Осомничен Archives - Република https://republika.mk/tema/osomnichen/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 11:59:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Осомничен Archives - Република https://republika.mk/tema/osomnichen/ 32 32 14-годишно момче од Бугарија осомничено дека ја убило мајка си https://republika.mk/vesti/14-godishno-momche-od-bugarija-osomnicheno-deka-ja-ubilo-majka-si/ Mon, 14 Oct 2024 21:01:54 +0000 https://republika.mk/?p=826831

Тинејџер (14) е уапсен во Пловдив под сомнение дека ја убил мајка си.

Во станот било пронајдено тело на жена (50).

Според неофицијални информации, семејството имало проблеми со алкохолот.

Вечерта настанала жестока расправија помеѓу мајка и син, која за жал завршила трагично.

Момчето во еден момент ја турнало мајка си, таа паднала, удрила во главата и починало на лице место.

По доаѓањето на местото на настанот, полицијата го привела момчето кое е задржано во притвор.

The post 14-годишно момче од Бугарија осомничено дека ја убило мајка си appeared first on Република.

]]>

Тинејџер (14) е уапсен во Пловдив под сомнение дека ја убил мајка си. Во станот било пронајдено тело на жена (50). Според неофицијални информации, семејството имало проблеми со алкохолот. Вечерта настанала жестока расправија помеѓу мајка и син, која за жал завршила трагично. Момчето во еден момент ја турнало мајка си, таа паднала, удрила во главата и починало на лице место. По доаѓањето на местото на настанот, полицијата го привела момчето кое е задржано во притвор.

The post 14-годишно момче од Бугарија осомничено дека ја убило мајка си appeared first on Република.

]]>
Осомничениот за убиствата во германскиот град Солинген требало да биде депортиран во Бугарија https://republika.mk/vesti/svet/osomnicheniot-za-ubistvata-vo-germanskiot-grad-solingen-trebalo-da-bide-deportiran-vo-bugarija/ Sun, 25 Aug 2024 16:56:33 +0000 https://republika.mk/?p=810076

Сириецот кој e осомничен дека во петокот уби три лица во германскиот град Солинген, пристигнал во Германија во 2022 година и побарал азил, објавија германските медиуми.

Иса ал Х. (26), кој ѝ се предаде на полицијата и го призна делото, престојувал во бегалски центар во тој град во Западна Германија, што бил претресен во саботата.

Весникот „Дер Шпигел“ објави дека тој дошол во земјата на крајот на 2022 година и побарал азил. Според правилата на Европската Унија, тој требало да биде депортиран во Бугарија – земја преку која влегол во ЕУ и каде што е регистриран, но не бил депортиран бидејќи се криел неколку месеци.

Весникот не наведува дали осомничениот терорист пристигнал во Германија преку Хрватска или Унгарија.

Осомничениот денеска треба да биде изведен пред судија во Карлсруе.

Крвавото злосторството се случи во петокот вечерта кога беа убиени три лица кои осомничениот ги бодел со нож, а повреди осуммина. Убиствата се случија на фестивал за прослава на 650-годишнината од формирањето на градот.

Нападот, заедно со преземањето на одговорноста од страна на групата Исламска држава, поттикнаа повици Германија да започне со протерување и да престане да прифаќа бегалци од Сирија и Авганистан.

 

The post Осомничениот за убиствата во германскиот град Солинген требало да биде депортиран во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Сириецот кој e осомничен дека во петокот уби три лица во германскиот град Солинген, пристигнал во Германија во 2022 година и побарал азил, објавија германските медиуми. Иса ал Х. (26), кој ѝ се предаде на полицијата и го призна делото, престојувал во бегалски центар во тој град во Западна Германија, што бил претресен во саботата. Весникот „Дер Шпигел“ објави дека тој дошол во земјата на крајот на 2022 година и побарал азил. Според правилата на Европската Унија, тој требало да биде депортиран во Бугарија – земја преку која влегол во ЕУ и каде што е регистриран, но не бил депортиран бидејќи се криел неколку месеци. Весникот не наведува дали осомничениот терорист пристигнал во Германија преку Хрватска или Унгарија. Осомничениот денеска треба да биде изведен пред судија во Карлсруе. Крвавото злосторството се случи во петокот вечерта кога беа убиени три лица кои осомничениот ги бодел со нож, а повреди осуммина. Убиствата се случија на фестивал за прослава на 650-годишнината од формирањето на градот. Нападот, заедно со преземањето на одговорноста од страна на групата Исламска држава, поттикнаа повици Германија да започне со протерување и да престане да прифаќа бегалци од Сирија и Авганистан.  

