опера Archives - Република https://republika.mk/tema/opera/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 09:12:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png опера Archives - Република https://republika.mk/tema/opera/ 32 32 Операта „Набуко“ од Џузепе Верди вечерва во Национална опера и балет https://republika.mk/vesti/kultura/operata-nabuko-od-dhuzepe-verdi-vecherva-vo-natsionalna-opera-i-balet/ Sat, 21 Sep 2024 09:12:42 +0000 https://republika.mk/?p=818421

Во Националната опера и балет вечерва од 20 часот ќе биде изведено ремек-делото од Џузепе Верди, операта „Набуко“.

Како што информираат од Национална опера и балет, делото ќе биде изведено под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров.

Насловната улога ќе ја толкува Марјан Јованоски, во улогата на Абигаиле ќе настапи Злата Тошевска Димовска, Николина Јаневска ќе ја игра Фенена, Зоран Сотиров ќе настапи како Исмаил, а во улогата на Захарие ќе настапи Игор Дурловски. Во останатите улоги ќе настапат Диме Петров, Катерина Стојановска, Дејан Стоев, хорот, оркестарот, балетскиот ансамбл на Националната опера и балет и ученици при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

„Набуко“ е лирско-драматична опера во четири чина, едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди. Својата праизведба оваа опера ја имала во 1842 година во Миланска Скала. Тоа е третата опера на Верди за која што се смета дека трајно ја воспоставила неговата репутација како композитор.

Темата на операта е тешката историја на еврејскиот народ, нападнати и поразени, протерани од својата татковина, иако историските настани се користат само како позадина на романтичниот и политички заплет. Верди во една ноќ ја напишал надалеку познатата хорска арија која станала драматуршки и музички столб на делото „Va, pensiero, sull'ali dorate“ („Летај на златести крилја”).

The post Операта „Набуко“ од Џузепе Верди вечерва во Национална опера и балет appeared first on Република.

]]>

Во Националната опера и балет вечерва од 20 часот ќе биде изведено ремек-делото од Џузепе Верди, операта „Набуко“. Како што информираат од Национална опера и балет, делото ќе биде изведено под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров. Насловната улога ќе ја толкува Марјан Јованоски, во улогата на Абигаиле ќе настапи Злата Тошевска Димовска, Николина Јаневска ќе ја игра Фенена, Зоран Сотиров ќе настапи како Исмаил, а во улогата на Захарие ќе настапи Игор Дурловски. Во останатите улоги ќе настапат Диме Петров, Катерина Стојановска, Дејан Стоев, хорот, оркестарот, балетскиот ансамбл на Националната опера и балет и ученици при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. „Набуко“ е лирско-драматична опера во четири чина, едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди. Својата праизведба оваа опера ја имала во 1842 година во Миланска Скала. Тоа е третата опера на Верди за која што се смета дека трајно ја воспоставила неговата репутација како композитор. Темата на операта е тешката историја на еврејскиот народ, нападнати и поразени, протерани од својата татковина, иако историските настани се користат само како позадина на романтичниот и политички заплет. Верди во една ноќ ја напишал надалеку познатата хорска арија која станала драматуршки и музички столб на делото „Va, pensiero, sull'ali dorate“ („Летај на златести крилја”).

The post Операта „Набуко“ од Џузепе Верди вечерва во Национална опера и балет appeared first on Република.

]]>
Национална опера и балет со комичната опера „РИТА“ гостува во Куманово https://republika.mk/vesti/kultura/natsionalna-opera-i-balet-so-komichnata-opera-rita-gostuva-vo-kumanovo/ Thu, 02 May 2024 16:42:46 +0000 https://republika.mk/?p=773485

На 6- ти јуни од 20 часот во Големата сала во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе гостува Национална опера и балет со комичната опера „РИТА“од Гаетано Доницети.

„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен и среќен завршеток.

Операта до сега беше изведувана на сцената на Национална опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска и солистите Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Васко Здравков и Борко Биџовски.

The post Национална опера и балет со комичната опера „РИТА“ гостува во Куманово appeared first on Република.

]]>

На 6- ти јуни од 20 часот во Големата сала во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе гостува Национална опера и балет со комичната опера „РИТА“од Гаетано Доницети. „Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен и среќен завршеток. Операта до сега беше изведувана на сцената на Национална опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска и солистите Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Васко Здравков и Борко Биџовски.

