ОУ Ѓоргија Пулевски Archives - Република https://republika.mk/tema/ou-gjorgija-pulevski/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 12:11:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ОУ Ѓоргија Пулевски Archives - Република https://republika.mk/tema/ou-gjorgija-pulevski/ 32 32 Андоновска: Стафилококус ауреус и ентеротоксин во бомбици послужени во „Ѓорѓија Пулевски“ https://republika.mk/vesti/skopje/andonovska-stafilokokus-aureus-i-enterotoksin-vo-bombitsi-posluzheni-vo-gorgija-pulevski/ Tue, 01 Oct 2024 12:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=821418

Од мострите храна земени од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, од испитуваниот примерок – бомбици, најдено е стафилококус ауреус и ентеротоксин, информираше попладнево директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска.

– На 27 септември, ИЈЗ доби телефонска дојава од страна на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), за постоење сомнеж за труење во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром. Екипи од ИЈЗ, составени од тим од епидемиолог од Одделот за епидемиологија, лаборант од Одделот за микробиологија, веднаш излегоа на терен и беа земени мостри, четири брисови од работни површини и садови, како и мостри од оброците подготвени и послужени во кујната. Исто така, беа земени примероци од четири вработени во кујната од раце, нос и грло. ИЈЗ работеше и сабота и недела за да можеме да бидеме брзи и да дадеме релевантни резултати, нагласи Андоновска.

По добиените резултати, таа била информирана од страна на микробиолозите, дека од мострите храна, од испитуваниот примерок – бомбици, најдено е стафилококус ауреус и ентеротоксин позитивен, од сите брисови што се земени од површините и од садовите, само на еден сад било најдено зголемен број аеробни меозфилни бактерии што, нагласи Андоновска, укажуваат на нехигиенски услови.

– Брисевите од раце на сите вработени ги задоволуваат хигиенските стандарди. Брисевите од грло и нос на вработените се негативни. По добиените резултати, ИЈЗ ги препрати веднаш овие резултати, согласно законските позитивни процедури, до Министерството за здравство (МЗ), Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), подвлече Андоновска.

The post Андоновска: Стафилококус ауреус и ентеротоксин во бомбици послужени во „Ѓорѓија Пулевски“ appeared first on Република.

]]>

ИЈЗ: Токсини од стафилококус најдени во примероци во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ https://republika.mk/vesti/skopje/ijz-toksini-od-stafilokokus-najdeni-vo-primerotsi-vo-ou-gorgija-pulevski/ Mon, 30 Sep 2024 19:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=821173

Институтот за јавно здравје за „Канал 5“ потврдил дека токсини од бактеријата стафилокока биле пронајдени во колачиња послужени во скопското основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“.

Околу 140 деца од прво до трето одделение се пожалиле на стомачни тегоби и други симптоми на труење откако на 26 септември јаделе мусака и бомбици во училиштето во населбата Аеродром.

За состојбата родителите ги известиле директорот и наставниците, по што е затворена кујната во училиштето и оттогаш не се служеше топол оброк.

Од ИЈЗ сега потврдуваат дека во храната послужена на учениците биле пронајдени трагови на присуство на опасните бактерии.

The post ИЈЗ: Токсини од стафилококус најдени во примероци во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје за „Канал 5“ потврдил дека токсини од бактеријата стафилокока биле пронајдени во колачиња послужени во скопското основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“. Околу 140 деца од прво до трето одделение се пожалиле на стомачни тегоби и други симптоми на труење откако на 26 септември јаделе мусака и бомбици во училиштето во населбата Аеродром. За состојбата родителите ги известиле директорот и наставниците, по што е затворена кујната во училиштето и оттогаш не се служеше топол оброк. Од ИЈЗ сега потврдуваат дека во храната послужена на учениците биле пронајдени трагови на присуство на опасните бактерии.

The post ИЈЗ: Токсини од стафилококус најдени во примероци во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ appeared first on Република.

]]>
Сомнеж за труење со храна во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром https://republika.mk/vesti/skopje/somnezh-za-truene-so-hrana-vo-osnovnoto-uchilishte-gorgija-pulevski-vo-skopskata-opshtina-aerodrom/ Fri, 27 Sep 2024 11:35:44 +0000 https://republika.mk/?p=820239

Ученици од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром се пожалиле на стомачни тегоби, дијареа и повраќање.

Дел од медиумите наведоа дека привремено е затворена кујната каде се приготвува храната.

Директорот на училиштето Александар Филипчев во изјава за Телма вели дека во интерес на заштита на децата денеска топол оброк не се служи во кујната.

Од Институтот за јавно здравје засега нема одговор.

The post Сомнеж за труење со храна во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром appeared first on Република.

]]>

Ученици од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром се пожалиле на стомачни тегоби, дијареа и повраќање. Дел од медиумите наведоа дека привремено е затворена кујната каде се приготвува храната. Директорот на училиштето Александар Филипчев во изјава за Телма вели дека во интерес на заштита на децата денеска топол оброк не се служи во кујната. Од Институтот за јавно здравје засега нема одговор.  

