орден Archives - Република https://republika.mk/tema/orden/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Mar 2024 08:10:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png орден Archives - Република https://republika.mk/tema/orden/ 32 32 Ова е орденот што дедото на Зеленски го добил од Црвената армија за борба против нацистите https://republika.mk/vesti/svet/ova-e-ordenot-shto-dedoto-na-zelenski-go-dobil-od-tsrvenata-armija-za-borba-protiv-natsistite/ Mon, 25 Mar 2024 20:00:30 +0000 https://republika.mk/?p=749016

На социјалните мрежи е објавена фотографија од медалот на дедото на сегашниот претседател на Украина, Володимир Зеленски, за заслуги како војник на Црвената армија во борбите против нацистите во Втората светска војна.

Во дипломата пишува дека на 22 февруари 1944 година е издадена наредба за одликување на помладиот поручник Семјон Иванович Зеленски со Орден Црвена звезда за храброст покажана во борбата против германските нацисти.

На тој ден, Црвената армија го ослободи градот Кривој Рог, родниот град на Володимир Зеленски, кој е внук на одликуван херој на Црвената армија.

За разлика од својот дедо, Володимир Зеленски и неговата власт се обидуваат да го избришат секој спомен на Црвената армија од Украина, со отстранување на спомениците на нејзините команданти и херои и менување на имињата на улиците именувани во нивна чест. Затоа, пак, за возврат, на секој чекор се слават луѓе коишто во Втората светска војна се бореа рамо до рамо и во рамки на нацистичките сили против истата таа Црвена армија.

The post Ова е орденот што дедото на Зеленски го добил од Црвената армија за борба против нацистите appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи е објавена фотографија од медалот на дедото на сегашниот претседател на Украина, Володимир Зеленски, за заслуги како војник на Црвената армија во борбите против нацистите во Втората светска војна. Во дипломата пишува дека на 22 февруари 1944 година е издадена наредба за одликување на помладиот поручник Семјон Иванович Зеленски со Орден Црвена звезда за храброст покажана во борбата против германските нацисти. На тој ден, Црвената армија го ослободи градот Кривој Рог, родниот град на Володимир Зеленски, кој е внук на одликуван херој на Црвената армија. За разлика од својот дедо, Володимир Зеленски и неговата власт се обидуваат да го избришат секој спомен на Црвената армија од Украина, со отстранување на спомениците на нејзините команданти и херои и менување на имињата на улиците именувани во нивна чест. Затоа, пак, за возврат, на секој чекор се слават луѓе коишто во Втората светска војна се бореа рамо до рамо и во рамки на нацистичките сили против истата таа Црвена армија.

The post Ова е орденот што дедото на Зеленски го добил од Црвената армија за борба против нацистите appeared first on Република.

]]>
Дело на скулпторот Аугустинчиќ: Украден и орденот на Тито https://republika.mk/vesti/balkan/delo-na-skulptorot-augustinchik-ukraden-i-ordenot-na-tito/ Sun, 17 Mar 2024 12:28:03 +0000 https://republika.mk/?p=755582

Меѓу 43.000 ордени кои беа украдени од Палатата Србија од тимот на поранешниот државен функционер од ДС Слободан Хомен, се наоѓа и чудесно вредниот Орден на слободата, кој бил направен за Тито  во само десет примероци.

Орденот на слободата го дизајнирал скулпторот Антун Аугустинчиќ со дијаметар 68 милиметри
,изработен од злато и платина и вградени 45 рубини и 61 дијаманти.

The post Дело на скулпторот Аугустинчиќ: Украден и орденот на Тито appeared first on Република.

]]>

Меѓу 43.000 ордени кои беа украдени од Палатата Србија од тимот на поранешниот државен функционер од ДС Слободан Хомен, се наоѓа и чудесно вредниот Орден на слободата, кој бил направен за Тито  во само десет примероци. Орденот на слободата го дизајнирал скулпторот Антун Аугустинчиќ со дијаметар 68 милиметри ,изработен од злато и платина и вградени 45 рубини и 61 дијаманти.

