Османи Archives - Република https://republika.mk/tema/osmani/ За подобро да се разбереме Sun, 16 Jun 2024 17:36:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Османи Archives - Република https://republika.mk/tema/osmani/ 32 32 Османи издал наредба уште утре на Ејупи да ѝ биде изготвен дипломатски пасош, за што вообичаено се потребни најмалку 15 дена https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-izdal-naredba-ushte-utre-na-ejupi-da-bide-izgotven-diplomatski-pasosh-za-shto-voobichaeno-se-potrebni-najmalku-15-dena/ Sun, 16 Jun 2024 17:34:32 +0000 https://republika.mk/?p=788232

Откако министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи потпишал решение поранешната ТВ-презентерка Бесмира Ејупи да стане дипломат во конзулатот во Бон, Германија, извори во министерството откриваат дека тој издал и наредба веднаш, уште утре, на Ејупи да ѝ биде изготвен дипломатски пасош, нешто за што вообичаено се потребни најмалку 15 дена, пишува МКД.мк

Колегите во конзуларното одделение добиле ултиматум пасошот на Бесмира Ејупи по најбрза постапка да се изготви утре, за таа да замине за Бон во вторник. Треба да се знае дека за дипломатски пасош сме чекале најмалку 15 дена, вели дипломат за МКД.мк.

Се прави преседан кој одново ја урнисува македонската дипломатија, вели дипломатот и додава дека е некоректно и политички неупатно, министер кому му се избројани деновите кога ќе ја напушти функцијата и ќе замине во опозиција, да прави кадровски решенија кои ќе имаат одраз врз работата на идниот министер.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bujar-osmani-ja-ispraka-tv-voditelkata-besmira-ejupi-na-ispomosh-vo-ambasadata-vo-germanija/

The post Османи издал наредба уште утре на Ејупи да ѝ биде изготвен дипломатски пасош, за што вообичаено се потребни најмалку 15 дена appeared first on Република.

]]>

Откако министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи потпишал решение поранешната ТВ-презентерка Бесмира Ејупи да стане дипломат во конзулатот во Бон, Германија, извори во министерството откриваат дека тој издал и наредба веднаш, уште утре, на Ејупи да ѝ биде изготвен дипломатски пасош, нешто за што вообичаено се потребни најмалку 15 дена, пишува МКД.мк
Колегите во конзуларното одделение добиле ултиматум пасошот на Бесмира Ејупи по најбрза постапка да се изготви утре, за таа да замине за Бон во вторник. Треба да се знае дека за дипломатски пасош сме чекале најмалку 15 дена, вели дипломат за МКД.мк.
Се прави преседан кој одново ја урнисува македонската дипломатија, вели дипломатот и додава дека е некоректно и политички неупатно, министер кому му се избројани деновите кога ќе ја напушти функцијата и ќе замине во опозиција, да прави кадровски решенија кои ќе имаат одраз врз работата на идниот министер. https://republika.mk/vesti/makedonija/bujar-osmani-ja-ispraka-tv-voditelkata-besmira-ejupi-na-ispomosh-vo-ambasadata-vo-germanija/

The post Османи издал наредба уште утре на Ејупи да ѝ биде изготвен дипломатски пасош, за што вообичаено се потребни најмалку 15 дена appeared first on Република.

]]>
Фрчкоски требаше да се консултира и со мене, не само со Османи, за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова https://republika.mk/vesti/makedonija/frchkoski-e-trebashe-da-se-konsultira-i-so-mene-ne-samo-so-osmani-za-glasaneto-vo-oon-za-rezolutsijata-za-srebrenitsa-veli-pretsedatelkata-gordana-silanovska-davkova/ Tue, 28 May 2024 18:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=782512

Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

За гласањето за усвојување на Резолуцијата за Сребреница каде претставниците на 84 земји гласаа за усвојување, меѓу кои и Македонија, 19 држави беа против, а 68 воздржани, Сиљановска-Давкова е со став дека амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот за надворешни работи.

– Во меѓународната политика има поделена надлежност меѓу министерот за надворешни работи и претседателот на државата – рече претседателката.

Таа потенцира дека при гласањето во ОН, амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот.

Тоа според неа е логичен метод во меѓународните односи.

Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ е разочаран од тоа како гласаше Македонија, затоа што, како што, кажа вложил многу за подобрување на односите со Македонците.

The post Фрчкоски требаше да се консултира и со мене, не само со Османи, за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова. За гласањето за усвојување на Резолуцијата за Сребреница каде претставниците на 84 земји гласаа за усвојување, меѓу кои и Македонија, 19 држави беа против, а 68 воздржани, Сиљановска-Давкова е со став дека амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот за надворешни работи.
– Во меѓународната политика има поделена надлежност меѓу министерот за надворешни работи и претседателот на државата – рече претседателката.
Таа потенцира дека при гласањето во ОН, амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот. Тоа според неа е логичен метод во меѓународните односи. Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ е разочаран од тоа како гласаше Македонија, затоа што, како што, кажа вложил многу за подобрување на односите со Македонците.

The post Фрчкоски требаше да се консултира и со мене, не само со Османи, за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова appeared first on Република.

]]>
Османи со бројни билатерални средби во Стразбур https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-so-brojni-bilateralni-sredbi-vo-strazbur/ Fri, 17 May 2024 14:16:22 +0000 https://republika.mk/?p=779222

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи денеска, на маргини на 133 сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа во Стразбур, оствари бројни билатерални средби со хомолози од различни земји, имено со министрите за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Република Австрија, Република Унгарија, Швајцарска Конфедерација, Република Малта, Република Словенија, Република Албанија, Република Молдавија, како и заменик министерот за надворешни работи на Република Турција.

Во фокус на одвоените средби на Османи со министрите на Германија, Австрија и Унгарија, Аналена Бербок, Александар Шаленберг и Петер Сијарто беше европското досие на земјата, при што Османи ги информираше соговорниците за активностите во однос на исполнувањето на реформската агенда и за успешно завршениот скрининг процес, притоа изразувајќи благодарност за конзистентната поддршка на процесот на интеграцијата на нашата земја во Европската унија.

Османи и министерот на Швајцарија, Игнацио Касис разговараа за билатералните односи на двете земји, заблагодарувајќи му се за континуираната поддршка за реформскиот процес на земјата.

На средбата со министерот на Малта, Иан Борг се направи осврт на билатералните односи, ставајќи го притоа акцентот на соработката во рамки на мултилатералните организации.  Османи подвлече дека Македонија како дел од ОБСЕ Тројката очекува зајакнување на улогата и ефикасноста на ОБСЕ, како уникатна безбедносна организација и платформа за дијалог.

Теми на разговорите на Османи со колегите од Словенија, Албанија и Молдавија, Тања Фајон, Игли Хасани и Михај Попсоји како и заменик министерот за надворешни работи на Турција, Мехмет Кемал Бозај беа повеќе аспекти од билатералните односи и можностите за продлабочување на соработката. Се дискутираа и активностите на Македонија како земја претседавач со Процесот за соработка на Југоисточна Европа во врска со претстојниот министерски состанок како и начините за интензивирање регионалната соработка.

The post Османи со бројни билатерални средби во Стразбур appeared first on Република.

Меџити до Османи: Како ќе го оправдаш бојкотот и примитивното однесување пред меѓународните партнери? https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-do-osmani-kako-ke-go-opravdash-bojkotot-i-primitivnoto-odnesuvane-pred-megunarodnite-partneri/ Wed, 08 May 2024 18:39:14 +0000 https://republika.mk/?p=775815

„Јавно го прашуваме министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој како најголем успех го прогласи претседавањето со ОБСЕ, како ќе го оправда бојкотот и примитивното однесување утре пред меѓународните партнери?“, рече Изет Меџити на прес-конференција.

-Али Ахмети е најголемиот губитник по денешниот изборен процес и ја запечати својата комплетна изолација од сите релевантни политички чинители, потенцираше тој од партиската говорница на ВЛЕН.

Како што рече Меџити, изборниот процес не бил демократски бидејќи институциите се ставиле во служба на ДУИ, но гласачите одолеале на притисоците.

The post Меџити до Османи: Како ќе го оправдаш бојкотот и примитивното однесување пред меѓународните партнери? appeared first on Република.

]]>

„Јавно го прашуваме министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој како најголем успех го прогласи претседавањето со ОБСЕ, како ќе го оправда бојкотот и примитивното однесување утре пред меѓународните партнери?“, рече Изет Меџити на прес-конференција. -Али Ахмети е најголемиот губитник по денешниот изборен процес и ја запечати својата комплетна изолација од сите релевантни политички чинители, потенцираше тој од партиската говорница на ВЛЕН. Како што рече Меџити, изборниот процес не бил демократски бидејќи институциите се ставиле во служба на ДУИ, но гласачите одолеале на притисоците.

The post Меџити до Османи: Како ќе го оправдаш бојкотот и примитивното однесување пред меѓународните партнери? appeared first on Република.

]]>
Груби му се пожали на Рама: Да не беше Таравари, Османи ќе влезеше во вториот круг https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-mu-se-pozhali-na-rama-da-ne-beshe-taravari-osmani-ke-vlezeshe-vo-vtoriot-krug/ Thu, 25 Apr 2024 09:58:55 +0000 https://republika.mk/?p=770895

Албанскиот премиер Еди Рама телефонски разговарал за резултатите од претседателските избори во Македонија со Артан Груби од ДУИ, кој му пренел дека Бујар Османи ќе бил во вториот круг доколку не учествувал Арбен Таравари од „Вреди“, поддржан од премиерот на Косово, Албин Курти, објави „Kosovo online“.

