пат Archives - Република https://republika.mk/tema/pat/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 11:31:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пат Archives - Република https://republika.mk/tema/pat/ 32 32 Николоски: Магистралниот пат Тетово-Призрен не се гради затоа што нема ни проект, ни пари https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-magistralniot-pat-tetovo-prizren-ne-se-gradi-zatoa-shto-nema-ni-proekt-ni-pari/ Fri, 25 Oct 2024 10:21:11 +0000 https://republika.mk/?p=830901

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска изјави дека магистралниот пат Тетово-Призрен од македонска страна не е изграден бидејќи нема изработено проект. За овој патен правец, како што посочи, идејата е да се изработи заеднички проект со Косово со кој потоа ќе се бараат финансиски средства и изведувач на градежните активности.

Претходната влада давала изјави, но не сработила ништо. Нема никаков проект. Потпишувани се меморандуми, но проект нема. Она што јас го направив заедно со директорот на Јавното претпрјатие за државни патишта е да стапиме во контакт со косовската Влада за заеднички да изработиме проект за проектирање на тој пат на кој исто така треба да има тунел. Врз основа на тоа потоа да се бара финансирање и да се бара изведувач. Во овој момент нема ниту проект ниту финансирање, ниту изведувач, а ДУИ го претставуваше како утре да ќе биде готов - рече Николоски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.

The post Николоски: Магистралниот пат Тетово-Призрен не се гради затоа што нема ни проект, ни пари appeared first on Република.

]]>

Николоски: Градиме за да обезбедиме квалитетно поврзување со соседите, до Нова година ќе го пуштиме експресниот пат до границата со Бугарија https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-gradime-za-da-obezbedime-kvalitetno-povrzuvane-so-sosedite-do-nova-godina-ke-go-pushtime-ekspresniot-pat-do-granitsata-so-bugarija/ Fri, 25 Oct 2024 07:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=830749

Македонија е природна крстосница на двата коридори и затоа мораме да ги искористиме предностите. Имаме огромна шанса, но мораме да имаме и заложба од другите земји кои се на двата коридори за заеднички да ги унапредиме, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

До границата со Бугарија води експресен пат кој околу Нова година ќе го пуштиме во сообраќај за граѓаните и за околу 1 час и 20 минути ќе се стигнува до границата. Започнавме реконструкција на граничниот премин Деве Баир, но од другата страна на границата ништо не се работи за да може квалитетно да се поврземе, потенцираше министерот Николоски.

Тој го посочи примерот и со граничниот премин Клепало кој од македонска страна е изграден пред десетина години, но не е ставен во функција од причина што бугарската страна до сега нема инвестирано во инфраструктурата.

Ако имаме автопатско поврзување кон Бугарија а тие немаат, тогаш која е поeнтата ние да градиме автопати. Сега ја забрзуваме постапката за Охрид – Кичево, забрзуваме и со Гостивар – Букојчани, што значи дека ќе имаме автопат и нa запад. Добра вест е што Албанија гради, што значи дека ние автопатски ќе се поврземе со две пристаништа Драч и Валона, додека од бугарска страна не се грaди ништо. Истото е и со пругата. Мораме да имаме заедничи проект бидејќи пругата не води никаде. Тие јавно истакнаа дека немаат проект за пругата и дека до 2026 година ќе го направат проектот, а ќе им требаат уште најмалку четири години да ја изградат. Јас не сакам да оставам позади мене незавршен проект па генерациите после мене да решаваат проблеми. Дополнително на Бугарите ќе им треба повеќе време бидејќи тие треба да ја реконструираат и целата пруга од Ѓуешево до Софија - истакна министерот Николоски.

Тој потенцираше дека потребно е да се ревидира прво проектот за третата фаза, потоа да се прилагоди цената и да се обезбеди договор со Бугарија со кој ќе дадат гаранции дека пругата ќе ја изградат до границата.

Во однос на коридор 10, тој исткана дека приоритет за следната година е реконструкција на пругата на Коридор 10 и амбициозниот проект за изградба на брза пруга исто така на Коридор 10.

