општина центар Archives - Република https://republika.mk/tema/opshtina-centar/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 18:49:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png општина центар Archives - Република https://republika.mk/tema/opshtina-centar/ 32 32 Скопје е валкан град во кој никој од градските власти не се грижи за она за што е платен https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-e-valkan-grad-vo-koj-nikoj-od-gradskite-vlasti-ne-se-grizhi-za-ona-za-shto-e-platen/ Sat, 19 Oct 2024 16:47:45 +0000 https://republika.mk/?p=828870

Центарот на Скопје се дави во ѓубре, а ниту градоначалничката Данела Арсовска, ниту Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар не преземаат ништо околу ова прашање.

Фотогафиите кои ги објавуваме се направни попладнево, спроти „Фонтана“ во Градскиот Парк. Овие преполни контејнери со ѓубре се наоѓаат пред Општината Центар, на паркингот. Очигледно, ним не им пречат.

И оваа слика на градот е постојана. Скопје станува тажен, валкан, грд град во кој никој од градските власти не се грижи за она за што е платен од граѓаните.

The post Скопје е валкан град во кој никој од градските власти не се грижи за она за што е платен appeared first on Република.

]]>

Центарот на Скопје се дави во ѓубре, а ниту градоначалничката Данела Арсовска, ниту Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар не преземаат ништо околу ова прашање. Фотогафиите кои ги објавуваме се направни попладнево, спроти „Фонтана“ во Градскиот Парк. Овие преполни контејнери со ѓубре се наоѓаат пред Општината Центар, на паркингот. Очигледно, ним не им пречат. И оваа слика на градот е постојана. Скопје станува тажен, валкан, грд град во кој никој од градските власти не се грижи за она за што е платен од граѓаните.  

The post Скопје е валкан град во кој никој од градските власти не се грижи за она за што е платен appeared first on Република.

]]>
Во ново фијаско на јавна сцена, СДСМ уште еднаш демонстрираше непочитување и омаловажување на МПЦ-ОА https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-novo-fijasko-na-javna-stsena-sdsm-ushte-ednash-demonstrirashe-nepochituvane-i-omalovazhuvane-na-mpts-oa/ Sat, 07 Sep 2024 11:13:45 +0000 https://republika.mk/?p=814101

Во ново фијаско на јавна сцена, СДСМ уште еднаш демонстрираше непочитување и омаловажување на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Имено, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, јавно изјави дека општината нема да поддржи проекти кои „не се во интерес на општината“, отфрлајќи го барањето на МПЦ-ОА за донација за изградба на црква во Берлин.

Оваа изјава е одлична можност да покажеме дека ние заедно со МПЦ-ОА, ќе се бориме и ќе успееме, и покрај обидите за јавна дискредитација од страна на СДСМ, велат загрижени центарци на социјалните мрежи.

Според експертите, ставот на Герасимовски е директно по налог на Венко Филипче кој му го пренел при нивната средба пред неколку дена на настанот за почетокот на учебната година.

Овој инцидент е уште еден пример за непочитувањето на верските институции и нивните проекти од страна на актуелната власт.

Дури и да не се согласува со некое барање на МПЦ, што е нормална работа, СДСМ и Општина Центар не треба јавно да ја омаловажуваат црквата со вакви реакции, велат загрижени граѓани.

Јасно е дека СДСМ не само што се дистанцира од интересите на народот, туку и одработува по диктат на своите партиски интереси, занемарувајќи ги потребите и желбите на граѓаните кои ја поддржуваат МПЦ-ОА.

Да потсетиме, црквата е институција со највисока доверба кај граѓаните, наспроти СДСМ кој на последните избори освои едвај 180 илјади гласови, што е најнизок и според многумина најкатастрофален резултат досега.

The post Во ново фијаско на јавна сцена, СДСМ уште еднаш демонстрираше непочитување и омаловажување на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

Во ново фијаско на јавна сцена, СДСМ уште еднаш демонстрираше непочитување и омаловажување на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Имено, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, јавно изјави дека општината нема да поддржи проекти кои „не се во интерес на општината“, отфрлајќи го барањето на МПЦ-ОА за донација за изградба на црква во Берлин.
Оваа изјава е одлична можност да покажеме дека ние заедно со МПЦ-ОА, ќе се бориме и ќе успееме, и покрај обидите за јавна дискредитација од страна на СДСМ, велат загрижени центарци на социјалните мрежи.
Според експертите, ставот на Герасимовски е директно по налог на Венко Филипче кој му го пренел при нивната средба пред неколку дена на настанот за почетокот на учебната година. Овој инцидент е уште еден пример за непочитувањето на верските институции и нивните проекти од страна на актуелната власт.
Дури и да не се согласува со некое барање на МПЦ, што е нормална работа, СДСМ и Општина Центар не треба јавно да ја омаловажуваат црквата со вакви реакции, велат загрижени граѓани.
Јасно е дека СДСМ не само што се дистанцира од интересите на народот, туку и одработува по диктат на своите партиски интереси, занемарувајќи ги потребите и желбите на граѓаните кои ја поддржуваат МПЦ-ОА. Да потсетиме, црквата е институција со највисока доверба кај граѓаните, наспроти СДСМ кој на последните избори освои едвај 180 илјади гласови, што е најнизок и според многумина најкатастрофален резултат досега.

The post Во ново фијаско на јавна сцена, СДСМ уште еднаш демонстрираше непочитување и омаловажување на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>
Општина Центар распиша јавен повик за лични асистенти за 25 ученици со посебни образовни потреби https://republika.mk/vesti/skopje/opshtina-tsentar-raspisha-javen-povik-za-lichni-asistenti-za-25-uchenitsi-so-posebni-obrazovni-potrebi/ Mon, 26 Aug 2024 12:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=810295

Општина Центар во рамки на проектот „Образование за сите“ и во учебната 2024/25 година ќе ангажира 25 лични асистенти за поддршка на учениците со посебни образовни потреби и индиректно на нивните семејства.

Во таа насока, велат од Општина Центар, распишан е јавен повик за работно ангажирање на невработени лица кои во период од девет месеци, колку што трае учебната година, ќе бидат по 4 часа со таргетираните ученици и ќе им го олеснат следењето на наставата.

Личните асистенти треба да ги реализираат следниве активности: да им помагаат на учениците при движење низ училишните простории, при користење дидактички материјал во текот на наставата, при извршување на училишните обврски и да им помогнат во олеснување на комуникацијата со наставниците и со соучениците, информираат од Општината.

За личните асистенти, пак, ангажманот ќе придонесе за подобрување на нивната работна способност и вештини што ќе им овозможат да ја зголемат својата конкурентност на пазарот на трудот.

Општина Центар целосно самостојно го финансира проектот „Образование за сите“ веќе петта година по ред во рамки на Програмата за образование. За учебната 2024/25 предвиден е буџет во износ од 3.500.000 денари, кој ги покрива трошоците за 25 лични асистенти.

The post Општина Центар распиша јавен повик за лични асистенти за 25 ученици со посебни образовни потреби appeared first on Република.

]]>

Општина Центар во рамки на проектот „Образование за сите“ и во учебната 2024/25 година ќе ангажира 25 лични асистенти за поддршка на учениците со посебни образовни потреби и индиректно на нивните семејства. Во таа насока, велат од Општина Центар, распишан е јавен повик за работно ангажирање на невработени лица кои во период од девет месеци, колку што трае учебната година, ќе бидат по 4 часа со таргетираните ученици и ќе им го олеснат следењето на наставата.
Личните асистенти треба да ги реализираат следниве активности: да им помагаат на учениците при движење низ училишните простории, при користење дидактички материјал во текот на наставата, при извршување на училишните обврски и да им помогнат во олеснување на комуникацијата со наставниците и со соучениците, информираат од Општината.
За личните асистенти, пак, ангажманот ќе придонесе за подобрување на нивната работна способност и вештини што ќе им овозможат да ја зголемат својата конкурентност на пазарот на трудот. Општина Центар целосно самостојно го финансира проектот „Образование за сите“ веќе петта година по ред во рамки на Програмата за образование. За учебната 2024/25 предвиден е буџет во износ од 3.500.000 денари, кој ги покрива трошоците за 25 лични асистенти.  

The post Општина Центар распиша јавен повик за лични асистенти за 25 ученици со посебни образовни потреби appeared first on Република.

]]>
Николоски: Во општините Центар и Карпош се случуваше и се случува урбанистички хаос https://republika.mk/vesti/skopje/nikoloski-vo-opshtinite-tsentar-i-karposh-se-sluchuvashe-i-se-sluchuva-urbanistichki-haos/ Tue, 13 Aug 2024 13:02:23 +0000 https://republika.mk/?p=806202

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски предлага да се донесат специјални закони за општините Центар и Карпош со кои ќе се затворат сите прашања со урбанистичкото планирање.

Предлогот го изнесе денеска на седницата на собраниската Комисија за транспорт,  која го проследи во натамошна процедура  Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Николоски соопшти и политичка заложба додека е тој министер на седница на Совет на Општина Карпош нема да дојде ниту еден урбанистички план кој е поврзан со станбено домување.

https://republika.mk/vesti/makedonija/predllog-katnite-garazhi-da-se-gradat-so-olesnet-dup/

-  Во општините Центар и Карпош се случуваше и се случува урбанистички хаос. Стојам на располагање да донесеме специјални закони за двете општини  на ист начин како што направивме за градот Охрид, да ставиме јасни критериуми по кои ќе се развиваат и да ставиме  забрана за градење да речеме во следните 20 години. Но, тоа да не биде лабилен мораториум како што направи Општина Центар па имаше мораториум за секаде освен за ул. „Козара“ и за „Дајмонд“. Не гледам дека некој во јавноста реагираше што се кренаа четири кули по 25  ката од страна на Лимак, но се реагира за многу други работи. Со овие специјални закони ќе го ограничиме развојот таму, но не може заради две општини во кои се случувал хаос во изминатиот период да ја  казнуваме цела држава. Остатокот од државата мора да се развива, народот ни се исели и не смееме да продолжиме да функционираме на тој начин, рече Николоски.

