Песков Archives - Република https://republika.mk/tema/peskov/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 16:56:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Песков Archives - Република https://republika.mk/tema/peskov/ 32 32 Испраќањето на војници на НАТО во Украина би било „исклучително опасно“, соопшти Кремљ https://republika.mk/vesti/svet/isprakaneto-na-vojnitsi-na-nato-vo-ukraina-bi-bilo-iskluchitelno-opasno-soopshti-kreml/ Wed, 08 May 2024 16:56:55 +0000 https://republika.mk/?p=775691

Испраќањето на војници на НАТО во Украина би било „исклучително опасно“, соопшти Кремљ, додавајќи дека Москва внимателно ја следи украинската петиција со која се повикува на таква интервенција. Во петицијата, објавена на веб-страницата на украинскиот претседател, се наведува дека Украина треба да побара од САД, Велика Британија и други земји да испратат војници во борбата против руската инвазија.

Режимот во Киев е прилично непредвидлив“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.Неколку пати кажавме дека директната интервенција на воените трупи на земјите од НАТО во овој конфликт потенцијално претставува голема опасност и сметаме дека ова е исклучително сериозна провокација и, се разбира, внимателно следиме сè”, додаде Песков.

Засега не е познато дали петицијата ќе го собере потребниот број од 25.000 гласови, што ќе го обврзе претседателот Володимир Зеленски да одговори со одобрување или отфрлање. До среда наутро беа собрани 1594 гласови.Франција е подготвена да испрати војскаНАТО и’ помага на Украина со испраќање повеќе оружје, вклучувајќи тенкови и ракети со долг дострел, но воздржувајќи се од директна интервенција со војниците на теренот. И американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин предупредија дека тоа може да доведе до трета светска војна.Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека прашањето за испраќање западни војници во Украина „легитимно“ би се поставило доколку Русија ги пробие украинските одбранбени линии и доколку Киев го побара тоа.Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во средата изјави дека доколку Макрон испрати француски војници во Украина, тие ќе бидат легитимна цел на руската војска.„Ако Французите се појават во зоната на конфликтот, тие неизбежно ќе станат цел на руските вооружени сили“, рече Захарова.

The post Испраќањето на војници на НАТО во Украина би било „исклучително опасно“, соопшти Кремљ appeared first on Република.

]]>

Испраќањето на војници на НАТО во Украина би било „исклучително опасно“, соопшти Кремљ, додавајќи дека Москва внимателно ја следи украинската петиција со која се повикува на таква интервенција. Во петицијата, објавена на веб-страницата на украинскиот претседател, се наведува дека Украина треба да побара од САД, Велика Британија и други земји да испратат војници во борбата против руската инвазија.
Режимот во Киев е прилично непредвидлив“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.Неколку пати кажавме дека директната интервенција на воените трупи на земјите од НАТО во овој конфликт потенцијално претставува голема опасност и сметаме дека ова е исклучително сериозна провокација и, се разбира, внимателно следиме сè”, додаде Песков. Засега не е познато дали петицијата ќе го собере потребниот број од 25.000 гласови, што ќе го обврзе претседателот Володимир Зеленски да одговори со одобрување или отфрлање. До среда наутро беа собрани 1594 гласови.Франција е подготвена да испрати војскаНАТО и’ помага на Украина со испраќање повеќе оружје, вклучувајќи тенкови и ракети со долг дострел, но воздржувајќи се од директна интервенција со војниците на теренот. И американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин предупредија дека тоа може да доведе до трета светска војна.Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека прашањето за испраќање западни војници во Украина „легитимно“ би се поставило доколку Русија ги пробие украинските одбранбени линии и доколку Киев го побара тоа.Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во средата изјави дека доколку Макрон испрати француски војници во Украина, тие ќе бидат легитимна цел на руската војска.„Ако Французите се појават во зоната на конфликтот, тие неизбежно ќе станат цел на руските вооружени сили“, рече Захарова.

The post Испраќањето на војници на НАТО во Украина би било „исклучително опасно“, соопшти Кремљ appeared first on Република.

]]>
Песков: Не ја гледаме смислата на мировната конференција во Швајцарија без учеството на Русија https://republika.mk/vesti/svet/peskov-ne-ja-gledame-smislata-na-mirovnata-konferentsija-vo-shvajtsarija-bez-uchestvoto-na-rusija/ Thu, 02 May 2024 18:12:48 +0000 https://republika.mk/?p=773504

Русија денеска реагираше дека не ја гледа поентата на мировната конференција за Украина што Швајцарија ја планира за средината на јуни, на која Москва не е поканета.

Швајцарската влада денеска соопшти дека „во овој момент“ Русија не е меѓу 160-те поканети делегации, додавајќи дека е отворена за нејзиното учество, но дека Москва не е заинтересирана.

Берн ја најави средбата  уште во јануари, наведувајќи дека тоа го прави на изричито барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска истакна дека Москва не ја смета оваа иницијатива за веродостојна.

-Не разбираме каква пресвртница би била таа мировна конференција, изјави Песков. „За каква конференција зборуваме, за каква сериозна конференција со сериозни очекувања дека ќе има некакви резултати, без учество на Русија?, додаде тој.

„Тоа е целосно невозможно и јасно е дека тоа е некаква иницијатива која не е фокусирана на резултати“, заклучи портпаролот на Кремљ.

Швајцарската влада соопшти дека „мировниот процес не е можен без Русија. Украина, од друга страна, ги доведува во прашање придобивките од руското учество на состанокот што ќе се одржи во близина на градот Луцерн.

-Знаеме дека нема смисла да се има Русија на маса ако не можете да се осигурате дека таа ќе дејствува со добра волја, изјави шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба минатата недела во интервју за магазинот „Форин полиси“.

Кулеба смета дека создавањето дополнителен притисок на Русија на бојното поле и обединувањето на државите „кои делат исти принципи“ ќе и помогнат на оваа земја да биде подготвена да учествува во дијалогот.

The post Песков: Не ја гледаме смислата на мировната конференција во Швајцарија без учеството на Русија appeared first on Република.

