Орце Георгиевски Archives - Република https://republika.mk/tema/orce-georgievski/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 10:25:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Орце Георгиевски Archives - Република https://republika.mk/tema/orce-georgievski/ 32 32 Се бара со закон да им се одзема возилото на создавачите на диви депонии и плус да платат парична казна https://republika.mk/vesti/skopje/se-bara-so-zakon-da-im-se-odzema-voziloto-na-sozadachite-na-divi-deponii-i-plus-da-platat-parichna-kazna/ Wed, 11 Sep 2024 10:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=815300

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски во изјава за телевизијата Алсат зборуваше за вчерашната иницијатива која едногласно се усвои на седницата на ЗЕЛС, а се работи за изрекување големи казни за создавачите на диви депонии.

Како што нагласи, се бара измени во членовите од Законот за комунални дејности во делот на глоби, односно зголемување на истите бидејќи во денешно време се прениски, а депониите масовно се зголемуваат.

- Му благодарам на градоначалникот на општина Аеродром, господинот Дејан Митевски од каде што потекнува оваа иницијатива.

Вчера на седницата на ЗЕЛС едногласно беше усвоена оваа иницијатива, во која што се предвидува измени во Законот за комунални дејности, односно со тие измени во делот кај глоби се зголемува и она што ние го бараме практично е да се зголеми глобата, односно висината на казните. Тоа е директна промена на членот 14 и членот 14а од Законот, бидејќи глобите се прениски во денешно време.

Досега како општество и како градоначалници, но и државните институции се занимаваат со последиците а никој не се занимава со причинителите на тие последици, така што во оваа интервенција за која што ќе имаме средба на крајот на оваа недела со министерот за транспорт и врски, чие што Министерство е надлежно за овој закон, се предвидува глобите да бидат зголемени од 3 до 5000 евра и да постои можност за одземање на возилото на сторителлот.

На тој начин сметаме дека директно ќе интерневираме во однос на животната средина, знаете дека постојано како градночалници се трудиме да се справуваме со оние малкумина кои што работат на штета на мнозинството, создавајќи диви депонии – изјави Ѓорѓиевски.

На одговор на новинарско прашање, претседателот на ЗЕЛС рече дека се надева оваа иницијатива да наиде на слух кај сите пратенички групи, бидејќи веќе е разговарано со министерот за транспорт и врски Александар Николоски, кој изразил силна волја да го поддржи ова барање на градоначалниците.

До крајот на оваа недела се очекува заеднички состанок со министерот, по што се надева дека оваа иницијатива наскоро ќе се најде пред пратениците

The post Се бара со закон да им се одзема возилото на создавачите на диви депонии и плус да платат парична казна appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски во изјава за телевизијата Алсат зборуваше за вчерашната иницијатива која едногласно се усвои на седницата на ЗЕЛС, а се работи за изрекување големи казни за создавачите на диви депонии. Како што нагласи, се бара измени во членовите од Законот за комунални дејности во делот на глоби, односно зголемување на истите бидејќи во денешно време се прениски, а депониите масовно се зголемуваат.
- Му благодарам на градоначалникот на општина Аеродром, господинот Дејан Митевски од каде што потекнува оваа иницијатива.
Вчера на седницата на ЗЕЛС едногласно беше усвоена оваа иницијатива, во која што се предвидува измени во Законот за комунални дејности, односно со тие измени во делот кај глоби се зголемува и она што ние го бараме практично е да се зголеми глобата, односно висината на казните. Тоа е директна промена на членот 14 и членот 14а од Законот, бидејќи глобите се прениски во денешно време. Досега како општество и како градоначалници, но и државните институции се занимаваат со последиците а никој не се занимава со причинителите на тие последици, така што во оваа интервенција за која што ќе имаме средба на крајот на оваа недела со министерот за транспорт и врски, чие што Министерство е надлежно за овој закон, се предвидува глобите да бидат зголемени од 3 до 5000 евра и да постои можност за одземање на возилото на сторителлот. На тој начин сметаме дека директно ќе интерневираме во однос на животната средина, знаете дека постојано како градночалници се трудиме да се справуваме со оние малкумина кои што работат на штета на мнозинството, создавајќи диви депонии – изјави Ѓорѓиевски. На одговор на новинарско прашање, претседателот на ЗЕЛС рече дека се надева оваа иницијатива да наиде на слух кај сите пратенички групи, бидејќи веќе е разговарано со министерот за транспорт и врски Александар Николоски, кој изразил силна волја да го поддржи ова барање на градоначалниците. До крајот на оваа недела се очекува заеднички состанок со министерот, по што се надева дека оваа иницијатива наскоро ќе се најде пред пратениците

The post Се бара со закон да им се одзема возилото на создавачите на диви депонии и плус да платат парична казна appeared first on Република.