Груби му порачал на Рама дека Османи е трет по бројот на гласови на национално ниво и дека победил во главните центри на Арбен Таравари.

Османи, доколку не се кандидираше Арбен Таравари и доколку беа обединети гласовите на Албанците, ќе беше во вториот круг за следен претседател на Македонија – му рекол Груби на Рама, објавил косовскиот медиум.

Резултатите од претседателските избори во Македонија ги коментирал и косовскиот аналитичар Ваљон Сила, кој оценил дека премиерот на Косово добил лекција за учество на изборите преку Скопје.

Ја прими пораката, па оттаму Албин повеќе нема да оди на море во Албанија. Сега Албин ќе оди во Грција да плива, повеќе не го интересира Македонија, повеќе го интересира Бугарија, оценил Сила.

Битката меѓу Османи и Таравари се водеше главно во општините во Западна Македонија, каде што доминира етничко албанско население.

Според податоците на ДИК, Османи бележи предност наспроти Таравари во 16 општини и тоа: Чаир, Сарај, Арачиново, Шуто Оризари, Студеничани, Липково, Боговиње, Пласница, Врапчиште, Дебар, Тетово, Центар Жупа, Струга, Кичево, Долнени и Желино.

Од општините каде што освоил повеќе гласови од Таравари, најтесна е разликата во Тетово. Таму, според 99,85 отсто обработени избирачи, Османи освоил 14.726 гласа, а кандидатот на „Вреди“ 14.030 гласа.

The post Груби му се пожали на Рама: Да не беше Таравари, Османи ќе влезеше во вториот круг appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама телефонски разговарал за резултатите од претседателските избори во Македонија со Артан Груби од ДУИ, кој му пренел дека Бујар Османи ќе бил во вториот круг доколку не учествувал Арбен Таравари од „Вреди“, поддржан од премиерот на Косово, Албин Курти, објави „Kosovo online“. Груби му порачал на Рама дека Османи е трет по бројот на гласови на национално ниво и дека победил во главните центри на Арбен Таравари.
Османи, доколку не се кандидираше Арбен Таравари и доколку беа обединети гласовите на Албанците, ќе беше во вториот круг за следен претседател на Македонија – му рекол Груби на Рама, објавил косовскиот медиум.
Резултатите од претседателските избори во Македонија ги коментирал и косовскиот аналитичар Ваљон Сила, кој оценил дека премиерот на Косово добил лекција за учество на изборите преку Скопје.
Ја прими пораката, па оттаму Албин повеќе нема да оди на море во Албанија. Сега Албин ќе оди во Грција да плива, повеќе не го интересира Македонија, повеќе го интересира Бугарија, оценил Сила.
Битката меѓу Османи и Таравари се водеше главно во општините во Западна Македонија, каде што доминира етничко албанско население. Според податоците на ДИК, Османи бележи предност наспроти Таравари во 16 општини и тоа: Чаир, Сарај, Арачиново, Шуто Оризари, Студеничани, Липково, Боговиње, Пласница, Врапчиште, Дебар, Тетово, Центар Жупа, Струга, Кичево, Долнени и Желино. Од општините каде што освоил повеќе гласови од Таравари, најтесна е разликата во Тетово. Таму, според 99,85 отсто обработени избирачи, Османи освоил 14.726 гласа, а кандидатот на „Вреди“ 14.030 гласа.

The post Груби му се пожали на Рама: Да не беше Таравари, Османи ќе влезеше во вториот круг appeared first on Република.

]]>
Ковачевски вели дека Османи сам одлучил за Сребреница бидејќи бил во кампања, односите им биле коректни – чекал гласови од ДУИ во вториот круг https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-veli-deka-osmani-sam-odluchil-za-srebrenitsa-bidejki-bil-vo-kampana-odnosite-im-bile-korektni-chekal-glasovi-od-dui-vo-vtoriot-krug/ Sat, 20 Apr 2024 18:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=768612

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се наоѓа во средината на еден мега скандал поради тоа што еднострано одлучи Македонија да ја поддржи Декларацијата на ОН за Сребреница. Ваквата состојба директно во ТВ гостување ја потврди лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Овој потег предизвикува големи контроверзии на соцојалните мрежи, при што критичарите го посочуваат како флагрантно кршење на Законот за надворешни работи и злоупотреба на институционалната моќ за лична корист од страна на Бујар Османи, анализира Нетпрес.

Обвинувања за злоупотреба на власта

Во анализата на порталот изнесени се повеќе видувања на политички аналитирачри, според кои одлуката на Османи е класичен случај на злоупотреба на институциите во корист на неговата претседателска кампања и уште еден показател дека владата во Македонија е под влијание на политичката врхушка на Демократска унија за интеграција.

„Ова е доказ дека СДСМ е измеќар на ДУИ и на министерот Османи“, тврди познат политички аналитичар на социјалните мрежи. „Изненадува молкот на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, за овој мега скандал“, додава тој, сугерирајќи дека неодговорноста на Пендаровски е повеќе од вознемирувачка и резултат на неговата цел за ги доние албанските гласови во бториот круг од изборите.

Обвинувања за разногласје во владата

Критичарите на социјалните мрежи, исто така, тврдат, пренесува порталот, дека одлуката на Османи покажува вознемирувачко ниво на разногласје во владата. „Ова е доказ дека Пендаровски и Ковачевски станаа слуги на Османи и Али Ахмети заради поголема моќ“, вели друг експерт, истакнувајќи го вооченото влијание на политичките фигури врз владините одлуки.

Недостаток на консултации

Едно од клучните прашања што го отвори оваа полемика е дали министерот Османи пред да ја донесе оваа одлука се консултирал со министрите од СДСМ или со претседателот на Република Македонија?! „Дали министерот Османи делуваше еднострано или имаше консултации во Владата? прашува правен експерт. „Ако се заобиколат соодветните канали, ова е исклучително опасен преседан за владеењето на правото во Македонија, заклучива тој.

Повици за транспарентност

Во светлината на овие наводи, има се’ поголеми повици за одговорност во врска со овој случај. „Народот во Македонија заслужува да ја знае вистината зад оваа одлука“, нагласува активист за граѓански права. „Транспарентноста е клучна за одржување на довербата во нашите институции, финишира тој.

Мислења на експерти

Нептрес пренесува изјави на експерти од различни области кои изразуваат сериозна загриженост за импликациите на постапките на Османи.

„Овој потег на министерот Османи отвора сериозни прашања за независноста на нашата надворешна политика“, коментира специјалист за надворешни работи. „Важно е одлуките од оваа големина да се носат со внимателно разгледување и во согласност со воспоставените протоколи”, заклучива тој во објава на социјалните мрежи.

Додека трае дебатата, едно е јасно: министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, се соочува со интензивна критика поради неговата еднострана одлука да ја поддржи Декларацијата на ОН за Сребреница. Наводите за прекршување на законите, злоупотреба на моќ и недостигот на транспарентност фрлија сенка на овој потег, поттикнувајќи повици за темелна истрага. Иднината на надворешната политика на Македонија виси на конец додека нацијата се бори со овие вознемирувачки обвинувања.

The post Ковачевски вели дека Османи сам одлучил за Сребреница бидејќи бил во кампања, односите им биле коректни – чекал гласови од ДУИ во вториот круг appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се наоѓа во средината на еден мега скандал поради тоа што еднострано одлучи Македонија да ја поддржи Декларацијата на ОН за Сребреница. Ваквата состојба директно во ТВ гостување ја потврди лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски. Овој потег предизвикува големи контроверзии на соцојалните мрежи, при што критичарите го посочуваат како флагрантно кршење на Законот за надворешни работи и злоупотреба на институционалната моќ за лична корист од страна на Бујар Османи, анализира Нетпрес.

Обвинувања за злоупотреба на власта

Во анализата на порталот изнесени се повеќе видувања на политички аналитирачри, според кои одлуката на Османи е класичен случај на злоупотреба на институциите во корист на неговата претседателска кампања и уште еден показател дека владата во Македонија е под влијание на политичката врхушка на Демократска унија за интеграција.
„Ова е доказ дека СДСМ е измеќар на ДУИ и на министерот Османи“, тврди познат политички аналитичар на социјалните мрежи. „Изненадува молкот на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, за овој мега скандал“, додава тој, сугерирајќи дека неодговорноста на Пендаровски е повеќе од вознемирувачка и резултат на неговата цел за ги доние албанските гласови во бториот круг од изборите.

Обвинувања за разногласје во владата

Критичарите на социјалните мрежи, исто така, тврдат, пренесува порталот, дека одлуката на Османи покажува вознемирувачко ниво на разногласје во владата. „Ова е доказ дека Пендаровски и Ковачевски станаа слуги на Османи и Али Ахмети заради поголема моќ“, вели друг експерт, истакнувајќи го вооченото влијание на политичките фигури врз владините одлуки.

Недостаток на консултации

Едно од клучните прашања што го отвори оваа полемика е дали министерот Османи пред да ја донесе оваа одлука се консултирал со министрите од СДСМ или со претседателот на Република Македонија?! „Дали министерот Османи делуваше еднострано или имаше консултации во Владата? прашува правен експерт. „Ако се заобиколат соодветните канали, ова е исклучително опасен преседан за владеењето на правото во Македонија, заклучива тој.

