панде колемишевски Archives - Република https://republika.mk/tema/pande-kolemishevski/ За подобро да се разбереме Sat, 22 Apr 2023 06:03:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png панде колемишевски Archives - Република https://republika.mk/tema/pande-kolemishevski/ 32 32 Колемишевски: ВМРО-ДПМНЕ е должна да не гласа за уставните измени, со тоа ќе му се каже НЕ на националното и територијално разградување на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/kolemishevski-vmro-dpmne-e-dolzhna-da-ne-glasa-za-ustavnite-izmeni-so-toa-ke-mu-se-kazhe-ne-na-natsionalnoto-i-teritorijalno-razgraduvane-na-makedonija/ Fri, 21 Apr 2023 16:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=632832

Што ќе се смени во Македонија, ако не се смени Уставот? Ништо нема да се смени, освен власта. Таа ќе си падне како скапано есенско јаболко, што висело долго на висока гранка на дрвото. ВМРО–ДПМНЕ е должна е да се додржи на ставот да не гласа за уставните амандмани такви какви што се навестени со таканаречениот француски предлог. Во таа смисла опозицијата заслужува и поголема и поширока домашна поддршка.

 

Ако не гласа ВМРО–ДПМНЕ, ќе се издигне на пиедесталот на победник, авторитетот ќе и порасне дома и особено во дијаспората, која и натаму политички и финансиски ќе ја поддржува. Ќе ја направи Република Македонија достојна држава, што знае и што може да им рече НЕ на обидите за нејзино национално, општествено и територијално разградување.

 

Меѓународната заедница ќе ја цени партијата како фактор, можеби не моќен и рамноправен, но достоинствен, секако. Истите политичари од ЕУ и САД во ВМРО ДПМНЕ ќе гледаат иден, реален неопходен партнер. Изборот со НЕ ќе ја обезглави СДСМ, болната партија крај Вардарот. Коалицијата ќе се најде во паника. Тоа е патот да се откријат сите бесрамни криминали, што се правени во овие шест–седум години“, пишува новинарот Панде Колемишевски во својата колумна со наслов „И слеп може да види власта што не гледа“, објавена во весникот „Нова Македонија“.

Во продолжение на колумната, Колемишевски пишува:

„На прагот сме на уште една можна промена на Уставот. Време кога демократијата, транспарентноста, моралната одговорност и граѓанската лојалност велат дека не смее да се молчи ако се гази врз нив. Да не се биде само нем посматрач на разградувачките и криминогени постапки на носителите на власта.

Почетните чекори кон востоличување на уставните измени се изодени под сомнителни околности. Тие не се поврзани само со методологијата туку и со манипулациите за принадлежностите на Министерството за правда, на Владата и на Собранието. Сега е формирана некаква уставна комисија во министерството, иако според важечкиот устав тоа право е во исклучива надлежност на Собранието. Според Уставот, може да постои само една уставна комисија, сега фактички има две. Прашањето дали е тоа можно и дали не е прекршен Уставот што треба да се менува, не е само од формална природа.

Молчи претседателот на Собранието иако му се одземаат ингеренциите и му се суспендира функцијата.

Според експертски мислења, составот на комисијата е несоодветен, некомпетентен, без доволно знаење да нуди решенија за толку значајни уставни категории за националниот и државотворниот идентитет. Речиси сите предложени се докажани властољупци, сончогледи, приврзоци на едната или другата владејачка партија. Сите, на еден или друг начин, веќе се изјасниле како поддржувачи на измените. Таму нема никој што би кажал збор против она што го замислила власта. Тоа е грдото, валкано лице на наводната демократска расправа.

Почетокот за процесот на измените е означен во време кога билансот од работењето и владеењето на актуелната власт тешко може да добие преодна оцена. Програмските цели и ветувања дадени од владејачката коалиција меѓу СДСМ и ДУИ не носат вистински ефект, за што сведочат лакировките со цените на прехранбените производи.

Анкетите покажуваат дека повеќе од половина граѓани се назадоволни, половина сиромашни, други сакаат да се фрлат во Вардар. Мнозинството смета дека државата се движи во погрешна насока. И покрај овие сигнали, власта го вози возот под полна пареа на шини, што не ќе може да го издржат тој товар.

„Смрди насекаде“ – се слуша низ административните ходници и коридори, жални се гласовите од зелените пазари. Мнозинството е понижено од циници во власта. Далеку сме ние од вредностите и условите, што ги бара Европската Унија. Актуелната власт сее страв, нејзините медиумски труби и високи странски гости се служат со недостојни методи и алатки, сметајќи нѐ нас за недоветни. Нивната мантра е дека сега е моментот за конечна одлука за промена на Уставот, дека без негови измени (всушност станува збор само за една измена) Македонија ќе стагнирала и ќе влезеле во ќор-сокак. Ќе настанел дебакл, ќе сме чекале наредни дваесет-триесет години на нова шанса за прием во ЕУ. Поголема глупост од оваа не може ни да се замисли. Тие од ЕУ уште наредниот ден ќе дотрчаат со нови понуди, понуди со такт, не со притисок.

Се заборава дека македонската историја е осакатена од негирања и непризнавања, но опстоја низ векови. И дека граѓаните на Македонија се писмен и образован народ. Но и ова време на невреме ќе пројде како едно од американските торнада, што ја пустошат земјата и рретко кој ќе се сеќава на сегашнава историска луња.

Ако се направи синтеза на сегашниот миг, можни се неколку идни видувања или сценарија. Како што е распоредот на силите во Собранието (и во општеството), тешко ќе оди усогласувањето на уставните измени. ВМРО–ДПМНЕ е должна е да се додржи на ставот да не гласа за уставните амандмани такви какви што се навестени со таканаречениот француски предлог. Во таа смисла опозицијата заслужува и поголема и поширока домашна поддршка. Во спротивно, ако попушти и се излаже со дарови во вид на шарени шеќерчиња, концесии, подмитувања и заплашувања, ако прифати и гласа ЗА, ќе ги изгуби засекогаш гласачкото тело и довербата. Ќе ги изневери академската структура и јавното мислење на голем дел од македонското население што не се согласува со промените.

Ако не гласа ВМРО–ДПМНЕ, ќе се издигне на пиедесталот на победник, авторитетот ќе и порасне дома и особено во дијаспората, која и натаму политички и финансиски ќе ја поддржува. Ќе ја направи Република Македонија достојна држава, што знае и може да им рече НЕ на обидите за нејзино национално, општествено и територијално разградување.

Меѓународната заедница ќе ја цени партијата како фактор, можеби не моќен и рамноправен, но достоинствен, секако. Истите политичари од ЕУ и САД во ВМРО ќе гледаат иден, реален неопходен партнер.

Зборот НЕ ќе ги рашири крилјата на угнетените, државата ќе добие нов полет, нов импулс и енергија. Државата ќе чекори напред со крената глава, а не со глава слична на перница полна со пердуви. Нема да личи на река, во која плута секое ѓубре. Ќе покаже дека иако е мала земја не е глупава. Дека нејзините граѓани не се проста маса што може да се носи за оглав. Изборот со НЕ ќе ја обезглави СДСМ, болната партија крај Вардарот. Коалицијата ќе се најде во паника. Тоа е патот да се откријат сите бесрамни криминали што се правени во овие шест–седум години.
Можни се и натамошни делби на политичката сцена.

Албанскиот фактор нема да мирува. Или ќе наметнува ризични услови или ќе побрза да се приклучи кон новиот победник. Тоа важи особено за ДУИ. Праксата покажува, наречниците прорекле, дека третиот ден го напушта стариот партнер и му се приклучува на новиот победник, без око да му трепне и без да се сеќава што правел со претходниот политички ортак. До создавање нова власт, авторитетот на државните органи и натаму ќе се урива и тешко граѓаните ќе ги остваруваат своите права, ако не се партиски ангажирани и ако немаат солидни приватни врски.

Новите избори ќе предизвикаат и ќе поттикнат ново престројување и зацврстување на македонскиот блок. Ќе зајакнат самодовербата и самосвеста за татковината што се од суштинско значење за земјата. Ова време на невреме ќе замине во историјата, ќе настане општо помирување, ќе се отворат нови патишта и добри перспективи.

Потребно е заздравување на животот на нацијата – државата. На Македонија ѝ треба постојана политика заснована на Уставот, законите, усогласени со европското законодавство. Тоа е гаранцијата за напредок и просперитет“.

The post Колемишевски: ВМРО-ДПМНЕ е должна да не гласа за уставните измени, со тоа ќе му се каже НЕ на националното и територијално разградување на Македонија appeared first on Република.