]]>
Ѓорѓиевски: Pеализациравме на над 90% од програмата за само две години https://republika.mk/vesti/skopje/gorgievski-pealizatsiravme-na-nad-90-od-programata-za-samo-dve-godini/ Sun, 26 Nov 2023 12:50:30 +0000 https://republika.mk/?p=716375

Јас пред два дена го имав и отчетот во Кисела Вода, каде што потенцирав дека започнавме финално како општина со потегот кој што значи обезбедување со подземна инфраструктура на последното населено место. Тоа место повеќе од 40-тина години беше во супстандардни услови односно основни услови хумани за живот немаа моите сограѓани таму, станува збор за Стаклара или Каменик каде што започнавме со изведба на фекална канализација која што заедно со водоводната мрежа ќе биде потег од 9,2 километри. Тоа е нешто што државата за 6-7 години колку се на власт не успеаја да обезбедат за било кое населено место“, истакна Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода на денешната дебата насловена „Локален економски развој“ која е дел од настанот насловен „Важно е! Платформа за иднина“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Ѓорѓиевски додаде дека е горд што во неговата општина сите населени места веќе ќе ги имаат основните хумани услови за живот.

„Во рамки на акцијата за реконструкција и за рехабилитација на нашите улици сакам да истакнам бројка на поплочени павер елементи или асфалтирани улици во должина од над 44 километри за само две години на територија на општина Кисела Вода. Ние имаме реализација на над 90% од програмата или тоа се над 600-тини проекти реализирани за само две години“, нагласи градоначалникот на општина Кисела Вода.

Тој посочи дека кога станува збор за урбанистичкиот план за Расадник, долги години беше една од најжешките теми во Скопје, особено за уредувањето на тој простор.

„Во минатото јас како координатор на советничката група заедно со сите советници и со помош на граѓаните спречивме таму изградба на 99 згради, ДУП кој што беше во финална фаза. И ние се одлучивме како тим да целосно оваа постапка ја препуштиме на експертската јавност, на невладиниот сектор и на граѓаните. И тоа одејќи со меѓународен конкурс за избор на идејно решение. Во жири комисијата имавме и меѓународни претставници односно имаше претставници од Факултетот во Италија, од Болоња. Такво нешто се нема случено на територија на Македонија од после земјотресот“, заклучи тој.

Ѓорѓиевски рече дека во целиот процес во врска со Расадник тој бил целосно изземен и конечно се стави крај на тоа што значеше дивеење на урбаната мафија.

„Веќе сме на двоцифрен број на чекање на листите за дечиња да бидат упишани во градинка. За само две години отворивме две нови градинки на територија на општина Кисела Вода, и уште 6 проширувања направивме на постоечки градинки“, заклучи тој.

Градоначалникот на општина Кисела Вода нагласи дека граѓаните заслужуваат подобри услови за живеење.

The post Ѓорѓиевски: Pеализациравме на над 90% од програмата за само две години appeared first on Република.

]]>

Јас пред два дена го имав и отчетот во Кисела Вода, каде што потенцирав дека започнавме финално како општина со потегот кој што значи обезбедување со подземна инфраструктура на последното населено место. Тоа место повеќе од 40-тина години беше во супстандардни услови односно основни услови хумани за живот немаа моите сограѓани таму, станува збор за Стаклара или Каменик каде што започнавме со изведба на фекална канализација која што заедно со водоводната мрежа ќе биде потег од 9,2 километри. Тоа е нешто што државата за 6-7 години колку се на власт не успеаја да обезбедат за било кое населено место“, истакна Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода на денешната дебата насловена „Локален економски развој“ која е дел од настанот насловен „Важно е! Платформа за иднина“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“. Ѓорѓиевски додаде дека е горд што во неговата општина сите населени места веќе ќе ги имаат основните хумани услови за живот.
„Во рамки на акцијата за реконструкција и за рехабилитација на нашите улици сакам да истакнам бројка на поплочени павер елементи или асфалтирани улици во должина од над 44 километри за само две години на територија на општина Кисела Вода. Ние имаме реализација на над 90% од програмата или тоа се над 600-тини проекти реализирани за само две години“, нагласи градоначалникот на општина Кисела Вода.
Тој посочи дека кога станува збор за урбанистичкиот план за Расадник, долги години беше една од најжешките теми во Скопје, особено за уредувањето на тој простор.
„Во минатото јас како координатор на советничката група заедно со сите советници и со помош на граѓаните спречивме таму изградба на 99 згради, ДУП кој што беше во финална фаза. И ние се одлучивме како тим да целосно оваа постапка ја препуштиме на експертската јавност, на невладиниот сектор и на граѓаните. И тоа одејќи со меѓународен конкурс за избор на идејно решение. Во жири комисијата имавме и меѓународни претставници односно имаше претставници од Факултетот во Италија, од Болоња. Такво нешто се нема случено на територија на Македонија од после земјотресот“, заклучи тој.
Ѓорѓиевски рече дека во целиот процес во врска со Расадник тој бил целосно изземен и конечно се стави крај на тоа што значеше дивеење на урбаната мафија. „Веќе сме на двоцифрен број на чекање на листите за дечиња да бидат упишани во градинка. За само две години отворивме две нови градинки на територија на општина Кисела Вода, и уште 6 проширувања направивме на постоечки градинки“, заклучи тој. Градоначалникот на општина Кисела Вода нагласи дека граѓаните заслужуваат подобри услови за живеење.

The post Ѓорѓиевски: Pеализациравме на над 90% од програмата за само две години appeared first on Република.

