омаж Archives - Република https://republika.mk/tema/omaz/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Mar 2024 10:29:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png омаж Archives - Република https://republika.mk/tema/omaz/ 32 32 Омаж за Петре М. Андреевски – Расветлување на неговиот животопис и творечки опус https://republika.mk/vesti/kultura/omazh-za-petre-m-andreevski-rasvetluvane-na-negoviot-zhivotopis-i-tvorechki-opus/ Thu, 21 Mar 2024 10:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=756959

По повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата, денеска во Културно-социјалниот простор Центар – Јадро ќе се одржи омаж за Петре М. Андреевски – Расветлување на неговиот животопис и творечки опус.

Општина Центар го реализира овој проект посветен на пишаниот збор и ќе му го посвети на Петре М. Андреевски.

Оваа година се навршуваат 90 години од неговото раѓање и во негова чест во рамки на проектот ќе биде презентиран видеозапис што ќе го потенцира големото значење и трајната вредност на делото на Петре М. Андреевски.

Присутните гости ќе имаат можност и да се потсетат на дел од неговиот творечки опус.

Петре М. Андреевски (1934 – 2006) беше македонски поет, романсиер, раскажувач, драмски автор. Пишуваше стихови, раскази, романи, драми и филмски сценарија. Романот „Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза, а збирката „Дениција“ ја има означено како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам.

Петре Миланов Андреевски е роден на 25 јуни 1934 година во селото Слоештица, Демир Хисар. Основно образование завршил во родното село, а гимназија во Битола. По завршувањето на средното образование студирал на Филозовскиот факултет во Скопје, на групата југословенска книжевност.

По завршувањето на студиите Андреевски работел во Македонската телевизија. Долги години работи како уредник во МРТВ, а бил и уредник на списанието „Разгледи“. Од 1964 година бил член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), а од 1983 година и претседател на друштвото. Андреевски бил член и на Македонскиот ПЕН-центар.

Петре М. Андреевски од мај 2000 година е член и на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Своето место во МАНУ тој го заслужи со своето творештво кое е разновидно и опфаќа романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност.

Во текот на неговиот живот и постхумно објавени се стихозбирките: „Јазли“ (1960), „И на небо и на земја“ (1962), „Дениција“ (1968), „Дални наковални“ (1971), „Пофалби и поплаки“ (1975), „Вечна куќа“ (1987), „Лакримариј“ (1999); потоа книгите со раскази: „Седмиот ден“ (1964), „Неверни години“ (1974), „Сите лица на смртта“ (1994), „Боеми“ (постхумно); како и романите: „Пиреј“ (1980), „Скакулци“ (1983), „Небеска Тимјановна“ (1988), „Последните селани“ (1997), „Тунел“ (2003), „Бежанци“ (постхумно). Исто така ја објавува книгата драми (1984), во која влегуваат: „Време за пеење“ и „Богунемили“, потоа есејот „Сегашно минато време“ (2006) и има објавено и две збирки стихови за деца („Шарам барам“ и „Касни порасни“).

The post Омаж за Петре М. Андреевски – Расветлување на неговиот животопис и творечки опус appeared first on Република.