The post Сомнеж за труење со храна во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром appeared first on Република.

]]>
Муцунски: 100.000 евра инвестиција во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“, во септември Аеродром ќе добие нова градинка, а ќе се изградат и уште две https://republika.mk/vesti/skopje/mucunski-100-000-evra-investicija-vo-uchilishteto-gjorgjija-pulevski-vo-septemvri-aerodrom-kje-dobie-nova-gradinka-a-kje-se-izgradat-i-ushte-dve/ Fri, 15 Apr 2022 12:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=488985

Во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром моментов се изведуваат работи со инвестиција на над 100.000 евра во средување на дворот во основното училиште и спортската и рекреативна инфраструктура која што е опфатена со истото, изјави денеска градоначалникот на општината Тимчо Муцунски.

Денеска заедно со претседателот на Советот на Општина Аеродром, Дејан Митески сме тука пред основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ каде што во моментов се изведуваат работи со инвестиција на над 100.000 евра во средување на дворот во основното училиште и спортската и рекреативна инфраструктура која што е опфатена со истото, изјави Муцунски.

Муцунски додаде дека исто така се работи и во основните училишта во општината „Блаже Конески“ и „Гоце Делчев“.

Во истиот момент се има градежни работи во основното училиште „Блаже Конески“, таму има целосна промена на фасадата. При крај се работите поврзани со проект за проширување и реконструкција на истото училиште на „Блаже Конески“. И наскоро таму ќе почнеме со работа. Инвестициите во образовната инфраструктура исто така продолжуваат и кај основното училиште „Гоце Делчев“ каде што ќе има проширување на капацитетите и реконструкција на училиштето, додаде Муцунски.

Во делот на инфраструктурата отпочнати се радежни работи на повеќе километри на улици во општината.

Во делот на инфраструктурата сакаме да најавиме дека се отпочнати градежни работи во населба Лисиче, во општина Аеродром на повеќе километри улици кои што треба да се изградат. Така да работиме на сериозни инфраструктурни подобрувања, истакна Муцунски.

Тој меѓудругото најави дека од месец септември ќе започне со работа и нова градинка, а во летниот период се очекува да започнат градежните работи на уште две детски градинки.

Во месец септември очекуваме да отпочне со работа нова градинка. После летниот период да отпочнеме со градежни работи на најмалку две нови градинки. Што значи дека приоритетот ни е пред се образовната инфраструктура, уличната инфраструктура, инфраструктурата поврзана со рекреацијата. Наскоро почнуваме со работа и на три нови детски игралишта, Стар Аеродром, Реонски центар, Ново Лисиче. Така да работиме сериозно, посветено, многу инвестиции во општина Аеродром кои што некои се тековни, некои наскоро почнуваме со работи кога ќе бидат создадени услови согласно соодветните процедури, посочи Муцунски.

Муцунски на крај ги повика скопјани на вечерашниот натпревар на МЗТ – Скопје од полуфиналето во АБА 2 лигата.

На крај, би сакал да кажам дека се радувавме на победата на МЗТ – Скопје во првиот наптпревар од АБА 2 турнирот, вечерва во 21 часот е полуфинале. Така да не само аеродромци, туку сите скопјани ги очекуваме на натпреварот, да навиваме за МЗТ – Скопје, бидејќи очекуваме да го добие своето заслужено место и повторно да се врати во АБА 1 лигата, рече Муцунски.

The post Муцунски: 100.000 евра инвестиција во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“, во септември Аеродром ќе добие нова градинка, а ќе се изградат и уште две appeared first on Република.

]]>

Во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром моментов се изведуваат работи со инвестиција на над 100.000 евра во средување на дворот во основното училиште и спортската и рекреативна инфраструктура која што е опфатена со истото, изјави денеска градоначалникот на општината Тимчо Муцунски.
Денеска заедно со претседателот на Советот на Општина Аеродром, Дејан Митески сме тука пред основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ каде што во моментов се изведуваат работи со инвестиција на над 100.000 евра во средување на дворот во основното училиште и спортската и рекреативна инфраструктура која што е опфатена со истото, изјави Муцунски.
Муцунски додаде дека исто така се работи и во основните училишта во општината „Блаже Конески“ и „Гоце Делчев“. Во истиот момент се има градежни работи во основното училиште „Блаже Конески“, таму има целосна промена на фасадата. При крај се работите поврзани со проект за проширување и реконструкција на истото училиште на „Блаже Конески“. И наскоро таму ќе почнеме со работа. Инвестициите во образовната инфраструктура исто така продолжуваат и кај основното училиште „Гоце Делчев“ каде што ќе има проширување на капацитетите и реконструкција на училиштето, додаде Муцунски.
Во делот на инфраструктурата отпочнати се радежни работи на повеќе километри на улици во општината. Во делот на инфраструктурата сакаме да најавиме дека се отпочнати градежни работи во населба Лисиче, во општина Аеродром на повеќе километри улици кои што треба да се изградат. Така да работиме на сериозни инфраструктурни подобрувања, истакна Муцунски.