опаѓање на коса Archives - Република https://republika.mk/tema/opagjanje-na-kosa/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 06:51:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png опаѓање на коса Archives - Република https://republika.mk/tema/opagjanje-na-kosa/ 32 32 Како да го спречите есенското опаѓање на косата? https://republika.mk/zivot/zdravje/kako-da-go-sprechite-esenskoto-opagane-na-kosata/ Tue, 01 Oct 2024 07:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=821204

Сезонските промени носат различни промени во човековото тело, а една од помалку посакуваните појави е зголеменото опаѓање на косата наесен (а понекогаш и напролет). Стручњаците велат дека, сепак, постојат начини да се намали тој косопад.

Луѓето вообичаено губат околу 100 влакна коса секој ден. Ако, сепак, има повеќе влакна од вообичаено на перницата или на четката за коса при преминот од една сезона во друга, се работи за т.н. сезонско опаѓање на косата. Тоа е нормално и нема простор за грижи. Но, доколку опаѓањето продолжи подолго време, се препорачува посета на трихолог за да се открие вистинската причина.

Сезонскиот косопад се јавува кога Вашиот скалп доживува стрес од температурните промени, што резултира со губење на косата. Есента и пролетта се најчестите периоди за овој тип опаѓање на косата, објаснува Вес Шарптон, фризер и едукатор за брендот „Хејрстори“ (Hairstory).

Косата минува низ неколку циклуси: анаген (фаза на раст), катаген (транзиција), телоген (одмор) и егзоген (опаѓање). Според истражувањата, косата влегува во телоген-фазата во лето, а во егзоген - наесен.

Што точно ја предизвикува оваа транзиција - сè уште не се знае точно, но се смета дека температурните промени го поттикнуваат и катагенот и егзогенот.

Како да се справите со сезонското опаѓање на косата? Најважно, пред сè - е да се внимава на скалпот. Сувиот скалп го зголемува опаѓањето. Затоа, корисно е да се прават регенеративни третмани барем еднаш неделно за време на промената на годишното време.

Третманите со топло масло - особено масла што го поттикнуваат растот на косата, како зелениот чај, рицинусово или масло од здравец, можат значително да помогнат. Брит Дион - стилистка и уметничка директорка на „Аведа“ (Aveda), препорачува и шампон за длабинско чистење.

Урамнотежената исхрана, исто така, игра голема улога.

Одржувањето на оптималните нивоа на клучните хранливи материи за раст на косата може да го спречи сезонското опаѓање. Клучни се хранливите материи како витамин Д-3, железо, цинк, Б-12 и фолна киселина, вели д-р Вилијам Гонак, трихолог.

Нивниот недостаток, како и воспалението предизвикано од сезонските алергии, зголемениот внос на шеќер и намаленото изложување на сонце, може да го зголеми косопадот. Земањето додатоци во исхраната може да помогне. Исто така, треба да се избегнува прекумерна употреба на топлотни алатки и силна боја на коса во овие месеци за да се намали ризикот од иритација на скалпот.

The post Како да го спречите есенското опаѓање на косата? appeared first on Република.