]]>

Што ќе се смени во Македонија, ако не се смени Уставот? Ништо нема да се смени, освен власта. Таа ќе си падне како скапано есенско јаболко, што висело долго на висока гранка на дрвото. ВМРО–ДПМНЕ е должна е да се додржи на ставот да не гласа за уставните амандмани такви какви што се навестени со таканаречениот француски предлог. Во таа смисла опозицијата заслужува и поголема и поширока домашна поддршка.   Ако не гласа ВМРО–ДПМНЕ, ќе се издигне на пиедесталот на победник, авторитетот ќе и порасне дома и особено во дијаспората, која и натаму политички и финансиски ќе ја поддржува. Ќе ја направи Република Македонија достојна држава, што знае и што може да им рече НЕ на обидите за нејзино национално, општествено и територијално разградување.   Меѓународната заедница ќе ја цени партијата како фактор, можеби не моќен и рамноправен, но достоинствен, секако. Истите политичари од ЕУ и САД во ВМРО ДПМНЕ ќе гледаат иден, реален неопходен партнер. Изборот со НЕ ќе ја обезглави СДСМ, болната партија крај Вардарот. Коалицијата ќе се најде во паника. Тоа е патот да се откријат сите бесрамни криминали, што се правени во овие шест–седум години“, пишува новинарот Панде Колемишевски во својата колумна со наслов „И слеп може да види власта што не гледа“, објавена во весникот „Нова Македонија“.
Во продолжение на колумната, Колемишевски пишува: „На прагот сме на уште една можна промена на Уставот. Време кога демократијата, транспарентноста, моралната одговорност и граѓанската лојалност велат дека не смее да се молчи ако се гази врз нив. Да не се биде само нем посматрач на разградувачките и криминогени постапки на носителите на власта. Почетните чекори кон востоличување на уставните измени се изодени под сомнителни околности. Тие не се поврзани само со методологијата туку и со манипулациите за принадлежностите на Министерството за правда, на Владата и на Собранието. Сега е формирана некаква уставна комисија во министерството, иако според важечкиот устав тоа право е во исклучива надлежност на Собранието. Според Уставот, може да постои само една уставна комисија, сега фактички има две. Прашањето дали е тоа можно и дали не е прекршен Уставот што треба да се менува, не е само од формална природа. Молчи претседателот на Собранието иако му се одземаат ингеренциите и му се суспендира функцијата. Според експертски мислења, составот на комисијата е несоодветен, некомпетентен, без доволно знаење да нуди решенија за толку значајни уставни категории за националниот и државотворниот идентитет. Речиси сите предложени се докажани властољупци, сончогледи, приврзоци на едната или другата владејачка партија. Сите, на еден или друг начин, веќе се изјасниле како поддржувачи на измените. Таму нема никој што би кажал збор против она што го замислила власта. Тоа е грдото, валкано лице на наводната демократска расправа. Почетокот за процесот на измените е означен во време кога билансот од работењето и владеењето на актуелната власт тешко може да добие преодна оцена. Програмските цели и ветувања дадени од владејачката коалиција меѓу СДСМ и ДУИ не носат вистински ефект, за што сведочат лакировките со цените на прехранбените производи. Анкетите покажуваат дека повеќе од половина граѓани се назадоволни, половина сиромашни, други сакаат да се фрлат во Вардар. Мнозинството смета дека државата се движи во погрешна насока. И покрај овие сигнали, власта го вози возот под полна пареа на шини, што не ќе може да го издржат тој товар. „Смрди насекаде“ – се слуша низ административните ходници и коридори, жални се гласовите од зелените пазари. Мнозинството е понижено од циници во власта. Далеку сме ние од вредностите и условите, што ги бара Европската Унија. Актуелната власт сее страв, нејзините медиумски труби и високи странски гости се служат со недостојни методи и алатки, сметајќи нѐ нас за недоветни. Нивната мантра е дека сега е моментот за конечна одлука за промена на Уставот, дека без негови измени (всушност станува збор само за една измена) Македонија ќе стагнирала и ќе влезеле во ќор-сокак. Ќе настанел дебакл, ќе сме чекале наредни дваесет-триесет години на нова шанса за прием во ЕУ. Поголема глупост од оваа не може ни да се замисли. Тие од ЕУ уште наредниот ден ќе дотрчаат со нови понуди, понуди со такт, не со притисок. Се заборава дека македонската историја е осакатена од негирања и непризнавања, но опстоја низ векови. И дека граѓаните на Македонија се писмен и образован народ. Но и ова време на невреме ќе пројде како едно од американските торнада, што ја пустошат земјата и рретко кој ќе се сеќава на сегашнава историска луња. Ако се направи синтеза на сегашниот миг, можни се неколку идни видувања или сценарија. Како што е распоредот на силите во Собранието (и во општеството), тешко ќе оди усогласувањето на уставните измени. ВМРО–ДПМНЕ е должна е да се додржи на ставот да не гласа за уставните амандмани такви какви што се навестени со таканаречениот француски предлог. Во таа смисла опозицијата заслужува и поголема и поширока домашна поддршка. Во спротивно, ако попушти и се излаже со дарови во вид на шарени шеќерчиња, концесии, подмитувања и заплашувања, ако прифати и гласа ЗА, ќе ги изгуби засекогаш гласачкото тело и довербата. Ќе ги изневери академската структура и јавното мислење на голем дел од македонското население што не се согласува со промените. Ако не гласа ВМРО–ДПМНЕ, ќе се издигне на пиедесталот на победник, авторитетот ќе и порасне дома и особено во дијаспората, која и натаму политички и финансиски ќе ја поддржува. Ќе ја направи Република Македонија достојна држава, што знае и може да им рече НЕ на обидите за нејзино национално, општествено и територијално разградување. Меѓународната заедница ќе ја цени партијата како фактор, можеби не моќен и рамноправен, но достоинствен, секако. Истите политичари од ЕУ и САД во ВМРО ќе гледаат иден, реален неопходен партнер. Зборот НЕ ќе ги рашири крилјата на угнетените, државата ќе добие нов полет, нов импулс и енергија. Државата ќе чекори напред со крената глава, а не со глава слична на перница полна со пердуви. Нема да личи на река, во која плута секое ѓубре. Ќе покаже дека иако е мала земја не е глупава. Дека нејзините граѓани не се проста маса што може да се носи за оглав. Изборот со НЕ ќе ја обезглави СДСМ, болната партија крај Вардарот. Коалицијата ќе се најде во паника. Тоа е патот да се откријат сите бесрамни криминали што се правени во овие шест–седум години. Можни се и натамошни делби на политичката сцена. Албанскиот фактор нема да мирува. Или ќе наметнува ризични услови или ќе побрза да се приклучи кон новиот победник. Тоа важи особено за ДУИ. Праксата покажува, наречниците прорекле, дека третиот ден го напушта стариот партнер и му се приклучува на новиот победник, без око да му трепне и без да се сеќава што правел со претходниот политички ортак. До создавање нова власт, авторитетот на државните органи и натаму ќе се урива и тешко граѓаните ќе ги остваруваат своите права, ако не се партиски ангажирани и ако немаат солидни приватни врски. Новите избори ќе предизвикаат и ќе поттикнат ново престројување и зацврстување на македонскиот блок. Ќе зајакнат самодовербата и самосвеста за татковината што се од суштинско значење за земјата. Ова време на невреме ќе замине во историјата, ќе настане општо помирување, ќе се отворат нови патишта и добри перспективи. Потребно е заздравување на животот на нацијата – државата. На Македонија ѝ треба постојана политика заснована на Уставот, законите, усогласени со европското законодавство. Тоа е гаранцијата за напредок и просперитет“.

The post Колемишевски: ВМРО-ДПМНЕ е должна да не гласа за уставните измени, со тоа ќе му се каже НЕ на националното и територијално разградување на Македонија appeared first on Република.

]]>
Колемишевски: Една држава со Бугарија е крајната цел на францускиот предлог https://republika.mk/vesti/makedonija/kolemishevski-edna-drzava-so-bugarija-e-krajnata-cel-na-francuskiot-predlog-2/ Thu, 07 Jul 2022 11:28:13 +0000 https://republika.mk/?p=525329

На почетокот на деведесттите години од минатиот век, набрзо по прогласувањето на независноста, добив една подебела, речиси аматерски отпечатена книга која носеше наслов „Независноста на Македонија како преодна фаза за соединување со Бугарија’’. На повеќе од 400 страници беа поместени текстови во кои историјата на Македонија беше претставена како бугарска, а беа нанижани предвидувања како ќе се одвиват фазите за остварување на таа идеа. Беше илустрирана со стари фотографии како и со историско – географски мапи од антиката до денешно време. Книгата немаше назначено автор или издавач. Жал ми е што не ја зачував, но сигурен сум дека ја има во архивите на Министерството за внатрешни работи затоа што беше испратена на негова и на некои други адреси,пишува Панде Колемишевски во колумна за „Нова Македонија“.