]]>
Браво за градоначалникот на Кисела Вода: Ѓорѓиевски даде милион денари помош на ФК Вардар https://republika.mk/sport/fudbal/bravo-za-gradonachalnikot-na-kisela-voda-gorgievski-dade-milion-denari-pomosh-na-fk-vardar/ Fri, 19 May 2023 07:57:08 +0000 https://republika.mk/?p=642534

Фудбалерите на Вардар добиваат дополнителен мотив во пресрет на најважниот меч сезонава, бараж-пресметката против Скопје за влез во Првата лига, откако од општина Кисела Вода доаѓа најава за финансиска помош во износ од – милион денари.

Според информациите на „Вардарфанс“, парите во текот на денешниот ден или најдоцна до утре би „легнале“ директно на сметките на фудбалерите и на членовите на стручниот штаб, што би било и тоа како важна инјекција со оглед на финансиските проблеми со кои сезонава се соочуваа црвено-црните. Најавите се дека ова нема да биде инцидентна помош од скопската општина, туку дека локалната самоуправа во Кисела Вода во следниот период ќе преземе на себе дел од финансирањето на најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија.

Вардар мечот за евентуално враќање во фудбалската елита по две годишен престој во Втората лига ќе го одигра в недела во Кавадарци, за каде се очекува вистинска инвазија од вардаровите навивачи.

The post Браво за градоначалникот на Кисела Вода: Ѓорѓиевски даде милион денари помош на ФК Вардар appeared first on Република.

]]>

Фудбалерите на Вардар добиваат дополнителен мотив во пресрет на најважниот меч сезонава, бараж-пресметката против Скопје за влез во Првата лига, откако од општина Кисела Вода доаѓа најава за финансиска помош во износ од – милион денари.
Според информациите на „Вардарфанс“, парите во текот на денешниот ден или најдоцна до утре би „легнале“ директно на сметките на фудбалерите и на членовите на стручниот штаб, што би било и тоа како важна инјекција со оглед на финансиските проблеми со кои сезонава се соочуваа црвено-црните. Најавите се дека ова нема да биде инцидентна помош од скопската општина, туку дека локалната самоуправа во Кисела Вода во следниот период ќе преземе на себе дел од финансирањето на најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија. Вардар мечот за евентуално враќање во фудбалската елита по две годишен престој во Втората лига ќе го одигра в недела во Кавадарци, за каде се очекува вистинска инвазија од вардаровите навивачи.

The post Браво за градоначалникот на Кисела Вода: Ѓорѓиевски даде милион денари помош на ФК Вардар appeared first on Република.

]]>
Градоначалниците Георгиевски, Стојкоски и Стефковски со семејствата за Божик https://republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnitsite-georgievski-stojkoski-i-stefkovski-so-semejstvata-za-bozhik/ Sat, 07 Jan 2023 13:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=594453

Скопските градоначалници пригодно и во кругот на семејството ги пречекаа новогодишните и божиќните празници.

Првите луѓе на Кисела Вода, Ѓорче Петров и на Гази Баба посакаа за граѓаните, бериќет, благосостојба и мир.

 

The post Градоначалниците Георгиевски, Стојкоски и Стефковски со семејствата за Божик appeared first on Република.

]]>

Скопските градоначалници пригодно и во кругот на семејството ги пречекаа новогодишните и божиќните празници. Првите луѓе на Кисела Вода, Ѓорче Петров и на Гази Баба посакаа за граѓаните, бериќет, благосостојба и мир.  

The post Градоначалниците Георгиевски, Стојкоски и Стефковски со семејствата за Божик appeared first on Република.

]]>
Oбиен автомобилот на градоначалникот на Кисела Вода Георгиевски https://republika.mk/vesti/skopje/obien-avtomobilot-na-gradonachalnikot-na-kisela-voda-georgievski/ Fri, 25 Nov 2022 21:17:02 +0000 https://republika.mk/?p=578394

Вечерва непознати сторители го обиле автомобилот на градоначалникот на Кисела Вода Орце Георогиевски. Тој на Фејсбук објави фотографија од искршеното возило.

Иако навидум сторителите се непознати, причините се јасни.
Намерата им е да ме “поздрават” затоа што се справувам со урбаната мафија која дивееше и беше главна во време на претходниците. Епа веќе не смее да припари урбаната мафија накај општина, општината ја водат граѓаните
Нема по ниту една цена да се сопре развојот на Кисела Вода, решавањето на проблемите на народот и да дозволам матните бизнис интереси на поединци да бидат посилни од тие на народот, напиша градоначалникот.

The post Oбиен автомобилот на градоначалникот на Кисела Вода Георгиевски appeared first on Република.

]]>

Вечерва непознати сторители го обиле автомобилот на градоначалникот на Кисела Вода Орце Георогиевски. Тој на Фејсбук објави фотографија од искршеното возило.
Иако навидум сторителите се непознати, причините се јасни. Намерата им е да ме “поздрават” затоа што се справувам со урбаната мафија која дивееше и беше главна во време на претходниците. Епа веќе не смее да припари урбаната мафија накај општина, општината ја водат граѓаните Нема по ниту една цена да се сопре развојот на Кисела Вода, решавањето на проблемите на народот и да дозволам матните бизнис интереси на поединци да бидат посилни од тие на народот, напиша градоначалникот.