The post Николоски: Градиме за да обезбедиме квалитетно поврзување со соседите, до Нова година ќе го пуштиме експресниот пат до границата со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Македонија е природна крстосница на двата коридори и затоа мораме да ги искористиме предностите. Имаме огромна шанса, но мораме да имаме и заложба од другите земји кои се на двата коридори за заеднички да ги унапредиме, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во емисијата Клик Плус на ТВ 21. До границата со Бугарија води експресен пат кој околу Нова година ќе го пуштиме во сообраќај за граѓаните и за околу 1 час и 20 минути ќе се стигнува до границата. Започнавме реконструкција на граничниот премин Деве Баир, но од другата страна на границата ништо не се работи за да може квалитетно да се поврземе, потенцираше министерот Николоски. Тој го посочи примерот и со граничниот премин Клепало кој од македонска страна е изграден пред десетина години, но не е ставен во функција од причина што бугарската страна до сега нема инвестирано во инфраструктурата.
Ако имаме автопатско поврзување кон Бугарија а тие немаат, тогаш која е поeнтата ние да градиме автопати. Сега ја забрзуваме постапката за Охрид – Кичево, забрзуваме и со Гостивар – Букојчани, што значи дека ќе имаме автопат и нa запад. Добра вест е што Албанија гради, што значи дека ние автопатски ќе се поврземе со две пристаништа Драч и Валона, додека од бугарска страна не се грaди ништо. Истото е и со пругата. Мораме да имаме заедничи проект бидејќи пругата не води никаде. Тие јавно истакнаа дека немаат проект за пругата и дека до 2026 година ќе го направат проектот, а ќе им требаат уште најмалку четири години да ја изградат. Јас не сакам да оставам позади мене незавршен проект па генерациите после мене да решаваат проблеми. Дополнително на Бугарите ќе им треба повеќе време бидејќи тие треба да ја реконструираат и целата пруга од Ѓуешево до Софија - истакна министерот Николоски.
Тој потенцираше дека потребно е да се ревидира прво проектот за третата фаза, потоа да се прилагоди цената и да се обезбеди договор со Бугарија со кој ќе дадат гаранции дека пругата ќе ја изградат до границата. Во однос на коридор 10, тој исткана дека приоритет за следната година е реконструкција на пругата на Коридор 10 и амбициозниот проект за изградба на брза пруга исто така на Коридор 10.

The post Николоски: Градиме за да обезбедиме квалитетно поврзување со соседите, до Нова година ќе го пуштиме експресниот пат до границата со Бугарија appeared first on Република.

]]>
Сообраќајот се одвива непречено, нема задржувања на границите https://republika.mk/zivot/servisi/soobrakajot-se-odviva-neprecheno-nema-zadrzhuvana-na-granitsite/ Sun, 15 Sep 2024 07:45:06 +0000 https://republika.mk/?p=816452

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти утринава АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Сообраќајот се одвива непречено, нема задржувања на границите appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти утринава АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Сообраќајот се одвива непречено, нема задржувања на границите appeared first on Република.

]]>
Малолетничка и 23-годишник се повредени откако со возило излетале од пат кај Средно Водно https://republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnichka-i-23-godishnik-se-povredeni-otkako-so-vozilo-izletale-od-pat-kaj-sredno-vodno/ Thu, 22 Aug 2024 09:56:05 +0000 https://republika.mk/?p=809007

Малолетничка е тешко повредена откако возило излета од пат доцна синоќа кај Средно Водно.

На 21.08.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат кој води кон Средно Водно, патничко возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(23) од Скопје, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Малолетничка и 23-годишник се повредени откако со возило излетале од пат кај Средно Водно appeared first on Република.

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево https://republika.mk/zivot/servisi/za-ilinden-do-krushevo-da-se-koristat-patnite-pravtsi-preku-bitola-i-kichevo/ Fri, 02 Aug 2024 06:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=802516

Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август - Илинден, кој традиционално се одбележува во Крушево, ги известува граѓаните дека поради изведување градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница Прилеп - Крушево, патот е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани.

За доаѓање на манифестација во Крушево денеска треба да се користат патните правци: Прилеп - Битола - по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево, посочуваат од МВР,

The post За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август - Илинден, кој традиционално се одбележува во Крушево, ги известува граѓаните дека поради изведување градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница Прилеп - Крушево, патот е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани. За доаѓање на манифестација во Крушево денеска треба да се користат патните правци: Прилеп - Битола - по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево, посочуваат од МВР,

The post За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево appeared first on Република.

]]>
Поради пожарите затворен за сообраќај патот Неготино-Штип https://republika.mk/zivot/servisi/poradi-pozharite-zatvoren-za-soobrakaj-patot-negotino-shtip/ Tue, 16 Jul 2024 16:31:35 +0000 https://republika.mk/?p=797474

Авто мото сојузот на Македонија попладнево информира дека поради пожарите затворен за сообраќај е регионалниот пат Неготино-Штип кај селото Пепелиште.

Сообраќајот е во прекин за сите видови возила во двата правца.

Во овој регион веќе неколку дена има активни пожари на неколку локации.

The post Поради пожарите затворен за сообраќај патот Неготино-Штип appeared first on Република.

