онколошка терапија Archives - Република https://republika.mk/tema/onkoloshka-terapija/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 15:17:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png онколошка терапија Archives - Република https://republika.mk/tema/onkoloshka-terapija/ 32 32 Таравари: За неколку недели ќе се прима онколошка терапија во ГОБ „8 Септември“ https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-za-nekolku-nedeli-ke-se-prima-onkoloshka-terapija-vo-gob-8-septemvri/ Mon, 22 Jul 2024 15:17:19 +0000 https://republika.mk/?p=799266

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска, ја посети Градската општа болница „8 Септември по повод отворање онколошко одделение и обезбедување терапија за пациентите со малигни заболувања.

Заедно со директорите на ГОБ „8 Септември, проф. д-р Синиша Стојаноски и на Клиниката за онкологија, д-р Игор Стојковски ги посетивме амбулантите за онкологија, како и дневната амбуланта која очекувам да профункционира за неколку недели. Има решение од Министерство за здравство да можат да се вршат амбулантско-консултативни прегледи и во оваа болница. Целта е дисперзирање на терапијата и растоварување на работата на Клиниката за онкологија, истакна при посетата министерот Таравари.

Директорот на болницата ГОБ „8 Септември“ појасни дека е изготвен план и динамика за почнување со работа на онколошката амбуланта, каде ќе може да се прима терапија на одделот за специјалистичко-консултативната онкологија во оваа болница.

За почеток ќе се трудиме динамиката да одговара на капацитетите, како кадровски, така и функционални на болницата, а постепено како што ќе се зголемува тимот, така ќе расте и бројката на пациенти кои ќе се третираат во оваа установа, истакна д-р Стојаноски.

The post Таравари: За неколку недели ќе се прима онколошка терапија во ГОБ „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>

„Доктори препродаваат лекови на болни од рак“, тврди вработена во Онкологија откако пациенти останаа без „оксалиплатин“ https://republika.mk/vesti/makedonija/doktori-preprodavaat-lekovi-na-bolni-od-rak-tvrdi-vrabotena-vo-onkologija-otkako-pacienti-ostanaa-bez-oksaliplatin/ Thu, 03 Nov 2022 10:30:18 +0000 https://republika.mk/?p=569132

Медицински персонал од Клиниката за онкологија сведочи дека пациентите биле манипулирани со лековите за рак. Вработена во клиниката, која сакаше да остане анонимна, за „Алсат“ вели дека терапиите не им се даваат на пациентите во целост, туку половина од ампулата останува да се продава приватно. Таа тврди дека 6 од 20-те лекари кои даваат скапи терапии вредни илјадници евра прават вакви манипулации и дека во одделението на дневната болница има посебен простор од задната врата каде што влегуваат пациенти кои плаќаат.

Според вработената на Oнкологија, пофлагрантно се кршат прават на пацинтите во ноќната смена. Скапите терапии за рак се даваат со вкрстен потпис на директорот, специјалистот и главните медицински сестри. Таа вели дека ги пријавува овие неправилности од сочувство кон пациентите кои страдаат.

Има наводи и за други злоупотреби на Клиниката за онкологија. Анонимно писмо укажува на сомневања дека во системот се активни лица кои починале пред неколку години, а во нивно име се пишуваат терапии, пренесува „Алсат“.

Во меѓувреме, онколошки пациенти, кои останаа без потребната терапија, во редакцијата на „Курир“ се пожалија дека иако хемотерапија им била препишана, не можат да ја примаат бидејќи лекот го немало. Додека кај едни е прекинат циклусот, други не можат да почнат со хемотерапија бидејќи лекот „оксалиплатин“ го нема.

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија сме информирани дека во петок ќе пристигнат нови количини од лекот Оксалиплатин, и пациентите навремено ќе ја добијат терапијата, се вели во кусиот одговор од МЗ за Курир.

Во меѓувреме, пациентите се снаоѓаат како знаат. Некои се обидуваат да го најдат лекот во соседните земји и да продолжат или почнат со терапијата, а други поради финансии остануваат да чекаат лекот да биде обезбеден од Клиниката која е должна да го набави.

Инаку денеска д-р Виолета Клисарова беше поставена за директорка на Клиниката, откако довчерашниот директор Никола Васев, на барање на министерот Беким Сали, си поднесе оставка од позицијата.

Оставката следува по контролите на Фондот за здравствено осигурување за исплата на дежурства.

Во последниот период и на двете клиники имаше доста скандали поврзани со работата на директорите и поради тоа мораше да се преземе ваков чекор. На тој начин се создадоа и сомнежи околу нивната работа и затоа тие денес си поднесоа оставки и на нивно место ќе бидат назначени нови директори, вели Сали за „Фокус“, во врска со оставките на Васев и Аспазија Софијанова која се повлече од директорското место во Клиниката за детски болести.

The post „Доктори препродаваат лекови на болни од рак“, тврди вработена во Онкологија откако пациенти останаа без „оксалиплатин“ appeared first on Република.

]]>

Медицински персонал од Клиниката за онкологија сведочи дека пациентите биле манипулирани со лековите за рак. Вработена во клиниката, која сакаше да остане анонимна, за „Алсат“ вели дека терапиите не им се даваат на пациентите во целост, туку половина од ампулата останува да се продава приватно. Таа тврди дека 6 од 20-те лекари кои даваат скапи терапии вредни илјадници евра прават вакви манипулации и дека во одделението на дневната болница има посебен простор од задната врата каде што влегуваат пациенти кои плаќаат. Според вработената на Oнкологија, пофлагрантно се кршат прават на пацинтите во ноќната смена. Скапите терапии за рак се даваат со вкрстен потпис на директорот, специјалистот и главните медицински сестри. Таа вели дека ги пријавува овие неправилности од сочувство кон пациентите кои страдаат. Има наводи и за други злоупотреби на Клиниката за онкологија. Анонимно писмо укажува на сомневања дека во системот се активни лица кои починале пред неколку години, а во нивно име се пишуваат терапии, пренесува „Алсат“. Во меѓувреме, онколошки пациенти, кои останаа без потребната терапија, во редакцијата на „Курир“ се пожалија дека иако хемотерапија им била препишана, не можат да ја примаат бидејќи лекот го немало. Додека кај едни е прекинат циклусот, други не можат да почнат со хемотерапија бидејќи лекот „оксалиплатин“ го нема.
Од Клиниката за радиотерапија и онкологија сме информирани дека во петок ќе пристигнат нови количини од лекот Оксалиплатин, и пациентите навремено ќе ја добијат терапијата, се вели во кусиот одговор од МЗ за Курир.
Во меѓувреме, пациентите се снаоѓаат како знаат. Некои се обидуваат да го најдат лекот во соседните земји и да продолжат или почнат со терапијата, а други поради финансии остануваат да чекаат лекот да биде обезбеден од Клиниката која е должна да го набави. Инаку денеска д-р Виолета Клисарова беше поставена за директорка на Клиниката, откако довчерашниот директор Никола Васев, на барање на министерот Беким Сали, си поднесе оставка од позицијата. Оставката следува по контролите на Фондот за здравствено осигурување за исплата на дежурства.