Образложи дека целта на измената на Законот е да се подностави процедурата за изградба на училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се целосно финансирани од Буџетот на државата или од буџетите на општините и се во целосна општинска или државна сопственост.

-Побрзо да се направат проектите со кои ќе може да се реализираат објектите. Тоа не значи дека воопшто нема да има процедура, туку таа ќе биде многу поедноставена, укажа Николоски.

Тој смета дека Законот за урбaнистичко планирање треба да претрпи сериозни измени во следниот период затоа што рече дека не е прилагоден  на условите и времето, а за тоа би се дискутирало во широка јавна дебата со стручната јавност, невладините организации и сите засегнати. Овие измени, нагласи, се ноепходни, затоа што доколку не ги направиме сега паралелно со ребалансот на Буџетот општините нема да можат да ги трошат средствата за проектите.

Министерот Николоски рече дека втората измена од Законот која се однесува на одредбата со која е ставен рок од четири години во кој треба да се завршат сите постапки за донесување на урбанистичките планови, а ако не се завршат да се вратат од почеток,  е веќе оспорена од Уставниот суд.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-so-izmenite-na-zakonot-za-urbanistichko-planirane-uchilishta-gradinki-i-kanalizatsiska-mrezha-ke-se-gradat-po-poednostavna-postapka/

- Прашање на време е кога ќе ја прифати затоа што не можете со закон да креирате правна несигурност. Креираната правна несигурност е во три насоки. Прво, како е определен рокот од четири години, второ, кој вели дека планот мора да се донесе и како трето, во моментов преку 600 планови се заглавени и не се ниту напред ниту назад. Ниту јас како министер можам да ги прифатам, ниту да ги одбијам, ниту Министерството може да даде позитивно и негативно мислење. Свесен сум дека намерата била  добра, но ова мора  го затвориме правно што не значи, ова е мој политички став,  дека тие планови ќе се донесат. Може да се донесат, а може и не, бидејќи има минимум два политички филтра - Министерството што го водам и општините, од кои во најголем дел ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата има мнозинство, рече Николоски.

Со третата измена на законот појасни дека се брише правилото „молчењето е одобрување“ за урбанистичките планови, заради, како што рече, претходно дивеење на одредени општини, односно се јакнат ингеренците на Министерството за транспорт.

- Веќе нема да се прават манипулации, да не речам „финти“, да се користи рокот од 20  дена. Досега законот велеше дека во рок од 20 дена доколку Министерството за транспорт не се произнесе во однос на конкретен урбанистички план се смета дека добил позитивно мислење. Тоа веќе нема да се случува, рече Николоски.

Во периодот од нелегално носење на тој план до периодот на стопирање, посочи министерот, таму се издавале градежни дозволи кои потоа не можеле да бидат укинати. Затоа оваа можност  ја бришеме целосно за никому да не даваме креативни  идеи како да го изигрува законот. Сега Министерството е основниот и главниот филтер за стопирање на сите процедури кои сметаме дека ќе го нарушуваат квалитетот на живеење, наведе Николоски.

Во случај на евентуален обид за незаконско носење на планови, најави дека во истиот момент кога ќе се случува седницата на општинскиот совет, „надвор ќе чекаат неколку инспектори од Министерството за внатрешни работи затоа што тоа е класична злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој праша и како е проблем да се градат катни гаражи во услови кога во половина држава тротоарите се окупирани со возила, потенцирајќи дека тоа ќе биде еден од начините на решавање на сообраќајниот хаос.

-Убеден сум дека измените на Законот се во целосна  корист на општините и дека правиме исклучиво добра работа, рече Николоски.

Претставниците на инцијативата О2 побараа законските измени да не се носат по скратена постапка, туку во редовна со широко вклучување на јавноста со оглед дека станува збор за обемен закон.

-И најмалите промени од овој закон на терен можат да влиајат многукратно  во однос на хуманото живеење на граѓаните. Законот треба да оди во редовна постапка и да се вклучи и јавноста. Како О2 иницијатива подготвуваме одредени измени. Бидејќи е период на летни одмори многу од граѓаните и другите граѓански здруженија немаа време да ги видат сите промени за да можат да  вклучат со свои забалешки, рече Невена Георгиевска од иницијативата О2.

Таа истакна дека целта е да се донесат измени кои ќе траат подолго за да не се повтори состојбата кога имаше над 30 промени на Законот за урбанистичко планирање за неколку години, а кои потоа, посочи, доведоа до она што го живееме денес  во Скопје - преполни тротоа, се гради неплански, се зафаќаат сите јавни површини.

Иницијативата О2 веќе реагираше на предложените измени, порачувајќи дека  „урбанистичките планови треба да воведат ред, а не хаос и оти не може да се дозволи изработка, спроведување на планови кои не се соодветни и изградба на објекти како катните гаражи без нив“

The post Николоски: Во општините Центар и Карпош се случуваше и се случува урбанистички хаос appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски предлага да се донесат специјални закони за општините Центар и Карпош со кои ќе се затворат сите прашања со урбанистичкото планирање. Предлогот го изнесе денеска на седницата на собраниската Комисија за транспорт,  која го проследи во натамошна процедура  Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Николоски соопшти и политичка заложба додека е тој министер на седница на Совет на Општина Карпош нема да дојде ниту еден урбанистички план кој е поврзан со станбено домување. https://republika.mk/vesti/makedonija/predllog-katnite-garazhi-da-se-gradat-so-olesnet-dup/
-  Во општините Центар и Карпош се случуваше и се случува урбанистички хаос. Стојам на располагање да донесеме специјални закони за двете општини  на ист начин како што направивме за градот Охрид, да ставиме јасни критериуми по кои ќе се развиваат и да ставиме  забрана за градење да речеме во следните 20 години. Но, тоа да не биде лабилен мораториум како што направи Општина Центар па имаше мораториум за секаде освен за ул. „Козара“ и за „Дајмонд“. Не гледам дека некој во јавноста реагираше што се кренаа четири кули по 25  ката од страна на Лимак, но се реагира за многу други работи. Со овие специјални закони ќе го ограничиме развојот таму, но не може заради две општини во кои се случувал хаос во изминатиот период да ја  казнуваме цела држава. Остатокот од државата мора да се развива, народот ни се исели и не смееме да продолжиме да функционираме на тој начин, рече Николоски.
Образложи дека целта на измената на Законот е да се подностави процедурата за изградба на училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се целосно финансирани од Буџетот на државата или од буџетите на општините и се во целосна општинска или државна сопственост.
-Побрзо да се направат проектите со кои ќе може да се реализираат објектите. Тоа не значи дека воопшто нема да има процедура, туку таа ќе биде многу поедноставена, укажа Николоски.
Тој смета дека Законот за урбaнистичко планирање треба да претрпи сериозни измени во следниот период затоа што рече дека не е прилагоден  на условите и времето, а за тоа би се дискутирало во широка јавна дебата со стручната јавност, невладините организации и сите засегнати. Овие измени, нагласи, се ноепходни, затоа што доколку не ги направиме сега паралелно со ребалансот на Буџетот општините нема да можат да ги трошат средствата за проектите. Министерот Николоски рече дека втората измена од Законот која се однесува на одредбата со која е ставен рок од четири години во кој треба да се завршат сите постапки за донесување на урбанистичките планови, а ако не се завршат да се вратат од почеток,  е веќе оспорена од Уставниот суд. https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-so-izmenite-na-zakonot-za-urbanistichko-planirane-uchilishta-gradinki-i-kanalizatsiska-mrezha-ke-se-gradat-po-poednostavna-postapka/
- Прашање на време е кога ќе ја прифати затоа што не можете со закон да креирате правна несигурност. Креираната правна несигурност е во три насоки. Прво, како е определен рокот од четири години, второ, кој вели дека планот мора да се донесе и како трето, во моментов преку 600 планови се заглавени и не се ниту напред ниту назад. Ниту јас како министер можам да ги прифатам, ниту да ги одбијам, ниту Министерството може да даде позитивно и негативно мислење. Свесен сум дека намерата била  добра, но ова мора  го затвориме правно што не значи, ова е мој политички став,  дека тие планови ќе се донесат. Може да се донесат, а може и не, бидејќи има минимум два политички филтра - Министерството што го водам и општините, од кои во најголем дел ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата има мнозинство, рече Николоски.
Со третата измена на законот појасни дека се брише правилото „молчењето е одобрување“ за урбанистичките планови, заради, како што рече, претходно дивеење на одредени општини, односно се јакнат ингеренците на Министерството за транспорт.
- Веќе нема да се прават манипулации, да не речам „финти“, да се користи рокот од 20  дена. Досега законот велеше дека во рок од 20 дена доколку Министерството за транспорт не се произнесе во однос на конкретен урбанистички план се смета дека добил позитивно мислење. Тоа веќе нема да се случува, рече Николоски.
Во периодот од нелегално носење на тој план до периодот на стопирање, посочи министерот, таму се издавале градежни дозволи кои потоа не можеле да бидат укинати. Затоа оваа можност  ја бришеме целосно за никому да не даваме креативни  идеи како да го изигрува законот. Сега Министерството е основниот и главниот филтер за стопирање на сите процедури кои сметаме дека ќе го нарушуваат квалитетот на живеење, наведе Николоски. Во случај на евентуален обид за незаконско носење на планови, најави дека во истиот момент кога ќе се случува седницата на општинскиот совет, „надвор ќе чекаат неколку инспектори од Министерството за внатрешни работи затоа што тоа е класична злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој праша и како е проблем да се градат катни гаражи во услови кога во половина држава тротоарите се окупирани со возила, потенцирајќи дека тоа ќе биде еден од начините на решавање на сообраќајниот хаос.
-Убеден сум дека измените на Законот се во целосна  корист на општините и дека правиме исклучиво добра работа, рече Николоски.
Претставниците на инцијативата О2 побараа законските измени да не се носат по скратена постапка, туку во редовна со широко вклучување на јавноста со оглед дека станува збор за обемен закон.
-И најмалите промени од овој закон на терен можат да влиајат многукратно  во однос на хуманото живеење на граѓаните. Законот треба да оди во редовна постапка и да се вклучи и јавноста. Како О2 иницијатива подготвуваме одредени измени. Бидејќи е период на летни одмори многу од граѓаните и другите граѓански здруженија немаа време да ги видат сите промени за да можат да  вклучат со свои забалешки, рече Невена Георгиевска од иницијативата О2.
Таа истакна дека целта е да се донесат измени кои ќе траат подолго за да не се повтори состојбата кога имаше над 30 промени на Законот за урбанистичко планирање за неколку години, а кои потоа, посочи, доведоа до она што го живееме денес  во Скопје - преполни тротоа, се гради неплански, се зафаќаат сите јавни површини. Иницијативата О2 веќе реагираше на предложените измени, порачувајќи дека  „урбанистичките планови треба да воведат ред, а не хаос и оти не може да се дозволи изработка, спроведување на планови кои не се соодветни и изградба на објекти како катните гаражи без нив“