]]>

Авто мото сојузот на Македонија попладнево информира дека поради пожарите затворен за сообраќај е регионалниот пат Неготино-Штип кај селото Пепелиште. Сообраќајот е во прекин за сите видови возила во двата правца. Во овој регион веќе неколку дена има активни пожари на неколку локации.

The post Поради пожарите затворен за сообраќај патот Неготино-Штип appeared first on Република.

]]>
Во прекин сообраќајот на патот Весилево – с.Градошорци поради сообраќајна несреќа https://republika.mk/zivot/servisi/vo-prekin-soobrakajot-na-patot-vesilevo-s-gradoshortsi-poradi-soobrakajna-nesreka/ Mon, 27 May 2024 17:13:42 +0000 https://republika.mk/?p=782167

Сообраќајот на магистралниот пат Василево-с.Градошорци од 18:15 часот е затворен во двата правци, а возилата се пренасочуваат по стариот пат.

Како што соопштуваат од АМСМ, прекинот на сообраќајот е поради случена сообраќајна незгода. вг/лв/

The post Во прекин сообраќајот на патот Весилево – с.Градошорци поради сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на магистралниот пат Василево-с.Градошорци од 18:15 часот е затворен во двата правци, а возилата се пренасочуваат по стариот пат. Како што соопштуваат од АМСМ, прекинот на сообраќајот е поради случена сообраќајна незгода. вг/лв/  

The post Во прекин сообраќајот на патот Весилево – с.Градошорци поради сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>
Кочанчанец тешко повреден откако со мопед излетал од пат https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kochanchanets-teshko-povreden-otkako-so-moped-izletal-od-pat/ Fri, 19 Apr 2024 10:55:51 +0000 https://republika.mk/?p=767993

Педесет и едногодишен кочанчанец е тешко повреден откако управувајќи мопед излетал од пат.

„Вчера во 13.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Стамен Манов “ во Кочани, В.Џ.(51) од Кочани, управувајќи мопед со кочански регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кочани“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

The post Кочанчанец тешко повреден откако со мопед излетал од пат appeared first on Република.

]]>

Педесет и едногодишен кочанчанец е тешко повреден откако управувајќи мопед излетал од пат. „Вчера во 13.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Стамен Манов “ во Кочани, В.Џ.(51) од Кочани, управувајќи мопед со кочански регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кочани“, информираат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.  

The post Кочанчанец тешко повреден откако со мопед излетал од пат appeared first on Република.

]]>
Во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – Деве Баир https://republika.mk/zivot/servisi/vo-prekin-soobrakajot-na-patot-kriva-palanka-deve-bair/ Sat, 13 Jan 2024 16:14:12 +0000 https://republika.mk/?p=732666

Во прекин е сообраќајот во двата правци на патот Крива Паланка - Деве Баир, соопштија од АМСМ.

Прекинот на сообраќајот е поради случена сообраќајна незгода од 15:35 часот на магистралниот пат А2 Крива Паланка - Деве Баир.

The post Во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – Деве Баир appeared first on Република.

]]>

Во прекин е сообраќајот во двата правци на патот Крива Паланка - Деве Баир, соопштија од АМСМ. Прекинот на сообраќајот е поради случена сообраќајна незгода од 15:35 часот на магистралниот пат А2 Крива Паланка - Деве Баир.  

The post Во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – Деве Баир appeared first on Република.

]]>
Во целосен прекин сообраќајот на патот Гостивар-Кичево поради сообраќајка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-tselosen-prekin-soobrakajot-na-patot-gostivar-kichevo-poradi-soobrakajka/ Fri, 05 Jan 2024 07:52:55 +0000 https://republika.mk/?p=729831

На магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на каменоломот, утрово се случила сообраќајна незгода.

Од АМСМ соопштија дека од 7.15 часот сообраќајот е во прекин во двата правци.

Засега нема информации дали има загинати и повредени во несреќата.

The post Во целосен прекин сообраќајот на патот Гостивар-Кичево поради сообраќајка appeared first on Република.

]]>

На магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на каменоломот, утрово се случила сообраќајна незгода. Од АМСМ соопштија дека од 7.15 часот сообраќајот е во прекин во двата правци. Засега нема информации дали има загинати и повредени во несреќата.

The post Во целосен прекин сообраќајот на патот Гостивар-Кичево поради сообраќајка appeared first on Република.

]]>
Укинати забраните за движење на камиони на патните правци Гостивар-Стража-Кичево и Крива Паланка – ГП Деве Баир https://republika.mk/zivot/servisi/ukinati-zabranite-za-dvizhene-na-kamioni-na-patnite-pravtsi-gostivar-strazha-kichevo-i-kriva-palanka-gp-deve-bair/ Sun, 26 Nov 2023 08:45:02 +0000 https://republika.mk/?p=716290

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози.

Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта информираат дека во 06:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево, а во 08:00 часот и забраната за тешки товарни возила за патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта велат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, Воедно апелираат до возачите на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

The post Укинати забраните за движење на камиони на патните правци Гостивар-Стража-Кичево и Крива Паланка – ГП Деве Баир appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози. Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта информираат дека во 06:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево, а во 08:00 часот и забраната за тешки товарни возила за патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта велат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, Воедно апелираат до возачите на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

The post Укинати забраните за движење на камиони на патните правци Гостивар-Стража-Кичево и Крива Паланка – ГП Деве Баир appeared first on Република.

]]>
Од денеска затворен патот до Блаце https://republika.mk/zivot/servisi/od-deneska-zatvoren-patot-do-blatse/ Wed, 08 Nov 2023 07:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=699345

Од денеска ќе биде затворен за сообраќај локалниот пат до селото Блаце пред граничниот премин. Пристапот до Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин за што е поставена сообраќајна сигнализација.

Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека се воведува режим на сообраќај на овој патен правец поради градежни работи на автопатот А4, делница ГП „Блаце" - Скопје (клучка „Стенковец") подделница 1.

Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на два километри пред граничниот премин, сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

The post Од денеска затворен патот до Блаце appeared first on Република.

]]>

Од денеска ќе биде затворен за сообраќај локалниот пат до селото Блаце пред граничниот премин. Пристапот до Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин за што е поставена сообраќајна сигнализација. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека се воведува режим на сообраќај на овој патен правец поради градежни работи на автопатот А4, делница ГП „Блаце" - Скопје (клучка „Стенковец") подделница 1. Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на два километри пред граничниот премин, сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

The post Од денеска затворен патот до Блаце appeared first on Република.

]]>
Украдени се 2,67 милиони евра од 8 километри регионален пат Велес-Куманово, замислете што ќе се случи со коридорите 8 и 10 https://republika.mk/vesti/makedonija/ukradeni-se-2-67-milioni-evra-od-8-kilometri-regionalen-pat-veles-kumanovo-zamislete-shto-ke-se-sluchi-so-koridorite-8-i-10/ Mon, 16 Oct 2023 12:47:47 +0000 https://republika.mk/?p=691718

Регионалниот пат од Велес кон Катланово наместо нормалните 5,5 метри колку што изнесува ширината на регионален пат, го направиле 90 сантиметри потесен.

Цена, права ситница - 2,67 милиони евра за 8 километри.

Одговорен за овој криминал: Ејуп Рустеми од ДУИ.

Замислете што ќе се случи со коридорите 8 и 10, пишува на Фејсбук, Ивор Мицковски.

The post Украдени се 2,67 милиони евра од 8 километри регионален пат Велес-Куманово, замислете што ќе се случи со коридорите 8 и 10 appeared first on Република.

]]>

Регионалниот пат од Велес кон Катланово наместо нормалните 5,5 метри колку што изнесува ширината на регионален пат, го направиле 90 сантиметри потесен. Цена, права ситница - 2,67 милиони евра за 8 километри. Одговорен за овој криминал: Ејуп Рустеми од ДУИ. Замислете што ќе се случи со коридорите 8 и 10, пишува на Фејсбук, Ивор Мицковски.

The post Украдени се 2,67 милиони евра од 8 километри регионален пат Велес-Куманово, замислете што ќе се случи со коридорите 8 и 10 appeared first on Република.

]]>
Израелската армија повторно ги повика жителите на Газа да се евакуираат, овојпат има само еден пат https://republika.mk/vesti/svet/izraelskata-armija-povtorno-gi-povika-zhitelite-na-gaza-da-se-evakuiraat-ovojpat-ima-samo-eden-pat/ Sun, 15 Oct 2023 10:58:48 +0000 https://republika.mk/?p=691375

Портпаролот на израелската армија Јонатан Конрикус повторно ги повика жителите на северниот дел на Појасот Газа да го почитуваат предупредувањето да се евакуираат во јужниот дел на палестинската територија, во време кога, како што наведе, Израел е подготвен да започне „значајни воени операции“.Овојпат има само еден пат по кој може да се извлечат од военото жариште.

Важно е да се фокусираме на фактот дека ќе започнеме значајни воени операции кога ќе видиме дека цивилите ја напуштиле областа, изјави за Си-Ен-Ен, потполковник Конрикус.