]]>

Русија денеска реагираше дека не ја гледа поентата на мировната конференција за Украина што Швајцарија ја планира за средината на јуни, на која Москва не е поканета. Швајцарската влада денеска соопшти дека „во овој момент“ Русија не е меѓу 160-те поканети делегации, додавајќи дека е отворена за нејзиното учество, но дека Москва не е заинтересирана. Берн ја најави средбата  уште во јануари, наведувајќи дека тоа го прави на изричито барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска истакна дека Москва не ја смета оваа иницијатива за веродостојна. -Не разбираме каква пресвртница би била таа мировна конференција, изјави Песков. „За каква конференција зборуваме, за каква сериозна конференција со сериозни очекувања дека ќе има некакви резултати, без учество на Русија?, додаде тој. „Тоа е целосно невозможно и јасно е дека тоа е некаква иницијатива која не е фокусирана на резултати“, заклучи портпаролот на Кремљ. Швајцарската влада соопшти дека „мировниот процес не е можен без Русија. Украина, од друга страна, ги доведува во прашање придобивките од руското учество на состанокот што ќе се одржи во близина на градот Луцерн. -Знаеме дека нема смисла да се има Русија на маса ако не можете да се осигурате дека таа ќе дејствува со добра волја, изјави шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба минатата недела во интервју за магазинот „Форин полиси“. Кулеба смета дека создавањето дополнителен притисок на Русија на бојното поле и обединувањето на државите „кои делат исти принципи“ ќе и помогнат на оваа земја да биде подготвена да учествува во дијалогот.

The post Песков: Не ја гледаме смислата на мировната конференција во Швајцарија без учеството на Русија appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Воената помош одобрена од Претставничкиот дом ќе ги направи САД побогати и уште повеќе ќе ја уништи Украина https://republika.mk/vesti/svet/kreml-voenata-pomosh-odobrena-od-pretstavnichkiot-dom-ke-gi-napravi-sad-pobogati-i-ushte-poveke-ke-ja-unishti-ukraina/ Sat, 20 Apr 2024 20:23:52 +0000 https://republika.mk/?p=768633

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вечерва по повод одобрувањето на воената помош за Украина од Претставничкиот дом, изјави дека овој закон ќе ги направи САД уште побогати и истовремено „уште повеќе ќе ја уништи“ Украина, јавија светските агенции, повикувајќи се на изјава на прес-секретарот на рускиот претседател Владимир Путин за руските медиуми.

„Уште повеќе Украинци ќе загинат поради режимот во Киев“, рече Песков.

Според него, легислативата што ќе и овозможи на американската Влада да ги одмрзне руските средства во корист на обновата на Украина, „ќе предизвика непоправлива штета на американскиот имиџ“. Во исто време, Русија ќе одговори со мерки од гледна точка на сопствениот интерес, додаде портпаролот на Кремљ.

The post Кремљ: Воената помош одобрена од Претставничкиот дом ќе ги направи САД побогати и уште повеќе ќе ја уништи Украина appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вечерва по повод одобрувањето на воената помош за Украина од Претставничкиот дом, изјави дека овој закон ќе ги направи САД уште побогати и истовремено „уште повеќе ќе ја уништи“ Украина, јавија светските агенции, повикувајќи се на изјава на прес-секретарот на рускиот претседател Владимир Путин за руските медиуми. „Уште повеќе Украинци ќе загинат поради режимот во Киев“, рече Песков. Според него, легислативата што ќе и овозможи на американската Влада да ги одмрзне руските средства во корист на обновата на Украина, „ќе предизвика непоправлива штета на американскиот имиџ“. Во исто време, Русија ќе одговори со мерки од гледна точка на сопствениот интерес, додаде портпаролот на Кремљ.

The post Кремљ: Воената помош одобрена од Претставничкиот дом ќе ги направи САД побогати и уште повеќе ќе ја уништи Украина appeared first on Република.

]]>
Кремљ не разговара за враќање на смртната казна https://republika.mk/vesti/svet/kreml-ne-razgovara-za-vrakane-na-smrtnata-kazna/ Mon, 25 Mar 2024 13:45:30 +0000 https://republika.mk/?p=758574

Кремљ не е вклучен во никакви разговори за укинување на рускиот мораториум на смртната казна по петочниот терористички напад, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, пренесуваат руските медиуми.

Најмалку 137 луѓе беа убиени во петочниот масакр во концертната сала „Крокус сити хол“ на периферијата на Москва, а повеќе од 180 беа повредени, според официјалните податоци. Злосторството повторно ја разгоре дебатата меѓу пратениците за враќање на смртната казна, која практично е забранета во Русија од 1996 година.

„Ние не учествуваме во оваа дискусија“, рече Песков одговарајќи на прашање на ТАСС.

Поддржувачите на идејата, меѓу кои е и лидерот на Либерално-демократската партија (ЛДПР), Леонид Слуцки, тврдат дека треба да се направи исклучок од мораториумот за четворицата вооружени напаѓачи кои го извршија нападот во петокот.

Шефот на фракцијата на партијата Единствена Русија во државната Дума, Владимир Василиев, исто така изјави дека идејата за повторно воведување на смртната казна за терористички дела ќе биде „длабоко и професионално раззработена“ и дека ќе се донесе одлука со која ќе „се задоволи расположението и очекувањата на нашето општество“.

Иако рускиот Кривичен законик технички има одредба за изрекување смртна казна, на судовите им е де факто забрането да изрекуваат таква казна. Како што објасни шефот на Комитетот за уставно законодавство при Федералниот совет, Андреј Клишас, повторното воведување на смртната казна е законски невозможно бидејќи ниту еден од домовите на рускиот парламент „не може да ги надмине одлуките на Уставниот суд на Русија за прашањето за смртната казна.”

Претседателот на рускиот Уставен суд, Валериј Зоркин, претходно истакна дека, според Уставот, секој има право на живот и затоа му е загарантирано „правото да не биде осуден на смрт“. Тој посочи дека повторното воведување на смртната казна ќе бара усвојување нов Устав.

Во меѓувреме, претседателот на Комитетот за државна изградба и законодавство на Државната дума, Павел Крашениников, посочи дека иако дискусиите за казнувањето на терористите се важни, тие не треба да бидат главниот фокус.

„Дискусиите за смртната казна, ми се чини, може да не одведат во погрешна насока“, предупреди Крашениников, инсистирајќи дека „за нас е поважно таквите дела да не се повторат“.

The post Кремљ не разговара за враќање на смртната казна appeared first on Република.