Повици за транспарентност

Во светлината на овие наводи, има се’ поголеми повици за одговорност во врска со овој случај. „Народот во Македонија заслужува да ја знае вистината зад оваа одлука“, нагласува активист за граѓански права. „Транспарентноста е клучна за одржување на довербата во нашите институции, финишира тој.

Мислења на експерти

Нептрес пренесува изјави на експерти од различни области кои изразуваат сериозна загриженост за импликациите на постапките на Османи.
„Овој потег на министерот Османи отвора сериозни прашања за независноста на нашата надворешна политика“, коментира специјалист за надворешни работи. „Важно е одлуките од оваа големина да се носат со внимателно разгледување и во согласност со воспоставените протоколи”, заклучива тој во објава на социјалните мрежи.
Додека трае дебатата, едно е јасно: министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, се соочува со интензивна критика поради неговата еднострана одлука да ја поддржи Декларацијата на ОН за Сребреница. Наводите за прекршување на законите, злоупотреба на моќ и недостигот на транспарентност фрлија сенка на овој потег, поттикнувајќи повици за темелна истрага. Иднината на надворешната политика на Македонија виси на конец додека нацијата се бори со овие вознемирувачки обвинувања.

The post Ковачевски вели дека Османи сам одлучил за Сребреница бидејќи бил во кампања, односите им биле коректни – чекал гласови од ДУИ во вториот круг appeared first on Република.

]]>
Oсмани: Фиксни квоти во пратеничките листи за младите до 27 години https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-fiksni-kvoti-vo-pratenichkite-listi-za-mladite-do-27-godini/ Sat, 06 Apr 2024 12:43:20 +0000 https://republika.mk/?p=763051

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт, Бујар Османи денеска во Тетово учествуваше на дебата насловена „Задржување на младите во земјава“,  активност која, како што информираше,  е дел од презентацијата на програмата Декалог на европскиот претседател.

Османи на прес-конференција посочи дека се сретнал со младинските активисти во градот Тетово, за да разговараат за „одливот на мозоци“ односно за имигрирањето на младите меѓутоа и подготвеноста на младите за сите предизвици којшто ги носи технолошкиот развоја и вештачката интелигенција.

-Од тука дадов предлози дека како претседател на државата прво што ќе направам, е да воспоставам, претседателски регионални совети на млади со цел младите од различните региони да учествуваат директно во дизајнирањето на државните политики. Ќе бидат координирани од советник на претседателот којшто ќе се посвети на политиките на млади. Мислам дека е тоа многу важно, за да се слушне гласот на младите, посебно во овој динамичен развој на светот кога без перспективата на младите не можеме да разбереме ниту можеме да го следиме драматичниот развој на светот. Податоците покажуваат дека за еден ден, денес светот се менува колку што во минатото се менуваше за десет години во минатиот век и без перспективата на младите, во разбирањето на тој драматичен развој и во дизајнирањето на политиките на тој драматичен технолошки развој, ќе бидат половични тие политики и нема да бидат сеопфатни, рече Османи.

Кандидатот за претседател предлага да има фиксни квоти во пратеничките листи за младите до 27 години. Според него, тоа е потреба за да се подигне свеста на јавноста, на политиката, на општеството и на државата дека без младинска перспектива нема да има целосна перспектива за светот и политиките

- Како претседател ќе предложам да секој трет на листата за пратеници да биде од 18 до 27 години. Во секоја комисија којашто ќе ја формира локалната власт, којашто ќе ја формираат институциите, министерствата владата, парламентот, задолжително да има и млади до 28 години, за да уште од ембрионот на дизајнирањето на политиките ја имаме младинската перспектива. Да, како претседател би го имал правото на суспензивно вето за одредени закони, но обично тогаш е предоцна за да влијаете на политиките. Овие канцеларии на претседателот низ регионот ќе ја вклучат младинската перспектива, уште на почетокот на дефинирање на политиките, а преку оваа обврска, институциите во секоја комисија да имаат претставник на младите, ќе имаме можност за такво дизајнирање, истакна Бујар Османи.

Кандидатот за претседател рече дека постои можноста преку оваа функција да помогне преку стартапи, меѓународна помош за помагање на младиот активизам и учеството на младите креирање на политиките во државата

The post Oсмани: Фиксни квоти во пратеничките листи за младите до 27 години appeared first on Република.

]]>

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт, Бујар Османи денеска во Тетово учествуваше на дебата насловена „Задржување на младите во земјава“,  активност која, како што информираше,  е дел од презентацијата на програмата Декалог на европскиот претседател. Османи на прес-конференција посочи дека се сретнал со младинските активисти во градот Тетово, за да разговараат за „одливот на мозоци“ односно за имигрирањето на младите меѓутоа и подготвеноста на младите за сите предизвици којшто ги носи технолошкиот развоја и вештачката интелигенција. -Од тука дадов предлози дека како претседател на државата прво што ќе направам, е да воспоставам, претседателски регионални совети на млади со цел младите од различните региони да учествуваат директно во дизајнирањето на државните политики. Ќе бидат координирани од советник на претседателот којшто ќе се посвети на политиките на млади. Мислам дека е тоа многу важно, за да се слушне гласот на младите, посебно во овој динамичен развој на светот кога без перспективата на младите не можеме да разбереме ниту можеме да го следиме драматичниот развој на светот. Податоците покажуваат дека за еден ден, денес светот се менува колку што во минатото се менуваше за десет години во минатиот век и без перспективата на младите, во разбирањето на тој драматичен развој и во дизајнирањето на политиките на тој драматичен технолошки развој, ќе бидат половични тие политики и нема да бидат сеопфатни, рече Османи. Кандидатот за претседател предлага да има фиксни квоти во пратеничките листи за младите до 27 години. Според него, тоа е потреба за да се подигне свеста на јавноста, на политиката, на општеството и на државата дека без младинска перспектива нема да има целосна перспектива за светот и политиките - Како претседател ќе предложам да секој трет на листата за пратеници да биде од 18 до 27 години. Во секоја комисија којашто ќе ја формира локалната власт, којашто ќе ја формираат институциите, министерствата владата, парламентот, задолжително да има и млади до 28 години, за да уште од ембрионот на дизајнирањето на политиките ја имаме младинската перспектива. Да, како претседател би го имал правото на суспензивно вето за одредени закони, но обично тогаш е предоцна за да влијаете на политиките. Овие канцеларии на претседателот низ регионот ќе ја вклучат младинската перспектива, уште на почетокот на дефинирање на политиките, а преку оваа обврска, институциите во секоја комисија да имаат претставник на младите, ќе имаме можност за такво дизајнирање, истакна Бујар Османи. Кандидатот за претседател рече дека постои можноста преку оваа функција да помогне преку стартапи, меѓународна помош за помагање на младиот активизам и учеството на младите креирање на политиките во државата

The post Oсмани: Фиксни квоти во пратеничките листи за младите до 27 години appeared first on Република.

]]>
Османи на средби во Студеничани https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-sredbi-vo-studenichani/ Fri, 05 Apr 2024 18:32:23 +0000 https://republika.mk/?p=762804

Караванот на „Европскиот фронт“ предводен од кандидатот за претседател на државата, Бујар Османи денеска беше во скопските села Батинце, Моране и Долно Количани во Општина Студеничани, каде во Батинце, Моране и Долно Количани.

Како што информираат од кабинетот на Османи, тој остварил средби со граѓани од кои се информирал за потребите, но и за прашањата што ги засегаат.

-Мило ми е што сите заедници се собраа. Горд сум што мојата генерација го пречека овој голем Фронт на сите заедници. Другото прашање можеби ви изгледа далечно, но верувајте дека нема друг начин за подобар стандард освен влез во ЕУ, потенцираше Османи.

Пред жителите на Општина Студеничани, Османи ја побарал нивната поддршка за продолжување на мисијата што ја имаше за членство на државата во ЕУ.

-Со најголема понизност, како ваш човек, како личност која ги помина овие патишта, ја барам вашата поддршка за да можам во улога на претседател да го продолжам она што го започнав како министер за надворешни работи, како вицепремиер, тоа е, до 2030 година секој од вас да има европски пасош, да има европски живот и вашите деца да си ја планираат иднината овде, а не во странство, посочил Османи

The post Османи на средби во Студеничани appeared first on Република.

]]>

Караванот на „Европскиот фронт“ предводен од кандидатот за претседател на државата, Бујар Османи денеска беше во скопските села Батинце, Моране и Долно Количани во Општина Студеничани, каде во Батинце, Моране и Долно Количани. Како што информираат од кабинетот на Османи, тој остварил средби со граѓани од кои се информирал за потребите, но и за прашањата што ги засегаат. -Мило ми е што сите заедници се собраа. Горд сум што мојата генерација го пречека овој голем Фронт на сите заедници. Другото прашање можеби ви изгледа далечно, но верувајте дека нема друг начин за подобар стандард освен влез во ЕУ, потенцираше Османи. Пред жителите на Општина Студеничани, Османи ја побарал нивната поддршка за продолжување на мисијата што ја имаше за членство на државата во ЕУ. -Со најголема понизност, како ваш човек, како личност која ги помина овие патишта, ја барам вашата поддршка за да можам во улога на претседател да го продолжам она што го започнав како министер за надворешни работи, како вицепремиер, тоа е, до 2030 година секој од вас да има европски пасош, да има европски живот и вашите деца да си ја планираат иднината овде, а не во странство, посочил Османи

The post Османи на средби во Студеничани appeared first on Република.

