ОУ „Киро Глигоров“ Archives - Република https://republika.mk/tema/ou-kiro-gligorov/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 10:54:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ОУ „Киро Глигоров“ Archives - Република https://republika.mk/tema/ou-kiro-gligorov/ 32 32 Откриена биста на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров https://republika.mk/vesti/skopje/otkriena-bista-na-prviot-pretsedatel-na-makedonija-kiro-gligorov/ Wed, 09 Oct 2024 10:54:29 +0000 https://republika.mk/?p=824593

Денеска во дворот на основното училиште „Киро Глигоров“ во Скопје беше откриена биста на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.

Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар каде се наоѓа училиштето, ја објави веста на социјалните мрежи.

„Голема чест е да се открие биста на првиот македонски претседател Киро Глигоров токму во нашето центарско училиште кое го носи неговото големо име. Оваа биста, за нас Центарци е многу повеќе од обичен споменик. Таа е потсетник дека сме на вистинскиот пат. На патот кој го трасираше Киро Глигоров.

Убеден сум дека претседателот Глигоров би се гордеел со ова модерно и современо училиште. Нашите деца заслужуваат вакви училишта со највисоки стандарди, рамо до рамо со европските, а сепак наши автентични македонски.

Сега, кога живееме во слободна, самостојна и назависна Македонија, имаме одговорност и обврска да го зачуваме тоа што е со мака стекнато. Да бидеме разумни и мудри, по примерот на Глигоров. Да мислиме на нашите млади, да ја градиме нашата иднина преку вложувања во образованието и напредокот, бидејќи само така ќе имаме држава што е за почит.

Цврсто верувам дека овие млади луѓе кои се овде со нас ќе ја остварат визијата на Глигоров за успешна и просперитетна Македонија, затоа да им помогнеме да го продолжат неговото дело“, напиша Герасимовски.

The post Откриена биста на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров appeared first on Република.

]]>

Денеска во дворот на основното училиште „Киро Глигоров“ во Скопје беше откриена биста на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров. Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар каде се наоѓа училиштето, ја објави веста на социјалните мрежи.
„Голема чест е да се открие биста на првиот македонски претседател Киро Глигоров токму во нашето центарско училиште кое го носи неговото големо име. Оваа биста, за нас Центарци е многу повеќе од обичен споменик. Таа е потсетник дека сме на вистинскиот пат. На патот кој го трасираше Киро Глигоров. Убеден сум дека претседателот Глигоров би се гордеел со ова модерно и современо училиште. Нашите деца заслужуваат вакви училишта со највисоки стандарди, рамо до рамо со европските, а сепак наши автентични македонски. Сега, кога живееме во слободна, самостојна и назависна Македонија, имаме одговорност и обврска да го зачуваме тоа што е со мака стекнато. Да бидеме разумни и мудри, по примерот на Глигоров. Да мислиме на нашите млади, да ја градиме нашата иднина преку вложувања во образованието и напредокот, бидејќи само така ќе имаме држава што е за почит. Цврсто верувам дека овие млади луѓе кои се овде со нас ќе ја остварат визијата на Глигоров за успешна и просперитетна Македонија, затоа да им помогнеме да го продолжат неговото дело“, напиша Герасимовски.

The post Откриена биста на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров appeared first on Република.

]]>
Поставени 720 фотоволтаични панели на покривот на ООУ „Киро Глигоров“ https://republika.mk/vesti/skopje/postaveni-720-fotovoltaichni-paneli-na-pokrivot-na-oou-kiro-gligorov/ Mon, 23 Sep 2024 08:55:55 +0000 https://republika.mk/?p=818902

На кровната површина се поставени 720 панели со максимална инсталирана моќност од 396,00 Kw (киловати) за производство на електрична енергија. Нивниот приклучок се очекува наскоро, а градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека целиот процес за набавка и инсталирање на фотоволтаичната централа е од општинскиот буџет и е во висина од 7.3 милиони денари.

„Според истражувањата на пазарот, за реализирање на оваа инвестиција од општинскиот буџет првично планиравме 18 милиони денари, ама на Јавната аукција цената се симна на 7.3 милиони денари. Со поставувањето на оваа фотоволтаична централа ние очекуваме значително да се намалат вкупните трошоци за електрична енергија, што нам како локална самоуправа ќе ни овозможи да вложиме повеќе средства во одржување на високиот квалитет на услугите за образование на децата, потенцира Герасимовски.

