пасоши Archives - Република https://republika.mk/tema/pasoshi/ За подобро да се разбереме Sat, 07 Sep 2024 07:49:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пасоши Archives - Република https://republika.mk/tema/pasoshi/ 32 32 Влада: Нема веќе турканици, пасоши и лични документи се издаваат во редовен рок https://republika.mk/vesti/makedonija/vlada-nema-veke-turkanitsi-pasoshi-i-lichni-dokumenti-se-izdavaat-vo-redoven-rok/ Sat, 07 Sep 2024 07:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=814011

Владата преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот со издавање на пасоши и други лични документи. Ако пред извесен период за нив се чекаше по неколку месеци, денес тие се вадат во законскиот рок од 15 дена, велат од секторот за односи со јавноста во Владата.

Оттаму додаваат дека од минатата Влада наследениот проблем е решен за само 4 месеци.

Реорганизацијата која беше направена и кадровското доекипирање придонесе да се постигне заостанатата количина на пасоши и лични документи кои сега се издаваат во редовниот рок. Нема повеќе метежи и турканици пред шалтерите.

Досега се издадени 750.000 возачки дозволи со новото уставно име.

Апелираме граѓаните да го искористат претстојниот период за да навремено се испочитува обврската, се вели во соопштението на Влафината прес служба.

The post Влада: Нема веќе турканици, пасоши и лични документи се издаваат во редовен рок appeared first on Република.

]]>

Владата преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот со издавање на пасоши и други лични документи. Ако пред извесен период за нив се чекаше по неколку месеци, денес тие се вадат во законскиот рок од 15 дена, велат од секторот за односи со јавноста во Владата. Оттаму додаваат дека од минатата Влада наследениот проблем е решен за само 4 месеци.
Реорганизацијата која беше направена и кадровското доекипирање придонесе да се постигне заостанатата количина на пасоши и лични документи кои сега се издаваат во редовниот рок. Нема повеќе метежи и турканици пред шалтерите.   Досега се издадени 750.000 возачки дозволи со новото уставно име.   Апелираме граѓаните да го искористат претстојниот период за да навремено се испочитува обврската, се вели во соопштението на Влафината прес служба.

The post Влада: Нема веќе турканици, пасоши и лични документи се издаваат во редовен рок appeared first on Република.

]]>
Амбасадорот Мемеди што ги турна во проблем македонските граѓани во Италија ќе биде отповикан https://republika.mk/vesti/makedonija/ambasadorot-memedi-shto-gi-turna-vo-problem-makedonskite-gragani-vo-italija-ke-bide-otpovikan/ Thu, 04 Jul 2024 13:04:26 +0000 https://republika.mk/?p=793416

Министерството за надворешни работи го враќа на консултации македонскиот амбасадор во Италија, Весел Мемеди, дознава „Плусинфо“ од извори во Министерството.

Станува збор за амбасадорот кој пред околу два месеци испрати скандалозен допис до италијанските власти, со кој ги информираше дека валидните патни исправи со името Република Македонија од 12.02.2024 се неважечки.

Неофицијално, иницијативата за негово повикување произлегла од новоименуваниот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

The post Амбасадорот Мемеди што ги турна во проблем македонските граѓани во Италија ќе биде отповикан appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи го враќа на консултации македонскиот амбасадор во Италија, Весел Мемеди, дознава „Плусинфо“ од извори во Министерството. Станува збор за амбасадорот кој пред околу два месеци испрати скандалозен допис до италијанските власти, со кој ги информираше дека валидните патни исправи со името Република Македонија од 12.02.2024 се неважечки. Неофицијално, иницијативата за негово повикување произлегла од новоименуваниот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

The post Амбасадорот Мемеди што ги турна во проблем македонските граѓани во Италија ќе биде отповикан appeared first on Република.

]]>
Тошковски: За најмногу два месеци ќе се нормализира процесот на вадење патни исправи https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-za-najmnogu-dva-mesetsi-ke-se-normalizira-protsesot-na-vadene-patni-ispravi/ Wed, 03 Jul 2024 18:25:56 +0000 https://republika.mk/?p=793186

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека може да се очекува најмногу за два месеци да се нормализира процесот на издавањето на патни исправи односно чекањето на граѓаните да се сведе во рамки на законскиот рок од 15 дена.

Во интервју за Топ Тема на ТВ Телма, Тошковски рече дека најмногу 80 дена се чекало од фотографирање до издвање на патна исправа, но сега рокот е значително намален.

Од аспект на чекањето, да, се чека се уште, но отприлика за месец и половина до два, нашите очекувања се дека со континуирано производство на бројките како што беше последните четири месеци, пак, по 80.000 месечно, затоа што бројката на фотографирање е намалена отприлика на половина во споредба со она што беше претходно, ние за два месеци од сега ќе се вратиме во нормала. Ако граѓанинот се фотографира, да речеме на први, за петнаесетина дена, во рамки на законски дозволениот рок, во редовна постапка ќе се стекне со патна исправа, рече министерот за внатрешни работи.

Според него, во изминатите пет месеци се издадени околу 400.000 патни исправи, и тоа се бројки, според неговите зборови, кои претходно се работеле и по две години.

Факт е дека она што го сработевме за овие четири месеци се бројки што претходно ги работеле две години или повеќе. Ние за четири месеци успеавме да фотографираме и да издадеме некаде над 400.000 патни исправи. Мислам дека она што можеше да се направи се направи и граѓаните го видоа тоа, но факт е дека проблемот се уште го има, и факт е дека исто така бројките се намалуваат, рече Тошковски.

Посочи и дека издавањето на патни исправи по итна постапка исто така е вратено во нормалниот рок од 48 часа.

Министерот рече дека во иднина ќе се бара софтверско решение кое ќе ги поедностави процедурите, и граѓаните ќе можат со едно фотографирање и една апликација да извадат повеќе документи, наместо како што е сега – посебно фотографирање за секој личен документ, патна исправа или возачка дозвола