]]>

Сезонските промени носат различни промени во човековото тело, а една од помалку посакуваните појави е зголеменото опаѓање на косата наесен (а понекогаш и напролет). Стручњаците велат дека, сепак, постојат начини да се намали тој косопад. Луѓето вообичаено губат околу 100 влакна коса секој ден. Ако, сепак, има повеќе влакна од вообичаено на перницата или на четката за коса при преминот од една сезона во друга, се работи за т.н. сезонско опаѓање на косата. Тоа е нормално и нема простор за грижи. Но, доколку опаѓањето продолжи подолго време, се препорачува посета на трихолог за да се открие вистинската причина.
Сезонскиот косопад се јавува кога Вашиот скалп доживува стрес од температурните промени, што резултира со губење на косата. Есента и пролетта се најчестите периоди за овој тип опаѓање на косата, објаснува Вес Шарптон, фризер и едукатор за брендот „Хејрстори“ (Hairstory).
Косата минува низ неколку циклуси: анаген (фаза на раст), катаген (транзиција), телоген (одмор) и егзоген (опаѓање). Според истражувањата, косата влегува во телоген-фазата во лето, а во егзоген - наесен. Што точно ја предизвикува оваа транзиција - сè уште не се знае точно, но се смета дека температурните промени го поттикнуваат и катагенот и егзогенот. Како да се справите со сезонското опаѓање на косата? Најважно, пред сè - е да се внимава на скалпот. Сувиот скалп го зголемува опаѓањето. Затоа, корисно е да се прават регенеративни третмани барем еднаш неделно за време на промената на годишното време. Третманите со топло масло - особено масла што го поттикнуваат растот на косата, како зелениот чај, рицинусово или масло од здравец, можат значително да помогнат. Брит Дион - стилистка и уметничка директорка на „Аведа“ (Aveda), препорачува и шампон за длабинско чистење. Урамнотежената исхрана, исто така, игра голема улога.
Одржувањето на оптималните нивоа на клучните хранливи материи за раст на косата може да го спречи сезонското опаѓање. Клучни се хранливите материи како витамин Д-3, железо, цинк, Б-12 и фолна киселина, вели д-р Вилијам Гонак, трихолог.
Нивниот недостаток, како и воспалението предизвикано од сезонските алергии, зголемениот внос на шеќер и намаленото изложување на сонце, може да го зголеми косопадот. Земањето додатоци во исхраната може да помогне. Исто така, треба да се избегнува прекумерна употреба на топлотни алатки и силна боја на коса во овие месеци за да се намали ризикот од иритација на скалпот.

The post Како да го спречите есенското опаѓање на косата? appeared first on Република.

]]>
Намалена желба за секс и губење на косата: Новооткриени симптоми на продолжен ковид https://republika.mk/zivot/zdravje/namalena-zelba-za-seks-i-gubenje-na-kosata-novootkrieni-simptomi-na-prodolzen-kovid/ Sun, 31 Jul 2022 15:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=534013

Истражувачки тим од Универзитетот во Бирмингем откри и објави дека опаѓањето на косата и намалениот сексуален нагон се два нови симптоми на долгорочен ковид. Во исто време, канадските научници од Медицинскиот факултет во Алберта објавија податоци дека шест отсто од децата страдаат од т.н. продолжен ковид.

На листата на бројни симптоми кои остануваат како последица на долготрајниот ковид, најчести досега се губење мирис, отежнато дишење и болки во градите, но и амнезија, неможност за изведување одредени движења и халуцинации.

Експертите, во зависност од природата на симптомите, формираа три групи на проблеми со кои се соочуваат оние кои страдаат од Ковид – тоа се респираторни проблеми, ментално здравје и когнитивни проблеми.

Тим од Универзитетот во Бирмингем ги следеше електронските здравствени досиеја на 2,4 милиони луѓе во Велика Британија, собрани помеѓу јануари 2020 година и април 2021 година, и откри дека пациентите имале нови здравствени проблеми повеќе од три месеци откако се заразиле со Ковид.

Истражувачите пресметале дека оние кои имале Ковид имаат 6,5 пати поголема веројатност да го изгубат сетилото за мирис 12 недели откако биле заразени со вирусот во споредба со оние кои не биле заразени.

Нашата анализа на податоците за факторите на ризик е од особен интерес бидејќи ни помага да размислиме што потенцијално може да предизвика или да придонесе за долгорочен ковид - вели професор д-р Шамил Харун од Универзитетот во Бирмингем.

Од друга страна, студија на истражувачи од Медицинскиот факултет во Алберта го потврди присуството на долгорочен ковид и кај децата.

