Несомнено дека новите премиери во двете земји се инсталирани да најдат некое формално компромисно решение, кое во практика не мора ништо да значи, но би било оценето како успех на преговарачите, а особено на Европската Унија, која тоне во конфузност и збунетост по прашањето за Македонија, пишува во својата последна колумна новинарот и поранешен директор на „Нова Македонија“, Панде Колемишевски, коментирајќи го новиот „оптимизам“ за преговорите со Бугарија.

Врие нешто покрупно во црниот зачаден котел на македонско-бугарските односи. Мора огнот да е засилен штом од зовриената вода на површина се појавуваат и тајните служби и нивните агенти. Тие се најчестите агенси, првите петли што најавуваат дека некаде ќе се води војна или ќе се склопува мир.
„Државна агенција за национална сигурност (ДАНС) на Бугарија истражува ’многу сериозна руска шпионска дијаспора во Бугарија, која работи на многу различни интереси‘, изјави некни бугарскиот премиер Кирил Петков. „Некои од работите што ми ги пријавија се дека има руски агенти што работеле против нашите односи на разбирање со Македонија и дека нема европска иднина за Западен Балкан“, додаде тој. Претходно Специјалното обвинителство и ДАНС повеле истрага за шпионските врски, но сѐ уште нема информации за тоа, пишува Колемишевски.

Целата колумна на „Нова Македонија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.