основци Archives - Република https://republika.mk/tema/osnovci/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jul 2024 06:53:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png основци Archives - Република https://republika.mk/tema/osnovci/ 32 32 Oсновци од скопско училиште терале соученик да прави експлицитни видеа, сè објавувале на интернет https://republika.mk/vesti/crna-hronika/osnovtsi-od-skopsko-uchilishte-terale-souchenik-da-pravi-eksplitsitni-videa-se-objavuvale-na-internet/ Wed, 24 Jul 2024 08:05:33 +0000 https://republika.mk/?p=799705

Вчера во 16.10 часот во Полициската станица Бит Пазар, 37 – годишен жител на Скопје пријавил дека во текот на јуни 2024 година, неговиот син од страна на малолетници од основно училиште во кое учел, бил ставен во група на социјална мрежа со негово име, слики и видеа со експлицитна содржина.

Според пријавеното, малолетниците со закани го присилувале неговиот син да ги прави фотографиите и видеата, кои потоа ги објавувале во групата.

Како што е пријавено, истите лица злоупотребиле и фотографија од пријавителот и неговата сопруга и без согласност ја објавиле на социјалната мрежа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

The post Oсновци од скопско училиште терале соученик да прави експлицитни видеа, сè објавувале на интернет appeared first on Република.

]]>

Вчера во 16.10 часот во Полициската станица Бит Пазар, 37 – годишен жител на Скопје пријавил дека во текот на јуни 2024 година, неговиот син од страна на малолетници од основно училиште во кое учел, бил ставен во група на социјална мрежа со негово име, слики и видеа со експлицитна содржина. Според пријавеното, малолетниците со закани го присилувале неговиот син да ги прави фотографиите и видеата, кои потоа ги објавувале во групата. Како што е пријавено, истите лица злоупотребиле и фотографија од пријавителот и неговата сопруга и без согласност ја објавиле на социјалната мрежа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.  

The post Oсновци од скопско училиште терале соученик да прави експлицитни видеа, сè објавувале на интернет appeared first on Република.

]]>
Училишната година за средношколците завршува на 10-ти, а за основците на 17 јуни https://republika.mk/vesti/makedonija/uchilishnata-godina-za-srednoshkoltsite-zavrshuva-na-10-ti-a-za-osnovtsite-na-17-juni/ Wed, 17 Jan 2024 13:58:45 +0000 https://republika.mk/?p=734030

Со нова одлука на Министерството за образование и наука, која следува по барање на Сојузот на средношколци, учебната 2023/2024 година за средношколците ќе заврши на 10 јуни наместо на 17 јуни како што беше претходно предвидено со календарот за организација на наставата.

За основците останува одредбата да учат до 17 јуни, а и едните и другите ќе имаат пролетен распуст од 29 април до 6 мај 2024.

Во Законот за основно образование се одредени точен број работни денови во основното образование. Во Законот за средно образование не е одредена таа законска обврска за точен број работни денови. Сите одлуки се донесуваат во консултација со тие што се засегнати. Сојузот на средношколци побара освен пролетниот распуст заради административните постапки на запишување на децата во високото образование, средното образование да заврши на 10 јуни, тоа го дозволуваше законот и ние тука постапивме, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Учениците во основните и средните училишта се уште два дена на распуст и на настава ќе се вратат в понеделник, 22 јануари, за второто полугодие од учебната 2023/2024 година.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ushte-ne-se-znae-dali-ke-se-prodolzhi-proletniot-raspust-na-uchenitsite-koj-zavrshuva-na-6-maj-a-izborite-se-na-8-maj/

The post Училишната година за средношколците завршува на 10-ти, а за основците на 17 јуни appeared first on Република.