The post Осомничениот за убиствата во германскиот град Солинген требало да биде депортиран во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Третиот осомничен за помагање во убиството кај Мавровка се пријави во полиција https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tretiot-osomnichen-za-pomagane-vo-ubistvoto-kaj-mavrovka-se-prijavi-vo-politsija/ Wed, 21 Aug 2024 17:39:42 +0000 https://republika.mk/?p=808813

Осомниченото лице по кого полицијата трагаше за помагање во извршување на убиството кое вчера се случи кај Мавровка се пријави во полиција.

Од МВР за Курир потврдуваат дека лицето попладнево се пријавило во полициската станица Кисела Вода.

Денеска, Кривичниот суд на уапсениот првоосомничен му одреди 30 дневен притвор.

Второто лице кое беше приведено беше ослободено. За него, МВР денеска информираше дека до овој момент не е утврдена поврзаност со настанот и е ослободен.

The post Третиот осомничен за помагање во убиството кај Мавровка се пријави во полиција appeared first on Република.

]]>

Осомниченото лице по кого полицијата трагаше за помагање во извршување на убиството кое вчера се случи кај Мавровка се пријави во полиција. Од МВР за Курир потврдуваат дека лицето попладнево се пријавило во полициската станица Кисела Вода. Денеска, Кривичниот суд на уапсениот првоосомничен му одреди 30 дневен притвор. Второто лице кое беше приведено беше ослободено. За него, МВР денеска информираше дека до овој момент не е утврдена поврзаност со настанот и е ослободен.

The post Третиот осомничен за помагање во убиството кај Мавровка се пријави во полиција appeared first on Република.

]]>
Реши да проговори: Одбрана ќе изнесе осомничен за убиството на девојчето Данка Илиќ кој досега се бранеше со молчење https://republika.mk/vesti/balkan/reshi-da-progovori-odbrana-ke-iznese-osomnichen-za-ubistvoto-na-devojcheto-danka-ilik-koj-dosega-se-braneshe-so-molchene/ Thu, 30 May 2024 09:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=783086

Срѓан Ј., осомничен во Србија за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, одлучил да ја изнесе својата одбрана во наредниот период.

„Бранителот на осомничениот го известил ова обвинителство дека неговиот клиент сака да ја изнесе својата одбрана“, изјавија за Н1 од Вишото јавно обвинителство во Заечар.

Како што додаваат, рочиштето за осомничениот Срѓан е закажано за 4 јуни.

Срѓан Ј. по приведувањето се бранеше со молчење односно го искористил законското право да не изнесе одбрана, додека другиот обвинет Дејан Д. го призна убиството.

The post Реши да проговори: Одбрана ќе изнесе осомничен за убиството на девојчето Данка Илиќ кој досега се бранеше со молчење appeared first on Република.

]]>

Срѓан Ј., осомничен во Србија за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, одлучил да ја изнесе својата одбрана во наредниот период. „Бранителот на осомничениот го известил ова обвинителство дека неговиот клиент сака да ја изнесе својата одбрана“, изјавија за Н1 од Вишото јавно обвинителство во Заечар. Како што додаваат, рочиштето за осомничениот Срѓан е закажано за 4 јуни. Срѓан Ј. по приведувањето се бранеше со молчење односно го искористил законското право да не изнесе одбрана, додека другиот обвинет Дејан Д. го призна убиството.

The post Реши да проговори: Одбрана ќе изнесе осомничен за убиството на девојчето Данка Илиќ кој досега се бранеше со молчење appeared first on Република.

]]>
ОЈО ја испитува смртта на осомничениот убиец во кумановскиот затвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-ja-ispituva-smrtta-na-osomnicheniot-ubiets-vo-kumanovskiot-zatvor/ Thu, 16 May 2024 13:26:58 +0000 https://republika.mk/?p=778866

Јавното обвинителство издало наредба за обдукција на починатиот притвореник во казнено поправната установа Затвор Куманово (К‘шање), соопштија денеска од ЈО. Притвореникот, осомничен за двојното убиство и убиство во обид за членови на поширокото семејство од кумановското село Габреш бил пронајден мртов во притворско одделение во К‘шање во понеделникот на 13 мај годинава. Според првични информации, станува збор за самоубиство. Од МВР само го потврдија случајот.

При проверка на бројната состојба на притворените лица, командирот го пронашол безживотното тело на притвореникот. Веднаш е известен судот, полицијата, јавното обвинителство, информираа од Затвор Куманово.

Од ЈО денеска соопштија дека е дадена наредба за обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта и ќе се чекаат резултатите од обдукцискиот наод.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/imal-dozvola-za-oruzhjeto-se-bata-pritvor-za-kumanovetsot-shto-si-gi-zastrela-sestrata-i-vnutsite/

Шеесет и седумгодишниот Д.Ѓ. чекаше судење, бидејќи обвинителството го сомничеше за двојно убиство и убиство во обид.

