Петар Атанасов Archives - Република https://republika.mk/tema/petar-atanasov/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Nov 2022 07:33:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петар Атанасов Archives - Република https://republika.mk/tema/petar-atanasov/ 32 32 Атанасов: Не ја исклучувам можноста за заеднички настап со Максим Димитриевски на следните избори https://republika.mk/vesti/makedonija/atanasov-ne-ja-iskluchuvam-moznosta-za-zaednichki-nastap-so-maksim-dimitrievski-na-slednite-izbori/ Sat, 12 Nov 2022 07:33:28 +0000 https://republika.mk/?p=572847

Maкедонска Модерна“ е движење кое ќе се обиде да изнедри една нова политичка сила за да влијае на политичката сцена во државата.Имаме стратегија, имаме луѓе, идеи и мислиме дека и ќе мора да ги оториме сите важни прашања и да видиме што се случуваше овие 30 години и да видиме каде оди државата во наредните години.

Владата и оние што имаат моќ не ни нудат решение,објаснува Петар Атанасов основач на новото движење наречено „Македонска модерна“.

Сакаме да понудиме решенија и да ги отвориме картите и да влијаеме врз начинот на кој се одвиваат работите во државата.Не сме задоволни од функционирањето на системот, како се трошат парите.Мораме да научиме да соработуваме.Не може две-три партии да бидат по вокација непријатели, да се борат на избори и после изборите таа партија што победува да владее неодговорно и бескрајно.Нас институциите ни се испразнија, политиката еродираше.Оваа влада и овие пет години не се добар начин на владеење.Сакаме да го јакнеме политичкиот центар и да ги обединиме сите оштествени сегменти и луѓе со идеи-вели Атанасов во интервјуто за „Република“.

Тој вели дека ќе ги разубеди оние што мислат дека нема место за нова политичка опција.

Ние сакаме да направиме нова политичка опција, не трета политичка опција.Очигледно е дека од овие две главни опции кои постојат нема соработка, не одиме напред.Колку пати имавме избори за 15 години и подобро ли живееме?, подобора ли е државата-прашива Атанасов.

Тој смета дека политичкиот центар е празен и затоа има место за нова политичка сила но знае дека нема да биде лесно но оти сакаат да видат луѓе со идеи и со име и презиме.

Атанасов вели дека се големи шансите да учествуваат на следните избори и да освојат повеќе пратеници, секако не сами.

Тој не ја исклучува можноста за соработка со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кој формираше слично движење.

Со Димитриевски добро се познавам ние сме и пријатели.Тој во моментов е најпопуларниот политичар во државата.Но за да се освои власта и да се влезе во Парламентот треба малку посериозен пристап и мислам дека можеме тоа да го направиме.Димитриевски беше сам против својата долгогодишна партија и успеа.

На Атанасов како поранешен министер за образование болна тема му е состојбата во образованието каде владее хаос како никогаш до сега.

Хаосот во образованието се случува бидејќи образованието никој не го води, нема стратегија и не се знае каде оди.На образованието му треба тим кој знае каде го носи.Во овој момент нема согласност за големи реформи во ниту една политичка сила.Владата и министерството за образование подготвуваат измени на законот за високо образование од 2018 година кој е катастрофален кој повторно ќе го врати универзитетот многу години наназад и кој е обид на мала да се врати моќта на ректорите-објаснува Атанасов.

Атанасов подетелно се осрнува на проблемите во обрзованието.

Учениците учат од скрипти затоа што системот не работи добро и не функционира.Начинот на кој се избираат министрите на вакви сектори не ни носи квалитет ниту прогрес.Недозволиво е министерот да не го познава секторот.Недозволиво е да поминат три четрири месеци министерот да се запознава со секторот.Во образованието владее хаос и внатре во образовниот процес луѓето се немотивирани, незадоволни, децата не учат, родителите се незадоволни и нашите деца легнуваат и стануваат со тоа да избегаат од државата.Ние не направивме обид да им го направиме помодерно образованието-набројува поранешниот заменик министер.