]]>

Со нова одлука на Министерството за образование и наука, која следува по барање на Сојузот на средношколци, учебната 2023/2024 година за средношколците ќе заврши на 10 јуни наместо на 17 јуни како што беше претходно предвидено со календарот за организација на наставата. За основците останува одредбата да учат до 17 јуни, а и едните и другите ќе имаат пролетен распуст од 29 април до 6 мај 2024.
Во Законот за основно образование се одредени точен број работни денови во основното образование. Во Законот за средно образование не е одредена таа законска обврска за точен број работни денови. Сите одлуки се донесуваат во консултација со тие што се засегнати. Сојузот на средношколци побара освен пролетниот распуст заради административните постапки на запишување на децата во високото образование, средното образование да заврши на 10 јуни, тоа го дозволуваше законот и ние тука постапивме, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.
Учениците во основните и средните училишта се уште два дена на распуст и на настава ќе се вратат в понеделник, 22 јануари, за второто полугодие од учебната 2023/2024 година. https://republika.mk/vesti/makedonija/ushte-ne-se-znae-dali-ke-se-prodolzhi-proletniot-raspust-na-uchenitsite-koj-zavrshuva-na-6-maj-a-izborite-se-na-8-maj/

The post Училишната година за средношколците завршува на 10-ти, а за основците на 17 јуни appeared first on Република.

]]>
Основците и средношколците во чии семејства месечните примања се до 50 илјади денари во следните шест месеци ќе добиваат по 1.200 односно 1.800 денари https://republika.mk/vesti/makedonija/osnovtsite-i-srednoshkoltsite-vo-chii-semejstva-mesechnite-primana-se-do-50-iljadi-denari-vo-slednite-shest-mesetsi-ke-dobivaat-po-1-200-odnosno-1-800-denari/ Wed, 29 Nov 2023 12:05:38 +0000 https://republika.mk/?p=717545

Министерството за образование и наука во соопштение наведува дека со новиот, деветти по ред пакет антикризни мерки кој Владата го презентираше вчера, над 120 илјади ученици и студенти ќе добиваат месечен паричен надомест до крајот на тековната учебна, односно академска година.

Тоа е поддршка за нив и нивните семејства, посочува МОН, во услови на зголемени трошоци за живот и продолжени ефекти од енергетската криза.

Околу 105 илјади ученици од основните и средните училишта кои потекнуваат од семејства со ниски месечни примања до 50 илјади денари, секој месец во наредните шест, ќе добиваат финансиски надоместок во износ од 1.200, односно 1.800 денари. Додека, над 15 илјади студенти кои студираат надвор од нивното место на живеење, во следните седум месеци, додека трае академската година, ќе добиваат ваучери за превоз, односно надоместок во износ од 600 до 1.200 денари во зависност од пресметаните трошоци за превозот, информира МОН.

Во следните денови Владата и Министерството за образование и наука ќе објават детални информации за начинот на кој учениците и студентите ќе може да аплицираат, за критериумите, условите и роковите за искористување на овие мерки.

Деветтиот пакет со 26 антикризни мерки за поддршка на граѓаните е во вкупна вредност од 662 милиони евра.

The post Основците и средношколците во чии семејства месечните примања се до 50 илјади денари во следните шест месеци ќе добиваат по 1.200 односно 1.800 денари appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука во соопштение наведува дека со новиот, деветти по ред пакет антикризни мерки кој Владата го презентираше вчера, над 120 илјади ученици и студенти ќе добиваат месечен паричен надомест до крајот на тековната учебна, односно академска година. Тоа е поддршка за нив и нивните семејства, посочува МОН, во услови на зголемени трошоци за живот и продолжени ефекти од енергетската криза.
Околу 105 илјади ученици од основните и средните училишта кои потекнуваат од семејства со ниски месечни примања до 50 илјади денари, секој месец во наредните шест, ќе добиваат финансиски надоместок во износ од 1.200, односно 1.800 денари. Додека, над 15 илјади студенти кои студираат надвор од нивното место на живеење, во следните седум месеци, додека трае академската година, ќе добиваат ваучери за превоз, односно надоместок во износ од 600 до 1.200 денари во зависност од пресметаните трошоци за превозот, информира МОН.
Во следните денови Владата и Министерството за образование и наука ќе објават детални информации за начинот на кој учениците и студентите ќе може да аплицираат, за критериумите, условите и роковите за искористување на овие мерки. Деветтиот пакет со 26 антикризни мерки за поддршка на граѓаните е во вкупна вредност од 662 милиони евра.  

The post Основците и средношколците во чии семејства месечните примања се до 50 илјади денари во следните шест месеци ќе добиваат по 1.200 односно 1.800 денари appeared first on Република.