The post Дело на скулпторот Аугустинчиќ: Украден и орденот на Тито appeared first on Република.

]]>
Дита Старова – Ќерими, директорка на Националната галерија, одликувана со орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија”, што го доделува Претседателот на Италија https://republika.mk/vesti/kultura/dita-starova-kerimi-direktorka-na-natsionalnata-galerija-odlikuvana-so-orden-vitez-na-redot-zvezda-na-italija-shto-go-dodeluva-pretsedatelot-na-italija/ Thu, 14 Mar 2024 13:44:36 +0000 https://republika.mk/?p=754781

Во Чифте амам денеска на свеченото отворање на изложбата, Амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри во Скопје ја одликуваше Дита Старова – Ќерими, директорка на Националната галерија,  со признанието – орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија”, што го доделува Претседателот на Републиката за воспоставување и негување на лични и професионални релации со Република Италија, соработка во различни области и продлабочување на односите меѓу институциите и граѓаните од двете држави, а на предлог на италијанскиот министер за надворешни работи.

„Ordine della Stella d’Italia“ е одликување воведено во 1947 година како „Ред на Ѕвездата на италијанската солидарност“, а од 2011 го носи новото име.

Дита Старова Ќерими (1984) е академски сликар, доцент на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје, а во моментов е директорка на Националната галерија, која со бројните врвни изложби ја раздвижи културната сцена дома и ја врати публиката.

The post Дита Старова – Ќерими, директорка на Националната галерија, одликувана со орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија”, што го доделува Претседателот на Италија appeared first on Република.

]]>

Во Чифте амам денеска на свеченото отворање на изложбата, Амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри во Скопје ја одликуваше Дита Старова – Ќерими, директорка на Националната галерија,  со признанието – орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија”, што го доделува Претседателот на Републиката за воспоставување и негување на лични и професионални релации со Република Италија, соработка во различни области и продлабочување на односите меѓу институциите и граѓаните од двете држави, а на предлог на италијанскиот министер за надворешни работи.

„Ordine della Stella d’Italia“ е одликување воведено во 1947 година како „Ред на Ѕвездата на италијанската солидарност“, а од 2011 го носи новото име.

Дита Старова Ќерими (1984) е академски сликар, доцент на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје, а во моментов е директорка на Националната галерија, која со бројните врвни изложби ја раздвижи културната сцена дома и ја врати публиката.

The post Дита Старова – Ќерими, директорка на Националната галерија, одликувана со орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија”, што го доделува Претседателот на Италија appeared first on Република.

]]>
Додик го одликува Орбан со највисок орден на Република Српска https://republika.mk/vesti/balkan/dodik-go-odlikuva-orban-so-najvisok-orden-na-republika-srpska/ Tue, 09 Jan 2024 12:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=731146

Претседателот на унгарската влада, Виктор Орбан, е одликуван со Орден на Република Српска, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Додик рече дека орденот ќе му биде врачен лично на Орбан во февруари.

Додик истакна дека му е чест што има можност да зборува за почесните луѓе по повод Денот на републиката бидејќи тие тоа го заслужуваат поради нивното внимание кон Српска, а меѓу нив се и почесниот професор Ненад Кечмановиќ и српскиот академик Матија Беќковиќ.

Во Бања Лука во тек е доделувањето на наградите на заслужните личности и институции, кои одиграа голема улога во создавањето и зачувувањето на Српска.

По врачувањето на наградите, ќе се одржи седница на Сенатот, јавува РТРС.

The post Додик го одликува Орбан со највисок орден на Република Српска appeared first on Република.