The post Национална опера и балет со комичната опера „РИТА“ гостува во Куманово appeared first on Република.

]]>
Распродадена е спектакуланрата „Трубадур“ за отворањето на Мајски оперски вечери, репризата е на 11 мај https://republika.mk/vesti/kultura/rasprodadena-e-spektakulanrata-trubadur-za-otvoraneto-na-majski-operski-vecheri-reprizata-e-na-11-maj/ Thu, 02 May 2024 08:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=773276

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.

Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.

Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.

The post Распродадена е спектакуланрата „Трубадур“ за отворањето на Мајски оперски вечери, репризата е на 11 мај appeared first on Република.

]]>

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени. Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова. Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.

The post Распродадена е спектакуланрата „Трубадур“ за отворањето на Мајски оперски вечери, репризата е на 11 мај appeared first on Република.

]]>
Гиновска-Илкова: Патот до успехот е тежок и макотрпен – покрај талентот, клучни се дисциплината и посветеноста https://republika.mk/vesti/kultura/ginovska-ilkova-patot-do-uspehot-e-tezhok-i-makotrpen-pokraj-talentot-kluchni-se-distsiplinata-i-posvetenosta/ Sun, 25 Feb 2024 08:53:57 +0000 https://republika.mk/?p=748030

Дисциплина, посветеност, одговорност и талент се клучни за успехот на една оперска певица, вели оперската дива Весна Гиновска - Илкова. За неа операта е емоција, а уметникот треба да мотивира, стимулира, пренесува и да гради мостови.

Првенката на Националната опера и балет со 30-годишно искуство на сцената, над 20 главни улоги и единствен оперски пејач кој направи четири-пет комерцијални концерти, во интервју за МИА со восхит говори за професијата и за пеењето. Нејзината порака до идните генерации е дека патот до успехот е тежок, макотрпен, послан со препреки, но потребна е упорност, истрајност и доследност во желбата да се успее.

Младите уметници во денешно време сакаат успехот да дојде многу брзо. Тој не доаѓа така. Успехот не доаѓа веднаш, патот е тежок, макотрпен, послан со препреки, со сопки, но треба да бидат упорни, истрајни, доследни во својата желба и најбитно е дека границите за уметноста, за музиката се отворени. Како што и претходно кажав, ние градиме мостови. Дали тоа ќе биде претстава која ќе биде надвор од нашата држава или претстава која ќе биде надвор од нашиот театар, не е битно, битно е да се работи и да се создава, да се креира, да се биде доследен на својата работа и на својата професија, вели Гиновска - Илкова.

The post Гиновска-Илкова: Патот до успехот е тежок и макотрпен – покрај талентот, клучни се дисциплината и посветеноста appeared first on Република.

]]>

Дисциплина, посветеност, одговорност и талент се клучни за успехот на една оперска певица, вели оперската дива Весна Гиновска - Илкова. За неа операта е емоција, а уметникот треба да мотивира, стимулира, пренесува и да гради мостови. Првенката на Националната опера и балет со 30-годишно искуство на сцената, над 20 главни улоги и единствен оперски пејач кој направи четири-пет комерцијални концерти, во интервју за МИА со восхит говори за професијата и за пеењето. Нејзината порака до идните генерации е дека патот до успехот е тежок, макотрпен, послан со препреки, но потребна е упорност, истрајност и доследност во желбата да се успее.
Младите уметници во денешно време сакаат успехот да дојде многу брзо. Тој не доаѓа така. Успехот не доаѓа веднаш, патот е тежок, макотрпен, послан со препреки, со сопки, но треба да бидат упорни, истрајни, доследни во својата желба и најбитно е дека границите за уметноста, за музиката се отворени. Како што и претходно кажав, ние градиме мостови. Дали тоа ќе биде претстава која ќе биде надвор од нашата држава или претстава која ќе биде надвор од нашиот театар, не е битно, битно е да се работи и да се создава, да се креира, да се биде доследен на својата работа и на својата професија, вели Гиновска - Илкова.

The post Гиновска-Илкова: Патот до успехот е тежок и макотрпен – покрај талентот, клучни се дисциплината и посветеноста appeared first on Република.

]]>
Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ https://republika.mk/vesti/kultura/operata-karmen-od-zhorzh-bize-vecherva-vo-nob/ Tue, 28 Nov 2023 07:47:17 +0000 https://republika.mk/?p=716966

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет вечерва и на 1 декември, со почеток во 20.00 часот.