The post Николоски: Во општините Центар и Карпош се случуваше и се случува урбанистички хаос appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Доделивме 770 000 денари на 60 социјално загрозени лица https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-dodelivme-770-000-denari-na-60-sotsijalno-zagrozeni-litsa/ Mon, 15 Jul 2024 11:16:14 +0000 https://republika.mk/?p=797009

Општина Центар додели 770 000 денари на 60 социјално загрозени лица баратели по основ на нарушена здравствена состојба или тешка материјална положба. Еднократната финансиска помош Комисијата за социјална и здравствена заштита ја одобри врз основа на пристигнати барања од страна на жители на општината кои ги исполнуваат условите според Правилникот за постапката за остварување право на финансиска помош и поддршка на жители на општина Центар-Скопје, соопшти градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

Општина Центар секогаш е тука да им помогне на граѓаните кога тоа им е потребно. Се надевам дека овие средства ќе им помогнат на жителите да санираат дел од штетите или ја подобрат здравствената или финансиската состојба во домот. Со цел да им излеземе во пресрет на поголем број граѓани ги повикувам општествено одговорните компании да дадат свој придонес и се вклучат во хуманитарните акции, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Право на користење на овие финансиски средства имаат физички лица што се жители на Општина Центар со влошен социјален статус или загрозувачка здравствена состојба, кои припаѓаат на социјално загрозените групи, лица кои имаат потреба од помош при лекување, еднородителски семејства во социјален ризик. Воедно подносителот на барањето треба да има адреса на живеење во Општина Центар-Скопје и правото на финансиска помош и поддршка може да го искористи само еднаш во текот на календарската година, велат од општината.

Општина Центар покрај оваа помош во соработка со невладината организација „Банка за храна“ и Здружението за поддршка и развој „Хуманост“ обезбедува месечни социјални пакети за семејствата во социјален ризик, еднократна помош за пензионери со висина на пензија до 20.122 денари, нега за стари лица во домашни услови и друго, додаваат од таму.

The post Герасимовски: Доделивме 770 000 денари на 60 социјално загрозени лица appeared first on Република.

]]>

Општина Центар додели 770 000 денари на 60 социјално загрозени лица баратели по основ на нарушена здравствена состојба или тешка материјална положба. Еднократната финансиска помош Комисијата за социјална и здравствена заштита ја одобри врз основа на пристигнати барања од страна на жители на општината кои ги исполнуваат условите според Правилникот за постапката за остварување право на финансиска помош и поддршка на жители на општина Центар-Скопје, соопшти градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.
Општина Центар секогаш е тука да им помогне на граѓаните кога тоа им е потребно. Се надевам дека овие средства ќе им помогнат на жителите да санираат дел од штетите или ја подобрат здравствената или финансиската состојба во домот. Со цел да им излеземе во пресрет на поголем број граѓани ги повикувам општествено одговорните компании да дадат свој придонес и се вклучат во хуманитарните акции, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
Право на користење на овие финансиски средства имаат физички лица што се жители на Општина Центар со влошен социјален статус или загрозувачка здравствена состојба, кои припаѓаат на социјално загрозените групи, лица кои имаат потреба од помош при лекување, еднородителски семејства во социјален ризик. Воедно подносителот на барањето треба да има адреса на живеење во Општина Центар-Скопје и правото на финансиска помош и поддршка може да го искористи само еднаш во текот на календарската година, велат од општината. Општина Центар покрај оваа помош во соработка со невладината организација „Банка за храна“ и Здружението за поддршка и развој „Хуманост“ обезбедува месечни социјални пакети за семејствата во социјален ризик, еднократна помош за пензионери со висина на пензија до 20.122 денари, нега за стари лица во домашни услови и друго, додаваат од таму.

The post Герасимовски: Доделивме 770 000 денари на 60 социјално загрозени лица appeared first on Република.

]]>
Центар ќе мора да плати 1.1 милион евра за договорот кој го раскина Жерновски https://republika.mk/vesti/skopje/tsentar-ke-mora-da-plati-1-1-milion-evra-za-dogovorot-koj-go-raskina-zhernovski/ Wed, 10 Jul 2024 09:40:23 +0000 https://republika.mk/?p=795244

Судскиот процес кој го покрена АД Пелагонија АД Гостивар против општина Центар поради раскинувањето на договорот за изградба на катна гаража на ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бб од 2014 година доби разрешница. Апелациониот суд одлучи општината да исплати обештетување од речиси 73 милиони денари.

Тогашното раководство одлучило дека не е потребна катна гаража и средствата ги пренамениле за изградба на училиштето Киро Глигоров. Имајќи во предвид дека постои можност за судска разрешница која ќе биде неповолна за општина Центар, Градоначалникот Горан Герасимовски ги превзема сите активности со цел Буџетот на општината да не биде блокиран, а од друга страна и покрај огромниот износ кој треба да се исплати да не бидат запрени проектите кои се однесуваат на подобрување на животот и секојдневното функционирање на граѓаните на Општина Центар.

Револтиран сум што после маратонските судски процеси, сето ова заврши на штета на центарци. Тековните проекти што ги спроведува општината не смеат да бидат запрени ниту смее да има застој во работата и услугите што ги даваме на граѓаните. Нема да дозволам сметката на општината да биде блокирана. Мораме до крај да ги спроведеме започнатите проекти како градинката во Пролет, модернизацијата на уличното осветлување, доградбата на Коле Неделковски, реконструкцијата на улиците, истакна Герасимовски.

Дополнително, покрај основниот долг, Општината треба да исплати и камати, со што севкупниот долг ќе се дуплира. Се работи за правосилна извршна пресуда што може да биде предмет на присилно извршување пред надлежен извршител.

Општината се соочи со блокирање на сметката за истиот предмет уште во 2018 година, овојпат вели градоначалникот Герасимовски нема да дозволам тоа да се случи.

The post Центар ќе мора да плати 1.1 милион евра за договорот кој го раскина Жерновски appeared first on Република.

]]>

Судскиот процес кој го покрена АД Пелагонија АД Гостивар против општина Центар поради раскинувањето на договорот за изградба на катна гаража на ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бб од 2014 година доби разрешница. Апелациониот суд одлучи општината да исплати обештетување од речиси 73 милиони денари. Тогашното раководство одлучило дека не е потребна катна гаража и средствата ги пренамениле за изградба на училиштето Киро Глигоров. Имајќи во предвид дека постои можност за судска разрешница која ќе биде неповолна за општина Центар, Градоначалникот Горан Герасимовски ги превзема сите активности со цел Буџетот на општината да не биде блокиран, а од друга страна и покрај огромниот износ кој треба да се исплати да не бидат запрени проектите кои се однесуваат на подобрување на животот и секојдневното функционирање на граѓаните на Општина Центар.
Револтиран сум што после маратонските судски процеси, сето ова заврши на штета на центарци. Тековните проекти што ги спроведува општината не смеат да бидат запрени ниту смее да има застој во работата и услугите што ги даваме на граѓаните. Нема да дозволам сметката на општината да биде блокирана. Мораме до крај да ги спроведеме започнатите проекти како градинката во Пролет, модернизацијата на уличното осветлување, доградбата на Коле Неделковски, реконструкцијата на улиците, истакна Герасимовски.
Дополнително, покрај основниот долг, Општината треба да исплати и камати, со што севкупниот долг ќе се дуплира. Се работи за правосилна извршна пресуда што може да биде предмет на присилно извршување пред надлежен извршител. Општината се соочи со блокирање на сметката за истиот предмет уште во 2018 година, овојпат вели градоначалникот Герасимовски нема да дозволам тоа да се случи.

The post Центар ќе мора да плати 1.1 милион евра за договорот кој го раскина Жерновски appeared first on Република.

