцијата е 20 сантиметри, а направена е од специјални состојки…

Тестото се прави со органско брашно Арабија и се посипува со розова сол од реката Мареј во југоисточна Австралија. Потоа се додаваат три вида кавијар – „Осиетра ројал престиж“, „Каспија осиетра ројал класик“ од Иран, „Каспија белуга“ и седум вида сирење.

За да се подготви оваа пица потребни се 72 часа.

Се разбира, има и други состојки. Најскапи се јастозите прекриени со коњак „Луј Тринаесетти“, којшто пак, вообичаено тешко се наоѓа на пазарот - вели Виола.

Пицата „Луј Тринаесетти“ се служи со шампањ „Круг кло ду меснил“ или со ликер „Карта реал санчез ромат финос“.

The post Чини околу 10.000 евра, а се подготвува 72 часа: Италијански шеф ја прави најскапата пица во светот appeared first on Република.

]]>

Најскапата пица во светот чини повеќе од 10.000 евра и се прави во Италија… Може да се нарача во крајбрежниот град Салерно. Пицата е наречена „Луј Тринаесетти“, а рецептот е на готвачот Ренато Виола. Дијаметарот на порцијата е 20 сантиметри, а направена е од специјални состојки… Тестото се прави со органско брашно Арабија и се посипува со розова сол од реката Мареј во југоисточна Австралија. Потоа се додаваат три вида кавијар – „Осиетра ројал престиж“, „Каспија осиетра ројал класик“ од Иран, „Каспија белуга“ и седум вида сирење. За да се подготви оваа пица потребни се 72 часа.
Се разбира, има и други состојки. Најскапи се јастозите прекриени со коњак „Луј Тринаесетти“, којшто пак, вообичаено тешко се наоѓа на пазарот - вели Виола.
Пицата „Луј Тринаесетти“ се служи со шампањ „Круг кло ду меснил“ или со ликер „Карта реал санчез ромат финос“.

The post Чини околу 10.000 евра, а се подготвува 72 часа: Италијански шеф ја прави најскапата пица во светот appeared first on Република.

]]>
Претерано: Две пици на хрватското приморје 6.500 денари https://republika.mk/zivot/patuvanja/preterano-dve-pici-na-hratskoto-primorje-6-500-denari/ Mon, 18 Jul 2022 20:17:11 +0000 https://republika.mk/?p=530808

Турист на хрватското приморје ја покажа сметката во една од пекарите. Тој во Хвар купил две големи пици, таканаречени „џамбо“, За тоа платил неверојатни 800 куни што е околу 6500 денари.

Муштеријата веднаш сликата ја објавил на Фејсбук со напомена никогаш да не стапнат во објектот „Рива“.

 

The post Претерано: Две пици на хрватското приморје 6.500 денари appeared first on Република.

]]>

Турист на хрватското приморје ја покажа сметката во една од пекарите. Тој во Хвар купил две големи пици, таканаречени „џамбо“, За тоа платил неверојатни 800 куни што е околу 6500 денари. Муштеријата веднаш сликата ја објавил на Фејсбук со напомена никогаш да не стапнат во објектот „Рива“.  

The post Претерано: Две пици на хрватското приморје 6.500 денари appeared first on Република.

]]>