ОТА Archives - Република https://republika.mk/tema/ota/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Nov 2023 13:49:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ОТА Archives - Република https://republika.mk/tema/ota/ 32 32 Нов директор на ОТА е Марија Јаническа https://republika.mk/vesti/makedonija/nov-direktor-na-ota-e-marija-janicheska/ Mon, 27 Nov 2023 13:49:55 +0000 https://republika.mk/?p=716804

На денешната 131 седница на Собранието беше донесена одлуката за избор на Марија Јаническа за нов директор на Оперативно техничката агенција (ОТА). Во салата на Собранието беа присутни вкупно 93 пратеници, а за оваа точка пратениците гласаа едногласно.

Јаническа е дипломиран правник и досегашен стручен соработник за општи и заеднички работи во Оперативно-техничката агенција. Предлогот беше утврден едногласно, а денеска добие дво-третинско мнозинство и Бадинтерова поддршка.

На огласот што беше објавен пред 30-тина дена се пријавија 21 кандидат, а пред околу еден месец заврши 5-годишниот мандат на директорот Зоран Ангеловски.

ОТА беше формирана како самостоен државен орган по скандалот со масовното прислушување и Извештајот на експертската група на Европската комисија предводена од Прибе. Со повеќе законски измени, УБК доби наследник во АНБ која задржа голем дел од надлежностите, додека опремата за прислушување премина во ОТА.

The post Нов директор на ОТА е Марија Јаническа appeared first on Република.

]]>

На денешната 131 седница на Собранието беше донесена одлуката за избор на Марија Јаническа за нов директор на Оперативно техничката агенција (ОТА). Во салата на Собранието беа присутни вкупно 93 пратеници, а за оваа точка пратениците гласаа едногласно. Јаническа е дипломиран правник и досегашен стручен соработник за општи и заеднички работи во Оперативно-техничката агенција. Предлогот беше утврден едногласно, а денеска добие дво-третинско мнозинство и Бадинтерова поддршка. На огласот што беше објавен пред 30-тина дена се пријавија 21 кандидат, а пред околу еден месец заврши 5-годишниот мандат на директорот Зоран Ангеловски. ОТА беше формирана како самостоен државен орган по скандалот со масовното прислушување и Извештајот на експертската група на Европската комисија предводена од Прибе. Со повеќе законски измени, УБК доби наследник во АНБ која задржа голем дел од надлежностите, додека опремата за прислушување премина во ОТА.

The post Нов директор на ОТА е Марија Јаническа appeared first on Република.

]]>
Марија Јаническа е предложена за директор на ОТА https://republika.mk/vesti/makedonija/marija-janicheska-e-predlozhena-za-direktor-na-ota/ Thu, 09 Nov 2023 12:25:10 +0000 https://republika.mk/?p=699894

Комисијата за избори и именувања ја предлага Марија Јаническа за директор на ОТА. Таа е дипломиран правник и досегашен стручен соработник за општи и заеднички работи во Оперативно-техничката агенција. Предлогот е утврден едногласно. Ќе биде проследен до Собранието, кадешто треба да добие дво-третинско мнозинство и Бадинтерова поддршка. На огласот беше објавен пред 30-тина дена се пријавија 21 кандидат, а пред околу еден месец заврши 5-годишниот мандат на директорот Зоран Ангеловски.

ОТА беше формирана како самостоен државен орган по скандалот со масовното прислушување и Извештајот на експертската група на Европската комисија предводена од Прибе. Со повеќе законски измени, УБК доби наследник во АНБ која задржа голем дел од надлежностите, додека опремата за прислушување премина во ОТА.

The post Марија Јаническа е предложена за директор на ОТА appeared first on Република.