]]>

Претседателот на унгарската влада, Виктор Орбан, е одликуван со Орден на Република Српска, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Додик рече дека орденот ќе му биде врачен лично на Орбан во февруари. Додик истакна дека му е чест што има можност да зборува за почесните луѓе по повод Денот на републиката бидејќи тие тоа го заслужуваат поради нивното внимание кон Српска, а меѓу нив се и почесниот професор Ненад Кечмановиќ и српскиот академик Матија Беќковиќ. Во Бања Лука во тек е доделувањето на наградите на заслужните личности и институции, кои одиграа голема улога во создавањето и зачувувањето на Српска. По врачувањето на наградите, ќе се одржи седница на Сенатот, јавува РТРС.

The post Додик го одликува Орбан со највисок орден на Република Српска appeared first on Република.

]]>
Ордените за предавство влечат надолу https://republika.mk/kolumni/ordenite-za-predavstvo-vlechat-nadolu/ Sat, 13 May 2023 14:31:52 +0000 https://republika.mk/?p=640463

Ламбе Арнаудов

Ордените кои се доделуваат за предавство секогаш имаат три интересни карактеристики заради кои битно се разликуваат од ордените за храброст, за чест и татковината.

Прво: Ордените за предавство се безусловно и секогаш ги добиваат луѓе кои во целости ги заслужиле и никако и од никој не можат да бидат оспорувани затоа што нивните злодела остануваат запаметени за вечни векови, лесно препознатливо и затоа “сјајот“ на нивните заслужени ордени никогаш не потемнуваат, за разлика од ордените за Храброст. Чудно, неразбирливо, неправедно но вистинито.

Второ: Ордените за предавство секогаш без исклучок, во име на народот, ги доделува непријателот заради што помогнале да си го уништат токму сопствениот народ.

Трето: Ордените за предавство влечат надолу, нормално кога тие еднаш ќе ви ги закачат нема симнување, за разлика од скромните вистински ордено-носители  кои неволно многу, многу ретко по желба на овие другиве кои слават победи, јубилеи и отвораат споменици, а во нив ниту учествувале, или не дај Боже било кога го ставиле својот живот на располагање на татковината. Едноставно ги повикуваат да им го покријат срамот и бедата, зошто предавството не може да се објасни.

Но, еве сега ретка прилика, историска шанса, секој во себе да го пронајде најдоброто, да го извлече од себе највредното, да го понуди и стави на располагање целото свое битие на татковината на која ѝ е потребна сенародна поддршка, кога ако не сега, и од кого ако не од сите нас.

Дојдете сите, постојаните, верните, но и колебливите, навредените и наградените, обесправените и неправедните, вие со ордените  за предавство на градите што ве влечат надолу за да се исправите, вистинските родољуби и патриоти, но и вие чекачите, сидрашите, борци засолнати во сигурни заседи, дојдете сите да бидеме заедно, и првите и тие кои дошле подоцна, но и последните, сите еднакви и исто заслужни да и се заветиме на нашата татковина МАКЕДОНИЈА: Еве тука сме, сите заедно синови и ќерки, чеда твои, покорно да побараме прошка за нашите гревови кон ТЕБЕ ТАТКОВИНО, како грешни деца према своите грижни родители.

МАКЕДОНИЈА е мајка на сите мајки, тешко поднесува од сопствено чедо кое го откорнала од своето тело и не може да се помири грозни хиени и мршојадци да го кинат и распарчуваат, и да ја глодаат нејзината вита става гордо исправена и со бистар поглед во иднината, од убавина да направат делови и остатоци од некој многу дамнешен совршен мозаик закопан под земја.

За кога ќе се отвори некогаш во иднина, други народи да го разграбуваат и посвојуваат.

Дојдете! Кога ве вика татковината да не дојдеш е исто како кога  мајка ти бара чаша вода, а тебе те нема.

Како што реков голема МАЈКА е МАКЕДОНИЈА, има безброј ќерки и синови, нема да остане ни гола ни боса, ни гладна ни жедна, ниту нападната ниту неодбранета. Ама мајка е таа подеднакво ги сака сите свои деца и подеднакво се радува на секој дар што го заслужува од нив.

