парламент Archives - Република https://republika.mk/tema/parlament/ За подобро да се разбереме Thu, 30 May 2024 10:51:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png парламент Archives - Република https://republika.mk/tema/parlament/ 32 32 Шпанскиот парламент го одобри законот за амнестија на каталонските сепаратисти https://republika.mk/vesti/svet/shpanskiot-parlament-go-odobri-zakonot-za-amnestija-na-katalonskite-separatisti/ Thu, 30 May 2024 10:51:40 +0000 https://republika.mk/?p=783139

Шпанскиот Парламент денеска даде конечно одобрување на Законот за амнестија на каталонските сепаратисти, вмешани во неуспешниот обид да прогласат независност во 2017 година.

Законот беше поддржан од шпанската левичарска коалициска влада на Педро Санчез, две каталонски сепаратистички партии и други помали партии. Беше изгласан со 177 спрема 172 гласа „за“ во Долниот дом, а против беа конзервативната Народна партија и екстремната десница „Вокс“.

Законот за амнестија најмногу би можел да има корист од поранешниот претседател на каталонската регионална влада Карлес Пуџдемон, кој моментално е во егзил во Белгија откако избега од Шпанија по неуспехот да се одвои Каталонија од земјата.

Законот најверојатно ќе се соочи со правни предизвици од повисоките судови бидејќи дел правни експерти ја доведуваат во прашање неговата уставност.

The post Шпанскиот парламент го одобри законот за амнестија на каталонските сепаратисти appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот Парламент денеска даде конечно одобрување на Законот за амнестија на каталонските сепаратисти, вмешани во неуспешниот обид да прогласат независност во 2017 година. Законот беше поддржан од шпанската левичарска коалициска влада на Педро Санчез, две каталонски сепаратистички партии и други помали партии. Беше изгласан со 177 спрема 172 гласа „за“ во Долниот дом, а против беа конзервативната Народна партија и екстремната десница „Вокс“. Законот за амнестија најмногу би можел да има корист од поранешниот претседател на каталонската регионална влада Карлес Пуџдемон, кој моментално е во егзил во Белгија откако избега од Шпанија по неуспехот да се одвои Каталонија од земјата. Законот најверојатно ќе се соочи со правни предизвици од повисоките судови бидејќи дел правни експерти ја доведуваат во прашање неговата уставност.

The post Шпанскиот парламент го одобри законот за амнестија на каталонските сепаратисти appeared first on Република.

]]>
Пропадна иницијативата на ДПК за распуштање на Парламентот на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/propadna-initsijativata-na-dpk-za-raspushtane-na-parlamentot-na-kosovo/ Thu, 30 May 2024 07:18:47 +0000 https://republika.mk/?p=782989

Пропадна иницијативата на Демократската партија на Косово (ДПК) да се распушти собранието и во Косово да се одржат предвремени избори, најрано на почетокот на јули, бидејќи опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ДСК) и Алијансата за иднината на Косово ( АБК) не ја поддржа таа иницијатива, изјави лидерот на ДПК Мемли Красниќи.

Воедно, неодржувањето предвремени избори од владејачката Самоопределување го оценија како потврда за добро менаџирање од страна на актуелната власт.

Денеска, 29 мај, како што наведов како краен рок во писмото упатено до тројцата политички лидери на албанските парламентарни партии, ве известувам дека можноста за распуштање на Собранието на Косово е веќе исцрпена, рече синоќа Красниќи, пренесе Бета.

Тој го изрази своето изненадување од неподготвеноста на ДСК и АБК да учествуваат на изборите и иронично рече дека тоа е „изгубена шанса“.

Не паметам друг случај во историјата на парламентарна демократија кога власта вели „ајде на избори, ние сме подготвени“, а опозицијата вели „не, продолжи го мандатот до крај“, изјави Красниќи.

The post Пропадна иницијативата на ДПК за распуштање на Парламентот на Косово appeared first on Република.

]]>

Пропадна иницијативата на Демократската партија на Косово (ДПК) да се распушти собранието и во Косово да се одржат предвремени избори, најрано на почетокот на јули, бидејќи опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ДСК) и Алијансата за иднината на Косово ( АБК) не ја поддржа таа иницијатива, изјави лидерот на ДПК Мемли Красниќи. Воедно, неодржувањето предвремени избори од владејачката Самоопределување го оценија како потврда за добро менаџирање од страна на актуелната власт. Денеска, 29 мај, како што наведов како краен рок во писмото упатено до тројцата политички лидери на албанските парламентарни партии, ве известувам дека можноста за распуштање на Собранието на Косово е веќе исцрпена, рече синоќа Красниќи, пренесе Бета. Тој го изрази своето изненадување од неподготвеноста на ДСК и АБК да учествуваат на изборите и иронично рече дека тоа е „изгубена шанса“. Не паметам друг случај во историјата на парламентарна демократија кога власта вели „ајде на избори, ние сме подготвени“, а опозицијата вели „не, продолжи го мандатот до крај“, изјави Красниќи.

The post Пропадна иницијативата на ДПК за распуштање на Парламентот на Косово appeared first on Република.

]]>
Пратениците во парламентот на Србија изгласаа измени на Законот за избирачкиот список https://republika.mk/vesti/balkan/pratenitsite-vo-parlamentot-na-srbija-izglasaa-izmeni-na-zakonot-za-izbirachkiot-spisok/ Fri, 10 May 2024 17:40:52 +0000 https://republika.mk/?p=776890

Пратениците на Собранието на Србија денеска гласаа за измена на Законот за единствен избирачки список со кој се предвидува граѓаните кои го промениле местото на живеење во изминатите 11 месеци да не можат да гласаат на својата нова адреса.

Пратениците со мнозинство гласови го поддржаа Предлогот за одлука за избор на членови и заменици на одборот на Народното собрание на Србија и Предлогот за одлука за изменување и дополнување на Одлуката за состав на собраниската Комисија за стабилизација и придружување, јави Бета.

Тие изгласаа и Предлог за одлука за изменување и дополнување на Одлуката за состав на постојани делегации на Народното собрание на Србија во меѓународните парламентарни институции.

The post Пратениците во парламентот на Србија изгласаа измени на Законот за избирачкиот список appeared first on Република.

]]>

Пратениците на Собранието на Србија денеска гласаа за измена на Законот за единствен избирачки список со кој се предвидува граѓаните кои го промениле местото на живеење во изминатите 11 месеци да не можат да гласаат на својата нова адреса. Пратениците со мнозинство гласови го поддржаа Предлогот за одлука за избор на членови и заменици на одборот на Народното собрание на Србија и Предлогот за одлука за изменување и дополнување на Одлуката за состав на собраниската Комисија за стабилизација и придружување, јави Бета. Тие изгласаа и Предлог за одлука за изменување и дополнување на Одлуката за состав на постојани делегации на Народното собрание на Србија во меѓународните парламентарни институции.

The post Пратениците во парламентот на Србија изгласаа измени на Законот за избирачкиот список appeared first on Република.

]]>
Швајцарскиот парламент одби да се приклучи на групата за санкции против Русија https://republika.mk/vesti/svet/shvajtsarskiot-parlament-odbi-da-se-prikluchi-na-grupata-za-sanktsii-protiv-rusija/ Wed, 17 Apr 2024 17:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=767224

Долниот дом на швајцарскиот Парламент го отфрли предлогот на партијата на Зелените, со кој Швајцарија требаше да се приклучи на меѓународната РЕПО група за воведување економски санкции против Русија.

Со 101 глас „против“ и 80 гласа „за“, Долниот дом одби да се приклучи на групата основана во 2022 година од САД, Австралија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и Европската комисија, пренесуваат британските медиуми.

Владата претходно излезе со препорака земјата да не се приклучува кон групата РЕПО, а министерката за економија Бет Јанс кажа дека предноста од таквата одлука се рефлектира во способноста на Швајцарија да организира мировен самит за војната во Украина.

Русија веќе ја отфрли можноста за учество на самитот, соопштувајќи дека Швајцарија ја отфрлила својата декларирана неутралност со учеството во санкциите на ЕУ против Москва.

На 15 и 16 јуни, Швајцарија ќе биде домаќин на дводневна мировна конференција на високо ниво, чија цел е постигнување мир во Украина, врз основа на планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и швајцарскиот министер за надворешни работи Игнатиус Касис.

Русија инсистира на тоа дека за мир е неопходно западните земји да ја прифатат „новата реалност на теренот“, додека Украина инсистира на целосно враќање на нејзината територија и повлекување на руската армија.

The post Швајцарскиот парламент одби да се приклучи на групата за санкции против Русија appeared first on Република.