The post Тошковски: За најмногу два месеци ќе се нормализира процесот на вадење патни исправи appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека може да се очекува најмногу за два месеци да се нормализира процесот на издавањето на патни исправи односно чекањето на граѓаните да се сведе во рамки на законскиот рок од 15 дена. Во интервју за Топ Тема на ТВ Телма, Тошковски рече дека најмногу 80 дена се чекало од фотографирање до издвање на патна исправа, но сега рокот е значително намален.
Од аспект на чекањето, да, се чека се уште, но отприлика за месец и половина до два, нашите очекувања се дека со континуирано производство на бројките како што беше последните четири месеци, пак, по 80.000 месечно, затоа што бројката на фотографирање е намалена отприлика на половина во споредба со она што беше претходно, ние за два месеци од сега ќе се вратиме во нормала. Ако граѓанинот се фотографира, да речеме на први, за петнаесетина дена, во рамки на законски дозволениот рок, во редовна постапка ќе се стекне со патна исправа, рече министерот за внатрешни работи.
Според него, во изминатите пет месеци се издадени околу 400.000 патни исправи, и тоа се бројки, според неговите зборови, кои претходно се работеле и по две години.
Факт е дека она што го сработевме за овие четири месеци се бројки што претходно ги работеле две години или повеќе. Ние за четири месеци успеавме да фотографираме и да издадеме некаде над 400.000 патни исправи. Мислам дека она што можеше да се направи се направи и граѓаните го видоа тоа, но факт е дека проблемот се уште го има, и факт е дека исто така бројките се намалуваат, рече Тошковски.
Посочи и дека издавањето на патни исправи по итна постапка исто така е вратено во нормалниот рок од 48 часа. Министерот рече дека во иднина ќе се бара софтверско решение кое ќе ги поедностави процедурите, и граѓаните ќе можат со едно фотографирање и една апликација да извадат повеќе документи, наместо како што е сега – посебно фотографирање за секој личен документ, патна исправа или возачка дозвола

The post Тошковски: За најмногу два месеци ќе се нормализира процесот на вадење патни исправи appeared first on Република.

]]>
Уште плаќаме за неговите грешки: Спасовски сега поддржува да им бидат вратени пари на граѓаните за менувањето на пасошите https://republika.mk/vesti/makedonija/ushte-plakame-za-negovite-greshki-spasovski-sega-poddrzhuva-da-im-bidat-vrateni-pari-na-graganite-za-menuvaneto-na-pasoshite/ Thu, 23 May 2024 16:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=781262

Екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на прашањето дали ќе им бидат вратени пари на граѓаните за менувањето на пасоши со новото име, во „Клик Плус“ на ТВ21 одговори дека би поддржал таква одлука ако се донесе во новата влада.

Тој став на Народниот правобранител е одамна искажан, и ако се сеќаваме и опозицијата го делеше тој став, па еве мегдан сега. Ако се договорат, тогаш јас таа одлука да им бидат вратени пари на граѓаните за пасошите, ќе ја поддржам - кажа Спасовски.

The post Уште плаќаме за неговите грешки: Спасовски сега поддржува да им бидат вратени пари на граѓаните за менувањето на пасошите appeared first on Република.

Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата https://republika.mk/vesti/svet/pasoshi-na-voeno-sposobnite-ukraintsi-ke-se-izdavaat-samo-vo-zemjata/ Thu, 25 Apr 2024 06:35:41 +0000 https://republika.mk/?p=770750

Украинската влада донесе одлука со која дополнително ја заострува мобилизацијата, па во иднина пасоши на воено способни мажи ќе може да се издаваат само во земјата, пренесува Хина.

Новата регулатива е објавена откако шефот на дипломатијата, Дмитро Кулеба, до 18 мај ги суспендираше конзуларните услуги за лицата кои ги исполнуваат условите и притоа ги критикуваше оние Украинци кои се наоѓаат во странство за тоа дека не служат во војната против Русија.

Последната владина одлука предвидува пасоши да може да им се издаваат на мажи на возраст од 18 до 60 години и тоа само во Украина.

Во странство во моментов живеат стотици илјади воено способни Украинци, во моменти кога земјата се соочува со недостиг на војници во војната против подобро опремената и поголема руска армија.

Шефот на дипломатијата, Кулеба, во своите коментари за суспензијата на конзуларните услуги, пред два дена кажа дека е непримерно регрутите да живеат во странство,а сè уште да сакаат да ги користат услугите од државата.

„Престојот во странство не го ослободува граѓанинот од неговите обврски кон татковината“, напиша тој на X.

The post Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата appeared first on Република.

]]>

Украинската влада донесе одлука со која дополнително ја заострува мобилизацијата, па во иднина пасоши на воено способни мажи ќе може да се издаваат само во земјата, пренесува Хина. Новата регулатива е објавена откако шефот на дипломатијата, Дмитро Кулеба, до 18 мај ги суспендираше конзуларните услуги за лицата кои ги исполнуваат условите и притоа ги критикуваше оние Украинци кои се наоѓаат во странство за тоа дека не служат во војната против Русија. Последната владина одлука предвидува пасоши да може да им се издаваат на мажи на возраст од 18 до 60 години и тоа само во Украина. Во странство во моментов живеат стотици илјади воено способни Украинци, во моменти кога земјата се соочува со недостиг на војници во војната против подобро опремената и поголема руска армија. Шефот на дипломатијата, Кулеба, во своите коментари за суспензијата на конзуларните услуги, пред два дена кажа дека е непримерно регрутите да живеат во странство,а сè уште да сакаат да ги користат услугите од државата. „Престојот во странство не го ослободува граѓанинот од неговите обврски кон татковината“, напиша тој на X.

The post Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата appeared first on Република.

]]>
Црна Гора ќе ги прифаќа пасошите со старото име Република Македонија, доколку се валидни https://republika.mk/vesti/makedonija/tsrna-gora-ke-gi-prifaka-pasoshite-so-staroto-ime-republika-makedonija-dokolku-se-validni/ Tue, 12 Mar 2024 12:24:10 +0000 https://republika.mk/?p=754027

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека добиле известување оти Црна Гора ќе ги прифаќа пасошите со старото име Република Македонија доколку тие се валидни.

Информацијата Османи ја сподели денеска на прес-конференција и рече дека претходно разговарал со својот црногорски колега и се договориле Црна Гора да се обиде да го следи примерот на другите држави од ЕУ или на Швајцарија.

The post Црна Гора ќе ги прифаќа пасошите со старото име Република Македонија, доколку се валидни appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека добиле известување оти Црна Гора ќе ги прифаќа пасошите со старото име Република Македонија доколку тие се валидни. Информацијата Османи ја сподели денеска на прес-конференција и рече дека претходно разговарал со својот црногорски колега и се договориле Црна Гора да се обиде да го следи примерот на другите држави од ЕУ или на Швајцарија.

The post Црна Гора ќе ги прифаќа пасошите со старото име Република Македонија, доколку се валидни appeared first on Република.