]]>

По повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата, денеска во Културно-социјалниот простор Центар – Јадро ќе се одржи омаж за Петре М. Андреевски – Расветлување на неговиот животопис и творечки опус. Општина Центар го реализира овој проект посветен на пишаниот збор и ќе му го посвети на Петре М. Андреевски. Оваа година се навршуваат 90 години од неговото раѓање и во негова чест во рамки на проектот ќе биде презентиран видеозапис што ќе го потенцира големото значење и трајната вредност на делото на Петре М. Андреевски. Присутните гости ќе имаат можност и да се потсетат на дел од неговиот творечки опус. Петре М. Андреевски (1934 – 2006) беше македонски поет, романсиер, раскажувач, драмски автор. Пишуваше стихови, раскази, романи, драми и филмски сценарија. Романот „Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза, а збирката „Дениција“ ја има означено како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам. Петре Миланов Андреевски е роден на 25 јуни 1934 година во селото Слоештица, Демир Хисар. Основно образование завршил во родното село, а гимназија во Битола. По завршувањето на средното образование студирал на Филозовскиот факултет во Скопје, на групата југословенска книжевност. По завршувањето на студиите Андреевски работел во Македонската телевизија. Долги години работи како уредник во МРТВ, а бил и уредник на списанието „Разгледи“. Од 1964 година бил член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), а од 1983 година и претседател на друштвото. Андреевски бил член и на Македонскиот ПЕН-центар. Петре М. Андреевски од мај 2000 година е член и на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Своето место во МАНУ тој го заслужи со своето творештво кое е разновидно и опфаќа романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Во текот на неговиот живот и постхумно објавени се стихозбирките: „Јазли“ (1960), „И на небо и на земја“ (1962), „Дениција“ (1968), „Дални наковални“ (1971), „Пофалби и поплаки“ (1975), „Вечна куќа“ (1987), „Лакримариј“ (1999); потоа книгите со раскази: „Седмиот ден“ (1964), „Неверни години“ (1974), „Сите лица на смртта“ (1994), „Боеми“ (постхумно); како и романите: „Пиреј“ (1980), „Скакулци“ (1983), „Небеска Тимјановна“ (1988), „Последните селани“ (1997), „Тунел“ (2003), „Бежанци“ (постхумно). Исто така ја објавува книгата драми (1984), во која влегуваат: „Време за пеење“ и „Богунемили“, потоа есејот „Сегашно минато време“ (2006) и има објавено и две збирки стихови за деца („Шарам барам“ и „Касни порасни“).  

The post Омаж за Петре М. Андреевски – Расветлување на неговиот животопис и творечки опус appeared first on Република.

]]>
Анте Поповски е вертикала на светската поезија и тоа што ние го имаме во Македонија е наша среќа и треба да ја препознаеме дури и во негово отсуство https://republika.mk/vesti/kultura/ante-popovski-e-vertikala-na-svetskata-poezija-i-toa-shto-nie-go-imame-vo-makedonija-e-nasha-sreka-i-treba-da-ja-prepoznaeme-duri-i-vo-negovo-otsustvo/ Fri, 27 Oct 2023 09:58:37 +0000 https://republika.mk/?p=695462

Анте Поповски е вертикала на светската поезија. Тоа што ние го имаме во Македонија е наша среќа и таа среќа треба да ја препознаеме дури и во негово отсуство, рече синоќа Венко Андоновски во своето излагање по повод на Омажот посветен на 20 годишнината од смртта на поетот.

Се сметам за следбеник на Анте и за негов ученик иако јас пишувам проза и романи, а тој пишуваше поезија и есеи. Нема таков поет во Македонија кој во својата поетска леќа има инсталирано микроскоп, за микроскопски да ја гледа стварноста. Тој сака да го види невидливото. А во Библијата стои: Се што гледаме сведочи за невидливото. Во поезијата на Анте наоѓам една тивка религиозност, една проврзаност кон она што е невидливо, што не може да се види со голо око. Задача на поетот е да го види невидливото, а неговата поезија сведочи за невидливото. И тоа е универзалното значење на неговата поезија што и дава значење на светска, рече Андоновски.

Од 1959 година кога излезе од печат збирката поезија „Вардар“, Анте ја има за константа Македонија.

Сите кои ја толкуваат таа лирика како патриотска сврзана за една држава треба да имаат предвид дека Анте пее за една невидлива Македонија. Сака да ја искаже онаа Македонија која не е искажана, онаа која е милениумски проект на космосот, онаа за која тој тврдеше и дека дала еден хемиски елемент во Менделеевата табличка на елементите - Македониум. Тоа е таа составка без која космосот не може да се растајни. За него Македонија е шифрата на растајнување на космосот, посебно во „Света песна“. Во таа негова поетска круна повторно е ориентиран кон една невидлива Македонија и повторно говори за неименливото и невидливото што го викаме Македонија, истакна Андоновски.

Тајните древни писма се третата опсесија на Поповски.