]]>

Долниот дом на швајцарскиот Парламент го отфрли предлогот на партијата на Зелените, со кој Швајцарија требаше да се приклучи на меѓународната РЕПО група за воведување економски санкции против Русија. Со 101 глас „против“ и 80 гласа „за“, Долниот дом одби да се приклучи на групата основана во 2022 година од САД, Австралија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и Европската комисија, пренесуваат британските медиуми. Владата претходно излезе со препорака земјата да не се приклучува кон групата РЕПО, а министерката за економија Бет Јанс кажа дека предноста од таквата одлука се рефлектира во способноста на Швајцарија да организира мировен самит за војната во Украина. Русија веќе ја отфрли можноста за учество на самитот, соопштувајќи дека Швајцарија ја отфрлила својата декларирана неутралност со учеството во санкциите на ЕУ против Москва. На 15 и 16 јуни, Швајцарија ќе биде домаќин на дводневна мировна конференција на високо ниво, чија цел е постигнување мир во Украина, врз основа на планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и швајцарскиот министер за надворешни работи Игнатиус Касис. Русија инсистира на тоа дека за мир е неопходно западните земји да ја прифатат „новата реалност на теренот“, додека Украина инсистира на целосно враќање на нејзината територија и повлекување на руската армија.

The post Швајцарскиот парламент одби да се приклучи на групата за санкции против Русија appeared first on Република.

]]>
Дојава за бомба во норвешкиот Парламент https://republika.mk/vesti/svet/dojava-za-bomba-vo-norveshkiot-parlament-2/ Wed, 03 Apr 2024 12:08:02 +0000 https://republika.mk/?p=761677

Норвешкиот парламент денеска доби дојава за закана со бомба, а зголемено е полициското присуство околу зградата, соопшти полицијата во Осло, јавуваат норвешките медиуми.

Полицијата сега се обидува да открие што се случило, објави „Норвеј Постен“.

-ПСТ (Служба за безбедност) е запознаена со ситуацијата и соработува со полицискиот округ во Осло, изјави за телевизијата НРК, високиот советник на ПСТ, Еирик Веум.

Претставникот за печат на Парламентот за телевизијата НРК потврди дека поради заканата со бомба сите влезови на парламентарната зграда се затворени и никој не смее ниту да влезе ниту да излезе.

The post Дојава за бомба во норвешкиот Парламент appeared first on Република.

]]>

Норвешкиот парламент денеска доби дојава за закана со бомба, а зголемено е полициското присуство околу зградата, соопшти полицијата во Осло, јавуваат норвешките медиуми. Полицијата сега се обидува да открие што се случило, објави „Норвеј Постен“. -ПСТ (Служба за безбедност) е запознаена со ситуацијата и соработува со полицискиот округ во Осло, изјави за телевизијата НРК, високиот советник на ПСТ, Еирик Веум. Претставникот за печат на Парламентот за телевизијата НРК потврди дека поради заканата со бомба сите влезови на парламентарната зграда се затворени и никој не смее ниту да влезе ниту да излезе.

The post Дојава за бомба во норвешкиот Парламент appeared first on Република.

]]>
Четири грчки опозициски партии бараат гласање недоверба на Владата на Мицотакис https://republika.mk/vesti/balkan/chetiri-grchki-opozitsiski-partii-baraat-glasane-nedoverba-na-vladata-na-mitsotakis/ Tue, 26 Mar 2024 16:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=759038

Пратениците од пратеничките групи на ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и на Курс на слобода попладнево до Парламентот доставија заеднички предлог за гласање недоверба на Владата на Кирјакос Мицотакис, по иницијативата на лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис, а расправата на пленарна седница ќе започне вечерва и ќе заврши со гласање в четврток на полноќ, јави дописничката на МИА од Атина.

Текстот во весникот „То вима“ за монтираните аудиозаписи за железничката несреќа кај Темпи на 28 февруари 2023 година во која загинаа 57 лица, кај опозициските партии во Грција предизвика низа реакции, кои кулминираа со доставување на предлогот за гласање недоверба на актуелната Влада.

-Денеска преземам клучна институционална иницијатива, бидејќи веќе ѝ стана навика на Владата на Нова демократија, систематски да го поткопува владеењето на правото во земјата. Во низа скандали го живееме истото: корупција, прикривање, неказнивост. Во секој скандал, во секој владин неуспех, вашиот политички избор е да ја скриете вистината, наместо да тргнете по тешкиот пат на одговорност, порача лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис на почетокот на неговото обраќање во Парламентот, истакнувајќи дека грчкиот народ бара отчет од одговорните.

Предлогот за гласање недоверба е потпишан од 85 пратеници (од вкупно 300 во Парламентот) и е поддржан од ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода, а во него детално се објаснети причините за одлуката.

Потписниците се осврнуваат на сето она што следеше по железничката несреќа и како Владата управуваше со целиот случај, упатувајќи ѝ критики и обвинувања.

-Во методичниот обид да се прикрие вистината за трагедијата кај Темпи, сега се додаваат нови податоци кои покажуваат промена на разговорите на одговорниот на железничката станица со машиновозачите во Лариса ноќта на трагедијата, со цел да се зголеми, според приказната на Владата, човечката грешка како единствена причина за судирот и со тоа да се намалат постоечките владини одговорности во однос на состојбата на железничката мрежа, пишуваат потписниците на предлогот за гласање недоверба на Владата.

Дополнително обвинуваат дека Владата континуирано го деградира владеењето на правото, ја поткопува самата демократија и ја разнишува довербата на граѓаните кон политиката, институциите и правдата

-Ова, досега невидено, дискредитирање на владеењето на правото и институциите од страна на Владата не може да продолжи. Управувањето со земјата повеќе не може да биде оставено во рацете на Влада која систематски ја поткопува демократијата и нејзините институции и која за да ја задржи власта и да ги заштити нејзините функционери, не се колеба да го поткопа секој обид за расчистување на трагедијата со многу жртви, дефокусирајќи ја јавноста и стигнувајќи до точка да фалсификува докази за да го гарантира нејзиниот политички опстанок, пишуваат пратениците од четирите опозициски партии.

Откако предлогот за гласање недоверба на Владата беше доставен до претседателот на Парламентот Константинос Тасулас и беше одобрен со оглед на тоа дека ги исполнува условите за минимум 50 потписници, тридневната расправа ќе започне веднаш.

Тасулас објасни дека пратениците ќе расправаат денеска, утре и в четврток кога најдоцна до полноќ треба да се одржи гласањето.

Речиси невозможно е предлогот на опозициските партии да биде изгласан, со оглед на тоа што за Владата да ја загуби довербата потребно е да гласаат најмалку 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот, додека пак владејачката Нова демократија има мнозинство од 158 пратенички места.

The post Четири грчки опозициски партии бараат гласање недоверба на Владата на Мицотакис appeared first on Република.

]]>

Пратениците од пратеничките групи на ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и на Курс на слобода попладнево до Парламентот доставија заеднички предлог за гласање недоверба на Владата на Кирјакос Мицотакис, по иницијативата на лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис, а расправата на пленарна седница ќе започне вечерва и ќе заврши со гласање в четврток на полноќ, јави дописничката на МИА од Атина. Текстот во весникот „То вима“ за монтираните аудиозаписи за железничката несреќа кај Темпи на 28 февруари 2023 година во која загинаа 57 лица, кај опозициските партии во Грција предизвика низа реакции, кои кулминираа со доставување на предлогот за гласање недоверба на актуелната Влада. -Денеска преземам клучна институционална иницијатива, бидејќи веќе ѝ стана навика на Владата на Нова демократија, систематски да го поткопува владеењето на правото во земјата. Во низа скандали го живееме истото: корупција, прикривање, неказнивост. Во секој скандал, во секој владин неуспех, вашиот политички избор е да ја скриете вистината, наместо да тргнете по тешкиот пат на одговорност, порача лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис на почетокот на неговото обраќање во Парламентот, истакнувајќи дека грчкиот народ бара отчет од одговорните. Предлогот за гласање недоверба е потпишан од 85 пратеници (од вкупно 300 во Парламентот) и е поддржан од ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода, а во него детално се објаснети причините за одлуката. Потписниците се осврнуваат на сето она што следеше по железничката несреќа и како Владата управуваше со целиот случај, упатувајќи ѝ критики и обвинувања. -Во методичниот обид да се прикрие вистината за трагедијата кај Темпи, сега се додаваат нови податоци кои покажуваат промена на разговорите на одговорниот на железничката станица со машиновозачите во Лариса ноќта на трагедијата, со цел да се зголеми, според приказната на Владата, човечката грешка како единствена причина за судирот и со тоа да се намалат постоечките владини одговорности во однос на состојбата на железничката мрежа, пишуваат потписниците на предлогот за гласање недоверба на Владата. Дополнително обвинуваат дека Владата континуирано го деградира владеењето на правото, ја поткопува самата демократија и ја разнишува довербата на граѓаните кон политиката, институциите и правдата -Ова, досега невидено, дискредитирање на владеењето на правото и институциите од страна на Владата не може да продолжи. Управувањето со земјата повеќе не може да биде оставено во рацете на Влада која систематски ја поткопува демократијата и нејзините институции и која за да ја задржи власта и да ги заштити нејзините функционери, не се колеба да го поткопа секој обид за расчистување на трагедијата со многу жртви, дефокусирајќи ја јавноста и стигнувајќи до точка да фалсификува докази за да го гарантира нејзиниот политички опстанок, пишуваат пратениците од четирите опозициски партии. Откако предлогот за гласање недоверба на Владата беше доставен до претседателот на Парламентот Константинос Тасулас и беше одобрен со оглед на тоа дека ги исполнува условите за минимум 50 потписници, тридневната расправа ќе започне веднаш. Тасулас објасни дека пратениците ќе расправаат денеска, утре и в четврток кога најдоцна до полноќ треба да се одржи гласањето. Речиси невозможно е предлогот на опозициските партии да биде изгласан, со оглед на тоа што за Владата да ја загуби довербата потребно е да гласаат најмалку 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот, додека пак владејачката Нова демократија има мнозинство од 158 пратенички места.