The post Oбиен автомобилот на градоначалникот на Кисела Вода Георгиевски appeared first on Република.

]]>
Снегот во Кисела Вода веднаш се чисти https://republika.mk/vesti/skopje/snegot-vo-kisela-voda-vednash-se-chisti/ Sat, 05 Mar 2022 22:43:43 +0000 https://republika.mk/?p=468381

Градоначалнико Орце Георгиевски објави видео дека службите во општината Кисела Вода веднаш се зафатија со чистење на снегот кој падна вечерва.

 

The post Снегот во Кисела Вода веднаш се чисти appeared first on Република.

]]>

Градоначалнико Орце Георгиевски објави видео дека службите во општината Кисела Вода веднаш се зафатија со чистење на снегот кој падна вечерва.  

The post Снегот во Кисела Вода веднаш се чисти appeared first on Република.

]]>
Ѓорѓиевски даде отчет: Промените кои граѓаните од нас ги побараа ги започнавме во сите сфери https://republika.mk/vesti/skopje/gjorgjievski-dade-otchet-promenite-koi-gragjanite-od-nas-gi-pobaraa-gi-zapochnavme-vo-site-sferi/ Sun, 20 Feb 2022 14:20:03 +0000 https://republika.mk/?p=461079

Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски даде отчет за првите сработени 100 дена од неговиот градоначалнички мандат.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме неговото обраќање:

Изминаа првите сто дена од процесот на креирање на новиот лик на Кисела Вода. Промените кои граѓаните од нас ги побараа преку своите дадени гласови, ги започнавме во сите сфери од делувањето на оваа локална самоуправа. Во кусата временска рамка што ни стоеше на располагање, сработевме преку 50 проекти кои на директен начин ја подобрија функционалоста, транспарентноста, имиџот на оваа општина.

Одлучно и смело се зафативме со ставање ред во урбанистичкиот хаос кој се закануваше да го задуши ова место на живеење во еколошка, социјална, хумана смисла. Ова подразбираше ревизија, интензивирање на легализација на дивоградби, но и рушење онаму каде што се пронајде криминал.

Преку кампањата “Моја земја, мој дом”, пак, го актуелизиравме откупот на државно земјиште под легализирани објекти и дворно место. За овие 100 дена презедовме сериозни чекори и во подобрување на комуналната инфраструктурата. Целосно реконструиравме повеќе улици, дел се во завршна фаза, почнавме со изградба на фекална канализација на Речиште која жителите ја чекаа повеќе од 30 години, градиме два нови паркови на местото од големите диви депонии кои интензивно се чистат, изградивме еден паркинг во Драчево, а друг градиме во Расадник, темелно реконструиравме две детски игралишта, една училишна спортска сала е реновирана, а онаа во Невена Георгиева Дуња во моментот целосно се реконструира. Обезбедивме компјутер за секој наставник, а посебно внимание посветивме на лицата со посебни потреби- поставивме пристапни рампи во објектот на општината, дониравме книги напишани со Брајово писмо за училишната библиотека на ДУРМДОВ “Димитар Влахов”, а на ООУ “Кузман Јосифовски Питу” покрај тоа што му ја менуваме фасадата и кровот, го правиме целосно инклузивно-со лифт, рампи, со сите архитектонски потреби кои ги имаат лицата со попреченост.

Почитувани, ова е само многу кус осврт на реализираните активности и проекти. Бидејќи ова е ново поглавје во Кисела Вода.

Дозволете ми во наредните минути да подискутираме малку подетално.

Ќе започнам со сработеното во една од областите кои се најголем предизвик, урбанистичкото уредување. Преку првиот дел од проектот Стоп за урбаната мафија, од заклучените фиоки ги извадивме сите важечки урбанистички планови, ги дигитализиравме и ги ставивме на увид на граѓаните. Стручната комисија ги презентираше првите резултати од утврдените неправилности, a во моментов на тендер бараме независна надворешна ревизорска куќа, која ќе даде свое, експертско толкување на урбанистичкото работење на претходното раководство на Општина Кисела Вода. Морам да нагласам дека во креирањето на целосната слика, но и на нашите следни чекори голема улога ќе имаат нашите жители. Им ветив и ќе исполнам дека одлуките ќе ги носат тие, а не урбаната мафија.

Во контекст на претходното, сакам да ја информирам јавноста дека до Општината пристигнаа преку 100 пријави за нерегуларности во донесените ДУП-ови. Интересен податок е дека граѓаните покрај забелешките даваа и предлози и идејни решенија околу урбанизацијата на одредени локации во општината. Сево ова ќе биде разгледано и ќе се постапува согласно Законот и законските норми.