Полицијата на 21 февруари, годинава го приведе Д.Ѓ. кој пукаше во сестра си и нејзините два сина со пиштол кој го поседувал со дозвола по семејна расправија. Шеесет и тригодишната Д.Р. и триесет и осумгодишниот Т.Р. починаа по пукањето, а триесет и шестгодишниот Ж.Р. се здоби со прострелни рани. Ден подоцна, обвинителството определи притвор за Д.Ѓ. кој го чекаше судењето.

The post ОЈО ја испитува смртта на осомничениот убиец во кумановскиот затвор appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство издало наредба за обдукција на починатиот притвореник во казнено поправната установа Затвор Куманово (К‘шање), соопштија денеска од ЈО. Притвореникот, осомничен за двојното убиство и убиство во обид за членови на поширокото семејство од кумановското село Габреш бил пронајден мртов во притворско одделение во К‘шање во понеделникот на 13 мај годинава. Според првични информации, станува збор за самоубиство. Од МВР само го потврдија случајот.
При проверка на бројната состојба на притворените лица, командирот го пронашол безживотното тело на притвореникот. Веднаш е известен судот, полицијата, јавното обвинителство, информираа од Затвор Куманово.
Од ЈО денеска соопштија дека е дадена наредба за обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта и ќе се чекаат резултатите од обдукцискиот наод. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/imal-dozvola-za-oruzhjeto-se-bata-pritvor-za-kumanovetsot-shto-si-gi-zastrela-sestrata-i-vnutsite/ Шеесет и седумгодишниот Д.Ѓ. чекаше судење, бидејќи обвинителството го сомничеше за двојно убиство и убиство во обид. Полицијата на 21 февруари, годинава го приведе Д.Ѓ. кој пукаше во сестра си и нејзините два сина со пиштол кој го поседувал со дозвола по семејна расправија. Шеесет и тригодишната Д.Р. и триесет и осумгодишниот Т.Р. починаа по пукањето, а триесет и шестгодишниот Ж.Р. се здоби со прострелни рани. Ден подоцна, обвинителството определи притвор за Д.Ѓ. кој го чекаше судењето.

The post ОЈО ја испитува смртта на осомничениот убиец во кумановскиот затвор appeared first on Република.

]]>
На таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ му е одредена мерка притвор https://republika.mk/vesti/balkan/na-tatkoto-na-osomnicheniot-za-ubistvoto-na-danka-ilik-mu-e-odredena-merka-pritvor/ Sun, 07 Apr 2024 15:34:25 +0000 https://republika.mk/?p=763496

На таткото на Д.Д., осомничен за убиството на Данка Илиќ (2), му е одредена мерка притвор до 30 дена, јавуваат медиумите.

Р.Д., таткото на Д.Д., осомничен за убиството на Данка Илиќ (2), е приведен во Вишото јавно обвинителство во Зајечар поради сомнение дека му помогнал на синот да го отстрани телото на девојчето.

Тој се бранеше со молчење во Обвинителството.

Таткото на осомничениот за убиството бил донесен со брза помош, а двајца полицајци го спровеле до обвинителството.

Да потсетиме, претходно денеска полицијата соопшти дека осомничениот Д.Д.(1984) од Бор, кој во саботата доби притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека му помогнал на Д.Д., осомничениот за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ по извршеното злосторство, почина ноќеска.

 

The post На таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ му е одредена мерка притвор appeared first on Република.

]]>

На таткото на Д.Д., осомничен за убиството на Данка Илиќ (2), му е одредена мерка притвор до 30 дена, јавуваат медиумите. Р.Д., таткото на Д.Д., осомничен за убиството на Данка Илиќ (2), е приведен во Вишото јавно обвинителство во Зајечар поради сомнение дека му помогнал на синот да го отстрани телото на девојчето. Тој се бранеше со молчење во Обвинителството. Таткото на осомничениот за убиството бил донесен со брза помош, а двајца полицајци го спровеле до обвинителството. Да потсетиме, претходно денеска полицијата соопшти дека осомничениот Д.Д.(1984) од Бор, кој во саботата доби притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека му помогнал на Д.Д., осомничениот за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ по извршеното злосторство, почина ноќеска.  

The post На таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ му е одредена мерка притвор appeared first on Република.