]]>
За основците и средношколците по 1.200 и 1.800 денари во следните шест месеци, ваучери за студентите, по 3.000 денари за пензионерите https://republika.mk/vesti/ekonomija/za-osnovtsite-i-srednoshkoltsite-po-1-200-i-1-800-denari-vo-slednite-shest-mesetsi-vaucheri-za-studentite-po-3-000-denari-za-penzionerite/ Tue, 28 Nov 2023 13:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=717226

На денешната владина седница е усогласен деветиот пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра. Овој пакет содржи 26 мерки за социјална сигурност насочени кон ранливите категории на граѓани и компании.

Со мерките се опфаќаат 120 илјади млади лица, над 74 илјади социјално ранливи категории на граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, 540 илјади корисници на апликацијата „МојДДВ“, 600 илјади домаќинства, како и над 70 илјади компании.

Премиерот Димитар Ковачевски информираше дека над 105 илјади основци и средношколци во наредните шест месеци ќе добиваат по 1,200 и 1.800 денари месечно.

15 илјади студенти кои живеат надвор од местото на студирање, ќе добијат ваучер во износ од 600 до 1200 денари за превоз. Во наредните пет месеци, по 1000 денари ќе добијат корисниците на надоместок заради попреченост, самохрани родители и родители на деца со попреченост до 26 години, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Во наредните пет месеци, пензионерите со пензија до 14 илјади денари, ќе добиваат по 3000 денари месечно, оние со пензија од 14 до 16 илјади – 2000 денари месечно, додека оние со пензии од 16 до 19 илјади денари, ќе имаат поддршка од 1500 денари, истакна меѓу другото претседателот на Владата.

Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот рече дека мерките ќе важат од 1-ви декември и финансиските средства се предвидени според Буџетот.

The post За основците и средношколците по 1.200 и 1.800 денари во следните шест месеци, ваучери за студентите, по 3.000 денари за пензионерите appeared first on Република.

]]>

На денешната владина седница е усогласен деветиот пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра. Овој пакет содржи 26 мерки за социјална сигурност насочени кон ранливите категории на граѓани и компании. Со мерките се опфаќаат 120 илјади млади лица, над 74 илјади социјално ранливи категории на граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, 540 илјади корисници на апликацијата „МојДДВ“, 600 илјади домаќинства, како и над 70 илјади компании. Премиерот Димитар Ковачевски информираше дека над 105 илјади основци и средношколци во наредните шест месеци ќе добиваат по 1,200 и 1.800 денари месечно.
15 илјади студенти кои живеат надвор од местото на студирање, ќе добијат ваучер во износ од 600 до 1200 денари за превоз. Во наредните пет месеци, по 1000 денари ќе добијат корисниците на надоместок заради попреченост, самохрани родители и родители на деца со попреченост до 26 години, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Во наредните пет месеци, пензионерите со пензија до 14 илјади денари, ќе добиваат по 3000 денари месечно, оние со пензија од 14 до 16 илјади – 2000 денари месечно, додека оние со пензии од 16 до 19 илјади денари, ќе имаат поддршка од 1500 денари, истакна меѓу другото претседателот на Владата. Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот рече дека мерките ќе важат од 1-ви декември и финансиските средства се предвидени според Буџетот.

The post За основците и средношколците по 1.200 и 1.800 денари во следните шест месеци, ваучери за студентите, по 3.000 денари за пензионерите appeared first on Република.

]]>
Една петтина од основците живеат во сиромаштија https://republika.mk/vesti/makedonija/edna-pettina-od-osnovtsite-zhiveat-vo-siromashtija/ Mon, 26 Jun 2023 14:35:56 +0000 https://republika.mk/?p=655380

Една петтина од децата во основните училишта живеат во сиромаштија. Во некои од училиштата тоа се 50% од децата, некаде се 10%, но и да е едно, тоа заслужува внимание какво што му е потребно, вели Елена Мишиќ, раководителката на проекот чија цел е подобрување на состојбите во образованието, а кој денеска беше презентиран на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Таа додава дека училишните практики во однос на децата кои покажуваат послаби резултати се развиваат.

Она што загрижува е што децата од тие најсиромашни групации, од оној најдолен квинтил покажуваат многу послаби резултати на меѓународните тестирања. Ова е состојба којашто се менува, не е на ниво на цела држава, бидејќи сиромаштијата е од различен вид, може да биде финансиска, отсуство на услуги и можности, може да биде во руралните средини, во помалите градови. Секое училиште се справува со своите предизвици, вели Мишиќ.

