Панорамско тркало Archives - Република https://republika.mk/tema/panoramsko-trkalo/ За подобро да се разбереме Sun, 18 Aug 2024 07:05:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Панорамско тркало Archives - Република https://republika.mk/tema/panoramsko-trkalo/ 32 32 Панорамското тркало се запали на музички фестивал во Германија, повредени околу 30 лица https://republika.mk/vesti/svet/panoramskoto-trkalo-se-zapali-na-muzichki-festival-vo-germanija-povredeni-okolu-30-litsa/ Sun, 18 Aug 2024 07:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=807607

Повеќе од 30 лица се повредени откако синоќа се запали панорамско тркало на фестивалот „Хајфилд“ во близина на германскиот град Лајпциг во источниот дел на земјата, јави ДПА, повикувајќи се на полицијата.

Според првичните податоци, сите жртви вдишале чад откако две кабини се запалиле на тркалото, изјави портпаролката на полицијата.

Сепак, шефот на операциите на германскиот Црвен крст изјави дека две лица се тешко повредени. Портпаролката на полицијата првично не можеше да ја потврди оваа информација. Таа, сепак, рече дека меѓу повредените има и четворица полицајци.

Причините за пожарот засега се нејасни. Првично, една од кабините на панорамското тркало се запали околу 21 часот по локално време. Пожарот потоа се проширил и на втората кабина. Според известувачот на ДПА кој бил на местото на несреќата, пожарот целосно ги уништил двете кабини.

Еден од посетителите на фестивалот од Келн рече дека панорамското тркало наеднаш се забрзало. Запалените кабини се наоѓале на самиот врв на тркалото.

Околу 30 минути по избувнувањето на пожарот, портпаролот на противпожарната служба изјави дека ситуацијата е под контрола.

The post Панорамското тркало се запали на музички фестивал во Германија, повредени околу 30 лица appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 30 лица се повредени откако синоќа се запали панорамско тркало на фестивалот „Хајфилд“ во близина на германскиот град Лајпциг во источниот дел на земјата, јави ДПА, повикувајќи се на полицијата. Според првичните податоци, сите жртви вдишале чад откако две кабини се запалиле на тркалото, изјави портпаролката на полицијата. Сепак, шефот на операциите на германскиот Црвен крст изјави дека две лица се тешко повредени. Портпаролката на полицијата првично не можеше да ја потврди оваа информација. Таа, сепак, рече дека меѓу повредените има и четворица полицајци. Причините за пожарот засега се нејасни. Првично, една од кабините на панорамското тркало се запали околу 21 часот по локално време. Пожарот потоа се проширил и на втората кабина. Според известувачот на ДПА кој бил на местото на несреќата, пожарот целосно ги уништил двете кабини. Еден од посетителите на фестивалот од Келн рече дека панорамското тркало наеднаш се забрзало. Запалените кабини се наоѓале на самиот врв на тркалото. Околу 30 минути по избувнувањето на пожарот, портпаролот на противпожарната служба изјави дека ситуацијата е под контрола.

The post Панорамското тркало се запали на музички фестивал во Германија, повредени околу 30 лица appeared first on Република.

]]>
Фирма од Чаир регистрирана само пред еден месец „на диво“ монтира панорамско тркало во Карпош https://republika.mk/vesti/skopje/firma-od-chair-registrirana-samo-pred-eden-mesets-na-divo-montira-panoramsko-trkalo-vo-karposh/ Sat, 18 May 2024 11:49:20 +0000 https://republika.mk/?p=779515

Фирма од Чаир, регистрирана пред само еден месец без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред салата „Борис Трајковски“, објави Фактор.

Од Град Скопје потенцираат дека и покрај извршениот надзор, преземени мерки и казни, правното лице „Дизниленд реквизити“ наисилно продолжува да работи.

Ја известуваме јавноста дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред СРЦ „Борис Трајковски“.

Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, презема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи. Ги повикуваме надлежните институции и апелирамe да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие, стои во соопштението од Град Скопје.

Од таму ги повикаа надлежните институции за најбрза можна реакција, бидејќи како што потенцираат се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие.

Фирмата „Дизниленд Реквизити“ е регистрирана на 4 април 2024 или пред повеќе од еден месец, а како основач и сопственик стои името на извесен Никола Митевски, дознава Фактор

The post Фирма од Чаир регистрирана само пред еден месец „на диво“ монтира панорамско тркало во Карпош appeared first on Република.

]]>

Фирма од Чаир, регистрирана пред само еден месец без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред салата „Борис Трајковски“, објави Фактор. Од Град Скопје потенцираат дека и покрај извршениот надзор, преземени мерки и казни, правното лице „Дизниленд реквизити“ наисилно продолжува да работи.
Ја известуваме јавноста дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред СРЦ „Борис Трајковски“. Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, презема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи. Ги повикуваме надлежните институции и апелирамe да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие, стои во соопштението од Град Скопје.
Од таму ги повикаа надлежните институции за најбрза можна реакција, бидејќи како што потенцираат се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие. Фирмата „Дизниленд Реквизити“ е регистрирана на 4 април 2024 или пред повеќе од еден месец, а како основач и сопственик стои името на извесен Никола Митевски, дознава Фактор

The post Фирма од Чаир регистрирана само пред еден месец „на диво“ монтира панорамско тркало во Карпош appeared first on Република.

]]>