Петар Мирчевски Archives - Република https://republika.mk/tema/petar-mirchevski/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Jun 2023 15:35:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петар Мирчевски Archives - Република https://republika.mk/tema/petar-mirchevski/ 32 32 Отворено 57. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп https://republika.mk/vesti/kultura/otvoreno-57-izdanie-na-makedonskiot-teatarski-festival-vojdan-chernodrinski-vo-prilep/ Sat, 10 Jun 2023 15:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=649937

Синоќа, на платото пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворено 57. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. На официјалниот дел одлично предвестие беа живите статуи на „Театроск“ и настапот на скомрахите, во изведба на студентите на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) од Скопје.

Актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски, добитници на наградата за животно дело, ѝ се поклонија на прилепската публика. Во емотивните говори тие се заблагодарија на публиката, истакнувајќи дека без неа, тие немале да бидат она што се денес.

Сум рекол многупати, а особено тоа го сфатив кога додека бев уметнички директор на фестивалот, дека прилепчани си го чуваат фестивалот како во кожурец. Сите заедно сте заслужни за оваа голема театарска манифестација која во оваа вечер со голема гордост и успех зачекорува во вториот дел од своето столетие и се надеваме дека сите години ќе бидат волку убави. Или како што рекол Цепенков: Да бидете здрави и живи, да сме здрави дур сме живи, да сме живи дур сме здрави! – рече Темелковски.

[caption id="attachment_649941" align="alignnone" width="1600"] Сите заедно сте заслужни за оваа голема театарска манифестација, рече добитникот на наградата за животно дело, актерот Петар Темелковски[/caption]

Во моите 43-4 години професионална актерска дејност, сум имал можност многупати да настапам на овој Фестивал и најголем впечаток ми останува тоа што публиката што доаѓа знае кога како и каде да реагира. Да не бевте вие, публиката, немаше ниту ние да бидеме тоа што сме. Затоа ве поздравувам, уште долго да трае и на вас публиката длабоко ви се поклонувам, рече Петар Мирчевски.

[caption id="attachment_649940" align="alignnone" width="1067"] Петар Мирчевски: Најголем впечаток ми останува тоа што публиката што доаѓа знае кога како и каде да реагира[/caption]

На свеченото отворање му претходеше отворање на ретката родокрајна изложба на фотографии од важни стари изданија, како и дела од Коле Чашуле, автор во фокус на фестивалот.

„Од првиот момент кога Собранието на фестивалот ме избра за уметнички директор и претседател на собранието, почнав да ја креирам сопствената визија за тоа како сакам овој фестивал да личи. Со фестивалот растев, од фестивалот го учев и засакував театарот, за фестивалот се градев во својата професионална област. За мене Прилеп секогаш ќе биде првата слика за фестивалот и фестивалот ќе биде првата слика за Прилеп. Затоа нема многу да ги користам зборовите, се надевам овие емоции на благодарност ќе дојдат до секој еден од вас што помогна да ја остварам мојата визија. Сите предизвици, несогласувања, прилепскиот инает, емотивниот поетски крик во мене, сериозниот театролог, трпеливоста на професорката, се претопуваат во благодарноста и радоста што сме денес овде“, рече Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот.

Прва претстава од официјалната програма на фестивалот синоќа беше изведена „Нема струја за електричниот стол“ на Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес.

Програма за сабота 10 јуни

Театарот „Војдан Чернодрински“ ќе ја изведе претставата „Мистерија Буфо“ во режија на Андреј Цветановски вечерва во 19.30 часот на нивната матична сцена. Половина час претходно, во холот на Центарот за култура ќе биде отворена изложбата на костими и фотографии на Благој Мицевски, на која ќе бидат изложени костими од претставата „Тартиф“ на Народниот театар од Битола, како и странски проекти.

Актерката Ангела Стојановска во 17 часот, во кафе-бар „Лувр“ ќе го изведе перформансот „Срам“ во продукција на „Тиит! Инк.“, а реализирана во соработка со режисерот Милош Андоновски и драматургот Ева Камчевска.

Денеска во 12 часот е закажана и првата тркалезна маса, на која ќе се разговара со тимот на велешката претстава „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски, со која беше отворен фестивалот.