The post Четири грчки опозициски партии бараат гласање недоверба на Владата на Мицотакис appeared first on Република.

]]>
На 28 март ќе се одржи последната пленарна седница на овој парламентарен состав https://republika.mk/vesti/makedonija/na-28-mart-ke-se-odrzhi-poslednata-plenarna-sednitsa-na-ovoj-parlamentaren-sostav/ Tue, 26 Mar 2024 13:13:38 +0000 https://republika.mk/?p=758948

Последната пленарна седница на овој парламентарен состав ќе се одржи на 28 март. На дневен ред на оваа пленарна седница закажана за во 11 часот се пет точки - Дополнетиот предлог на законoт за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител, Дополнет предлог на закон за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, сите во второ читање и Предлог на автентичното толкување на член 93 став 2 од Законот за урбанистичко планирање и Барањето за давање на автентично толкување на член 19 од Законот за наследувањето, поднесено од пратеникот Лидија Тасевска.

Претстојните изборни циклуси се редовни, а Собранието останува функционално и при некаква итна потреба може да закаже седница.

Овој парламентарен состав се случи да работи во услови на Ковид пандемијата, кога имаше ограничување и други посебни услови за работа. Парламентарните владејачки партии овој парламентарен состав го оценуваат како успешен, а за опозицијата „четири години фрлени во вода“.

Координаторот на пратеничката група на на ДУИ, Арбер Адеми, работата на овој мандат на Собранието го оценува како успешен во кој, како што рече, биле донесени важни закони за граѓаните.

-Ова што се случуваше во овој мандат, не се случуваше претходно. Нормалното функционирање стана исклучок и тоа по вина на опозицијата по опструкциите и кршење на сите деловнички одредби за нормално функционирање на Собранието. Речиси за стотина закони воопшто не е свикана седница, особено во комисиите предводени од страна на опозицијата. На тој начин им се оневозможило на пратениците да дискутираат воопшто, а камоли да одлучуваат по тие предлог-закони. Сметаме дека е успешен мандат. Гледано и од перспективата на ДУИ главните приоритети и ветувања се реализирани, почнувајќи од тоа премиерот да биде од редовите на ДУИ, потоа Коридорот 8, сето тоа поминало со предлог-закони кои беа разгледани во Собранието, па деветтиот пакет антикризни мерки за поддршка на граѓаните, фирмите, покачувањето на платите. Тоа што сме го ветиле пред граѓаните, се изреализирани. Сме реализирале и доста други проекти, рече тој.

Адеми потенцира дека во овој парламентарен состав остануваат и многу важни зкаони кои не биле разгледани.

За жал, има закони кои воопшто не се разгледани – еден од нив е поврзано со вас вработените во медиумите за ослободување од придонесите и тоа да се смета како вид на плата. Бевме спремни да поднесеме амандман за да имаме што помотивирани вработени во медиумите, но за жал не е свикана таа седница и ред други седници. Комисијата за надворешни работи воопшто нема свикано седница за Законот за рестриктивни мерки. Без ниту една причина не се свикани седници. Законите поврзани со администрацијата мислам дека треба да се донесат, но не знам дали ќе се донесат бидејќи имаме уште една седница, рече пратеникот Адеми.

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, работата на овој парламентарен состав ја оцени како четири години фрлени во вода, недонесени закони кои се во интерес на граѓаните, меѓутоа многу склучени бизнис интерес закони, кои како што вели, кои власта ги бараше.

Тој својот став за работата на овој парламентарен состав го подели во три дела.

-Првиот дел, а тоа е малото мнозинство кое континуирано го имаше власта во Собранието за кое што се правеа непринципиелни отстапки и договори на дневна основа за функционирање како-така се со една цел останување на оваа власт на оваа владејачко мнозинство. Вториот дел од дискусијата би го посветил на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која во овој мандат покажа една цврстина и големина различна досега во сите мандантни состави, односно иако имаше многу разговори што би можело да се случи пратеничката групата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата остана кохерентна на сите предизвици и притисоци кои што се случуваа во овој мандат. Покажа една големина во демократијата и пред македонската јавност дека политичарите во еден мандатен состав можат да останат на истото место од каде што ја почнале целата патека, односно не да зборуваат едно во изборен период и во тек на мандатен состав да менуваат страни и дресови. И третиот дел – сметам дека она што беа клучни работи кои што требаа да се изработат во Собранието не беа изработени, за разлика од предметно интересните закони кои беа дел од владејачкиот дил. Зошто го велам ова? Во Собранието не беа разгледани интерпелациите на носители на функции од типот на Талат Џафери, Бојан Маричиќ, интерпелации потребни да се разгледаат во одреден временски период. Тие беа изоставени, тргнати настрана и не беа разгледани, рече праеникот Мицевски.

Мицевски потенцира дека во Собранието не биле разгледани информации поднесени од опозицијата за сообраќајната несреќа во Ласкарци, за состојбите и причините за пожарот во модуларна болница во Тетово и многу други битни законски решенија, рече Мицевски.

 

The post На 28 март ќе се одржи последната пленарна седница на овој парламентарен состав appeared first on Република.

]]>

Последната пленарна седница на овој парламентарен состав ќе се одржи на 28 март. На дневен ред на оваа пленарна седница закажана за во 11 часот се пет точки - Дополнетиот предлог на законoт за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител, Дополнет предлог на закон за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, сите во второ читање и Предлог на автентичното толкување на член 93 став 2 од Законот за урбанистичко планирање и Барањето за давање на автентично толкување на член 19 од Законот за наследувањето, поднесено од пратеникот Лидија Тасевска. Претстојните изборни циклуси се редовни, а Собранието останува функционално и при некаква итна потреба може да закаже седница. Овој парламентарен состав се случи да работи во услови на Ковид пандемијата, кога имаше ограничување и други посебни услови за работа. Парламентарните владејачки партии овој парламентарен состав го оценуваат како успешен, а за опозицијата „четири години фрлени во вода“. Координаторот на пратеничката група на на ДУИ, Арбер Адеми, работата на овој мандат на Собранието го оценува како успешен во кој, како што рече, биле донесени важни закони за граѓаните.
-Ова што се случуваше во овој мандат, не се случуваше претходно. Нормалното функционирање стана исклучок и тоа по вина на опозицијата по опструкциите и кршење на сите деловнички одредби за нормално функционирање на Собранието. Речиси за стотина закони воопшто не е свикана седница, особено во комисиите предводени од страна на опозицијата. На тој начин им се оневозможило на пратениците да дискутираат воопшто, а камоли да одлучуваат по тие предлог-закони. Сметаме дека е успешен мандат. Гледано и од перспективата на ДУИ главните приоритети и ветувања се реализирани, почнувајќи од тоа премиерот да биде од редовите на ДУИ, потоа Коридорот 8, сето тоа поминало со предлог-закони кои беа разгледани во Собранието, па деветтиот пакет антикризни мерки за поддршка на граѓаните, фирмите, покачувањето на платите. Тоа што сме го ветиле пред граѓаните, се изреализирани. Сме реализирале и доста други проекти, рече тој.
Адеми потенцира дека во овој парламентарен состав остануваат и многу важни зкаони кои не биле разгледани.
За жал, има закони кои воопшто не се разгледани – еден од нив е поврзано со вас вработените во медиумите за ослободување од придонесите и тоа да се смета како вид на плата. Бевме спремни да поднесеме амандман за да имаме што помотивирани вработени во медиумите, но за жал не е свикана таа седница и ред други седници. Комисијата за надворешни работи воопшто нема свикано седница за Законот за рестриктивни мерки. Без ниту една причина не се свикани седници. Законите поврзани со администрацијата мислам дека треба да се донесат, но не знам дали ќе се донесат бидејќи имаме уште една седница, рече пратеникот Адеми.
Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, работата на овој парламентарен состав ја оцени како четири години фрлени во вода, недонесени закони кои се во интерес на граѓаните, меѓутоа многу склучени бизнис интерес закони, кои како што вели, кои власта ги бараше. Тој својот став за работата на овој парламентарен состав го подели во три дела.
-Првиот дел, а тоа е малото мнозинство кое континуирано го имаше власта во Собранието за кое што се правеа непринципиелни отстапки и договори на дневна основа за функционирање како-така се со една цел останување на оваа власт на оваа владејачко мнозинство. Вториот дел од дискусијата би го посветил на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која во овој мандат покажа една цврстина и големина различна досега во сите мандантни состави, односно иако имаше многу разговори што би можело да се случи пратеничката групата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата остана кохерентна на сите предизвици и притисоци кои што се случуваа во овој мандат. Покажа една големина во демократијата и пред македонската јавност дека политичарите во еден мандатен состав можат да останат на истото место од каде што ја почнале целата патека, односно не да зборуваат едно во изборен период и во тек на мандатен состав да менуваат страни и дресови. И третиот дел – сметам дека она што беа клучни работи кои што требаа да се изработат во Собранието не беа изработени, за разлика од предметно интересните закони кои беа дел од владејачкиот дил. Зошто го велам ова? Во Собранието не беа разгледани интерпелациите на носители на функции од типот на Талат Џафери, Бојан Маричиќ, интерпелации потребни да се разгледаат во одреден временски период. Тие беа изоставени, тргнати настрана и не беа разгледани, рече праеникот Мицевски.
Мицевски потенцира дека во Собранието не биле разгледани информации поднесени од опозицијата за сообраќајната несреќа во Ласкарци, за состојбите и причините за пожарот во модуларна болница во Тетово и многу други битни законски решенија, рече Мицевски.  