Анте беше обземен од писмото како феномен. И ако навистина се погледне цивилизациски, тоа е можеби најголемиот изум досега во човековиот живот. Писмото е меморија и Анте веруваше дека поезијата е најпотентно писмо. Тврдеше дека ниедна историја на ниеден народ не може да запомни толку колку што може една поезија. Запишувањето е клучно за Анте, тој се плашеше дека нешто ќе се заборави, дека нешто нема да се пренесе на поколенијата. Ни остави книга која се вика „Записи од дамнина“. Ги извади од средновековните евангелија записите што се на маргините, што оние препишувачи со ноќи и ноќи работеле и не смееле да сменат ништо во преписот, ги најде нивните изблици на индивидуалност што ги запишале на маргините под сериозна закана да бидат казнети зошто не смее да се остава личен запис на светите книги. За мене ова е исклучителна книга, во нив се наоѓа првата македонска стилска фигура, првата метафора, а тоа се анонимни препишувачи кои имале поетски талент. И тоа ќе останеше невидлив ако Анте не ни го укажете. Круна на тие записи е една мала белешка на магрините на една мала песна - некој препишувач вели дека бил многу изморен, дека некоја калуѓерка Теодосија му донела вино и последниот стих е: „Очи ми се отворише“, ама тоа „О“ во „очи“ е напишано со црнка, со зеница внатре. Визуелната поезија се појави во втората половина на дваесеттиот век, а Анте ја извлече во тие записи од нашето средновековие. Зарем треба нешто повеќе од тоа да се каже за да се сфати мисијата на овој човек, кој навистина беше ориентиран кон тоа невидливо, рече Андоновски.

Анте сметаше дека мора да се остави трага за Македонија. И неговата поезија која е капитална од светски ранг, таков поет беше и Анте, секогаш настанува не од ништо, туку од недостиг. Зад сите стихови на Анте Поповски стои тага за изгубената прапостојбина, место кое е извор на Македонија и на тој Македониум, неговата поезија се раѓа во меланхолична болка што доаѓа од свеста за нешто загубено, кое се открива преку стари писма, преку симболи, архетипови, записи од дамнината, равенки во поезијата...

Книжевноста ни е дадена за да сме утешиме што сме смртни, велеше Анте, а вечерва сум убеден дека не гледа одозгора, а под мишка го носи единствениот уникате часовник на светот кој не мери време туку вечност, заврши Андоновски.

Настанот се одржа во КИЦ- Скопје, во организација на Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски, „Антево перо“ како дел од шестото издание на меѓународната поетско-културна манифестација, што се одржува во чест на македонскиот книжевен великан и го носи неговото име.

Присутните може да чујат дел од првото пеење „Каин и Авел“ од грандиозното дело на Поповски „Света песна“ во изведба на артистката Софија Гогова-Врчаковска, на која потоа ѝ беше врачено признанието „Антева златна книга“, кое се состои од поетски творби од Анте Поповски во кожен повез, испишани со неговиот оригинален ракопис.

Во чест на поетот беше промовирана комбинирана веб-страница, која содржи многубројни значајни податоци за творештвото на Анте Поповски, за Здружението, кое се грижи за чување и афирмација на неговото дело и оставнина, како и за реализацијата на шесте досегашни изданија на меѓународната манифестација „Анте Поповски – „Антево перо“.

The post Анте Поповски е вертикала на светската поезија и тоа што ние го имаме во Македонија е наша среќа и треба да ја препознаеме дури и во негово отсуство appeared first on Република.