Во 23 часот следува настапот на студентите од Факултетот за драмски уметности, со нивна дипломска претстава.

Од денеска во рамките на фестивалот е достапна и аудиособа во која публиката може да слушне театарска музика на македонски композитори.

фото: МТФ Војдан Чернодрински

The post Отворено 57. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Синоќа, на платото пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворено 57. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. На официјалниот дел одлично предвестие беа живите статуи на „Театроск“ и настапот на скомрахите, во изведба на студентите на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) од Скопје. Актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски, добитници на наградата за животно дело, ѝ се поклонија на прилепската публика. Во емотивните говори тие се заблагодарија на публиката, истакнувајќи дека без неа, тие немале да бидат она што се денес.
Сум рекол многупати, а особено тоа го сфатив кога додека бев уметнички директор на фестивалот, дека прилепчани си го чуваат фестивалот како во кожурец. Сите заедно сте заслужни за оваа голема театарска манифестација која во оваа вечер со голема гордост и успех зачекорува во вториот дел од своето столетие и се надеваме дека сите години ќе бидат волку убави. Или како што рекол Цепенков: Да бидете здрави и живи, да сме здрави дур сме живи, да сме живи дур сме здрави! – рече Темелковски.
[caption id="attachment_649941" align="alignnone" width="1600"] Сите заедно сте заслужни за оваа голема театарска манифестација, рече добитникот на наградата за животно дело, актерот Петар Темелковски[/caption]
Во моите 43-4 години професионална актерска дејност, сум имал можност многупати да настапам на овој Фестивал и најголем впечаток ми останува тоа што публиката што доаѓа знае кога како и каде да реагира. Да не бевте вие, публиката, немаше ниту ние да бидеме тоа што сме. Затоа ве поздравувам, уште долго да трае и на вас публиката длабоко ви се поклонувам, рече Петар Мирчевски.
[caption id="attachment_649940" align="alignnone" width="1067"] Петар Мирчевски: Најголем впечаток ми останува тоа што публиката што доаѓа знае кога како и каде да реагира[/caption] На свеченото отворање му претходеше отворање на ретката родокрајна изложба на фотографии од важни стари изданија, како и дела од Коле Чашуле, автор во фокус на фестивалот.
„Од првиот момент кога Собранието на фестивалот ме избра за уметнички директор и претседател на собранието, почнав да ја креирам сопствената визија за тоа како сакам овој фестивал да личи. Со фестивалот растев, од фестивалот го учев и засакував театарот, за фестивалот се градев во својата професионална област. За мене Прилеп секогаш ќе биде првата слика за фестивалот и фестивалот ќе биде првата слика за Прилеп. Затоа нема многу да ги користам зборовите, се надевам овие емоции на благодарност ќе дојдат до секој еден од вас што помогна да ја остварам мојата визија. Сите предизвици, несогласувања, прилепскиот инает, емотивниот поетски крик во мене, сериозниот театролог, трпеливоста на професорката, се претопуваат во благодарноста и радоста што сме денес овде“, рече Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот.
Прва претстава од официјалната програма на фестивалот синоќа беше изведена „Нема струја за електричниот стол“ на Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. Програма за сабота 10 јуни Театарот „Војдан Чернодрински“ ќе ја изведе претставата „Мистерија Буфо“ во режија на Андреј Цветановски вечерва во 19.30 часот на нивната матична сцена. Половина час претходно, во холот на Центарот за култура ќе биде отворена изложбата на костими и фотографии на Благој Мицевски, на која ќе бидат изложени костими од претставата „Тартиф“ на Народниот театар од Битола, како и странски проекти. Актерката Ангела Стојановска во 17 часот, во кафе-бар „Лувр“ ќе го изведе перформансот „Срам“ во продукција на „Тиит! Инк.“, а реализирана во соработка со режисерот Милош Андоновски и драматургот Ева Камчевска. Денеска во 12 часот е закажана и првата тркалезна маса, на која ќе се разговара со тимот на велешката претстава „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски, со која беше отворен фестивалот. Во 23 часот следува настапот на студентите од Факултетот за драмски уметности, со нивна дипломска претстава. Од денеска во рамките на фестивалот е достапна и аудиособа во која публиката може да слушне театарска музика на македонски композитори. фото: МТФ Војдан Чернодрински

The post Отворено 57. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп appeared first on Република.

