парламентарно мнозинство Archives - Република https://republika.mk/tema/parlamentarno-mnozinstvo/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Jan 2023 08:27:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png парламентарно мнозинство Archives - Република https://republika.mk/tema/parlamentarno-mnozinstvo/ 32 32 Парламентарното мнозинство е стабилно и има можност да се зголеми, тврди премиерот https://republika.mk/vesti/makedonija/parlamentarnoto-mnozinstvo-e-stabilno-i-ima-mozhnost-da-se-zgolemi-tvrdi-premierot/ Sat, 28 Jan 2023 08:40:28 +0000 https://republika.mk/?p=601872

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за емисијата „360 степени“ на ТВ „Алсат М“, која се емитуваше вечерва, зборуваше за стабилноста на парламентарното мнозинство, за кое рече дека во моментов брои 64 пратеници.

Ако ги погледнете сите пратеници, без разлика на дискусиите коишто се водат и во дел на политичките партии внатре, никој не го довел во прашање владиното мнозинство, потенцираше премиерот Ковачевски, појаснувајќи ја актуелната состојба со парламентарното мнозинство.

На прашањето за проширување на парламентарното мнозинство, премиерот Ковачевски одговори:

Секогаш постои можност и потреба заради окрупнување на одреден блок кој има визија и цел да влезат нови политички субјекти. Тоа ќе значи зголемување на ефикасноста на работењето на Собранието со оглед на тоа дека имаме голем број на реформски закони коишто се дел од пристапувањето на ЕУ.

Во однос на пратеничката група на ДУИ, премиерот Ковачевски нагласи дека: „таа пратеничка група нема пратеник којшто има забелешка на работата на Владата, на остварувањето на европските интеграции, на начинот на справувањето со енергетската и економската криза“.

Ниту еден пратеник од пратеничката група на ДУИ или било која друга група којашто е дел од владиното мнозинство нема искажано било каква изјава или став во однос на владиното мнозинство. Што се однесува до дискусии кои се водат внатре во политички партии, јас не би можел коментирам бидејќи нашите политички партии, особено тие кои се дел од Владата се демократски партии, појасни премиерот.

Осврнувајќи се на можниот влез на Алијанса за Албанците во Владата и можното излегување на Алтернатива за сметка на тоа, премиерот Ковачевски коментираше дека Алтернатива е дел од Владата и таа и програмски и кадровски е интегрирана во неа. Во однос на евентуалниот влез на Алијанса за Албанците во Владата, премиерот коментираше дека сите политички партии коишто делуваат во правец на зачленување на Македонија во ЕУ, се добредојдени во Владата.

За да тоа се случи, прво мора програмски да се усогласат политичките партии и второ, кадровски да се усогласат. До овој момент, такви разговори за кадровско и програмско усогласување со потенцијално нови партнери во Владата нема дојдено. Вие конкретно прашувате за Алијанса за Албанците бидејќи тоа е тема којашто се експлоатира во јавноста. Алијанса за Албанците е политичка партија која го поддржа предлогот на Европската Унија во однос на стартот на нашите преговори. Тие секогаш и практично докажувале дека се за интеграција на нашата држава во ЕУ, појасни премиерот Ковачевски во интервјуто.

The post Парламентарното мнозинство е стабилно и има можност да се зголеми, тврди премиерот appeared first on Република.

]]>

Таравари: Ако нема 80 пратеници, не вреди да се прошири Владата https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-ako-nema-80-pratenitsi-ne-vredi-da-se-proshiri-vladata/ Sat, 21 Jan 2023 16:47:41 +0000 https://republika.mk/?p=599430

Првиот човек на АА, Арбен Таравари, изјави пред почетокот на Централното собрание на партијата во Куманово  доколку не се постигнат потребните бројки за уставни измени, не вреди да се прошири парламентарното мнозинство. Тој ги отфрли гласините за поделба на ресорите и рече дека до сега нема конкретен предлог од Ковачевски за вклучување на АА во Владата.

Лично мислам дека ако нема 80 пратеници, не вреди да се прошири Владата. Но јас велам дека има работи кои можат да помогнат дури и со проширување на Владата. Мислам дека ќе ги откријам сите факти и аргументи што ги имам пред членовите на Собранието, да разговараме да одлучиме заедно, рече Таравари.

Таравари потврди дека синоќа се сретнал со првиот човек на ДУИ Али Ахмети, со кој разговарал за потребниот број пратеници за уставните измени. Тој рече дека во наредните денови ќе се сретне и со лидерите на другите албански партии.