The post На 28 март ќе се одржи последната пленарна седница на овој парламентарен состав appeared first on Република.

]]>
Долниот дом на шпанскиот Парламент го одобри контроверзниот нацрт-закон за амнестија на каталонските сепаратисти https://republika.mk/vesti/svet/dolniot-dom-na-shpanskiot-parlament-go-odobri-kontroverzniot-natsrt-zakon-za-amnestija-na-katalonskite-separatisti/ Thu, 14 Mar 2024 15:39:34 +0000 https://republika.mk/?p=754853

Долниот дом на шпанскиот Парламент го одобри денеска предлог-законот со кој се гарантира амнестија за оние кои се вклучени во сепаратистичката кампања во североисточниот регион на Каталонија, објавија британските медиуми.

Амнестијата беше дел од договорот меѓу шпанската владејачка Социјалистичка работничка партија и сепаратистичката партија Заедно за Каталонија за да му се дозволи на премиерот Педро Санчез да го продолжи мандатот на власт по изборите во јули 2023 година.

Предлог-законот, одобрен со 178 гласови „за“ и 172 „против“, ќе биде испратен до Сенатот на ратификација. Горниот дом под контрола на Народната партија би можел да го одложи конечното одобрување со отфрлање на законот, а потоа ќе биде вратен во Долниот дом на уште едно гласање, кое се очекува да се одржи во мај или јуни.

The post Долниот дом на шпанскиот Парламент го одобри контроверзниот нацрт-закон за амнестија на каталонските сепаратисти appeared first on Република.

]]>

Долниот дом на шпанскиот Парламент го одобри денеска предлог-законот со кој се гарантира амнестија за оние кои се вклучени во сепаратистичката кампања во североисточниот регион на Каталонија, објавија британските медиуми. Амнестијата беше дел од договорот меѓу шпанската владејачка Социјалистичка работничка партија и сепаратистичката партија Заедно за Каталонија за да му се дозволи на премиерот Педро Санчез да го продолжи мандатот на власт по изборите во јули 2023 година. Предлог-законот, одобрен со 178 гласови „за“ и 172 „против“, ќе биде испратен до Сенатот на ратификација. Горниот дом под контрола на Народната партија би можел да го одложи конечното одобрување со отфрлање на законот, а потоа ќе биде вратен во Долниот дом на уште едно гласање, кое се очекува да се одржи во мај или јуни.

The post Долниот дом на шпанскиот Парламент го одобри контроверзниот нацрт-закон за амнестија на каталонските сепаратисти appeared first on Република.

]]>
Оставија на цедило 600.000 македонски државјани: СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите https://republika.mk/vesti/makedonija/ostavija-na-tsedilo-600-000-makedonski-drzhavjani-sdsm-dui-i-nsdp-glasaa-protiv-zakonot-za-prodolzhuvane-na-vazhnosta-na-pasoshite/ Wed, 28 Feb 2024 13:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=749294

Бранејќи ги грешките на Оливер Спасовски, пратениците на СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите издадени од МВР на Република Македонија❗️
📌 Со ова, за жал, СДСМ, ДУИ и НСДП оставија на цедило 600.000 македонски државјани на кои им е нарушено правото на слободно движење, а на голем дел со ова им се загрозени нивните работни дозволи во странство, документите за постојан престој, како и лекувањето или образованието надвор од Македонија❗️
П.С. им благодариме на колегите пратеници
Бејџан Илјаз, Мирослав Јовановиќ, Павле Трајанов, Африм Гаши, Фадил Зендели, Изет Меџити, Сафие Шаини, Мерита Коџаџику и Муса Ибраими, кои гласаа ЗА и потребата на државјаните ја ставија пред ситно-партиските калкулации на власта, објави на Фејсбук, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

The post Оставија на цедило 600.000 македонски државјани: СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите appeared first on Република.

]]>

Бранејќи ги грешките на Оливер Спасовски, пратениците на СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите издадени од МВР на Република Македонија❗️ 📌 Со ова, за жал, СДСМ, ДУИ и НСДП оставија на цедило 600.000 македонски државјани на кои им е нарушено правото на слободно движење, а на голем дел со ова им се загрозени нивните работни дозволи во странство, документите за постојан престој, како и лекувањето или образованието надвор од Македонија❗️ П.С. им благодариме на колегите пратеници Бејџан Илјаз, Мирослав Јовановиќ, Павле Трајанов, Африм Гаши, Фадил Зендели, Изет Меџити, Сафие Шаини, Мерита Коџаџику и Муса Ибраими, кои гласаа ЗА и потребата на државјаните ја ставија пред ситно-партиските калкулации на власта, објави на Фејсбук, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

The post Оставија на цедило 600.000 македонски државјани: СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите appeared first on Република.

]]>
Разрешувањата на Меџити и Алиу утре на собраниска седница https://republika.mk/vesti/makedonija/razreshuvanata-na-medhiti-i-aliu-utre-na-sobraniska-sednitsa/ Thu, 08 Feb 2024 13:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=741889

Собранието утре ќе расправа за разрешување на министрите за здравство Фатмир Меџити и за информатичко општество и администрација Азир Алиу, соопштија од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Материјалот од Влада е примен, службите го разгледуваат по што ќе биде доставен до сите пратеници. За предлогот за разрешување на министерот за здравство и на министерот за информатичко општество и администрација ќе се расправа на првата наредна седница на Собранието, односно утре, петок 9.02.2024, посочија од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Претходно, од Владата соопштија дека техничкиот премиер Талат Џафери доставил допис до претседателот на Собранието Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши Меџити и Алиу.

Џафери доставил и допис до Митрески, согласно наведениот член од Уставот, Собранието да ги избере Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација.

Барањето за смена на Меџити и на Алиу доаѓа откако тие го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој најави дека на избори ќе оди со албанската опозиција, додека крилото на АА предводено од Зијадин Села најави дека на изборите за пратеници на 8 мај, АА треба да настапува самостојно.

The post Разрешувањата на Меџити и Алиу утре на собраниска седница appeared first on Република.

]]>

Собранието утре ќе расправа за разрешување на министрите за здравство Фатмир Меџити и за информатичко општество и администрација Азир Алиу, соопштија од Кабинетот на претседателот на Собранието. Материјалот од Влада е примен, службите го разгледуваат по што ќе биде доставен до сите пратеници. За предлогот за разрешување на министерот за здравство и на министерот за информатичко општество и администрација ќе се расправа на првата наредна седница на Собранието, односно утре, петок 9.02.2024, посочија од Кабинетот на претседателот на Собранието. Претходно, од Владата соопштија дека техничкиот премиер Талат Џафери доставил допис до претседателот на Собранието Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши Меџити и Алиу. Џафери доставил и допис до Митрески, согласно наведениот член од Уставот, Собранието да ги избере Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација. Барањето за смена на Меџити и на Алиу доаѓа откако тие го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој најави дека на избори ќе оди со албанската опозиција, додека крилото на АА предводено од Зијадин Села најави дека на изборите за пратеници на 8 мај, АА треба да настапува самостојно.

The post Разрешувањата на Меџити и Алиу утре на собраниска седница appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот Парламент усвои одлука за укинување на данокот на рускиот гас https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-parlament-usvoi-odluka-za-ukinuvane-na-danokot-na-ruskiot-gas/ Mon, 18 Dec 2023 15:09:54 +0000 https://republika.mk/?p=724340

Бугарскиот Парламент денеска донесе одлука за укинување на дополнителниот данок на рускиот гас и ограничувањата за руската нафта.

И покрај прекините поради противењето на опозицијата, дополнителната такса за транспорт на руски гас преку Бугарија беше укината со гласање и беше прифатен амандманот со кој се забрзува укинувањето на ограничувањата за увоз на руска нафта, што првенствено ја погодува рафинеријата Лукоил Нефтохим, пренесува бугарски портал.

Дополнителниот данок на рускиот гас е укинат откако Унгарија најави дека ќе стави вето на влезот на Бугарија во Шенген зоната.

The post Бугарскиот Парламент усвои одлука за укинување на данокот на рускиот гас appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот Парламент денеска донесе одлука за укинување на дополнителниот данок на рускиот гас и ограничувањата за руската нафта. И покрај прекините поради противењето на опозицијата, дополнителната такса за транспорт на руски гас преку Бугарија беше укината со гласање и беше прифатен амандманот со кој се забрзува укинувањето на ограничувањата за увоз на руска нафта, што првенствено ја погодува рафинеријата Лукоил Нефтохим, пренесува бугарски портал. Дополнителниот данок на рускиот гас е укинат откако Унгарија најави дека ќе стави вето на влезот на Бугарија во Шенген зоната.