]]>
Работна средба на раководството на СВР Скопје и општина Центар за решавање на проблемите во интерес на граѓаните https://republika.mk/vesti/skopje/rabotna-sredba-na-rakovodstvoto-na-svr-skopje-i-opshtina-tsentar-za-reshavane-na-problemite-vo-interes-na-graganite/ Tue, 09 Jul 2024 16:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=795042

На иницијатива на раководството на СВР Скопје, денеска (09.07.2024) во општина Центар се одржа работна средба на началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски и градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски.

Целта на средбата беше заедничко делување во решавањето на актуелните проблеми во општина Центар, како што се проблемите во сообраќајот во општината, посебно во Дебар Маало, Капиштец и централното градско подрачје, гласната музика од угостителските објекти до доцните часови, која го нарушува мирот на граѓаните, уништувањето на урбаната опрема во парковите итн.

Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски на средбата ја изрази цврстата одлучност на Министерството за внатрешни работи со своето делување да се воспостави посакуваниот ред, мир и спокој на граѓаните од општина Центар.

Беа договорени повеќе чекори со кои заеднички ќе се делува да се остварат планираните цели.
Во делот на сообраќајот и непрописното паркирање, Министерството за внатрешни работи ќе почне со засилени контроли низ општината, а за најкритичните места, како познатите дискотеки и локали, предвидено е пајак службата да почне да делува и во трета смена, посебно во деновите пред и за време на викенд.

Во Дебар Маало, Капиштец и централното градско подрачје, ќе се делува заеднички со посебни сообраќајни режими и како превентивни така и репресивни акции на полицијата, со зголемена фреквенција и присуство на терен.

МВР заедно со општинските инспекциски служби ќе делува засилено и во делот на гласната музика, почитувањето на работното време, како и други редовни акции од надлежност на министерството.

За вандалските чинови што на неколку пати се утврдени во неколку од парковите во Капиштец, министерството по добиените сознанија веќе постапува и извршителите кои ќе бидат идентификувани ќе добијат соодветни пријави.

СВР Скопје ќе ги засилува сите свои ангажмани со цел исполнување на стратешките цели на новото раководство на министерството, а тоа е засилена борба со сите видови криминал и корупција и обезбедување на поголемо ниво на безбедност и спокој за сите граѓани.

The post Работна средба на раководството на СВР Скопје и општина Центар за решавање на проблемите во интерес на граѓаните appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на раководството на СВР Скопје, денеска (09.07.2024) во општина Центар се одржа работна средба на началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски и градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски. Целта на средбата беше заедничко делување во решавањето на актуелните проблеми во општина Центар, како што се проблемите во сообраќајот во општината, посебно во Дебар Маало, Капиштец и централното градско подрачје, гласната музика од угостителските објекти до доцните часови, која го нарушува мирот на граѓаните, уништувањето на урбаната опрема во парковите итн. Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски на средбата ја изрази цврстата одлучност на Министерството за внатрешни работи со своето делување да се воспостави посакуваниот ред, мир и спокој на граѓаните од општина Центар. Беа договорени повеќе чекори со кои заеднички ќе се делува да се остварат планираните цели. Во делот на сообраќајот и непрописното паркирање, Министерството за внатрешни работи ќе почне со засилени контроли низ општината, а за најкритичните места, како познатите дискотеки и локали, предвидено е пајак службата да почне да делува и во трета смена, посебно во деновите пред и за време на викенд. Во Дебар Маало, Капиштец и централното градско подрачје, ќе се делува заеднички со посебни сообраќајни режими и како превентивни така и репресивни акции на полицијата, со зголемена фреквенција и присуство на терен. МВР заедно со општинските инспекциски служби ќе делува засилено и во делот на гласната музика, почитувањето на работното време, како и други редовни акции од надлежност на министерството. За вандалските чинови што на неколку пати се утврдени во неколку од парковите во Капиштец, министерството по добиените сознанија веќе постапува и извршителите кои ќе бидат идентификувани ќе добијат соодветни пријави. СВР Скопје ќе ги засилува сите свои ангажмани со цел исполнување на стратешките цели на новото раководство на министерството, а тоа е засилена борба со сите видови криминал и корупција и обезбедување на поголемо ниво на безбедност и спокој за сите граѓани.

The post Работна средба на раководството на СВР Скопје и општина Центар за решавање на проблемите во интерес на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Учениците до 10 години во Општина Центар може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст https://republika.mk/vesti/skopje/uchenitsite-do-10-godini-vo-opshtina-tsentar-mozhe-da-bidat-zgrizheni-vo-gradinkite-i-za-letniot-raspust/ Tue, 18 Jun 2024 11:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=788749

Општина Центар соопшти дека учениците до 10 години ќе може да бидат згрижени во градинките за време на летниот распуст до исполнување на капацитетите. Општина Центар денеска потпиша Меморандум за соработка со основните училишта и градинките за меѓусебна поддршка и соработка на проекти и работилници во областа на образованието.

Преку оваа соработка сакаме да им излеземе во пресрет на сите родители кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на нивните деца до 10 годишна возраст. За таа потреба ги отвораме градинките и за школските деца каде со наставнички од основните училишта ќе имаат едукативни работилници и други активности за време на летниот распуст. Слободните места за упис на дечињата секако зависи од капацитетите на детската градинка, потенцираше градоначалникот на општина Центар Горан, Герасимовски.

Учениците до 10 години ќе може да бидат згрижени во пет објекти, а за сите дополнителни информации и критериуми родителите може да се информираат во градинките.

The post Учениците до 10 години во Општина Центар може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст appeared first on Република.

Општина Центар ги награди најдобрите наставници и ученици, првенци на генерацијата https://republika.mk/vesti/skopje/opshtina-tsentar-gi-nagradi-najdobrite-nastavnitsi-i-uchenitsi-prventsi-na-generatsijata/ Wed, 22 May 2024 12:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=780857

Општина Центар додели награди и пофалници на 8 првенци на генерацијата и на најдобрите 13 наставници и стручни соработници во образовниот процес во општинските основни училишта за тековната учебна година.

„Како и секоја година досега, Општината ги мотивира учениците и наставниците да останат посветени и креативни, да создаваат нов квалитет и постигнуваат резултати со кои ќе се гордееме. Со овие награди сакаме да ги охрабриме нашите првенци да продолжат да бидат успешни средношколци и дополнително да го мотивираме наставниот и стручен кадар во нашите општински училишта. Воспитувањето и образованието на нашите деца е одговорна и важна работа од која зависи напредокот и развојот на целата држава, а за тоа ни е потребен кадар што максимално ќе се вложува во тој процес“, порача градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, честитајќи им на наградените првенции наставници во рамките на манифестација „Академско пладне“, што се одржа во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Најдобрите ученици полуматуранти се наградени со паричен износ од 15.000,00 денари, а најдобрите одделенски и предметни наставници и стручни соработници со износ од 30.000,00 денари во согласност со програмата за образование за 2024 година.

Годишните награди се доделуваат по повод обележување на Денот на словенските просветители, свети Кирил и Методиј, врз основа на претходно утврдени критериуми за вреднување на работата на вработените во основните училишта во општина Центар, а првенците на генерација ги избира самото општинско училиште.

Финансиските средства ќе бидат исплатени по завршување на изборниот процес, односно до изборот на владата, соопшти Општината.

The post Општина Центар ги награди најдобрите наставници и ученици, првенци на генерацијата appeared first on Република.

]]>

Општина Центар додели награди и пофалници на 8 првенци на генерацијата и на најдобрите 13 наставници и стручни соработници во образовниот процес во општинските основни училишта за тековната учебна година. „Како и секоја година досега, Општината ги мотивира учениците и наставниците да останат посветени и креативни, да создаваат нов квалитет и постигнуваат резултати со кои ќе се гордееме. Со овие награди сакаме да ги охрабриме нашите првенци да продолжат да бидат успешни средношколци и дополнително да го мотивираме наставниот и стручен кадар во нашите општински училишта. Воспитувањето и образованието на нашите деца е одговорна и важна работа од која зависи напредокот и развојот на целата држава, а за тоа ни е потребен кадар што максимално ќе се вложува во тој процес“, порача градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, честитајќи им на наградените првенции наставници во рамките на манифестација „Академско пладне“, што се одржа во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Најдобрите ученици полуматуранти се наградени со паричен износ од 15.000,00 денари, а најдобрите одделенски и предметни наставници и стручни соработници со износ од 30.000,00 денари во согласност со програмата за образование за 2024 година. Годишните награди се доделуваат по повод обележување на Денот на словенските просветители, свети Кирил и Методиј, врз основа на претходно утврдени критериуми за вреднување на работата на вработените во основните училишта во општина Центар, а првенците на генерација ги избира самото општинско училиште. Финансиските средства ќе бидат исплатени по завршување на изборниот процес, односно до изборот на владата, соопшти Општината.

The post Општина Центар ги награди најдобрите наставници и ученици, првенци на генерацијата appeared first on Република.

]]>
Дебармаалци сами расчистуваат по падот на дрвото, Општина Центар и „Паркови и зеленило“ и денеска ги нема да реагираат https://republika.mk/vesti/skopje/debarmaaltsi-sami-raschistuvaat-po-padot-na-drvoto-opshtina-tsentar-i-parkovi-i-zelenilo-i-deneska-gi-nema-da-reagiraat/ Fri, 26 Jan 2024 15:26:32 +0000 https://republika.mk/?p=737186

The post Дебармаалци сами расчистуваат по падот на дрвото, Општина Центар и „Паркови и зеленило“ и денеска ги нема да реагираат appeared first on Република.