]]>
Во притвор починал братот на осомничениот за убиство на малата Данка https://republika.mk/vesti/balkan/vo-pritvor-pochinal-bratot-na-osomnicheniot-za-ubistvo-na-malata-danka/ Sun, 07 Apr 2024 11:35:50 +0000 https://republika.mk/?p=763426

40-годишниот Далибор Драгијевиќ, кој беше осомничен дека му помагал на својот брат Дејан во случајот со убиството на малата Данка Илиќ, починал во притворот во Бор. Нему му беше одреден 48-часовен притвор поради тоа што наводно му помагал на својот брат да се ослободи од телото на убиената Данка.

Според информациите, во раните утрински часови на Далибор му се слошило, и покрај тоа што реагирале навреме полициските службеници, сепак, тој починал во 3:10 часот. Од страна на лекарите е констатирана смрт.

За случувањата веднаш е известено Вишото јавно обвинителство кое наложило обдукција.

Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се уапсени поради сомнение дека ја убиле Данка Илиќ. Дејан го признал злосторството, додека Срѓан се бранел со молчење.

Притоа полицијата ги уапсила и Раде и Далибор, таткото и братот на Дејан, кои се осомничени дека му помагале да го премести телото на Данка. Тие денеска требаше да бидат сослушани.

The post Во притвор починал братот на осомничениот за убиство на малата Данка appeared first on Република.

]]>

40-годишниот Далибор Драгијевиќ, кој беше осомничен дека му помагал на својот брат Дејан во случајот со убиството на малата Данка Илиќ, починал во притворот во Бор. Нему му беше одреден 48-часовен притвор поради тоа што наводно му помагал на својот брат да се ослободи од телото на убиената Данка. Според информациите, во раните утрински часови на Далибор му се слошило, и покрај тоа што реагирале навреме полициските службеници, сепак, тој починал во 3:10 часот. Од страна на лекарите е констатирана смрт. За случувањата веднаш е известено Вишото јавно обвинителство кое наложило обдукција. Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се уапсени поради сомнение дека ја убиле Данка Илиќ. Дејан го признал злосторството, додека Срѓан се бранел со молчење.
Притоа полицијата ги уапсила и Раде и Далибор, таткото и братот на Дејан, кои се осомничени дека му помагале да го премести телото на Данка. Тие денеска требаше да бидат сослушани.

The post Во притвор починал братот на осомничениот за убиство на малата Данка appeared first on Република.

]]>
Приведен е и братот на еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ https://republika.mk/vesti/balkan/priveden-e-i-bratot-na-eden-od-osomnichenite-za-ubistvoto-na-danka-ilik/ Fri, 05 Apr 2024 14:43:07 +0000 https://republika.mk/?p=762706

Последните информации од Вишото обвинителство во Зајечар се дека освен сослушувањето на двајцата уапсени осомничени за убиството на девојчето Данка Илиќ, како што јави „Н1“, приведен е и братот на еден од осомничените.

Целата механизација, како и полициските патроли е повлечена од депонијата каде се трага по телото на Данка Илиќ. Во текот на денот на горната и долната страна силни полициски сили го обезбедуваа овој дел од патот. Засега не се знае дали потрагата на овој простор е прекината, а полицијата се преселила на нова локација недалеку од Бањско поле во потрага по телото, пишува Блиц.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно соопшти дека се приведени две лица кои го признале убиството.

Уапсени се работниците на јавното комунално претпријатие Водовод Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од селото Злот кај Бор. Со автомобилот налетале на Данка. Нејзиното тело наводно го оставиле на депонија.

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ која исчезна во Бањско поле кај Бор траеше десет дена.

 

The post Приведен е и братот на еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ appeared first on Република.

]]>

Последните информации од Вишото обвинителство во Зајечар се дека освен сослушувањето на двајцата уапсени осомничени за убиството на девојчето Данка Илиќ, како што јави „Н1“, приведен е и братот на еден од осомничените. Целата механизација, како и полициските патроли е повлечена од депонијата каде се трага по телото на Данка Илиќ. Во текот на денот на горната и долната страна силни полициски сили го обезбедуваа овој дел од патот. Засега не се знае дали потрагата на овој простор е прекината, а полицијата се преселила на нова локација недалеку од Бањско поле во потрага по телото, пишува Блиц. Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно соопшти дека се приведени две лица кои го признале убиството. Уапсени се работниците на јавното комунално претпријатие Водовод Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од селото Злот кај Бор. Со автомобилот налетале на Данка. Нејзиното тело наводно го оставиле на депонија. Потрагата по двегодишната Данка Илиќ која исчезна во Бањско поле кај Бор траеше десет дена.  

The post Приведен е и братот на еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ appeared first on Република.