]]>

Кремљ не е вклучен во никакви разговори за укинување на рускиот мораториум на смртната казна по петочниот терористички напад, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, пренесуваат руските медиуми. Најмалку 137 луѓе беа убиени во петочниот масакр во концертната сала „Крокус сити хол“ на периферијата на Москва, а повеќе од 180 беа повредени, според официјалните податоци. Злосторството повторно ја разгоре дебатата меѓу пратениците за враќање на смртната казна, која практично е забранета во Русија од 1996 година. „Ние не учествуваме во оваа дискусија“, рече Песков одговарајќи на прашање на ТАСС. Поддржувачите на идејата, меѓу кои е и лидерот на Либерално-демократската партија (ЛДПР), Леонид Слуцки, тврдат дека треба да се направи исклучок од мораториумот за четворицата вооружени напаѓачи кои го извршија нападот во петокот. Шефот на фракцијата на партијата Единствена Русија во државната Дума, Владимир Василиев, исто така изјави дека идејата за повторно воведување на смртната казна за терористички дела ќе биде „длабоко и професионално раззработена“ и дека ќе се донесе одлука со која ќе „се задоволи расположението и очекувањата на нашето општество“. Иако рускиот Кривичен законик технички има одредба за изрекување смртна казна, на судовите им е де факто забрането да изрекуваат таква казна. Како што објасни шефот на Комитетот за уставно законодавство при Федералниот совет, Андреј Клишас, повторното воведување на смртната казна е законски невозможно бидејќи ниту еден од домовите на рускиот парламент „не може да ги надмине одлуките на Уставниот суд на Русија за прашањето за смртната казна.” Претседателот на рускиот Уставен суд, Валериј Зоркин, претходно истакна дека, според Уставот, секој има право на живот и затоа му е загарантирано „правото да не биде осуден на смрт“. Тој посочи дека повторното воведување на смртната казна ќе бара усвојување нов Устав. Во меѓувреме, претседателот на Комитетот за државна изградба и законодавство на Државната дума, Павел Крашениников, посочи дека иако дискусиите за казнувањето на терористите се важни, тие не треба да бидат главниот фокус. „Дискусиите за смртната казна, ми се чини, може да не одведат во погрешна насока“, предупреди Крашениников, инсистирајќи дека „за нас е поважно таквите дела да не се повторат“.

The post Кремљ не разговара за враќање на смртната казна appeared first on Република.

]]>
Песков: Путин ги издаде „сите потребни инструкции“ во врска со вечерашниот вооружен напад во концертната сала „Крокус сити хол“ https://republika.mk/vesti/svet/peskov-putin-gi-izdade-site-potrebni-instruktsii-vo-vrska-so-vecherashniot-vooruzhen-napad-vo-kontsertnata-sala-krokus-siti-hol/ Fri, 22 Mar 2024 20:35:23 +0000 https://republika.mk/?p=757600

Рускиот претседател Владимир Путин е информиран за терористичкиот напад во Москва „штом се случил“, а бил информиран од надлежните служби, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков додаде дека Путин ги издал „сите потребни инструкции“ во врска со вечерашниот вооружен напад во концертната сала „Крокус сити хол“, во кој загинаа најмалку 40 лица.

Шефот на руското Министерство за внатрешни работи Владимир Колоколцев е на местото на терористичкиот напад во Крокус.

Горните катови на Крокус Сити Хол речиси целосно изгореа, а социјалните мрежи се преплавени со снимки од уривање на покривот на салата.

Локалните медиуми јавија и дека почнал да се урива и покривот на трговскиот центар кој бил зафатен од пожарот

The post Песков: Путин ги издаде „сите потребни инструкции“ во врска со вечерашниот вооружен напад во концертната сала „Крокус сити хол“ appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин е информиран за терористичкиот напад во Москва „штом се случил“, а бил информиран од надлежните служби, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков додаде дека Путин ги издал „сите потребни инструкции“ во врска со вечерашниот вооружен напад во концертната сала „Крокус сити хол“, во кој загинаа најмалку 40 лица. Шефот на руското Министерство за внатрешни работи Владимир Колоколцев е на местото на терористичкиот напад во Крокус. Горните катови на Крокус Сити Хол речиси целосно изгореа, а социјалните мрежи се преплавени со снимки од уривање на покривот на салата. Локалните медиуми јавија и дека почнал да се урива и покривот на трговскиот центар кој бил зафатен од пожарот

The post Песков: Путин ги издаде „сите потребни инструкции“ во врска со вечерашниот вооружен напад во концертната сала „Крокус сити хол“ appeared first on Република.

]]>
Песков: Русија е во војна откако Западот интервенираше на страната на Украина https://republika.mk/vesti/svet/peskov-rusija-e-vo-vojna-otkako-zapadot-intervenirashe-na-stranata-na-ukraina/ Fri, 22 Mar 2024 10:45:39 +0000 https://republika.mk/?p=757379

Откако Западот интервенираше во специјална воена операција на страната на Украина, специјалната воена операција се претвори во војна, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ние сме во војна. Да, тоа започна како специјална воена операција, но штом таму беше формирана група, кога колективниот Запад стана учесник на страната на Украина, тоа стана војна за нас. Јас сум убеден во тоа и сите треба да го разберат“, рече Песков во интервју за весникот „Аргументи и факти“.

Тој додаде дека сега најважна работа за Русија е безбедноста на луѓето на териториите кои, како што наведе, биле де факто окупирани од Киев, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека Русија ќе продолжи да дејствува за воениот потенцијал на Украина да не ја загрозува безбедноста на нејзините граѓани и територија.

Песков, исто така, нагласи дека Русија не може да дозволи постоење на држава на нејзините граници која ја документирала својата „намера да користи какви било методи“ за, како што рече, окупација на Крим и нови региони, наведува руската агенција.

The post Песков: Русија е во војна откако Западот интервенираше на страната на Украина appeared first on Република.

]]>

Откако Западот интервенираше во специјална воена операција на страната на Украина, специјалната воена операција се претвори во војна, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Ние сме во војна. Да, тоа започна како специјална воена операција, но штом таму беше формирана група, кога колективниот Запад стана учесник на страната на Украина, тоа стана војна за нас. Јас сум убеден во тоа и сите треба да го разберат“, рече Песков во интервју за весникот „Аргументи и факти“.
Тој додаде дека сега најважна работа за Русија е безбедноста на луѓето на териториите кои, како што наведе, биле де факто окупирани од Киев, пренесува РИА Новости. Тој додаде дека Русија ќе продолжи да дејствува за воениот потенцијал на Украина да не ја загрозува безбедноста на нејзините граѓани и територија. Песков, исто така, нагласи дека Русија не може да дозволи постоење на држава на нејзините граници која ја документирала својата „намера да користи какви било методи“ за, како што рече, окупација на Крим и нови региони, наведува руската агенција.

The post Песков: Русија е во војна откако Западот интервенираше на страната на Украина appeared first on Република.