Навистина е важно луѓето од Газа да знаат дека овој пат бевме многу, многу, великодушни. Дадовме доволно предупредување, повеќе од 25 часа, рече портпаролот, оценувајќи дека е повеќе од доволно жителите на Газа да си заминат, објавија израелските медиуми .

Стотици илјади жители на Газа се евакуирани од околу половина од територијата на густо населениот Појас Газа, но многумина останаа, главно во болнички засолништа на северот. Во меѓувреме се соочуваат со недостиг од храна, вода и лекови.

The post Израелската армија повторно ги повика жителите на Газа да се евакуираат, овојпат има само еден пат appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на израелската армија Јонатан Конрикус повторно ги повика жителите на северниот дел на Појасот Газа да го почитуваат предупредувањето да се евакуираат во јужниот дел на палестинската територија, во време кога, како што наведе, Израел е подготвен да започне „значајни воени операции“.Овојпат има само еден пат по кој може да се извлечат од военото жариште. Важно е да се фокусираме на фактот дека ќе започнеме значајни воени операции кога ќе видиме дека цивилите ја напуштиле областа, изјави за Си-Ен-Ен, потполковник Конрикус. Навистина е важно луѓето од Газа да знаат дека овој пат бевме многу, многу, великодушни. Дадовме доволно предупредување, повеќе од 25 часа, рече портпаролот, оценувајќи дека е повеќе од доволно жителите на Газа да си заминат, објавија израелските медиуми . Стотици илјади жители на Газа се евакуирани од околу половина од територијата на густо населениот Појас Газа, но многумина останаа, главно во болнички засолништа на северот. Во меѓувреме се соочуваат со недостиг од храна, вода и лекови.

The post Израелската армија повторно ги повика жителите на Газа да се евакуираат, овојпат има само еден пат appeared first on Република.

]]>
Патот Охрид-Св. Наум тесен и небезбеден, патувањето трае цел час https://republika.mk/vesti/makedonija/patot-ohrid-sv-naum-tesen-i-nebezbeden-patuvaneto-trae-tsel-chas/ Sat, 09 Sep 2023 19:34:16 +0000 https://republika.mk/?p=680355

Додека патот од Охрид до Свети Наум и границата со Албанија е речиси целосно уништен, тесен и небезбеден за возење, албанската страна од езерото за помалку од една година доби целосно реконструиран и проширен пат. Станува збор за делницата од граничниот премин со Македонија, па сè до Тушемиште и Поградец. Таму се работи и на уредување на крајбрежјето. Во меѓувреме, од Охрид до Свети Наум летово се патуваше и до еден час и тоа само во една насока.

Граѓаните бараат итна реакција од надлежните. Најголем проблем им создаваат туристичките автобуси со кои тешко се разминуваат.

Нашите власти со години напразно ветуваат реконструкција на патот. Ист е одговорот и сега.

Од Државни патишта велат дека изведувачот е во процедура на добивање на времен режим на сообраќај и првите градежни активности се очекуваат од средината на септември.

Ако проектот се реализира, предвидена е само рехабилитација и поправка на постоечкиот пат, а не и негово проширување. Делницата Охрид – Свети Наум е изградена во времето на Југославија од страна на тогашната армија.

извор: Алсат телевизија.

The post Патот Охрид-Св. Наум тесен и небезбеден, патувањето трае цел час appeared first on Република.

]]>

Додека патот од Охрид до Свети Наум и границата со Албанија е речиси целосно уништен, тесен и небезбеден за возење, албанската страна од езерото за помалку од една година доби целосно реконструиран и проширен пат. Станува збор за делницата од граничниот премин со Македонија, па сè до Тушемиште и Поградец. Таму се работи и на уредување на крајбрежјето. Во меѓувреме, од Охрид до Свети Наум летово се патуваше и до еден час и тоа само во една насока. Граѓаните бараат итна реакција од надлежните. Најголем проблем им создаваат туристичките автобуси со кои тешко се разминуваат. Нашите власти со години напразно ветуваат реконструкција на патот. Ист е одговорот и сега. Од Државни патишта велат дека изведувачот е во процедура на добивање на времен режим на сообраќај и првите градежни активности се очекуваат од средината на септември. Ако проектот се реализира, предвидена е само рехабилитација и поправка на постоечкиот пат, а не и негово проширување. Делницата Охрид – Свети Наум е изградена во времето на Југославија од страна на тогашната армија. извор: Алсат телевизија.

The post Патот Охрид-Св. Наум тесен и небезбеден, патувањето трае цел час appeared first on Република.

]]>
Патот од Берово до Струмица од 15:30 е во прекин во двата правци https://republika.mk/zivot/servisi/patot-od-berovo-do-strumitsa-od-15-30-e-vo-prekin-vo-dvata-pravtsi/ Wed, 23 Aug 2023 14:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=675033

Патот од Берово према Струмица денеска од 15:30 часот е во прекин во двата правци, информираат од Авто-мото сојузот.