]]>
Актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски се добитници на наградата за животно дело на Фестивалот „Војдан Чернодински“ https://republika.mk/vesti/kultura/akterite-petar-temelkovski-i-petar-mirchevski-se-dobitnitsi-na-nagradata-za-zhivotno-delo-na-festivalot-vojdan-chernodinski/ Mon, 15 May 2023 12:38:46 +0000 https://republika.mk/?p=640994

Со претставата „Инферно“ според Данте Алигиери, а во режија на Дејан Пројковски на театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од Велес која е селектирана во официјалната програма, на 9 јуни ќе се отвори 57. издание на Македонскиот театарскии фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Српско народно позориште од Нови Сад ќе го затвори фестивалот на 16 јуни со претставата „Последниот балкански вампир“ по текст на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски.

Годинашни добитници на наградата за животно дело на Фестивалот се актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски.

Девет претстави во официјална, седум од независна продукција, две од придружна програма и една дипломска претстава ќе бидат дел од програмата на Фестивал „Војдан Чернодрински“ што годинава ќе се одржи од 9 до 16 јуни.

Програмата денеска во Прилеп ја соопшти Ана Стојаноска, директорка и селектор на фестивалот, кој годинава се одржува под мотото „Враќање дома“.

Од 52 одгледани претстави низ целата земја, во периодот од 22 септември 2022 до 10 мај 2023, Стојаноска програмата ја конципираше во четири различни програми: Официјална селекција, ОФФ актива, Независна продукција што игра македонски автори и Видеопрограма.

„Театар: радоста на играта или пркосот на креацијата“ е насловот на концептот што ги обединува избраните претстави.

Понудената слика низ македонските театарски институции покажа неколку важни елементи со кои се соочува денес театарот кај нас. Сликата не е унисона, ниту покажува дека постои сериозна стратегија што треба да е денес театарски идентитет. Најпоразително е тоа што нема интерес за поставување домашни драми. Предизвикот да се селектира програмата за ова издание на фестивалот беше огромен, затоа што сметав дека на најстариот и најзначајниот македонски театарски фестивал треба да се покаже денешната актуелна театарска практика низ еден сериозен концепт. Концепт што ќе ни покаже каде сме и до каде сме и концепт кој треба да нѐ замисли и сериозно да ја наметне потребата да создаваме подобар театар. Во суштина, она што доминира во овој мој избор е креативноста на актерската игра, автентичните режисерски естетики и интересот кон драмската и не само драмска продукција на познатите автори, т.н класици. Добро е што некои од тие класични дела се актуелизирани и контекстуализирани, што мислам дека е важно да се покаже – рече Стојаноска.

[caption id="attachment_640996" align="alignnone" width="1000"] Главните создавачи на македонската театарска практика треба повеќе да се фокусираат на домашните драми, смета Ана Стојаноска, директорка и селекторка на Фестивалот фото: МТФ „Војдан Чернодрински“[/caption]

Глобалната слика на денешната театарска практика покажува дека не постои сериозна репертоарна политика, ниту концепт во кој се развива една театарска институција, истакна во своето образложение на програмата Стојаноска.

Сметам дека главните создавачи на македонската театарска практика треба повеќе да се фокусираат на домашните драми, на актуелната театарска естетика и пред сѐ, секој режисер и директор на театар да го има предвид ансамблот со кој ја создава претставата. Од избраните претстави евидентно е дека недостига претстава работена според драма на македонски автор. За жал, тековната продукција понуди малку претстави од македонска драма, но затоа како уметнички директор го иницирав откупот на драми од македонски автори и повикот за претстави од независната продукција што игра македонски автори.