]]>
Песков: Појавувањето на војници на НАТО во Украина ќе доведе до директен судар со Русија https://republika.mk/vesti/svet/peskov-pojavuvaneto-na-vojnitsi-na-nato-vo-ukraina-ke-dovede-do-direkten-sudar-so-rusija/ Tue, 27 Feb 2024 12:19:58 +0000 https://republika.mk/?p=748884

Појавувањето на војници на НАТО на територијата на Украина ќе доведе до директен конфликт со Руската Федерација и ескалација на ситуацијата, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

 

Одговарајќи на новинарско прашање за ризикот од ескалација и директен конфликт со НАТО во случај на појава на војници на Алијансата на територијата на Украина, Песков посочи дека во тој случај не треба да се зборува за веројатноста, туку за неизбежноста на конфликтот, пренесуваат руските медиуми.

 

Осврнувајќи се на вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон дека нема консензус за испраќање војници на европските земји во Украина, но дека „ништо не треба да се исклучи“, портпаролот на Кремљ кажа дека дискусиите на западните земји за можноста за испраќање свои војници во Украина претставува нов, многу важен елемент.

-Сите други елементи во говорот на францускиот претседател веќе се претставени на еден или друг начин и веќе ги зедовме предвид, рече тој, додавајќи дека Москва добро ја знае позицијата на Макрон – „на Русија треба да и се нанесе стратешки пораз.

 

” Тој додаде дека голем број земји кои учествуваа на вчерашниот состанок во Париз за поддршка на Украина имаат „прилично трезвена проценка за потенцијалната опасност од таков потег и потенцијалната опасност директно да бидат вовлечени во горлив конфликт“.

По вчерашната конференција за Украина во Париз, Макрон изјави дека нема консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, но нагласи дека „ништо не треба да се исклучува“.

 

„Во моментов нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме се за Русија да не победи“, рече Макрон на прес-конференција, пренесоа британските медиуми.

На самитот во Париз присуствуваа околу 20 европски лидери, а Елисејската палата соопшти дека целта на состанокот беше да му се испрати на рускиот претседател Владимир Путин „порака дека Европа е решена да и помогне на Украина и да се спротивстави на ’наративот на Кремљ’ дека Русија мора победи во војната, која влезе во третата година“.

The post Песков: Појавувањето на војници на НАТО во Украина ќе доведе до директен судар со Русија appeared first on Република.

]]>

Појавувањето на војници на НАТО на територијата на Украина ќе доведе до директен конфликт со Руската Федерација и ескалација на ситуацијата, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
  Одговарајќи на новинарско прашање за ризикот од ескалација и директен конфликт со НАТО во случај на појава на војници на Алијансата на територијата на Украина, Песков посочи дека во тој случај не треба да се зборува за веројатноста, туку за неизбежноста на конфликтот, пренесуваат руските медиуми.   Осврнувајќи се на вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон дека нема консензус за испраќање војници на европските земји во Украина, но дека „ништо не треба да се исклучи“, портпаролот на Кремљ кажа дека дискусиите на западните земји за можноста за испраќање свои војници во Украина претставува нов, многу важен елемент. -Сите други елементи во говорот на францускиот претседател веќе се претставени на еден или друг начин и веќе ги зедовме предвид, рече тој, додавајќи дека Москва добро ја знае позицијата на Макрон – „на Русија треба да и се нанесе стратешки пораз.   ” Тој додаде дека голем број земји кои учествуваа на вчерашниот состанок во Париз за поддршка на Украина имаат „прилично трезвена проценка за потенцијалната опасност од таков потег и потенцијалната опасност директно да бидат вовлечени во горлив конфликт“. По вчерашната конференција за Украина во Париз, Макрон изјави дека нема консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, но нагласи дека „ништо не треба да се исклучува“.   „Во моментов нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме се за Русија да не победи“, рече Макрон на прес-конференција, пренесоа британските медиуми. На самитот во Париз присуствуваа околу 20 европски лидери, а Елисејската палата соопшти дека целта на состанокот беше да му се испрати на рускиот претседател Владимир Путин „порака дека Европа е решена да и помогне на Украина и да се спротивстави на ’наративот на Кремљ’ дека Русија мора победи во војната, која влезе во третата година“.

The post Песков: Појавувањето на војници на НАТО во Украина ќе доведе до директен судар со Русија appeared first on Република.

]]>
Песков: Спроведувањето на мировните планови без учество на Русија е смешно https://republika.mk/vesti/svet/peskov-sproveduvaneto-na-mirovnite-planovi-bez-uchestvo-na-rusija-e-smeshno/ Mon, 26 Feb 2024 12:44:43 +0000 https://republika.mk/?p=748533

Кремљ денеска соопшти дека идејата за мировни преговори за војната во Украина без учество на Русија е „смешна“, бидејќи украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека ќе разговара за својата мировна визија со своите сојузници во Швајцарија.

„Спроведувањето на мировните планови без учество на Русија е несериозно и смешно“, изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак во неделата изјави дека нацрт-документот поврзан со најавената средба во Швајцарија би можел да биде доставен и до Русија.

The post Песков: Спроведувањето на мировните планови без учество на Русија е смешно appeared first on Република.

]]>

Кремљ денеска соопшти дека идејата за мировни преговори за војната во Украина без учество на Русија е „смешна“, бидејќи украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека ќе разговара за својата мировна визија со своите сојузници во Швајцарија. „Спроведувањето на мировните планови без учество на Русија е несериозно и смешно“, изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак во неделата изјави дека нацрт-документот поврзан со најавената средба во Швајцарија би можел да биде доставен и до Русија.

The post Песков: Спроведувањето на мировните планови без учество на Русија е смешно appeared first on Република.

]]>
Песков: Кремљ нема информации кога телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, би можело да му биде предадено на неговото семејство https://republika.mk/vesti/svet/peskov-kreml-nema-informatsii-koga-teloto-na-ruskiot-opozitsiski-lider-aleksej-navalni-bi-mozhelo-da-mu-bide-predadeno-na-negovoto-semejstvo/ Mon, 19 Feb 2024 19:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=745822

Кремљ нема информации кога телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во притвор, би можело да му биде предадено на неговото семејство по завршување на потребните процедури, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ова прашање не треба да биде упатено до нас. Ние не се занимаваме со тоа, тоа не е опис на работата на претседателската администрација“, рече Песков, пренесува ТАСС.

Тој оцени дека изјавите на западните политичари, кои го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални, се „дрско“ и додаде дека истрагата е во тек и дека се преземаат сите неопходни мерки, но резултатите од истрагата се уште не се донесени јавен.

The post Песков: Кремљ нема информации кога телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, би можело да му биде предадено на неговото семејство appeared first on Република.

]]>

Кремљ нема информации кога телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во притвор, би можело да му биде предадено на неговото семејство по завршување на потребните процедури, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Ова прашање не треба да биде упатено до нас. Ние не се занимаваме со тоа, тоа не е опис на работата на претседателската администрација“, рече Песков, пренесува ТАСС. Тој оцени дека изјавите на западните политичари, кои го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални, се „дрско“ и додаде дека истрагата е во тек и дека се преземаат сите неопходни мерки, но резултатите од истрагата се уште не се донесени јавен.