The post Бугарскиот Парламент усвои одлука за укинување на данокот на рускиот гас appeared first on Република.

]]>
Турски пратеник почина по срцев удар во Парламентот https://republika.mk/vesti/svet/turski-pratenik-pochina-po-srtsev-udar-vo-parlamentot/ Thu, 14 Dec 2023 11:38:39 +0000 https://republika.mk/?p=722895

Турски опозициски пратеник почина денеска, два дена откако доживеа срцев удар во Парламентот додека ја критикуваше политиката на владата кон Израел, завршувајќи со зборовите: „Ја имате крвта на Палестинците на вашите раце“.

Хасан Битмез (54), пратеник од опозициската партија Саадет, почина во болница во Анкара, изјави министерот за здравство Фахретин Коџа во телевизиско обраќање.

На снимката од турскиот Парламент се гледа како Битмез (54) паѓа на подот по говорот во кој ја критикуваше владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган за трговијата на Турција со Израел и покрај војната во Газа и острите критики на турската Влада поради израелските бомбардирања.

Дозволувате бродови да одат во Израел и бесрамно го нарекувате трговија. Вие сте соучесник на Израел, рече Битмез во говорот откако постави транспарент на подиумот на кој пишува „Убиец Израел; соработник на АКП“.

Имате крв на Палестинци на вашите раце, вие сте соработници.

Вие придонесувате за секоја бомба што Израел ќе ја фрли врз Газа, им рече тој на пратениците за време на дебатата за буџетот за 2024 година.

The post Турски пратеник почина по срцев удар во Парламентот appeared first on Република.

]]>

Турски опозициски пратеник почина денеска, два дена откако доживеа срцев удар во Парламентот додека ја критикуваше политиката на владата кон Израел, завршувајќи со зборовите: „Ја имате крвта на Палестинците на вашите раце“. Хасан Битмез (54), пратеник од опозициската партија Саадет, почина во болница во Анкара, изјави министерот за здравство Фахретин Коџа во телевизиско обраќање. На снимката од турскиот Парламент се гледа како Битмез (54) паѓа на подот по говорот во кој ја критикуваше владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган за трговијата на Турција со Израел и покрај војната во Газа и острите критики на турската Влада поради израелските бомбардирања. Дозволувате бродови да одат во Израел и бесрамно го нарекувате трговија. Вие сте соучесник на Израел, рече Битмез во говорот откако постави транспарент на подиумот на кој пишува „Убиец Израел; соработник на АКП“. Имате крв на Палестинци на вашите раце, вие сте соработници. Вие придонесувате за секоја бомба што Израел ќе ја фрли врз Газа, им рече тој на пратениците за време на дебатата за буџетот за 2024 година.

The post Турски пратеник почина по срцев удар во Парламентот appeared first on Република.

]]>
Во чад и хаос, албанскиот парламент ја изгласа новата регулатива за исклучување на пратениците https://republika.mk/vesti/balkan/vo-chad-i-haos-albanskiot-parlament-ja-izglasa-novata-regulativa-za-iskluchuvane-na-pratenitsite/ Thu, 14 Dec 2023 10:46:36 +0000 https://republika.mk/?p=722865

Во веќе видена атмосфера на хаос, удирање на столчиња и пуштање димни бомби, предизвикана од опозициските демократски пратеници приврзаници на Сали Бериша и Газменд Барди, мина и денешната пленарна седница, на која експресно, без дискусија, за десетина минути владејачкото мнозинство усвои повеќе точки од дневниот ред.

Една од нив се и измените и дополнувањата на Деловникот на Собранието, кои беа усвоени од социјалистичкото мнозинство со 74 гласа „за“ без консензус. Со новата регулатива, наместо досегашните 10 дена, се предвидува исклучување до два месеца за пратениците кои предизвикуваат немири. Измените беа донесени откако пратениците на ДП на последните седници не дозволија нормален тек на парламентарниот живот.

По седницата Барди истакна дека донесувањето на новата регулатива е „обид за атентат врз парламентаризмот“.

Пред седницата опозициските пратеници, приврзаници на Сали Бериша се судрија со обезбедувањето кое не им дозволуваше влез на 13 од нив, меѓу нив и Бериша, кои поради нередот што го создадоа на последната седница, Советот за етика им изрече мерка забрана за учество на седница во рок од 10дена.

Демократскиот пратеник Газмент Барди на крајот од седницата истакна дека донесувањето на новата регулатива е „обид за атентат врз парламентаризмот“.

Еден од нив, Фламур Нока, поранешен министер за внатрешни работи и актуелен генерален секретар на групата „Обнова на ДП“ го искрши стаклото на влезната врата на парламентот, порачувајќи дека нема да се откажат од намерата под притисок на „Линда (претседателка на парламентот) и камиказите на Рама(премиер)“.

Инаку, од дневниот ред беше тргната точката за ратификација на договорот меѓу Албанија и Италија за имигранти, откако синоќа Уставниот суд го суспендира договорот и најави дека по истиот ќе расправа на 18 јануари.

The post Во чад и хаос, албанскиот парламент ја изгласа новата регулатива за исклучување на пратениците appeared first on Република.

]]>

Во веќе видена атмосфера на хаос, удирање на столчиња и пуштање димни бомби, предизвикана од опозициските демократски пратеници приврзаници на Сали Бериша и Газменд Барди, мина и денешната пленарна седница, на која експресно, без дискусија, за десетина минути владејачкото мнозинство усвои повеќе точки од дневниот ред. Една од нив се и измените и дополнувањата на Деловникот на Собранието, кои беа усвоени од социјалистичкото мнозинство со 74 гласа „за“ без консензус. Со новата регулатива, наместо досегашните 10 дена, се предвидува исклучување до два месеца за пратениците кои предизвикуваат немири. Измените беа донесени откако пратениците на ДП на последните седници не дозволија нормален тек на парламентарниот живот. По седницата Барди истакна дека донесувањето на новата регулатива е „обид за атентат врз парламентаризмот“. Пред седницата опозициските пратеници, приврзаници на Сали Бериша се судрија со обезбедувањето кое не им дозволуваше влез на 13 од нив, меѓу нив и Бериша, кои поради нередот што го создадоа на последната седница, Советот за етика им изрече мерка забрана за учество на седница во рок од 10дена. Демократскиот пратеник Газмент Барди на крајот од седницата истакна дека донесувањето на новата регулатива е „обид за атентат врз парламентаризмот“. Еден од нив, Фламур Нока, поранешен министер за внатрешни работи и актуелен генерален секретар на групата „Обнова на ДП“ го искрши стаклото на влезната врата на парламентот, порачувајќи дека нема да се откажат од намерата под притисок на „Линда (претседателка на парламентот) и камиказите на Рама(премиер)“. Инаку, од дневниот ред беше тргната точката за ратификација на договорот меѓу Албанија и Италија за имигранти, откако синоќа Уставниот суд го суспендира договорот и најави дека по истиот ќе расправа на 18 јануари.

The post Во чад и хаос, албанскиот парламент ја изгласа новата регулатива за исклучување на пратениците appeared first on Република.

]]>
Албанија: По хаосот во Парламентот, ќе се менува Деловникот за работа и ќе се заоструваат казните https://republika.mk/vesti/balkan/albanija-po-haosot-vo-parlamentot-ke-se-menuva-delovnikot-za-rabota-i-ke-se-zaostruvaat-kaznite/ Mon, 11 Dec 2023 13:03:33 +0000 https://republika.mk/?p=721774

По хаосот што го предизвикува опозицијата во албанскиот Парламент, владејачките социјалисти побараа под итно донесување измени и дополнувањата на Деловникот за работа и заострување на казнените мерки.

Во овој контекст, на денешната средба на парламентарната група со партискиот лидер и актуелен премиер, Еди Рама, социјалистите се договориле измените да бидат на дневен ред на седницата в четврток, на 14 декември.

Тие и со барање од работата на собранието да се исклучат седум опозициски пратеници за хаосот што го предизвикаа на последната седница.

Претходно, по извршениот увид од страна на екипа на Полициската станица бр.1 во Тирана во соработка со агенти на Бирото за истраги, достави материјали до Специјалното обвинителство за насилните инциденти и хаосот што го предизвикаа пратениците на групата на Газменд Барди и на Сали Бериша.

Тие ќе одговараат за уништување државен имот.

Редовно, повеќе од два месеца опозициските пратеници на секоја пленарна седница предизвикуваат хаос во собраниската сала, со пуштање димни бомби, палење факели, физички напади врз обезбедувањето. На последната седница, во четвртокот, Фламур Нока, поранешен министер за внатрешни работи се обиде да потпали столче во салата.

The post Албанија: По хаосот во Парламентот, ќе се менува Деловникот за работа и ќе се заоструваат казните appeared first on Република.