]]>

Комисијата за избори и именувања ја предлага Марија Јаническа за директор на ОТА. Таа е дипломиран правник и досегашен стручен соработник за општи и заеднички работи во Оперативно-техничката агенција. Предлогот е утврден едногласно. Ќе биде проследен до Собранието, кадешто треба да добие дво-третинско мнозинство и Бадинтерова поддршка. На огласот беше објавен пред 30-тина дена се пријавија 21 кандидат, а пред околу еден месец заврши 5-годишниот мандат на директорот Зоран Ангеловски. ОТА беше формирана како самостоен државен орган по скандалот со масовното прислушување и Извештајот на експертската група на Европската комисија предводена од Прибе. Со повеќе законски измени, УБК доби наследник во АНБ која задржа голем дел од надлежностите, додека опремата за прислушување премина во ОТА.

The post Марија Јаническа е предложена за директор на ОТА appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да отвори истрага за шпионскиот софтвер https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-bara-javnoto-obvinitelstvo-da-otvori-istraga-za-shpionskiot-softver/ Tue, 18 Jul 2023 11:25:09 +0000 https://republika.mk/?p=662704

Димитар Ковачевски лажеше дека во Македонија не е користен шпиунскиот софтвер за следење на интернет комуникациите Предатор, за чие користење постои загриженост и во НАТО.Според наводите на грчки истражувачки новинари од Инсајд Стори, Македонија преку ОТА го има набавено шпиунскиот софтвер Предатор. Истражувачите новинари констатираат дека истиот е набавен, а демант од Ковачевски нема, вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали во Македонија е користен шпионскиот софтвер Предатор, е прашање поставено од пратеникот Ковачки до Ковачевски во април оваа година. Тоа е овој документ. На што Ковачевски еден месец потоа одговара дека за таквиот софтвер не е регистрирана употреба од страна на институциите. Тоа е овој друг документ.

Согласно наводите во истражувањето на Инсајд Стори, кои не се демантирани од Ковачевски, доаѓаме до заклучок дека Ковачевски лажел при одговор на пратеничко прашање.

Со помош на шпиунскиот софтвер Предатор во Грција се следени политичари и други јавни личности.

Дали и во Македонија се вршело нелегално следење со шпиунскиот софтвер Предатор, и дали под палка на Ковачевски незаконски се следени интернет комуникациите на граѓаните?

ЈО да отвори истрага веднаш. Постојат индиции дека безбедноста и приватноста на граѓаните е нарушена. Расветлување и одговорност мора да има.

https://www.youtube.com/watch?v=SQ-iFzPD0OM&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да отвори истрага за шпионскиот софтвер appeared first on Република.

]]>

Димитар Ковачевски лажеше дека во Македонија не е користен шпиунскиот софтвер за следење на интернет комуникациите Предатор, за чие користење постои загриженост и во НАТО.Според наводите на грчки истражувачки новинари од Инсајд Стори, Македонија преку ОТА го има набавено шпиунскиот софтвер Предатор. Истражувачите новинари констатираат дека истиот е набавен, а демант од Ковачевски нема, вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Дали во Македонија е користен шпионскиот софтвер Предатор, е прашање поставено од пратеникот Ковачки до Ковачевски во април оваа година. Тоа е овој документ. На што Ковачевски еден месец потоа одговара дека за таквиот софтвер не е регистрирана употреба од страна на институциите. Тоа е овој друг документ.
Согласно наводите во истражувањето на Инсајд Стори, кои не се демантирани од Ковачевски, доаѓаме до заклучок дека Ковачевски лажел при одговор на пратеничко прашање. Со помош на шпиунскиот софтвер Предатор во Грција се следени политичари и други јавни личности.
Дали и во Македонија се вршело нелегално следење со шпиунскиот софтвер Предатор, и дали под палка на Ковачевски незаконски се следени интернет комуникациите на граѓаните?
ЈО да отвори истрага веднаш. Постојат индиции дека безбедноста и приватноста на граѓаните е нарушена. Расветлување и одговорност мора да има. https://www.youtube.com/watch?v=SQ-iFzPD0OM&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да отвори истрага за шпионскиот софтвер appeared first on Република.