The post Таравари: Ако нема 80 пратеници, не вреди да се прошири Владата appeared first on Република.

Мицкоски: Минатиот пат киднапираа пратеник за да имаат 61, овојпат ќе им простуваат криминали на истите криминалци https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-minatiot-pat-kidnapiraa-pratenik-za-da-imaat-61-ovojpat-ke-im-prostuvaat-kriminali-na-istite-kriminaltsi/ Fri, 20 Jan 2023 13:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=598996

Минатиот пат требаше да киднапираат пратеник за да имаат 61. Сега овој пат треба да им простат уште едно чудо криминали на истите криминалци кои им прават притисоци на нивните пратеници и да им закрпат мнозинство, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во коментар на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека парламентарното мнозинство во иднина ќе биде поголемо од сега.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-polukriminalni-grupi-pod-kontrola-na-sdsm-i-dui-vrshat-pritisotsi-vrz-pratenitsi/

Тој му одговори на Христијан Мицкоски, кој кажа дека имало притисок од полукриминални групи кон пратениците во Собранието.

Ова му е трета лага на Мицкоски. Пред 1 година во Собраинието дека има 61 пратеник за уривање на владата, па пред нова година кажа дека има 61 пратеник, и сега каже дека полукриминални структури, не знам каков е тој збор, или има криминални или чесни структури, а ние во СДСМ сме чесни. Сите одлуки се носени едногласно во партијата. Никој од партијата не им барал ниту меници, ниту изјави на нотар на пратеници како Мицкоски, за да ги држи во заложништво. Исто како што Апасиев го држи Мицкоски во заложништво. Нема никакво притисок, пратениците одлучуваат самостојно, и без притисок и да му порачам парламентарното мнозинство ќе биде уште поголемо од тоа што е денеска“, кажа Ковачевски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-informiran-sum-za-dva-tipa-zakani-vrz-pratenitsi/

Мицкоски го прашува Ковачевски што ќе добијат граѓаните од поголемото мнозинство.

Знаеме што ќе добијат криминалците, но што ќе добие народот. Што ќе се промени? Ќе живеат ли подобро?
Наместо да го пуштат Ковачевски вака неуверливо да ја спасува работава, можеа да го пуштат Али да го соопшти истово. Но очигледно слугата оди пред газдата, вели Мицкоски.

The post Мицкоски: Минатиот пат киднапираа пратеник за да имаат 61, овојпат ќе им простуваат криминали на истите криминалци appeared first on Република.

]]>

Минатиот пат требаше да киднапираат пратеник за да имаат 61. Сега овој пат треба да им простат уште едно чудо криминали на истите криминалци кои им прават притисоци на нивните пратеници и да им закрпат мнозинство, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во коментар на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека парламентарното мнозинство во иднина ќе биде поголемо од сега. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-polukriminalni-grupi-pod-kontrola-na-sdsm-i-dui-vrshat-pritisotsi-vrz-pratenitsi/ Тој му одговори на Христијан Мицкоски, кој кажа дека имало притисок од полукриминални групи кон пратениците во Собранието.
Ова му е трета лага на Мицкоски. Пред 1 година во Собраинието дека има 61 пратеник за уривање на владата, па пред нова година кажа дека има 61 пратеник, и сега каже дека полукриминални структури, не знам каков е тој збор, или има криминални или чесни структури, а ние во СДСМ сме чесни. Сите одлуки се носени едногласно во партијата. Никој од партијата не им барал ниту меници, ниту изјави на нотар на пратеници како Мицкоски, за да ги држи во заложништво. Исто како што Апасиев го држи Мицкоски во заложништво. Нема никакво притисок, пратениците одлучуваат самостојно, и без притисок и да му порачам парламентарното мнозинство ќе биде уште поголемо од тоа што е денеска“, кажа Ковачевски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-informiran-sum-za-dva-tipa-zakani-vrz-pratenitsi/ Мицкоски го прашува Ковачевски што ќе добијат граѓаните од поголемото мнозинство.
Знаеме што ќе добијат криминалците, но што ќе добие народот. Што ќе се промени? Ќе живеат ли подобро? Наместо да го пуштат Ковачевски вака неуверливо да ја спасува работава, можеа да го пуштат Али да го соопшти истово. Но очигледно слугата оди пред газдата, вели Мицкоски.

The post Мицкоски: Минатиот пат киднапираа пратеник за да имаат 61, овојпат ќе им простуваат криминали на истите криминалци appeared first on Република.