Минатата година Општина Центар по само неколку месеци од основањето на трговското друштво за производство и продажба на „Енергија Центар“ ја постави првата фотоволтаична централа на кровот на градинката „Пепелашка“.

The post Поставени 720 фотоволтаични панели на покривот на ООУ „Киро Глигоров“ appeared first on Република.

Миа Костова: Ќе признаете, не сме живееле во полошо време со комплетно сакато раководство https://republika.mk/vesti/makedonija/mia-kostova-kje-priznaete-ne-sme-ziveele-vo-polosho-vreme-so-kompletno-sakato-rakovodstvo/ Thu, 15 Dec 2022 12:05:03 +0000 https://republika.mk/?p=585940

Ќе признаете, не сме живееле во полошо време со раководство не со две леви раце, него комплетно сакато, коментира Миа Костова, по новите дојави за бомби, овојпат и во ОУ „Крио Глигоров“ во Центар, каде што оди и нејзиниот син.

https://republika.mk/vesti/skopje/ispanicheni-dechinjata-od-brakja-miladinovci-otkako-so-alarmi-se-vadele-preku-prozorci-po-dojavata-za-bomba/

Дојава за бомба и во Киро Глигоров. Мене искрено не ми е воопшто пријатно да го пуштам на училиште. На оваа неспособност од институции во кои се бараат дојавувачи 3 месеца мислам дека е таман еден ден да рокне стварно додека се смееме дека е само заплашување и ни е нормално да има по 10 дојави денот. Па можеме сега пак да си живееме во страв место од корона од бомби. Инаку децата воопшто наивно не го сфаќаат ова па се трауматизираат. Па пак да се стаиме малце онлајн дека и онака ги унаказивме две години па сеа за уште една не е проблем. Ќе признаете, не сме живееле во полошо време со раководство не со две леви раце, него комплетно сакато, вели таа.

The post Миа Костова: Ќе признаете, не сме живееле во полошо време со комплетно сакато раководство appeared first on Република.

]]>

Ќе признаете, не сме живееле во полошо време со раководство не со две леви раце, него комплетно сакато, коментира Миа Костова, по новите дојави за бомби, овојпат и во ОУ „Крио Глигоров“ во Центар, каде што оди и нејзиниот син. https://republika.mk/vesti/skopje/ispanicheni-dechinjata-od-brakja-miladinovci-otkako-so-alarmi-se-vadele-preku-prozorci-po-dojavata-za-bomba/
Дојава за бомба и во Киро Глигоров. Мене искрено не ми е воопшто пријатно да го пуштам на училиште. На оваа неспособност од институции во кои се бараат дојавувачи 3 месеца мислам дека е таман еден ден да рокне стварно додека се смееме дека е само заплашување и ни е нормално да има по 10 дојави денот. Па можеме сега пак да си живееме во страв место од корона од бомби. Инаку децата воопшто наивно не го сфаќаат ова па се трауматизираат. Па пак да се стаиме малце онлајн дека и онака ги унаказивме две години па сеа за уште една не е проблем. Ќе признаете, не сме живееле во полошо време со раководство не со две леви раце, него комплетно сакато, вели таа.

The post Миа Костова: Ќе признаете, не сме живееле во полошо време со комплетно сакато раководство appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Фудбалското игралиште во ООУ „Киро Глигоров“ нема да се дава под закуп https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-fudbalskoto-igralishte-vo-oou-kiro-gligorov-nema-da-se-dava-pod-zakup/ Mon, 30 May 2022 12:39:11 +0000 https://republika.mk/?p=508772

Фудбалското игралиште во училишниот двор на ООУ „Киро Глигоров“, кое училиштето со договор го отстапи на користење на приватна компанија, ќе остане во постојната состојба и нема да се дава под закуп.

Овој заклучок произлезе од денешната средба помеѓу градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставниците на компанијата која го имаше склучено договорот за отстапување на користење на игралиштето.

Иако постапката за отстапување на фудбалското игралиште од страна на училиштето е целосно законска и преземени се сите неопходни чекори за склучување на договорот, игралиштето нема да се дава под закуп.