Изнесувам лично мислење, можеби и убедување дека наводниот француски предлог е нејзино продолжение, инструмент да се реализира проектот  сегашната држава  Северна Република Македонија да се припои кон државата Бугарија. Прашањето дали тоа ќе биде како целина, со народ и територија или во формат на еден народ во две држави, ќе се искристализира низ процесот на преговори под европскиот патронат. Наведената книга беше полуаматерски составена и напишана, францускиот предлог е дипломатски рафинирана платформа со истата намена и цел.

На што го засновувам личното мислење, можеби и убедување?

Нема никаква дилема во сознанието дека историските апетитите на Бугарија кон Македонија нагло пораснаа по нејзиното одвојување од југословенската федерација и осамостојувањето. На македонска територија надеж им влеваа новоформираната партија ВМРО – ДПМНЕ и нејзиниот лидер кој не го криеше своето бугарско самочувствие. Самиот изјавуваше дека повеќе од половина од неговото раководство се со такво национално чувство. Обидите за некое поголемо влијание врз македонската политика умешно ги спречи искусниот претседател на државата Киро Глигоров кој ја постави мошне критикуваната, но функционално практична – еквидистанца. Средбите со бугарскиот претседател Жељу Желев беа пристојни, двајцата претседатели се чуваа од големи зборови и било какви закани или ветувања.

Вториот обид беше со договорот меѓу Љупчо Георгиевски и Иван Костов, во времето кога на власт беа ВМРО –ДПМНЕ  и ДЕА на Васил Тупурковски. Тој договор оценет како „бенигнен“, не влезе во сила иако зад него стоеше американскиот помошник секретар Строут Талбот, главен автор на текстот. Тогаш, во 1990 година, Американците првпат покажаа дека во бугарско македонските односи се замешани и нивните прсти. Тие пипала и денес не се далеку од плетењето на мрежата.

Како и да е, Бугарија сѐ уште неорагнизирана и неослободена од последиците од ригидниот комунизам на Тодор Живков, беше слаба да стори нешто повеќе. Сила доби после приемот во Европската Унија во 2007, а особено десет години подоцна по потпишаниот договор за пријателство и добрососедство  со владата на Република Македонија предводена од Зоран Заев.

Но, и во тој десетгодишен период бугарските власти настојуваа да се потпише некој друг договор, но македонските тоа го одбиваа. Во настојувањата за приближување меѓу државите и народите беше и посетата на бугарскиот цар Симеон Втори Саксобурготски, кој тогаш беше бугарски премиер, но не изразуваше некои драстични барања шетајки низ улиците на Охрид. Во тие десет години, Никола Груевски како премиер, рака на срце не прифаќаше никаков разговор што би се однесувал на идентитетските прашања, на истријата, јазикот и писмото. Не случајно неговиот колега Бојко Борисов изјавуваше дека не сака ни очи да  му види.

Плодната почва за остварување на своите цели Бугарите ја најдоа кај коалицијата СДСМ – ДУИ која дојде на власт по хибридната Шарена револуција. Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во дружба со Али Ахмети, им ги отвори ширум сите шимшир порти. Од нив и преку нив се дојде и до сегашниот таканаречен Француски предлог. Како што врват годините се покажува дека „оној криминалецот од Будимпешта“ беше во право кога викаше дека Шарените се создадени само за да се смени името и да се обезличи македонскиот народ.

Сега да наведеме факти како ќе се одвива македонското национално и јазично претопување, постепеното бугаризирање и асимилирање на идните генерации. Да го потврдиме континиутетот на тој тивок процес што ја рони Македонија.

Генерално гледано, според текстот на предлогот што ќе биде прифатен, идната судбина на Република Македонија се предава во бугарски раце. Во тие услови македонската влада ќе има статус на ослепен Самоилов војник – ќе може да гледа само со едно око. Како што сега не ги отвора двете за да види во која кал ја носи Македонија.

Во предлогот јасно стои дека Бугарија и Македонија имаат заедничка историја, која, според бугарските толкувања, е чисто бугарска. Предлогот значи давање македонска согласност за раскинување на историската врска на македонскиот народ со сопственото културно-историско наследство. Националната свест на Македонците и историјата на македонскиот народ, ќе станат прашање кое ќе треба да се редефинира од страна на ЕУ – за да нема повеќе македонско прашање! А македонското прашање во европски рамки може да биде решено само тогаш кога нема да постојат Македонците.

Но, да не зборуваме за историјата, да ја земеме предвид иднината. Предлогот предвидува Бугарија да има целосна контрола врз нашата самоидентификација, врз учебниците по историја и географија, врз печатени книги, весници,медиуми и социјални мрежи. Во секое време бугарски официјални или анонимни комисии ќе можат да вршат цензура, да диктираат што може да се објави, а што ќе биде цензурирано или забрането. Јасно е како ден – ќе се форсира секој бугарски став, ќе се брише секој македонски досега важечки. Македонскиот јазик секогаш ќе биде третиран како непостоечки, поточно како западнобугарски дијалект. Ако во Југославија имавме признаен „чист македонски јазик“ сега, од наводните французи, тој е прогласен за „нечист“. Според сегашните констелации тешко е да се претпостави дека  ќе има отпор од македонските власти.

Новите генерации ќе учат друга историја, главно бугарска. (Сетете се само на офанзивата на министерката Мила Царовска и со која енергија запна да се менуваат учебниците, да се укинуваат часовите по историја и македонски јазик). Во неа македонскиот народ ќе биде обезличен, ќе биде оставен без историска генеза за идентитетско постоење. Полека – полека низ книги и медиуми, со европска поддршка, ќе се применуваат методи за колебања околу националната свест на Македонците. Ќе се внесуваат забуни, заблуди, смутови, размирици, метежи, бунтови со цел да ги остваруваат нивните црни сценарија. Ќе се шират лаги, поголеми од овие што ги слушаме и читаме овие денови. Според сегашните констелации тешко е да се претпостави дека ќе има отпор од македонските власти.зашто и тие работат на истото дело – Македонија да се спои со Бугарија.

Сета претстава (можеби драма) со голем број глуми и со специјална режија ќе биде прикажана по впишувањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија. Не сме свесни што ќе се случува. Бугарите нема да оперираат со 3,5 илјади македонски Бугари, колку што се изјаснија во пописот. Ќе оперираат со бројот на пасошите и со други „мртви души“. Стево Пенаровски, Зоран Заев, Али Ахмети и Бујар Османи сигурно ја знаат таа технологија на влијание, но не сакаат да ја видат нејзината опасност.

Што друго поништува францускиот предлог за кого северномакедонската влада има дадено согласност уште пред тој да биде објавен во јавноста, а што е опасен историски преседан. Прифаќањето на француската платформа заедно со билатералните протоколи го поништуваат референдумот за независност на Република Македонија од 8 Септември 1991 година. Поништуваат редица државни акти донесени во врска со тој референдум. Го поништуваат и 11 Октомври како ден на народното востание против фашизмот.

Македонија веќе не е суверена држава. Со неа нема да владеат европските институции. Тоа е голема заблуда. Со неа  во наредните години ќе владеат бугарските власти, сѐ до денот кога ќе се овенча нераскинливот брак на Бугарија и Македонија. Ќе биде окончан проектот на независноста на Република Македонија како преодна фаза за соединување со Бугарија. И ќе се печатат и читаат нови книги, на нов јазик и со нови издавачи.

The post Колемишевски: Една држава со Бугарија е крајната цел на францускиот предлог appeared first on Република.