]]>
Со 84 гласа „за“, 2 воздржани Собранието ги донесе измените на Изборниот законик: Изгласани законските измени за граѓаните чии документи истекле пред 9 месеци https://republika.mk/vesti/makedonija/so-84-glasa-za-2-vozdrzhani-sobranieto-gi-donese-izmenite-na-izborniot-zakonik-izglasani-zakonskite-izmeni-za-graganite-chii-dokumenti-istekle-pred-9-mesetsi/ Thu, 07 Mar 2024 15:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=752343

Власта и опозицијата најдоа заеднички јазик за повеќе од 100.000 граѓани кои немаат валидни документи да може да гласаат на претседателските и парламентарните избори. Пратениците со 84 гласа за 2 воздржани и ниту еден против ги изгласаа измените на Изборниот законик по скратена постапка со што преку преодна одредба им се овозможува на сите полнолетни граѓани со лична карта или пасош чија што важност истекла во периодот од 9 месеци до денот на одржување на изборите да си го остварат своето право на глас.

Во членот 38 од законските измени стои дека оваа одредба ќе важи само за претстојните избори.

Измените на Изборниот законик ги поднесоа координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и од ДУИ, иако техничкиот премиер од оваа партија, Џафери, вчера се изјасни против предлогот на ДИК за граѓаните да можат да гласаат со стари важечки документи.

Друга позначајна измена во Изборниот законик е дека избирачко право ќе добијат и лицата кои ќе наполнат 18 години до денот на одржување на било кој круг од гласањето и меѓу двата изборни круга, наместо како досегашното решение кое важеше само за оние кои станале полнолетни до првиот круг од претседателските избори.

Преку законските измени се имплементираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР нотирани во извештаите за изборите во државата во изминативе години. Се воведува Центар за континуирана едукација во ДИК за обука за изборната администрација, гласачите, како и сите учесници во изборниот процес. Собранието по скратена постапка ги донесе и законските измени за високот образование со кој се унифицираат платите на сите државни универзитети, а вработените во сите универзитети ќе имаат ист статус.

The post Со 84 гласа „за“, 2 воздржани Собранието ги донесе измените на Изборниот законик: Изгласани законските измени за граѓаните чии документи истекле пред 9 месеци appeared first on Република.

]]>

Власта и опозицијата најдоа заеднички јазик за повеќе од 100.000 граѓани кои немаат валидни документи да може да гласаат на претседателските и парламентарните избори. Пратениците со 84 гласа за 2 воздржани и ниту еден против ги изгласаа измените на Изборниот законик по скратена постапка со што преку преодна одредба им се овозможува на сите полнолетни граѓани со лична карта или пасош чија што важност истекла во периодот од 9 месеци до денот на одржување на изборите да си го остварат своето право на глас. Во членот 38 од законските измени стои дека оваа одредба ќе важи само за претстојните избори. Измените на Изборниот законик ги поднесоа координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и од ДУИ, иако техничкиот премиер од оваа партија, Џафери, вчера се изјасни против предлогот на ДИК за граѓаните да можат да гласаат со стари важечки документи. Друга позначајна измена во Изборниот законик е дека избирачко право ќе добијат и лицата кои ќе наполнат 18 години до денот на одржување на било кој круг од гласањето и меѓу двата изборни круга, наместо како досегашното решение кое важеше само за оние кои станале полнолетни до првиот круг од претседателските избори. Преку законските измени се имплементираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР нотирани во извештаите за изборите во државата во изминативе години. Се воведува Центар за континуирана едукација во ДИК за обука за изборната администрација, гласачите, како и сите учесници во изборниот процес. Собранието по скратена постапка ги донесе и законските измени за високот образование со кој се унифицираат платите на сите државни универзитети, а вработените во сите универзитети ќе имаат ист статус.

The post Со 84 гласа „за“, 2 воздржани Собранието ги донесе измените на Изборниот законик: Изгласани законските измени за граѓаните чии документи истекле пред 9 месеци appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Бројките не лажат! Во февруари се издадени 57.549 пасоши, во декември само 20.783 https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-brojkite-ne-lazhat-vo-fevruari-se-izdadeni-57-549-pasoshi-vo-dekemvri-samo-20-783/ Tue, 05 Mar 2024 20:26:37 +0000 https://republika.mk/?p=751685

Недозволиво е граѓаните да бидат лажени и манипулирани! Официјалните бројки говорат дека во месец февруари бројот на пасоши кои се изработени и подигнати од страна на граѓаните во однос на претходните месеци е енормно зголемен. Ова е резултат на целосната реорганизација што ја направивме во овој дел.
Зошто овие бројки не биле достигнати претходно е прашање кое треба да биде одговорено од други, а во меѓувреме ние ќе продолжиме со работа и со изнаоѓање на решенија кои ќе придонесат за подобрување на сервисот кон граѓаните - пишува министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Според објавените податоци во февруари се издадени 57.549 пасоши, а во јануари 39.783. Во декември месец се издадени само 20.783 пасоши.

Тошковски денеска објави дека бројот на фотографирани лица на територија на Скопје е зголемен за 75 отсто.

Со чесен пристап, искрена намера и макотрпна работа, за помалку од еден месец успеавме значително да ги подобриме услугите во делот на издавањето на лични документи, па така бројот на изработени пасоши на ниво на целата држава го зголемивме за 28%, а бројот на фотографирани лица на територија на Скопје каде хаосот беше најинтензивен, го зголемивме за 75%.
Во оваа прилика сакам да упатам апел до оние структури кои во изминатиот период постојано се обидуваа да ја релативизираат нашата работа, да престанат да шират лаги и манипулации и доколку не можат и не сакаат да помогнат во овој процес, најмалку што можат да направат е да не одмагаат.

The post Тошковски: Бројките не лажат! Во февруари се издадени 57.549 пасоши, во декември само 20.783 appeared first on Република.

]]>

Недозволиво е граѓаните да бидат лажени и манипулирани! Официјалните бројки говорат дека во месец февруари бројот на пасоши кои се изработени и подигнати од страна на граѓаните во однос на претходните месеци е енормно зголемен. Ова е резултат на целосната реорганизација што ја направивме во овој дел. Зошто овие бројки не биле достигнати претходно е прашање кое треба да биде одговорено од други, а во меѓувреме ние ќе продолжиме со работа и со изнаоѓање на решенија кои ќе придонесат за подобрување на сервисот кон граѓаните - пишува министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Според објавените податоци во февруари се издадени 57.549 пасоши, а во јануари 39.783. Во декември месец се издадени само 20.783 пасоши. Тошковски денеска објави дека бројот на фотографирани лица на територија на Скопје е зголемен за 75 отсто.
Со чесен пристап, искрена намера и макотрпна работа, за помалку од еден месец успеавме значително да ги подобриме услугите во делот на издавањето на лични документи, па така бројот на изработени пасоши на ниво на целата држава го зголемивме за 28%, а бројот на фотографирани лица на територија на Скопје каде хаосот беше најинтензивен, го зголемивме за 75%. Во оваа прилика сакам да упатам апел до оние структури кои во изминатиот период постојано се обидуваа да ја релативизираат нашата работа, да престанат да шират лаги и манипулации и доколку не можат и не сакаат да помогнат во овој процес, најмалку што можат да направат е да не одмагаат.