]]>
Јакимовски: Османи вели ќе води европска политика, а кој му бранеше и досега да направат европска Македонија? https://republika.mk/vesti/makedonija/jakimovski-osmani-veli-ke-vodi-evropska-politika-a-koj-mu-braneshe-i-dosega-da-napravat-evropska-makedonija/ Thu, 21 Mar 2024 18:57:35 +0000 https://republika.mk/?p=757185

Претседателскиот кандидат Стевче Јакимовски кој не е поканет на ифтарската вечера со кандидатот за претседател Бујар Османи, вели дека тоа е нечесен гест на нечесен човек кој слуга.

А зошто да ме погоди тоа што Бујар Османи не ме кани на ифтарска вечера? Има чесни и има нечесни луѓе, така што сме одвоени едни од други. Веројатно јас и противкандидатката Билјана Ванковска спаѓаме во чесните луѓе. А што може да се очекува од Османи, освен да продолжи да слугува. Тој и неговите другари имаа шанса од оваа држава да направат убавина. Вели ќе води европска политика, а кој му бранеше и досега да направат европска Македонија? Никој во државата, ниту Македонци, ниту Албанци немаат чувство дека правеле европска Македонија. Нели водеа војна, гинеа луѓе, бараа да седнат во институциите, се договоривме, влегоа. Очекувавме нивното учество во власта да ги направи институциите поефикасни, но не се случи тоа, рече Јакимовски во интервју за Канал 5.

The post Јакимовски: Османи вели ќе води европска политика, а кој му бранеше и досега да направат европска Македонија? appeared first on Република.

Османи: ОБСЕ да продолжи да ја разоткрива Русија и да ја осудува нејзината незаконска и неоправдана агресија https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-obse-da-prodolzhi-da-ja-razotkriva-rusija-i-da-ja-osuduva-nejzinata-nezakonska-i-neopravdana-agresija/ Sun, 25 Feb 2024 11:16:50 +0000 https://republika.mk/?p=748078

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од Њујорк се вклучи во живо преку видео-телеконференциска врска на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена во засилен формат со учество на министри и други високи претставници на земјите учеснички по повод одбележувањето на две години од тековната агресија на Руската Федерација против Украина.

“Кога Македонија го презеде кормилото на ОБСЕ во јануари минатата година, сите се надевавме дека до крајот на 2023 година руската агресивна војна против Украина ќе заврши. Овие надежи беа уништени од мрачната реалност на активната војна со застрашувачко темпо и опсег”, рече Османи.

Министерот Османи со јасен став дека оваа војна мора да престане, воедно, додаде дека војната го поткопува меѓународниот поредок заснован на правила, штети на нашата доверба, дијалог и капацитет за реализација.

Исто така, Министерот Османи истакна дека Македонија, сега, како партнер на Тројката на Малта и Финска, продолжува да повикува на почитување на вредностите и заложбите на ОБСЕ, како и на заштита на човековите права и основни слободи, грубо прекршени од Русите агресија.

Османи повика ОБСЕ да продолжи да ја разоткрива Русија и да ја осудува нејзината незаконска и неоправдана агресија, да бара нејзино итно прекинување и да ги повикаме одговорните на одговорност.

“Имаме должност да се приклучиме и ефективно да ја поддржиме борбата на сите оние кои ја бранат слободата, демократијата и правдата.

Мора да ја зајакнеме нашата отпорност и цврсто да одговориме на масовните прекршувања на принципите и вредностите на ОБСЕ” рече Османи, при што додаде дека Македонија се солидаризира со народот на Украина, Храброста и решителноста на украинскиот народ да ја брани својата земја и својата слобода е најмоќниот случај и причина на денешницата, симбол на непопустливиот дух и издржливост.

The post Османи: ОБСЕ да продолжи да ја разоткрива Русија и да ја осудува нејзината незаконска и неоправдана агресија appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од Њујорк се вклучи во живо преку видео-телеконференциска врска на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена во засилен формат со учество на министри и други високи претставници на земјите учеснички по повод одбележувањето на две години од тековната агресија на Руската Федерација против Украина.   “Кога Македонија го презеде кормилото на ОБСЕ во јануари минатата година, сите се надевавме дека до крајот на 2023 година руската агресивна војна против Украина ќе заврши. Овие надежи беа уништени од мрачната реалност на активната војна со застрашувачко темпо и опсег”, рече Османи.   Министерот Османи со јасен став дека оваа војна мора да престане, воедно, додаде дека војната го поткопува меѓународниот поредок заснован на правила, штети на нашата доверба, дијалог и капацитет за реализација.   Исто така, Министерот Османи истакна дека Македонија, сега, како партнер на Тројката на Малта и Финска, продолжува да повикува на почитување на вредностите и заложбите на ОБСЕ, како и на заштита на човековите права и основни слободи, грубо прекршени од Русите агресија.   Османи повика ОБСЕ да продолжи да ја разоткрива Русија и да ја осудува нејзината незаконска и неоправдана агресија, да бара нејзино итно прекинување и да ги повикаме одговорните на одговорност.   “Имаме должност да се приклучиме и ефективно да ја поддржиме борбата на сите оние кои ја бранат слободата, демократијата и правдата. Мора да ја зајакнеме нашата отпорност и цврсто да одговориме на масовните прекршувања на принципите и вредностите на ОБСЕ” рече Османи, при што додаде дека Македонија се солидаризира со народот на Украина, Храброста и решителноста на украинскиот народ да ја брани својата земја и својата слобода е најмоќниот случај и причина на денешницата, симбол на непопустливиот дух и издржливост.  

The post Османи: ОБСЕ да продолжи да ја разоткрива Русија и да ја осудува нејзината незаконска и неоправдана агресија appeared first on Република.

]]>
Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-od-on-vo-nujork-morame-da-i-kazheme-ne-na-rusija/ Fri, 23 Feb 2024 20:05:19 +0000 https://republika.mk/?p=747601

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.

Министерот Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.

Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’ истакна Османи.

Воедно, Министерот потенцираше дека Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.

Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година, кои за жал Руската Федерација не го почитува.

Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.

The post Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина. Министерот Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’ истакна Османи.
  Воедно, Министерот потенцираше дека Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година, кои за жал Руската Федерација не го почитува.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.

The post Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија appeared first on Република.

]]>
Прешова: Не ми е јасно со кој образ Османи ќе излезе да ги бара гласовите на граѓаните во претседателската трка https://republika.mk/vesti/makedonija/preshova-ne-mi-e-jasno-so-koj-obraz-osmani-ke-izleze-da-gi-bara-glasovite-na-graganite-vo-pretsedatelskata-trka/ Thu, 22 Feb 2024 13:31:22 +0000 https://republika.mk/?p=747028

Универзитетскиот професор Денис Прешова со еден подолг пост на Фејсбук ги објаснува според него сите апсурди искажани од министерот за надворешени работи Бујар Османи поврзани со пасошите. Денис посочува дека кој и да му ги дава овие правни совети на министерот му прави противуслуга зошто тие на никој начин не се поврзани со правни причини

Внимателно ја ислушав вчерашната изјава на министерот за надворешни работи, сега и официјално кандидат за претседател, особено поради тоа што имаше, според мене, прилично неуспешен обид да го оправда и аргументира своето противење кон измена на Законот за патни исправи. Изјавата е полна со контрадикторности, но уште побитно за мене, со целосно погрешни правни аргументи. Воедно во својата изјава тој вели дека „битно граѓанинот да не биде тој што на крај ќе трпи од овие прашања“. А што прават над 600 илјади наши граѓани без РСМ пасош? Не трпат? Дали можат да го остварат своето право на слободно движење? Дали не трпат штета по разни основи поради сиот овој хаос? Што правеа сите оние кои беа приморани под секакво достоинство да мрзнат пред „Пролече“ или со саати чекаа за да добијат пасош или друг документ? Одговорите се повеќе од јасни и очигледни, само се прашувам што може полошо од ова по нив. Не ми е јасно со кој образ министерот ќе излезе да ги бара гласовите на граѓаните во претседателската трка.

Но, да видиме кои се правните аргументи кои тој се обидува да ги искористи. Навистина не знам кој вака го советува министерот, но дефинитивно со своите совети му прави противуслуга бидејќи се остава впечаток дека причините за отпорот кон измена на законот не се поврзани со правни причини, со оглед на нивната штурост и нелогичност, туку тие може да се лоцираат на друго место, тесно-партиски интереси, лични амбиции, не само претседателски, или нешто слично. Но, да одиме по ред...

Прво, министерот не упатува на ниту еден аргумент од меѓународното право туку се повикува на аргументот кој е поврзан со националното право, со член 118 од Уставот, која одредба го утврдува статусот на меѓународните договори во домашниот правен поредок. Имено, оваа одредба регулира дека меѓународните договори кои се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон. Според министерот евентуален закон за измена на одредбата за важноста на патните исправи до 12.02.2024 година и продолжување на нивната важност ќе значи менување на меѓународниот договор, а со тоа кршење на член 118 од Уставот.

Постојат неколку причини и аргументи зошто ваквиот аргумент на министерот е тотално депласиран и директно упатува на целосно непознавање на нашето уставно право, но и на меѓународното договорно право.