Најчести долгорочни симптоми кај децата се замор, слабост, кашлица, како и проблеми со дишењето, кои траат со месеци по инфекцијата. Оваа студија опфатила 1.884 деца од дури осум земји.

За жал, не постојат познати терапии за долгорочен ковид кај децата и потребни се повеќе истражувања во оваа област - вели д-р. Стивен Фридман, еден од авторите на студијата.

The post Намалена желба за секс и губење на косата: Новооткриени симптоми на продолжен ковид appeared first on Република.

]]>

Истражувачки тим од Универзитетот во Бирмингем откри и објави дека опаѓањето на косата и намалениот сексуален нагон се два нови симптоми на долгорочен ковид. Во исто време, канадските научници од Медицинскиот факултет во Алберта објавија податоци дека шест отсто од децата страдаат од т.н. продолжен ковид. На листата на бројни симптоми кои остануваат како последица на долготрајниот ковид, најчести досега се губење мирис, отежнато дишење и болки во градите, но и амнезија, неможност за изведување одредени движења и халуцинации. Експертите, во зависност од природата на симптомите, формираа три групи на проблеми со кои се соочуваат оние кои страдаат од Ковид – тоа се респираторни проблеми, ментално здравје и когнитивни проблеми. Тим од Универзитетот во Бирмингем ги следеше електронските здравствени досиеја на 2,4 милиони луѓе во Велика Британија, собрани помеѓу јануари 2020 година и април 2021 година, и откри дека пациентите имале нови здравствени проблеми повеќе од три месеци откако се заразиле со Ковид. Истражувачите пресметале дека оние кои имале Ковид имаат 6,5 пати поголема веројатност да го изгубат сетилото за мирис 12 недели откако биле заразени со вирусот во споредба со оние кои не биле заразени.
Нашата анализа на податоците за факторите на ризик е од особен интерес бидејќи ни помага да размислиме што потенцијално може да предизвика или да придонесе за долгорочен ковид - вели професор д-р Шамил Харун од Универзитетот во Бирмингем.
Од друга страна, студија на истражувачи од Медицинскиот факултет во Алберта го потврди присуството на долгорочен ковид и кај децата. Најчести долгорочни симптоми кај децата се замор, слабост, кашлица, како и проблеми со дишењето, кои траат со месеци по инфекцијата. Оваа студија опфатила 1.884 деца од дури осум земји.
За жал, не постојат познати терапии за долгорочен ковид кај децата и потребни се повеќе истражувања во оваа област - вели д-р. Стивен Фридман, еден од авторите на студијата.

The post Намалена желба за секс и губење на косата: Новооткриени симптоми на продолжен ковид appeared first on Република.

]]>
„Останав без пола коса после ковидот“: Кристина Беквалац бара помош од јавнсота https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/ostanav-bez-pola-kosa-posle-kovidot-kristina-bekvalac-bara-pomosh-od-javnsota/ Mon, 17 Jan 2022 09:15:19 +0000 https://republika.mk/?p=445641

Сестрата на српската пејачка Наташа Беквалац, Кристина, која е позната во регионот и како стилистка и инфлуенсер, сега побара помош од своите следачи поради проблемот со кој се соочува по неодамнешното прележување на коронавирусот. Таа вели дека го поминала лесно со полесни симптоми, но сега се соочува со друг проблем - забрзано опаѓање на косата.

Жени, помогнете ми сега вие, бидејќи велите дека некогаш јас ви помагам. Дали има апчиња или производи за раст на косата? Останав без половина коса по ковид, загрижено напиша Кристина.

Кога се консултирала со експерти, сфатила дека не е единствена и дека вирусот предизвикува зголемено опаѓање на косата кај некои луѓе. Во нејзиниот случај ситуацијата е поалармантна бидејќи таа е платинесто-русокоса повеќе од една деценија, поради што и самата коса ѝ е доста оштетена.

The post „Останав без пола коса после ковидот“: Кристина Беквалац бара помош од јавнсота appeared first on Република.