Диригент е гостинката од Украина, Оксана Мадараш, режијата е на Нина Најденова од Бугарија. Сценографијата е на Елена Иванова од Бугарија, костимограф е Марија Пупучевска, светло дизајн, Васил Лисичов.

Вечерва, во насловната улога ќе настапи гостинката од Србија, мецосопранот Сања Анастасиа, а во улогата на Дон Хозе ќе настапи Зоран Сотиров. Како Ескамилио ќе настапи Ристе Велков, а во улога на Микаела, Катерина Стојановска. Во останатите улоги ќе се појават: Ана Ројдева Талевска, Соња Пендовска-Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев и Тихомир Јакимовски.

На 1 декември ќе настапат: Сања Анастасиа од Србија, Зоран Сотиров, Васко Здравков, Елена Голомеова, Ана Ројдева – Талевска, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев, Тихомир Јакимовски.

Настапува хорот, балетскиот ансамбл, оркестарот на Националната опера и балет и детскиот хор „Пиколо“ при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје под раководство на Весна Димчевска.

The post Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ appeared first on Република.

]]>

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет вечерва и на 1 декември, со почеток во 20.00 часот. Диригент е гостинката од Украина, Оксана Мадараш, режијата е на Нина Најденова од Бугарија. Сценографијата е на Елена Иванова од Бугарија, костимограф е Марија Пупучевска, светло дизајн, Васил Лисичов. Вечерва, во насловната улога ќе настапи гостинката од Србија, мецосопранот Сања Анастасиа, а во улогата на Дон Хозе ќе настапи Зоран Сотиров. Како Ескамилио ќе настапи Ристе Велков, а во улога на Микаела, Катерина Стојановска. Во останатите улоги ќе се појават: Ана Ројдева Талевска, Соња Пендовска-Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев и Тихомир Јакимовски. На 1 декември ќе настапат: Сања Анастасиа од Србија, Зоран Сотиров, Васко Здравков, Елена Голомеова, Ана Ројдева – Талевска, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев, Тихомир Јакимовски. Настапува хорот, балетскиот ансамбл, оркестарот на Националната опера и балет и детскиот хор „Пиколо“ при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје под раководство на Весна Димчевска.  

The post Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ appeared first on Република.

]]>
Операта „Рита“ во изведба на Националната опера и балет го отвора „Интерфест“ во Битола https://republika.mk/vesti/kultura/operata-rita-vo-izvedba-na-natsionalnata-opera-i-balet-go-otvora-interfest-vo-bitola/ Mon, 02 Oct 2023 07:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=686935

Вечерва во Битола започнува 32-то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“, кој ќе трае до 12-ти октомври.

Во салата на Народниот театар во Битола ќе се одржи свеченоста по повод отворањето на фестивалот, а честа да ја отворат манифестацијата им припадна на уметниците од Националната Опера и балет кои ќе ја изведат операта „Рита“  од Гаетано Доницети, под диригентската палка на Иван Еминовиќ.

The post Операта „Рита“ во изведба на Националната опера и балет го отвора „Интерфест“ во Битола appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Битола започнува 32-то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“, кој ќе трае до 12-ти октомври. Во салата на Народниот театар во Битола ќе се одржи свеченоста по повод отворањето на фестивалот, а честа да ја отворат манифестацијата им припадна на уметниците од Националната Опера и балет кои ќе ја изведат операта „Рита“  од Гаетано Доницети, под диригентската палка на Иван Еминовиќ.

The post Операта „Рита“ во изведба на Националната опера и балет го отвора „Интерфест“ во Битола appeared first on Република.

]]>
„Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини утре на сцената на Националната опера и балет https://republika.mk/vesti/kultura/sevilskiot-berber-od-dhoakino-rosini-utre-na-stsenata-na-natsionalnata-opera-i-balet/ Thu, 09 Feb 2023 18:38:41 +0000 https://republika.mk/?p=607025

В петок (10.2.2023) со почеток во 20 часот, во салонот на Националната опера и балет ќе се одржи популарната opera buffa, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина.

Диригент е Андреја Наунов. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), сценограф  Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска.

Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Васко Здравков, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Благој Нацоски, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски,Берта: Соња Пендовска Мадевска, Фиорело: Драган Ампов, Амброзио: Јане Дунимаглоски, Камениот човек: Борко Биџовски. Хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Операта „Севилскиот бербер“ на Џоакино Росино изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со кои ретко кое друго оперско дело може да се спореди.

