отштета Archives - Република https://republika.mk/tema/otshteta/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Aug 2023 17:25:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отштета Archives - Република https://republika.mk/tema/otshteta/ 32 32 Меѓународни арбитражи може да ја чинат Македонија над 1,3 милијарди евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/megunarodni-arbitrazhi-mozhe-da-ja-chinat-makedonija-nad-1-3-milijardi-evra/ Fri, 25 Aug 2023 19:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=675852

Две нови меѓународни арбитражни постапки против Македонија. Последни кои ја тужат државата се албанската групација „Амадеус Груп“ за прекинувањето на проектот „Шпански скали“ на скопскиот плоштад и италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“ која беше избрана за концесионер на Дрисла, но потоа тендерот беше поништен.

Вицепремиерот Битиќи вели дека албанската „Амадеус Груп“ за „Шпански скали“ бара отштета од 110 милиони долари. За овој проект се води и судски процес.

https://republika.mk/vesti/makedonija/albanska-grupatsija-ja-tuzhi-makedonija-bara-otshteta-od-110-milioni-dolari/

„ФЦЛ Амбиенте“, пак, беше избрана за концесионер на Дрисла во време кога градоначалник беше Коце Трајановски, но по неколку тужби пред управните судови, тендерот беше поништен во 2019 година. Компанијата сè уште не навела колку отштета бара.

Битиќи вели дека државата има аргументи, а најсилниот е тоа што граѓаните биле против овие проекти.

Ниту еден функционер досега нема понесено одговорност за своите постапки со кои државата била доведена во позиција да плаќа отштети. Битиќи вели дека мора да има лична одговорност. По завршување на секоја постапка која се води пред меѓународен суд целото досие Владата го доставувала до Јавното обвинителство, кое понатаму треба да постапува.

Во моментов се водат 5 постапки против државата, а доколку Македонија ги загуби случаите, тоа ќе нè чини 1,3 милијарди евра.

The post Меѓународни арбитражи може да ја чинат Македонија над 1,3 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Две нови меѓународни арбитражни постапки против Македонија. Последни кои ја тужат државата се албанската групација „Амадеус Груп“ за прекинувањето на проектот „Шпански скали“ на скопскиот плоштад и италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“ која беше избрана за концесионер на Дрисла, но потоа тендерот беше поништен. Вицепремиерот Битиќи вели дека албанската „Амадеус Груп“ за „Шпански скали“ бара отштета од 110 милиони долари. За овој проект се води и судски процес. https://republika.mk/vesti/makedonija/albanska-grupatsija-ja-tuzhi-makedonija-bara-otshteta-od-110-milioni-dolari/ „ФЦЛ Амбиенте“, пак, беше избрана за концесионер на Дрисла во време кога градоначалник беше Коце Трајановски, но по неколку тужби пред управните судови, тендерот беше поништен во 2019 година. Компанијата сè уште не навела колку отштета бара. Битиќи вели дека државата има аргументи, а најсилниот е тоа што граѓаните биле против овие проекти. Ниту еден функционер досега нема понесено одговорност за своите постапки со кои државата била доведена во позиција да плаќа отштети. Битиќи вели дека мора да има лична одговорност. По завршување на секоја постапка која се води пред меѓународен суд целото досие Владата го доставувала до Јавното обвинителство, кое понатаму треба да постапува. Во моментов се водат 5 постапки против државата, а доколку Македонија ги загуби случаите, тоа ќе нè чини 1,3 милијарди евра.

The post Меѓународни арбитражи може да ја чинат Македонија над 1,3 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Вдовицата на Коби Брајант доби 16 милиони долари отштета поради сликите од хеликоптерската несреќа https://republika.mk/sport/kosarka/vdovicata-na-kobi-brajant-dobi-16-milioni-dolari-otshteta-poradi-slikite-od-helikopterskata-nesrekja/ Thu, 25 Aug 2022 07:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=543856

Вдовицата на починатата американска НБА-ѕвезда, Коби Брајант, доби 16 милиони долари отштета поради протечените фотографии од телата на жртвите од хеликоптерската несреќа во 2020 година, во којашто покрај кошаркарот, загинаа и нивната 13-годишна ќерка Џијана и уште седум други лица.