]]>
Новиот шпионски софтвер на ОТА може да ја следи целата наша активност на интернет https://republika.mk/vesti/makedonija/noviot-shpionski-softver-na-ota-mozhe-da-ja-sledi-tselata-nasha-aktivnost-na-internet/ Tue, 18 Jul 2023 07:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=662492

Скандалот со шпионската  опрема набавена од страна на ОТА е мошне сериозен. За него веќе говорат и странски медиуми. Според информациите во јавноста македонската агенција набавила шпионски софтвер за следење на интернет комуникација на граѓаните, наречен Предатор. Овој контроверзен софтвер е набавен пред извесно време, спротивно на законската рамка и со него може да се следат комуникациите на сите граѓани, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Внимавајте, со овој софтвер може да се следи секоја интернет комуникација на секој еден граѓанин во Македонија и истиот може да биде злоупотребен за политички цели на власта.

Овој софтвер е проблематичен и за НАТО, а во Грција веќе изби  скандал дека со истиот биле следени политичари и јавни личности. Јавното овинителство за оваа афета беше информирано уште пред неколку недели, но реакција и акција од нивна страна нема никаква.

Владата на Ковачевски е најодговорна во овој случај и треба за тоа да биде испитана. Но, како и судството, така и обвинителството во Македонија, кои имаат едвај 1% доверба, се директно поклопени од страна на власта и поголема е веројатноста грчките истражни органи и медиуми да откријат што се правело со софтверот Предатор во Македонија, отколку самите домашни органи.

Но, домашните институции кои сега молчат за овој скандал со шпионскиот софтвер Предатор треба да знаат дека порано или покасно за ова ќе има истрага и после тоа и одговорност за сите оние кои го злоупотребиле законот, но и за оние кои молчеле за тоа и го прикривале.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ota-e-vo-tsentarot-na-shpionski-skandal-softver-problematichen-i-za-nato-e-nabaven-vo-makedonija/

The post Новиот шпионски софтвер на ОТА може да ја следи целата наша активност на интернет appeared first on Република.

]]>

Скандалот со шпионската  опрема набавена од страна на ОТА е мошне сериозен. За него веќе говорат и странски медиуми. Според информациите во јавноста македонската агенција набавила шпионски софтвер за следење на интернет комуникација на граѓаните, наречен Предатор. Овој контроверзен софтвер е набавен пред извесно време, спротивно на законската рамка и со него може да се следат комуникациите на сите граѓани, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Внимавајте, со овој софтвер може да се следи секоја интернет комуникација на секој еден граѓанин во Македонија и истиот може да биде злоупотребен за политички цели на власта.
Овој софтвер е проблематичен и за НАТО, а во Грција веќе изби  скандал дека со истиот биле следени политичари и јавни личности. Јавното овинителство за оваа афета беше информирано уште пред неколку недели, но реакција и акција од нивна страна нема никаква.
Владата на Ковачевски е најодговорна во овој случај и треба за тоа да биде испитана. Но, како и судството, така и обвинителството во Македонија, кои имаат едвај 1% доверба, се директно поклопени од страна на власта и поголема е веројатноста грчките истражни органи и медиуми да откријат што се правело со софтверот Предатор во Македонија, отколку самите домашни органи.
Но, домашните институции кои сега молчат за овој скандал со шпионскиот софтвер Предатор треба да знаат дека порано или покасно за ова ќе има истрага и после тоа и одговорност за сите оние кои го злоупотребиле законот, но и за оние кои молчеле за тоа и го прикривале. https://republika.mk/vesti/makedonija/ota-e-vo-tsentarot-na-shpionski-skandal-softver-problematichen-i-za-nato-e-nabaven-vo-makedonija/

The post Новиот шпионски софтвер на ОТА може да ја следи целата наша активност на интернет appeared first on Република.