Мајчинското чувство е неверојатно. Знае да претскаже кој ќе и се придружи во нејзините недра, но уште подобро ги препознава своите малубројни грешни чеда. Токму ними ги повикува да не останат осамени. Осаменоста е најтежок занает, мајката тоа најдобро го знае.

Особено последниве години иако нашата мајка на сите мајки многу често и од многумина беше оставена сама осамена НЕ нé  прекори, не се пожали но и не се предаде. Со личен пример во вековниот опстој свој, молчешкум громко ни порача: Биолошката мајка е незаменлива, ама таа љубов, ама таа љубов непреболена за нејзините деца. Македонија мајка е непребол за сите деца нејни и затоа никогаш не умира оти ќе остави многу сирачиња.

Денес, некој ми рече: Македонецот од внатре се подјадува и секој е непријател на секого и затоа е лесен плен.

Погрешно, апсолутно погрешно.

Тешко на оној противник кој спроти себе го има МАКЕДОНЕЦОТ за непријател.

На крај една благородна опомена.

Не се будалеете вие неколкумина кои сте се навикнале со блатење, клеветења, навреди, инсинуации и непристојности да бидете повикани ама, како платеници за да се смирите и со одредена привилегија да замолчете. Тоа кај ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ и ова ВМРО-ДПМНЕ не поминува. Нашиот лидер не поднесува да ја навредуваш, да го кодошиш и да го обесчестуваш ВМРО-ДПМНЕ .

Имате и вие најгрешните прилика да се придружите – безусловно, христијански со покајание и проштевање, никако поинаку.

Та сте дошле, да за навек таму сте останале, исто ни е.

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ!!!

The post Ордените за предавство влечат надолу appeared first on Република.