Преспанскиот договор во релевантната одредба од член 1 став 10 не предвидува директно која ќе биде последицата од неисполнување на рокот и кој ќе ја утврдува неважноста на документите. Никаде не предвидува дека по некаков автоматизам ќе престанат да важат сите документи со РМ, а посебно не дека тоа ќе се однесува на трети држави бидејќи се работи за билатерален договор. Како за усогласувањето на документите, така и за нивната важност, потребно е посредство од домашни правни акти, односно имплементирање на обврските преку донесување на соодветни домашни правни прописи. Така, се изменија сите релевантни закони и подзаконските акти, вклучително и обрасците, за да се отпочне со усогласувањето, односно со издавање на РСМ документи. Сето ова ни укажува дека одредбата од Преспанскиот договор никако нема таканаречен само-извршен карактер и не може директно да се применува и сама по себе да предизвика правна последица без посредство на национален правен акт. Значи не може сама по себе да предизвикува последици во однос на важноста на документите. Дури и Грција треба да донесе соодветни акти за да не ја признае нивната важност, не може само на договорот да се повика. Дали имаше потреба во оваа смисла од донесување законска одредба со која ќе се ограничи важноста на пасошите особено кога државата се покажа како тотално неспособна? Апсолутно не! Дали со оваа одредба ние нешто менуваме во однос на почитување на рокот? Не, бидејќи тој не успеваме во целост да го испочитуваме, почнувајќи од 12.02.2024. Ние усогласивме дел од документите со новото име но, уште имаме важечки документи со РМ.

Заклучокот е дека ние со донесување или менување на оваа законска одредба за важноста на патните исправи никако не го менуваме Преспанскиот договор. Со или без оваа законска одредба обврската останува иста, рокот не е испочитуван, а државата би требало што побрзо да ја заврши меѓународната обврска. Она што ние го направивме со одредбата за престанување на важност е всушност ширење на дејството на договорот во делот на документите кон сите останати држави, иако договорот е билатерален, меѓу нас и Грција.

Грција има право да одговори со мерки кои таа ги смета за соодветни и доколку има интерес. Трети земји не се обврзани со Преспанскиот договор освен ако тие не дадат согласност за такво нешто. Од друга страна, треба да се знае дека неисполнувањето на рокот никако не може да претставува материјално или фундаментално прекршување на договорот во смисла на меѓународното договорно право и Виенската конвенција бидејќи како држава остануваме посветени на исполнување на обврската.

Како воопшто може да стане збор за прекршување на Уставот со продолжување на важноста на пасошите кога од една страна имаме одредба од договор која не е само-извршна, од друга страна го имаме член 27 од Уставот? Зарем не е кршење на Уставот тоа што на граѓаните ќе им се ускрати уставно загарантираната слобода на движење? Како е посоодветно граѓаните да ги заробите на територија на нивната држава кога веќе не сме го испочитувале рокот, со или без одредба за важност? Од гледна точка на внатрешниот правен поредок во хиерархијата на правни акти Уставот е на прво место, а потоа се меѓународните договори и законите. Дури и ова да не може да послужи како аргумент на меѓународен план, сепак почитувањето на човековите права е врвна вредност и принцип на меѓународното право, а слободата на движење е призната во сите меѓународни документи за човекови права. Ние секако не сме го исполниле рокот и затоа не гледам потреба дополнително да го кршиме Уставот и правата на граѓаните бидејќи тоа е преголема цена која граѓаните ја плаќаат за неспособноста на властите.

Второ, министерот јавно призна дека не го почитува законот во делот на важноста на патните исправи и дека нашите институции не постапуваат на ист начин во врска со една иста законска одредба. Поточно, нашата гранична полиција не ја прифаќа важноста на патните исправи, иако е прашања дали оневозможува враќање во државата со РМ пасош, додека МНР не ги известува другите држави за неважноста на патните исправи. Замислете, речиси сите останати држави во овој момент ја признаваат важноста на РМ пасошите ама не и нашата гранична полиција. Свесни за правата на лицата со наше државјанство кои престојуваат и живеат на нивна територија останатите држави не сакаат да бидат соучесници во кршењето на нивните човекови права. Трети држави повеќе се грижат за правата на нашите граѓани отколку нивната матична држава. Дали тоа значи дека и тие го прекршуваат Преспанскиот договор со тоа што ја прифаќаат важноста на РМ пасошите по 12.02.? Зарем конкретната одредба не предизвикува неважност на документите по автоматизам за сите, па и за трети држави? Нормално дека не! Објаснувањата од типот Германија ги признава за идентификација ама не дозволува патување со нив не држат вода бидејќи пасошот или е валиден или не е, не може да биде нешто измеѓу. Тоа значи дека Германија ја признава валидноста на пасошите и се уште немаме потврда дека не дозволува да се патува со истите. Така е во овој момент со сите ЕУ членки, освен Грција.

Трето, министерот вели дека реално пасошите се најрелевантни во смисла на Преспанскиот договор, додека останатите не толку. Дали е навистина така?

Техничкиот рок од Преспанскиот договор „се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Втората страна за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата.“ Дали доколку имате РСМ пасош но не и возачка и сообраќајна дозвола можете да излезете со ваше возило од државата кон Грција, и да влезете во Грција? Не. Значи и другите документи се релевантни во смисла на Преспанскиот договор. Зошто инаку Грција би правела проблем ако ги немате сите овие документи со РСМ. Лична карта, иако главно има внатрешна употреба, сепак врз основа на меѓународни договори со истата може да се патува во регионот. Возачките дозволи, чија важност беше продолжена до 31.12.2024 година, се користат и меѓународно, додека меѓународната возачка дозвола ви важи само со важечка возачка дозвола. Сообраќајните дозволи исто така имаат меѓународна употреба. Значи аргументите на министерот се тотално нелогични во овој дел.

Јас навистина не можам да сфатам како овој народ е толку толерантен кон сето ова што се случува. Зарем не е јасно дека јавната реакција на граѓаните доведе до измена на Законот за безбедност во сообраќајот во делот на важноста на возачките дозволи. Веројатно сите се или зафатени како да се снајдат за пасошите, веројатно добар дел бркајќи разноразни врски, или имаат нови документи па баш им е гајле што се случува со другите бидејќи тие не биле „одговорни“ или „снаодливи“ како нив. Тешко нас со ваква граѓанска свест.

Имам уште за пишување, ама нека остане нешто и кога ќе се коментира за Уставниот суд и небулозите на претседателката, пишува Прешова.

The post Прешова: Не ми е јасно со кој образ Османи ќе излезе да ги бара гласовите на граѓаните во претседателската трка appeared first on Република.

Oсмани од Минхен: Граѓаните да се фотографираат во конзулатот, ако дојдат во Скопје само со патен лист, тешко ќе се вратат без пасош https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-od-minhen-graganite-da-se-fotografiraat-vo-konzulatot-ako-dojdat-vo-skopje-samo-so-paten-list-teshko-ke-se-vratat-bez-pasosh/ Fri, 16 Feb 2024 14:48:50 +0000 https://republika.mk/?p=744922

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со премиерот Талат Џафери, денес, во Минхен, ја посети базната станица во Генералниот конзулат на Македонија, каде што се врши фотографирање и земање биометриски податоци за издавање пасоши за нашите државјани.

Османи изјави дека пред него има речиси 300 пасоши на македонски државјани, кои се стигнати од Скопје и за кои фотографирањето било пред неколку недели.

„Пасошите на граѓани што се фотографирале на 26 јануари веќе се стигнати преку МНР и имавме можност да ги издадиме. Рокот за чекање се скратува значително“, рече Османи.

Посочи дека базните станици работат постојано, воведено е двосменско работење и се надева дека им се излегува во пресрет на граѓаните во однос на патувањата.

„Некои држави не прават проблем за доаѓање во Скопје, но сепак најбезбедно е да земат патен лист или да се фотографираат за нов пасош. Граѓаните што се враќаат со патен лист треба да се сигурни дека во Скопје имаат термин или ќе го добијат пасошот во рокот колку што може да останат оти враќањето ќе биде тешко ако немаат пасош. Сепак, најсигиурно е да се фотографираат во конзуларните претставнишва и да го добијат пасошот“, рече Османи.

Додаде дека не е совршено, постојат предизвици со оглед на тоа што голем број граѓани бараат нов пасош, но се обидуваат со сите ресурси да им излезат во пресрет.

The post Oсмани од Минхен: Граѓаните да се фотографираат во конзулатот, ако дојдат во Скопје само со патен лист, тешко ќе се вратат без пасош appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со премиерот Талат Џафери, денес, во Минхен, ја посети базната станица во Генералниот конзулат на Македонија, каде што се врши фотографирање и земање биометриски податоци за издавање пасоши за нашите државјани. Османи изјави дека пред него има речиси 300 пасоши на македонски државјани, кои се стигнати од Скопје и за кои фотографирањето било пред неколку недели. „Пасошите на граѓани што се фотографирале на 26 јануари веќе се стигнати преку МНР и имавме можност да ги издадиме. Рокот за чекање се скратува значително“, рече Османи. Посочи дека базните станици работат постојано, воведено е двосменско работење и се надева дека им се излегува во пресрет на граѓаните во однос на патувањата. „Некои држави не прават проблем за доаѓање во Скопје, но сепак најбезбедно е да земат патен лист или да се фотографираат за нов пасош. Граѓаните што се враќаат со патен лист треба да се сигурни дека во Скопје имаат термин или ќе го добијат пасошот во рокот колку што може да останат оти враќањето ќе биде тешко ако немаат пасош. Сепак, најсигиурно е да се фотографираат во конзуларните претставнишва и да го добијат пасошот“, рече Османи. Додаде дека не е совршено, постојат предизвици со оглед на тоа што голем број граѓани бараат нов пасош, но се обидуваат со сите ресурси да им излезат во пресрет.