]]>
Скопјанец е осомничен за убиство: Пукал и ранил 22-годишен познаник https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-e-osomnichen-za-ubistvo-pukal-i-ranil-22-godishen-poznanik/ Thu, 21 Mar 2024 21:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=757211

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

„На 9.5.2023, по претходна расправија, пријавениот со пиштол пукал кон А.К.(22) и му нанел прострелна рана, по што со автоматска пушка испукал уште неколку куршуми кон А.К. и негов пријател, но не ги погодил“, извести полицијата.

The post Скопјанец е осомничен за убиство: Пукал и ранил 22-годишен познаник appeared first on Република.

]]>

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. „На 9.5.2023, по претходна расправија, пријавениот со пиштол пукал кон А.К.(22) и му нанел прострелна рана, по што со автоматска пушка испукал уште неколку куршуми кон А.К. и негов пријател, но не ги погодил“, извести полицијата.

The post Скопјанец е осомничен за убиство: Пукал и ранил 22-годишен познаник appeared first on Република.

]]>
Уапсен петиот осомничен за планирање напад на катедралата во Келн https://republika.mk/vesti/svet/uapsen-petiot-osomnichen-za-planirane-napad-na-katedralata-vo-keln/ Tue, 02 Jan 2024 13:29:38 +0000 https://republika.mk/?p=729018

Германските власти денеска објавија дека уапсиле уште еден осомничен во врска со наводната закана за напад на познатата катедрала во Келн за време на празниците, со што вкупниот број на приведени во врска со случајот се искачи на пет.

Најновиот осомничен, 41-годишен Германец со турско потекло, беше приведен во синоќа во западниот град Бохум во покраината Северна Рајна-Вестфалија.

Полицијата вчера наутро приведе три лица, а минатата недела еден осомничен маж и сите уапсени наводно припаѓаат на поголема исламска екстремистичка мрежа.

Четворица осомничени беа приведени во различни градови низ Северна Рајна-Вестфалија, а лицето кое беше уапсено минатата недела беше идентификувано како 30-годишен Таџикистанец.

Според локалните медиуми, постоело сомневање дека нападот би можел да биде извршен на новогодишната ноќ со автомобил со експлозив, а надлежните поради ризикот, ги зајакнале безбедносните мерки во Келн.

 

The post Уапсен петиот осомничен за планирање напад на катедралата во Келн appeared first on Република.

]]>

Германските власти денеска објавија дека уапсиле уште еден осомничен во врска со наводната закана за напад на познатата катедрала во Келн за време на празниците, со што вкупниот број на приведени во врска со случајот се искачи на пет. Најновиот осомничен, 41-годишен Германец со турско потекло, беше приведен во синоќа во западниот град Бохум во покраината Северна Рајна-Вестфалија. Полицијата вчера наутро приведе три лица, а минатата недела еден осомничен маж и сите уапсени наводно припаѓаат на поголема исламска екстремистичка мрежа. Четворица осомничени беа приведени во различни градови низ Северна Рајна-Вестфалија, а лицето кое беше уапсено минатата недела беше идентификувано како 30-годишен Таџикистанец. Според локалните медиуми, постоело сомневање дека нападот би можел да биде извршен на новогодишната ноќ со автомобил со експлозив, а надлежните поради ризикот, ги зајакнале безбедносните мерки во Келн.  

The post Уапсен петиот осомничен за планирање напад на катедралата во Келн appeared first on Република.

]]>
Каратист од Велес е еден од осомничените за киднапирањето и убиството на Вања https://republika.mk/vesti/crna-hronika/karatist-od-veles-e-eden-od-osomnichenite-za-kidnapiraneto-i-ubistvoto-na-vana/ Tue, 05 Dec 2023 07:52:11 +0000 https://republika.mk/?p=719737

Пет лица се осомничени за убиството на Вања Горчевска, а меѓу нив е и каратист од Велес. Велешкиот спортист Боре Видевски, кој е во притвор, е уапсен во неговата спортска школа за боречки вештини.

Видовски е еден од тројцата приведени осомничени, меѓу кои се Велибор Манев и Влатко Кешишев. Освен за киднапирање, сите тројца се осомничени за двојно убиство на Вања Горчевска (14) и 74-годишниот Панче Жежевски, фризер од Велес. Тие во понеделникот наутро добија притвор до 48 часа.

На распитот го откриле времето кога е убиена Вања и кога е убиен Панче.

Го имаме признанието на осомничените кој за што е одговарен, изјави вчера шефот на Скопското јавно обвинителство, Гаврил Бубевски.

Според првите информации, тие во своите изјави истакале дека Вања била убиена бидејќи работата излегла од контрола.

Тоа е нивната верзија, додаде Бубевски.