]]>
ОТА во центар на шпионски скандал: Софтвер проблематичен и за НАТО е набавен во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/ota-e-vo-tsentarot-na-shpionski-skandal-softver-problematichen-i-za-nato-e-nabaven-vo-makedonija/ Mon, 17 Jul 2023 11:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=662261

ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку недели предупреди дека Владата преку ОТА набавила опрема за следење на комуникациите за која нема законска рамка.За нашите индиции и сомнежи дека власта може да нелегално да следи 2 милиони граѓани го известивме ЈО. Реакција уште нема, вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Деновиве повторно гледаме дека ОТА е вмешана во сомнителна шема и можна злоупотреба на ингеренциите, при следење на граѓаните.Од новинарско истражување на грчкото Инсајд Стори и македонската ИРЛ дознаваме дека ОТА уште во 2020 година купила шпионски софтвер за следење на интернет комуникацијата на граѓаните наречен Предатор.

Според истражувањето, новинарите тврдат дека шпионскиот софтвер е набавен како од македонската ОТА, така и од грчката служба.

Во истражувањето се наведува дополнително дека македонската и грчката служба имале неколку средби, по што во 2022 година направиле и нацрт договор за соработка и размена на класифицирани и некласифицирани информации кои произлегуваат од следењето на податоците, а врховно одговорен за ова е Димитар Ковачевски, кој како премиер е одговорен за координирање на овие служби.

До потпишување на Договорот не дошло само заради шпионската афера која ја потресла Грција, во која беа обелодените информации дека нелегално се следени политичари и други јавни личности.

https://www.youtube.com/watch?v=EdQ50JcIVsQ

Овој софтвер кој го поседува ОТА е проблематичен и за самиот НАТО. Користењето на истиот е потенцијална закана за нелегално следење на илјадници граѓани и нивната интернет комуникација.Уште еднаш го повикуваме ЈО, да постапи по нашите барања, а дополнително на тоа да постапи и по најновите индиции за можна шпионска афера со софтверот за следење Предатор.

The post ОТА во центар на шпионски скандал: Софтвер проблематичен и за НАТО е набавен во Македонија appeared first on Република.

ОТА тврди дека нема споделено доверливи информации, ниту договори за соработка со странски безбедносно-разузнавачки служби https://republika.mk/vesti/makedonija/ota-tvrdi-deka-nema-spodeleno-doverlivi-informatsii-nitu-dogovori-za-sorabotka-so-stranski-bezbednosno-razuznavachki-sluzhbi/ Fri, 14 Jul 2023 15:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=661437

Од ОТА реагираат дека деновиве сме сведоци на циркулирање на дезинформации и невистини, непринципиелно превземени и пласирани во дел од медиумите, чија цел е и напад над професионалниот интегритет и работењето на Оперативнотехничката агенција.

Во продолжение реакцијата на ОТА.

„Во врска со таквите објави, чувствуваме обврска и одговорност да истакнеме дека ОТА нема
споделено доверливи информации, не подготвувала драфт договори, ниту има потпишано било какви договори или меморандуми за соработка со ниту една странска безбедносно-разузнавачка служба, вклучително ни со грчката национална разузнавачка служба (ЕИП), особено не за користење на софтвер за прислушување. Со сигурност уверуваме дека од страна на ОТА не се користи споменатиот софтвер и нејасна е намерата да се направи било каква поврзаност на ОТА со минатогодишните настани во Р.Грција.

Од своето формирање до денес, ОТА е гарантор дека следењето на комуникациите кое се врши
преку ОТА и операторите се спроведува исклучиво во законска, строго утврдена постапка,
единствено по издадена судска наредба.ОТА немала, нема и нема да има пристап до содржината на следената комуникација и незаконско или масовно следење на комуникациите преку ОТА технички не е, ниту ќе биде возможно.

ОТА е самостоен и независен државен орган и нејзиното работење нема поврзаност со извршната власт без разлика на нејзиниот состав.

Во таа смисла ОТА останува посветена на професионалното работење без било какви влијанија ниту поврзаност со политички интереси и партиски агенди“.