]]>

На почетокот на деведесттите години од минатиот век, набрзо по прогласувањето на независноста, добив една подебела, речиси аматерски отпечатена книга која носеше наслов „Независноста на Македонија како преодна фаза за соединување со Бугарија’’. На повеќе од 400 страници беа поместени текстови во кои историјата на Македонија беше претставена како бугарска, а беа нанижани предвидувања како ќе се одвиват фазите за остварување на таа идеа. Беше илустрирана со стари фотографии како и со историско – географски мапи од антиката до денешно време. Книгата немаше назначено автор или издавач. Жал ми е што не ја зачував, но сигурен сум дека ја има во архивите на Министерството за внатрешни работи затоа што беше испратена на негова и на некои други адреси,пишува Панде Колемишевски во колумна за „Нова Македонија“. Изнесувам лично мислење, можеби и убедување дека наводниот француски предлог е нејзино продолжение, инструмент да се реализира проектот  сегашната држава  Северна Република Македонија да се припои кон државата Бугарија. Прашањето дали тоа ќе биде како целина, со народ и територија или во формат на еден народ во две држави, ќе се искристализира низ процесот на преговори под европскиот патронат. Наведената книга беше полуаматерски составена и напишана, францускиот предлог е дипломатски рафинирана платформа со истата намена и цел.
На што го засновувам личното мислење, можеби и убедување?
Нема никаква дилема во сознанието дека историските апетитите на Бугарија кон Македонија нагло пораснаа по нејзиното одвојување од југословенската федерација и осамостојувањето. На македонска територија надеж им влеваа новоформираната партија ВМРО – ДПМНЕ и нејзиниот лидер кој не го криеше своето бугарско самочувствие. Самиот изјавуваше дека повеќе од половина од неговото раководство се со такво национално чувство. Обидите за некое поголемо влијание врз македонската политика умешно ги спречи искусниот претседател на државата Киро Глигоров кој ја постави мошне критикуваната, но функционално практична – еквидистанца. Средбите со бугарскиот претседател Жељу Желев беа пристојни, двајцата претседатели се чуваа од големи зборови и било какви закани или ветувања.
Вториот обид беше со договорот меѓу Љупчо Георгиевски и Иван Костов, во времето кога на власт беа ВМРО –ДПМНЕ  и ДЕА на Васил Тупурковски. Тој договор оценет како „бенигнен“, не влезе во сила иако зад него стоеше американскиот помошник секретар Строут Талбот, главен автор на текстот. Тогаш, во 1990 година, Американците првпат покажаа дека во бугарско македонските односи се замешани и нивните прсти. Тие пипала и денес не се далеку од плетењето на мрежата.
Како и да е, Бугарија сѐ уште неорагнизирана и неослободена од последиците од ригидниот комунизам на Тодор Живков, беше слаба да стори нешто повеќе. Сила доби после приемот во Европската Унија во 2007, а особено десет години подоцна по потпишаниот договор за пријателство и добрососедство  со владата на Република Македонија предводена од Зоран Заев. Но, и во тој десетгодишен период бугарските власти настојуваа да се потпише некој друг договор, но македонските тоа го одбиваа. Во настојувањата за приближување меѓу државите и народите беше и посетата на бугарскиот цар Симеон Втори Саксобурготски, кој тогаш беше бугарски премиер, но не изразуваше некои драстични барања шетајки низ улиците на Охрид. Во тие десет години, Никола Груевски како премиер, рака на срце не прифаќаше никаков разговор што би се однесувал на идентитетските прашања, на истријата, јазикот и писмото. Не случајно неговиот колега Бојко Борисов изјавуваше дека не сака ни очи да  му види. Плодната почва за остварување на своите цели Бугарите ја најдоа кај коалицијата СДСМ – ДУИ која дојде на власт по хибридната Шарена револуција. Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во дружба со Али Ахмети, им ги отвори ширум сите шимшир порти. Од нив и преку нив се дојде и до сегашниот таканаречен Француски предлог. Како што врват годините се покажува дека „оној криминалецот од Будимпешта“ беше во право кога викаше дека Шарените се создадени само за да се смени името и да се обезличи македонскиот народ. Сега да наведеме факти како ќе се одвива македонското национално и јазично претопување, постепеното бугаризирање и асимилирање на идните генерации. Да го потврдиме континиутетот на тој тивок процес што ја рони Македонија. Генерално гледано, според текстот на предлогот што ќе биде прифатен, идната судбина на Република Македонија се предава во бугарски раце. Во тие услови македонската влада ќе има статус на ослепен Самоилов војник – ќе може да гледа само со едно око. Како што сега не ги отвора двете за да види во која кал ја носи Македонија. Во предлогот јасно стои дека Бугарија и Македонија имаат заедничка историја, која, според бугарските толкувања, е чисто бугарска. Предлогот значи давање македонска согласност за раскинување на историската врска на македонскиот народ со сопственото културно-историско наследство. Националната свест на Македонците и историјата на македонскиот народ, ќе станат прашање кое ќе треба да се редефинира од страна на ЕУ – за да нема повеќе македонско прашање! А македонското прашање во европски рамки може да биде решено само тогаш кога нема да постојат Македонците. Но, да не зборуваме за историјата, да ја земеме предвид иднината. Предлогот предвидува Бугарија да има целосна контрола врз нашата самоидентификација, врз учебниците по историја и географија, врз печатени книги, весници,медиуми и социјални мрежи. Во секое време бугарски официјални или анонимни комисии ќе можат да вршат цензура, да диктираат што може да се објави, а што ќе биде цензурирано или забрането. Јасно е како ден – ќе се форсира секој бугарски став, ќе се брише секој македонски досега важечки. Македонскиот јазик секогаш ќе биде третиран како непостоечки, поточно како западнобугарски дијалект. Ако во Југославија имавме признаен „чист македонски јазик“ сега, од наводните французи, тој е прогласен за „нечист“. Според сегашните констелации тешко е да се претпостави дека  ќе има отпор од македонските власти. Новите генерации ќе учат друга историја, главно бугарска. (Сетете се само на офанзивата на министерката Мила Царовска и со која енергија запна да се менуваат учебниците, да се укинуваат часовите по историја и македонски јазик). Во неа македонскиот народ ќе биде обезличен, ќе биде оставен без историска генеза за идентитетско постоење. Полека – полека низ книги и медиуми, со европска поддршка, ќе се применуваат методи за колебања околу националната свест на Македонците. Ќе се внесуваат забуни, заблуди, смутови, размирици, метежи, бунтови со цел да ги остваруваат нивните црни сценарија. Ќе се шират лаги, поголеми од овие што ги слушаме и читаме овие денови. Според сегашните констелации тешко е да се претпостави дека ќе има отпор од македонските власти.зашто и тие работат на истото дело – Македонија да се спои со Бугарија. Сета претстава (можеби драма) со голем број глуми и со специјална режија ќе биде прикажана по впишувањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија. Не сме свесни што ќе се случува. Бугарите нема да оперираат со 3,5 илјади македонски Бугари, колку што се изјаснија во пописот. Ќе оперираат со бројот на пасошите и со други „мртви души“. Стево Пенаровски, Зоран Заев, Али Ахмети и Бујар Османи сигурно ја знаат таа технологија на влијание, но не сакаат да ја видат нејзината опасност. Што друго поништува францускиот предлог за кого северномакедонската влада има дадено согласност уште пред тој да биде објавен во јавноста, а што е опасен историски преседан. Прифаќањето на француската платформа заедно со билатералните протоколи го поништуваат референдумот за независност на Република Македонија од 8 Септември 1991 година. Поништуваат редица државни акти донесени во врска со тој референдум. Го поништуваат и 11 Октомври како ден на народното востание против фашизмот. Македонија веќе не е суверена држава. Со неа нема да владеат европските институции. Тоа е голема заблуда. Со неа  во наредните години ќе владеат бугарските власти, сѐ до денот кога ќе се овенча нераскинливот брак на Бугарија и Македонија. Ќе биде окончан проектот на независноста на Република Македонија како преодна фаза за соединување со Бугарија. И ќе се печатат и читаат нови книги, на нов јазик и со нови издавачи.

The post Колемишевски: Една држава со Бугарија е крајната цел на францускиот предлог appeared first on Република.

]]>
Колемишевски: Една држава со Бугарија е крајната цел на францускиот предлог https://republika.mk/vesti/makedonija/kolemishevski-edna-drzava-so-bugarija-e-krajnata-cel-na-francuskiot-predlog/ Thu, 07 Jul 2022 08:19:37 +0000 https://republika.mk/?p=525176

Генерално гледано, според текстот на предлогот што ќе биде прифатен, идната судбина на Македонија се предава во бугарски раце. Во тие услови македонската влада ќе има статус на ослепен Самоилов војник – ќе може да гледа само со едно око. Како што сега не ги отвора двете за да види во која кал ја носи Македонија, пишува во својата последна колумна новинарот и поранешен директор на „Нова Македонија“, Панде Колемишевски.

Во предлогот јасно стои дека Бугарија и Македонија имаат заедничка историја, која, според бугарските толкувања, е чисто бугарска. Предлогот значи давање македонска согласност за раскинување на историската врска на македонскиот народ со сопственото културно-историско наследство. Националната свест на Македонците и историјата на македонскиот народ, ќе станат прашање кое ќе треба да се редефинира од страна на ЕУ – за да нема повеќе македонско прашање! А македонското прашање во европски рамки може да биде решено само тогаш кога нема да постојат Македонците, пишува Колемишевски.