The post Тошковски: Бројките не лажат! Во февруари се издадени 57.549 пасоши, во декември само 20.783 appeared first on Република.

]]>
Партиите се сложуваат со пасоши со старото уставно име да се гласа на избори https://republika.mk/vesti/makedonija/partiite-se-slozhuvaat-so-pasoshi-so-staroto-ustavno-ime-da-se-glasa-na-izbori/ Tue, 05 Mar 2024 19:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=751651

СДСМ ќе го поддржи предлогот на ДИК, документите со Република Македонија да важат за претстојните избори. На ова решение работеле уште од лани вели лидерот на партијата, Димитар Ковачевски. Тој смета дека на граѓаните треба да им се овозможи правото на глас. Ковачевски не ја знае точната бројка но вели има околу 100 илјади граѓани со важечки документи со старото уставно име.

Кога се во прашање изборите согласни се сите политички партии. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе гласаат во парламент за преодните одреби предложени од Државната изборна комисија.

„Прифатливо е секое издржано решение со коешто ќе се надмине проблемот, односно решение со коешто ќе се овозможи да може секој граѓанин непречено да го исполни своето право да гласа на изборите.“- велат од ВМРО-ДПМНЕ

Измените со преодна одредба во Изборниот законик, важечките пасоши со старото уставно име да се валидни за гласање, ги предложи ДИК. Претходно опозициската ВМРО-ДПМНЕ не доби поддршка пасошите да важат до крајот на годината за севкупна употреба, бидејќи власта сметаше дека со тоа ќе се прекрши Преспанскиот договор, а проблемот со хаосот за издавање документи немало да се надмине.

The post Партиите се сложуваат со пасоши со старото уставно име да се гласа на избори appeared first on Република.

]]>

СДСМ ќе го поддржи предлогот на ДИК, документите со Република Македонија да важат за претстојните избори. На ова решение работеле уште од лани вели лидерот на партијата, Димитар Ковачевски. Тој смета дека на граѓаните треба да им се овозможи правото на глас. Ковачевски не ја знае точната бројка но вели има околу 100 илјади граѓани со важечки документи со старото уставно име. Кога се во прашање изборите согласни се сите политички партии. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе гласаат во парламент за преодните одреби предложени од Државната изборна комисија.
„Прифатливо е секое издржано решение со коешто ќе се надмине проблемот, односно решение со коешто ќе се овозможи да може секој граѓанин непречено да го исполни своето право да гласа на изборите.“- велат од ВМРО-ДПМНЕ
Измените со преодна одредба во Изборниот законик, важечките пасоши со старото уставно име да се валидни за гласање, ги предложи ДИК. Претходно опозициската ВМРО-ДПМНЕ не доби поддршка пасошите да важат до крајот на годината за севкупна употреба, бидејќи власта сметаше дека со тоа ќе се прекрши Преспанскиот договор, а проблемот со хаосот за издавање документи немало да се надмине.

The post Партиите се сложуваат со пасоши со старото уставно име да се гласа на избори appeared first on Република.

]]>
СПМ: Се знае кој е одговорен, не може вработените да ја сносат одговорноста за хаосот со личните документи https://republika.mk/vesti/makedonija/spm-se-znae-koj-e-odgovoren-ne-mozhe-vrabotenite-da-ja-snosat-odgovornosta-za-haosot-so-lichnite-dokumenti/ Tue, 05 Mar 2024 10:51:33 +0000 https://republika.mk/?p=751427

Наметнатата состојба со личните документи на граѓаните сè уште претставува проблем за вработените во МВР. Очигледно некој се води кон тоа дека нашите колеги се одговорни за тоа. Или некој се трудел многу, тоа така да изгледа во моментов, велат од Синдикатot на полицијата во Македонија.

По неодамнешната реакција на Народниот Правобранител, се посочува „голем број на обработени и нераспределени лични документи кои се заглавени во лавиринтите на МВР, со што постои можност на некои граѓани да им се оневозможи и гласање на претстојните парламентарни и претседателски избори.” Бројката не е мала, станува збор за над 100.000 граѓани. Констатација директно насочена кон нашите колеги во секторот за граѓански работи-тој што го примил барањето е работник, тој што го процесуирал е работник, тој што го изработил е работник и тој што би требало да го издаде документот е повторно работник. По досегашните пракси, одговорноста ќе се бара кај некои од овие колеги. Но за нас тоа е неприфатливо и претставува само префрлена одговорност на некои повисоко рангирани структури, од кои некој дури сака да го префрли како проблем за идната Влада, давајќи му политичка конотација, што за нас како Синдикат нема никакво значење. За нас е симптоматично што некој тогаш сакаше да си ги испере гревовите со работниците во МВР, притоа не водејќи сметка дека тоа се потенцијални дисциплински и кривични постапки кои во ниту еден момент нема да бидат основани на факти. И претходно објавувавме и баравме наметнатите пракси да се заменат со законско и професионално работење, за да се знае каде има пропусти и недоследности, бидејќи таквите наметнати пракси наметнаа ваков проблем од кој се изродија уште повеќе проблеми. Но никој во МВР не сакаше ни да не послуша, ни да најде решение, а сега е очигледно веќе дека никој не се грижеше за нашите колеги нити пак да изнајде навремено решение, реагираат од СПМ.

Проблемот што се таложи со години и за кој поранешното раководство на МВР беше неспособно и неволно навреме да го реши, додаваат од СПМ, не може и не смее да се дозволи да падне на товар на најнискиот дел од хиерархијата - работниците кои ги спроведуваа нивните одлуки и наредби. Или во овој случај, пракси кои се косеа со законите и не доведоа сите нас во ваква состојба.

Точно е и се сложуваме дека одговорност мора да има. Но таа одговорност не може да биде строго насочена кон нашите колеги – најнискиот ешалон. Во полициската пракса, извршителот е последната алка на синџирот. Планирањето, подготовката и логистиката се неопходна претходница за да дојде до извршување. И за тоа од одговорните бараме одговорност!!! Да се најдат одговорните и да се спроведат пред лицето на правдата, но по Закон и Устав, а не со јавен линч пред толпа за на раат да си ја избркааат мувата од капата за хаосот со личните документи! И да, НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА ЗАБРАНИ ПРАВО НА ГРАЃАНИН ЗА ГО ОСТВАРИ СВОЕТО ГЛАСАЧКО ПРАВО. НИКОЈ! МОРА ДА ИМА ОДГОВОРНОСТ НА ОНИЕ КОИ ГО СТВОРИЈА ХАОСОТ СО ИЗДАВАЊЕТО НА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ! По наша проценка ги има многу такви, но за жал се уште се кријат позади работникот и се уште го користат за своја лична корист. Мора да се стави крај на таквото нечовечко однесување и да се продолжи започнатиот процес на враќање на професионализмот во МВР! Ја повикуваме внатрешната контрола во најскоро време да го обелодени виновникот за целиот хаос створен во врска со личните документи на граѓаните! КРАЈНО ВРЕМЕ Е!!!, порачаа оттаму.