The post ОТА тврди дека нема споделено доверливи информации, ниту договори за соработка со странски безбедносно-разузнавачки служби appeared first on Република.

]]>

Од ОТА реагираат дека деновиве сме сведоци на циркулирање на дезинформации и невистини, непринципиелно превземени и пласирани во дел од медиумите, чија цел е и напад над професионалниот интегритет и работењето на Оперативнотехничката агенција. Во продолжение реакцијата на ОТА. „Во врска со таквите објави, чувствуваме обврска и одговорност да истакнеме дека ОТА нема споделено доверливи информации, не подготвувала драфт договори, ниту има потпишано било какви договори или меморандуми за соработка со ниту една странска безбедносно-разузнавачка служба, вклучително ни со грчката национална разузнавачка служба (ЕИП), особено не за користење на софтвер за прислушување. Со сигурност уверуваме дека од страна на ОТА не се користи споменатиот софтвер и нејасна е намерата да се направи било каква поврзаност на ОТА со минатогодишните настани во Р.Грција. Од своето формирање до денес, ОТА е гарантор дека следењето на комуникациите кое се врши преку ОТА и операторите се спроведува исклучиво во законска, строго утврдена постапка, единствено по издадена судска наредба.ОТА немала, нема и нема да има пристап до содржината на следената комуникација и незаконско или масовно следење на комуникациите преку ОТА технички не е, ниту ќе биде возможно. ОТА е самостоен и независен државен орган и нејзиното работење нема поврзаност со извршната власт без разлика на нејзиниот состав. Во таа смисла ОТА останува посветена на професионалното работење без било какви влијанија ниту поврзаност со политички интереси и партиски агенди“.

The post ОТА тврди дека нема споделено доверливи информации, ниту договори за соработка со странски безбедносно-разузнавачки служби appeared first on Република.

]]>
Петрушевски: Дали еден мобилен оператор дозволил да се стави во употреба незаконски набавената опрема за масовно прислушкување? https://republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-dali-eden-mobilen-operator-dozvolil-da-se-stavi-vo-upotreba-nezakonski-nabavenata-oprema-za-masovno-prislushkuvane/ Mon, 26 Jun 2023 09:53:28 +0000 https://republika.mk/?p=655236

Опремата за масовно прислушкување која е набавена незаконски од страна на ОТА е закана по приватноста и безбедноста на 2 милиони граѓани, рече Бране Петрушевски на денешната прес-конференција.

За да биде инсталирана оваа опрема потребна е дозвола од мобилните оператори во земјава.

Дали веќе еден мобилен оператор подлегнал под притисок на ОТА и Ковачевски, и дозволил употреба на незаконската опрема за прислушкување?

Мобилните оператори треба да бидат свесни, дека опремата за масовно прислушкување е набавена незаконски од страна на власта, а утрдување на незаконитоста извршиле без исклучок сите пратеници членови на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, за што е известено и ЈО, прашува Петрушевски.

Мобилните оператори мора да бидат целосно свесни, дека било каква употреба на опрема е кршење на законите и директно ги инкриминира и нив.

Недозволиво и скандалозно е неделувањето од страна на ЈО. Молкот во обвинителството само докажува дека истото е под силен притисок на власта.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира до ЈО да преземе конкретни чекори, во спротивно сите ќе бидат виновни за криминалите на СДС и ДУИ кои можат да бидат направени во иднина.

The post Петрушевски: Дали еден мобилен оператор дозволил да се стави во употреба незаконски набавената опрема за масовно прислушкување? appeared first on Република.