The post Песков: Кремљ нема информации кога телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, би можело да му биде предадено на неговото семејство appeared first on Република.

]]>
Песков вели дека е „апсурдно и глупаво“ што Бугарија не и дозволи прелет на Захарова https://republika.mk/vesti/svet/peskov-veli-deka-e-apsurdno-i-glupavo-shto-bugarija-ne-i-dozvoli-prelet-na-zaharova/ Thu, 30 Nov 2023 10:34:14 +0000 https://republika.mk/?p=717895

Одлуката на бугарските власти да не дозволат прелет на авион со официјалната претставничка на руското МНР Марија Захарова кон Македонија „не се вклопува во ниедна рамка“ и тоа е „апсурден и глупав став“. Тоа денеска го изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател.

„Апелирам до бугарското раководство и да ги повикам да се обидат со сите сили да задржат присебност во одлуките што ги носат“, заклучи тој.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна рано утрово во Скопје за да учествува на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Авионот летал над Турција и Грција, иако претходно се очекуваше рутата да минува низ Бугарија. Бугарската страна одбила да дозволи авионот на рускиот министер да прелета доколку во него е портпаролката на руското МНР.

Захарова на Телеграм објави дека одлуката „…Не е само за глупост, туку опасната глупост на некој интригант во структурите на моќ во Бугарија“.

Засега нема коментар од бугарските власти за нивниот потег.

The post Песков вели дека е „апсурдно и глупаво“ што Бугарија не и дозволи прелет на Захарова appeared first on Република.

]]>

Одлуката на бугарските власти да не дозволат прелет на авион со официјалната претставничка на руското МНР Марија Захарова кон Македонија „не се вклопува во ниедна рамка“ и тоа е „апсурден и глупав став“. Тоа денеска го изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател.
„Апелирам до бугарското раководство и да ги повикам да се обидат со сите сили да задржат присебност во одлуките што ги носат“, заклучи тој.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна рано утрово во Скопје за да учествува на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Авионот летал над Турција и Грција, иако претходно се очекуваше рутата да минува низ Бугарија. Бугарската страна одбила да дозволи авионот на рускиот министер да прелета доколку во него е портпаролката на руското МНР. Захарова на Телеграм објави дека одлуката „…Не е само за глупост, туку опасната глупост на некој интригант во структурите на моќ во Бугарија“. Засега нема коментар од бугарските власти за нивниот потег.

The post Песков вели дека е „апсурдно и глупаво“ што Бугарија не и дозволи прелет на Захарова appeared first on Република.

]]>
Песков: Русија е во контакт со сите страни во израелско-палестинскиот конфликт https://republika.mk/vesti/svet/peskov-rusija-e-vo-kontakt-so-site-strani-vo-izraelsko-palestinskiot-konflikt/ Fri, 27 Oct 2023 14:00:39 +0000 https://republika.mk/?p=695616

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков денеска изјави дека делегацијата на Хамас се сретнала со претставници на руското Министерство за надворешни работи, но не и со претседателот Владимир Путин.

Оценуваме дека е нужно да ги продолжиме контактите со сите страни во конфликтот, и се разбира, ќе го продолжиме дијалогот со Израел, посочи Песков.

Руското МНР соопшти дека меѓу главните теми на разговорите биле прекинот на непријателствата во Појасот Газа и обезбедувањето хуманитарна помош за Палестинците. Додека рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Богданов на одвоена средба со членот на политбирото на Хамас, Муса Абу Марзук разговарал за ослободување на заложниците во Газа и за евакуација на странци од Појасот Газа.

Русија одржува врски со сите клучни играчи на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Израел, Иран, Сирија, Хамас и Палестинската управа на Западен Брег.

Во посета на Москва вчера беше и иранскиот заменик-министер за надворешни работи Али Багери Кани.

Руската новинска агенција ТАСС објави дека Кани се сретнал со Марзук при што било потенцирано дека Техеран се залага за „итен прекин на огнот, обезбедување на хуманитарна помош и укинување на репресивната блокада на Газа“.

Но, не е познато дали претставниците на Русија, на Иран и на Хамас имале заедничка средба.

The post Песков: Русија е во контакт со сите страни во израелско-палестинскиот конфликт appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков денеска изјави дека делегацијата на Хамас се сретнала со претставници на руското Министерство за надворешни работи, но не и со претседателот Владимир Путин.
Оценуваме дека е нужно да ги продолжиме контактите со сите страни во конфликтот, и се разбира, ќе го продолжиме дијалогот со Израел, посочи Песков.
Руското МНР соопшти дека меѓу главните теми на разговорите биле прекинот на непријателствата во Појасот Газа и обезбедувањето хуманитарна помош за Палестинците. Додека рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Богданов на одвоена средба со членот на политбирото на Хамас, Муса Абу Марзук разговарал за ослободување на заложниците во Газа и за евакуација на странци од Појасот Газа. Русија одржува врски со сите клучни играчи на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Израел, Иран, Сирија, Хамас и Палестинската управа на Западен Брег. Во посета на Москва вчера беше и иранскиот заменик-министер за надворешни работи Али Багери Кани. Руската новинска агенција ТАСС објави дека Кани се сретнал со Марзук при што било потенцирано дека Техеран се залага за „итен прекин на огнот, обезбедување на хуманитарна помош и укинување на репресивната блокада на Газа“. Но, не е познато дали претставниците на Русија, на Иран и на Хамас имале заедничка средба.

The post Песков: Русија е во контакт со сите страни во израелско-палестинскиот конфликт appeared first on Република.

]]>
Песков: Русија ќе ги продлабочи односите со Северна Кореја во сите сфери https://republika.mk/vesti/svet/peskov-rusija-ke-gi-prodlabochi-odnosite-so-severna-koreja-vo-site-sferi/ Thu, 26 Oct 2023 13:25:19 +0000 https://republika.mk/?p=695294

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одговарајќи на новинарско прашање посочи дека Москва планира да ги продлабочи односите со Северна Кореја.

Северна Кореја е наш сосед и ние продолжуваме да развиваме блиски односи во сите сфери, посочи Песков.

Неговата изјава уследи откако Јужна Кореја, Јапонија и САД вчера ја осудија Северна Кореја поради, како што тврдат, ја снабдува Русија со оружје и муниција.