The post „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини утре на сцената на Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

В петок (10.2.2023) со почеток во 20 часот, во салонот на Националната опера и балет ќе се одржи популарната opera buffa, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина. Диригент е Андреја Наунов. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), сценограф  Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска. Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Васко Здравков, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Благој Нацоски, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски,Берта: Соња Пендовска Мадевска, Фиорело: Драган Ампов, Амброзио: Јане Дунимаглоски, Камениот човек: Борко Биџовски. Хорот и оркестарот на Национална опера и балет. Операта „Севилскиот бербер“ на Џоакино Росино изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со кои ретко кое друго оперско дело може да се спореди.  

The post „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини утре на сцената на Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>
Оперската претстава „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини в петок на сцената на Опера и балет https://republika.mk/vesti/kultura/operskata-pretstava-sevilskiot-berber-od-dhoakino-rosini-v-petok-na-stsenata-na-opera-i-balet/ Mon, 06 Feb 2023 09:40:55 +0000 https://republika.mk/?p=605318

В петок (10.2.2023) со почеток во 20 часот, во салонот на Националната опера и балет ќе се одржи популарната opera buffa, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина.

Диригент е Андреја Наунов. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), сценограф  Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска.

Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Васко Здравков, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Благој Нацоски, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски,Берта: Соња Пендовска Мадевска, Фиорело: Драган Ампов, Амброзио: Јане Дунимаглоски, Камениот човек: Борко Биџовски. Хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Операта „Севилскиот бербер“ на Џоакино Росино изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со кои ретко кое друго оперско дело може да се спореди.

The post Оперската претстава „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини в петок на сцената на Опера и балет appeared first on Република.

]]>

В петок (10.2.2023) со почеток во 20 часот, во салонот на Националната опера и балет ќе се одржи популарната opera buffa, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина. Диригент е Андреја Наунов. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), сценограф  Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска. Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Васко Здравков, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Благој Нацоски, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски,Берта: Соња Пендовска Мадевска, Фиорело: Драган Ампов, Амброзио: Јане Дунимаглоски, Камениот човек: Борко Биџовски. Хорот и оркестарот на Национална опера и балет. Операта „Севилскиот бербер“ на Џоакино Росино изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со кои ретко кое друго оперско дело може да се спореди.    

The post Оперската претстава „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини в петок на сцената на Опера и балет appeared first on Република.

]]>
Операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во НОБ https://republika.mk/vesti/kultura/operata-paljachi-od-rudhero-leonkavalo-vo-nob/ Fri, 27 Jan 2023 10:52:35 +0000 https://republika.mk/?p=601595

На сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе биде изведена драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало.

Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство… ќе биде изведена под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф Олга Панго, концерт – мајстор Јане Бакевски, хор – мајстор Јасмина Ѓорѓеска.

Во операта настапуваат Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Борис Трајанов, Дејан Стоев и Драган Ампов, балетските солисти Ендру Кук (Велика Британија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска и хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

The post Операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во НОБ appeared first on Република.

]]>

На сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе биде изведена драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало. Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство… ќе биде изведена под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф Олга Панго, концерт – мајстор Јане Бакевски, хор – мајстор Јасмина Ѓорѓеска. Во операта настапуваат Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Борис Трајанов, Дејан Стоев и Драган Ампов, балетските солисти Ендру Кук (Велика Британија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска и хорот и оркестарот на Националната опера и балет.  

The post Операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во НОБ appeared first on Република.

]]>
Концерт „Корени” на Нико Ѓоргиевски во Битола https://republika.mk/scena/muzika/koncert-koreni-na-niko-gjorgievski-vo-bitola/ Sat, 10 Dec 2022 07:46:03 +0000 https://republika.mk/?p=583908

Во Офицерскиот Дом во Битола вечерва концертно ќе биде претставен уникатниот проект на оперскиот пејач Нико Ѓоргиевски, насловен „Корени.

Според Ѓоргиевски, „Корени“ е проект што ги спојува потеклото и индивидуалните културни музички влијанија и ги претставува низ креативна призма во кохезија на вибрации и преплетени музички мисли, филозофии на протагонистите.