Посочи дека целта на проектот е поголема вклученост на ранливите групи, но и подобрување на наставниот процес за да може овие деца да ги постигнат истите успеси како оние кои имаат повеќе можности за учење и развивање.

Зборуваме за улогата на дополнителната настава, за индивидуализацијата на наставата да одговори на потребите и стиловите на учење на секое дете. Зборуваме за можности за бесплатен превоз, како тој се реализира, за бесплатни ужинки и други секакви воннаставни мерки и активности на ниво на училиште од типот на хуманитарни акции, од типот на поддршка, врсничка поддршка, наставничка поддршка, подобрување на улогата на родителите, рече Мишиќ.

Во Факултетот за образовни науки во Штип денеска се одржа петтиот состанок на Националното тело за развивање политики, на кој присуствуваа претставници од училишта, невладини организации и државни институции.

The post Една петтина од основците живеат во сиромаштија appeared first on Република.

Од денеска и основците на распуст https://republika.mk/vesti/makedonija/od-deneska-i-osnovtsite-na-raspust/ Wed, 14 Jun 2023 07:49:15 +0000 https://republika.mk/?p=651106

Од денеска (14 јуни) започнува распустот и за основците во учебната 2022-2023 година, која ја обележаа недостигот на учебници за дел од учениците и губењето часови поради дојавите за поставени бомби во училиштата.

Основците доучуваа бидејќи второто полугодие стартуваше неколку дена подоцна, откако зимскиот распуст беше продолжен со владина одлука.

The post Од денеска и основците на распуст appeared first on Република.

]]>

Од денеска (14 јуни) започнува распустот и за основците во учебната 2022-2023 година, која ја обележаа недостигот на учебници за дел од учениците и губењето часови поради дојавите за поставени бомби во училиштата. Основците доучуваа бидејќи второто полугодие стартуваше неколку дена подоцна, откако зимскиот распуст беше продолжен со владина одлука.

The post Од денеска и основците на распуст appeared first on Република.

]]>
Учебната година за средношколците завршува утре, за основците на 14 јуни https://republika.mk/vesti/makedonija/uchebnata-godina-za-srednoshkoltsite-zavrshuva-utre-za-osnovtsite-na-14-juni/ Thu, 08 Jun 2023 08:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=649081

Наставата од учебната 2022/2023 година утре (9 јуни) ќе заврши за средношколците, а учениците во основните училишта до летниот распуст ќе одработат уште три дена – последниот училиштен ден за нив е в среда, 14 јуни.

Пролонгирањето на учебната година за основците се должи на продолжениот зимски распуст заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата, така што второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари почна на 23 јануари.

Датумите се наведени и во изменетите календари на МОН за организација на работата за оваа учебна година кои им се доставени на училиштата.

The post Учебната година за средношколците завршува утре, за основците на 14 јуни appeared first on Република.

]]>

Наставата од учебната 2022/2023 година утре (9 јуни) ќе заврши за средношколците, а учениците во основните училишта до летниот распуст ќе одработат уште три дена – последниот училиштен ден за нив е в среда, 14 јуни. Пролонгирањето на учебната година за основците се должи на продолжениот зимски распуст заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата, така што второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари почна на 23 јануари. Датумите се наведени и во изменетите календари на МОН за организација на работата за оваа учебна година кои им се доставени на училиштата.

The post Учебната година за средношколците завршува утре, за основците на 14 јуни appeared first on Република.

]]>
Силување во основно училиште во Белград, мајката случајно дознала откако во име на ќерка ѝ се допишувала со другарките https://republika.mk/vesti/balkan/siluvane-vo-osnovno-uchilishte-vo-belgrad-majkata-sluchajno-doznala-otkako-vo-ime-na-kerka-se-dopishuvala-so-drugarkite/ Thu, 30 Mar 2023 07:40:47 +0000 https://republika.mk/?p=625311

Го вклучив нејзиниот мобилен телефон и почнав да се допишувам со нејзините другарки во нејзино име. Тогаш доживеав шок. Дознав дека ќерка ми е силувана!

Со овие зборови Д.Н., мајка на 13-годишно девојче што на почетокот на февруари 2023 година во Белград било силувано од нејзиниот врсник А.Б., ја започнува својата шокантна исповед за „Блиц“.

