пензиска реформа Archives - Република https://republika.mk/tema/penziska-reforma/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Jan 2023 16:52:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пензиска реформа Archives - Република https://republika.mk/tema/penziska-reforma/ 32 32 Француската Влада ги усвои пензиските реформи https://republika.mk/vesti/svet/frantsuskata-vlada-gi-usvoi-penziskite-reformi/ Mon, 23 Jan 2023 16:52:37 +0000 https://republika.mk/?p=600095

Француската Влада денеска на состанок на Советот на министри ја усвои пензиската реформа, демонстрирајќи решеност да не попушта пред барањата на синдикатите, кои имаат намера да продолжат со протестите и штрајковите против водечкиот проект на претседателот Емануел Макрон.

Министерот за труд, Оливие Дусоп, по средбата изјави дека нема да има промена на старосната граница за пензионирање и дека ќе остане како во предложената реформа, пензионирање на 64 години.

Синдикатите и дел од опозицијата најмногу ја оспоруваат законската старосна граница која досега беше 62 години.

По првиот ден од штрајковите и протестите низ Франција одржани во четвртокот, кога се собраа меѓу еден и два милиони луѓе, властите се обидуваат да ги минимизираат протестите, но веќе изјавуваат дека се држат до планот.

Француската Влада се надева дека расправата во Парламентот ќе биде брза и оти реформата би можела да стапи на сила веќе наредното лето.

Следниот голем собир на Французите против реформата е закажан за 31 јануари.

The post Француската Влада ги усвои пензиските реформи appeared first on Република.

]]>

Француската Влада денеска на состанок на Советот на министри ја усвои пензиската реформа, демонстрирајќи решеност да не попушта пред барањата на синдикатите, кои имаат намера да продолжат со протестите и штрајковите против водечкиот проект на претседателот Емануел Макрон. Министерот за труд, Оливие Дусоп, по средбата изјави дека нема да има промена на старосната граница за пензионирање и дека ќе остане како во предложената реформа, пензионирање на 64 години. Синдикатите и дел од опозицијата најмногу ја оспоруваат законската старосна граница која досега беше 62 години. По првиот ден од штрајковите и протестите низ Франција одржани во четвртокот, кога се собраа меѓу еден и два милиони луѓе, властите се обидуваат да ги минимизираат протестите, но веќе изјавуваат дека се држат до планот. Француската Влада се надева дека расправата во Парламентот ќе биде брза и оти реформата би можела да стапи на сила веќе наредното лето. Следниот голем собир на Французите против реформата е закажан за 31 јануари.

The post Француската Влада ги усвои пензиските реформи appeared first on Република.

]]>