Во овие 100- дена, спречивме изградба на згради во зеленилото во Балаклија и на станбени објекти во Припор. Целосно го стопиравме предожениот ДУП за Расадник, во кој беа вцртани дури 99 згради. Нацрт предлогот за Меѓународниот конкурс за Расадник кој го ветив, е јавно објавен на нашата веб страница, како граѓаните би можеле да дадат свои забелешки. Со цел тој да биде стручно издржан, го доставивме и до стручната јавност- до Архитектонскиот факултет во Скопје, до Комората на властени архитекти и инженери и до Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Од сите овие три институции, каде се најистакнатите авторитети во оваа област, ја добивме поддршката за распишување на Меѓународниот Конкурс за идејно урбанистичко – архитектонско решение за ДУП Расадник, како иден хуман кварт за живеење и ни беше потенцирано дека на располагање го ставаат својот целокупен стручен потенцијал. При изработката, ќе учествуваат и членови од Партиципативно тело, за кое пријавувањето заврши со поднесени околу 25 апликации. Оформувањето на Партиципативното тело е доставено како предлог до Советот на Општина Кисела Вода, за седницата кој ќе се одржи до крај на месецов. Со тоа, ќе бидат исполнети сите услови за објавување на Меѓународниот конкурс кој треба да даде решение идејниот лик на Расадник. Ревизијата, пак, на издадените одобренија за градба дополнително ги потврди сомнежите за криминално работење на претходното раководство. Пристапивме кон рушење на индустриски објекти градени без никакви документи, нешто што 30 години не се случувало во нашата општина. Никој не е над законот и криминалот ќе се казнува.

Со нова динамика, пристапивме кон процесот на легализација на дивоградбите. За само 100 дена, 490 семејства добија документ за легална сопственост. Како што ветив, за една година, затворени ќе бидат сите предмети. Дополнително, за овие лица, ја започнавме кампањата Моја земја, мој дом, преку која, со целосна логистичка поддршка од службите на Општина Кисела Вода, сега можат да го откупат земјиштето под и околу легализираниот објект по цена од едно евро за квадратен метар. Да бидат целосно, свои на своето.

Како голема општина во која со децении не се инвестирало, подобрувањето на инфраструктурата во Кисела Вода е сериозен предизвик. Еден аспект е естетиката, како прв впечаток, но уште поважно е што локалниот економски развој е условен од добрата инфраструктура. Со сериозен пристап, за само три месеци реализиравме бројни зафати во оваа сфера. Целосно ја асфалтиравме улицата Пушкинова со сите нејзини краци, како една од најфреквентните улици во чија непосредна близина има училиште. Во напредна фаза е темелната реконструкција на улицата Наум Охридски. Покрај асфалтирањето, тука се градат и нови тротоари и се поставува осветлување. Паралелно, на оваа улица се гради и нова атмосферска канализација, со што граѓаните ќе добијат комплетно решение за проблемите предизвикани од уништениот асфалт и таложењето на атмосферските води по улицата. Заедно со Градот Скопје, поведовме постапка за експропријација на земјиште од деловни субјекти поради проширување на булеварот “Борис Трајковски” до Драчево.

Целосно го завршивме асфалтирањето на улицата Сердарот од пругата до месната заедница во Потстаница, со павер елементи ја поплочивме пешачката патека, а нареден чекор е хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема. Темелно реконструиравме две детски игралишта во Кисела Вода. Во игралиштето во населбата Драчево, пак, во Паркот на бранителите поставивме осветлување. Со поставување на дополнителни електрични столбови, достапна и безбедна за вечерни прошетки ја направивме и трим патеката. Интензивно се бавиме со подигнување на хигиената во општина Кисела Вода. Секојдневно се чистат огромните дивите депонии, по што ќе следи нивна ремедијација. Една од црните точки беше депонијата во Дупки. По темелното расчистување, тука во напредна фаза е изградбата на парк. Ваква ќе биде судбината на сите депонии од овој дел на Скопје.

Нов парк градиме и во Припор. На 4000 квадратни метри, модерен и самоодржлив. За осветлување ќе се користат фотоволтаици, а за зелените површини ќе биде поставен систем за самонаводнување. Усје, пак, го пошумивме со 1200 аризонски чемпреси. По првите две недели од моето доаѓање на градоначалничката позиција, започнавме со изградба на фекална канализација на улицата Речиште. Ова им го ветив како приоритет на тукашните жители кои дури 30 години чекаат да добијат современи услови за живеење. А градежните активности кои таму течат се потврда за сериозноста на мојот даден збор. Еден од горливите проблеми на урбаното живеење во Скопје е недостатокот од достапни паркинг места. Во овој период, изградивме паркинг простор во населбата Драчево на површина од околу 3500 квадратни метри и започнавме со изградба на простор за паркирање во Расадник кој ќе овозможи паркирање на преку 60 возила. Мапиравме и други локации каде може да се обезбеди простор за паркирање, пред се’, на места каде што во моментов има диви депонии.