Случајот бил пријавен во полиција и во Вишото јавно обвинителство за малолетници на 22 март во полициската станица во Сурчин.

Мајката забележала дека нешто не е во ред кога девојчето почнало да се однесува поинаку. Тогаш решила да се допишува со другарките преку телефонот на ќерка ѝ, но ни на крај на памет не очекувала дека ќе го дознае тоа.

Момчето во еден момент се посомневало дека нејзината ќерка има снимка на која наводно се гледа како сексуално ја злоставува, поради што, и ја нападнал заедно со неговите другари.

Доживеав шок. Прво ѝ се заканувале дека ќе ме убијат мене, а потоа дека ќе ѝ го убијат целото семејство. Ѝ се заканија дека ќе нè сечкаат дел по дел. Ќерка ми сè уште има страшни соништа во кои ѝ се враќаат сцените од кобниот ден. Од 24 часа јас и сопругот спиеме по еден час. Ќерка ни е под лекарства, раскажува мајката.

The post Силување во основно училиште во Белград, мајката случајно дознала откако во име на ќерка ѝ се допишувала со другарките appeared first on Република.

]]>

Го вклучив нејзиниот мобилен телефон и почнав да се допишувам со нејзините другарки во нејзино име. Тогаш доживеав шок. Дознав дека ќерка ми е силувана!
Со овие зборови Д.Н., мајка на 13-годишно девојче што на почетокот на февруари 2023 година во Белград било силувано од нејзиниот врсник А.Б., ја започнува својата шокантна исповед за „Блиц“. Случајот бил пријавен во полиција и во Вишото јавно обвинителство за малолетници на 22 март во полициската станица во Сурчин. Мајката забележала дека нешто не е во ред кога девојчето почнало да се однесува поинаку. Тогаш решила да се допишува со другарките преку телефонот на ќерка ѝ, но ни на крај на памет не очекувала дека ќе го дознае тоа. Момчето во еден момент се посомневало дека нејзината ќерка има снимка на која наводно се гледа како сексуално ја злоставува, поради што, и ја нападнал заедно со неговите другари.
Доживеав шок. Прво ѝ се заканувале дека ќе ме убијат мене, а потоа дека ќе ѝ го убијат целото семејство. Ѝ се заканија дека ќе нè сечкаат дел по дел. Ќерка ми сè уште има страшни соништа во кои ѝ се враќаат сцените од кобниот ден. Од 24 часа јас и сопругот спиеме по еден час. Ќерка ни е под лекарства, раскажува мајката.

The post Силување во основно училиште во Белград, мајката случајно дознала откако во име на ќерка ѝ се допишувала со другарките appeared first on Република.

]]>
Не е лесно да се донесе одлука за целосна онлајн-настава, рече министерот Шаќири по заканите за поставени бомби во училиштата https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-e-lesno-da-se-donese-odluka-za-tselosna-onlajn-nastava-reche-ministerot-shakiri-po-zakanite-za-postaveni-bombi-vo-uchilishtata/ Thu, 02 Mar 2023 10:37:17 +0000 https://republika.mk/?p=614999

Не е лесно да се донесе одлука за целосна онлајн-настава, рече министерот за образование Јетон Шаќири по заканите за поставени бомби во училиштата во Македонија.

Вчера 120 училишта во Скопје добија закана дека наводно е поставена експлозивна направа. Досега тоа е најголем број на училишта што добиле заканувачки пораки за поставени бомби, некои од нив првпат добиле дојава и не биле подготвени да ја спроведат препораката од МОН за онлајн-настава, рече министерот Шаќири во врска со поплаки од ученици дека не можеле да се вклучат на платформата.

На прашањето дали се размислува сите средни училишта да преминат на онлајн-настава, тој одговори дека „не е лесна одлука“ дали тоа да биде за средните во Скопје или во цела држава.

Не брзаме да донесеме таква одлука, зашто таква одлука би требало да се донесе и за основните. Затоа што вчера и денеска има повеќе дојави за основни отколку за средни училишта. На почетокот не беа таргет основците, беа само средношколците, сега дојави има и во основните училишта што отвора нов проблем, рече Шаќири одговарајќи на новинарски прашања по состанок на Управниот комитет на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIIST).