]]>

The post Дебармаалци сами расчистуваат по падот на дрвото, Општина Центар и „Паркови и зеленило“ и денеска ги нема да реагираат appeared first on Република.

]]>
Летово ќе почне со изградба првата зграда во кругот на фабриката „Треска“ https://republika.mk/vesti/skopje/letovo-ke-pochne-so-izgradba-prvata-zgrada-vo-krugot-na-fabrikata-treska/ Thu, 20 Jul 2023 08:06:19 +0000 https://republika.mk/?p=663398

Летово ќе почне градбата на првата зграда во кругот на поранешната фабрика „Треска“ и со тоа ќе се бетонизира и последниот слободен простор во центарот на Скопје. Фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ веќе уплатиле комуналии во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар за изградба на станбено-деловен објект, пишува СДК.

Од Општина Центар за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека се платени комуналиите и сега следува изготвување и потпишување на одобрението за градба.

По завршување на постапката и сите законски процедури одобрението за градење ќе стане правосилно. Ќе се гради објект со висина од 19.20 метри, катноста е приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина изнесува 6.662 метри квадрати. Станува збор за стaнбено-деловен објект“, велат од Општина Центар.

The post Летово ќе почне со изградба првата зграда во кругот на фабриката „Треска“ appeared first on Република.

]]>

Летово ќе почне градбата на првата зграда во кругот на поранешната фабрика „Треска“ и со тоа ќе се бетонизира и последниот слободен простор во центарот на Скопје. Фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ веќе уплатиле комуналии во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар за изградба на станбено-деловен објект, пишува СДК. Од Општина Центар за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека се платени комуналиите и сега следува изготвување и потпишување на одобрението за градба.
По завршување на постапката и сите законски процедури одобрението за градење ќе стане правосилно. Ќе се гради објект со висина од 19.20 метри, катноста е приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина изнесува 6.662 метри квадрати. Станува збор за стaнбено-деловен објект“, велат од Општина Центар.

The post Летово ќе почне со изградба првата зграда во кругот на фабриката „Треска“ appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Цела механизација е на терен, се собира ѓубрето и се мијат контејнерите https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-tsela-mehanizatsija-e-na-teren-se-sobira-gubreto-i-se-mijat-kontejnerite/ Mon, 10 Jul 2023 09:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=659589

Општина Центар рано утрово започна со чистење на отпадот. Во акцијата се вклучени речиси сите вработени од комуналната служба во ЈП „ПОЦ“ со целата механизација, како и голем камион за кревање контејнери. Покрај собирањето на ѓубрето на терен беше пуштена и цистерната која ги миеше контејнерите и просторот околу нив.

Уште рано наутро почнавме со чистење низ градот. Во сите населби има преполни контејнери и најави од граѓани кои стигнуваат од секаде. Целата механизација е на терен и очекувам денеска да се исчисти голем дел од општината. Оваа ситуација во која се наоѓаме не смее да се повтори, затоа денеска со сите градоначалници ќе разговараме за одземање на ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена”. Воедно им се заблагодарувам и на сите вработени кои со зголемени капацитети се вклучија во акцијата со цел побрзо чистење на општината, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој го водеше стартот на акцијата.

Герасимовски вчера најави чистење на општината со сопствени ресурси и ги поттикна другите градоначалници да ја сторат истата постапка.

The post Герасимовски: Цела механизација е на терен, се собира ѓубрето и се мијат контејнерите appeared first on Република.

Објавен јавниот повик за поправка на покриви и на лифтови во Центар https://republika.mk/vesti/skopje/objaven-javniot-povik-za-popravka-na-pokrivi-i-na-liftovi-vo-tsentar/ Tue, 09 May 2023 12:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=638831

Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојните кровни конструкции и постојните лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар што се во согласност со Програмата за комунални дејности за 2023 година.

Јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за поправка на технички неисправни лифтови, како и модернизација и подобрување на безбедноста на постојните лифтови. Финансиската поддршка за реконструкција на покриви и на кровни покривачи e насочена кон замена на постојните со еколошки и нивна реконструкција, во согласност со условите и критериумите за учество – информираат од Општината.

За реконструкција на постојните покриви Општината ќе субвенционира 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000 денари, додека за поправка на лифтовите ќе покрива 30% од вредноста, но не повеќе од 300.000 денари. Сопствениците на посебни делови треба да ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70% од вкупниот износ од вредноста.

Пријавите со целосна документација треба да се достават во Архивата на Општина Центар, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот, најдоцна до 8 јуни 2023 година.

The post Објавен јавниот повик за поправка на покриви и на лифтови во Центар appeared first on Република.

]]>

Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојните кровни конструкции и постојните лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар што се во согласност со Програмата за комунални дејности за 2023 година.
Јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за поправка на технички неисправни лифтови, како и модернизација и подобрување на безбедноста на постојните лифтови. Финансиската поддршка за реконструкција на покриви и на кровни покривачи e насочена кон замена на постојните со еколошки и нивна реконструкција, во согласност со условите и критериумите за учество – информираат од Општината.
За реконструкција на постојните покриви Општината ќе субвенционира 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000 денари, додека за поправка на лифтовите ќе покрива 30% од вредноста, но не повеќе од 300.000 денари. Сопствениците на посебни делови треба да ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70% од вкупниот износ од вредноста. Пријавите со целосна документација треба да се достават во Архивата на Општина Центар, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот, најдоцна до 8 јуни 2023 година.

The post Објавен јавниот повик за поправка на покриви и на лифтови во Центар appeared first on Република.

]]>
Општина Центар издаде нова дозвола за градење спроти Холидеј Ин https://republika.mk/vesti/skopje/opshtina-tsentar-izdade-nova-dozvola-za-gradene-sproti-holidej-in/ Tue, 02 May 2023 11:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=636036

Побрзо ќе се изградат трите големи згради кај „Холидеј Ин“ отколку што обвинителството ќе одговори на пријавата од Аникорупциската комисија за деталниот урбанистички план, велат од Шанса за Центар откако во дневните весници се појави ново известување од Општина Центар дека е издадена нова градежна дозвола за локација.

– Тоа значи дека Обвинителството цели две години не успеало да одговори на претставката на Државната комисија за борба против корупцијата со која се бараше истрага за тоа како се носел овој урбанистички план за кој Шанса за Центар многупати укажуваше дека е незаконски – коментираат од Шанса за Центар.

Оттаму нагласуваат дека градоначалникот, „кој за жал има лесна рака за потпишување на градежни дозволи, повторно покажа дека не му е важна законитоста на целиот процес туку што побрзо да ги задоволи интересите на инвеститорите! Ќе остане запаметен дека не се ни обиде да направи било каков чекор за промена иако над 10.000 луѓе потпишаа онлајн петиција за запирање на планот“.

– Сето ова е сосема очекувано, ако се има предвид дека иако обвинителството уште се нема произнесено, самиот премиер присуствуваше на поставувањето на камен темелникот за втората зграда – потенцираат од Шанса за Центар.

The post Општина Центар издаде нова дозвола за градење спроти Холидеј Ин appeared first on Република.

„Шанса за Центар“ предупредува за хаосот кој ќе настане околу „Треска“, од Општината велат дека само креваат паника https://republika.mk/vesti/skopje/shansa-za-tsentar-predupreduva-za-haosot-koj-ke-nastane-okolu-treska-od-opshtinata-velat-deka-samo-krevaat-panika/ Wed, 19 Apr 2023 13:52:52 +0000 https://republika.mk/?p=632149

Со издавањето на првото одобрение за купување државно земјиште во поранешната фабрика „Треска“ заради дооформување на градежна парцела за изградба на згради, ќе се создаде уште едно „тесно грло“ во Општина Центра и уште една локација која ќе произведува хаос наместо да биде локација која ќе го збогати целиот Буњаковец, реагираат од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.

Јана Белчева-Андреевска од „Шанса за Центар“ денеска на прес-конференција рече дека се за урбанизација на овој простор, но не и за бетонизација, посочувајќи дека има целосно игнорирање на конкурсот и на идејните решенија.

Деновие се објави веста дека се почнува со продажба на државно земјиште на локалитетот на поранешната фабрика „Треска“. Таму каде што имаше 47 проценти државно земјиште, кое можеше да се искористи за сосема други намени. Ние за овој план од 2012 година слушавме многу политички ветувања уште во 2017 година - како плановите од 2012 се незаконски, како ќе бидат променети, како ќе се слуша гласот на граѓаните... Но, еве со овие последни чекори на распродажба се отвора можноста за издавање на дозволи за градба на локацијата на фабриката „Треска“ и се распрснува уште едно предизборно ветување на СДСМ, рече Белчева-Андреевска.

Таа потсети дека во 2020 година Советот на Општината донесе заклучок за урбанистичко решавање на просторот на локацијата на „Треска“ со конкурс. Тој конкурс беше реализиран со пари на граѓаните, а одлука е донесена на Советот.

Во 2021 година, како што потсети, беше подготвен стручен елаборат за суспензија, во кој од стручни лица од Општината потпишани на елаборатот, стои кои се сите прекршувања на Деталниот урбанистички план, во однос на параметрите од Генералниот урбанистички план, на подзаконските акти, како и на други регулативи, особено на нарушување на јавниот интерес и искористување на државното земјиште и претворање во градежно.

И она што е најважно е дека во предизборната кампања во 2021 година, градоначалникот Горан Герасимовски изјави „балансот во Деталниот урбанистички планови е целосно нарушен, а јавниот интерес, целосно се игнорира за сметка на приватни интереси на градежни фирми и поединци со влијание. Граѓаните немаат доверба во процедурите и општината која во континуитет не ги заштитува нивниот интерес, а граѓаните не можат да променат ништо. Ние целосно ќе ја смениме концепцијата на урбанистичко планирање“. По само една година од владеењето во Општината, резултатите се дека градоначалникот Герасимовски се става над прописите и одлуките и со тоа го делигитимира Советот на Општината и одлуките кои го донел Советот, тврди Белчева-Андреевска.