]]>

По хаосот што го предизвикува опозицијата во албанскиот Парламент, владејачките социјалисти побараа под итно донесување измени и дополнувањата на Деловникот за работа и заострување на казнените мерки. Во овој контекст, на денешната средба на парламентарната група со партискиот лидер и актуелен премиер, Еди Рама, социјалистите се договориле измените да бидат на дневен ред на седницата в четврток, на 14 декември. Тие и со барање од работата на собранието да се исклучат седум опозициски пратеници за хаосот што го предизвикаа на последната седница. Претходно, по извршениот увид од страна на екипа на Полициската станица бр.1 во Тирана во соработка со агенти на Бирото за истраги, достави материјали до Специјалното обвинителство за насилните инциденти и хаосот што го предизвикаа пратениците на групата на Газменд Барди и на Сали Бериша. Тие ќе одговараат за уништување државен имот. Редовно, повеќе од два месеца опозициските пратеници на секоја пленарна седница предизвикуваат хаос во собраниската сала, со пуштање димни бомби, палење факели, физички напади врз обезбедувањето. На последната седница, во четвртокот, Фламур Нока, поранешен министер за внатрешни работи се обиде да потпали столче во салата.

The post Албанија: По хаосот во Парламентот, ќе се менува Деловникот за работа и ќе се заоструваат казните appeared first on Република.

]]>
Повторно хаос во албанскиот Парламент https://republika.mk/vesti/balkan/povtorno-haos-vo-albanskiot-parlament/ Mon, 04 Dec 2023 10:56:12 +0000 https://republika.mk/?p=719322

Пленарната седница во албанскиот законодавен дом, како и изминатите неколку претходни, почна во тотален хаос, откако пратениците од опозицијата запалија димни бомби, удираа по собраниските маси и говорницата ја блокираа со столчиња.

Припадниците на Националната гарда, задолжени за обезбедувањето, се обидуваа да им ги одземат димните бомби од рацете на пратениците. При тоа пратеникот на Демократската партија, Фламур Нока, поранешен министер за внатрешни работи, беше исклучен од Собранието откако фрли димна бомба и нападна припадник на гардата, кога се обиде да му ги одземе бомбите, кои му ги давала сопартијката Албана Вокши.

Предупредувањата на собранискиот спикер Линдита Никола да се повикаат на одговорноста што ја имаат, беа залудни, по што седницата беше одложена.

Координаторот на демократската пратеничка група, Газмент Барди изјави дека Собранието е во „аномалија“ и оти на опозицијата и се ускратува правото да ја контролира власта.

- Парламентот ја загуби својата претставничка мисија, безбедносните сили спроведуваат незаконски наредби, обвини тој.

Реагираше и Сали Бериша, кој ја предводи побројната пратеничка група на демократите.

- Ова беше седница на срамот. Денешната граѓанска непослушност е последователниот успех на пратениците од опозицијата, рече тој.

The post Повторно хаос во албанскиот Парламент appeared first on Република.

]]>

Пленарната седница во албанскиот законодавен дом, како и изминатите неколку претходни, почна во тотален хаос, откако пратениците од опозицијата запалија димни бомби, удираа по собраниските маси и говорницата ја блокираа со столчиња. Припадниците на Националната гарда, задолжени за обезбедувањето, се обидуваа да им ги одземат димните бомби од рацете на пратениците. При тоа пратеникот на Демократската партија, Фламур Нока, поранешен министер за внатрешни работи, беше исклучен од Собранието откако фрли димна бомба и нападна припадник на гардата, кога се обиде да му ги одземе бомбите, кои му ги давала сопартијката Албана Вокши. Предупредувањата на собранискиот спикер Линдита Никола да се повикаат на одговорноста што ја имаат, беа залудни, по што седницата беше одложена. Координаторот на демократската пратеничка група, Газмент Барди изјави дека Собранието е во „аномалија“ и оти на опозицијата и се ускратува правото да ја контролира власта. - Парламентот ја загуби својата претставничка мисија, безбедносните сили спроведуваат незаконски наредби, обвини тој. Реагираше и Сали Бериша, кој ја предводи побројната пратеничка група на демократите. - Ова беше седница на срамот. Денешната граѓанска непослушност е последователниот успех на пратениците од опозицијата, рече тој.

The post Повторно хаос во албанскиот Парламент appeared first on Република.

]]>
Физички напади, димни бомби: Хаос и на денешната пленарна седница на албанскиот Парламент https://republika.mk/vesti/balkan/fizichki-napadi-dimni-bombi-haos-i-na-deneshnata-plenarna-sednitsa-na-albanskiot-parlament/ Mon, 20 Nov 2023 11:08:52 +0000 https://republika.mk/?p=714347

Во тензична ситуација, во која не изостанаа ниту физички напади, димни бомби и со бројно присуство на припадниците на Националната гарда, денешната пленарна седница на албанскиот Парламент, на која на дневен ред беше Нацрт-буџетот за идната година, наместо маратонска расправа, заврши за пет минути.

Опозициските пратеници приврзаници на Сали Бериша, како што и најавија, најпрво со столчиња ја блокираа говорницата, по што продолжија со веќе виденото сценарио во последните четири седници на Парламентот.

Тие, покрај другото, беа против присуството на гардистите, па дури и физички нападнаа неколку од нив.

Претседателката на Парламентот, Линдита Никола, откако оцени дека нема можност за нормална работа, го стави на гласање Нацрт-буџетот, кој начелно беше усвоен со 83 гласови на пратениците од мнозинството и дел на опозицијата, по што седницата заврши.

- Истата сцена. Единствена нова работа е одобрувањето на најголемиот јавен буџет во историјата. Се работи за 7 милијарди евра, што е двојно повеќе од буџетот од 2013. Денеска кога требаше да зборуваат, го видовме истото сценарио. Единствено што треба да остане во умот на секој Албанец е буџетот кој штотуку го одобривме од 400 милиони евра плус за зголемување на платите, рече по седницата Бленди Чучи, координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија.

Газмент Барди од групата на Бериша, по завршувањето на седницата, ја нарече незаконска бидејќи за неполни пет минути почнала, се гласало и завршила.

- Што се однесува до битката на опозицијата, ќе ја продолжиме во Собранието. Нема да дозволиме нормална работа на Собранието. Четири минути и 29 секунди пленарна седница, значи дека Собранието влегло во незаконитост. Во ниту еден момент не сум изјавил дека ќе го блокираме гласањето, бидејќи крадците со пратенички мандат ги имаат гласовите да ги одобруваат законите. Но, нашата битка е да му покажеме на секој граѓанин дека ова не е Собранието што го претставува него. Ќе следиме и други институционални чекори врз основа на нашата определба, рече Барди.

За Бериша, пак, се е антиуставно по „наредба премиерот Еди Рама и реализирано од неговиот полтрон Линдита Никола“.

The post Физички напади, димни бомби: Хаос и на денешната пленарна седница на албанскиот Парламент appeared first on Република.

]]>

Во тензична ситуација, во која не изостанаа ниту физички напади, димни бомби и со бројно присуство на припадниците на Националната гарда, денешната пленарна седница на албанскиот Парламент, на која на дневен ред беше Нацрт-буџетот за идната година, наместо маратонска расправа, заврши за пет минути. Опозициските пратеници приврзаници на Сали Бериша, како што и најавија, најпрво со столчиња ја блокираа говорницата, по што продолжија со веќе виденото сценарио во последните четири седници на Парламентот. Тие, покрај другото, беа против присуството на гардистите, па дури и физички нападнаа неколку од нив. Претседателката на Парламентот, Линдита Никола, откако оцени дека нема можност за нормална работа, го стави на гласање Нацрт-буџетот, кој начелно беше усвоен со 83 гласови на пратениците од мнозинството и дел на опозицијата, по што седницата заврши. - Истата сцена. Единствена нова работа е одобрувањето на најголемиот јавен буџет во историјата. Се работи за 7 милијарди евра, што е двојно повеќе од буџетот од 2013. Денеска кога требаше да зборуваат, го видовме истото сценарио. Единствено што треба да остане во умот на секој Албанец е буџетот кој штотуку го одобривме од 400 милиони евра плус за зголемување на платите, рече по седницата Бленди Чучи, координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија. Газмент Барди од групата на Бериша, по завршувањето на седницата, ја нарече незаконска бидејќи за неполни пет минути почнала, се гласало и завршила. - Што се однесува до битката на опозицијата, ќе ја продолжиме во Собранието. Нема да дозволиме нормална работа на Собранието. Четири минути и 29 секунди пленарна седница, значи дека Собранието влегло во незаконитост. Во ниту еден момент не сум изјавил дека ќе го блокираме гласањето, бидејќи крадците со пратенички мандат ги имаат гласовите да ги одобруваат законите. Но, нашата битка е да му покажеме на секој граѓанин дека ова не е Собранието што го претставува него. Ќе следиме и други институционални чекори врз основа на нашата определба, рече Барди. За Бериша, пак, се е антиуставно по „наредба премиерот Еди Рама и реализирано од неговиот полтрон Линдита Никола“.

The post Физички напади, димни бомби: Хаос и на денешната пленарна седница на албанскиот Парламент appeared first on Република.