„По одржаните состаноци и во консултација со органите на училиштето и закупецот на просторот, заеднички одлучивме игралиштето да го задржиме во постојната состојба, односно да се раскине договорот и да биде отворено цело време за да може децата слободно да го користат“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Мојата идеја, изјави Герасимовски, е да помогнеме и да најдеме решение за состојбите со зголемените режиски трошоци, но сепак примарен интерес е да овозможиме среќно детство и непречено користење на игралиштето на децата кои посетуваат настава во најубавото училиште во државата, гордоста на Општина Центар - ООУ „Киро Глигоров“.

Градоначалникот додаде дека децата и нивната добросостојба се секогаш на прво место, а Општина Центар и во иднина ќе продолжи да обезбедува најдобри услови за настава и правилен развој на сите деца кои живеат во општината.

The post Герасимовски: Фудбалското игралиште во ООУ „Киро Глигоров“ нема да се дава под закуп appeared first on Република.

]]>

Фудбалското игралиште во училишниот двор на ООУ „Киро Глигоров“, кое училиштето со договор го отстапи на користење на приватна компанија, ќе остане во постојната состојба и нема да се дава под закуп. Овој заклучок произлезе од денешната средба помеѓу градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставниците на компанијата која го имаше склучено договорот за отстапување на користење на игралиштето. Иако постапката за отстапување на фудбалското игралиште од страна на училиштето е целосно законска и преземени се сите неопходни чекори за склучување на договорот, игралиштето нема да се дава под закуп.
„По одржаните состаноци и во консултација со органите на училиштето и закупецот на просторот, заеднички одлучивме игралиштето да го задржиме во постојната состојба, односно да се раскине договорот и да биде отворено цело време за да може децата слободно да го користат“, изјави градоначалникот Герасимовски.
Мојата идеја, изјави Герасимовски, е да помогнеме и да најдеме решение за состојбите со зголемените режиски трошоци, но сепак примарен интерес е да овозможиме среќно детство и непречено користење на игралиштето на децата кои посетуваат настава во најубавото училиште во државата, гордоста на Општина Центар - ООУ „Киро Глигоров“. Градоначалникот додаде дека децата и нивната добросостојба се секогаш на прво место, а Општина Центар и во иднина ќе продолжи да обезбедува најдобри услови за настава и правилен развој на сите деца кои живеат во општината.

The post Герасимовски: Фудбалското игралиште во ООУ „Киро Глигоров“ нема да се дава под закуп appeared first on Република.

]]>
ОУ „Киро Глигоров“: Бетонското игралиште ќе биде изнајмено само на неколку часа https://republika.mk/vesti/skopje/ou-kiro-gligorov-betonskoto-igralishte-kje-bide-iznajmeno-samo-na-nekolku-chasa/ Mon, 09 May 2022 13:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=499982

ООУ „ Киро Глигоров“ Центар, Скопје во целост ги демантира информациите кои се поврзани со постапката за отстапување на користење на бетонското фудбалско игралиште во дворот на училиштето.

Потенцираме дека на бетонското фудбалско игралиште ќе нема поставување на никаков придружен објект, кој ќе се користи за други намени, како што дел од медиумите известија. Изнајмувањето на игралиштето е предвидено само по неколку часа во работни денови и само на фудбалското игралиште, додека останатиот дел од училишниот двор останува отворен за децата и за родителите – се вели во реакцијата од училиштето.

Појаснуваат дека целокупната постапка околу избор на правно лице кое ќе го користи просторот бетонско фудбалско игралиште е спроведена целосно во согласност на законите. По претходно запознавање, донесена е Одлука од страна на Училишниот одбор, составен од три претставници од Совет на родители, три претставници од Наставнички совет и еден претставник од локалната самоуправа. Дадена е Согласност од претходниот градоначалник Саша Богдановиќ на 25.5.2021, по основ на Одлука за давање на користење на училиштен простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина Центар, донесена од Советот на Општина Центар.

ООУ „Киро Глигоров“ останува отворено за разговор со сите засегнати страни, со единствена цел – изнаоѓање на трајно решение кое нема да наштети на ниедна страна.

Инаку, вчера родителите излегоа на протест пред училиштето и обвинуваа дека бетонското игралиште во склоп на училишниот двор му е дадено на користење на привартен концесионер „Форца“, кој, според нив, планира да го загради игралиштето со шестметарска ограда, а наводно планирана е и изградба на кафуле.

The post ОУ „Киро Глигоров“: Бетонското игралиште ќе биде изнајмено само на неколку часа appeared first on Република.