Обезбедивме компјутер во училиштата за сите наставници. Со тоа директно влијаеме врз подигнување на квалитетот на наставниот процес. Дополнително, работиме на подобрување на условите во училишните објекти. Ја реконструиравме спортската сала во ООУ Партенија Зографски, во моментот тече темелна обнова на училишната сала во Невена Георгиева Дуња, а во ООУ Кузман Јосифовски Питу, започнавме со промена на кровната конструкција, поставување на термоенергетска фасада и изградба на лифт за децата со посебни потреби, на пристапни рампи, специјални тоалети, со што, ова ќе биде првото целосно инклузивно училиште во Скопје. Во целиот овој изминат период многу внимание посветивме на подигнување на социјалните бариери за лицата со посебни потреби. Под мотото “Различни, а исти”, изградивме пристапна рампа во објектот на Општината, ги вклучивме овие лица во бројни проекти како што беше Хуманитарниот базар, ја опремивме библиотеката на училиштето за деца и младинци со општетен вид со 46 книги, лектирни изданија пишувани со Брајово писмо. И за нив, а и за речиси сите останати дечиња од Кисела Вода, обезбедивме донација од 2000 новогодишни пакетчиња. Не дозволивме социјално ранливите семејства празниците да ги поминат сами и со празна трпеза. Обезбедивме 350 хуманитарни оброци, а Стара Нова година ја минавме на заеднички ручек. Ја возобновивме манифестацијата за фрлање на крстот за Водици, настан кој го посетија преку 500 луѓе.

Не ги заборавивме ниту повозрасните лица од Кисела Вода. Им беа обезбедени негуватели кои, пак добија времено вработување. Негуватели за дополнителна нега, во рамки на истиот проект, добија и дечињата од градинките. Ја подобривме соработката со јавното претпријатие “Лајка” во насока на хуман третмани и намалување на популацијата на уличните и напуштените кучиња во Кисела Вода. И самиот, обезбедив дом за кутрето Лиска, кое некогаш беше скитник по улиците.

Почитувани, во овие 100 дена покажавме дека може и мора поинаку. Воведовме нови правила на делување. И тука, во Општината промените се повеќе од видливи. Архивата работи во две смени, бројот на услужени граѓани е се поголем, комуникацијата со нив ја подигнавме на едно повисоко ниво. Секој ден е приемен ден во Општина Кисела Вода. Ги скративме непродуктивните трошоци, средствата предвидени за репрезентација се користат за помош на граѓаните, службените возила се користат само за службени цели. Седниците на Советот ги направивме јавни, како уште еден чекор во подигнување на транспарентноста. Ќе ја споменам и состојбата со снежните наноси, која во Кисела Вода знаела да предизвика катастрофи, и поради конфигурацијата на теренот, но и поради неажурноста на човечкиот фактор. Оваа зима, покажавме дека координираноста и волјата да се помогне даваат резултати. Секако, во тоа ни помогнаа и нашите жители кои непрекинато не известуваа каде е потребна дополнителна интервенција. И ним им благодарам.

Ценети граѓани, ова е само почеток.

Планот за распределба на финансиските средства го објавивме преку донесениот Буџет за 2022 година, а тука е и тригодишната развојна програма во која се опфатени сите проекти од мојата предизборна програма. Ветив и ќе остварам: Во првата година ќе отпочнеме со 70 проценти од целокупната предизборна програма. Како една ексклузивна информација за која во наредниот период ќе добиете повеќе детали, сакам да ви најавам дека во Општина Кисела Вода, ќе отвориме Противпожарна единица, која ќе ги опслужува жителите од централниот дел на општината, но ќе биде и од голема помош за жителите на Сопиште.

Ветив и ќе опстојам на тоа дека Општина Кисела Вода ќе биде општина за сите луѓе!

The post Ѓорѓиевски даде отчет: Промените кои граѓаните од нас ги побараа ги започнавме во сите сфери appeared first on Република.