Нагласуваме дека снабдувањето со оружје на и Северна Кореја … претставува кршење на неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН, се истакнува во вчерашната заедничката изјава на Јужна Кореја, Јапонија и САД.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун минатиот месец во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. На средбата се разговараше за одбраната, војната во Украина и евентуална помош од Русија за севернокорејската сателитската програма.

Русија и Северна Кореја, кои се историски сојузници, се под меѓународни санкции.

The post Песков: Русија ќе ги продлабочи односите со Северна Кореја во сите сфери appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одговарајќи на новинарско прашање посочи дека Москва планира да ги продлабочи односите со Северна Кореја.
Северна Кореја е наш сосед и ние продолжуваме да развиваме блиски односи во сите сфери, посочи Песков.
Неговата изјава уследи откако Јужна Кореја, Јапонија и САД вчера ја осудија Северна Кореја поради, како што тврдат, ја снабдува Русија со оружје и муниција.
Нагласуваме дека снабдувањето со оружје на и Северна Кореја … претставува кршење на неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН, се истакнува во вчерашната заедничката изјава на Јужна Кореја, Јапонија и САД.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун минатиот месец во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. На средбата се разговараше за одбраната, војната во Украина и евентуална помош од Русија за севернокорејската сателитската програма. Русија и Северна Кореја, кои се историски сојузници, се под меѓународни санкции.

The post Песков: Русија ќе ги продлабочи односите со Северна Кореја во сите сфери appeared first on Република.

]]>
Песков: Гласините за здравствени проблеми на Путин се лажни https://republika.mk/vesti/svet/peskov-glasinite-za-zdravstveni-problemi-na-putin-se-lazhni/ Tue, 24 Oct 2023 11:41:12 +0000 https://republika.mk/?p=694524

Гласините за здравствените проблеми на рускиот претседател Владимир Путин се лажни, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Сè е во ред со него, ова е само уште една лажна вест, изјави Песков, коментирајќи ги информациите од странските медиуми дека рускиот лидер наводно има „срцеви проблеми“, пренесуваат руските медиуми.

Тврдењата дека Путин има двојници портпаролот на Кремљ ги нарече апсурдни и лажни.

-Ваквите лажни вести, додаде тој, не може да предизвикаат ништо друго освен насмевка.

The post Песков: Гласините за здравствени проблеми на Путин се лажни appeared first on Република.

]]>

Гласините за здравствените проблеми на рускиот претседател Владимир Путин се лажни, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Сè е во ред со него, ова е само уште една лажна вест, изјави Песков, коментирајќи ги информациите од странските медиуми дека рускиот лидер наводно има „срцеви проблеми“, пренесуваат руските медиуми. Тврдењата дека Путин има двојници портпаролот на Кремљ ги нарече апсурдни и лажни. -Ваквите лажни вести, додаде тој, не може да предизвикаат ништо друго освен насмевка.

The post Песков: Гласините за здравствени проблеми на Путин се лажни appeared first on Република.

]]>
Песков: Парламентот на Канада мора да го осуди нацизмот, оставката на спикерот не е доволна https://republika.mk/vesti/svet/peskov-parlamentot-na-kanada-mora-da-go-osudi-natsizmot-ostavkata-na-spikerot-ne-e-dovolna/ Wed, 27 Sep 2023 19:59:22 +0000 https://republika.mk/?p=685789

Официјален Кремљ соопшти дека оставката на претседателот на Долниот дом на Парламентот на Канада, Ентони Рота, не била доволна поради јавните пофалби за „канадски херој“ кој се борел во Украина во Втората светска војна, но се покажа дека се борел на страната на нацистите.

Москва бара и Парламентот на Канада јавно да го осуди нацизмот, а властите да го уапсат 98-годишникот.

Рота го покани Јарослав Хунка, украински припадник на доброволните германски единици Вафен-СС во Втората светска војна, да присуствува на минатонеделната седница на Парламентот, на која присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, и го нарече „херој“, по што Пратениците му аплаудираа.

Се разбира, тука разумот ја диктира потребата од некаква осуда на нацизмот. Парламентот мора да го стори тоа, инаку ќе биде извалкан од тој аплауз, рече Песков и ја повика Канада „да го изведе тој криминалец пред лицето на правдата“.

The post Песков: Парламентот на Канада мора да го осуди нацизмот, оставката на спикерот не е доволна appeared first on Република.

]]>

Официјален Кремљ соопшти дека оставката на претседателот на Долниот дом на Парламентот на Канада, Ентони Рота, не била доволна поради јавните пофалби за „канадски херој“ кој се борел во Украина во Втората светска војна, но се покажа дека се борел на страната на нацистите. Москва бара и Парламентот на Канада јавно да го осуди нацизмот, а властите да го уапсат 98-годишникот. Рота го покани Јарослав Хунка, украински припадник на доброволните германски единици Вафен-СС во Втората светска војна, да присуствува на минатонеделната седница на Парламентот, на која присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, и го нарече „херој“, по што Пратениците му аплаудираа.
Се разбира, тука разумот ја диктира потребата од некаква осуда на нацизмот. Парламентот мора да го стори тоа, инаку ќе биде извалкан од тој аплауз, рече Песков и ја повика Канада „да го изведе тој криминалец пред лицето на правдата“.

The post Песков: Парламентот на Канада мора да го осуди нацизмот, оставката на спикерот не е доволна appeared first on Република.

]]>
Песков: Давањето на Украина било какви безбедносни гаранции е погрешно и опасно https://republika.mk/vesti/svet/peskov-davaneto-na-ukraina-bilo-kakvi-bezbednosni-garantsii-e-pogreshno-i-opasno/ Wed, 12 Jul 2023 11:50:23 +0000 https://republika.mk/?p=660438

Давањето било какви безбедносни гаранции за Украина е крајно погрешно и многу опасно, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Со обезбедување на секаков вид безбедносни гаранции за Украина, овие земји всушност го игнорираат меѓународниот принцип на неделивост на безбедноста. Односно, давајќи гаранции за безбедност на Украина, тие навлегуваат во безбедноста на Руската Федерација, рече портпаролот на Кремљ, коментирајќи ја изјавата на директорката за Европа во Советот за национална безбедност на САД, Аманда Слот, за тоа дека лидерите на Г7 ќе објават долгорочни безбедносни гаранции за Украина.

Документот предвидува распределба на воена опрема за Киев, зајакнување на размената на разузнавачки податоци, проширување на програмите за обука на вооружените сили на Украина, како и развој на индустриски капацитети.

Песков додаде дека снабдувањето на Украина со касетна муниција ја менува ситуацијата и ја принудува Русија да преземе контрамерки.

The post Песков: Давањето на Украина било какви безбедносни гаранции е погрешно и опасно appeared first on Република.