Атанасов го критикува и телото за реформи во образованието.

Од овие што го расипуваат образованието не можат да го поправат-јасен е поранешниот министер.

Со Атанасов ги отоворивме и политичките теми и она што е најактуелно,уставните измени и односот со Бугарија.

Ние како држава мора да ги решаваме проблемите.Проблемот со Грција прескапо го плативме.Проблемот со Бугарија не троши а второ ни создава политички немир и фрустација и трето не се гледа крајот.Го делам ставот на опозицијата дека не може резултатите од историската комисија да ни бидат услов да одиме понатаму.Ова што се случува со историската комисија е уцена.Во однос на внесувањето на Бугарите во преамбулата е што дозволивме на Софија да отиде во Брисел со документ на кој пишува дека 140.000 Македонци се го бугарска свест и корени и тие ги претставува како Бугари од Македонија.Пописот не го покажа тоа.Мораме јасно и гласно да отидеме во Брисел и да кажеме-до тука може до тука не може.За мене последната летвичка е дека ние од 1893 година до сега нема за што да преговараме со никого.Имаме историска генеза, имеме корени и тоа што сме го создале на кого треба да го дадеме? прашува Атанасов во интервјуто.

Тој е убеден дека историската комисија внесе најголем раздор во општеството.

Се согласувам со изјавата на лидерот на опозицијата дека не можеме да бидеме уценувани за се и сешто.Ние не можеме на секои шест месеци да решаваме историски прашања.Бавејќи се со овие прашања ги заборавивме проблемите во државата. Во оваа држава не се решение основните проблеми на граѓаните, здравството, образованието, стандардот, вработувањата.

Тој смета дека не мора да се исполнуваат сите желби на Брисел.

Не мора директивите да земеме и да ги фотокопираме.Мора да се научиме да преговараме за нашите интереси и она што е за нас добро. Велиме правиме скрининг, мислам дека имаме подобро законодавство од Бугарија и Романија па дури и од Хрватска пред да почне да преговара.Не треба слепо да извршуваме она што бара Брисел од нас туку мора да ги кажуваме нашите интереси.Тешко ни оди со Брисел и мислам дека Владата не ги контролира процесите, се мачи, трча по проблемите.

Атанасов е оптимист дека има надеж за Македонија.

Се надевам дека има.Нема да биде лесно.Сите ќе мора да се менуваме по малку.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

https://www.youtube.com/watch?v=DPY03eVrwDI&t=1s

The post Атанасов: Не ја исклучувам можноста за заеднички настап со Максим Димитриевски на следните избори appeared first on Република.