Според неа, Герасимовски го игнорира конкурсот и вклопување на конкурсот на надграденото решение во новото урбанистичко решение за делот на локалитетот на фабриката „Треска“.

Градоначалникот треба да е свесен дека ќе остане запаметен како човек кој го продава државното земјиште во „Треска“ и како човек што си ги поништи и своите зборови, но уште повеќе, го згази јавниот интерес и сите заложби на луѓето кои се потпишуваат на петиции за креирање на конкурс за „Треска“ и кои се заложија ова да биде поинаку решено, вели Белчева-Андреевска.

Јане Димески од „Шанса за Центар“ на прес-конференцијата потсети на изјавата на градоначалникот Герасимовски, во која тој за конкурсот за „Треска“, најавувал дека Општината целосно ќе го почитува овој процес и отворено ќе комуницира со јавноста за секој чекор.

Но, ова што се случува една година подоцна, како што вели, е целосно спротивно од ветувањето на градоначалникот.

Имаме целосно игнорирање на конкурсот, на идејните решенија и на занемарување на целиот процес, иако за него има одлука донесена од самиот Совет, а новиот Совет нема донесено спротивна одлука со која што ја поништува таа одлука. Од тука, заложбите на градоначалникот дека ќе се заложува за хуманизација на просторот, паѓа во вода, затоа што „Треска“ е локација која совршено ги нудеше условите да се докаже токму тоа, посочи Димески.

Како што додаде тој, со тоа што градоначалникот го отфрла целиот конкурс, идејните решенија и целиот процес што се одвивал во Општината се до неговото доаѓање на чело на Центар, овозможува спроведување на планови кои што од самата Општина се утврдени како лоши и го пробиваат Генералниот план.

На пример, во некои параметри, според она што би се спроведувало сега - плановите покажуваат дека ако во Генералниот урбанистички план процентот на изграденост во Буњаковец се предвидува да биде 22 проценти, со овие планови тој ќе биде 61 процент. Ако ГУП-от предвидува на целото подрачје на Буњаковец да живеат 12.500 жители, со спроведувањето на овие планови, би живееле над 33 илјади жители. Ако просечниот број на семејството се планирал да биде максимум 3.400, сега се овозможува над 9.300, според плановите кои тој тврди дека се важечки. Со ова ќе ни се создаде уште едно тесно грло во Општината, уште една локација која ќе произведува хаос, додаде Димески.

По денешната прес-конференција од Општина Центар реагираа велејчи дека советниците на „Шанса за Центар“ и Јана Белчева изнеле низа на лаги и манипулации за просторот кај поранешна „Треска“, кои најостро ги отфрлаат:

Прво, „Шанса за Центар“ манипулира постојано со површината на државното земјиште. На површина од 41.000 м2, 47% е државно земјиште, од кое само околу 10% е предмет на дооформување и таа постапка за дооформување на градежни парцели е законска обврска на општината. Останатите 37% се наоѓаат под површини планирани за јавна намена, како улици, тротоари, пешачки патеки, блоковско зеленило и не се предмет на отуѓување по ниеден основ. Општината ниту распродава, ниту отуѓува. Напротив, градоначалникот Герасимовски се заложи да на просторот биде донирана и изградена градинка и парк, а блоковското зеленило да биде над задолжителните 20% на парцелите. Не само што нема бетонизација, туку се обезбедува парк и повеќе зеленило како и јавни површини.

Понатаму, новото раководство на Општина Центар преку Град Скопје поведе постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З11, локалитети Буњаковец 1 и 2. Носењето на овој план значително би ја олеснила процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај фабриката Треска, со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Градоначалникот Герасимовски ги повика и сите останати надлежни институции, активно да се вклучат за негово поскоро донесување.

Сѐ до носењето на ваквиот регулациски план, општината ниту може законски, ниту пак има надлежност да стопира правни постапки на сопствениците. За тоа кривично се одговара! Ја прашуваме Белчева дали општината треба да го прекрши законот или некој кривично да одговара за институционално блокирање на граѓаните во реализација на нивните права? Дали таа и „Шанса за Центар“ ќе ги плаќаат пеналите за евентуалното непостапување? Дали предлага да се повтори нова бесправна постапка како со мораториумот кој го иницираше токму Белчева, свесна дека е незаконски и невозможен?

Второ, „Шанса за Центар“ повторно се зафатија со бранење на конкурсот кој го распиша Јана Белчева, која претседаваше со Советот на општината и која сама знае дека во реалноста не може да се реализира. Нема ниедна законска можност, ниту пак тој конкурс е спроведен согласно закон, за истиот на било кој начин да се користи. На истиот начин, спротивно на законот, беше спроведен мораториумот кој подоцна беше поништен а од кој штета трпеа само граѓаните. „Шанса за Центар“, чии членови во континуитет изминатите 5 и пол години се дел од власта во општината, не направи ништо за урбанизмот, не донесе ниту еден значаен ДУП, ниту пак на било кој начин ја подобри состојбата на граѓаните.

За крај, симптоматично е што „Шанса за Центар“ ништо не кажа, ниту даде поддршка за една од најдобрите иницијативи на општината, а тоа е иницијативата за измена во Законот за бесправно градење. Запрепастува фактот дека Белчева и оние кои ги изградија своите политички кариеири на тема урбанизам, не дадоа никаква поддршка за оваа иницијатива на градоначалникот Герасимовски, но се тука да шират дезинформации. Немаат понудено ниедно конкретно решение досега на тема урбанизам и повеќе од јасно е дека нивното политичко делување е само од политички побуди и празна дискредитација.

Граѓаните на Центар да бидат спокојни, градоначалникот Герасимовски до крај ќе го почитува законот за градење и секоја педа државно земјиште ќе биде заштитено и наменето за граѓаните законите за градба целосно ќе се почитуваат.

The post „Шанса за Центар“ предупредува за хаосот кој ќе настане околу „Треска“, од Општината велат дека само креваат паника appeared first on Република.