Со почит на предците и со надеж за разбирање на новите естетски видувања. Ќе слушнете стари македонски фолклорни песни преточени низ ситото на личните музички влијанија на изведувачите. Македонскиот фолклор ќе зазвучи низ призмата на неколку музички стилови, посочува Ѓоргиевски.

На концертот Ѓоргиевски ќе биде придужуван од Филип Димишковски – пијано, Стефан Петановски – гитара и Никола Бочваров – бас гитара.

Специјални гости се Зарина Првасевда и „Јаничари

The post Концерт „Корени” на Нико Ѓоргиевски во Битола appeared first on Република.

]]>

Во Офицерскиот Дом во Битола вечерва концертно ќе биде претставен уникатниот проект на оперскиот пејач Нико Ѓоргиевски, насловен „Корени.   Според Ѓоргиевски, „Корени“ е проект што ги спојува потеклото и индивидуалните културни музички влијанија и ги претставува низ креативна призма во кохезија на вибрации и преплетени музички мисли, филозофии на протагонистите.
Со почит на предците и со надеж за разбирање на новите естетски видувања. Ќе слушнете стари македонски фолклорни песни преточени низ ситото на личните музички влијанија на изведувачите. Македонскиот фолклор ќе зазвучи низ призмата на неколку музички стилови, посочува Ѓоргиевски.
На концертот Ѓоргиевски ќе биде придужуван од Филип Димишковски – пијано, Стефан Петановски – гитара и Никола Бочваров – бас гитара. Специјални гости се Зарина Првасевда и „Јаничари

The post Концерт „Корени” на Нико Ѓоргиевски во Битола appeared first on Република.

]]>
„Палјачи“ – операта за љубов, неверство и убиство вечерва во Националната опера и балет https://republika.mk/vesti/kultura/paljachi-operata-za-ljubov-neverstvo-i-ubistvo-vecherva-vo-nacionalnata-opera-i-balet/ Wed, 23 Nov 2022 08:00:13 +0000 https://republika.mk/?p=577184

На сцената на Националната опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало.

Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство… ќе биде изведена под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, соопшти НОБ.

Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф Олга Панго, концерт-мајстор Верица Ламбевска и хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ.

Настапуваат: Ѓорѓи Цуцковски, Дешира Амети-Крлиу, Марјан Јованоски, Јане Дунимаглоски, Драган Ампов, балетските солисти Ендру Кук од Англија, Агим Бафтии и Меланија Гоцевска, хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

The post „Палјачи“ – операта за љубов, неверство и убиство вечерва во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

На сцената на Националната опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало.
Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство… ќе биде изведена под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, соопшти НОБ.
Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф Олга Панго, концерт-мајстор Верица Ламбевска и хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Настапуваат: Ѓорѓи Цуцковски, Дешира Амети-Крлиу, Марјан Јованоски, Јане Дунимаглоски, Драган Ампов, балетските солисти Ендру Кук од Англија, Агим Бафтии и Меланија Гоцевска, хорот и оркестарот на Националната опера и балет.  

The post „Палјачи“ – операта за љубов, неверство и убиство вечерва во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>
Оперската претстава „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало вечерва на сцената на Национална опера и балет https://republika.mk/vesti/kultura/operskata-pretstava-paljachi-od-rudzero-leonkavalo-vecherva-na-scenata-na-nacionalna-opera-i-balet/ Fri, 08 Apr 2022 15:17:13 +0000 https://republika.mk/?p=485409

Оперската претстава „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало ќе биде изведена вечер (20.00)  на сцената на Националната опера и балет.

Операта е во режија на Дејан Прошев, диригент е Бисера Чадловска, сценографија е на Илина Ангеловска, костимографијата на Никола Булески, кореограф е Олга Панго, концерт мајстор Јане Бакевски, а хор мајстор Ѓурѓица Дашиќ.

Свој настап ќе имаат Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Марјан Јованоски, Дејан Стоев и Васко Здравков, како и балетските играчи Ендру Кук од Велика Британија, Агим Бафтии и Меланија Гоцевска.

The post Оперската претстава „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало вечерва на сцената на Национална опера и балет appeared first on Република.

Оперската претстава „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало на 8 април во Националната опера и балет https://republika.mk/vesti/kultura/operskata-pretstava-paljachi-od-rudzero-leonkavalo-na-8-april-vo-nacionalnata-opera-i-balet/ Mon, 04 Apr 2022 08:18:57 +0000 https://republika.mk/?p=482969

Драматичната опера „ПАЛЈАЧИ“ од  италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 8 април 2022 со почеток во 20.00 ч.

Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство...  ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценограф: Илина Ангеловска, костимограф: Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт мајстор: Јане Бакевски, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

Настапуваат: Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Марјан Јованоски, Дејан Стоев, Васко Здравков, балетските играчи:  Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска.

Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 со важност од 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.

Задолжително е носење на заштитна маска, информораат од Националата опера и балет.

The post Оперската претстава „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало на 8 април во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

Драматичната опера „ПАЛЈАЧИ“ од  италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 8 април 2022 со почеток во 20.00 ч. Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство...  ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценограф: Илина Ангеловска, костимограф: Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт мајстор: Јане Бакевски, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска. Настапуваат: Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Марјан Јованоски, Дејан Стоев, Васко Здравков, балетските играчи:  Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска. Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 со важност од 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест. Задолжително е носење на заштитна маска, информораат од Националата опера и балет.

The post Оперската претстава „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало на 8 април во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>
Вучиќ и принцот Алберт на опера во Монако https://republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-i-princot-albert-na-opera-vo-monako/ Tue, 22 Feb 2022 22:24:09 +0000 https://republika.mk/?p=462206

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, е во посета на Кнежевството Монако.

За време на средбата, претседателот Вучиќ присуствуваше на потпишувањето на Рамковниот договор за соработка меѓу Кнежеството Монако и Република Србија, а потоа принцот Алберт Втори од Монако му го врачи на претседателот Вучиќ Орденот – Големиот крст на Редот Свети Карло.

Вечерта Александар Вучиќ и принцот Алберт Втори присуствуваа на операта „Вертер“, по повод одбележувањето на стогодишнината од смртта на Алберт Први од Монако, а од настанот, претседателот на Србија објави фотографии на Инстаграм.

The post Вучиќ и принцот Алберт на опера во Монако appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, е во посета на Кнежевството Монако. За време на средбата, претседателот Вучиќ присуствуваше на потпишувањето на Рамковниот договор за соработка меѓу Кнежеството Монако и Република Србија, а потоа принцот Алберт Втори од Монако му го врачи на претседателот Вучиќ Орденот – Големиот крст на Редот Свети Карло. Вечерта Александар Вучиќ и принцот Алберт Втори присуствуваа на операта „Вертер“, по повод одбележувањето на стогодишнината од смртта на Алберт Први од Монако, а од настанот, претседателот на Србија објави фотографии на Инстаграм.  

The post Вучиќ и принцот Алберт на опера во Монако appeared first on Република.

]]>
Виенската филхармонија откажа неколку концерти поради коронавирусот https://republika.mk/vesti/kultura/vienskata-filharmonija-otkaza-nekolku-koncerti-poradi-koronavirusot/ Wed, 26 Jan 2022 08:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=449519

Виенската филхармонија ги откажа концертите во Германија оваа недела поради зголемениот број случаи на коронавирус во своите редови.

Планираните настапи во Келн и Хамбург закажани за денеска и утре нема да се одржат, соопшти познатиот ансамбл. Концертот во Париз, Франција, закажан за 26 јануари, исто така ќе биде откажан, а откажани се и два концерта во Салцбург, Австрија, во неделата на Моцарт – 29 јануари – 2 февруари.

Остатокот од турнејата со рускиот диригент Валери Гергиев и рускиот класичен пијанист Денис Мацуев треба да продолжи според планираното во февруари со концерти во Германија и САД.

The post Виенската филхармонија откажа неколку концерти поради коронавирусот appeared first on Република.

]]>

Виенската филхармонија ги откажа концертите во Германија оваа недела поради зголемениот број случаи на коронавирус во своите редови. Планираните настапи во Келн и Хамбург закажани за денеска и утре нема да се одржат, соопшти познатиот ансамбл. Концертот во Париз, Франција, закажан за 26 јануари, исто така ќе биде откажан, а откажани се и два концерта во Салцбург, Австрија, во неделата на Моцарт – 29 јануари – 2 февруари. Остатокот од турнејата со рускиот диригент Валери Гергиев и рускиот класичен пијанист Денис Мацуев треба да продолжи според планираното во февруари со концерти во Германија и САД.

The post Виенската филхармонија откажа неколку концерти поради коронавирусот appeared first on Република.

]]>