]]>

Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски даде отчет за првите сработени 100 дена од неговиот градоначалнички мандат. Во продолжение интегрално ви го пренесуваме неговото обраќање:
Изминаа првите сто дена од процесот на креирање на новиот лик на Кисела Вода. Промените кои граѓаните од нас ги побараа преку своите дадени гласови, ги започнавме во сите сфери од делувањето на оваа локална самоуправа. Во кусата временска рамка што ни стоеше на располагање, сработевме преку 50 проекти кои на директен начин ја подобрија функционалоста, транспарентноста, имиџот на оваа општина. Одлучно и смело се зафативме со ставање ред во урбанистичкиот хаос кој се закануваше да го задуши ова место на живеење во еколошка, социјална, хумана смисла. Ова подразбираше ревизија, интензивирање на легализација на дивоградби, но и рушење онаму каде што се пронајде криминал. Преку кампањата “Моја земја, мој дом”, пак, го актуелизиравме откупот на државно земјиште под легализирани објекти и дворно место. За овие 100 дена презедовме сериозни чекори и во подобрување на комуналната инфраструктурата. Целосно реконструиравме повеќе улици, дел се во завршна фаза, почнавме со изградба на фекална канализација на Речиште која жителите ја чекаа повеќе од 30 години, градиме два нови паркови на местото од големите диви депонии кои интензивно се чистат, изградивме еден паркинг во Драчево, а друг градиме во Расадник, темелно реконструиравме две детски игралишта, една училишна спортска сала е реновирана, а онаа во Невена Георгиева Дуња во моментот целосно се реконструира. Обезбедивме компјутер за секој наставник, а посебно внимание посветивме на лицата со посебни потреби- поставивме пристапни рампи во објектот на општината, дониравме книги напишани со Брајово писмо за училишната библиотека на ДУРМДОВ “Димитар Влахов”, а на ООУ “Кузман Јосифовски Питу” покрај тоа што му ја менуваме фасадата и кровот, го правиме целосно инклузивно-со лифт, рампи, со сите архитектонски потреби кои ги имаат лицата со попреченост. Почитувани, ова е само многу кус осврт на реализираните активности и проекти. Бидејќи ова е ново поглавје во Кисела Вода. Дозволете ми во наредните минути да подискутираме малку подетално. Ќе започнам со сработеното во една од областите кои се најголем предизвик, урбанистичкото уредување. Преку првиот дел од проектот Стоп за урбаната мафија, од заклучените фиоки ги извадивме сите важечки урбанистички планови, ги дигитализиравме и ги ставивме на увид на граѓаните. Стручната комисија ги презентираше првите резултати од утврдените неправилности, a во моментов на тендер бараме независна надворешна ревизорска куќа, која ќе даде свое, експертско толкување на урбанистичкото работење на претходното раководство на Општина Кисела Вода. Морам да нагласам дека во креирањето на целосната слика, но и на нашите следни чекори голема улога ќе имаат нашите жители. Им ветив и ќе исполнам дека одлуките ќе ги носат тие, а не урбаната мафија. Во контекст на претходното, сакам да ја информирам јавноста дека до Општината пристигнаа преку 100 пријави за нерегуларности во донесените ДУП-ови. Интересен податок е дека граѓаните покрај забелешките даваа и предлози и идејни решенија околу урбанизацијата на одредени локации во општината. Сево ова ќе биде разгледано и ќе се постапува согласно Законот и законските норми. Во овие 100- дена, спречивме изградба на згради во зеленилото во Балаклија и на станбени објекти во Припор. Целосно го стопиравме предожениот ДУП за Расадник, во кој беа вцртани дури 99 згради. Нацрт предлогот за Меѓународниот конкурс за Расадник кој го ветив, е јавно објавен на нашата веб страница, како граѓаните би можеле да дадат свои забелешки. Со цел тој да биде стручно издржан, го доставивме и до стручната јавност- до Архитектонскиот факултет во Скопје, до Комората на властени архитекти и инженери и до Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Од сите овие три институции, каде се најистакнатите авторитети во оваа област, ја добивме поддршката за распишување на Меѓународниот Конкурс за идејно урбанистичко – архитектонско решение за ДУП Расадник, како иден хуман кварт за живеење и ни беше потенцирано дека на располагање го ставаат својот целокупен стручен потенцијал. При изработката, ќе учествуваат и членови од Партиципативно тело, за кое пријавувањето заврши со поднесени околу 25 апликации. Оформувањето на Партиципативното тело е доставено како предлог до Советот на Општина Кисела Вода, за седницата кој ќе се одржи до крај на месецов. Со тоа, ќе бидат исполнети сите услови за објавување на Меѓународниот конкурс кој треба да даде решение идејниот лик на Расадник. Ревизијата, пак, на издадените одобренија за градба дополнително ги потврди сомнежите за криминално работење на претходното раководство. Пристапивме кон рушење на индустриски објекти градени без никакви документи, нешто што 30 години не се случувало во нашата општина. Никој не е над законот и криминалот ќе се казнува. Со нова динамика, пристапивме кон процесот на легализација на дивоградбите. За само 100 дена, 490 семејства добија документ за легална сопственост. Како што ветив, за една година, затворени ќе бидат сите предмети. Дополнително, за овие лица, ја започнавме кампањата Моја земја, мој дом, преку која, со целосна логистичка поддршка од службите на Општина Кисела Вода, сега можат да го откупат земјиштето под и околу легализираниот објект по цена од едно евро за квадратен метар. Да бидат целосно, свои на своето. Како голема општина во која со децении не се инвестирало, подобрувањето на инфраструктурата во Кисела Вода е сериозен предизвик. Еден аспект е естетиката, како прв впечаток, но уште поважно е што локалниот економски развој е условен од добрата инфраструктура. Со сериозен пристап, за само три месеци реализиравме бројни зафати во оваа сфера. Целосно ја асфалтиравме улицата Пушкинова со сите нејзини краци, како една од најфреквентните улици во чија непосредна близина има училиште. Во напредна фаза е темелната реконструкција на улицата Наум Охридски. Покрај асфалтирањето, тука