]]>

Maкедонска Модерна“ е движење кое ќе се обиде да изнедри една нова политичка сила за да влијае на политичката сцена во државата.Имаме стратегија, имаме луѓе, идеи и мислиме дека и ќе мора да ги оториме сите важни прашања и да видиме што се случуваше овие 30 години и да видиме каде оди државата во наредните години. Владата и оние што имаат моќ не ни нудат решение,објаснува Петар Атанасов основач на новото движење наречено „Македонска модерна“.
Сакаме да понудиме решенија и да ги отвориме картите и да влијаеме врз начинот на кој се одвиваат работите во државата.Не сме задоволни од функционирањето на системот, како се трошат парите.Мораме да научиме да соработуваме.Не може две-три партии да бидат по вокација непријатели, да се борат на избори и после изборите таа партија што победува да владее неодговорно и бескрајно.Нас институциите ни се испразнија, политиката еродираше.Оваа влада и овие пет години не се добар начин на владеење.Сакаме да го јакнеме политичкиот центар и да ги обединиме сите оштествени сегменти и луѓе со идеи-вели Атанасов во интервјуто за „Република“.
Тој вели дека ќе ги разубеди оние што мислат дека нема место за нова политичка опција.
Ние сакаме да направиме нова политичка опција, не трета политичка опција.Очигледно е дека од овие две главни опции кои постојат нема соработка, не одиме напред.Колку пати имавме избори за 15 години и подобро ли живееме?, подобора ли е државата-прашива Атанасов.
Тој смета дека политичкиот центар е празен и затоа има место за нова политичка сила но знае дека нема да биде лесно но оти сакаат да видат луѓе со идеи и со име и презиме. Атанасов вели дека се големи шансите да учествуваат на следните избори и да освојат повеќе пратеници, секако не сами. Тој не ја исклучува можноста за соработка со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кој формираше слично движење.
Со Димитриевски добро се познавам ние сме и пријатели.Тој во моментов е најпопуларниот политичар во државата.Но за да се освои власта и да се влезе во Парламентот треба малку посериозен пристап и мислам дека можеме тоа да го направиме.Димитриевски беше сам против својата долгогодишна партија и успеа.
На Атанасов како поранешен министер за образование болна тема му е состојбата во образованието каде владее хаос како никогаш до сега.
Хаосот во образованието се случува бидејќи образованието никој не го води, нема стратегија и не се знае каде оди.На образованието му треба тим кој знае каде го носи.Во овој момент нема согласност за големи реформи во ниту една политичка сила.Владата и министерството за образование подготвуваат измени на законот за високо образование од 2018 година кој е катастрофален кој повторно ќе го врати универзитетот многу години наназад и кој е обид на мала да се врати моќта на ректорите-објаснува Атанасов.
Атанасов подетелно се осрнува на проблемите во обрзованието.
Учениците учат од скрипти затоа што системот не работи добро и не функционира.Начинот на кој се избираат министрите на вакви сектори не ни носи квалитет ниту прогрес.Недозволиво е министерот да не го познава секторот.Недозволиво е да поминат три четрири месеци министерот да се запознава со секторот.Во образованието владее хаос и внатре во образовниот процес луѓето се немотивирани, незадоволни, децата не учат, родителите се незадоволни и нашите деца легнуваат и стануваат со тоа да избегаат од државата.Ние не направивме обид да им го направиме помодерно образованието-набројува поранешниот заменик министер.
Атанасов го критикува и телото за реформи во образованието.
Од овие што го расипуваат образованието не можат да го поправат-јасен е поранешниот министер.
Со Атанасов ги отоворивме и политичките теми и она што е најактуелно,уставните измени и односот со Бугарија.
Ние како држава мора да ги решаваме проблемите.Проблемот со Грција прескапо го плативме.Проблемот со Бугарија не троши а второ ни создава политички немир и фрустација и трето не се гледа крајот.Го делам ставот на опозицијата дека не може резултатите од историската комисија да ни бидат услов да одиме понатаму.Ова што се случува со историската комисија е уцена.Во однос на внесувањето на Бугарите во преамбулата е што дозволивме на Софија да отиде во Брисел со документ на кој пишува дека 140.000 Македонци се го бугарска свест и корени и тие ги претставува како Бугари од Македонија.Пописот не го покажа тоа.Мораме јасно и гласно да отидеме во Брисел и да кажеме-до тука може до тука не може.За мене последната летвичка е дека ние од 1893 година до сега нема за што да преговараме со никого.Имаме историска генеза, имеме корени и тоа што сме го создале на кого треба да го дадеме? прашува Атанасов во интервјуто.
Тој е убеден дека историската комисија внесе најголем раздор во општеството.
Се согласувам со изјавата на лидерот на опозицијата дека не можеме да бидеме уценувани за се и сешто.Ние не можеме на секои шест месеци да решаваме историски прашања.Бавејќи се со овие прашања ги заборавивме проблемите во државата. Во оваа држава не се решение основните проблеми на граѓаните, здравството, образованието, стандардот, вработувањата.
Тој смета дека не мора да се исполнуваат сите желби на Брисел.
Не мора директивите да земеме и да ги фотокопираме.Мора да се научиме да преговараме за нашите интереси и она што е за нас добро. Велиме правиме скрининг, мислам дека имаме подобро законодавство од Бугарија и Романија па дури и од Хрватска пред да почне да преговара.Не треба слепо да извршуваме она што бара Брисел од нас туку мора да ги кажуваме нашите интереси.Тешко ни оди со Брисел и мислам дека Владата не ги контролира процесите, се мачи, трча по проблемите.
Атанасов е оптимист дека има надеж за Македонија.
Се надевам дека има.Нема да биде лесно.Сите ќе мора да се менуваме по малку.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