Но, додава, да не зборуваме за историјата, да ја земеме предвид иднината.

Предлогот предвидува Бугарија да има целосна контрола врз нашата самоидентификација, врз учебниците по историја и географија, врз печатени книги, весници,медиуми и социјални мрежи. Во секое време бугарски официјални или анонимни комисии ќе можат да вршат цензура, да диктираат што може да се објави, а што ќе биде цензурирано или забрането. Јасно е како ден – ќе се форсира секој бугарски став, ќе се брише секој македонски досега важечки. Македонскиот јазик секогаш ќе биде третиран како непостоечки, поточно како западнобугарски дијалект. Ако во Југославија имавме признаен „чист македонски јазик“ сега, од наводните французи, тој е прогласен за „нечист“. Според сегашните констелации тешко е да се претпостави дека ќе има отпор од македонските власти, пишува Колемишевски.

Целата колумна на „Нова Македонија

The post Колемишевски: Една држава со Бугарија е крајната цел на францускиот предлог appeared first on Република.

]]>

Генерално гледано, според текстот на предлогот што ќе биде прифатен, идната судбина на Македонија се предава во бугарски раце. Во тие услови македонската влада ќе има статус на ослепен Самоилов војник – ќе може да гледа само со едно око. Како што сега не ги отвора двете за да види во која кал ја носи Македонија, пишува во својата последна колумна новинарот и поранешен директор на „Нова Македонија“, Панде Колемишевски.
Во предлогот јасно стои дека Бугарија и Македонија имаат заедничка историја, која, според бугарските толкувања, е чисто бугарска. Предлогот значи давање македонска согласност за раскинување на историската врска на македонскиот народ со сопственото културно-историско наследство. Националната свест на Македонците и историјата на македонскиот народ, ќе станат прашање кое ќе треба да се редефинира од страна на ЕУ – за да нема повеќе македонско прашање! А македонското прашање во европски рамки може да биде решено само тогаш кога нема да постојат Македонците, пишува Колемишевски.
Но, додава, да не зборуваме за историјата, да ја земеме предвид иднината.
Предлогот предвидува Бугарија да има целосна контрола врз нашата самоидентификација, врз учебниците по историја и географија, врз печатени книги, весници,медиуми и социјални мрежи. Во секое време бугарски официјални или анонимни комисии ќе можат да вршат цензура, да диктираат што може да се објави, а што ќе биде цензурирано или забрането. Јасно е како ден – ќе се форсира секој бугарски став, ќе се брише секој македонски досега важечки. Македонскиот јазик секогаш ќе биде третиран како непостоечки, поточно како западнобугарски дијалект. Ако во Југославија имавме признаен „чист македонски јазик“ сега, од наводните французи, тој е прогласен за „нечист“. Според сегашните констелации тешко е да се претпостави дека ќе има отпор од македонските власти, пишува Колемишевски.
Целата колумна на „Нова Македонија

The post Колемишевски: Една држава со Бугарија е крајната цел на францускиот предлог appeared first on Република.

]]>
Колемишевски: Османи ќе потпише дека не постои македонски јазик https://republika.mk/vesti/makedonija/kolemishevski-osmani-kje-potpishe-deka-ne-postoi-makedonski-jazik/ Tue, 05 Jul 2022 07:56:08 +0000 https://republika.mk/?p=523998

Иако пет години, од Заев наваму сѐ до Ковачевски, сите од власта ги убедуваа граѓаните дека воопшто не се преговара за идентитетот, јазикот и историјата, денешниот епилог покажува дека сите од ред лажеле, токму тие теми опфаќале 70 – 80 осто од разговорите, пишува во својата последна колумна новинарот и поранешен директор на „Нова Македонија“, Панде Колемишевски. Сега, додава тој, истите од власта, без грам срам, од петни жили запнуваат да докажат дека таа битка е добиена и дека македонскиот јазик ќе биде признаен во Европа и ќе биде рамноправен во администрацијата на ЕУ.

Ваквото тврдење е нивната најголема измама што ја шират меѓу Македонците убедувајки ги да застанат зад понудениот предлог. Чиста фарса, вели Колемишевски.

Што навистина ќе прифати Владата, а ќе потпише Бујар Османи во името на „Република Cеверна Македонија“ во врска со наводниот француски предлог и билатералните протоколи и договори, токму во врска со македонскиот јазик, Колемишевски објаснува конкретно, без емоции, но со мали, кратки објаснувања, а можеби и со некое потпрашање.

Еве ги фактите. Во предлогот никаде не се споменува македонски јазик, како чиста дефиниција. Во него нема никаква гаранција дека македонскиот јазик ќе биде официјално еден од јазиците на Унијата. Тоа може да се случи дури од денот на приемот, 10 – 15 години од денеска па натаму. Неофицијално, тој и денес е во употреба. Нашите претставници во Европскиот парламент говорат на македонски, сите делегации,кога не разговараат на англиски, разговараат на македонски јазик со официјален преведувач. И од тоа никој досега не правел проблем.
Во Европа и во светот македонскиот литературен јазик го признаваат сите земји, освен една. И со букви и со бројки само една. Таа земја е Бугарија. Да повторам: Бугарија е единствената земја во светот што не го признава македонскиот јазик.
Втората земја што нема да го признава македонскиот јазик ќе биде Македонија, односно Владата на Република Cеверна Македонија. Ќе прашате дали е можно? Одговорот е – Да, можно е, пишува Колемишевски.

Целата колумна на Нова Македонија

The post Колемишевски: Османи ќе потпише дека не постои македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Иако пет години, од Заев наваму сѐ до Ковачевски, сите од власта ги убедуваа граѓаните дека воопшто не се преговара за идентитетот, јазикот и историјата, денешниот епилог покажува дека сите од ред лажеле, токму тие теми опфаќале 70 – 80 осто од разговорите, пишува во својата последна колумна новинарот и поранешен директор на „Нова Македонија“, Панде Колемишевски. Сега, додава тој, истите од власта, без грам срам, од петни жили запнуваат да докажат дека таа битка е добиена и дека македонскиот јазик ќе биде признаен во Европа и ќе биде рамноправен во администрацијата на ЕУ.
Ваквото тврдење е нивната најголема измама што ја шират меѓу Македонците убедувајки ги да застанат зад понудениот предлог. Чиста фарса, вели Колемишевски.
Што навистина ќе прифати Владата, а ќе потпише Бујар Османи во името на „Република Cеверна Македонија“ во врска со наводниот француски предлог и билатералните протоколи и договори, токму во врска со македонскиот јазик, Колемишевски објаснува конкретно, без емоции, но со мали, кратки објаснувања, а можеби и со некое потпрашање.

Еве ги фактите. Во предлогот никаде не се споменува македонски јазик, како чиста дефиниција. Во него нема никаква гаранција дека македонскиот јазик ќе биде официјално еден од јазиците на Унијата. Тоа може да се случи дури од денот на приемот, 10 – 15 години од денеска па натаму. Неофицијално, тој и денес е во употреба. Нашите претставници во Европскиот парламент говорат на македонски, сите делегации,кога не разговараат на англиски, разговараат на македонски јазик со официјален преведувач. И од тоа никој досега не правел проблем. Во Европа и во светот македонскиот литературен јазик го признаваат сите земји, освен една. И со букви и со бројки само една. Таа земја е Бугарија. Да повторам: Бугарија е единствената земја во светот што не го признава македонскиот јазик. Втората земја што нема да го признава македонскиот јазик ќе биде Македонија, односно Владата на Република Cеверна Македонија. Ќе прашате дали е можно? Одговорот е – Да, можно е, пишува Колемишевски.

Целата колумна на Нова Македонија

The post Колемишевски: Османи ќе потпише дека не постои македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Колемишевски: Тоа што го заплетка Зоран Заев не може да го отплетка цела Европа https://republika.mk/vesti/makedonija/kolemishevski-toa-shto-go-zapletka-zoran-zaev-ne-moze-da-go-otpletka-cela-evropa/ Fri, 03 Jun 2022 09:35:01 +0000 https://republika.mk/?p=510558

Тоа што го заплетка еден Зоран Заев потпишувајќи го Договорот за пријателство со Бугарија не може да го отплетка цела Европа. Не го отплетка моќната Ангела Меркел, која можеше да го стори тоа, залудна е надежта во Емануел Макрон дека тој ќе го направи тоа. Бугарија само го доплеткува, сѐ нови Гордиеви јазли заврзува, вели Панде Колемишевски во колумна за „Нова Македонија“.