]]>
Ковачевски до Мицкоски: Парламентарното мнозинство ќе биде уште поголемо https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-do-mitskoski-parlamentarnoto-mnozinstvo-ke-bide-ushte-pogolemo/ Fri, 20 Jan 2023 13:40:39 +0000 https://republika.mk/?p=599133

Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Преспа, кажа дека парламентарното мнозинство во иднина ќе биде поголемо од сега. Тој му одговори на Христијан Мицкоски, кој кажа дека имало притисок од полукриминални групи кон пратениците во Собранието.

Ова му е трета лага на Мицкоски. Пред 1 година во Собраинието дека има 61 пратеник за уривање на владата, па пред нова година кажа дека има 61 пратеник, и сега каже дека полукриминални структури, не знам каков е тој збор, или има криминални или чесни структури, а ние во СДСМ сме чесни. Сите одлуки се носени едногласно во партијата. Никој од партијата не им барал ниту меници, ниту изјави на нотар на пратеници како Мицкоски, за да ги држи во заложништво. Исто како што Апасиев го држи Мицкоски во заложништво. Нема никакво притисок, пратениците одлучуваат самостојно, и без притисок и да му порачам парламентарното мнозинство ќе биде уште поголемо од тоа што е денеска, кажа Ковачевски.

The post Ковачевски до Мицкоски: Парламентарното мнозинство ќе биде уште поголемо appeared first on Република.

Трајанов: Нема услови за ново мнозинство, да се размислува за широка коалиција https://republika.mk/vesti/makedonija/trajanov-nema-uslovi-za-novo-mnozinstvo-da-se-razmisluva-za-shiroka-koalicija/ Tue, 04 Oct 2022 09:12:46 +0000 https://republika.mk/?p=557151

Пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз смета дека во Парламентот нема услови за ново мнозинство, туку дека според него треба да се размислува за широка коалиција во која ќе бидат вклучени сите парламентарни партии. Пратеникот, кој доаѓа од Демократскиот сојуз, се смета за дел од мнозинството, но отворено размислува за други опции.

Mислам дека сега нема услови за ново парламентарно мнозинство, ниту пак некој за тоа веќе разговара. Помина таа тема и сега, можеби, поблиску сме да се отвори прашањето околу тоа дали треба да се организираат предвремени парламентарни избори или, пак, треба да се оди до крај на мандатот. Во една ваква ситуација, моја сугестија е, прво и прво, да се размислува за некоја широка коалиција, во која ќе бидат вклучени сите парламентарни партии и мислам дека на тој начин ќе се вклучат сите можни капацитети во државата за надминување на предизвиците со коишто се соочува сега нашата држава, изјави Трајанов за емисијата „360“ на ТВ Алсат.

Под широкa коалиција, Трајанов вели подразбира во неа да влезат и ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии.

Па, мислам дека тоа како тема треба да биде, тоа е една од клучните теми, а втора тема, се разбира, дека треба да биде договор за потреба од одржување на предвремени избори, врзано со промените на Уставот, бидејќи ако секојдневно слушаме – имаме пратеници од опозицијата итн – во парламентарното мнозинство нема единство околу ова прашање, рече тој.

The post Трајанов: Нема услови за ново мнозинство, да се размислува за широка коалиција appeared first on Република.

Зендели: Немаат мнозинство, па ја префрлаат вината врз ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата https://republika.mk/vesti/makedonija/zendeli-nemaat-mnozinstvo-pa-ja-prefrlaat-vinata-vrz-vmro-dpmne-i-opozicijata/ Tue, 04 Oct 2022 08:57:11 +0000 https://republika.mk/?p=557148

Беса засега нема да поднесе иницијатива за интерпелација на првиот вицепремиер во Владата Артан Груби, изјави за МИА пратеникот од оваа партија Фадил Зендели, откако синоќа во јавноста се појавија вакви информации. Коментирајќи ја состојбата во Собранието Зендели се сомнева дека власта има мнозинство во Парламентот велејќи дека вината за тоа владејачките партии ја префрлаат на опозицијата.

Нема такво нешто во моментов, но не исклучувам дека во иднина како опозициска партија нема да поднесеме интерпелација за министри на ДУИ и власта генерално, изјави за МИА Зендели.

Пратеникот на Беса смета дека владејачките партии немаат мнозинство во Парламентот и дека она што се случува во ДУИ со „огнената група“ е внатрешна работа на партијата.