]]>

Опремата за масовно прислушкување која е набавена незаконски од страна на ОТА е закана по приватноста и безбедноста на 2 милиони граѓани, рече Бране Петрушевски на денешната прес-конференција.
За да биде инсталирана оваа опрема потребна е дозвола од мобилните оператори во земјава. Дали веќе еден мобилен оператор подлегнал под притисок на ОТА и Ковачевски, и дозволил употреба на незаконската опрема за прислушкување? Мобилните оператори треба да бидат свесни, дека опремата за масовно прислушкување е набавена незаконски од страна на власта, а утрдување на незаконитоста извршиле без исклучок сите пратеници членови на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, за што е известено и ЈО, прашува Петрушевски.
Мобилните оператори мора да бидат целосно свесни, дека било каква употреба на опрема е кршење на законите и директно ги инкриминира и нив. Недозволиво и скандалозно е неделувањето од страна на ЈО. Молкот во обвинителството само докажува дека истото е под силен притисок на власта. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира до ЈО да преземе конкретни чекори, во спротивно сите ќе бидат виновни за криминалите на СДС и ДУИ кои можат да бидат направени во иднина.

The post Петрушевски: Дали еден мобилен оператор дозволил да се стави во употреба незаконски набавената опрема за масовно прислушкување? appeared first on Република.

]]>
Дали Спасовски дал наредба ОТА да набави систем за прислушување токму кога се туркаат уставните измени, прашува Петрушевски https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-spasovski-dal-naredba-ota-da-nabavi-sistem-za-prislushuvane-tokmu-koga-se-turkaat-ustavnite-izmeni-prashuva-petrushevski/ Sat, 17 Jun 2023 12:34:21 +0000 https://republika.mk/?p=652429

Пратеникот Бране Петуршевски на денешната прес-конференција упати прашање до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дали тој лично издал наредба ОТА да набави систем за следење на комуникациите на сите граѓани на Македонија и тоа во чувствителен момент кога власта се обидува да истурка уставни измени за кои нема поддршка.

Тој информира дека постојат сомнежи дека ОТА – Агенцијата која е надлежна да спроведува следење на комуникациите, набавила средства, со кои им се загрозуваат елементарните човекови права на граѓаните.

Приватноста на граѓаните е загрозена. Доведена е во прашање кредибилноста на институцијата. Затоа Собранието кое е надлежно за надзор, поточно Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, заседаваше и на својата 15-та седница, одржана во пет продолженија, разгледувајќи Информација за работењето на Оперативно техничката – агенција утврдивме сомнение дека ОТА го прекршила членот 2 од Законот за следење на комуникациите, односно дека извршила незаконска набавка на средства кои може да бидат злоупотребени, а набавката е без соодветно Одобрение предвидено во ставот 2 на овој член. Комисијата едногласно со поддршка од сите пратеници, без разлика на политичката партија, донесе заклучок за оваа сомневање да го известиме Јавниот обвинител на Република Македонија. И истиот го известивме.

Очекуваме ЈО да постапи согласно закон. А земајќи го во предвид случајот, и штета која што може да настане доколку не се интервенира навремено, апелираме што побргу да биде отворена истрага.

Интервенцијата треба да биде експресна имајќи го предвид моментот во кој е настанат проблемот, кој се поклопува со периодот кога власта се обидува да турка уставни измени за кои нема поддршка, рече Петрушевски на денешната прес-конференција.

The post Дали Спасовски дал наредба ОТА да набави систем за прислушување токму кога се туркаат уставните измени, прашува Петрушевски appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Бране Петуршевски на денешната прес-конференција упати прашање до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дали тој лично издал наредба ОТА да набави систем за следење на комуникациите на сите граѓани на Македонија и тоа во чувствителен момент кога власта се обидува да истурка уставни измени за кои нема поддршка. Тој информира дека постојат сомнежи дека ОТА – Агенцијата која е надлежна да спроведува следење на комуникациите, набавила средства, со кои им се загрозуваат елементарните човекови права на граѓаните.
Приватноста на граѓаните е загрозена. Доведена е во прашање кредибилноста на институцијата. Затоа Собранието кое е надлежно за надзор, поточно Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, заседаваше и на својата 15-та седница, одржана во пет продолженија, разгледувајќи Информација за работењето на Оперативно техничката – агенција утврдивме сомнение дека ОТА го прекршила членот 2 од Законот за следење на комуникациите, односно дека извршила незаконска набавка на средства кои може да бидат злоупотребени, а набавката е без соодветно Одобрение предвидено во ставот 2 на овој член. Комисијата едногласно со поддршка од сите пратеници, без разлика на политичката партија, донесе заклучок за оваа сомневање да го известиме Јавниот обвинител на Република Македонија. И истиот го известивме. Очекуваме ЈО да постапи согласно закон. А земајќи го во предвид случајот, и штета која што може да настане доколку не се интервенира навремено, апелираме што побргу да биде отворена истрага. Интервенцијата треба да биде експресна имајќи го предвид моментот во кој е настанат проблемот, кој се поклопува со периодот кога власта се обидува да турка уставни измени за кои нема поддршка, рече Петрушевски на денешната прес-конференција.
 