Во Бугарија постои парламентарна партија што го носи називот Има таков народ. Неа ја создал познат телевизиски шоумен. Партијата Има таков народ иако е предводена од комичар, сериозно работи на проект што е антипод на нејзиното име. Работи на проектот „Нема таков народ“, а се однесува на Македонците во Македонија (сега само Северна). Според тој проект, не постојат македонски народ, македонска нација. Поточно нема Македонци, сите што се именуваат како такви се Бугари по род и происход, 11 века наназад сметано од денешниот ден. На таа платформа поставена најнапред од ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов и ГЕРБ на Бојко Борисов застанаа и повеќето партии и оние застапени сега во нивното Национално собрание. Всушност, тие се наследниците на бугарската агресорска политика од 100 и повеќе години наназад. Денешните бугарски партии и лидери се деца на политиката на царот Борис, кој им беше сојузник на Адолф Хитлер и на долгогодишниот комунистички диктатор Тодор Живков, познатиот македономразец.

Здодевно, но нужно е да се повторува што бараат бугарските власти од Македонија. Бараат Македонците да се одречат од нивната целокупна историја, од идентитетот, од јазикот, од писмото, од минатото, од сите дејци и револуционери застапени во македонската политичка и народна меморија. Несреќната реченица за „заедничка историја“ напишана во Договорот за добрососедство и пријателство ја толкуваат догматски, категорички и императивно дека до 1944 година не постоел македонски народ. И дека Македонците треба да го признаат тој факт. Ако не го признаат, до крајот на светот и векот ќе висат на европска гранка.
Бугарските власти се во национална еуфорија дека она што не го постигнале низ три војни ќе го остварат во мир. Во некаков интерес за европската перспектива од Македонците дрско се бара да ги избришат своето минато, своите државотворни, национални, социјални, културни, образовни и други достигнувања. Да ја заборават окупацијата во Втората светска војна, да ги попретаат злоделата направени врз Македонците и Евреите, жртвата да ја изедначат со џелатот. Тој став го држат без отстапки. Можеби звучат поинаку зборовите и постапките на премиерот Кирил Петков, но вистината е дека неговиот вербален егзибиционизам не може да го покрие клучниот негаторски став кон Македонија. Последните настани јасно говорат дека е фатен во клопка од старите политички волци и ништо не може да направи на своја рака.

За разлика од проектот „Нема таков народ“, кој функционира координирано и непрекинато, на другата страна пропаѓа виртуелниот проект на заедничките работни групи за продлабочување на билатералната соработка. Од ден на ден станува сѐ појасно дека тие ја имаа улогата на „ковид-маски“, траеја кратко, само привремено да ја покријат суштината на спорот. Забележливо е дека веќе никој не ја споменува соработката во економијата, енергетиката, финансиите, иновациите, земјоделството, развојот. Голема е нулата во соработката во културата, образованието и науката, туризмот, младите и спортот, таму каде што би било најлесно, најевтино и за јавноста најефектно.
Заборавени се областите што административно се нарекуваат транспорт и врски, инфраструктура, локална самоуправа и меѓугранична соработка, како и областа на информатиката и комуникациите, таму кај што беа гласната пропаганда и големата надеж. Надежта не згасна, но во стварноста нема ништо реализирано, од ништо поништо. Фаќаат ’рѓа шините, се ронат бетонските потпори на утописки планираната железничка пруга Куманово – Софија.

Растат полиња трње на трасата од патот што има име Коридор 8 што во некоја небеска перспектива треба да ги поврзе Бургас во Бугарија и Драч во Албанија. Испрекинати се и поврзувањата со другите патни правци по должината на границата на двете земји. Кај наводниот граничен премин Клепало уште не удрило клепалото. И којзнае дали е на небото авионот од авиолинијата Скопје – Софија и обратно, дали сѐ е останато на првиот и неколкуте други летови на кои бесплатно летаа министри и други административни трабанти.
Шуто ми е, празно ми е од сите проекти, програми и договарања. На бело видело се виде дека од пруга, од коридор и од авиолинија договор не бива, барем не во две земји на Балканот, која од која демократски помизерна, културно понекултурна, економски посиромашна, историски и психолошки пооптоварена. Тие наместо да го отвораат патот, упорно го затвораат. Се удрија на големи ѕвона тие лажливи пропаганди за да се чујат во Европа и веднаш да замолкнат. Европа не замолкна – таа си тера со своето традиционално лицемерство, со ширењето лажни надежи и ветувања за кои и самата знае дека не може да се исполнат. Баш го боли увото Макрон, сигурно немаат мирен сон европските шефови што Македонија нема море.

Во процесот на наводното помирување и спроведување на Договорот за добрососедство и пријателство двете страни го погребаа главниот принцип на медијацијата за мирно решавање на споровите. Ако тој принцип гласи – заборавете го минатото, гледајте во иднината – во случајов меѓу Македонија и Бугарија тој е прегазен како што шлепер прегазува жаба. Зошто? Затоа што многумина и во едната и во другата држава посакуваат „да нема таков народ“. Да нема македонски народ, да се растовари светот од македонскиот историски и национален баласт, од таканареченото македонско прашање, од бурето барут на Балканот.

Бугарските власти сѐ поцврсто наместо да ја подаваат својата, ја виткаат раката на македонската политика. Фаќајќи прст посакуваат да ја земат целата рака. Во такви околности, тешко е да се дојде до решение без услови, односно нема решение. Нема зашто во огнот што се пали, во котелот што врие се прашања што за Бугарите, наводно, значат живот, а за Македонците смрт. Клучот лежи во историјата, идентитетот, јазикот и писмото. Попусто македонските политичари раскинуваат усти тврдејќи дека за нив не се преговара. А вистината е дека нема ништо спорно освен, да повториме, идентитетот, историјата, јазикот и писмото. Значи, ако нив ги има, тогаш таков народ има, ако ги нема, таков народ нема.

Бугарската пропаганда нема да запре да шири лажни вести, извештаи, репортажи, фалсификати за минатото на македонскиот народ. Добар дел од бугарската јавност е свесен дека на тој начин се раѓа незадоволство кај Македонците, но гласовите на разум се задушуваат. Напорот на пропагандата да ја убедат Западна Европа во нивните небулози не им дава плод. Немаат голема поддршка ни од македонските медиуми, освен од неколку портали, од еден-два наводни интелектуалци и новинари поединци, анационално настроени. Бугарската пропагандна и контраразузнавачка машинерија или немаат пари или не сакаат да дадат пари за да заземат поголем простор. Така направија итрите Грците, кои преку данајски дарови илегално потрошија околу 50 милиони долари, поткупија политичари, невладини организации, цели медиумски редакции и новинари поединци и го добија тоа што го сакаа. Ѝ го сменија името на Република Македонија, која од јужна стана Северна со што, меѓу другото, ги наруши географските поими.

The post Колемишевски: Тоа што го заплетка Зоран Заев не може да го отплетка цела Европа appeared first on Република.