Немаат мнозинство. Мислам дека власта на некој начин ја префрла вината на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии. ДУИ нè меша и нас, но во суштина проблемот е во самото мнозинство кое во Собранието нема капацитет и нема бројки односно мнозинство да ги реализира своите политики, рече Зендели.

Во изјавата за МИА тој не сакаше да ја коментира состојбата во ДУИ велејќи дека станува збор за внатрешна работа на ДУИ, како и дека пратениците кои се потписници на барањата на „огнената група“ никаде јавно не кажале дека ќе настапуваат самостојно или дека се против политиките на партијата.

The post Зендели: Немаат мнозинство, па ја префрлаат вината врз ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата appeared first on Република.

Скендер Реџепи го напушта владејачкото мнозинство, ќе делува како независен https://republika.mk/vesti/makedonija/skender-redzepi-go-napushta-vladejachkoto-mnozinstvo-kje-deluva-kako-nezavisen/ Tue, 14 Jun 2022 16:46:37 +0000 https://republika.mk/?p=515165

Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива ја напушта партијата и во иднина ќе делува како независен пратеник. Тој за оваа одлука официјално го извести собранискиот претседател Талат Џафери.

Алтернатива е дел од владејачкото мнозинство и во Владата влезе по излегувањето на Бeса.

Кон средината на мај незадоволство преовладуваше на првиот конгрес на Алтернатива, во однос на ефикасноста во власта и за програмските определби за кои партијата на Африм Гаши стана дел од Владата. На конгресот тогаш не присуствуваше пратеникот Скендер Реџепи.

Пред само еден месец Реџепи во телевизиско гостување рече дека воопшто не е задоволен од сработеното на нивните министри и воопшто неговата партија Алтернатива во првите 100 дена од новата влада.

The post Скендер Реџепи го напушта владејачкото мнозинство, ќе делува како независен appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива ја напушта партијата и во иднина ќе делува како независен пратеник. Тој за оваа одлука официјално го извести собранискиот претседател Талат Џафери. Алтернатива е дел од владејачкото мнозинство и во Владата влезе по излегувањето на Бeса. Кон средината на мај незадоволство преовладуваше на првиот конгрес на Алтернатива, во однос на ефикасноста во власта и за програмските определби за кои партијата на Африм Гаши стана дел од Владата. На конгресот тогаш не присуствуваше пратеникот Скендер Реџепи. Пред само еден месец Реџепи во телевизиско гостување рече дека воопшто не е задоволен од сработеното на нивните министри и воопшто неговата партија Алтернатива во првите 100 дена од новата влада.

The post Скендер Реџепи го напушта владејачкото мнозинство, ќе делува како независен appeared first on Република.

]]>
Последната лага на Заев: На Ковачевски му остава „стабилно, окрупнето, демократско парламентарно мнозинство“ од едвај 62 пратеника https://republika.mk/vesti/makedonija/poslednata-laga-na-zaev-na-kovachevski-mu-ostava-stabilno-okrupneto-demokratsko-parlamentarno-mnozinstvo-od-edvaj-62-pratenika/ Mon, 17 Jan 2022 08:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=445535

Стабилно окрупнето парламентарно мнозинство е последната лага на Зоран Заев како премиер. Сега веќе поранешниот премиер не си го исполни аманетот да му обезбеди на својот наследник Ковачевски влада со стабилно мнозинство.

Слушајте ми го зборот, парламентарното мнозинство на СДСМ ќе порасне по локалните избори, ветуваше Зоран Заев уште кога не веруваше дека наскоро ќе ја отстапи премиерската фотелја.

Иако владејачките партии СДСМ и ДУИ го претставуваа како клучен играч кој ќе ѝ обезбеди на новата влада „стабилно мнозинство од 65, па и повеќе пратеници“, Заев уште еднаш, и заминат, потфрли. Синоќешното гласање на новата влада само ги потврди изјавите на опозициските пратеници дека власта нема стабилно мнозинство. Како и досега, така и отсега со државата ќе раководи климава влада, која во Собранието ќе има едвај мнозинство од 62 пратеници.

Од „киднапирањето“ на Кастриот Реџепи кога опозицијата обезбеди мнозинство за пад на Владата на Заев, па до вчера СДСМ и ДУИ тврдеа дека имаат стабилно мозинство кое расте. Бујар Османи го нарече Заев „важна фигура за одржување на стабилноста во мнозинството“.

Нема дилема дека ова мнозинство има над 61 пратеник, има неколку опции за тоа, но да не откривам детали, бидејќи преговорите се во тек, порача Османи.