Ванеса Брајант го тужеше Округот Лос Анџелес за нарушување на приватноста, откако, според обвинението, канцеларијата на шерифот и противпожарната служба ги споделиле грозоморните слики. Крис Честер, чии сопруга Сара и ќерка Пејтон исто така беа меѓу загинатите, доби отштета од 15 милиони долари.

Ванеса Брајант поднесе тужба и против компанијата за изнајмување хеликоптери и наследниците на пилотот, кој исто така, загина во несреќата.

Округот Лос Анџелес веќе се согласи да плати 2,5 милиони долари за сличен случај по тужба на семејствата на другите жртви на несреќата.

Коби Брајант имаше 41 година кога загина во хеликоптерска несреќа во близина на Калабасас, Калифорнија, САД. Тој 20 години играше за Лос Анџелес Лејкерс и освои пет шампионски титули во НБА. Се пензионираше во 2016 година.

The post Вдовицата на Коби Брајант доби 16 милиони долари отштета поради сликите од хеликоптерската несреќа appeared first on Република.

]]>

Вдовицата на починатата американска НБА-ѕвезда, Коби Брајант, доби 16 милиони долари отштета поради протечените фотографии од телата на жртвите од хеликоптерската несреќа во 2020 година, во којашто покрај кошаркарот, загинаа и нивната 13-годишна ќерка Џијана и уште седум други лица. Ванеса Брајант го тужеше Округот Лос Анџелес за нарушување на приватноста, откако, според обвинението, канцеларијата на шерифот и противпожарната служба ги споделиле грозоморните слики. Крис Честер, чии сопруга Сара и ќерка Пејтон исто така беа меѓу загинатите, доби отштета од 15 милиони долари. Ванеса Брајант поднесе тужба и против компанијата за изнајмување хеликоптери и наследниците на пилотот, кој исто така, загина во несреќата. Округот Лос Анџелес веќе се согласи да плати 2,5 милиони долари за сличен случај по тужба на семејствата на другите жртви на несреќата. Коби Брајант имаше 41 година кога загина во хеликоптерска несреќа во близина на Калабасас, Калифорнија, САД. Тој 20 години играше за Лос Анџелес Лејкерс и освои пет шампионски титули во НБА. Се пензионираше во 2016 година.

The post Вдовицата на Коби Брајант доби 16 милиони долари отштета поради сликите од хеликоптерската несреќа appeared first on Република.

]]>
Австралија ќе треба да плати 3,7 милијарди евра отштета поради раскинатиот договор за купување подморници од Франција https://republika.mk/vesti/svet/avstralija-kje-treba-da-plati-3-7-milijardi-evra-otshteta-poradi-raskinatiot-dogovor-za-kupuvanje-podmornici-od-francija/ Fri, 01 Apr 2022 12:34:11 +0000 https://republika.mk/?p=481960

Австралија ќе биде принудена да плати 3,7 милијарди евра компензација на Франција за да се повлече од договорот за изградба на подморници, кој беше еднострано раскинат по формирањето на пактот „АУКУС“ (AUCUS), создаден во корист на купување на американски или британски нуклеарни подморници.

Според француски „Д Локал“, отштетата треба да се плати затоа што мината година, австралискиот премиер Скот Морисон го раскина договорот за купување подморници со француската поморска група и одлучи за алтернатива за набавка нуклеарни подморници како дел од значајниот безбедносен договор со Вашингтон и Лондон.

https://republika.mk/vesti/avstralija-potvrdi-deka-kje-kupi-podmornici-od-sad-ili-velika-britanija-namesto-od-francija/

Но, непријатната вест доаѓа за време на сослушувањето и распитот во австралискиот парламент од страна на опозицискиот сенатор, кога официјални лица од министерството за одбрана откриле дека едностраното раскинување на договорот ќе има многу висока цена и дека ќе го платат даночните обврзници во земјата.

Сенаторот Пени Вонг изјавил дека даночните обврзници ќе платат подморници кои не постојат, додека претставниците на одбраната велат дека сите проблеми ќе се решат во рамки на таа цена.

Заменик-секретарот за одбрана, Тони Далтон, вели дека точната сума се уште е нејасна бидејќи преговорите со Поморската група се во тек.