The post СПМ: Се знае кој е одговорен, не може вработените да ја сносат одговорноста за хаосот со личните документи appeared first on Република.

Рокот на пасошите од 5 на 10 години не може да се смени, ќе значи отворање на целиот пакет од Преспанскиот договор, порача Маричиќ https://republika.mk/vesti/makedonija/rokot-na-pasoshite-od-5-na-10-godini-ne-mozhe-da-se-smeni-ke-znachi-otvorane-na-tseliot-paket-od-prespanskiot-dogovor-poracha-marichik/ Mon, 04 Mar 2024 09:43:02 +0000 https://republika.mk/?p=750989

Во еден тежок компромис, мора да определите што ви е приоритет, а нас ни беше македонскиот идентитет и јазик и тоа што ќе ви донесе членство во НАТО и отвореност за членство кон ЕУ. Тие договори тешко се репреговараат. Не можете да одберете еден дел и да кажете сега ќе бараме да се смени рокот за пасошите од 5 на 10 години. Тоа ќе значи отворање на целиот пакет бидејќи било договарано во пакет. Истото важи и за францускиот предлог - изјави утрово вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за одредбите од Преспанскиот договор со Грција и делот со промената на личните документи со новото уставно име.

Според него, враќањето во некакво репреговарање е само „скапа заблуда што може скапо да не чини“.

Секое наредно отворање на Уставот ќе чини поскапо и ќе биде потешко. Ако го пропуштите моментот, тоа ќе ве чини повеќе. Затоа заблудите на ВМРО-ДПМНЕ се дека не можат да излезат од ситуацијата на безидејност. Немаат план, ниту решение. Овие лажни надежи за некакво репреговарање со Бугарија се само лош изговор од безидејност - истакна Маричиќ.

The post Рокот на пасошите од 5 на 10 години не може да се смени, ќе значи отворање на целиот пакет од Преспанскиот договор, порача Маричиќ appeared first on Република.

Бочварски: 120 возачи се на брзата лента за издавање пасоши https://republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-120-vozachi-se-na-brzata-lenta-za-izdavane-pasoshi/ Thu, 29 Feb 2024 15:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=749728

Од здруженијата на транспортерите добивме барања за околу 120 возачи за издавање на пасоши на брзата лента, односно дел од нив се во постапка за замена на патните исправи, дел од нив треба да влезат во постапка за промена на патните исправи. Значи, се работи за околу 120 луѓе и ние вчера тие списоци ги доставивме до МВР и очекувам во рок десетина денови да бидат подготвени и предадени патните исправи на транспортерите, бидејќи тоа е многу значајно за нив-тоа е нивното работно место и без патна исправа тие не можат да ја вршат својата дејност, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во одговор на новинарско прашање во Струмица на средба со транспортерите од југоистокот на државата.

Министерот истакна дека во фаза на изработка е нова Уредба за фер и праведна поделба на дозволите за транспортерите, која треба да биде подготвена во август-септември годинава за да може да влезе во финална фаза кон крајот на октомври и ноември кога се врши распределбата на дозволите за наредната година. Притоа, Бочварски подвлече дека е зголемен бројот на ЦЕМТ дозволите од 1.440 на 1.680, а тука се и месечните дозволи кои се распределуваат на превозниците и најважно е што ниту една транспортна компанија во ниту еден период од годината не останала без дозвола.

Претставниците на превозниците веќе поднеле предлози за измени на Уредбата, а до Владата ќе поднесат барање и за промена на одлуката за висината на дневницата за службени патувања на превозниците, бидејќи со постоечката Уредба за службени патувања се врши дискриминација оти не им се признавале нивните трошоци за услугата за нивниот превоз.

Бараме да се зголеми и квотата за вработување на странци како професионални возачи, бидејќи таа квота, која е 5 отсто од реално вработеното население во државата, најчесто се искористува од градежниот сектор и многу малку останува да се искористат од превозниците, односно нашиот сектор, каде имаме голема потреба, изјави Сања Милошевска од „Макам транс“.

The post Бочварски: 120 возачи се на брзата лента за издавање пасоши appeared first on Република.

]]>

Од здруженијата на транспортерите добивме барања за околу 120 возачи за издавање на пасоши на брзата лента, односно дел од нив се во постапка за замена на патните исправи, дел од нив треба да влезат во постапка за промена на патните исправи. Значи, се работи за околу 120 луѓе и ние вчера тие списоци ги доставивме до МВР и очекувам во рок десетина денови да бидат подготвени и предадени патните исправи на транспортерите, бидејќи тоа е многу значајно за нив-тоа е нивното работно место и без патна исправа тие не можат да ја вршат својата дејност, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во одговор на новинарско прашање во Струмица на средба со транспортерите од југоистокот на државата. Министерот истакна дека во фаза на изработка е нова Уредба за фер и праведна поделба на дозволите за транспортерите, која треба да биде подготвена во август-септември годинава за да може да влезе во финална фаза кон крајот на октомври и ноември кога се врши распределбата на дозволите за наредната година. Притоа, Бочварски подвлече дека е зголемен бројот на ЦЕМТ дозволите од 1.440 на 1.680, а тука се и месечните дозволи кои се распределуваат на превозниците и најважно е што ниту една транспортна компанија во ниту еден период од годината не останала без дозвола. Претставниците на превозниците веќе поднеле предлози за измени на Уредбата, а до Владата ќе поднесат барање и за промена на одлуката за висината на дневницата за службени патувања на превозниците, бидејќи со постоечката Уредба за службени патувања се врши дискриминација оти не им се признавале нивните трошоци за услугата за нивниот превоз. Бараме да се зголеми и квотата за вработување на странци како професионални возачи, бидејќи таа квота, која е 5 отсто од реално вработеното население во државата, најчесто се искористува од градежниот сектор и многу малку останува да се искористат од превозниците, односно нашиот сектор, каде имаме голема потреба, изјави Сања Милошевска од „Макам транс“.

The post Бочварски: 120 возачи се на брзата лента за издавање пасоши appeared first on Република.