The post Oсмани од Минхен: Граѓаните да се фотографираат во конзулатот, ако дојдат во Скопје само со патен лист, тешко ќе се вратат без пасош appeared first on Република.

]]>
Османи, Џафери и Маричиќ во посета на мобилната станица за патни исправи во Брисел https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-dhaferi-i-marichik-vo-poseta-na-mobilnata-stanitsa-za-patni-ispravi-vo-brisel/ Wed, 14 Feb 2024 13:01:02 +0000 https://republika.mk/?p=744076

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во придружба на Претседателот на Владата, Талат Џафери и Заменик претседателот на Владата за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, за време на престојот во Брисел, денес, ја посети Амбасадата на Република Македонија, каде што покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку мобилната станица се врши сликање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи.

“Амбасадата во Брисел и сите други дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија целосно ја реорганизираа својата работа во делот на конзуларната проблематика со цел излегување во пресрет на интересите и потребите на нашите граѓани кои живеат и работат во странство. Секое барање од наш државјанин значи обврска за сите нас, особено за дипломатите во претставништвата, со цел давање на брз, ефикасен и квалитетен одговор. Ова е период кога сите ние сме дополнително посветени за соочување со овој предизвик наметнат од енормното зголемување на барањата за конзуларни услуги особено во делот на патните исправи” - истакна Османи, запознавајќи се одблиску со актуелната состојба во Амбасадата врзано за оваа проблематика.

Џафери, Маричиќ и Османи разговараа со наши државјани кои се наоѓаа во просториите на Амбасадата и ги уверија дека се прават максимални напори истите да не се соочуваат со никаков проблем во државата каде што живеат, поради обврската за обновување на личните документи која произлегува од Договорот од Преспа.

“Издавање на патните листови без надомест за сите државјани кои живеат во странство и имаат потреба да се вратат во земјата за да извадат нови патни исправи, како и достава на патниот лист преку брза пошта таму каде што нема дипломатско-конзуларни претставништва се само дел од решенијата. Следува организирање на конзуларни денови и други видови на олеснувања за граѓаните во странство, за кои нашите претставништва беа инструирани и наскоро следи објава на планот”, информираше Министерот.

Министерот Османи ги брифираше нашите државјани дека времетраењето на изработката на пасоши кое е многу подолго од вообичаените рокови кои постоеја до неодамна е главната причина зошто периодот за врачување на изготвените пасоши во нашите претставништва е значително подолг од досегашната пракса  која имаше просек од 30 дена.

Министерството за надворешни работи располага со ограничен број на базни и мобилни станици. Една од мобилните станици е токму во Амбасадата во Брисел која во координација и соработка со Амбасадите во Хаг и Париз врши услуги за сликање и земање на биометриски податоци и за нашите државјани во Холандија и Франција.

Инаку, во текот на 2023-та година, Амбасадата во Брисел има обработено вкупно 2.488 предмети, од кои 1.127 издадени патни исправи и 523 патни листови; во Париз се обработени 1.083 предмети, меѓу кои 390 патни исправи и 242 патни листови; додека во Хаг вкупно 1.076, со 340 патни исправи и 72 патни листови.

Во нашата Амбасада во Брисел, беше оставрена средба и со добитникот на МКартата во Белгија, со цел врачување на истата. Министерот Османи изрази благодарност за покажаниот интерес за проектот МКарта, како значајно вмрежување на нашите најдобри претставници од дијаспората во светот и одличен пример за врската на овие личности со нашата земја.

The post Османи, Џафери и Маричиќ во посета на мобилната станица за патни исправи во Брисел appeared first on Република.

Нов скандал во МНР: Не успеа Бесмира Ејупи, но Мухаби Синани од приватна фирма вработен во МНР и без исполнети услови ќе биде Генерален конзул во Њујорк https://republika.mk/vesti/makedonija/nov-skandal-vo-mnr-ne-uspea-besmira-ejupi-no-muhabi-sinani-od-privatna-firma-vraboten-vo-mnr-i-bez-ispolneti-uslovi-ke-bide-generalen-konzul-vo-nujork/ Tue, 16 Jan 2024 12:55:45 +0000 https://republika.mk/?p=733652

Македонскиот дипломатски синдикат најостро ги осудува квалификациите упатени од Министерот за надворешни работи Бујар Османи за наводна „албанофобија“ или „албано хистерија“ по повикот на Синдикатот за зачувување на професионалните дипломатски стандарди во Министерството.

Од синдикатот велат дека тие се и ќе продолжат да бидат последниот бедем и механизам за зачувување на угледот и професионалните стандарди во дипломатската служба.

Ве повикуваме да не употребувате несоодветна политичка реторика кога се работи за прашања кои ги засегаат професионалните дипломати и нивните кариери. Би сакале да Ви укажеме, дека бројот на членови на МДС континуирано се зголемува, а воедно во истиот членуваат дипломати од сите етнички заедни. Ова се должи на нашите континуирани принципиелни заложби за унапредување на статусот и правата на професионалните дипломати, велат од дипломатскиот синдикат.

Потсетуваат дека откако Османи ја презел функцијата, упатени се повеќе од педесеттина амбасадори и конзули како и повеќе од двестотини дипломати на мандат, а синдикатот реагира исклучиво кога станува збор за прекршување на Законот за надворешни работи или за крајно спорни решенија.

Од тука повторно го поставија прашањето дали со предлогот за упатување на Генерален конзул во Њу Јорк се крши Законот за надворешни работи.

Македонскиот дипломатски синдикат вчера обвини дека министерот Бујар Османи за конзул во Њујорк испраќа штотуку вработен во МНР кој нема дипломатско звање.

Еклатантен пример за непочитување на внатрешните регулативи е упатувањето на г-нот Мухаби Синани на местото Генерален конзул во Њујорк, истото она место на кое министерот Османи не успеа да ја упати во тоа време ТВ презентерката Бесмира Ејупи. Имено, г-нот Синани, кој што од скоро е вработен во МНР од приватна фирма не исполнува услови за упатување во странство. Тој минатата недела веќе ги има одбрането тезите за упатување без притоа да има стекнато високо дипломатско звање кое е законски услов за именување на генерален конзул, велат од Дипломатскиот синдикат.

The post Нов скандал во МНР: Не успеа Бесмира Ејупи, но Мухаби Синани од приватна фирма вработен во МНР и без исполнети услови ќе биде Генерален конзул во Њујорк appeared first on Република.

]]>

Македонскиот дипломатски синдикат најостро ги осудува квалификациите упатени од Министерот за надворешни работи Бујар Османи за наводна „албанофобија“ или „албано хистерија“ по повикот на Синдикатот за зачувување на професионалните дипломатски стандарди во Министерството.   Од синдикатот велат дека тие се и ќе продолжат да бидат последниот бедем и механизам за зачувување на угледот и професионалните стандарди во дипломатската служба.
Ве повикуваме да не употребувате несоодветна политичка реторика кога се работи за прашања кои ги засегаат професионалните дипломати и нивните кариери. Би сакале да Ви укажеме, дека бројот на членови на МДС континуирано се зголемува, а воедно во истиот членуваат дипломати од сите етнички заедни. Ова се должи на нашите континуирани принципиелни заложби за унапредување на статусот и правата на професионалните дипломати, велат од дипломатскиот синдикат.
Потсетуваат дека откако Османи ја презел функцијата, упатени се повеќе од педесеттина амбасадори и конзули како и повеќе од двестотини дипломати на мандат, а синдикатот реагира исклучиво кога станува збор за прекршување на Законот за надворешни работи или за крајно спорни решенија. Од тука повторно го поставија прашањето дали со предлогот за упатување на Генерален конзул во Њу Јорк се крши Законот за надворешни работи. Македонскиот дипломатски синдикат вчера обвини дека министерот Бујар Османи за конзул во Њујорк испраќа штотуку вработен во МНР кој нема дипломатско звање.
Еклатантен пример за непочитување на внатрешните регулативи е упатувањето на г-нот Мухаби Синани на местото Генерален конзул во Њујорк, истото она место на кое министерот Османи не успеа да ја упати во тоа време ТВ презентерката Бесмира Ејупи. Имено, г-нот Синани, кој што од скоро е вработен во МНР од приватна фирма не исполнува услови за упатување во странство. Тој минатата недела веќе ги има одбрането тезите за упатување без притоа да има стекнато високо дипломатско звање кое е законски услов за именување на генерален конзул, велат од Дипломатскиот синдикат.

The post Нов скандал во МНР: Не успеа Бесмира Ејупи, но Мухаби Синани од приватна фирма вработен во МНР и без исполнети услови ќе биде Генерален конзул во Њујорк appeared first on Република.

]]>
Османи: Фактот што ОБСЕ беше спасено во Скопје претставува огромен успех за нашата дипломатијата https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-faktot-shto-obse-beshe-spaseno-vo-skopje-pretstavuva-ogromen-uspeh-za-nashata-diplomatijata-2/ Mon, 18 Dec 2023 13:53:54 +0000 https://republika.mk/?p=724311

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека фактот што ОБСЕ беше спасено во Скопје претставува огромен успех за нашата дипломатијата.

-Можеше ОБСЕ да пропадне во текот на нашето претседавање. Замислете кое е тоа историско наследство ќе оставивме ние. Бидејќи сите предуслови, до една недела пред Советот во Скопје, сите беа убедени дека во Скопје ќе се исклучат светлата на ОБСЕ. Сето тоа беше дел од едно успешно менаџирање на 57 земји учеснички, во кој што за четворица земји кандидати и една земја претседавач се усогласија и Русија, и Украина, и САД, и НАТО земји и ЕУ земји. Тоа не можеше да се замисли до пред неколку недели пред самиот Совет, рече Османи во утринското интервју за Слободен печат.