Министерот за финансии Сајмон Бирмингем ја бранел одлуката за повлекување од францускиот договор како „неопходна во наредните децении“.

Не треба да бегаме од фактот дека знаевме дека има сериозни последици. Променетото стратешко опкружување во регионот значеше дека опцијата избрана претходно немаше да ги задоволи најдобрите потреби на Австралија во иднина - изјавил Бирмингем.

Премиерот Морисон претходно соопшти дека одлуката да се одлучат за подморници со нуклеарен погон е поттикната од промената на динамиката во азиско-пацифичкиот регион, каде што Кина сè повеќе ги полага своите права на речиси целото Јужно Кинеско Море.

Промената предизвика бес во Париз, при што францускиот претседател Емануел Макрон го обвини австралискиот лидер дека лаже за иднината на договорот првично вреден 50 милијарди долари (34 милијарди евра).

Во декември, студија објавена од Австралискиот институт за стратешка политика, покажа дека програмата за подморници на нуклеарен погон ќе чини повеќе од 80 милијарди американски долари (72 милијарди евра) и дека ќе бидат потребни децении за да се заврши.

https://republika.mk/vesti/svet/francija-go-vrakja-svojot-ambasador-vo-sad-po-krizata-so-podmornicite/

The post Австралија ќе треба да плати 3,7 милијарди евра отштета поради раскинатиот договор за купување подморници од Франција appeared first on Република.

]]>

Австралија ќе биде принудена да плати 3,7 милијарди евра компензација на Франција за да се повлече од договорот за изградба на подморници, кој беше еднострано раскинат по формирањето на пактот „АУКУС“ (AUCUS), создаден во корист на купување на американски или британски нуклеарни подморници. Според француски „Д Локал“, отштетата треба да се плати затоа што мината година, австралискиот премиер Скот Морисон го раскина договорот за купување подморници со француската поморска група и одлучи за алтернатива за набавка нуклеарни подморници како дел од значајниот безбедносен договор со Вашингтон и Лондон. https://republika.mk/vesti/avstralija-potvrdi-deka-kje-kupi-podmornici-od-sad-ili-velika-britanija-namesto-od-francija/ Но, непријатната вест доаѓа за време на сослушувањето и распитот во австралискиот парламент од страна на опозицискиот сенатор, кога официјални лица од министерството за одбрана откриле дека едностраното раскинување на договорот ќе има многу висока цена и дека ќе го платат даночните обврзници во земјата. Сенаторот Пени Вонг изјавил дека даночните обврзници ќе платат подморници кои не постојат, додека претставниците на одбраната велат дека сите проблеми ќе се решат во рамки на таа цена. Заменик-секретарот за одбрана, Тони Далтон, вели дека точната сума се уште е нејасна бидејќи преговорите со Поморската група се во тек. Министерот за финансии Сајмон Бирмингем ја бранел одлуката за повлекување од францускиот договор како „неопходна во наредните децении“.
Не треба да бегаме од фактот дека знаевме дека има сериозни последици. Променетото стратешко опкружување во регионот значеше дека опцијата избрана претходно немаше да ги задоволи најдобрите потреби на Австралија во иднина - изјавил Бирмингем.
Премиерот Морисон претходно соопшти дека одлуката да се одлучат за подморници со нуклеарен погон е поттикната од промената на динамиката во азиско-пацифичкиот регион, каде што Кина сè повеќе ги полага своите права на речиси целото Јужно Кинеско Море. Промената предизвика бес во Париз, при што францускиот претседател Емануел Макрон го обвини австралискиот лидер дека лаже за иднината на договорот првично вреден 50 милијарди долари (34 милијарди евра). Во декември, студија објавена од Австралискиот институт за стратешка политика, покажа дека програмата за подморници на нуклеарен погон ќе чини повеќе од 80 милијарди американски долари (72 милијарди евра) и дека ќе бидат потребни децении за да се заврши. https://republika.mk/vesti/svet/francija-go-vrakja-svojot-ambasador-vo-sad-po-krizata-so-podmornicite/

The post Австралија ќе треба да плати 3,7 милијарди евра отштета поради раскинатиот договор за купување подморници од Франција appeared first on Република.

]]>