https://www.youtube.com/watch?v=DPY03eVrwDI&t=1s  

The post Атанасов: Не ја исклучувам можноста за заеднички настап со Максим Димитриевски на следните избори appeared first on Република.

]]>
Уште едно ситнење на СДСМ: По Максим Димитриевски и Петар Атанасов формира движење „Македонска модерна” и основа ограноци низ Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/ushte-edno-sitnenje-na-sdsm-po-maksim-dimitrievski-i-petar-atanasov-formira-dvizenje-makedonska-moderna-i-osnova-ogranoci-niz-makedonija/ Sun, 06 Nov 2022 14:08:35 +0000 https://republika.mk/?p=570379

Уште едно ситнење на СДСМ. Поранешниот заменик министерот за образование, Петар Атанасов заедно со Стевче Стојанов формирале движење „Македонска модерна" и деновиве низ Македонија и основаат ограноци.

На 05.11.2022 (сабота) МАКЕДОНСКА МОДЕРНА имаше јавна промоција во Општина Ново Село, каде беа претставени програмата, идејата и целите на ова ново политичко движење, објави на својот фејсбук профил Петар Атанасов, еден од основачите на „Македонска модерна“.

На промоцијата на движењето говореа двајца од основачите на МАКЕДОНСКА МОДЕРНА, Петар Атанасов и Стевче Стојанов.

МАКЕДОНСКА МОДЕРНА е движење за решавање на социоекономските, општествените и културните проблеми на граѓаните. Ни требаат решенија за модерно општество, за нашите општини кои не функционираат и за нов бран на општествен развој.

Благодарност до присутните за поддршката и за јавно споделените размислувања за состојбите во општеството и за можни решенија за секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, напиша Атанасов.

Во меѓувреме, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, своите ограноци ги прошири во повеќе градови низ Македонија. По Куманово и Прилеп, Димитриевски вчера промовираше огранок во Крушево.

https://republika.mk/vesti/makedonija/i-krushevo-dobi-gragjansko-zdruzenie-za-idninata-na-nashite-gragjani/

The post Уште едно ситнење на СДСМ: По Максим Димитриевски и Петар Атанасов формира движење „Македонска модерна” и основа ограноци низ Македонија appeared first on Република.

Атанасов: Заради неспособноста, кадровската политика и лошото решавање на националните интереси, Ковачевски и СДСМ не заслужуваат веќе да ја водат Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/atanasov-zaradi-nesposobnosta-kadrovskata-politika-i-loshoto-reshavanje-na-nacionalnite-interesi-kovachevski-i-sdsm-ne-zasluzuvaat-vekje-da-ja-vodat-makedonija/ Thu, 22 Sep 2022 17:25:26 +0000 https://republika.mk/?p=553269

„Ковачевски е делигиран човек од еден или од два центри на моќ и без никаков легитимитет мисли дека е премиер на оваа држава и влече потези, дали на некого му се допаѓаат или не. И тој трча зад проблемите како и секој лош лидер и секој лош премиер. Тој трла зад проблемите, не решава проблеми,нема ниту еден проблем решено“, истакна Петар Атанасов во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Атанасов додаде дека Ковачевски и СДСМ не заслужуваат да ја водат Македонија поради лошата и неспособна политика. Оваа гарнитура на власт не разликува што е државен, а што е национален интерес.