Во официјалната програма се следниве претстави: „Чудна случка со кучето во ноќта“ од Сајмон Стивенс, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Драмски театар – Скопје, „Бесачи“ од Мартин Мекдона, во режија на Јавор Грдев, продукција на Македонскиот народен театар – Скопје, „Инферно“ според Данте Алигери, во режија на Дејан Пројковски, продукција на НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес, „Мистерија Буфо“ според Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, „Мy name is Medeјa“ според Еврипид, драматизација на Милан Рамшак Марковиќ, во режија на Себастијан Хорват, продукција на Народен театар – Битола, „Три сестри“ од Антон П.Чехов, во режија на Кендрим Ријани, продукција на Албански театар – Скопје, „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, во режија на Софија Ристовска, Народен театар – Охрид, „Роња, ќерката на ограбувачот“ од Астрид Линдгрен, во режија на Јакуб Максимов, Театар за деца и младинци – Скопје, „Женска гардероба“ од Арношт Голдфлам, во режија на Наташа Поплавска, Театар Комедија – Скопје.

Во придружната програма се: „Човек перница“ од Мартин Мекдона, во режија на Сибел Абдиу, продукција на Турски театар – Скопје, „Циркус Пирандело“ според драми од Луиџи Пирандело, адаптација и режија на Бојан Трифуновски, продукција на Народен театар „Антон Панов“ – Струмица.

Независна продукција што игра домашни автори: „Елегија во пет здива“ автор и режисер Филип Петковски, „Заминувања“ – колективно авторство, режија на Драгана Гунин, независна продукција во соработка со Мировна продукција, „Срам“ од Ангела Стојановска, режија на Милош Б.Андоновски, Продукција на „Тииит! Инк“, „Скопјани“ според раскази на Оливера Ќорверзировска и колективно авторство на актерската екипа, режија на Милош Б.Андоновски, „Глум(и)ци“ колективно авторство и режија, продукција на „Артопија“, „Подготвено“ според поезија и проза на Ѓоко Здравески, раскази на Елизабета Баковска, поезија на Блаже Конески и адаптација на сцена од „Трите високи жени“ од Едвард Олби, режија на Дејан Спасовиќ, продукција на „РКЦ РАКАТРАК“,  „Are you crazy? (Улаф сте?)“ автор и режисер Јован Ристовски, продукција на „АТО Центар за современа уметност и култура“ – Битола.

Стојаноска исто така ја најави програмата „Автор во фокус“, што прв пат се воведува на фестивалот. Годинава тоа ќе биде Коле Чашуле (1921-2009), драмски автор, писател, есеист, општествен деец.