]]>

Ламбе Арнаудов

Ордените кои се доделуваат за предавство секогаш имаат три интересни карактеристики заради кои битно се разликуваат од ордените за храброст, за чест и татковината. Прво: Ордените за предавство се безусловно и секогаш ги добиваат луѓе кои во целости ги заслужиле и никако и од никој не можат да бидат оспорувани затоа што нивните злодела остануваат запаметени за вечни векови, лесно препознатливо и затоа “сјајот“ на нивните заслужени ордени никогаш не потемнуваат, за разлика од ордените за Храброст. Чудно, неразбирливо, неправедно но вистинито. Второ: Ордените за предавство секогаш без исклучок, во име на народот, ги доделува непријателот заради што помогнале да си го уништат токму сопствениот народ. Трето: Ордените за предавство влечат надолу, нормално кога тие еднаш ќе ви ги закачат нема симнување, за разлика од скромните вистински ордено-носители  кои неволно многу, многу ретко по желба на овие другиве кои слават победи, јубилеи и отвораат споменици, а во нив ниту учествувале, или не дај Боже било кога го ставиле својот живот на располагање на татковината. Едноставно ги повикуваат да им го покријат срамот и бедата, зошто предавството не може да се објасни. Но, еве сега ретка прилика, историска шанса, секој во себе да го пронајде најдоброто, да го извлече од себе највредното, да го понуди и стави на располагање целото свое битие на татковината на која ѝ е потребна сенародна поддршка, кога ако не сега, и од кого ако не од сите нас. Дојдете сите, постојаните, верните, но и колебливите, навредените и наградените, обесправените и неправедните, вие со ордените  за предавство на градите што ве влечат надолу за да се исправите, вистинските родољуби и патриоти, но и вие чекачите, сидрашите, борци засолнати во сигурни заседи, дојдете сите да бидеме заедно, и првите и тие кои дошле подоцна, но и последните, сите еднакви и исто заслужни да и се заветиме на нашата татковина МАКЕДОНИЈА: Еве тука сме, сите заедно синови и ќерки, чеда твои, покорно да побараме прошка за нашите гревови кон ТЕБЕ ТАТКОВИНО, како грешни деца према своите грижни родители. МАКЕДОНИЈА е мајка на сите мајки, тешко поднесува од сопствено чедо кое го откорнала од своето тело и не може да се помири грозни хиени и мршојадци да го кинат и распарчуваат, и да ја глодаат нејзината вита става гордо исправена и со бистар поглед во иднината, од убавина да направат делови и остатоци од некој многу дамнешен совршен мозаик закопан под земја. За кога ќе се отвори некогаш во иднина, други народи да го разграбуваат и посвојуваат. Дојдете! Кога ве вика татковината да не дојдеш е исто како кога  мајка ти бара чаша вода, а тебе те нема. Како што реков голема МАЈКА е МАКЕДОНИЈА, има безброј ќерки и синови, нема да остане ни гола ни боса, ни гладна ни жедна, ниту нападната ниту неодбранета. Ама мајка е таа подеднакво ги сака сите свои деца и подеднакво се радува на секој дар што го заслужува од нив. Мајчинското чувство е неверојатно. Знае да претскаже кој ќе и се придружи во нејзините недра, но уште подобро ги препознава своите малубројни грешни чеда. Токму ними ги повикува да не останат осамени. Осаменоста е најтежок занает, мајката тоа најдобро го знае. Особено последниве години иако нашата мајка на сите мајки многу често и од многумина беше оставена сама осамена НЕ нé  прекори, не се пожали но и не се предаде. Со личен пример во вековниот опстој свој, молчешкум громко ни порача: Биолошката мајка е незаменлива, ама таа љубов, ама таа љубов непреболена за нејзините деца. Македонија мајка е непребол за сите деца нејни и затоа никогаш не умира оти ќе остави многу сирачиња. Денес, некој ми рече: Македонецот од внатре се подјадува и секој е непријател на секого и затоа е лесен плен. Погрешно, апсолутно погрешно. Тешко на оној противник кој спроти себе го има МАКЕДОНЕЦОТ за непријател. На крај една благородна опомена. Не се будалеете вие неколкумина кои сте се навикнале со блатење, клеветења, навреди, инсинуации и непристојности да бидете повикани ама, како платеници за да се смирите и со одредена привилегија да замолчете. Тоа кај ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ и ова ВМРО-ДПМНЕ не поминува. Нашиот лидер не поднесува да ја навредуваш, да го кодошиш и да го обесчестуваш ВМРО-ДПМНЕ . Имате и вие најгрешните прилика да се придружите – безусловно, христијански со покајание и проштевање, никако поинаку. Та сте дошле, да за навек таму сте останале, исто ни е. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ!!!

The post Ордените за предавство влечат надолу appeared first on Република.

]]>
Пендаровски ќе одликува со Орден „8 Септември“ четворица македонски спортисти https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pendarovski-kje-odlikuva-so-orden-8-septemvri-chetvorica-makedonski-sportisti/ Thu, 08 Sep 2022 07:06:36 +0000 https://republika.mk/?p=548537

По повод Денот на независноста претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ќе ги одликува со Орден „8 Септември“ македонските спортисти Оливера Наковска-Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски.

Како што соопштија од претседателскиот кабинет, Оливера Наковска-Бикова ќе биде одликувана со Орден „8 Септември“ за својата извонредна, богата и успешна спортска кариера во параолимпиското и во спортското стрелаштво. Наковска-Бикова постигнува бројни успеси на натпревари во стрелачки спортови. Таа е повеќекратна државна шампионка и апсолутна рекордерка на Република Македонија во дисциплината воздушен пиштол. Во оваа дисциплина го освојува златниот медал на Летните параолимписки игри во Лондон, со што придонесе за меѓународна афирмација и за угледот на државата.