]]>

Тоа што го заплетка еден Зоран Заев потпишувајќи го Договорот за пријателство со Бугарија не може да го отплетка цела Европа. Не го отплетка моќната Ангела Меркел, која можеше да го стори тоа, залудна е надежта во Емануел Макрон дека тој ќе го направи тоа. Бугарија само го доплеткува, сѐ нови Гордиеви јазли заврзува, вели Панде Колемишевски во колумна за „Нова Македонија“. Во Бугарија постои парламентарна партија што го носи називот Има таков народ. Неа ја создал познат телевизиски шоумен. Партијата Има таков народ иако е предводена од комичар, сериозно работи на проект што е антипод на нејзиното име. Работи на проектот „Нема таков народ“, а се однесува на Македонците во Македонија (сега само Северна). Според тој проект, не постојат македонски народ, македонска нација. Поточно нема Македонци, сите што се именуваат како такви се Бугари по род и происход, 11 века наназад сметано од денешниот ден. На таа платформа поставена најнапред од ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов и ГЕРБ на Бојко Борисов застанаа и повеќето партии и оние застапени сега во нивното Национално собрание. Всушност, тие се наследниците на бугарската агресорска политика од 100 и повеќе години наназад. Денешните бугарски партии и лидери се деца на политиката на царот Борис, кој им беше сојузник на Адолф Хитлер и на долгогодишниот комунистички диктатор Тодор Живков, познатиот македономразец. Здодевно, но нужно е да се повторува што бараат бугарските власти од Македонија. Бараат Македонците да се одречат од нивната целокупна историја, од идентитетот, од јазикот, од писмото, од минатото, од сите дејци и револуционери застапени во македонската политичка и народна меморија. Несреќната реченица за „заедничка историја“ напишана во Договорот за добрососедство и пријателство ја толкуваат догматски, категорички и императивно дека до 1944 година не постоел македонски народ. И дека Македонците треба да го признаат тој факт. Ако не го признаат, до крајот на светот и векот ќе висат на европска гранка. Бугарските власти се во национална еуфорија дека она што не го постигнале низ три војни ќе го остварат во мир. Во некаков интерес за европската перспектива од Македонците дрско се бара да ги избришат своето минато, своите државотворни, национални, социјални, културни, образовни и други достигнувања. Да ја заборават окупацијата во Втората светска војна, да ги попретаат злоделата направени врз Македонците и Евреите, жртвата да ја изедначат со џелатот. Тој став го држат без отстапки. Можеби звучат поинаку зборовите и постапките на премиерот Кирил Петков, но вистината е дека неговиот вербален егзибиционизам не може да го покрие клучниот негаторски став кон Македонија. Последните настани јасно говорат дека е фатен во клопка од старите политички волци и ништо не може да направи на своја рака. За разлика од проектот „Нема таков народ“, кој функционира координирано и непрекинато, на другата страна пропаѓа виртуелниот проект на заедничките работни групи за продлабочување на билатералната соработка. Од ден на ден станува сѐ појасно дека тие ја имаа улогата на „ковид-маски“, траеја кратко, само привремено да ја покријат суштината на спорот. Забележливо е дека веќе никој не ја споменува соработката во економијата, енергетиката, финансиите, иновациите, земјоделството, развојот. Голема е нулата во соработката во културата, образованието и науката, туризмот, младите и спортот, таму каде што би било најлесно, најевтино и за јавноста најефектно. Заборавени се областите што административно се нарекуваат транспорт и врски, инфраструктура, локална самоуправа и меѓугранична соработка, како и областа на информатиката и комуникациите, таму кај што беа гласната пропаганда и големата надеж. Надежта не згасна, но во стварноста нема ништо реализирано, од ништо поништо. Фаќаат ’рѓа шините, се ронат бетонските потпори на утописки планираната железничка пруга Куманово – Софија. Растат полиња трње на трасата од патот што има име Коридор 8 што во некоја небеска перспектива треба да ги поврзе Бургас во Бугарија и Драч во Албанија. Испрекинати се и поврзувањата со другите патни правци по должината на границата на двете земји. Кај наводниот граничен премин Клепало уште не удрило клепалото. И којзнае дали е на небото авионот од авиолинијата Скопје – Софија и обратно, дали сѐ е останато на првиот и неколкуте други летови на кои бесплатно летаа министри и други административни трабанти. Шуто ми е, празно ми е од сите проекти, програми и договарања. На бело видело се виде дека од пруга, од коридор и од авиолинија договор не бива, барем не во две земји на Балканот, која од која демократски помизерна, културно понекултурна, економски посиромашна, историски и психолошки пооптоварена. Тие наместо да го отвораат патот, упорно го затвораат. Се удрија на големи ѕвона тие лажливи пропаганди за да се чујат во Европа и веднаш да замолкнат. Европа не замолкна – таа си тера со своето традиционално лицемерство, со ширењето лажни надежи и ветувања за кои и самата знае дека не може да се исполнат. Баш го боли увото Макрон, сигурно немаат мирен сон европските шефови што Македонија нема море.
Во процесот на наводното помирување и спроведување на Договорот за добрососедство и пријателство двете страни го погребаа главниот принцип на медијацијата за мирно решавање на споровите. Ако тој принцип гласи – заборавете го минатото, гледајте во иднината – во случајов меѓу Македонија и Бугарија тој е прегазен како што шлепер прегазува жаба. Зошто? Затоа што многумина и во едната и во другата држава посакуваат „да нема таков народ“. Да нема македонски народ, да се растовари светот од македонскиот историски и национален баласт, од таканареченото македонско прашање, од бурето барут на Балканот.
Бугарските власти сѐ поцврсто наместо да ја подаваат својата, ја виткаат раката на македонската политика. Фаќајќи прст посакуваат да ја земат целата рака. Во такви околности, тешко е да се дојде до решение без услови, односно нема решение. Нема зашто во огнот што се пали, во котелот што врие се прашања што за Бугарите, наводно, значат живот, а за Македонците смрт. Клучот лежи во историјата, идентитетот, јазикот и писмото. Попусто македонските политичари раскинуваат усти тврдејќи дека за нив не се преговара. А вистината е дека нема ништо спорно освен, да повториме, идентитетот, историјата, јазикот и писмото. Значи, ако нив ги има, тогаш таков народ има, ако ги нема, таков народ нема. Бугарската пропаганда нема да запре да шири лажни вести, извештаи, репортажи, фалсификати за минатото на македонскиот народ. Добар дел од бугарската јавност е свесен дека на тој начин се раѓа незадоволство кај Македонците, но гласовите на разум се задушуваат. Напорот на пропагандата да ја убедат Западна Европа во нивните небулози не им дава плод. Немаат голема поддршка ни од македонските медиуми, освен од неколку портали, од еден-два наводни интелектуалци и новинари поединци, анационално настроени. Бугарската пропагандна и контраразузнавачка машинерија или немаат пари или не сакаат да дадат пари за да заземат поголем простор. Така направија итрите Грците, кои преку данајски дарови илегално потрошија околу 50 милиони долари, поткупија политичари, невладини организации, цели медиумски редакции и новинари поединци и го добија тоа што го сакаа. Ѝ го сменија името на Република Македонија, која од јужна стана Северна со што, меѓу другото, ги наруши географските поими.

The post Колемишевски: Тоа што го заплетка Зоран Заев не може да го отплетка цела Европа appeared first on Република.

]]>
Колемишевски: СДСМ треба да им се извини на Македонците за свесно сторените (не)дела https://republika.mk/vesti/makedonija/kolemishevski-sdsm-treba-da-im-se-izvini-na-makedoncite-za-svesno-storenite-ne-dela/ Fri, 29 Apr 2022 14:39:04 +0000 https://republika.mk/?p=495319

Дека славеничката торта не мора секогаш да ја засладува душата покажа одбележувањето на 31-годишнината од формирањето на Социјалдемократскиот сојуз на Република (денес Северна) Македонија. Партијата што сѐ уште формално се води под акронимот СДСМ се гостеше во име на денот кога од СКМ – ПДП стана СДСМ, кога беше сменет Петар Гошев, а нов лидер стана Бранко Црвенковски, пишува Панде Колемишевски во својата колумна за „Нова Македонија“.

Ден кога преку внатрешна реорганизација и комсомолска кадровска реконструкција старата партија доби ново општествено лице и ја промовираше социјалдемократијата како примарна идеологија на местото на социјализмот и комунизмот. Време кога Македонија сѐ уште трепереше под налетот на извесноста за пропаѓањето на Југославија и неизвесноста за самостојност во која било форма.

Оние што пред неколку дена јадеа од слаткиот колач сигурно не пијат од изворот што го ископаа основачите пред 31 година. Тој првороден кладенец одамна е затрупан со земја. СДСМ денес е далеку од него мерено со милји, далеку од идеалите, очекувањата и надежите.

Нема никакво сомневање дека СДСМ и како владејачка партија и како опозиција дала придонес за осамостојувањето и за државотворноста. Тој придонес се огледа и во доградбата на старите и во оформување нови национални институции, во какво-такво справување со актуелните финансиски кризи предизвикувани од долготрајната транзиција нагризена со неправедната приватизација, затворањето на фабриките и големата безработица од тие причини.

Во листата на успесите, со сите критички забелешки, секако се вбројува посакуваното приближување до Европската Унија и, секако, приемот во НАТО, несомнен политички државен дострел. Иако за тој чин Македонија скапо плати, а не доби речиси ништо конкретно. Под тоа конкретно не се подразбираат подарените стари, неупотребливи САД-хаубици, туку долари и евра за нужен развој, кои не стигнуваат на македонска адреса.

Но што се крие друго, што посуштински се прикрива зад таа, наводно, успешна фасада?
Ако некаде, ако во нешто потфрли Социјалдемократскиот сојуз, тоа е што клекна на колена по македонското прашање, по обезбедување стабилна историска иднина на македонскиот народ.

По тој „вопрос“ го урниса аманетот на претходните генерации, го доведе на раб на историски и научен опстанок сето она што Македонците го стекнале низ борба, со крв и жртви. Сѐ пораширено е мислењето дека колку што СДСМ станува проевропска партија, толку помалку е македонска. Би бил претеран изразот „антимакедонска“, но нејзината политика во последните години дава основа и за тоа претерување. Колку што се ближи кон Европа, толку ја заборава сопствената земја.