Ученици и родители вчера пријавуваа проблеми, не можеа да се приклучат на платфорамта „тимс“ каде што се изведуваше наставата за време на ковид-пандемијата. Во врска со онлјан наставата, Шаќири кажа дека вчера бил првиот ден по првите препораки што ги добија училиштата само во Скопје.

Повеќе од 90 отсто од проблемите се само во Скопје. По тие препораки вчера беше првиот ден кога ги видовме проблемите во изведување на онлајн-наставата и проблемите што произлегоа за родителите. Некои од училиштата не очекуваа и во претходниот период немаа дојави за бомби. Училиштата што ги добија препораките во петок и кои пристапија со лозинките во системот тие вчера немаа проблем. Некои од училиштата што вчера првпат добија дојава за бомба, за половина до еден час ги надминаа проблемите, изјави Шаќири и додаде дека МОН е против онлајн-настава но одлуката ја донеле по препораките за безбедност.

Рече дека очекува во најбрз можен рок Владата да ги дискутира сите проблеми што произлегоа - во целодневната настава, проблемите што ги имаат родителите што се вработени за да може, како што рече, да се најде нов предлог за решение по препорака на надлежни институции, со оглед на тоа што се зголемува бројот на училишта што добиваат дојави, а таргет сега се и основците покрај средношколците. Рече и дека ќе се анализира ситуацијата, ќе се земат искуствата од други земји и ќе се разгледува електронската комуникација.

Во однос на тоа дали ќе има последици за државната матура, Шаќири рече дека Државниот испитен центар ги презема сите чекори за таа да се организира успешно.

Матурите ќе се организираат, формирана е работна група за сите работи за да не се остава на случајности, додаде министерот за образование и наука.

На прашање дека само државните, а не и приватните училишта добиваат дојави за бомби, Шаќири одговори дека и тој се прашува зошто „вакви лоши намери“ има само за државни установи.

Не велам и тие да добиваат, но да немаат ниту државните, рече министерот. 

The post Не е лесно да се донесе одлука за целосна онлајн-настава, рече министерот Шаќири по заканите за поставени бомби во училиштата appeared first on Република.

]]>

Не е лесно да се донесе одлука за целосна онлајн-настава, рече министерот за образование Јетон Шаќири по заканите за поставени бомби во училиштата во Македонија. Вчера 120 училишта во Скопје добија закана дека наводно е поставена експлозивна направа. Досега тоа е најголем број на училишта што добиле заканувачки пораки за поставени бомби, некои од нив првпат добиле дојава и не биле подготвени да ја спроведат препораката од МОН за онлајн-настава, рече министерот Шаќири во врска со поплаки од ученици дека не можеле да се вклучат на платформата. На прашањето дали се размислува сите средни училишта да преминат на онлајн-настава, тој одговори дека „не е лесна одлука“ дали тоа да биде за средните во Скопје или во цела држава.
Не брзаме да донесеме таква одлука, зашто таква одлука би требало да се донесе и за основните. Затоа што вчера и денеска има повеќе дојави за основни отколку за средни училишта. На почетокот не беа таргет основците, беа само средношколците, сега дојави има и во основните училишта што отвора нов проблем, рече Шаќири одговарајќи на новинарски прашања по состанок на Управниот комитет на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIIST).
Ученици и родители вчера пријавуваа проблеми, не можеа да се приклучат на платфорамта „тимс“ каде што се изведуваше наставата за време на ковид-пандемијата. Во врска со онлјан наставата, Шаќири кажа дека вчера бил првиот ден по првите препораки што ги добија училиштата само во Скопје.
Повеќе од 90 отсто од проблемите се само во Скопје. По тие препораки вчера беше првиот ден кога ги видовме проблемите во изведување на онлајн-наставата и проблемите што произлегоа за родителите. Некои од училиштата не очекуваа и во претходниот период немаа дојави за бомби. Училиштата што ги добија препораките во петок и кои пристапија со лозинките во системот тие вчера немаа проблем. Некои од училиштата што вчера првпат добија дојава за бомба, за половина до еден час ги надминаа проблемите, изјави Шаќири и додаде дека МОН е против онлајн-настава но одлуката ја донеле по препораките за безбедност.
Рече дека очекува во најбрз можен рок Владата да ги дискутира сите проблеми што произлегоа - во целодневната настава, проблемите што ги имаат родителите што се вработени за да може, како што рече, да се најде нов предлог за решение по препорака на надлежни институции, со оглед на тоа што се зголемува бројот на училишта што добиваат дојави, а таргет сега се и основците покрај средношколците. Рече и дека ќе се анализира ситуацијата, ќе се земат искуствата од други земји и ќе се разгледува електронската комуникација. Во однос на тоа дали ќе има последици за државната матура, Шаќири рече дека Државниот испитен центар ги презема сите чекори за таа да се организира успешно.
Матурите ќе се организираат, формирана е работна група за сите работи за да не се остава на случајности, додаде министерот за образование и наука.
На прашање дека само државните, а не и приватните училишта добиваат дојави за бомби, Шаќири одговори дека и тој се прашува зошто „вакви лоши намери“ има само за државни установи.
Не велам и тие да добиваат, но да немаат ниту државните, рече министерот. 