]]>

Со издавањето на првото одобрение за купување државно земјиште во поранешната фабрика „Треска“ заради дооформување на градежна парцела за изградба на згради, ќе се создаде уште едно „тесно грло“ во Општина Центра и уште една локација која ќе произведува хаос наместо да биде локација која ќе го збогати целиот Буњаковец, реагираат од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“. Јана Белчева-Андреевска од „Шанса за Центар“ денеска на прес-конференција рече дека се за урбанизација на овој простор, но не и за бетонизација, посочувајќи дека има целосно игнорирање на конкурсот и на идејните решенија.
Деновие се објави веста дека се почнува со продажба на државно земјиште на локалитетот на поранешната фабрика „Треска“. Таму каде што имаше 47 проценти државно земјиште, кое можеше да се искористи за сосема други намени. Ние за овој план од 2012 година слушавме многу политички ветувања уште во 2017 година - како плановите од 2012 се незаконски, како ќе бидат променети, како ќе се слуша гласот на граѓаните... Но, еве со овие последни чекори на распродажба се отвора можноста за издавање на дозволи за градба на локацијата на фабриката „Треска“ и се распрснува уште едно предизборно ветување на СДСМ, рече Белчева-Андреевска.
Таа потсети дека во 2020 година Советот на Општината донесе заклучок за урбанистичко решавање на просторот на локацијата на „Треска“ со конкурс. Тој конкурс беше реализиран со пари на граѓаните, а одлука е донесена на Советот. Во 2021 година, како што потсети, беше подготвен стручен елаборат за суспензија, во кој од стручни лица од Општината потпишани на елаборатот, стои кои се сите прекршувања на Деталниот урбанистички план, во однос на параметрите од Генералниот урбанистички план, на подзаконските акти, како и на други регулативи, особено на нарушување на јавниот интерес и искористување на државното земјиште и претворање во градежно.
И она што е најважно е дека во предизборната кампања во 2021 година, градоначалникот Горан Герасимовски изјави „балансот во Деталниот урбанистички планови е целосно нарушен, а јавниот интерес, целосно се игнорира за сметка на приватни интереси на градежни фирми и поединци со влијание. Граѓаните немаат доверба во процедурите и општината која во континуитет не ги заштитува нивниот интерес, а граѓаните не можат да променат ништо. Ние целосно ќе ја смениме концепцијата на урбанистичко планирање“. По само една година од владеењето во Општината, резултатите се дека градоначалникот Герасимовски се става над прописите и одлуките и со тоа го делигитимира Советот на Општината и одлуките кои го донел Советот, тврди Белчева-Андреевска.
Според неа, Герасимовски го игнорира конкурсот и вклопување на конкурсот на надграденото решение во новото урбанистичко решение за делот на локалитетот на фабриката „Треска“.
Градоначалникот треба да е свесен дека ќе остане запаметен како човек кој го продава државното земјиште во „Треска“ и како човек што си ги поништи и своите зборови, но уште повеќе, го згази јавниот интерес и сите заложби на луѓето кои се потпишуваат на петиции за креирање на конкурс за „Треска“ и кои се заложија ова да биде поинаку решено, вели Белчева-Андреевска.
Јане Димески од „Шанса за Центар“ на прес-конференцијата потсети на изјавата на градоначалникот Герасимовски, во која тој за конкурсот за „Треска“, најавувал дека Општината целосно ќе го почитува овој процес и отворено ќе комуницира со јавноста за секој чекор. Но, ова што се случува една година подоцна, како што вели, е целосно спротивно од ветувањето на градоначалникот.
Имаме целосно игнорирање на конкурсот, на идејните решенија и на занемарување на целиот процес, иако за него има одлука донесена од самиот Совет, а новиот Совет нема донесено спротивна одлука со која што ја поништува таа одлука. Од тука, заложбите на градоначалникот дека ќе се заложува за хуманизација на просторот, паѓа во вода, затоа што „Треска“ е локација која совршено ги нудеше условите да се докаже токму тоа, посочи Димески.
Како што додаде тој, со тоа што градоначалникот го отфрла целиот конкурс, идејните решенија и целиот процес што се одвивал во Општината се до неговото доаѓање на чело на Центар, овозможува спроведување на планови кои што од самата Општина се утврдени како лоши и го пробиваат Генералниот план.
На пример, во некои параметри, според она што би се спроведувало сега - плановите покажуваат дека ако во Генералниот урбанистички план процентот на изграденост во Буњаковец се предвидува да биде 22 проценти, со овие планови тој ќе биде 61 процент. Ако ГУП-от предвидува на целото подрачје на Буњаковец да живеат 12.500 жители, со спроведувањето на овие планови, би живееле над 33 илјади жители. Ако просечниот број на семејството се планирал да биде максимум 3.400, сега се овозможува над 9.300, според плановите кои тој тврди дека се важечки. Со ова ќе ни се создаде уште едно тесно грло во Општината, уште една локација која ќе произведува хаос, додаде Димески.
По денешната прес-конференција од Општина Центар реагираа велејчи дека советниците на „Шанса за Центар“ и Јана Белчева изнеле низа на лаги и манипулации за просторот кај поранешна „Треска“, кои најостро ги отфрлаат: Прво, „Шанса за Центар“ манипулира постојано со површината на државното земјиште. На површина од 41.000 м2, 47% е државно земјиште, од кое само околу 10% е предмет на дооформување и таа постапка за дооформување на градежни парцели е законска обврска на општината. Останатите 37% се наоѓаат под површини планирани за јавна намена, како улици, тротоари, пешачки патеки, блоковско зеленило и не се предмет на отуѓување по ниеден основ. Општината ниту распродава, ниту отуѓува. Напротив, градоначалникот Герасимовски се заложи да на просторот биде донирана и изградена градинка и парк, а блоковското зеленило да биде над задолжителните 20% на парцелите. Не само што нема бетонизација, туку се обезбедува парк и повеќе зеленило како и јавни површини. Понатаму, новото раководство на Општина Центар преку Град Скопје поведе постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З11, локалитети Буњаковец 1 и 2. Носењето на овој план значително би ја олеснила процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај фабриката Треска, со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Градоначалникот Герасимовски ги повика и сите останати надлежни институции, активно да се вклучат за негово поскоро донесување. Сѐ до носењето на ваквиот регулациски план, општината ниту може законски, ниту пак има надлежност да стопира правни постапки на сопствениците. За тоа кривично се одговара! Ја прашуваме Белчева дали општината треба да го прекрши законот или некој кривично да одговара за институционално блокирање на граѓаните во реализација на нивните права? Дали таа и „Шанса за Центар“ ќе ги плаќаат пеналите за евентуалното непостапување? Дали предлага да се повтори нова бесправна постапка како со мораториумот кој го иницираше токму Белчева, свесна дека е незаконски и невозможен? Второ, „Шанса за Центар“ повторно се зафатија со бранење на конкурсот кој го распиша Јана Белчева, која претседаваше со Советот на општината и која сама знае дека во реалноста не може да се реализира. Нема ниедна законска можност, ниту пак тој конкурс е спроведен согласно закон, за истиот на било кој начин да се користи. На истиот начин, спротивно на законот, беше спроведен мораториумот кој подоцна беше поништен а од кој штета трпеа само граѓаните. „Шанса за Центар“, чии членови во континуитет изминатите 5 и пол години се дел од власта во општината, не направи ништо за урбанизмот, не донесе ниту еден значаен ДУП, ниту пак на било кој начин ја подобри состојбата на граѓаните. За крај, симптоматично е што „Шанса за Центар“ ништо не кажа, ниту даде поддршка за една од најдобрите иницијативи на општината, а тоа е иницијативата за измена во Законот за бесправно градење. Запрепастува фактот дека Белчева и оние кои ги изградија своите политички кариеири на тема урбанизам, не дадоа никаква поддршка за оваа иницијатива на градоначалникот Герасимовски, но се тука да шират дезинформации. Немаат понудено ниедно конкретно решение досега на тема урбанизам и повеќе од јасно е дека нивното политичко делување е само од политички побуди и празна дискредитација. Граѓаните на Центар да бидат спокојни, градоначалникот Герасимовски до крај ќе го почитува законот за градење и секоја педа државно земјиште ќе биде заштитено и наменето за граѓаните законите за градба целосно ќе се почитуваат.

The post „Шанса за Центар“ предупредува за хаосот кој ќе настане околу „Треска“, од Општината велат дека само креваат паника appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат, инвеститорите да градат според одобренијата https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-zachestenite-kontroli-na-gradilishtata-prodolzhuvaat-investitorite-da-gradat-spored-odobrenijata/ Wed, 12 Apr 2023 11:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=630159

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера беше на терен со општинските служби на градилишта во населбата Маџир Маало, информираат од локалната самоуправа.

Од општината нагласуваат дека теренските зачестени инспекторски контроли ги придружува и Герасимовски со цел да направи директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи.

Веќе некој период спроведуваме зачестени инспекторски контроли на градилишта со цел да ја видиме фактичката состојба на терен. Токму поради начинот како се одвиваат градежните работи, на моја лична иницијатива, неодамна формиравме и комисија со која ги зголемивме инспекциските контроли. Новата комисија врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби од почнување на градбата до нивно завршување. Мојата цел е во Општина Центар да има хумано градење со почитување на законските прописи, вели Герасимовски.

Тој вели дека општината понекогаш се соочува со проблеми од несовесни градители, односно до локалната самоуправа да стигне барање со документација за градба и по одредени забелешки од службите по истото да биде постапено по што се добива правосилно одобрение за градба. Но, на терен да се случи да не се гради според доставената документација за која всушност е добиено одобрението.

Поради ова Герасимовски најавува зачестени инспекторски контроли и во наредниот период се со цел придржување до одобренијата за градба и безбедност при изведување на градежните работи.

The post Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат, инвеститорите да градат според одобренијата appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера беше на терен со општинските служби на градилишта во населбата Маџир Маало, информираат од локалната самоуправа. Од општината нагласуваат дека теренските зачестени инспекторски контроли ги придружува и Герасимовски со цел да направи директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи.
Веќе некој период спроведуваме зачестени инспекторски контроли на градилишта со цел да ја видиме фактичката состојба на терен. Токму поради начинот како се одвиваат градежните работи, на моја лична иницијатива, неодамна формиравме и комисија со која ги зголемивме инспекциските контроли. Новата комисија врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби од почнување на градбата до нивно завршување. Мојата цел е во Општина Центар да има хумано градење со почитување на законските прописи, вели Герасимовски.
Тој вели дека општината понекогаш се соочува со проблеми од несовесни градители, односно до локалната самоуправа да стигне барање со документација за градба и по одредени забелешки од службите по истото да биде постапено по што се добива правосилно одобрение за градба. Но, на терен да се случи да не се гради според доставената документација за која всушност е добиено одобрението. Поради ова Герасимовски најавува зачестени инспекторски контроли и во наредниот период се со цел придржување до одобренијата за градба и безбедност при изведување на градежните работи.

The post Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат, инвеститорите да градат според одобренијата appeared first on Република.

]]>
Наскоро започнуваат градежни активности на просторот на поранешната фабрика „Треска“, инвеститорите треба да изградат градинка https://republika.mk/vesti/skopje/naskoro-zapochnuvaat-gradezhni-aktivnosti-na-prostorot-na-poraneshnata-fabrika-treska-investitorite-treba-da-izgradat-gradinka/ Sun, 09 Apr 2023 09:16:00 +0000 https://republika.mk/?p=628915

Општина Центар преговара со инвеститорите кои ќе подигнат згради на просторот на поранешната фабрика „Треска“, да изградат градинка и да ја донираат на Општината, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

„Почнати се процедури за расчистување на објектите од страна на сопствениците на одредени парцели. Иако нема градинка предвидено, ние правиме напор со сопствениците односно инвеститорите што во иднина би граделе во тој дел да направат градинка што би ја донирале на општината“, вели Герасимовски во интервју за Радио Слободна Европа.

Десетици инвеститори поднесоа барање до Општина Центар за окрупнување парцели преку откуп на државно земјиште на оваа локација. Сопствениците на приватното земјиште сакаат да градат според детален урбанистички план кој беше оспорен, а според постоечката регулатива можат да бараат окрупнување на парцели доколку поседуваат над 30 отсто од земјиштето.

Државата на оваа локација поседува околу 40 отсто од државното земјиште. Градоначалникот вели дека поднесените барања се за 10.до 15 отсто од она што државата го поседува.

„До општината уште пред неколку години се пристигнати многу барања, но во моментов е процедура за расчистување на земјиштето, односно отстранување на објектите. Од тие парцели што имаат поднесено барања мислам дека е тоа мал процент на парцела, околу 10 до 15 отсто, што не се големи бројки. Останатиот дел што е државно ќе потпадне на урбанизација, решавање на сообраќајот, во делот на паркирањето и зеленилото“, вели Герасимовски.