]]>
ВМРО ДПМНЕ: СДС и ДУИ од чист инает не гласаа за продолжување на важноста на пасошите, 600.000 граѓани се заглавени заради нив https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-sds-i-dui-od-chist-inaet-ne-glasaa-za-prodolzhuvane-na-vazhnosta-na-pasoshite-600-000-gragani-se-zaglaveni-zaradi-niv/ Thu, 29 Feb 2024 08:43:19 +0000 https://republika.mk/?p=749500

СДС и ДУИ можеа, а не гласаа за продолжување на важноста на пасошите, 600.000 граѓани се заглавени заради нив, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците на СДС и ДУИ не гласаа за Предлог законот предложен од ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на важноста на пасошите. СДС и ДУИ вчера одлучија да работат на штета на 600.000 наши сограѓани. 600.000 граѓани од кои дел треба да заминат на некакво патување во странство, а не можат заради СДС и ДУИ немаше да го имаат тој проблем, ако пратениците на власта во заминување го поддржаа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Власта во заминување реши да малтретира 600.000 народ од чист инает. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ: СДС и ДУИ од чист инает не гласаа за продолжување на важноста на пасошите, 600.000 граѓани се заглавени заради нив appeared first on Република.

Виновниците имаат име и презиме – ова се пратениците на СДСМ и ДУИ кои гласаа против продолжување на важноста на пасошите https://republika.mk/vesti/makedonija/vinovnitsite-imaat-ime-i-prezime-ova-se-pratenitsite-na-sdsm-i-dui-koi-glasaa-protiv-prodolzhuvane-na-vazhnosta-na-pasoshite/ Wed, 28 Feb 2024 19:59:52 +0000 https://republika.mk/?p=749410

Виновниците кои буквално притворија стотици илјади граѓани на територија од 26000км2 од денеска имаат конкретно име и презиме, а тоа се сите оние 54 пратеници од СДСМ и ДУИ кои во Собранието гласаа против продолжувањето на важноста на пасошите, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, објавувајќи го списокот на оние пратеници кои гласаа „против“ измените на Законот за патните исправи на македонските државјани, со кои ВМРО-ДПМНЕ предлагаше одложување на важноста на патните исправи односно патните исправи со натписот „Република Македонија“ да важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа.

Тоа го направија молчешкум, без да дадат разумно образложение водејќи се исклучиво од нивниот партиски интерес, притоа оставајќи ги граѓаните во состојба на несигурност и безизлезност и кршејќи им го основното човеково право на слобода на движење. Но, цената за нивниот молк денеска, ќе ја платат на 8 мај, кога народот многу гласно ќе го каже своето, порача Тошковски.

The post Виновниците имаат име и презиме – ова се пратениците на СДСМ и ДУИ кои гласаа против продолжување на важноста на пасошите appeared first on Република.

54 пратеници од власта гласаа „против“ продолжување на рокот на важење на „старите“ пасоши https://republika.mk/vesti/makedonija/54-pratenitsi-od-vlasta-glasaa-protiv-prodolzhuvane-na-rokot-na-vazhene-na-starite-pasoshi/ Wed, 28 Feb 2024 16:02:43 +0000 https://republika.mk/?p=749361

 Со задоцнување од повеќе од два часа поради технички проблеми во Собранието  денеска започна 145. пленарна седница.

Пратениците не прифатија на дневен ред на седницата да бидат ставени измените на Законот за патните исправи на македонските државјани, со кои ВМРО-ДПМНЕ предлагаше одложување на важноста на патните исправи односно патните исправи со натписот „Република Македонија“ да важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека изменувањето на Законот било неопходно поради тоа што било извесно прекршувањето на уставното загарантирано право на граѓанинот на слободно движење, односно слобода на движење утврдено во членот 27 став 2 од Уставот на Република Македонија “.

Од вкупно 100 пратеници, „за“ гласаа 46 пратеници, додека 54 гласаа „против“ предлогот да се продолжи важноста на пасошите со старото име до 31 декември 2024 година.

The post 54 пратеници од власта гласаа „против“ продолжување на рокот на важење на „старите“ пасоши appeared first on Република.

]]>

 Со задоцнување од повеќе од два часа поради технички проблеми во Собранието  денеска започна 145. пленарна седница. Пратениците не прифатија на дневен ред на седницата да бидат ставени измените на Законот за патните исправи на македонските државјани, со кои ВМРО-ДПМНЕ предлагаше одложување на важноста на патните исправи односно патните исправи со натписот „Република Македонија“ да важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека изменувањето на Законот било неопходно поради тоа што било извесно прекршувањето на уставното загарантирано право на граѓанинот на слободно движење, односно слобода на движење утврдено во членот 27 став 2 од Уставот на Република Македонија “. Од вкупно 100 пратеници, „за“ гласаа 46 пратеници, додека 54 гласаа „против“ предлогот да се продолжи важноста на пасошите со старото име до 31 декември 2024 година.  

The post 54 пратеници од власта гласаа „против“ продолжување на рокот на важење на „старите“ пасоши appeared first on Република.

]]>
Оставија на цедило 600.000 македонски државјани: СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите https://republika.mk/vesti/makedonija/ostavija-na-tsedilo-600-000-makedonski-drzhavjani-sdsm-dui-i-nsdp-glasaa-protiv-zakonot-za-prodolzhuvane-na-vazhnosta-na-pasoshite/ Wed, 28 Feb 2024 13:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=749294

Бранејќи ги грешките на Оливер Спасовски, пратениците на СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите издадени од МВР на Република Македонија❗️
📌 Со ова, за жал, СДСМ, ДУИ и НСДП оставија на цедило 600.000 македонски државјани на кои им е нарушено правото на слободно движење, а на голем дел со ова им се загрозени нивните работни дозволи во странство, документите за постојан престој, како и лекувањето или образованието надвор од Македонија❗️
П.С. им благодариме на колегите пратеници
Бејџан Илјаз, Мирослав Јовановиќ, Павле Трајанов, Африм Гаши, Фадил Зендели, Изет Меџити, Сафие Шаини, Мерита Коџаџику и Муса Ибраими, кои гласаа ЗА и потребата на државјаните ја ставија пред ситно-партиските калкулации на власта, објави на Фејсбук, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

The post Оставија на цедило 600.000 македонски државјани: СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите appeared first on Република.