Од АМСМ ова го соопштија како вонреден извештај за состојба на патни правци, но не се наведуваат други детали во врска со прекинот. сх/аа/

The post Патот од Берово до Струмица од 15:30 е во прекин во двата правци appeared first on Република.

]]>

Патот од Берово према Струмица денеска од 15:30 часот е во прекин во двата правци, информираат од Авто-мото сојузот. Од АМСМ ова го соопштија како вонреден извештај за состојба на патни правци, но не се наведуваат други детали во врска со прекинот. сх/аа/  

The post Патот од Берово до Струмица од 15:30 е во прекин во двата правци appeared first on Република.

]]>
Нема да биде на време: Пролонгиран рокот за реконструкцијата на патот Велес-Градско https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-da-bide-na-vreme-prolongiran-rokot-za-rekonstruktsijata-na-patot-veles-gradsko/ Tue, 25 Jul 2023 15:01:08 +0000 https://republika.mk/?p=665183

Рокот за обнова на регионалниот пат Велес -Градско Р 1102, во должина од 22 километри, е пролонгиран до 30 ноември годинава, потврдуваат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Изведувачот бил воведен во работа на 30 август лани, а рокот од 9 месеци истекол до 30 мај 2023.

Поради непредвидени и дополнителни работи на патната делница рокот на завршување на работите е продолжен за 6 месеци или до 30 ноември 2023 година. Асфалтирани се 12 километри БНС -прв слој на асфалт и 6 километри АБ - втор (завршен) слој на асфалт, изјавија од ЈПДП.

Вредноста на работите е 347.356.374 денари,обезбедени со заем од ЕБОР, а изведувач е „ХИДРОСТРОЈ“ и „ЕСКАВАТОРИ“ МК ДООЕЛ.

Од ЈПДП посочуваат дека патот е под времен режим и движењето зависи од активностите на изведувачот.

Патот комплетно се затвора само кога има асфалтирање и по завршување на асфалтирањето е потребно да се олади асфалтот до одредена температура, процес што опфаќа неколку часа, и потоа може да се движат возила. Поради високите температури изведувачот работи од 7 до 11 часот потоа нема активности/асфалтирање, појаснуваат од ЈПДП.

Последните 10 километри од делницата се уште се земјен пат, а алтернатива за патување е автопатот, каде има патарина.

Градежни активности не се одвиваат во недела кога е неработен.

The post Нема да биде на време: Пролонгиран рокот за реконструкцијата на патот Велес-Градско appeared first on Република.

]]>

Рокот за обнова на регионалниот пат Велес -Градско Р 1102, во должина од 22 километри, е пролонгиран до 30 ноември годинава, потврдуваат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Изведувачот бил воведен во работа на 30 август лани, а рокот од 9 месеци истекол до 30 мај 2023.
Поради непредвидени и дополнителни работи на патната делница рокот на завршување на работите е продолжен за 6 месеци или до 30 ноември 2023 година. Асфалтирани се 12 километри БНС -прв слој на асфалт и 6 километри АБ - втор (завршен) слој на асфалт, изјавија од ЈПДП.
Вредноста на работите е 347.356.374 денари,обезбедени со заем од ЕБОР, а изведувач е „ХИДРОСТРОЈ“ и „ЕСКАВАТОРИ“ МК ДООЕЛ. Од ЈПДП посочуваат дека патот е под времен режим и движењето зависи од активностите на изведувачот.
Патот комплетно се затвора само кога има асфалтирање и по завршување на асфалтирањето е потребно да се олади асфалтот до одредена температура, процес што опфаќа неколку часа, и потоа може да се движат возила. Поради високите температури изведувачот работи од 7 до 11 часот потоа нема активности/асфалтирање, појаснуваат од ЈПДП.
Последните 10 километри од делницата се уште се земјен пат, а алтернатива за патување е автопатот, каде има патарина. Градежни активности не се одвиваат во недела кога е неработен.

The post Нема да биде на време: Пролонгиран рокот за реконструкцијата на патот Велес-Градско appeared first on Република.

]]>
До крај на денот треба да биде саниран патот кон отсеченото кривопаланечко село Нерав поради невремето https://republika.mk/vesti/makedonija/do-kraj-na-denot-treba-da-bide-saniran-patot-kon-otsechenoto-krivopalanechko-selo-nerav-poradi-nevremeto/ Thu, 15 Jun 2023 15:29:57 +0000 https://republika.mk/?p=651798

Делот од регионалниот патен правец Крива-Паланка-село Огут-село Нерав што од синоќа поради обилните врнежи и надојдената река е однесен, ќе биде саниран до крајот на денот, информира раководителот на секцијата на ЈП Македонија пат-Крива Паланка, Боби Димитровски.