Видевски на својот Фејсбук профил објавувал фотографии со децата кои ги тренирал во боречки вештини. Коментарите под фотографиите сведочат дека осомничениот Боре бил мајстор во спортот, како и дека натпреварувачите и нивните родители го обожавале.

Засега не се знае каква била неговата улога во киднапирањето, а властите вчера на прес-конференција соопштија дека осомничените признале што направиле во случајот што го шокираше Балканот.

Видевски е тајно изведен пред судија. Тој бил спроведен во судницата преку гаражата на Кривичниот суд, а потоа во лифтот до третиот кат на зградата.

По главниот осомничен за двојното убиство Љупча Палевски-Палчо е распишана меѓународна потерница. По злосторството на 30 ноември избегал во Белград, а оттаму во Бугарија.

На Александар Ѓорчевски, таткото на убиеното 14-годишно девојче Вања, синоќа му е одреден притвор до 48 часа.

Тој ќе биде сместен во затворот „Шутка“ каде се и тројца други осомничени. Се сомничи дека им кажал на убијците кога и каде ќерка му ќе биде сама.

 

The post Каратист од Велес е еден од осомничените за киднапирањето и убиството на Вања appeared first on Република.

]]>

Пет лица се осомничени за убиството на Вања Горчевска, а меѓу нив е и каратист од Велес. Велешкиот спортист Боре Видевски, кој е во притвор, е уапсен во неговата спортска школа за боречки вештини. Видовски е еден од тројцата приведени осомничени, меѓу кои се Велибор Манев и Влатко Кешишев. Освен за киднапирање, сите тројца се осомничени за двојно убиство на Вања Горчевска (14) и 74-годишниот Панче Жежевски, фризер од Велес. Тие во понеделникот наутро добија притвор до 48 часа. На распитот го откриле времето кога е убиена Вања и кога е убиен Панче.
Го имаме признанието на осомничените кој за што е одговарен, изјави вчера шефот на Скопското јавно обвинителство, Гаврил Бубевски.
Според првите информации, тие во своите изјави истакале дека Вања била убиена бидејќи работата излегла од контрола.
Тоа е нивната верзија, додаде Бубевски.
Видевски на својот Фејсбук профил објавувал фотографии со децата кои ги тренирал во боречки вештини. Коментарите под фотографиите сведочат дека осомничениот Боре бил мајстор во спортот, како и дека натпреварувачите и нивните родители го обожавале. Засега не се знае каква била неговата улога во киднапирањето, а властите вчера на прес-конференција соопштија дека осомничените признале што направиле во случајот што го шокираше Балканот. Видевски е тајно изведен пред судија. Тој бил спроведен во судницата преку гаражата на Кривичниот суд, а потоа во лифтот до третиот кат на зградата. По главниот осомничен за двојното убиство Љупча Палевски-Палчо е распишана меѓународна потерница. По злосторството на 30 ноември избегал во Белград, а оттаму во Бугарија. На Александар Ѓорчевски, таткото на убиеното 14-годишно девојче Вања, синоќа му е одреден притвор до 48 часа. Тој ќе биде сместен во затворот „Шутка“ каде се и тројца други осомничени. Се сомничи дека им кажал на убијците кога и каде ќерка му ќе биде сама.  

The post Каратист од Велес е еден од осомничените за киднапирањето и убиството на Вања appeared first on Република.

]]>
Обвинителството бара притвор за скопјанец осомничен за помагање при убиството во Стара чаршија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-bara-pritvor-za-skopjanets-osomnichen-za-pomagane-pri-ubistvoto-vo-stara-charshija/ Tue, 08 Aug 2023 15:36:43 +0000 https://republika.mk/?p=670085

Денеска (08.08.2023) во Скопје, на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје во содејство со САЕ „Тигар“ и Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги извршија претрес на дом и го приведоа Г.М. (31) од Скопје, кој бил баран со потерница од надлежното обвинителство во врска со убиството во кафе бар „Албум Шиша“ во Скопје на 06.03.2023.

Г.М. е задржан во полициска станица и против него до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за извршенo кривичнo делo „помагање" по чл. 24 од КЗ во врска со кривично дело „убиство“ по член 123 од КЗ, извршени на ден 06.03.2023. ГМ. е предаден на ОЈО за натамошна постапка.

 

The post Обвинителството бара притвор за скопјанец осомничен за помагање при убиството во Стара чаршија appeared first on Република.