The post Не е лесно да се донесе одлука за целосна онлајн-настава, рече министерот Шаќири по заканите за поставени бомби во училиштата appeared first on Република.

]]>
Помалку 0,5 отсто основци и 1,1 отсто средношколци оваа учебна година во однос на претходната https://republika.mk/vesti/makedonija/pomalku-0-5-otsto-osnovci-i-1-1-otsto-srednoshkolci-ovaa-uchebna-godina-vo-odnos-na-prethodnata/ Thu, 31 Mar 2022 09:23:48 +0000 https://republika.mk/?p=481298

На почетокот на учебната 2021/2022 година во редовните основни училишта имало 186 649 ученици, што е 0.5 отсто помалку во однос на претходната учебна година, објави Државниот завод за статистика.

Во редовните средни училишта, пак, на почетокот на учебната 2021/2022 година бројот на учениците е 71 018 или помалку за 1.1 отсто во споредба со претходната учебна 2020/2021 година.

Во објавата на ДЗС се објавени основни податоци за основното и средното образование на почетокот на оваа учебна година, податоци за бројот на основци односно средношколци според возраста полот и одделението/годината на учење и според изучувањето странски јазик.

Содржани се податоци за редовни основни училишта, специјални основни и основни училишта за возрасни и за редовни средни, специјални средни училишта и за средни верски училишта.

The post Помалку 0,5 отсто основци и 1,1 отсто средношколци оваа учебна година во однос на претходната appeared first on Република.

]]>

На почетокот на учебната 2021/2022 година во редовните основни училишта имало 186 649 ученици, што е 0.5 отсто помалку во однос на претходната учебна година, објави Државниот завод за статистика. Во редовните средни училишта, пак, на почетокот на учебната 2021/2022 година бројот на учениците е 71 018 или помалку за 1.1 отсто во споредба со претходната учебна 2020/2021 година. Во објавата на ДЗС се објавени основни податоци за основното и средното образование на почетокот на оваа учебна година, податоци за бројот на основци односно средношколци според возраста полот и одделението/годината на учење и според изучувањето странски јазик. Содржани се податоци за редовни основни училишта, специјални основни и основни училишта за возрасни и за редовни средни, специјални средни училишта и за средни верски училишта.  

The post Помалку 0,5 отсто основци и 1,1 отсто средношколци оваа учебна година во однос на претходната appeared first on Република.

]]>
Од утре основците нема потреба да носат маски на училиште https://republika.mk/vesti/makedonija/od-utre-osnovcite-nema-potreba-da-nosat-maski-na-uchilishte/ Tue, 29 Mar 2022 13:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=480394

Учениците од прво до деветто одделение во Македонија од утре, 30 март, нема потреба да носат маски во училиште.

Владата ја пригфати препораката на комисијата за заразни болести.

Како што беше кажано, оние ученици кои сакаат, може да носат маски.

The post Од утре основците нема потреба да носат маски на училиште appeared first on Република.

]]>

Учениците од прво до деветто одделение во Македонија од утре, 30 март, нема потреба да носат маски во училиште. Владата ја пригфати препораката на комисијата за заразни болести. Како што беше кажано, оние ученици кои сакаат, може да носат маски.  

The post Од утре основците нема потреба да носат маски на училиште appeared first on Република.

]]>