И старо-новиот вицепремиер Фатмир Битиќи беше сигурен во изјавите дека новата влада ќе има стабилно мнозинство.

Се окрупнува мнозинството и новата влада ќе биде поголема и постабилна од таа што беше. Не можам да прејудицирам со бројки. Не е битно дали се 64, 65 или 67. Тврдам дека ќе имаме стабилно мнозинство, што понатаму ќе владее до крајот на мандатот, рече Битиќи.

А од стабилноста - 62 пратеника беа, толку и останаа. Ниту преминувањето на Алтернатива, ниту одложувањето на оставката на Заев, уцените и заканите на пратениците не успеаја да обезбедат вистинско нозинство.

Парламентот е трансформиран во институција во која се тргува “топтан“, каде не се земаат предвид ниту критериумите, ниту ветувањата, ниту довербата што им се дава од граѓаните, е осцената на Елми Азири, потпретседател на Алијансата за Албанците, за формирањето на парламентарното мнозинство направено на шверцерски начин.

Владата на Ковачевски ја поддржаа и малите изиграни партии од коалицијата. Иако имаа многу забелешки за начинот на кој се третираат во власта ЛДП, ДОМ и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов му дадоа зелен картон на составот на наследникот на Заев.

Интересно е дека за новиот владин состав гласаа и пратеничките Бисера Костадиновска-Стојчевска и Славјанка Петровска, кои се министерки во новата влада. Нивниот мандат престана по потпишувањето на изјавите.

The post Последната лага на Заев: На Ковачевски му остава „стабилно, окрупнето, демократско парламентарно мнозинство“ од едвај 62 пратеника appeared first on Република.

]]>

Стабилно окрупнето парламентарно мнозинство е последната лага на Зоран Заев како премиер. Сега веќе поранешниот премиер не си го исполни аманетот да му обезбеди на својот наследник Ковачевски влада со стабилно мнозинство.
Слушајте ми го зборот, парламентарното мнозинство на СДСМ ќе порасне по локалните избори, ветуваше Зоран Заев уште кога не веруваше дека наскоро ќе ја отстапи премиерската фотелја.
Иако владејачките партии СДСМ и ДУИ го претставуваа како клучен играч кој ќе ѝ обезбеди на новата влада „стабилно мнозинство од 65, па и повеќе пратеници“, Заев уште еднаш, и заминат, потфрли. Синоќешното гласање на новата влада само ги потврди изјавите на опозициските пратеници дека власта нема стабилно мнозинство. Како и досега, така и отсега со државата ќе раководи климава влада, која во Собранието ќе има едвај мнозинство од 62 пратеници. Од „киднапирањето“ на Кастриот Реџепи кога опозицијата обезбеди мнозинство за пад на Владата на Заев, па до вчера СДСМ и ДУИ тврдеа дека имаат стабилно мозинство кое расте. Бујар Османи го нарече Заев „важна фигура за одржување на стабилноста во мнозинството“.
Нема дилема дека ова мнозинство има над 61 пратеник, има неколку опции за тоа, но да не откривам детали, бидејќи преговорите се во тек, порача Османи.
И старо-новиот вицепремиер Фатмир Битиќи беше сигурен во изјавите дека новата влада ќе има стабилно мнозинство.
Се окрупнува мнозинството и новата влада ќе биде поголема и постабилна од таа што беше. Не можам да прејудицирам со бројки. Не е битно дали се 64, 65 или 67. Тврдам дека ќе имаме стабилно мнозинство, што понатаму ќе владее до крајот на мандатот, рече Битиќи.
А од стабилноста - 62 пратеника беа, толку и останаа. Ниту преминувањето на Алтернатива, ниту одложувањето на оставката на Заев, уцените и заканите на пратениците не успеаја да обезбедат вистинско нозинство.
Парламентот е трансформиран во институција во која се тргува “топтан“, каде не се земаат предвид ниту критериумите, ниту ветувањата, ниту довербата што им се дава од граѓаните, е осцената на Елми Азири, потпретседател на Алијансата за Албанците, за формирањето на парламентарното мнозинство направено на шверцерски начин.
Владата на Ковачевски ја поддржаа и малите изиграни партии од коалицијата. Иако имаа многу забелешки за начинот на кој се третираат во власта ЛДП, ДОМ и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов му дадоа зелен картон на составот на наследникот на Заев. Интересно е дека за новиот владин состав гласаа и пратеничките Бисера Костадиновска-Стојчевска и Славјанка Петровска, кои се министерки во новата влада. Нивниот мандат престана по потпишувањето на изјавите.  