The post Дали Спасовски дал наредба ОТА да набави систем за прислушување токму кога се туркаат уставните измени, прашува Петрушевски appeared first on Република.

]]>
Реакција од ОТА на прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски https://republika.mk/vesti/makedonija/reaktsija-od-ota-na-pres-konferentsijata-na-pratenikot-brane-petrushevski/ Fri, 16 Jun 2023 17:32:27 +0000 https://republika.mk/?p=652229

Оперативнотехничката агенција најодговорно и во целост ја негира изјавата на пратеникот Бране Петрушевски дека ОТА го прекршила членот 2 од Законот за следење на комуникациите и дека на било кој начин се преземаат чекори за нарушување на националната безбедност.

Напротив, Оперативно-техничката агенција во соодветна постапка и со вклученост на сите институции надлежни за спроведување на процесот за следење на комуникациите, со одобрени средства за конкретна намена од страна на Владата на Република Македонија и во согласност со членот 2 од Законот за следење на комуникации има поднесено барање за одобрение и техничка спецификација за што има добиено и поседува позитивно мислење и одобрување од страна на Министерството за внатрешни работи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ota-nabavila-sredstva-za-sledene-na-komunikatsiite-koi-mozhat-seriozno-da-ja-narushat-natsionalnata-bezbednost-predupredi-petrushevski/

Оперативно-техничката агенција од своето формирање како самостоен и независен државен орган е истакнат застапник на доследното спроведување на законитоста, надзорот и контролата над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите, залагајќи се за редовни, континуирани и суштински надзор и контрола, со чие доследно спроведување од страна на сите чинители работиме во насока да ја вратиме довербата на јавноста во овој дел од безбедносниот сектор, што го сметаме за стратешка, системска и заедничка, општествена заложба која ги надраснува било каквите поединечни и/или групни интереси.

Во таа смисла ја уверуваме македонската јавност да биде спокојна и да не подлегнува на политички мотивирани изјави дадени во особено сензитивни околности, со кои ОТА и нејзиното работење немаат никаква поврзаност, велат од ОТА во реакцијата.

The post Реакција од ОТА на прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски appeared first on Република.

]]>

Оперативнотехничката агенција најодговорно и во целост ја негира изјавата на пратеникот Бране Петрушевски дека ОТА го прекршила членот 2 од Законот за следење на комуникациите и дека на било кој начин се преземаат чекори за нарушување на националната безбедност.
Напротив, Оперативно-техничката агенција во соодветна постапка и со вклученост на сите институции надлежни за спроведување на процесот за следење на комуникациите, со одобрени средства за конкретна намена од страна на Владата на Република Македонија и во согласност со членот 2 од Законот за следење на комуникации има поднесено барање за одобрение и техничка спецификација за што има добиено и поседува позитивно мислење и одобрување од страна на Министерството за внатрешни работи.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ota-nabavila-sredstva-za-sledene-na-komunikatsiite-koi-mozhat-seriozno-da-ja-narushat-natsionalnata-bezbednost-predupredi-petrushevski/
Оперативно-техничката агенција од своето формирање како самостоен и независен државен орган е истакнат застапник на доследното спроведување на законитоста, надзорот и контролата над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите, залагајќи се за редовни, континуирани и суштински надзор и контрола, со чие доследно спроведување од страна на сите чинители работиме во насока да ја вратиме довербата на јавноста во овој дел од безбедносниот сектор, што го сметаме за стратешка, системска и заедничка, општествена заложба која ги надраснува било каквите поединечни и/или групни интереси. Во таа смисла ја уверуваме македонската јавност да биде спокојна и да не подлегнува на политички мотивирани изјави дадени во особено сензитивни околности, со кои ОТА и нејзиното работење немаат никаква поврзаност, велат од ОТА во реакцијата.