Бранимир Јовановски, за извонредните резултати во својата 20-годишна спортска кариера. Тој е првиот македонски параолимпиец кој освоил златен медал на една параолимпијада. Во текот на својата кариера, покрај златниот параолимписки медал, освоил и други сребрени, златни и бронзени медали на разни европски првенства и на меѓународни натпревари. Значаен е неговиот огромен успех како тренер и како селектор, а избран е и за најдобар тренер на македонската репрезентација во стрелаштво за лица со попреченост. Неговиот придонес за меѓународна афирмација и за угледот на државата е огромен.

Шабан Трстена ќе добие Орден за освојувањето златен медал во борење на Летните олимписки игри во 1984 година, запишувајќи се со златни букви во историјата на македонскиот и на светскиот спорт како најмлад олимписки шампион, како и за освојувањето на сребрениот медал на Олимпијадата во Сеул во 1988 година и на бронзениот медал на Светскиот шампионат во борење во 1982 година. Трстена е повеќекратен младински и сениорски првак на Југославија. Тој е прогласен за спортист на XX век на Република Македонија. Шабан Трстена е пример како со извонреден успех може да се стане симбол на својата земја и на таков начин да се придонесе за нејзина меѓународна афирмација.

Дејан Георгиевски, за постигнување историски најголем и повеќекратен успех во сферата на спортот од независноста на нашата држава. Со освојувањето на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во теквондо, е прогласен за најдобар спортист на Република Македонија за 2021 година. Воедно, тој е добитник и на неколку сребрени и бронзени медали, со што придонесува за меѓународна афирмација и за угледот на државата.

По повод одбележувањето на Денот на независноста, делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.

The post Пендаровски ќе одликува со Орден „8 Септември“ четворица македонски спортисти appeared first on Република.

]]>

По повод Денот на независноста претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ќе ги одликува со Орден „8 Септември“ македонските спортисти Оливера Наковска-Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски. Како што соопштија од претседателскиот кабинет, Оливера Наковска-Бикова ќе биде одликувана со Орден „8 Септември“ за својата извонредна, богата и успешна спортска кариера во параолимпиското и во спортското стрелаштво. Наковска-Бикова постигнува бројни успеси на натпревари во стрелачки спортови. Таа е повеќекратна државна шампионка и апсолутна рекордерка на Република Македонија во дисциплината воздушен пиштол. Во оваа дисциплина го освојува златниот медал на Летните параолимписки игри во Лондон, со што придонесе за меѓународна афирмација и за угледот на државата. Бранимир Јовановски, за извонредните резултати во својата 20-годишна спортска кариера. Тој е првиот македонски параолимпиец кој освоил златен медал на една параолимпијада. Во текот на својата кариера, покрај златниот параолимписки медал, освоил и други сребрени, златни и бронзени медали на разни европски првенства и на меѓународни натпревари. Значаен е неговиот огромен успех како тренер и како селектор, а избран е и за најдобар тренер на македонската репрезентација во стрелаштво за лица со попреченост. Неговиот придонес за меѓународна афирмација и за угледот на државата е огромен. Шабан Трстена ќе добие Орден за освојувањето златен медал во борење на Летните олимписки игри во 1984 година, запишувајќи се со златни букви во историјата на македонскиот и на светскиот спорт како најмлад олимписки шампион, како и за освојувањето на сребрениот медал на Олимпијадата во Сеул во 1988 година и на бронзениот медал на Светскиот шампионат во борење во 1982 година. Трстена е повеќекратен младински и сениорски првак на Југославија. Тој е прогласен за спортист на XX век на Република Македонија. Шабан Трстена е пример како со извонреден успех може да се стане симбол на својата земја и на таков начин да се придонесе за нејзина меѓународна афирмација. Дејан Георгиевски, за постигнување историски најголем и повеќекратен успех во сферата на спортот од независноста на нашата држава. Со освојувањето на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во теквондо, е прогласен за најдобар спортист на Република Македонија за 2021 година. Воедно, тој е добитник и на неколку сребрени и бронзени медали, со што придонесува за меѓународна афирмација и за угледот на државата. По повод одбележувањето на Денот на независноста, делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.