]]>

Давањето било какви безбедносни гаранции за Украина е крајно погрешно и многу опасно, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Со обезбедување на секаков вид безбедносни гаранции за Украина, овие земји всушност го игнорираат меѓународниот принцип на неделивост на безбедноста. Односно, давајќи гаранции за безбедност на Украина, тие навлегуваат во безбедноста на Руската Федерација, рече портпаролот на Кремљ, коментирајќи ја изјавата на директорката за Европа во Советот за национална безбедност на САД, Аманда Слот, за тоа дека лидерите на Г7 ќе објават долгорочни безбедносни гаранции за Украина.
Документот предвидува распределба на воена опрема за Киев, зајакнување на размената на разузнавачки податоци, проширување на програмите за обука на вооружените сили на Украина, како и развој на индустриски капацитети. Песков додаде дека снабдувањето на Украина со касетна муниција ја менува ситуацијата и ја принудува Русија да преземе контрамерки.

The post Песков: Давањето на Украина било какви безбедносни гаранции е погрешно и опасно appeared first on Република.

]]>
Песков: Путин и Пригожин се сретнаа по бунтот на Вагнер https://republika.mk/vesti/svet/peskov-putin-i-prigozhin-se-sretnaa-po-buntot-na-vagner/ Mon, 10 Jul 2023 13:25:40 +0000 https://republika.mk/?p=659779

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со лидерот на приватната армија Вагнер, Евгениј Пригожин неколку дена по неговиот бунт, изјави денеска портпаролот на Кремљ Димитриј Песков.

Средбата што се одржала на 29 јуни, траела три часа во Кремљ, а учествувале и командантите на Вагнер. На состанокот биле вкупно 35 луѓе.

Песков изјави дека за време на средбата на 29 јуни, Путин презентирал „оценка“ за настапот на Вагнер на бојното поле во Украина и за „настаните од 24 јуни“.

Самите команданти ја претставија својата верзија за тоа што се случи. Тие истакнаа дека се лојални поддржувачи и војници на шефот на државата и врховен командант (Путин) и порачаа дека се подготвени да продолжат да се борат за својата татковина, рече Песков.

Платениците на Вагнер се бореа заедно со руската армија во Украина, но тензиите меѓу основачите на таа приватна армија и руското воено раководство кулминираа на 24 јуни кога Приогожин и неговите борци тргнаа кон Москва.

Бунтот беше прекинат со посредство на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, во чија земја беше договорено Пригожин да оди, но и сега не се знае каде се наоѓа.

The post Песков: Путин и Пригожин се сретнаа по бунтот на Вагнер appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со лидерот на приватната армија Вагнер, Евгениј Пригожин неколку дена по неговиот бунт, изјави денеска портпаролот на Кремљ Димитриј Песков. Средбата што се одржала на 29 јуни, траела три часа во Кремљ, а учествувале и командантите на Вагнер. На состанокот биле вкупно 35 луѓе. Песков изјави дека за време на средбата на 29 јуни, Путин презентирал „оценка“ за настапот на Вагнер на бојното поле во Украина и за „настаните од 24 јуни“.
Самите команданти ја претставија својата верзија за тоа што се случи. Тие истакнаа дека се лојални поддржувачи и војници на шефот на државата и врховен командант (Путин) и порачаа дека се подготвени да продолжат да се борат за својата татковина, рече Песков.
Платениците на Вагнер се бореа заедно со руската армија во Украина, но тензиите меѓу основачите на таа приватна армија и руското воено раководство кулминираа на 24 јуни кога Приогожин и неговите борци тргнаа кон Москва. Бунтот беше прекинат со посредство на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, во чија земја беше договорено Пригожин да оди, но и сега не се знае каде се наоѓа.

The post Песков: Путин и Пригожин се сретнаа по бунтот на Вагнер appeared first on Република.

]]>
Песков: Русија внимателно ќе ги следи разговорите помеѓу Ердоган и Зеленски https://republika.mk/vesti/svet/peskov-rusija-vnimatelno-ke-gi-sledi-razgovorite-pomegu-erdogan-i-zelenski/ Fri, 07 Jul 2023 11:42:32 +0000 https://republika.mk/?p=658948

Кремљ денеска соопшти дека „многу внимателно“ ќе ги следи разговорите меѓу турскиот и украинскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вечерва треба да ја посети Турција.

Ќе ги следиме резултатите од преговорите многу внимателно и ќе го одржиме нашето конструктивно партнерство со Анкара, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој ја поздрави посредничката улога на Ердоган во врска со војната во Украина и посочи дека турскиот претседател „во неколку наврати вложил големи напори за решавање на различни проблеми“.

Би биле заинтересирани да знаеме за што разговарале Ердоган и Зеленски. Тоа е важно, истакна Песков.

Посетата на Зеленски на Истанбул е пред претстојниот Самит на НАТО, што ќе се одржи на 11 и 12 јули во Вилнус, Литванија.

The post Песков: Русија внимателно ќе ги следи разговорите помеѓу Ердоган и Зеленски appeared first on Република.

]]>

Кремљ денеска соопшти дека „многу внимателно“ ќе ги следи разговорите меѓу турскиот и украинскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вечерва треба да ја посети Турција.
Ќе ги следиме резултатите од преговорите многу внимателно и ќе го одржиме нашето конструктивно партнерство со Анкара, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој ја поздрави посредничката улога на Ердоган во врска со војната во Украина и посочи дека турскиот претседател „во неколку наврати вложил големи напори за решавање на различни проблеми“.
Би биле заинтересирани да знаеме за што разговарале Ердоган и Зеленски. Тоа е важно, истакна Песков.
Посетата на Зеленски на Истанбул е пред претстојниот Самит на НАТО, што ќе се одржи на 11 и 12 јули во Вилнус, Литванија.

The post Песков: Русија внимателно ќе ги следи разговорите помеѓу Ердоган и Зеленски appeared first on Република.

]]>
Песков: Нема многу надеж дека ќе биде продолжен Договорот за житото https://republika.mk/vesti/svet/peskov-nema-mnogu-nadezh-deka-ke-bide-prodolzhen-dogovorot-za-zhitoto/ Mon, 03 Jul 2023 13:27:53 +0000 https://republika.mk/?p=657767

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека „нема многу надеж“ оти договорот за транспорт на житото преку Црното Море ќе биде продолжен.

Договорот за житото, според кој Русија ја гарантираше безбедноста на бродовите со жито што одат до и од украинските пристаништа, истекува на 18 јули.