Сообраќајот на патот помеѓу селата Огут и Нерав од синоќа е во прекин, а отсечени се околу 100-тина жители на Нерав, оддалечено 34 километри од Крива Паланка.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nadojdenata-voda-od-obilnite-vrnezhi-odnese-regionalen-pat-vo-krivopalanechko/

Целокупната расположлива механизација и човечки ресурси од рано изутрина се на терен, сите сме вклучени во активностите за што поскоро канализирање на надојдената вода од долот, за санација на делот од патот што водата го има однесено, ќе работиме до доцна вечерва за да се нормализира и непречено да се одвива сообраќајот на патот, вели Димитровски.

Општина Крива Паланка е погодена од поројните врнежи деновиве, активни се над десет свлечишта во градот, а денеска градоначалникот Сашко Митовски, воведе привремена забрана за сообраќај на три патни правци поради настанатите свлечишта.

Поради санација на свлечиштата донесовме решение за привремена забрана на неколку улици во градот, имајќи го предвид Законот за безбедност во сообраќај на патиштата. Привремена забрана за движење моротни возила, освен интервентни, е воведена на: патен правец Крива Паланка-село Кошари, приклучок со ул.Св.Јоаким Осоговски- Саат маала, крак од улица „Моша Пијаде“ и дел од ул.„Калин Камен“ до ограден ѕид над СОУ „Ѓорче Петров“. Сообраќајот на сите наведени патни правци е во привремен прекин пред се од безбедносни причини, рече Митовски.

Тој апелира граѓаните да имаат разбирање и доследно да ги почитуваат забраната и поставената сообраќајна сигнализација за ограничување на движењето.

The post До крај на денот треба да биде саниран патот кон отсеченото кривопаланечко село Нерав поради невремето appeared first on Република.

]]>

Делот од регионалниот патен правец Крива-Паланка-село Огут-село Нерав што од синоќа поради обилните врнежи и надојдената река е однесен, ќе биде саниран до крајот на денот, информира раководителот на секцијата на ЈП Македонија пат-Крива Паланка, Боби Димитровски.
Сообраќајот на патот помеѓу селата Огут и Нерав од синоќа е во прекин, а отсечени се околу 100-тина жители на Нерав, оддалечено 34 километри од Крива Паланка. https://republika.mk/vesti/makedonija/nadojdenata-voda-od-obilnite-vrnezhi-odnese-regionalen-pat-vo-krivopalanechko/
Целокупната расположлива механизација и човечки ресурси од рано изутрина се на терен, сите сме вклучени во активностите за што поскоро канализирање на надојдената вода од долот, за санација на делот од патот што водата го има однесено, ќе работиме до доцна вечерва за да се нормализира и непречено да се одвива сообраќајот на патот, вели Димитровски.
Општина Крива Паланка е погодена од поројните врнежи деновиве, активни се над десет свлечишта во градот, а денеска градоначалникот Сашко Митовски, воведе привремена забрана за сообраќај на три патни правци поради настанатите свлечишта.
Поради санација на свлечиштата донесовме решение за привремена забрана на неколку улици во градот, имајќи го предвид Законот за безбедност во сообраќај на патиштата. Привремена забрана за движење моротни возила, освен интервентни, е воведена на: патен правец Крива Паланка-село Кошари, приклучок со ул.Св.Јоаким Осоговски- Саат маала, крак од улица „Моша Пијаде“ и дел од ул.„Калин Камен“ до ограден ѕид над СОУ „Ѓорче Петров“. Сообраќајот на сите наведени патни правци е во привремен прекин пред се од безбедносни причини, рече Митовски.
Тој апелира граѓаните да имаат разбирање и доследно да ги почитуваат забраната и поставената сообраќајна сигнализација за ограничување на движењето.

The post До крај на денот треба да биде саниран патот кон отсеченото кривопаланечко село Нерав поради невремето appeared first on Република.

]]>
Патот од Љубаниште кон Охрид делумно прооден, сообраќајот се одвива наизменично https://republika.mk/zivot/servisi/patot-od-lubanishte-kon-ohrid-delumno-prooden-soobrakajot-se-odviva-naizmenichno/ Sun, 04 Jun 2023 07:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=647548

Од синоќа во 22 часот сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, кај с.Љубаниште се одвива со наизменично пропуштање на возилата поради одрон на патот, информира АМСМ.

Сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Патот од Љубаниште кон Охрид делумно прооден, сообраќајот се одвива наизменично appeared first on Република.

]]>

Од синоќа во 22 часот сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, кај с.Љубаниште се одвива со наизменично пропуштање на возилата поради одрон на патот, информира АМСМ. Сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Патот од Љубаниште кон Охрид делумно прооден, сообраќајот се одвива наизменично appeared first on Република.

]]>
Целосно е изграден пред неколку години, но патот преку Водно кон Сопиште сѐ уште е заглавен во бирократски процедури https://republika.mk/vesti/skopje/tselosno-e-izgraden-pred-nekolku-godini-no-patot-preku-vodno-kon-sopishte-s-ushte-e-zaglaven-vo-birokratski-protseduri/ Sat, 06 May 2023 18:06:44 +0000 https://republika.mk/?p=637768

Иако неговата изградба е завршена пред неколку години, патот од Скопје преку Водно кон Сопиште сѐ уште е заглавен во бирократски процедури. Се чека на издавањето дозволи помеѓу Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта. Затоа неговото пуштање во употреба сѐ уште е неизвесно пренесува „Плусинфо“.

Од ЈПДП велат дека во моментов проектот за инфраструктура е одобрен од Министерството за транспорт и врски и во тек е постапка за „измени во тек на градба“, која исто така ја одобрува Министерството. Откако ќе се одобрат, следува постапка за аплицирање за употребна дозвола на патот, со цел да се изврши технички преглед.

Изградбата на регионалниот пат Р2138, Водно - Сопиште, врска со регионален пат Р2134, со населба Сончев Град, почна во 2013 година. Во текот на градбата се појави потреба за одредени измени и дополнувања на проектната документација, кои што се опфатени со изработка нова проектна документација на ниво на инфраструктурен проект. Измените и дополнувањата опфаќаа препроектирање на дел од трасата, проектирање на три поотпорни конструкции, како и дополнително осигурување на стабилност на косината од високиот засек. Во текот на градбата, при пробивање на трасата и при оформување на косините на делови долж трасата, на лице место направени се отстапувања во однос на градежната линија која е предвидена во одобрениот проект за инфраструктура, велат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека поради сите горенаведени настанати промени, потребно било да се изработи измена и дополна на одобрениот проект за инфраструктура, односно подготовка за планска документација согласно со фактичката состојба и дека се појавила потреба од јавна набавка за препроектирање.

Од Министерството за транспорт и врски информирале дека го одобриле инфраструктураниот проект доставен од ЈПДП.

Очекуваме ЈПДП во следниот период да достави измени за текот да градбата, за кои Министерството за транспорт и врски треба да се произнесе, по што ќе следи постапката за аплицирање за употребна дозвола, одговориле од Министерството.

Повеќе на „Плусинфо“.

The post Целосно е изграден пред неколку години, но патот преку Водно кон Сопиште сѐ уште е заглавен во бирократски процедури appeared first on Република.

]]>

Иако неговата изградба е завршена пред неколку години, патот од Скопје преку Водно кон Сопиште сѐ уште е заглавен во бирократски процедури. Се чека на издавањето дозволи помеѓу Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта. Затоа неговото пуштање во употреба сѐ уште е неизвесно пренесува „Плусинфо“. Од ЈПДП велат дека во моментов проектот за инфраструктура е одобрен од Министерството за транспорт и врски и во тек е постапка за „измени во тек на градба“, која исто така ја одобрува Министерството. Откако ќе се одобрат, следува постапка за аплицирање за употребна дозвола на патот, со цел да се изврши технички преглед.
Изградбата на регионалниот пат Р2138, Водно - Сопиште, врска со регионален пат Р2134, со населба Сончев Град, почна во 2013 година. Во текот на градбата се појави потреба за одредени измени и дополнувања на проектната документација, кои што се опфатени со изработка нова проектна документација на ниво на инфраструктурен проект. Измените и дополнувањата опфаќаа препроектирање на дел од трасата, проектирање на три поотпорни конструкции, како и дополнително осигурување на стабилност на косината од високиот засек. Во текот на градбата, при пробивање на трасата и при оформување на косините на делови долж трасата, на лице место направени се отстапувања во однос на градежната линија која е предвидена во одобрениот проект за инфраструктура, велат од јавното претпријатие.
Оттаму додаваат дека поради сите горенаведени настанати промени, потребно било да се изработи измена и дополна на одобрениот проект за инфраструктура, односно подготовка за планска документација согласно со фактичката состојба и дека се појавила потреба од јавна набавка за препроектирање. Од Министерството за транспорт и врски информирале дека го одобриле инфраструктураниот проект доставен од ЈПДП.