Во април минатата година на оваа локација изби пожар, при што изгореа напуштени објекти. Локацијата е подолго време спорна поради интересот на инвеститорите да градат станбено-деловни објекти според детален урбанистички план кој не е усогласен со Генералниот урбанистички план на градот.

The post Наскоро започнуваат градежни активности на просторот на поранешната фабрика „Треска“, инвеститорите треба да изградат градинка appeared first on Република.

]]>

Општина Центар преговара со инвеститорите кои ќе подигнат згради на просторот на поранешната фабрика „Треска“, да изградат градинка и да ја донираат на Општината, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.
„Почнати се процедури за расчистување на објектите од страна на сопствениците на одредени парцели. Иако нема градинка предвидено, ние правиме напор со сопствениците односно инвеститорите што во иднина би граделе во тој дел да направат градинка што би ја донирале на општината“, вели Герасимовски во интервју за Радио Слободна Европа.
Десетици инвеститори поднесоа барање до Општина Центар за окрупнување парцели преку откуп на државно земјиште на оваа локација. Сопствениците на приватното земјиште сакаат да градат според детален урбанистички план кој беше оспорен, а според постоечката регулатива можат да бараат окрупнување на парцели доколку поседуваат над 30 отсто од земјиштето. Државата на оваа локација поседува околу 40 отсто од државното земјиште. Градоначалникот вели дека поднесените барања се за 10.до 15 отсто од она што државата го поседува.
„До општината уште пред неколку години се пристигнати многу барања, но во моментов е процедура за расчистување на земјиштето, односно отстранување на објектите. Од тие парцели што имаат поднесено барања мислам дека е тоа мал процент на парцела, околу 10 до 15 отсто, што не се големи бројки. Останатиот дел што е државно ќе потпадне на урбанизација, решавање на сообраќајот, во делот на паркирањето и зеленилото“, вели Герасимовски.
Во април минатата година на оваа локација изби пожар, при што изгореа напуштени објекти. Локацијата е подолго време спорна поради интересот на инвеститорите да градат станбено-деловни објекти според детален урбанистички план кој не е усогласен со Генералниот урбанистички план на градот.

The post Наскоро започнуваат градежни активности на просторот на поранешната фабрика „Треска“, инвеститорите треба да изградат градинка appeared first on Република.

]]>
Лога ја поддржа иницијативата на Општина Центар за конфискација на бесправно изградени објекти https://republika.mk/vesti/skopje/loga-ja-poddrzha-initsijativata-na-opshtina-tsentar-za-konfiskatsija-na-bespravno-izgradeni-objekti/ Fri, 07 Apr 2023 13:46:44 +0000 https://republika.mk/?p=628374

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на која беше информиран за иницијативата за конфискација на изградени објекти со бесправен статус и нивна реупотреба, известуваат од Министерството за правда.

Како што посочуваат од Министертсвото, Лога ја поддржува иницијативата на Општина Центар за изнаоѓање законско решение со кое биде се конфискувале на дивоградбите и би се овозможиле пренамена на овие објекти.

Целта на иницијативата е да се најде решение и да се овозможи конфискација на бесправно изградените објекти и нивна пренамена во функција на општината, односно државата, соопштуваат од Министерството.

Оттаму посочуваат дека за реализација на оваа иницијатива неопходно е да се интервенира во две законски решенија: Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочната постапка.

The post Лога ја поддржа иницијативата на Општина Центар за конфискација на бесправно изградени објекти appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на која беше информиран за иницијативата за конфискација на изградени објекти со бесправен статус и нивна реупотреба, известуваат од Министерството за правда. Како што посочуваат од Министертсвото, Лога ја поддржува иницијативата на Општина Центар за изнаоѓање законско решение со кое биде се конфискувале на дивоградбите и би се овозможиле пренамена на овие објекти.
Целта на иницијативата е да се најде решение и да се овозможи конфискација на бесправно изградените објекти и нивна пренамена во функција на општината, односно државата, соопштуваат од Министерството.
Оттаму посочуваат дека за реализација на оваа иницијатива неопходно е да се интервенира во две законски решенија: Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочната постапка.

The post Лога ја поддржа иницијативата на Општина Центар за конфискација на бесправно изградени објекти appeared first on Република.

]]>
Повеќе градилишта низ Центар не ги почитуваат законските прописи, увиде градоначалникот https://republika.mk/vesti/skopje/poveke-gradilishta-niz-tsentar-ne-gi-pochituvaat-zakonskite-propisi-uvide-gradonachalnikot/ Fri, 07 Apr 2023 12:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=628343

Придружуван од општинските служби, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, направи обиколка на неколку градилишта во општината. Општина Центар спроведува зачестени инспекциски контроли, со цел директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи.

Иако имаат уредна документација за градба, по зачестените контроли на терен увидовме дека не се почиутваат законските прописи на повеќе градилишта. Поради тие причини, на моја лична иницијатива, формиравме и нова комисија и тројно ги зголемивме инспекциските контроли. Новата комисија ќе врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби. Тие ќе бидат одговорни да следат точно што се случува на терен, од почнување на градбата до нивно завршување. Мојата цел е во Општина Центар да има хумана урбанизација со почитување на законите. Неуморно работам да го одржам ветувањето пред граѓаните, вели Герасимовски.

Како што е наведено во соопштението од Општина Центар, покрај контролите за дивоградби и за одвивање на градежните зафати кај легалните објекти со одобренија за градба, комуналните инспектори од Општина Центар изминатите неколку недели спроведуваа контроли согласно Законот за јавна чистота.

- На терен изведувачите се информираат за насоката градежните објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани тркала, да не оставаат градежен шут, отпад и градежен материјал, освен на места определени за таа намена и да не се пали и уништува смет. Инспекцијата апелира и граѓаните да се воздржат од палеље на огнови на отворено за греење на работниците. Сите возила што излегуваат од градилиштата мора да имаат чисти и измиени тркала и да се покриени со церади, поради контрола на прашината, се наведува во соопштението.

Според извештаите од комуналната инспекција, како што посочуваат од Општина Центар, известени и контролирани се околу 20 градилишта, утврдени се неколку неправилности и санкционирани се превозници со валкани тркала. Извршени се повеќе вонредни надзори по пријави од граѓани, при што се изречени три глоби на правни лица и одговорни лица, во вредност од по 1.300 евра за оставање градежен шут на јавни површини и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост.

The post Повеќе градилишта низ Центар не ги почитуваат законските прописи, увиде градоначалникот appeared first on Република.

]]>

Придружуван од општинските служби, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, направи обиколка на неколку градилишта во општината. Општина Центар спроведува зачестени инспекциски контроли, со цел директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи.
Иако имаат уредна документација за градба, по зачестените контроли на терен увидовме дека не се почиутваат законските прописи на повеќе градилишта. Поради тие причини, на моја лична иницијатива, формиравме и нова комисија и тројно ги зголемивме инспекциските контроли. Новата комисија ќе врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби. Тие ќе бидат одговорни да следат точно што се случува на терен, од почнување на градбата до нивно завршување. Мојата цел е во Општина Центар да има хумана урбанизација со почитување на законите. Неуморно работам да го одржам ветувањето пред граѓаните, вели Герасимовски.
Како што е наведено во соопштението од Општина Центар, покрај контролите за дивоградби и за одвивање на градежните зафати кај легалните објекти со одобренија за градба, комуналните инспектори од Општина Центар изминатите неколку недели спроведуваа контроли согласно Законот за јавна чистота. - На терен изведувачите се информираат за насоката градежните објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани тркала, да не оставаат градежен шут, отпад и градежен материјал, освен на места определени за таа намена и да не се пали и уништува смет. Инспекцијата апелира и граѓаните да се воздржат од палеље на огнови на отворено за греење на работниците. Сите возила што излегуваат од градилиштата мора да имаат чисти и измиени тркала и да се покриени со церади, поради контрола на прашината, се наведува во соопштението. Според извештаите од комуналната инспекција, како што посочуваат од Општина Центар, известени и контролирани се околу 20 градилишта, утврдени се неколку неправилности и санкционирани се превозници со валкани тркала. Извршени се повеќе вонредни надзори по пријави од граѓани, при што се изречени три глоби на правни лица и одговорни лица, во вредност од по 1.300 евра за оставање градежен шут на јавни површини и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост.

The post Повеќе градилишта низ Центар не ги почитуваат законските прописи, увиде градоначалникот appeared first on Република.

]]>
Целосно е реконструирано детското игралиште близу Зелениот пазар https://republika.mk/vesti/skopje/tselosno-e-rekonstruirano-detskoto-igralishte-blizu-zeleniot-pazar/ Thu, 06 Apr 2023 10:04:08 +0000 https://republika.mk/?p=627868

Општина Центар започна со целосно реконструирање на детските игралишта во општината. Целосно е реконструирано детското игралиште во Градски ѕид блок 2 во близина на Зелениот пазар. Игралиштето доби нови реквизити и реконструирани кровни и подни површини додека просторот каде се изведуваат реконструктивните работи е изведен согласно европските стандарди за квалитет, безбедност и одржливост.

Изградба на модерни и функционални детски игралишта и креирање нови рекреативни зони се еден од приоритетите за најмладите жители во Општина Центар. До крајот на 2023 година планирана е целосна реконструкција на детското и спортското игралиште во Капиштец, како и реконструкција на детското игралиште во Градски ѕид блок 3,  изјави Герасимовски.

Општина Центар за реконструкција и санација на детски и спортски игралишта издвојува околу 4.400 милиони денари. Преку вложување во детската игра придонесуваме за правилен психо-физички развој и среќни деца.

The post Целосно е реконструирано детското игралиште близу Зелениот пазар appeared first on Република.