По потпишувањето на Спогодбата со Грција и промената на името на државата, особено по тотално погрешно прифатениот Договор за пријателство со Бугарија, Македонија не е истата држава. Не е подобра, како што би се очекувало по такви „мировни“ договори, како што се случувало со сите држави во светот. Не само во домашните туку и во меѓународните односи, Македонија е во полоша позиција од претходно, за жал. Уставно крајно нејасна и искомплицирана, национално разнебитена, меѓунационално и режимски хибридна, јазично неразјаснета, пописно сомнителна, економски заостаната, социјално сиромашна, кадровски опустена.

На надворешен план недоволно сфатена, изигрувана, притиснувана, излажувана, понижувана. Оставена пред затворени врати за прием во ЕУ, уште не стигнала да има канцеларија барем до тоалетот, што би се рекло фигуративно.

Како што се менуваа лидерите на СДСМ така партијата се оддалечуваше од изворните, оригинални идеи, од замислите и идеалите каква треба да биде Македонија во услови на самостојност.

Од програма до програма – убави и големи зборови, а мали дела и грди постапки. Од лидер до лидер сѐ подолу и подолу, на ниски скали, а со ниски страсти. Сите што биле предводници имаат улога и удел во падот – од Бранко, преку Бучко, до Радмила и Заев.


Целата колумна ТУКА

The post Колемишевски: СДСМ треба да им се извини на Македонците за свесно сторените (не)дела appeared first on Република.

]]>

Дека славеничката торта не мора секогаш да ја засладува душата покажа одбележувањето на 31-годишнината од формирањето на Социјалдемократскиот сојуз на Република (денес Северна) Македонија. Партијата што сѐ уште формално се води под акронимот СДСМ се гостеше во име на денот кога од СКМ – ПДП стана СДСМ, кога беше сменет Петар Гошев, а нов лидер стана Бранко Црвенковски, пишува Панде Колемишевски во својата колумна за „Нова Македонија“. Ден кога преку внатрешна реорганизација и комсомолска кадровска реконструкција старата партија доби ново општествено лице и ја промовираше социјалдемократијата како примарна идеологија на местото на социјализмот и комунизмот. Време кога Македонија сѐ уште трепереше под налетот на извесноста за пропаѓањето на Југославија и неизвесноста за самостојност во која било форма. Оние што пред неколку дена јадеа од слаткиот колач сигурно не пијат од изворот што го ископаа основачите пред 31 година. Тој првороден кладенец одамна е затрупан со земја. СДСМ денес е далеку од него мерено со милји, далеку од идеалите, очекувањата и надежите. Нема никакво сомневање дека СДСМ и како владејачка партија и како опозиција дала придонес за осамостојувањето и за државотворноста. Тој придонес се огледа и во доградбата на старите и во оформување нови национални институции, во какво-такво справување со актуелните финансиски кризи предизвикувани од долготрајната транзиција нагризена со неправедната приватизација, затворањето на фабриките и големата безработица од тие причини. Во листата на успесите, со сите критички забелешки, секако се вбројува посакуваното приближување до Европската Унија и, секако, приемот во НАТО, несомнен политички државен дострел. Иако за тој чин Македонија скапо плати, а не доби речиси ништо конкретно. Под тоа конкретно не се подразбираат подарените стари, неупотребливи САД-хаубици, туку долари и евра за нужен развој, кои не стигнуваат на македонска адреса. Но што се крие друго, што посуштински се прикрива зад таа, наводно, успешна фасада? Ако некаде, ако во нешто потфрли Социјалдемократскиот сојуз, тоа е што клекна на колена по македонското прашање, по обезбедување стабилна историска иднина на македонскиот народ. По тој „вопрос“ го урниса аманетот на претходните генерации, го доведе на раб на историски и научен опстанок сето она што Македонците го стекнале низ борба, со крв и жртви. Сѐ пораширено е мислењето дека колку што СДСМ станува проевропска партија, толку помалку е македонска. Би бил претеран изразот „антимакедонска“, но нејзината политика во последните години дава основа и за тоа претерување. Колку што се ближи кон Европа, толку ја заборава сопствената земја. По потпишувањето на Спогодбата со Грција и промената на името на државата, особено по тотално погрешно прифатениот Договор за пријателство со Бугарија, Македонија не е истата држава. Не е подобра, како што би се очекувало по такви „мировни“ договори, како што се случувало со сите држави во светот. Не само во домашните туку и во меѓународните односи, Македонија е во полоша позиција од претходно, за жал. Уставно крајно нејасна и искомплицирана, национално разнебитена, меѓунационално и режимски хибридна, јазично неразјаснета, пописно сомнителна, економски заостаната, социјално сиромашна, кадровски опустена. На надворешен план недоволно сфатена, изигрувана, притиснувана, излажувана, понижувана. Оставена пред затворени врати за прием во ЕУ, уште не стигнала да има канцеларија барем до тоалетот, што би се рекло фигуративно. Како што се менуваа лидерите на СДСМ така партијата се оддалечуваше од изворните, оригинални идеи, од замислите и идеалите каква треба да биде Македонија во услови на самостојност. Од програма до програма – убави и големи зборови, а мали дела и грди постапки. Од лидер до лидер сѐ подолу и подолу, на ниски скали, а со ниски страсти. Сите што биле предводници имаат улога и удел во падот – од Бранко, преку Бучко, до Радмила и Заев.
Целата колумна ТУКА

The post Колемишевски: СДСМ треба да им се извини на Македонците за свесно сторените (не)дела appeared first on Република.

]]>
Колемишевски: Кој и зошто е против нов договор со Бугарија? https://republika.mk/vesti/makedonija/kolemishevski-koj-i-zoshto-e-protiv-nov-dogovor-so-bugarija/ Wed, 06 Apr 2022 12:42:28 +0000 https://republika.mk/?p=484032

Несомнено дека новите премиери во двете земји се инсталирани да најдат некое формално компромисно решение, кое во практика не мора ништо да значи, но би било оценето како успех на преговарачите, а особено на Европската Унија, која тоне во конфузност и збунетост по прашањето за Македонија, пишува во својата последна колумна новинарот и поранешен директор на „Нова Македонија“, Панде Колемишевски, коментирајќи го новиот „оптимизам“ за преговорите со Бугарија.

Врие нешто покрупно во црниот зачаден котел на македонско-бугарските односи. Мора огнот да е засилен штом од зовриената вода на површина се појавуваат и тајните служби и нивните агенти. Тие се најчестите агенси, првите петли што најавуваат дека некаде ќе се води војна или ќе се склопува мир.
„Државна агенција за национална сигурност (ДАНС) на Бугарија истражува ’многу сериозна руска шпионска дијаспора во Бугарија, која работи на многу различни интереси‘, изјави некни бугарскиот премиер Кирил Петков. „Некои од работите што ми ги пријавија се дека има руски агенти што работеле против нашите односи на разбирање со Македонија и дека нема европска иднина за Западен Балкан“, додаде тој. Претходно Специјалното обвинителство и ДАНС повеле истрага за шпионските врски, но сѐ уште нема информации за тоа, пишува Колемишевски.

Целата колумна на „Нова Македонија

The post Колемишевски: Кој и зошто е против нов договор со Бугарија? appeared first on Република.

]]>

Несомнено дека новите премиери во двете земји се инсталирани да најдат некое формално компромисно решение, кое во практика не мора ништо да значи, но би било оценето како успех на преговарачите, а особено на Европската Унија, која тоне во конфузност и збунетост по прашањето за Македонија, пишува во својата последна колумна новинарот и поранешен директор на „Нова Македонија“, Панде Колемишевски, коментирајќи го новиот „оптимизам“ за преговорите со Бугарија.
Врие нешто покрупно во црниот зачаден котел на македонско-бугарските односи. Мора огнот да е засилен штом од зовриената вода на површина се појавуваат и тајните служби и нивните агенти. Тие се најчестите агенси, првите петли што најавуваат дека некаде ќе се води војна или ќе се склопува мир. „Државна агенција за национална сигурност (ДАНС) на Бугарија истражува ’многу сериозна руска шпионска дијаспора во Бугарија, која работи на многу различни интереси‘, изјави некни бугарскиот премиер Кирил Петков. „Некои од работите што ми ги пријавија се дека има руски агенти што работеле против нашите односи на разбирање со Македонија и дека нема европска иднина за Западен Балкан“, додаде тој. Претходно Специјалното обвинителство и ДАНС повеле истрага за шпионските врски, но сѐ уште нема информации за тоа, пишува Колемишевски.
Целата колумна на „Нова Македонија

The post Колемишевски: Кој и зошто е против нов договор со Бугарија? appeared first on Република.

]]>