се градат и нови тротоари и се поставува осветлување. Паралелно, на оваа улица се гради и нова атмосферска канализација, со што граѓаните ќе добијат комплетно решение за проблемите предизвикани од уништениот асфалт и таложењето на атмосферските води по улицата. Заедно со Градот Скопје, поведовме постапка за експропријација на земјиште од деловни субјекти поради проширување на булеварот “Борис Трајковски” до Драчево. Целосно го завршивме асфалтирањето на улицата Сердарот од пругата до месната заедница во Потстаница, со павер елементи ја поплочивме пешачката патека, а нареден чекор е хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема. Темелно реконструиравме две детски игралишта во Кисела Вода. Во игралиштето во населбата Драчево, пак, во Паркот на бранителите поставивме осветлување. Со поставување на дополнителни електрични столбови, достапна и безбедна за вечерни прошетки ја направивме и трим патеката. Интензивно се бавиме со подигнување на хигиената во општина Кисела Вода. Секојдневно се чистат огромните дивите депонии, по што ќе следи нивна ремедијација. Една од црните точки беше депонијата во Дупки. По темелното расчистување, тука во напредна фаза е изградбата на парк. Ваква ќе биде судбината на сите депонии од овој дел на Скопје. Нов парк градиме и во Припор. На 4000 квадратни метри, модерен и самоодржлив. За осветлување ќе се користат фотоволтаици, а за зелените површини ќе биде поставен систем за самонаводнување. Усје, пак, го пошумивме со 1200 аризонски чемпреси. По првите две недели од моето доаѓање на градоначалничката позиција, започнавме со изградба на фекална канализација на улицата Речиште. Ова им го ветив како приоритет на тукашните жители кои дури 30 години чекаат да добијат современи услови за живеење. А градежните активности кои таму течат се потврда за сериозноста на мојот даден збор. Еден од горливите проблеми на урбаното живеење во Скопје е недостатокот од достапни паркинг места. Во овој период, изградивме паркинг простор во населбата Драчево на површина од околу 3500 квадратни метри и започнавме со изградба на простор за паркирање во Расадник кој ќе овозможи паркирање на преку 60 возила. Мапиравме и други локации каде може да се обезбеди простор за паркирање, пред се’, на места каде што во моментов има диви депонии. Обезбедивме компјутер во училиштата за сите наставници. Со тоа директно влијаеме врз подигнување на квалитетот на наставниот процес. Дополнително, работиме на подобрување на условите во училишните објекти. Ја реконструиравме спортската сала во ООУ Партенија Зографски, во моментот тече темелна обнова на училишната сала во Невена Георгиева Дуња, а во ООУ Кузман Јосифовски Питу, започнавме со промена на кровната конструкција, поставување на термоенергетска фасада и изградба на лифт за децата со посебни потреби, на пристапни рампи, специјални тоалети, со што, ова ќе биде првото целосно инклузивно училиште во Скопје. Во целиот овој изминат период многу внимание посветивме на подигнување на социјалните бариери за лицата со посебни потреби. Под мотото “Различни, а исти”, изградивме пристапна рампа во објектот на Општината, ги вклучивме овие лица во бројни проекти како што беше Хуманитарниот базар, ја опремивме библиотеката на училиштето за деца и младинци со општетен вид со 46 книги, лектирни изданија пишувани со Брајово писмо. И за нив, а и за речиси сите останати дечиња од Кисела Вода, обезбедивме донација од 2000 новогодишни пакетчиња. Не дозволивме социјално ранливите семејства празниците да ги поминат сами и со празна трпеза. Обезбедивме 350 хуманитарни оброци, а Стара Нова година ја минавме на заеднички ручек. Ја возобновивме манифестацијата за фрлање на крстот за Водици, настан кој го посетија преку 500 луѓе. Не ги заборавивме ниту повозрасните лица од Кисела Вода. Им беа обезбедени негуватели кои, пак добија времено вработување. Негуватели за дополнителна нега, во рамки на истиот проект, добија и дечињата од градинките. Ја подобривме соработката со јавното претпријатие “Лајка” во насока на хуман третмани и намалување на популацијата на уличните и напуштените кучиња во Кисела Вода. И самиот, обезбедив дом за кутрето Лиска, кое некогаш беше скитник по улиците. Почитувани, во овие 100 дена покажавме дека може и мора поинаку. Воведовме нови правила на делување. И тука, во Општината промените се повеќе од видливи. Архивата работи во две смени, бројот на услужени граѓани е се поголем, комуникацијата со нив ја подигнавме на едно повисоко ниво. Секој ден е приемен ден во Општина Кисела Вода. Ги скративме непродуктивните трошоци, средствата предвидени за репрезентација се користат за помош на граѓаните, службените возила се користат само за службени цели. Седниците на Советот ги направивме јавни, како уште еден чекор во подигнување на транспарентноста. Ќе ја споменам и состојбата со снежните наноси, која во Кисела Вода знаела да предизвика катастрофи, и поради конфигурацијата на теренот, но и поради неажурноста на човечкиот фактор. Оваа зима, покажавме дека координираноста и волјата да се помогне даваат резултати. Секако, во тоа ни помогнаа и нашите жители кои непрекинато не известуваа каде е потребна дополнителна интервенција. И ним им благодарам. Ценети граѓани, ова е само почеток. Планот за распределба на финансиските средства го објавивме преку донесениот Буџет за 2022 година, а тука е и тригодишната развојна програма во која се опфатени сите проекти од мојата предизборна програма. Ветив и ќе остварам: Во првата година ќе отпочнеме со 70 проценти од целокупната предизборна програма. Како една ексклузивна информација за која во наредниот период ќе добиете повеќе детали, сакам да ви најавам дека во Општина Кисела Вода, ќе отвориме Противпожарна единица, која ќе ги опслужува жителите од централниот дел на општината, но ќе биде и од голема помош за жителите на Сопиште. Ветив и ќе опстојам на тоа дека Општина Кисела Вода ќе биде општина за сите луѓе!

The post Ѓорѓиевски даде отчет: Промените кои граѓаните од нас ги побараа ги започнавме во сите сфери appeared first on Република.

]]>