„Во овој момент Македонија никаде не оди со овој премиер. Веројатно овие кои што му ги пишуваат говорите сега се добри, па убави говори му пишуваат. Но, во вчерашниот говор има политички грешки многу особено за внатрешни интеграции и социјалните елементи“, рече Атанасов.

Тој посочи дека не е национален интерес власта да им потпишува на една фрустрирана политичка елита од Софија се што замислила.

„Ковачевски и СДСМ како коалиција не заслужуваат веќе да ја водат Македонија! И тоа поради кадровската политика, лошата кадровска политика и заради многуте работи кои што ги направија погрешно. Они не разликуваат државен од национален интерес. Тоа е незамисливо за мене како човек кој што цел живот е со знаење и наука, што пледира да знаеме што правиме, ако сме мала држава. Ти можеш да ги браниш државните интереси во преговорите со Бугарија.

Државен интерес е Македонија да преговара веднаш, ама не е национален интерес да разговараме за Гоце Делчев. Не е национален интерес да им потпишувате на една фрустрирана политичка елита од Софија, па да замислува што си замислила и сега ние да им ги исполнуваме желбите. Па не може тоа така“, нагласи Атанасов.

„Заради неспособноста, кадровската политика и заради трчање по проблемите, заради лошо решавање на националните интереси, особено во односите со Бугарија оваа Влада не заслужува повеќе да владее“, појасни Атанасов.

The post Атанасов: Заради неспособноста, кадровската политика и лошото решавање на националните интереси, Ковачевски и СДСМ не заслужуваат веќе да ја водат Македонија appeared first on Република.

Атанасов: Кој ѓавол ги тераше да ја попишуваат дијаспората, кога не можат 100.000 луѓе да пронајдат дома https://republika.mk/vesti/makedonija/atanasov-koj-gjavol-gi-terashe-da-ja-popishuvaat-dijasporata-koga-ne-mozat-100-000-lugje-da-pronajdat-doma/ Fri, 01 Apr 2022 09:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=481836

Седум проценти да не попишете, а да тврдите како влада и институции дека е успех, не е успех, порача денеска во „Утрински брифинг“ професорот и аналитичар Петар Атанасов.

Не може да не попишете 130.000 луѓе. Кои се тие 132.000 луѓе? Ако му веруваме на Павле Трајанов, дека најголем дел се Македонци, тогаш не се точни и вкупните податоци за етничката припадност на населението, Македонци тогаш има многу повеќе од официјално наведните 58,44 проценти. Има големи прашања околу пописот, некои се технички, но може да зборуваме и за политика, рече Атанасов.

Според него проблематично е попишувањето на дијаспората, процес кој е сосема непотребен да се направи во моментот со пописот на населението, становите и домаќинствата во Македонија.

Зошто се попишуваше дијаспората? Кој ѓавол ги тераше во овие 30 дена да ја попишуваат дијаспората, кога не можат 100.000 луѓе да пронајдат во оваа држава. Па во 2011 беше прекинат пописот во 10 ден, а битката беше дали ќе се попишува дијаспората, потсети Атанасов и додава дека тоа е круцијално прашање и има простор цела година да се попишува дијаспората. Се појавија суштински прашања, не може директорот да дава политички одговори, вели Атанасов.

Тој се осврна и на прашањата поставувани во пописните листи кои оставија простор граѓаните да се декларираат по етничка припадност, религиска припадност и културни карактеристики, што во суштина не го бара ЕУ од државата.

Не се наивни овие бројки зошто на Балканот носат до историски пресврти, резимираше Атанасов и посочи дека внимателно треба да се податоците и да се направи суштинска анализа.

The post Атанасов: Кој ѓавол ги тераше да ја попишуваат дијаспората, кога не можат 100.000 луѓе да пронајдат дома appeared first on Република.