]]>

Анте Поповски е вертикала на светската поезија. Тоа што ние го имаме во Македонија е наша среќа и таа среќа треба да ја препознаеме дури и во негово отсуство, рече синоќа Венко Андоновски во своето излагање по повод на Омажот посветен на 20 годишнината од смртта на поетот.
Се сметам за следбеник на Анте и за негов ученик иако јас пишувам проза и романи, а тој пишуваше поезија и есеи. Нема таков поет во Македонија кој во својата поетска леќа има инсталирано микроскоп, за микроскопски да ја гледа стварноста. Тој сака да го види невидливото. А во Библијата стои: Се што гледаме сведочи за невидливото. Во поезијата на Анте наоѓам една тивка религиозност, една проврзаност кон она што е невидливо, што не може да се види со голо око. Задача на поетот е да го види невидливото, а неговата поезија сведочи за невидливото. И тоа е универзалното значење на неговата поезија што и дава значење на светска, рече Андоновски.
Од 1959 година кога излезе од печат збирката поезија „Вардар“, Анте ја има за константа Македонија.
Сите кои ја толкуваат таа лирика како патриотска сврзана за една држава треба да имаат предвид дека Анте пее за една невидлива Македонија. Сака да ја искаже онаа Македонија која не е искажана, онаа која е милениумски проект на космосот, онаа за која тој тврдеше и дека дала еден хемиски елемент во Менделеевата табличка на елементите - Македониум. Тоа е таа составка без која космосот не може да се растајни. За него Македонија е шифрата на растајнување на космосот, посебно во „Света песна“. Во таа негова поетска круна повторно е ориентиран кон една невидлива Македонија и повторно говори за неименливото и невидливото што го викаме Македонија, истакна Андоновски.
Тајните древни писма се третата опсесија на Поповски.
Анте беше обземен од писмото како феномен. И ако навистина се погледне цивилизациски, тоа е можеби најголемиот изум досега во човековиот живот. Писмото е меморија и Анте веруваше дека поезијата е најпотентно писмо. Тврдеше дека ниедна историја на ниеден народ не може да запомни толку колку што може една поезија. Запишувањето е клучно за Анте, тој се плашеше дека нешто ќе се заборави, дека нешто нема да се пренесе на поколенијата. Ни остави книга која се вика „Записи од дамнина“. Ги извади од средновековните евангелија записите што се на маргините, што оние препишувачи со ноќи и ноќи работеле и не смееле да сменат ништо во преписот, ги најде нивните изблици на индивидуалност што ги запишале на маргините под сериозна закана да бидат казнети зошто не смее да се остава личен запис на светите книги. За мене ова е исклучителна книга, во нив се наоѓа првата македонска стилска фигура, првата метафора, а тоа се анонимни препишувачи кои имале поетски талент. И тоа ќе останеше невидлив ако Анте не ни го укажете. Круна на тие записи е една мала белешка на магрините на една мала песна - некој препишувач вели дека бил многу изморен, дека некоја калуѓерка Теодосија му донела вино и последниот стих е: „Очи ми се отворише“, ама тоа „О“ во „очи“ е напишано со црнка, со зеница внатре. Визуелната поезија се појави во втората половина на дваесеттиот век, а Анте ја извлече во тие записи од нашето средновековие. Зарем треба нешто повеќе од тоа да се каже за да се сфати мисијата на овој човек, кој навистина беше ориентиран кон тоа невидливо, рече Андоновски.
Анте сметаше дека мора да се остави трага за Македонија. И неговата поезија која е капитална од светски ранг, таков поет беше и Анте, секогаш настанува не од ништо, туку од недостиг. Зад сите стихови на Анте Поповски стои тага за изгубената прапостојбина, место кое е извор на Македонија и на тој Македониум, неговата поезија се раѓа во меланхолична болка што доаѓа од свеста за нешто загубено, кое се открива преку стари писма, преку симболи, архетипови, записи од дамнината, равенки во поезијата...
Книжевноста ни е дадена за да сме утешиме што сме смртни, велеше Анте, а вечерва сум убеден дека не гледа одозгора, а под мишка го носи единствениот уникате часовник на светот кој не мери време туку вечност, заврши Андоновски.
  Настанот се одржа во КИЦ- Скопје, во организација на Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски, „Антево перо“ како дел од шестото издание на меѓународната поетско-културна манифестација, што се одржува во чест на македонскиот книжевен великан и го носи неговото име. Присутните може да чујат дел од првото пеење „Каин и Авел“ од грандиозното дело на Поповски „Света песна“ во изведба на артистката Софија Гогова-Врчаковска, на која потоа ѝ беше врачено признанието „Антева златна книга“, кое се состои од поетски творби од Анте Поповски во кожен повез, испишани со неговиот оригинален ракопис. Во чест на поетот беше промовирана комбинирана веб-страница, која содржи многубројни значајни податоци за творештвото на Анте Поповски, за Здружението, кое се грижи за чување и афирмација на неговото дело и оставнина, како и за реализацијата на шесте досегашни изданија на меѓународната манифестација „Анте Поповски – „Антево перо“.  

The post Анте Поповски е вертикала на светската поезија и тоа што ние го имаме во Македонија е наша среќа и треба да ја препознаеме дури и во негово отсуство appeared first on Република.