Османи нагласи дека Советот на ОБСЕ во Скопје е големо признание за нашата дипломатија, но и за граѓаните, доказ дека всушност имаме капацитет.

-Нас ни недостасува можност- експозиција, како можност за да се покажеме. Значи, системот во МНР, во кој јас имав одредени сомнежи, во квалитетот, во можноста, желбата... се покажа беспрекорен. Се покажа дека нас не ни недостасува капацитет, туку можност да се покажеме, заклучи министерот за надворешни работи

The post Османи: Фактот што ОБСЕ беше спасено во Скопје претставува огромен успех за нашата дипломатијата appeared first on Република.

Oсмани од Женева: Мултилатералната соработка, клучна во остварување на човековите права https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-od-zheneva-multilateralnata-sorabotka-kluchna-vo-ostvaruvane-na-chovekovite-prava/ Tue, 12 Dec 2023 09:36:14 +0000 https://republika.mk/?p=722052

Во рамки на настанот на високо ниво за одбележување на седумдесет и пет години од Универзалната декларација за човекови права, во Обединетите нации во Женева, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари и низа билатерални средби со шефовите на најзначајните меѓународни организации и агенции: генералните директори на меѓународната организација за миграции и светската здравствена организација, Ејми Поуп и Тедрос Аданом, високиот комесар за човекови права Волкер Турк, како и со високиот комесар за бегалци, Филипо Гранди.

“Мултилатералната соработка се покажа како клучна во остварување на човековите права ширум светот. Токму тоа стана предуслов за успешни комплексни мировни мисии, како што беше неодамнешното успешно извлекување на цивилите од Газа. Во име на Министерството и сите граѓани на Македонија, огромна благодарност за солидарноста, соработка и помошта кога тоа најмногу ни беше потребно, имено при извлекување на нашите државјани од Газа, нивното привремено сместување и примарна здравствена заштита во Египет, по што и нивно упатување кон земјава” рече Османи на средба со директорот на меѓународната организација на миграции, Поуп.

Во својство на Претседавач со ОБСЕ, Османи истакна дека мултилатералните организации имаат значење кога им служат на луѓето, кога се причина за позитивна промена во нивниот живот. Токму оваа беше целта на овогодишното претседавање на Македонија со Организацијата.

“Хуманата димензија беше во фокус на нашето претседавање. Луѓето, без разлика кои се или каде живеат, на сите им требаат истите основни права– мир, безбедност, сигурност и просперитет.” рече Османи.

Теми на разговор беа прилагодувањето на мултилатералните организации кон тековните предизвици на луѓето како и интензивирањето на соработката меѓу организациите во новите геополитички околности.

The post Oсмани од Женева: Мултилатералната соработка, клучна во остварување на човековите права appeared first on Република.

]]>

Во рамки на настанот на високо ниво за одбележување на седумдесет и пет години од Универзалната декларација за човекови права, во Обединетите нации во Женева, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари и низа билатерални средби со шефовите на најзначајните меѓународни организации и агенции: генералните директори на меѓународната организација за миграции и светската здравствена организација, Ејми Поуп и Тедрос Аданом, високиот комесар за човекови права Волкер Турк, како и со високиот комесар за бегалци, Филипо Гранди.   “Мултилатералната соработка се покажа како клучна во остварување на човековите права ширум светот. Токму тоа стана предуслов за успешни комплексни мировни мисии, како што беше неодамнешното успешно извлекување на цивилите од Газа. Во име на Министерството и сите граѓани на Македонија, огромна благодарност за солидарноста, соработка и помошта кога тоа најмногу ни беше потребно, имено при извлекување на нашите државјани од Газа, нивното привремено сместување и примарна здравствена заштита во Египет, по што и нивно упатување кон земјава” рече Османи на средба со директорот на меѓународната организација на миграции, Поуп.   Во својство на Претседавач со ОБСЕ, Османи истакна дека мултилатералните организации имаат значење кога им служат на луѓето, кога се причина за позитивна промена во нивниот живот. Токму оваа беше целта на овогодишното претседавање на Македонија со Организацијата.   “Хуманата димензија беше во фокус на нашето претседавање. Луѓето, без разлика кои се или каде живеат, на сите им требаат истите основни права– мир, безбедност, сигурност и просперитет.” рече Османи.   Теми на разговор беа прилагодувањето на мултилатералните организации кон тековните предизвици на луѓето како и интензивирањето на соработката меѓу организациите во новите геополитички околности.

The post Oсмани од Женева: Мултилатералната соработка, клучна во остварување на човековите права appeared first on Република.

]]>
Османи во Женева: Потребни се напори за ревитализација на вредностите на Универзалната декларација за човекови права на ОН https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-vo-zheneva-potrebni-se-napori-za-revitalizatsija-na-vrednostite-na-univerzalnata-deklaratsija-za-chovekovi-prava-na-on/ Mon, 11 Dec 2023 13:57:46 +0000 https://republika.mk/?p=721805

Одбележувањето 75 години од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права на ОН, мора да послужи не само како потсетник за важноста, уникатноста и безвременската вредност на овој документ, туку и како нов поттик да ги зголемиме нашите напори во промовирањето и заштитата на човековите права, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи на настанот на високо ниво за Одбележување на 75 години од Универзалната декларација за човекови права на Обединетите Нации во Женева, соопшти МНР.

Како што се наведува во соопштението тој денеска во обраќањето пред високите владини претставници на земјите членки на ОН ги презентирал и заложбите на Македонија во однос на човековите права и при тоа повикал да се направат напори преку постапките да се ревитализираат вредностите на Декларацијата.

-Мора да испратиме порака дека секој од нас треба повеќе да се ангажира за благородната кауза на човековите права, изјавил Османи.

Шефот на дипломатијата, во рамки на овој настан на високо ниво презентирал пет национални заложби во однос на човековите права за чија реализација Македонија посветено работи. Меѓу нив се зголемување на довербата на јавноста во системот на управување преку унапредување на транспарентноста и отчетноста на Владата со усвојување и спроведување на нова Стратегија за транспарентност до 2026 година и забрзување на дигиталната трансформација за понатамошно подобрување на услугите фокусирани на луѓето и квалитетни услуги до 2027 година, со што ќе се зајакне отпорноста на сајбер заканите и ќе се работи на подигање на свеста за сајбер безбедноста.

-Справување со корупцијата и подобрување на интегритетот на систематски начин, како и зајакнување на меѓуинституционалната координација и размена меѓу различни владини институции, обвинителството и судството, трансформативна промена во животот на лицата со попреченост преку воспоставување политики и услуги за инклузивна попреченост, вработување и трансформирање на сите станбени институции во услуги засновани на заедницата и постигнување значајни и одржливи судски реформи преку спроведување на нова Стратегија за реформи во правосудството до 2027 година, изјавил Османи и истакнал дека наша цел е зајакнување на независноста, непристрасноста и интегритетот на судството, стои во соопштението. 

The post Османи во Женева: Потребни се напори за ревитализација на вредностите на Универзалната декларација за човекови права на ОН appeared first on Република.

]]>

Одбележувањето 75 години од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права на ОН, мора да послужи не само како потсетник за важноста, уникатноста и безвременската вредност на овој документ, туку и како нов поттик да ги зголемиме нашите напори во промовирањето и заштитата на човековите права, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи на настанот на високо ниво за Одбележување на 75 години од Универзалната декларација за човекови права на Обединетите Нации во Женева, соопшти МНР. Како што се наведува во соопштението тој денеска во обраќањето пред високите владини претставници на земјите членки на ОН ги презентирал и заложбите на Македонија во однос на човековите права и при тоа повикал да се направат напори преку постапките да се ревитализираат вредностите на Декларацијата. -Мора да испратиме порака дека секој од нас треба повеќе да се ангажира за благородната кауза на човековите права, изјавил Османи. Шефот на дипломатијата, во рамки на овој настан на високо ниво презентирал пет национални заложби во однос на човековите права за чија реализација Македонија посветено работи. Меѓу нив се зголемување на довербата на јавноста во системот на управување преку унапредување на транспарентноста и отчетноста на Владата со усвојување и спроведување на нова Стратегија за транспарентност до 2026 година и забрзување на дигиталната трансформација за понатамошно подобрување на услугите фокусирани на луѓето и квалитетни услуги до 2027 година, со што ќе се зајакне отпорноста на сајбер заканите и ќе се работи на подигање на свеста за сајбер безбедноста. -Справување со корупцијата и подобрување на интегритетот на систематски начин, како и зајакнување на меѓуинституционалната координација и размена меѓу различни владини институции, обвинителството и судството, трансформативна промена во животот на лицата со попреченост преку воспоставување политики и услуги за инклузивна попреченост, вработување и трансформирање на сите станбени институции во услуги засновани на заедницата и постигнување значајни и одржливи судски реформи преку спроведување на нова Стратегија за реформи во правосудството до 2027 година, изјавил Османи и истакнал дека наша цел е зајакнување на независноста, непристрасноста и интегритетот на судството, стои во соопштението. 

The post Османи во Женева: Потребни се напори за ревитализација на вредностите на Универзалната декларација за човекови права на ОН appeared first on Република.