]]>

Денеска (08.08.2023) во Скопје, на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје во содејство со САЕ „Тигар“ и Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги извршија претрес на дом и го приведоа Г.М. (31) од Скопје, кој бил баран со потерница од надлежното обвинителство во врска со убиството во кафе бар „Албум Шиша“ во Скопје на 06.03.2023. Г.М. е задржан во полициска станица и против него до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за извршенo кривичнo делo „помагање" по чл. 24 од КЗ во врска со кривично дело „убиство“ по член 123 од КЗ, извршени на ден 06.03.2023. ГМ. е предаден на ОЈО за натамошна постапка.  

The post Обвинителството бара притвор за скопјанец осомничен за помагање при убиството во Стара чаршија appeared first on Република.

]]>
Побегнал во Швајцарија па се вратил: Фатен еден од свирепите разбојници кои мачеа сопружници и го убија мажот во скопското селото Глуво https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pobegnal-vo-shvajcarija-pa-se-vratil-faten-eden-od-svirepite-razbojnici-koi-machea-sopruznici-i-go-ubija-mazot-vo-skopskoto-seloto-gluvo/ Tue, 20 Sep 2022 16:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=552672

Скопското обвинителство соопшти дека донело Наредба за спроведување истражна постапка против 52-годишен жител на Прилеп, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво.

„Осомничениот, заедно со уште две други лица кои до овој момент не се идентификувани, на 08.11.2021 година преку терасата влегле во семеен дом во скопското село Глуво, маскирани со качулки и ракавици на рацете. Ги забележала сопственичката на куќата, која веднаш го викнала сопругот. Еден од сторителите започнал да ја удира со тупаници и клоци, а сега осомничениот со другото лице влегле во собата во која бил сопругот и исто така започнале да го удираат, соборувајќи го на земја. Тројцата разбојници претурале и кршеле, пребарувајќи ја целата куќа, барајќи пари и вредни предмети. За целото време ги измачувале двајцата оштетени сопружници – жената ја боделе во стомакот со кујнски нож, а на мажот му нанеле тешки телесни повреди и како резултат на обилно внатрешно крварење во мозокот, тој починал на 19 ноември, се вели во соопштението од Обвинителството.

„Осомничениот и неговите соизвршители одзеле 30.000 денари, шест златни прстени и две златни алки, по што избегале од местото. Осомничениот, веднаш по настанот, избегал во Швајцарија, од каде се вратил во земјава на 11 септември годинава и е уапсен непосредно по неговото лоцирање. Се работи за сторител на повеќе кривични дела, меѓу кои и уште едно разбојништво со смртни последици, за кое бил осуден и издржал казна затвор од 15 години“, велат од ЈО.

Од тие причини, опасноста од бегство и можноста да го повтори делото или да влијае врз постапката во обид да ги прикрие доказите или своите соучесници, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор на осомничениот.

The post Побегнал во Швајцарија па се вратил: Фатен еден од свирепите разбојници кои мачеа сопружници и го убија мажот во скопското селото Глуво appeared first on Република.

]]>

Скопското обвинителство соопшти дека донело Наредба за спроведување истражна постапка против 52-годишен жител на Прилеп, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво.
„Осомничениот, заедно со уште две други лица кои до овој момент не се идентификувани, на 08.11.2021 година преку терасата влегле во семеен дом во скопското село Глуво, маскирани со качулки и ракавици на рацете. Ги забележала сопственичката на куќата, која веднаш го викнала сопругот. Еден од сторителите започнал да ја удира со тупаници и клоци, а сега осомничениот со другото лице влегле во собата во која бил сопругот и исто така започнале да го удираат, соборувајќи го на земја. Тројцата разбојници претурале и кршеле, пребарувајќи ја целата куќа, барајќи пари и вредни предмети. За целото време ги измачувале двајцата оштетени сопружници – жената ја боделе во стомакот со кујнски нож, а на мажот му нанеле тешки телесни повреди и како резултат на обилно внатрешно крварење во мозокот, тој починал на 19 ноември, се вели во соопштението од Обвинителството.
„Осомничениот и неговите соизвршители одзеле 30.000 денари, шест златни прстени и две златни алки, по што избегале од местото. Осомничениот, веднаш по настанот, избегал во Швајцарија, од каде се вратил во земјава на 11 септември годинава и е уапсен непосредно по неговото лоцирање. Се работи за сторител на повеќе кривични дела, меѓу кои и уште едно разбојништво со смртни последици, за кое бил осуден и издржал казна затвор од 15 години“, велат од ЈО. Од тие причини, опасноста од бегство и можноста да го повтори делото или да влијае врз постапката во обид да ги прикрие доказите или своите соучесници, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор на осомничениот.

The post Побегнал во Швајцарија па се вратил: Фатен еден од свирепите разбојници кои мачеа сопружници и го убија мажот во скопското селото Глуво appeared first on Република.