]]>
Последниот концерт на фестивалот „Денови на македонска музика“ посветен на делото и творештвото на неодамна починатиот македонски композитор Љубомир Бранѓолица https://republika.mk/vesti/kultura/posledniot-kontsert-na-festivalot-denovi-na-makedonska-muzika-posveten-na-deloto-i-tvoreshtvoto-na-neodamna-pochinatiot-makedonski-kompozitor-lubomir-brangolitsa/ Tue, 24 Oct 2023 06:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=694355

Во Камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 19 часот ќе се одржи последниот концерт од годинашното издание на фестивалот „Денови на македонска музика“ кој ќе биде посветен на делото и творештвото на неодамна починатиот македонски композитор Љубомир Бранѓолица.

На концертниот омаж, публиката ќе има можност да чуе дела од опусот за гудачки оркестар на авторот во изведба на солистите: Татјана Петрушевска- обоа, Здравко Ангелов – кларинет, Марјан Милошевски – фагот и Мартин Димитров – виолина кои ќе настапат заедно со гудачкиот оркестар „Ајга“ под диригентската палка од маестро Борјан Цанев, најави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ).

Љубомир Бранѓолица (1932 – 2023) е дел од македонската музичка сцена во втората половина на дваесеттиот век. Во неговиот исклучително богат творечки опус се сместени опери, балети, камерни и хорски композиции, популарни и детски песни и аранжмани на творби од други, наши и странски автори. Опусот на авторот опфаќа 18 целовечерни балети. Сите тие (освен една „Бајазит и Оливера“) се изведени на сцената на Македонската опера и балет (порано МНТ) во периодот од 1959 („Велеградски варијации“) до 2013 година („Александар Македонски“).

-Главна карактеристика на композиторскиот јазик на Љубомир Бранѓолица, без оглед на видот на композициите или жанрот на кој тие му припаѓаат е неоромантичарскиот музички израз.Во неговото творештво речиси нема поведување по авангардните струења на дваесеттиот век. Неговите дела се тонални, со раскошна мелодика и со вешта оркестрација. Тоа е една од причините што постојано живеат на репертоарот на македонските и на светските музички уметници и ансамбли, стои во најавата од СОКОМ.

Организатори на концертот „Омаж на Љубомир Бранѓолица“ се СОКОМ, Претседателот на државата и Филхармонија, а се реализира со поддршка на Министерството за култура.

The post Последниот концерт на фестивалот „Денови на македонска музика“ посветен на делото и творештвото на неодамна починатиот македонски композитор Љубомир Бранѓолица appeared first on Република.

]]>

Во Камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 19 часот ќе се одржи последниот концерт од годинашното издание на фестивалот „Денови на македонска музика“ кој ќе биде посветен на делото и творештвото на неодамна починатиот македонски композитор Љубомир Бранѓолица. На концертниот омаж, публиката ќе има можност да чуе дела од опусот за гудачки оркестар на авторот во изведба на солистите: Татјана Петрушевска- обоа, Здравко Ангелов – кларинет, Марјан Милошевски – фагот и Мартин Димитров – виолина кои ќе настапат заедно со гудачкиот оркестар „Ајга“ под диригентската палка од маестро Борјан Цанев, најави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). Љубомир Бранѓолица (1932 – 2023) е дел од македонската музичка сцена во втората половина на дваесеттиот век. Во неговиот исклучително богат творечки опус се сместени опери, балети, камерни и хорски композиции, популарни и детски песни и аранжмани на творби од други, наши и странски автори. Опусот на авторот опфаќа 18 целовечерни балети. Сите тие (освен една „Бајазит и Оливера“) се изведени на сцената на Македонската опера и балет (порано МНТ) во периодот од 1959 („Велеградски варијации“) до 2013 година („Александар Македонски“). -Главна карактеристика на композиторскиот јазик на Љубомир Бранѓолица, без оглед на видот на композициите или жанрот на кој тие му припаѓаат е неоромантичарскиот музички израз.Во неговото творештво речиси нема поведување по авангардните струења на дваесеттиот век. Неговите дела се тонални, со раскошна мелодика и со вешта оркестрација. Тоа е една од причините што постојано живеат на репертоарот на македонските и на светските музички уметници и ансамбли, стои во најавата од СОКОМ. Организатори на концертот „Омаж на Љубомир Бранѓолица“ се СОКОМ, Претседателот на државата и Филхармонија, а се реализира со поддршка на Министерството за култура.