]]>
Османи: Се надевам сите министри ќе бидат присутни на конференцијата на ОБСЕ во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-se-nadevam-site-ministri-ke-bidat-prisutni-na-konferentsijata-na-obse-vo-skopje/ Tue, 14 Nov 2023 11:02:26 +0000 https://republika.mk/?p=701378

Шефот на дипломатијата Бујар Османи изрази надеж дека сите министри ќе бидат присутни на конференцијата на ОБСЕ што ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември во Скопје, со цел, како што рече, да се донесат важни одлуки за опстанокот на ОБСЕ.

- Јас се надевам дека ќе успееме да бидеме сите присутни со цел да можеме да донесеме важни одлуки за опстанокот на ОБСЕ. Се разбира дека присуството на министрите не се во билатерална смисла, туку се во мултилатерален контекст и Македонија како претседавач на ОБСЕ мислам дека треба да обезбеди услови да бидат присутни, рече Османи, одговарајќи на новинарски прашања пред отворањето на конференцијата за млади на тема „Младински иновации и претприемништво: создавање одржлива иднина во регионот на ОБСЕ“.

Во однос на тоа дека на 4 декември истекува мандатот на генералниот секретар на ОБСЕ и на уште неколку други високи позиции во ОБСЕ и што доколку не се најдат личности што ќе ги заменат, Османи рече дека ако една земја е против, не може да се добие консензус за одлуките.

– Во 2020 имавме една таква ситуација кога не можеше да се постигне консензус бидејќи секоја одлука - генерален секретар, директор на ОДИХР и висок претставник за малцинство и за слобода на медиуми мора да ги добие сите 57 гласа, една земја да е против не може да се добие консензус. На крај се договори пакет, тоа е актуелниот пакет и затоа и истекува во ист ден, бидејќи сите беа именувани во ист ден, а мандатот им трае три години. Бидејќи сега поради руската агресија врз Украина нивото на доверба е на нула и не може да се постигне ниту една одлука, ние предложивме едно друго решение. Да се продолжи технички мандатот уште една година на актуелната четворка додека не се сменат динамиките во ОБСЕ, да се врати довербата па после да го отвориме конкурсот, рече Османи.

Рече дека како претседавачи досега требало да отвориме конкурс за да се пријават кандидати, со цел да ги избереме до 4 декември.

-Меѓутоа, очекувајќи дека нема да постигнеме консензус, затоа уште не сме решиле да го објавиме конкурсот, туку се обидуваме да постигнеме консензус за продолжување на мандатот за уште една година. Засега, Руската Федерација се уште се противи. Скоро добив писмо во кое што тие бараат да се објави конкурсот за да се кандидираат, меѓутоа знаејќи ги динамиките сум сигурен дека во моментов не сме спремни за консензус и затоа ќе притиснам до последен момент да обезбедиме едногодишно продолжување на мандатот, рече Османи.

Тој рече дека сакале „да процесуираат процес на рефлексија околу ОБСЕ“, бидејќи светот е сменет.

-Ние сакавме да процесуираме и процес на рефлексија околу ОБСЕ бидејќи и во 2025 година одбележуваме 55 години од Хелсиншкиот финален акт. Светот е сменет, целите на ОБСЕ на некој начин се постигнати, Берлинскиот ѕид немаше да падне доколку не беше третата димензија на ОБСЕ која што го поттикна демократскиот развој, слободата на медиумите, слободата на здружување на говор. Меѓутоа, во овие услови на немање доверба навистина тешко е да се отвори таков процес на рефлексија. Има земји членки што сметаат дека убавината на ОБСЕ е токму во консензусот затоа што е платформа меѓу Истокот и Западот и доколку едната страна доминира, тогаш ја губи смислата за разговор и дијалог помеѓу двата условно речени блокови коишто тогаш до 1989 година беа присутни кога беше основана ОБСЕ. Така што, во овие услови ние не можеме да го менуваме тоа правило, рече Османи

The post Османи: Се надевам сите министри ќе бидат присутни на конференцијата на ОБСЕ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Шефот на дипломатијата Бујар Османи изрази надеж дека сите министри ќе бидат присутни на конференцијата на ОБСЕ што ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември во Скопје, со цел, како што рече, да се донесат важни одлуки за опстанокот на ОБСЕ. - Јас се надевам дека ќе успееме да бидеме сите присутни со цел да можеме да донесеме важни одлуки за опстанокот на ОБСЕ. Се разбира дека присуството на министрите не се во билатерална смисла, туку се во мултилатерален контекст и Македонија како претседавач на ОБСЕ мислам дека треба да обезбеди услови да бидат присутни, рече Османи, одговарајќи на новинарски прашања пред отворањето на конференцијата за млади на тема „Младински иновации и претприемништво: создавање одржлива иднина во регионот на ОБСЕ“. Во однос на тоа дека на 4 декември истекува мандатот на генералниот секретар на ОБСЕ и на уште неколку други високи позиции во ОБСЕ и што доколку не се најдат личности што ќе ги заменат, Османи рече дека ако една земја е против, не може да се добие консензус за одлуките. – Во 2020 имавме една таква ситуација кога не можеше да се постигне консензус бидејќи секоја одлука - генерален секретар, директор на ОДИХР и висок претставник за малцинство и за слобода на медиуми мора да ги добие сите 57 гласа, една земја да е против не може да се добие консензус. На крај се договори пакет, тоа е актуелниот пакет и затоа и истекува во ист ден, бидејќи сите беа именувани во ист ден, а мандатот им трае три години. Бидејќи сега поради руската агресија врз Украина нивото на доверба е на нула и не може да се постигне ниту една одлука, ние предложивме едно друго решение. Да се продолжи технички мандатот уште една година на актуелната четворка додека не се сменат динамиките во ОБСЕ, да се врати довербата па после да го отвориме конкурсот, рече Османи. Рече дека како претседавачи досега требало да отвориме конкурс за да се пријават кандидати, со цел да ги избереме до 4 декември. -Меѓутоа, очекувајќи дека нема да постигнеме консензус, затоа уште не сме решиле да го објавиме конкурсот, туку се обидуваме да постигнеме консензус за продолжување на мандатот за уште една година. Засега, Руската Федерација се уште се противи. Скоро добив писмо во кое што тие бараат да се објави конкурсот за да се кандидираат, меѓутоа знаејќи ги динамиките сум сигурен дека во моментов не сме спремни за консензус и затоа ќе притиснам до последен момент да обезбедиме едногодишно продолжување на мандатот, рече Османи. Тој рече дека сакале „да процесуираат процес на рефлексија околу ОБСЕ“, бидејќи светот е сменет. -Ние сакавме да процесуираме и процес на рефлексија околу ОБСЕ бидејќи и во 2025 година одбележуваме 55 години од Хелсиншкиот финален акт. Светот е сменет, целите на ОБСЕ на некој начин се постигнати, Берлинскиот ѕид немаше да падне доколку не беше третата димензија на ОБСЕ која што го поттикна демократскиот развој, слободата на медиумите, слободата на здружување на говор. Меѓутоа, во овие услови на немање доверба навистина тешко е да се отвори таков процес на рефлексија. Има земји членки што сметаат дека убавината на ОБСЕ е токму во консензусот затоа што е платформа меѓу Истокот и Западот и доколку едната страна доминира, тогаш ја губи смислата за разговор и дијалог помеѓу двата условно речени блокови коишто тогаш до 1989 година беа присутни кога беше основана ОБСЕ. Така што, во овие услови ние не можеме да го менуваме тоа правило, рече Османи

The post Османи: Се надевам сите министри ќе бидат присутни на конференцијата на ОБСЕ во Скопје appeared first on Република.

]]>
Османи ги прими акредитивните писма на амбасадорката на Нов Зеланд, Жаклин Ен Фризел https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-gi-primi-akreditivnite-pisma-na-ambasadorkata-na-nov-zeland-zhaklin-en-frizel/ Fri, 10 Nov 2023 10:09:23 +0000 https://republika.mk/?p=700198

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги прими копиите од акредитивните писма на амбасадорката на Нов Зеланд во Македонија, со седиште во Рим, Жаклин Ен Фризел.

Османи ѝ посака добредојде на амбасадорката Фризел и изрази очекување дека за време на нејзиниот мандат, пријателските односи меѓу двете земји ќе добијат нова динамика и ќе се збогатат со нови содржини од заемен интерес, соопшти МНР.

На средбата беше разгледана досегашната билатерална соработка и можностите за нејзино унапредување во повеќе области, пред сѐ во економијата. Покрај билатералната, беше разговарано и за мултилатералната соработка, како и за најновите случувања на меѓународната сцена.

The post Османи ги прими акредитивните писма на амбасадорката на Нов Зеланд, Жаклин Ен Фризел appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги прими копиите од акредитивните писма на амбасадорката на Нов Зеланд во Македонија, со седиште во Рим, Жаклин Ен Фризел. Османи ѝ посака добредојде на амбасадорката Фризел и изрази очекување дека за време на нејзиниот мандат, пријателските односи меѓу двете земји ќе добијат нова динамика и ќе се збогатат со нови содржини од заемен интерес, соопшти МНР. На средбата беше разгледана досегашната билатерална соработка и можностите за нејзино унапредување во повеќе области, пред сѐ во економијата. Покрај билатералната, беше разговарано и за мултилатералната соработка, како и за најновите случувања на меѓународната сцена.

The post Османи ги прими акредитивните писма на амбасадорката на Нов Зеланд, Жаклин Ен Фризел appeared first on Република.

]]>