The post Актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски се добитници на наградата за животно дело на Фестивалот „Војдан Чернодински“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Инферно“ според Данте Алигиери, а во режија на Дејан Пројковски на театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од Велес која е селектирана во официјалната програма, на 9 јуни ќе се отвори 57. издание на Македонскиот театарскии фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Српско народно позориште од Нови Сад ќе го затвори фестивалот на 16 јуни со претставата „Последниот балкански вампир“ по текст на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски. Годинашни добитници на наградата за животно дело на Фестивалот се актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски. Девет претстави во официјална, седум од независна продукција, две од придружна програма и една дипломска претстава ќе бидат дел од програмата на Фестивал „Војдан Чернодрински“ што годинава ќе се одржи од 9 до 16 јуни. Програмата денеска во Прилеп ја соопшти Ана Стојаноска, директорка и селектор на фестивалот, кој годинава се одржува под мотото „Враќање дома“. Од 52 одгледани претстави низ целата земја, во периодот од 22 септември 2022 до 10 мај 2023, Стојаноска програмата ја конципираше во четири различни програми: Официјална селекција, ОФФ актива, Независна продукција што игра македонски автори и Видеопрограма. „Театар: радоста на играта или пркосот на креацијата“ е насловот на концептот што ги обединува избраните претстави.
Понудената слика низ македонските театарски институции покажа неколку важни елементи со кои се соочува денес театарот кај нас. Сликата не е унисона, ниту покажува дека постои сериозна стратегија што треба да е денес театарски идентитет. Најпоразително е тоа што нема интерес за поставување домашни драми. Предизвикот да се селектира програмата за ова издание на фестивалот беше огромен, затоа што сметав дека на најстариот и најзначајниот македонски театарски фестивал треба да се покаже денешната актуелна театарска практика низ еден сериозен концепт. Концепт што ќе ни покаже каде сме и до каде сме и концепт кој треба да нѐ замисли и сериозно да ја наметне потребата да создаваме подобар театар. Во суштина, она што доминира во овој мој избор е креативноста на актерската игра, автентичните режисерски естетики и интересот кон драмската и не само драмска продукција на познатите автори, т.н класици. Добро е што некои од тие класични дела се актуелизирани и контекстуализирани, што мислам дека е важно да се покаже – рече Стојаноска.
[caption id="attachment_640996" align="alignnone" width="1000"] Главните создавачи на македонската театарска практика треба повеќе да се фокусираат на домашните драми, смета Ана Стојаноска, директорка и селекторка на Фестивалот фото: МТФ „Војдан Чернодрински“[/caption] Глобалната слика на денешната театарска практика покажува дека не постои сериозна репертоарна политика, ниту концепт во кој се развива една театарска институција, истакна во своето образложение на програмата Стојаноска.
Сметам дека главните создавачи на македонската театарска практика треба повеќе да се фокусираат на домашните драми, на актуелната театарска естетика и пред сѐ, секој режисер и директор на театар да го има предвид ансамблот со кој ја создава претставата. Од избраните претстави евидентно е дека недостига претстава работена според драма на македонски автор. За жал, тековната продукција понуди малку претстави од македонска драма, но затоа како уметнички директор го иницирав откупот на драми од македонски автори и повикот за претстави од независната продукција што игра македонски автори.
Во официјалната програма се следниве претстави: „Чудна случка со кучето во ноќта“ од Сајмон Стивенс, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Драмски театар – Скопје, „Бесачи“ од Мартин Мекдона, во режија на Јавор Грдев, продукција на Македонскиот народен театар – Скопје, „Инферно“ според Данте Алигери, во режија на Дејан Пројковски, продукција на НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес, „Мистерија Буфо“ според Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, „Мy name is Medeјa“ според Еврипид, драматизација на Милан Рамшак Марковиќ, во режија на Себастијан Хорват, продукција на Народен театар – Битола, „Три сестри“ од Антон П.Чехов, во режија на Кендрим Ријани, продукција на Албански театар – Скопје, „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, во режија на Софија Ристовска, Народен театар – Охрид, „Роња, ќерката на ограбувачот“ од Астрид Линдгрен, во режија на Јакуб Максимов, Театар за деца и младинци – Скопје, „Женска гардероба“ од Арношт Голдфлам, во режија на Наташа Поплавска, Театар Комедија – Скопје. Во придружната програма се: „Човек перница“ од Мартин Мекдона, во режија на Сибел Абдиу, продукција на Турски театар – Скопје, „Циркус Пирандело“ според драми од Луиџи Пирандело, адаптација и режија на Бојан Трифуновски, продукција на Народен театар „Антон Панов“ – Струмица. Независна продукција што игра домашни автори: „Елегија во пет здива“ автор и режисер Филип Петковски, „Заминувања“ – колективно авторство, режија на Драгана Гунин, независна продукција во соработка со Мировна продукција, „Срам“ од Ангела Стојановска, режија на Милош Б.Андоновски, Продукција на „Тииит! Инк“, „Скопјани“ според раскази на Оливера Ќорверзировска и колективно авторство на актерската екипа, режија на Милош Б.Андоновски, „Глум(и)ци“ колективно авторство и режија, продукција на „Артопија“, „Подготвено“ според поезија и проза на Ѓоко Здравески, раскази на Елизабета Баковска, поезија на Блаже Конески и адаптација на сцена од „Трите високи жени“ од Едвард Олби, режија на Дејан Спасовиќ, продукција на „РКЦ РАКАТРАК“,  „Are you crazy? (Улаф сте?)“ автор и режисер Јован Ристовски, продукција на „АТО Центар за современа уметност и култура“ – Битола. Стојаноска исто така ја најави програмата „Автор во фокус“, што прв пат се воведува на фестивалот. Годинава тоа ќе биде Коле Чашуле (1921-2009), драмски автор, писател, есеист, општествен деец.

The post Актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски се добитници на наградата за животно дело на Фестивалот „Војдан Чернодински“ appeared first on Република.

]]>