]]>
Ден за пратенички прашања во Парламентот https://republika.mk/vesti/makedonija/den-za-pratenichki-prashana-vo-parlamentot/ Thu, 28 Sep 2023 06:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=685810

Во Собранието денеска ќе се одржи 128-та седница на која на дневен ред е поставување пратенички прашања.

Премиерот Димитар Ковачевски и министрите ќе одговараат на прашања на пратениците за актуелните теми во земјава. Се очекува во фокусот да биде она за што изминативе денови има меѓусебни обвинувања-измените во Кривичниот законик, за амнестијата, случајот „Онкологија“ и за економијата.

Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот, а согласно практиката, први прашања на премиерот и министрите им поставуваат пратеници од опозицијата.

Почетокот на денешната седница е закажан за 11 часот.

 

The post Ден за пратенички прашања во Парламентот appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска ќе се одржи 128-та седница на која на дневен ред е поставување пратенички прашања. Премиерот Димитар Ковачевски и министрите ќе одговараат на прашања на пратениците за актуелните теми во земјава. Се очекува во фокусот да биде она за што изминативе денови има меѓусебни обвинувања-измените во Кривичниот законик, за амнестијата, случајот „Онкологија“ и за економијата. Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот, а согласно практиката, први прашања на премиерот и министрите им поставуваат пратеници од опозицијата. Почетокот на денешната седница е закажан за 11 часот.  

The post Ден за пратенички прашања во Парламентот appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ бара да се свика продолжение на седницата за уставни измени https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-bara-da-se-svika-prodolzhenie-na-sednitsata-za-ustavni-izmeni/ Mon, 04 Sep 2023 12:39:55 +0000 https://republika.mk/?p=678652

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска поднесe барање за свикување продолжение на 123 седница, на која што единствена точка на дневен ред е Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска изјави дека целта на ова барање е да не се одолговлекува процедурата и да се стави на гласање потребата од носењето на уставни измени.

Македонската јавност е сведок на изживувањето што се врши врз Уставот на Република Македонија и одолговлекувањето на оваа седница нема да донесе ништо добро за државата. Власта, предводена од СДСМ и ДУИ, е свесна дека нема доволен број на пратеници за да изгласа потреба за нови уставни измени и свесно го одолговлекува овој процес. Сакаме да им порачаме дека, ниту сега, ниту во иднина, нема да има двотретинско мнозинство за уставни измени под бугарски диктат и затоа бараме Талат Џафери да не го злоупотребува Деловникот, да закаже продолжение на седницата и конечно да ја завршиме оваа фарса на власта и да пратиме порака дека не може кој како сака и кога сака да ни го менува Уставот, рече Стојановска.

 

The post ВМРО-ДПМНЕ бара да се свика продолжение на седницата за уставни измени appeared first on Република.

]]>

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска поднесe барање за свикување продолжение на 123 седница, на која што единствена точка на дневен ред е Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска изјави дека целта на ова барање е да не се одолговлекува процедурата и да се стави на гласање потребата од носењето на уставни измени.
Македонската јавност е сведок на изживувањето што се врши врз Уставот на Република Македонија и одолговлекувањето на оваа седница нема да донесе ништо добро за државата. Власта, предводена од СДСМ и ДУИ, е свесна дека нема доволен број на пратеници за да изгласа потреба за нови уставни измени и свесно го одолговлекува овој процес. Сакаме да им порачаме дека, ниту сега, ниту во иднина, нема да има двотретинско мнозинство за уставни измени под бугарски диктат и затоа бараме Талат Џафери да не го злоупотребува Деловникот, да закаже продолжение на седницата и конечно да ја завршиме оваа фарса на власта и да пратиме порака дека не може кој како сака и кога сака да ни го менува Уставот, рече Стојановска.
 

The post ВМРО-ДПМНЕ бара да се свика продолжение на седницата за уставни измени appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Со уставните измени власта турка дводомен парламент https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-ustavnite-izmeni-vlasta-turka-dvodomen-parlament/ Tue, 01 Aug 2023 09:23:28 +0000 https://republika.mk/?p=667534

Денеска топ тема на оние кои доаѓаат во Македонија не е корупцијата, криминалот и слично, туку зборуваат само за уставните измени, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа.

„Разбирам да се плашат Бугарите од дискриминација, немање или непочитување на човековите права. Но, има 14 пресуди за Македонците во Бугарија од Судот за човекови права во Стразбур и нула за Бугарите во Македонија. Ако некој треба да се плаши се Македонците, а не Бугарите. Според пописот ги има 762 на кои мајчин им е бугарскиот“, кажа Мицкоски.

Тој праша – „Зошто мораше суштината на амандманите да е во парламент сега во прва фаза. Ова е само потреба од отворање на Уставот. Затоа што таму де факто се прави дводомен парламент со 43 пратеници.“

Мицкоски укажа дека со ова дополнително ја влошуваат позицијата на државата.

„Дополнително ја отежнуваат работата и знаат дека се на одење и дека новата влада ќе има потешка почетна положба. Убеден сум дека тоа им е маневарот“, заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски: Со уставните измени власта турка дводомен парламент appeared first on Република.

]]>

Денеска топ тема на оние кои доаѓаат во Македонија не е корупцијата, криминалот и слично, туку зборуваат само за уставните измени, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа. „Разбирам да се плашат Бугарите од дискриминација, немање или непочитување на човековите права. Но, има 14 пресуди за Македонците во Бугарија од Судот за човекови права во Стразбур и нула за Бугарите во Македонија. Ако некој треба да се плаши се Македонците, а не Бугарите. Според пописот ги има 762 на кои мајчин им е бугарскиот“, кажа Мицкоски. Тој праша – „Зошто мораше суштината на амандманите да е во парламент сега во прва фаза. Ова е само потреба од отворање на Уставот. Затоа што таму де факто се прави дводомен парламент со 43 пратеници.“ Мицкоски укажа дека со ова дополнително ја влошуваат позицијата на државата.
„Дополнително ја отежнуваат работата и знаат дека се на одење и дека новата влада ќе има потешка почетна положба. Убеден сум дека тоа им е маневарот“, заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски: Со уставните измени власта турка дводомен парламент appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: 60 години од катастрофалниот земјотрес, Скопје стана симбол на светската солидарност, да градиме општество врз темелите на пожртвуваноста и заедништвото https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-60-godini-od-katastrofalniot-zemjotres-skopje-stana-simbol-na-svetskata-solidarnost-da-gradime-opshtestvo-vrz-temelite-na-pozhrtvuvanosta-i-zaednishtvoto/ Wed, 26 Jul 2023 11:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=665519

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и се обрати на свечената седница во Собранието на Република Македонија по повод шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје во 1963 година.

Во продолжение ја пренесуваме интегралната изјава на премиерот Димитар Ковачевски:

Денеска Скопје одбележува шеесет години од катастрофалниот земјотрес, кој во не толку далечната 1963 година градот го срамни со земја, оставајќи бројни жртви и последици.

Шеесет години незаборав и длабока лузна во нашите срца за изгубените животи на кои денеска им оддаваме должна почит. Шеесет години тажни спомени на една слика и едно време, препознатливо по својата уникатност по која и денес се копнее.

Во нашата колективна меморија вечно ќе остане врежан 26 јули, кога точно во 5 часот и 17 минути, разорниот земјотрес го погоди нашиот главен град, a трагата која ја остави беа бројни загинати, повредени и илјадници без покрив над главата.

Денес се сеќаваме на загинатите, сочувствуваме со нивните семејства кои сѐ уште ја чувствуваат болката, но исто така се сеќаваме и на храброста на сите оние кои од хаосот и руините на 26 јули, помогнаа да се роди едно ново Скопје.

Од една од најголемите трагедии кои ги доживува, градот со помош на скопјани, но и со помош од целиот свет успева да се издигне повторно.

Градот убав повторно никна.

Скопје се издигна врз темелите на урнатините и уништеното, се роди едно ново, модерно Скопје кое внесе нов, космополитски дух и енергија во која се сплотуваат старото и новото, современото и традиционалното.

Таа моќ на трансформација, идеја за подобро утре, никогаш нема да престане да нѐ инспирира.

Скопје стана симбол на светската солидарност, сплотеност и огромната пожртвуваност на сите оние кои помогнаа да се изгради градот кој доби нов архитектонски изглед.

Скопје денес е познат како град на солидарноста, и тоа дефинитивно не е само фраза. Град на солидарноста е кодот на Скопје.

Потресните слики од разрушените згради, тагата и болката за загинатите, за повредените ја поттикнаа големината на хуманоста, солидарноста, човечноста. Повикот за помош се слушна насекаде, а помошта почна да пристига од сите страни на светот.

Луѓето од целиот свет подадоа рака и заедно со нашите граѓани помогнаа Скопје да добие нов лик. Во тие моменти, непроценливи беа зборовите на утеха и споделување на тагата и болката со скопјани од последиците кои зад себе ги остави разорниот земјотрес.

Многу бројки има од тие денови кои на хартија се можеби само бројки, но во реалниот живот значат искрена човечка солидарност и помош кога е најпотребно.