The post Реакција од ОТА на прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски appeared first on Република.

]]>
Комисијата за следење на комуникациите ќе го разгледува Годишниот извештај за работењето на ОТА за 2022 https://republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-sledene-na-komunikatsiite-ke-go-razgleduva-godishniot-izveshtaj-za-raboteneto-na-ota-za-2022/ Tue, 31 Jan 2023 08:49:05 +0000 https://republika.mk/?p=602865

Собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите денеска ќе одржи седница на чиј дневен, меѓудругото, е и Годишниот извештај за работењето на Оперативно-техничката агенција (ОТА) за 2022 година.

Комисијата ќе ги разгледува и Годишниот Финансиски план за 2023 година на ОТА за средствата од надоместоците од Агенцијата за електронските комуникации, како и годишниот извештај за работата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2022 година.

Во текот на 2022 година, како што се наведува во извештајот за работењето на ОТА за 2022 година, за потребите на овластените органи во Република Македонија, ОТА технички посредуваше во 369 нови активирања на мерката следење на комуникациите и 328 продолжувања на истата мерка.

– Од наведениот број од 369 нови активирања на мерката следење на комуникациите со техничко посредство на ОТА во 2022, 278 активирања на мерката беа за потребите на МВР. Од 328 продолжувања на мерката, 149 беа за потребите на МВР, стои во Годишниот извештај.

Понатаму, како што се вели во извештајот, согласно Планот за вршење стручни надзори над работата на операторите, во текот на минатата година од страна на надлежната Комисија на ОТА биле псроведени пет редовни стручни надзори кај телекомуникациски оператори – Македонски Телеком, А1 Македонија, Неотел, Телекабел и МТел.

The post Комисијата за следење на комуникациите ќе го разгледува Годишниот извештај за работењето на ОТА за 2022 appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите денеска ќе одржи седница на чиј дневен, меѓудругото, е и Годишниот извештај за работењето на Оперативно-техничката агенција (ОТА) за 2022 година. Комисијата ќе ги разгледува и Годишниот Финансиски план за 2023 година на ОТА за средствата од надоместоците од Агенцијата за електронските комуникации, како и годишниот извештај за работата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2022 година. Во текот на 2022 година, како што се наведува во извештајот за работењето на ОТА за 2022 година, за потребите на овластените органи во Република Македонија, ОТА технички посредуваше во 369 нови активирања на мерката следење на комуникациите и 328 продолжувања на истата мерка. – Од наведениот број од 369 нови активирања на мерката следење на комуникациите со техничко посредство на ОТА во 2022, 278 активирања на мерката беа за потребите на МВР. Од 328 продолжувања на мерката, 149 беа за потребите на МВР, стои во Годишниот извештај. Понатаму, како што се вели во извештајот, согласно Планот за вршење стручни надзори над работата на операторите, во текот на минатата година од страна на надлежната Комисија на ОТА биле псроведени пет редовни стручни надзори кај телекомуникациски оператори – Македонски Телеком, А1 Македонија, Неотел, Телекабел и МТел.

The post Комисијата за следење на комуникациите ќе го разгледува Годишниот извештај за работењето на ОТА за 2022 appeared first on Република.

]]>