]]>
Пронајдено тело на осомничен убиец, кој во неделата уби 10 а рани 18 лица https://republika.mk/vesti/svet/pronajdeno-telo-na-osomnichen-ubiec-koj-vo-nedelata-ubi-10-a-rani-18-lica/ Tue, 06 Sep 2022 08:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=547862

Еден од двајцата осомничени за убиствата на 10 лица во канадската провинција Саскачеван е пронајден мртов, соопшти локалната полиција.

Телото на Демиен Сандерсон (31) е пронајдено во староседелската заедница Џејмс Смит Кри.

Неговиот брат и втор осомничен Мајлс Сандерсон е во бегство.

Најмалку десет луѓе беа убиени, а 18 ранети во напади со нож во неделата.

Мотивот за нападите не е познат.

The post Пронајдено тело на осомничен убиец, кој во неделата уби 10 а рани 18 лица appeared first on Република.

]]>

Еден од двајцата осомничени за убиствата на 10 лица во канадската провинција Саскачеван е пронајден мртов, соопшти локалната полиција. Телото на Демиен Сандерсон (31) е пронајдено во староседелската заедница Џејмс Смит Кри. Неговиот брат и втор осомничен Мајлс Сандерсон е во бегство. Најмалку десет луѓе беа убиени, а 18 ранети во напади со нож во неделата. Мотивот за нападите не е познат.

The post Пронајдено тело на осомничен убиец, кој во неделата уби 10 а рани 18 лица appeared first on Република.

]]>
Уапсен осомничен за убиствата на муслимани во Њу Мексико https://republika.mk/vesti/svet/uapsen-osomnichen-za-ubistvata-na-muslimani-vo-nju-meksiko/ Tue, 09 Aug 2022 21:41:16 +0000 https://republika.mk/?p=538532

Полицијата на американската сојузна држава Њу Мексико објави во вторникот дека притворила осомничен за убиствата на четворица муслимани во Албакерки во последните девет месеци.

Началникот на полицијата на Албакерки, најголемиот град во оваа сојузна држава, Харолд Медина, објави на Twitter дека полицијата во рамките на истрагата следела едно возило.

Возачот е притворен и е нашиот главен осомничен за убиствата, објави началникот Медина.

Во Албакерки, кој има околу 556.000 жители, живеат околу 5.000 муслимани. Властите по последното четврто убиство на муслиман минатиот петок, се подготвуваат да воведат засилено полициско обезбедување во џамиите во текот на молитвите.

Првото убиство се случило во ноември минатата година. Другите тројца се убиени во последните два месеца од кои двајца последните две седмици, најверојатно поради нивната религија, според сомневањата на полицијата.

Двајца од убиените посетувале иста џамија. Убиени се кон крајот на јуни и на почетокот од август. Полицијата смета дека нивните убиства се поврзани со убиството на авганистански доселеник ланскиот ноември. Убиените се по потекло Пакистанци и Авганистанци.

Убиствата ја шокираа локалната муслиманска заедница, а во неделата ги осуди и американскиот претседател Џо Бајден. Полицијата уште претходно соопшти дека убиствата ги смета за насочени напади врз муслиманската заедница.

 

The post Уапсен осомничен за убиствата на муслимани во Њу Мексико appeared first on Република.

]]>

Полицијата на американската сојузна држава Њу Мексико објави во вторникот дека притворила осомничен за убиствата на четворица муслимани во Албакерки во последните девет месеци. Началникот на полицијата на Албакерки, најголемиот град во оваа сојузна држава, Харолд Медина, објави на Twitter дека полицијата во рамките на истрагата следела едно возило.
Возачот е притворен и е нашиот главен осомничен за убиствата, објави началникот Медина.
Во Албакерки, кој има околу 556.000 жители, живеат околу 5.000 муслимани. Властите по последното четврто убиство на муслиман минатиот петок, се подготвуваат да воведат засилено полициско обезбедување во џамиите во текот на молитвите. Првото убиство се случило во ноември минатата година. Другите тројца се убиени во последните два месеца од кои двајца последните две седмици, најверојатно поради нивната религија, според сомневањата на полицијата. Двајца од убиените посетувале иста џамија. Убиени се кон крајот на јуни и на почетокот од август. Полицијата смета дека нивните убиства се поврзани со убиството на авганистански доселеник ланскиот ноември. Убиените се по потекло Пакистанци и Авганистанци. Убиствата ја шокираа локалната муслиманска заедница, а во неделата ги осуди и американскиот претседател Џо Бајден. Полицијата уште претходно соопшти дека убиствата ги смета за насочени напади врз муслиманската заедница.  

The post Уапсен осомничен за убиствата на муслимани во Њу Мексико appeared first on Република.

]]>