Речиси секој дел, зграда, улица во Скопје е споменик на солидарноста. Над 80 земји оставиле толку многу зад себе. Тафталиџе, Маџари, Ѓорче, Козле, Центар засекогаш ќе се сеќаваат на долгите списоци на објекти, училишта, поликлиники, станови, бараки, детски градинки подарок од целиот свет. Музејот на современата уметност каде се наоѓаат делата на големите Пикасо, Вазарели, Лубарда и голем број други, кои на разрушениот град, како подарок, му ги испратија своите дела.

Основното училиште Јан Амос Коменски во Тафталиџе, специјалната болница во Козле, но и препознатливата Универзална Сала која е подарок на 37 земји од светот ќе нѐ потсетуваат вечно на тоа што значи солидарност во најтешките моменти.

Никогаш нема да ја заборавиме оваа солидарност и затоа денес ја покажуваме на дело.

Македонија секогаш знаела да понуди помош и поддршка и да помогне на загрозените, на немоќните, на изнемоштените. Помогнавме и подадовме рака кога тоа беше потребно. Бевме дел од спасувачките мисии и помогнавме со учество во хуманитарни акции и со парична помош во санирањето на последиците од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија.

Учествувавме и во спасувачките акции по силниот земјотрес кој ја погоди Албанија, каде испративме и парична помош за санирање на последиците од земјотресот.

Со финансиска и хуманитарна помош помогнавме и за санирање на последиците од големите поплави во Албанија.

Се придруживме на глобалните напори за помош на украинскиот народ, каде испративме хуманитарна и воена помош и даваме поддршка на Украина во зачувување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

Светот го памети и нашето гостопримство и за илјадниците, стотиците бегалци кои поминале, транзитирале или привремено останувале тука.

Но и во бројни други прилики сме ја покажале нашата грижа за благосостојбата на другите, кога и тие биле соочени со деструктивните последици од природните непогоди.

Ја покажавме и сега, кога нашиот сосед Грција се бори со огнените јазици, на кои, исто така, им понудивме помош како што го практикувавме и претходни години кога помош беше потребна во справување со пожарите кај нашиот јужен сосед.

Солидарноста живее во нас и со нас. И затоа, вечно ќе бидеме благодарни за несебичната помош од над 80 нации низ светот, помош која се втисна во душата на Скопје, пренесувајќи порака дека само здружени и заедно можеме да ги надминеме сите предизвици и да ја оствариме секоја цел и секоја визија.

Катастрофалниот скопски земјотрес кој е длабоко врежан во нашето минато, за нас е поука и порака да продолжиме сплотени да го чуваме и градиме нашето општество врз темелите на солидарноста, пожртвуваноста и заедништвото.

Да градиме општество базирано на демократски вредности, на грижа за другиот, емпатија и хуманост, вредности кои ќе ги пренесеме и на генерациите кои следат.

Заедништвото, почитта кон другите и подавањето рака секаде и секому нека бидат наш мотив како на приватен, така и на работен план.

Скопје е нашиот главен град. Да го негуваме и чуваме и да се грижиме за него и за нашата држава како што тоа го правеле и предците пред нас, а ќе продолжат генерациите по нас.

Скопје памети, Скопје благодари и Скопје продолжува да живее!

The post Ковачевски: 60 години од катастрофалниот земјотрес, Скопје стана симбол на светската солидарност, да градиме општество врз темелите на пожртвуваноста и заедништвото appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и се обрати на свечената седница во Собранието на Република Македонија по повод шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје во 1963 година.

Во продолжение ја пренесуваме интегралната изјава на премиерот Димитар Ковачевски:

Денеска Скопје одбележува шеесет години од катастрофалниот земјотрес, кој во не толку далечната 1963 година градот го срамни со земја, оставајќи бројни жртви и последици. Шеесет години незаборав и длабока лузна во нашите срца за изгубените животи на кои денеска им оддаваме должна почит. Шеесет години тажни спомени на една слика и едно време, препознатливо по својата уникатност по која и денес се копнее. Во нашата колективна меморија вечно ќе остане врежан 26 јули, кога точно во 5 часот и 17 минути, разорниот земјотрес го погоди нашиот главен град, a трагата која ја остави беа бројни загинати, повредени и илјадници без покрив над главата. Денес се сеќаваме на загинатите, сочувствуваме со нивните семејства кои сѐ уште ја чувствуваат болката, но исто така се сеќаваме и на храброста на сите оние кои од хаосот и руините на 26 јули, помогнаа да се роди едно ново Скопје. Од една од најголемите трагедии кои ги доживува, градот со помош на скопјани, но и со помош од целиот свет успева да се издигне повторно. Градот убав повторно никна. Скопје се издигна врз темелите на урнатините и уништеното, се роди едно ново, модерно Скопје кое внесе нов, космополитски дух и енергија во која се сплотуваат старото и новото, современото и традиционалното. Таа моќ на трансформација, идеја за подобро утре, никогаш нема да престане да нѐ инспирира. Скопје стана симбол на светската солидарност, сплотеност и огромната пожртвуваност на сите оние кои помогнаа да се изгради градот кој доби нов архитектонски изглед. Скопје денес е познат како град на солидарноста, и тоа дефинитивно не е само фраза. Град на солидарноста е кодот на Скопје. Потресните слики од разрушените згради, тагата и болката за загинатите, за повредените ја поттикнаа големината на хуманоста, солидарноста, човечноста. Повикот за помош се слушна насекаде, а помошта почна да пристига од сите страни на светот. Луѓето од целиот свет подадоа рака и заедно со нашите граѓани помогнаа Скопје да добие нов лик. Во тие моменти, непроценливи беа зборовите на утеха и споделување на тагата и болката со скопјани од последиците кои зад себе ги остави разорниот земјотрес. Многу бројки има од тие денови кои на хартија се можеби само бројки, но во реалниот живот значат искрена човечка солидарност и помош кога е најпотребно. Речиси секој дел, зграда, улица во Скопје е споменик на солидарноста. Над 80 земји оставиле толку многу зад себе. Тафталиџе, Маџари, Ѓорче, Козле, Центар засекогаш ќе се сеќаваат на долгите списоци на објекти, училишта, поликлиники, станови, бараки, детски градинки подарок од целиот свет. Музејот на современата уметност каде се наоѓаат делата на големите Пикасо, Вазарели, Лубарда и голем број други, кои на разрушениот град, како подарок, му ги испратија своите дела.

Основното училиште Јан Амос Коменски во Тафталиџе, специјалната болница во Козле, но и препознатливата Универзална Сала која е подарок на 37 земји од светот ќе нѐ потсетуваат вечно на тоа што значи солидарност во најтешките моменти. Никогаш нема да ја заборавиме оваа солидарност и затоа денес ја покажуваме на дело.

Македонија секогаш знаела да понуди помош и поддршка и да помогне на загрозените, на немоќните, на изнемоштените. Помогнавме и подадовме рака кога тоа беше потребно. Бевме дел од спасувачките мисии и помогнавме со учество во хуманитарни акции и со парична помош во санирањето на последиците од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија. Учествувавме и во спасувачките акции по силниот земјотрес кој ја погоди Албанија, каде испративме и парична помош за санирање на последиците од земјотресот.

Со финансиска и хуманитарна помош помогнавме и за санирање на последиците од големите поплави во Албанија. Се придруживме на глобалните напори за помош на украинскиот народ, каде испративме хуманитарна и воена помош и даваме поддршка на Украина во зачувување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет. Светот го памети и нашето гостопримство и за илјадниците, стотиците бегалци кои поминале, транзитирале или привремено останувале тука. Но и во бројни други прилики сме ја покажале нашата грижа за благосостојбата на другите, кога и тие биле соочени со деструктивните последици од природните непогоди.

Ја покажавме и сега, кога нашиот сосед Грција се бори со огнените јазици, на кои, исто така, им понудивме помош како што го практикувавме и претходни години кога помош беше потребна во справување со пожарите кај нашиот јужен сосед. Солидарноста живее во нас и со нас. И затоа, вечно ќе бидеме благодарни за несебичната помош од над 80 нации низ светот, помош која се втисна во душата на Скопје, пренесувајќи порака дека само здружени и заедно можеме да ги надминеме сите предизвици и да ја оствариме секоја цел и секоја визија. Катастрофалниот скопски земјотрес кој е длабоко врежан во нашето минато, за нас е поука и порака да продолжиме сплотени да го чуваме и градиме нашето општество врз темелите на солидарноста, пожртвуваноста и заедништвото. Да градиме општество базирано на демократски вредности, на грижа за другиот, емпатија и хуманост, вредности кои ќе ги пренесеме и на генерациите кои следат. Заедништвото, почитта кон другите и подавањето рака секаде и секому нека бидат наш мотив како на приватен, така и на работен план. Скопје е нашиот главен град. Да го негуваме и чуваме и да се грижиме за него и за нашата држава како што тоа го правеле и предците пред нас, а ќе продолжат генерациите по нас. Скопје памети, Скопје благодари и Скопје продолжува да живее!

The post Ковачевски: 60 години од катастрофалниот земјотрес, Скопје стана симбол на светската солидарност, да градиме општество врз темелите на пожртвуваноста и заедништвото appeared first on Република.

]]>