The post Пендаровски ќе одликува со Орден „8 Септември“ четворица македонски спортисти appeared first on Република.

]]>
Пакистан му даде орден на Бил Гејтс за борбата против сиромаштијата и болестите во светот https://republika.mk/vesti/svet/pakistan-mu-dade-orden-na-bil-gejts-za-borbata-protiv-siromashtijata-i-bolestite-vo-svetot/ Fri, 18 Feb 2022 09:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=460296

Пакистан го награди ко-основачот на „Мајкрософт“, милијардерот Бил Гејтс, со второто највисоко цивилно признание Хилал-е-Пакистан, за ублажување на сиромаштијата и неговата посветеност на искоренувањето болести, како што се полио и туберкулоза.

На Гејтс му беше врачена наградата директно од претседателот Ариф Алви. По церемонијата, тој имаше состанок со премиерот Имран Кан.

Посветеноста на Пакистан да стави крај на полиото е инспиративна - изјави Гејтс во објава од фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Фондацијата на Гејтс помогна речиси да се искорени болеста.

Лидери на Влади, здравствени работници, како и родители, работат неуморно на тоа да се осигураат дека оваа болест нема да парализира уште едно дете - истакна Гејтс.

Милијардерот пред новинарите во Исламабад изјави дека е импресиониран од тоа што го прави Пакистан. Според Гејтс, полиото во Пакистан се шири помалку од очекуваното, а причината ја гледа во тоа што луѓето помалку излегуваа од дома за време на пандемијата од Ковид-19.

Мислам дека со тоа што ќе го преземи Пакистан во 2022 година, најверојатно ќе му дојде крајот на полиото - појасни Гејтс.

Кога станува збор за Авганистан, Гејтс појасни дека таму сега се врши повеќе вакцинација против полио, во споредба со изминатите години.

Пакистан и Авганистан се единствените земји во светот, каде детската парализа останува ендемична. Болеста може да предизвика делумна парализа кај децата. бд/ссм/

The post Пакистан му даде орден на Бил Гејтс за борбата против сиромаштијата и болестите во светот appeared first on Република.

]]>

Пакистан го награди ко-основачот на „Мајкрософт“, милијардерот Бил Гејтс, со второто највисоко цивилно признание Хилал-е-Пакистан, за ублажување на сиромаштијата и неговата посветеност на искоренувањето болести, како што се полио и туберкулоза. На Гејтс му беше врачена наградата директно од претседателот Ариф Алви. По церемонијата, тој имаше состанок со премиерот Имран Кан.
Посветеноста на Пакистан да стави крај на полиото е инспиративна - изјави Гејтс во објава од фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.
Фондацијата на Гејтс помогна речиси да се искорени болеста.
Лидери на Влади, здравствени работници, како и родители, работат неуморно на тоа да се осигураат дека оваа болест нема да парализира уште едно дете - истакна Гејтс.
Милијардерот пред новинарите во Исламабад изјави дека е импресиониран од тоа што го прави Пакистан. Според Гејтс, полиото во Пакистан се шири помалку од очекуваното, а причината ја гледа во тоа што луѓето помалку излегуваа од дома за време на пандемијата од Ковид-19.
Мислам дека со тоа што ќе го преземи Пакистан во 2022 година, најверојатно ќе му дојде крајот на полиото - појасни Гејтс.
Кога станува збор за Авганистан, Гејтс појасни дека таму сега се врши повеќе вакцинација против полио, во споредба со изминатите години. Пакистан и Авганистан се единствените земји во светот, каде детската парализа останува ендемична. Болеста може да предизвика делумна парализа кај децата. бд/ссм/

The post Пакистан му даде орден на Бил Гејтс за борбата против сиромаштијата и болестите во светот appeared first on Република.

]]>