„Фајненшл тајмс“ објави дека ЕУ го разгледува предлогот Руската земјоделска банка да формира подружница за повторно поврзување со глобалната финансиска мрежа како поттик за Москва да го продолжи договорот. Кога договорот беше потпишан во јули 2022 година, ОН и Русија потпишаа и меморандум за разбирање, со кој се обврзаа ОН да обезбедат непречен пристап до глобалните пазари за руските ѓубрива и други производи.

Русија бара за исполнување на меморандумот да се исполнат неколку услови, вклучително и реадмисија на Руската земјоделска банка (Росселхозбанк) во белгискиот меѓународен банкарски систем за плаќање СВИФТ (SWIFT).

The post Песков: Нема многу надеж дека ќе биде продолжен Договорот за житото appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека „нема многу надеж“ оти договорот за транспорт на житото преку Црното Море ќе биде продолжен. Договорот за житото, според кој Русија ја гарантираше безбедноста на бродовите со жито што одат до и од украинските пристаништа, истекува на 18 јули. „Фајненшл тајмс“ објави дека ЕУ го разгледува предлогот Руската земјоделска банка да формира подружница за повторно поврзување со глобалната финансиска мрежа како поттик за Москва да го продолжи договорот. Кога договорот беше потпишан во јули 2022 година, ОН и Русија потпишаа и меморандум за разбирање, со кој се обврзаа ОН да обезбедат непречен пристап до глобалните пазари за руските ѓубрива и други производи. Русија бара за исполнување на меморандумот да се исполнат неколку услови, вклучително и реадмисија на Руската земјоделска банка (Росселхозбанк) во белгискиот меѓународен банкарски систем за плаќање СВИФТ (SWIFT).

The post Песков: Нема многу надеж дека ќе биде продолжен Договорот за житото appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Сè уште сме отворени за преговори за крај на војната, но со главен услов https://republika.mk/vesti/svet/kreml-se-ushte-sme-otvoreni-za-pregovori-za-kraj-na-vojnata-no-so-glaven-uslov/ Tue, 28 Feb 2023 11:07:34 +0000 https://republika.mk/?p=614192

Откако Кина го објави својот „мировен план“ од 12 точки во кој се повикува на примирје, Русија го повтори својот став за тоа како може да се стави крај на војната. Кремљ повтори дека останува отворен за преговори за ставање крај на конфликтот.

Тоа е тврдење што рускиот претседател Владимир Путин го кажа во минатото – уште во април минатата година, рускиот претседател рече дека се надева оти преговорите може да доведат до прекин на огнот во Украина.

„Русија нема да се откаже од своите барања за четири украински региони – Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон“, изјави Песков.

Кремљ вчера оцени дека планот што минатата недела го предложи Кина за решавање на конфликтот во Украина „заслужува внимание“, но и дека „засега“ не постојат условите неопходни за „мирно“ решение.

„Секој обид што придонесува за насочување на овој конфликт кон мирен пат заслужува внимание. Ние го разгледуваме планот на нашите кинески пријатели со големо внимание“, рече портпаролот на Кремљ. „Тоа е долг процес“, рече тој.

„Засега не ги гледаме премисите дека оваа ситуација може да тргне по мирен пат“, додаде тој. „Специјалната воена операција (во Украина) продолжува“, нагласи тој.

Во петокот, токму на првата годишнина од војната, Пекинг објави документ од 12 точки, со кој ги повикува Москва и Киев на мировни преговори. Засега Москва и Киев не изразија сериозна волја за преговори и внимателно реагираа на кинескиот предлог.

 

 

 

 

 

The post Кремљ: Сè уште сме отворени за преговори за крај на војната, но со главен услов appeared first on Република.

]]>

Откако Кина го објави својот „мировен план“ од 12 точки во кој се повикува на примирје, Русија го повтори својот став за тоа како може да се стави крај на војната. Кремљ повтори дека останува отворен за преговори за ставање крај на конфликтот.
Тоа е тврдење што рускиот претседател Владимир Путин го кажа во минатото – уште во април минатата година, рускиот претседател рече дека се надева оти преговорите може да доведат до прекин на огнот во Украина. „Русија нема да се откаже од своите барања за четири украински региони – Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон“, изјави Песков. Кремљ вчера оцени дека планот што минатата недела го предложи Кина за решавање на конфликтот во Украина „заслужува внимание“, но и дека „засега“ не постојат условите неопходни за „мирно“ решение. „Секој обид што придонесува за насочување на овој конфликт кон мирен пат заслужува внимание. Ние го разгледуваме планот на нашите кинески пријатели со големо внимание“, рече портпаролот на Кремљ. „Тоа е долг процес“, рече тој. „Засега не ги гледаме премисите дека оваа ситуација може да тргне по мирен пат“, додаде тој. „Специјалната воена операција (во Украина) продолжува“, нагласи тој. Во петокот, токму на првата годишнина од војната, Пекинг објави документ од 12 точки, со кој ги повикува Москва и Киев на мировни преговори. Засега Москва и Киев не изразија сериозна волја за преговори и внимателно реагираа на кинескиот предлог.          

The post Кремљ: Сè уште сме отворени за преговори за крај на војната, но со главен услов appeared first on Република.

]]>
Песков: Лага е дека Путин му се заканувал на Џонсон https://republika.mk/vesti/svet/peskov-laga-e-deka-putin-mu-se-zakanuval-na-dhonson/ Mon, 30 Jan 2023 11:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=602588

ортпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги демантираше тврдењата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон дека рускиот претседател Владимир Путин „му се заканувал со ракетен напад“ и изјави дека знае што разговарале Путин и Џонсон.

Не, тоа што го кажа г-дин Џонсон не е точно, туку е лага. И, згора на тоа, ќе кажам дека тоа е или свесна лага, тогаш прашањето е со која цел избрал таква верзија на изјавата, или е несвесна, бидејќи тој всушност не разбрал што му кажал претседателот Путин“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање.

Песков рече дека знае што разговарале Путин и Џонсон, пренесува РИА Новости.

The post Песков: Лага е дека Путин му се заканувал на Џонсон appeared first on Република.

]]>

ортпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги демантираше тврдењата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон дека рускиот претседател Владимир Путин „му се заканувал со ракетен напад“ и изјави дека знае што разговарале Путин и Џонсон.
Не, тоа што го кажа г-дин Џонсон не е точно, туку е лага. И, згора на тоа, ќе кажам дека тоа е или свесна лага, тогаш прашањето е со која цел избрал таква верзија на изјавата, или е несвесна, бидејќи тој всушност не разбрал што му кажал претседателот Путин“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање.
Песков рече дека знае што разговарале Путин и Џонсон, пренесува РИА Новости.

The post Песков: Лага е дека Путин му се заканувал на Џонсон appeared first on Република.

]]>