]]>

Бранејќи ги грешките на Оливер Спасовски, пратениците на СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите издадени од МВР на Република Македонија❗️ 📌 Со ова, за жал, СДСМ, ДУИ и НСДП оставија на цедило 600.000 македонски државјани на кои им е нарушено правото на слободно движење, а на голем дел со ова им се загрозени нивните работни дозволи во странство, документите за постојан престој, како и лекувањето или образованието надвор од Македонија❗️ П.С. им благодариме на колегите пратеници Бејџан Илјаз, Мирослав Јовановиќ, Павле Трајанов, Африм Гаши, Фадил Зендели, Изет Меџити, Сафие Шаини, Мерита Коџаџику и Муса Ибраими, кои гласаа ЗА и потребата на државјаните ја ставија пред ситно-партиските калкулации на власта, објави на Фејсбук, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

The post Оставија на цедило 600.000 македонски државјани: СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите appeared first on Република.

]]>
Пратениците на ДУИ и нивните слуги од СДС дополнително ја влошија состојбата која свесно и намерно ја создадоа со пасошите, вели Ковачки https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenitsite-na-dui-i-nivnite-slugi-od-sds-dopolnitelno-ja-vloshija-sostojbata-koja-svesno-i-namerno-ja-sozdadoa-so-pasoshite-veli-kovachki/ Wed, 28 Feb 2024 13:32:38 +0000 https://republika.mk/?p=749286

Пратениците на ДУИ и нивните слуги од СДС дополнително ја влошија состојбата која свесно и намерно ја создадоа со пасошите, вели Драган Ковачки, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашиот предлог Закон за измени и дополнувања со кои баравме да се продолжи рокот на важење на пасошите издадени со име Република Македонија, а кои имаат важност, беше одбиен од тие што го создадоа проблемот. Одлепеноста од реалноста и несакањето да им се излезе во пресрет на сопствените граѓани кои ги изолираа од останатиот цивилизиран свет е невиден феномен посебно имајќи во предвид дека сме членка на НАТО и сакаме да отпочнеме преговори со Европската унија - додава Ковачки.

Според него, во 21 век, да се ограничува слобода на движење на луѓе, да се кршат Уставни права за влез и излез од сопствената држава, да свесно се оневозможувате право на лечење на болни надвор од нашата држава, да се ограничува правото на секој да може да бира и да биде избран се граничи со лудост.

За здрав ум е несфатливо да имаш законска можност да им помогнеш на своите граѓани, да имаш шанса да исправиш проблем кој сам си го создал, притоа истото да нема никакви финансиски импликации, т.е. да не чини пари, и тоа да го одбиеш! Македонија ја води убедливо најлошата владејачка структура во историјата - завршува Ковачки.

The post Пратениците на ДУИ и нивните слуги од СДС дополнително ја влошија состојбата која свесно и намерно ја создадоа со пасошите, вели Ковачки appeared first on Република.

Владата ќе ја забрзува процедурата за добивање пасоши за професионалните превозници https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-ke-ja-zabrzuva-protsedurata-za-dobivane-pasoshi-za-profesionalnite-prevoznitsi/ Tue, 27 Feb 2024 17:17:01 +0000 https://republika.mk/?p=749005

Превозниците кои вршат патнички товарен транспорт и од Министерството за транспорт и врски имаат сертификат за професионален возач може да извадат патна исправа приоритетно и по редовна цена. Владата на седница попладнево ја усвои информацијата на Министерството која, всушност, е иницијатива на здруженијата на транспортери кои на средба со министерот Благој Бочварски во петокот во Штип побараа да се забрза процесот за добивање пасоши за нивните членови.

Министерот Бочварски во изјава за МИА соопшти дека Владата на седница го задолжила Министерството за внатрешни работи кое веќе утре од Министерството за транспорт и врски ќе го добие списокот на возачи со сертификат кои немаат патна исправа. Здруженијата на транспортери, рече Бочварски, до нив доставиле список со 120 возачи – дел од нив веќе се во постапка за издавање пасош, а дел треба да ја почнат постапката.

-Изнаоѓаме решение како Влада за издавање патни исправи по брза лента со цел да излеземе во пресрет на оваа многу значајна дејност за државата, имајќи предвид дека околу 90 проценти од транспортот на товар во државата се врши по патниот сообраќај. Од транспортниот сектор многу зависи домашната економија и затоа сакаме да овозможиме транспортот да не трпи поради состојбата што во моментов ја имаме со патните исправи. Денеска го отворивме прашањето на Влада, по барањето на здруженијата на транспортери, разговаравме и Владата ја усвои таа информација и МВР се задолжи да ги забрза процедурите за професионалните возачи. Очекувам за десетина дена да биде завршена процедурата од започнување до издавање на патната исправа на возачите, изјави Бочварски и нагласи дека цената ќе биде за редовна постапка за возачите да не бидат оптоварени финансиски да плаќаат за итна постапка.

Посочи дека Министерството за транспорт и врски ќе биде во контакт со здруженијата на превозници доколку има потреба да се дополни списокот и ќе се координира со Министерството за внатрешни работи.

Во земјава има околу 16 000 возачи  со сертификат за професионален возач издаден од Министерството за транспорт и врски.

The post Владата ќе ја забрзува процедурата за добивање пасоши за професионалните превозници appeared first on Република.

]]>

Превозниците кои вршат патнички товарен транспорт и од Министерството за транспорт и врски имаат сертификат за професионален возач може да извадат патна исправа приоритетно и по редовна цена. Владата на седница попладнево ја усвои информацијата на Министерството која, всушност, е иницијатива на здруженијата на транспортери кои на средба со министерот Благој Бочварски во петокот во Штип побараа да се забрза процесот за добивање пасоши за нивните членови. Министерот Бочварски во изјава за МИА соопшти дека Владата на седница го задолжила Министерството за внатрешни работи кое веќе утре од Министерството за транспорт и врски ќе го добие списокот на возачи со сертификат кои немаат патна исправа. Здруженијата на транспортери, рече Бочварски, до нив доставиле список со 120 возачи – дел од нив веќе се во постапка за издавање пасош, а дел треба да ја почнат постапката.
-Изнаоѓаме решение како Влада за издавање патни исправи по брза лента со цел да излеземе во пресрет на оваа многу значајна дејност за државата, имајќи предвид дека околу 90 проценти од транспортот на товар во државата се врши по патниот сообраќај. Од транспортниот сектор многу зависи домашната економија и затоа сакаме да овозможиме транспортот да не трпи поради состојбата што во моментов ја имаме со патните исправи. Денеска го отворивме прашањето на Влада, по барањето на здруженијата на транспортери, разговаравме и Владата ја усвои таа информација и МВР се задолжи да ги забрза процедурите за професионалните возачи. Очекувам за десетина дена да биде завршена процедурата од започнување до издавање на патната исправа на возачите, изјави Бочварски и нагласи дека цената ќе биде за редовна постапка за возачите да не бидат оптоварени финансиски да плаќаат за итна постапка.
Посочи дека Министерството за транспорт и врски ќе биде во контакт со здруженијата на превозници доколку има потреба да се дополни списокот и ќе се координира со Министерството за внатрешни работи. Во земјава има околу 16 000 возачи  со сертификат за професионален возач издаден од Министерството за транспорт и врски.

The post Владата ќе ја забрзува процедурата за добивање пасоши за професионалните превозници appeared first on Република.

]]>
ЛДП со предлог: Патните исправи да важат до истекот на нивниот рок со печат на Cеверна Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/ldp-so-predlog-patnite-ispravi-da-vazhat-do-istekot-na-nivniot-rok-so-pechat-na-severna-makedonija/ Tue, 27 Feb 2024 13:28:04 +0000 https://republika.mk/?p=748941

Во настојувањето да се олесни движењето на граѓаните на Република Cеверна Македонија надвор од границите на државата и проблемите со кои се соочуваат при нивните патувања, но и престој во странство, пратениците на Либерално-демократската партија предлагаат дополнување на Законот за патните исправи.

-Предложените дополнувања се насочени кон унапредување на патните исправи и дефинирање на јасни правила за државјаните на земјава, при што ќе се овозможи непречено движење на граѓаните надвор од границите и повторно враќање во истата со поседување на валидна патна исправа, односно патна исправа која содржи печат на Република Cеверна Македонија со која државата го потврдува идентитетот на лицето и важи до истекот на рокот на важноста на патната исправа, појаснуваат од ЛДП.

Според партијата оваа иницијативата е мотивирана од потребата за доследно почитување на уставно загарантираните права на слобода на движење. Промените се предложени по итна постапка поради нивната значајност за основните човекови права и не пдонесуваат дополнителни финансиски импликации на буџетот ниту на граѓаните ниту пак на државата.

-За нас секој е важен и сметаме дека патната исправа која важи како потврда со која државата гарантира за идентитетот на нејзиниот сопственик може да биде валидна и со печатот Република Cеверна Македонија до истекот на рокот на важноста на истата, а потоа да биде соодветно заменета на нов образец. Со ова сметаме дека не се нарушува Преспанскиот договор кој доведе до исполнување на државна цел - членството во Нато, додаваат од ЛДП.

The post ЛДП со предлог: Патните исправи да важат до истекот на нивниот рок со печат на Cеверна Македонија appeared first on Република.

]]>

Во настојувањето да се олесни движењето на граѓаните на Република Cеверна Македонија надвор од границите на државата и проблемите со кои се соочуваат при нивните патувања, но и престој во странство, пратениците на Либерално-демократската партија предлагаат дополнување на Законот за патните исправи. -Предложените дополнувања се насочени кон унапредување на патните исправи и дефинирање на јасни правила за државјаните на земјава, при што ќе се овозможи непречено движење на граѓаните надвор од границите и повторно враќање во истата со поседување на валидна патна исправа, односно патна исправа која содржи печат на Република Cеверна Македонија со која државата го потврдува идентитетот на лицето и важи до истекот на рокот на важноста на патната исправа, појаснуваат од ЛДП. Според партијата оваа иницијативата е мотивирана од потребата за доследно почитување на уставно загарантираните права на слобода на движење. Промените се предложени по итна постапка поради нивната значајност за основните човекови права и не пдонесуваат дополнителни финансиски импликации на буџетот ниту на граѓаните ниту пак на државата. -За нас секој е важен и сметаме дека патната исправа која важи како потврда со која државата гарантира за идентитетот на нејзиниот сопственик може да биде валидна и со печатот Република Cеверна Македонија до истекот на рокот на важноста на истата, а потоа да биде соодветно заменета на нов образец. Со ова сметаме дека не се нарушува Преспанскиот договор кој доведе до исполнување на државна цел - членството во Нато, додаваат од ЛДП.

The post ЛДП со предлог: Патните исправи да важат до истекот на нивниот рок со печат на Cеверна Македонија appeared first on Република.

]]>
Онлјан проверката дали е готов пасошот важи само за оние кои се фотографиле од први јануари https://republika.mk/vesti/makedonija/onljan-proverkata-dali-e-gotov-pasoshot-vazhi-samo-za-onie-koi-se-fotografile-od-prvi-januari/ Mon, 26 Feb 2024 14:37:38 +0000 https://republika.mk/?p=748594

Онлјан проверката дали е изработен пасошот важи сами за оние граѓани кои се фотографирале за патна исправа од први јануари па наваму, објаснија од Министерството за внатрешни работи, објави „Телма“.

МВР вчера вечер ја пушти во функција онлјан алатката за проверка дали е изработен пасошот само за оние скопјани кои поднеле барање за нови документи во „МТВ“ и во „Пролет“. Дел од граѓаните останаа збунети откако користејќи ја алатката добиле известување „Не е пронајден запис!“.

Само со впишување на матичниот број и селекција на бараниот документ, се проверува дали пасошот е готов. Оние граѓани чии патни исправи се готови, уште синоќа добија известување преку СМС на кој датум и во колку часот да си го подигнат пасошот, што е новина, бидејќи досега имаше голем метеж на шалтерите во МТВ.

Во моментов граѓаните не можат онлајн да закажат фотографирање за лични документи, а телефонските линии се постојано зафатени.

Со впишување на ЕМБГ може да се провери дали патната исправа е во процес на изработка или истата е подготвена за издавање. Ова засега важи само за лицата кои се фотографирале за патна исправа во МТВ и „Пролет“. Во иднина ќе се прошири и за сите пунктови, како и за личните карти. МВР презема мерки и активности за граѓаните да можат и електронски да закажат фотографирање“, порачаа од МВР.

The post Онлјан проверката дали е готов пасошот важи само за оние кои се фотографиле од први јануари appeared first on Република.

]]>

Онлјан проверката дали е изработен пасошот важи сами за оние граѓани кои се фотографирале за патна исправа од први јануари па наваму, објаснија од Министерството за внатрешни работи, објави „Телма“. МВР вчера вечер ја пушти во функција онлјан алатката за проверка дали е изработен пасошот само за оние скопјани кои поднеле барање за нови документи во „МТВ“ и во „Пролет“. Дел од граѓаните останаа збунети откако користејќи ја алатката добиле известување „Не е пронајден запис!“. Само со впишување на матичниот број и селекција на бараниот документ, се проверува дали пасошот е готов. Оние граѓани чии патни исправи се готови, уште синоќа добија известување преку СМС на кој датум и во колку часот да си го подигнат пасошот, што е новина, бидејќи досега имаше голем метеж на шалтерите во МТВ. Во моментов граѓаните не можат онлајн да закажат фотографирање за лични документи, а телефонските линии се постојано зафатени.