The post Последниот концерт на фестивалот „Денови на македонска музика“ посветен на делото и творештвото на неодамна починатиот македонски композитор Љубомир Бранѓолица appeared first on Република.

]]>
Во Москва омаж посветен на академик Влада Урошевиќ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-moskva-omazh-posveten-na-akademik-vlada-uroshevik/ Sun, 27 Aug 2023 08:37:09 +0000 https://republika.mk/?p=676231

Скопје, 27 август 2023 (МИА) - Олга Панкина вчера во Москва организира омаж посветен на академик Влада Урошевиќ - македонски поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година.

Настанот се одржа во библиотеката „Алексеj Толстоj“ во рамките на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!“ што успешно го реализира од 2014 година.

Олга Панкина го претстави богатото творештвото на Влада Урошевиќ кое им е познато на руските читатели благодарение на преведените од неа романи „Невестата на змеjот“, „Барајте го гавранот“ („Дива лига“) и „Маџун“, расказите „Сабја“, „Кукла“, „Вишнев ликер“ и други.

Посебно во своето излагање таа се задржа на новата поетска збирка насловена „Jужна sвезда“, која содржи над 200 песни на истакнатиот македонски поет. Според жанрот, тие се досетливи нацрти, новели, балади, полни со афористички хумор и со самоиронија.

„Jужна sвезда“ излегува по збирката „Пејач во кулата“ за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија „Златен витез“.

Двете поетски книги проследени со исклучителни колажи на Влада Урошевиќ ги објави реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“.

Пред бројните гости беше прочитан дел од поезијата на Влада Урошевиќ во оригинал и во препев.вј/

The post Во Москва омаж посветен на академик Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>

Скопје, 27 август 2023 (МИА) - Олга Панкина вчера во Москва организира омаж посветен на академик Влада Урошевиќ - македонски поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година. Настанот се одржа во библиотеката „Алексеj Толстоj“ во рамките на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!“ што успешно го реализира од 2014 година. Олга Панкина го претстави богатото творештвото на Влада Урошевиќ кое им е познато на руските читатели благодарение на преведените од неа романи „Невестата на змеjот“, „Барајте го гавранот“ („Дива лига“) и „Маџун“, расказите „Сабја“, „Кукла“, „Вишнев ликер“ и други. Посебно во своето излагање таа се задржа на новата поетска збирка насловена „Jужна sвезда“, која содржи над 200 песни на истакнатиот македонски поет. Според жанрот, тие се досетливи нацрти, новели, балади, полни со афористички хумор и со самоиронија. „Jужна sвезда“ излегува по збирката „Пејач во кулата“ за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија „Златен витез“. Двете поетски книги проследени со исклучителни колажи на Влада Урошевиќ ги објави реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“. Пред бројните гости беше прочитан дел од поезијата на Влада Урошевиќ во оригинал и во препев.вј/  

The post Во Москва омаж посветен на академик Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>
Песните на Ацо Шопов и денес зрачат и побудуваат емоција и размисла кај читателите, рече Соња Стојменска Елзесер на одбележувањето на 100 години од раѓањето на поетот https://republika.mk/vesti/kultura/pesnite-na-atso-shopov-i-denes-zrachat-i-pobuduvaat-emotsija-i-razmisla-kaj-chitatelite-reche-sona-stojmenska-elzeser-na-odbelezhuvaneto-na-100-godini-od-raganeto-na-poetot/ Wed, 15 Mar 2023 07:51:06 +0000 https://republika.mk/?p=619729

Творечкиот опус на Ацо Шопов е еден од столбовите на македонската модерна поезија. Неговите песни и денес, после цело столетие од неговото раѓање, зрачат и побудуваат емоција и размисла кај читателите рече проф. д-р Соња Стојменска Елзесер, научен советник во Одделението за теорија на литературата и компаративната книжевност и редовен професор на Културолошките студии при Институтот за македонска литература на одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов, организиран од Општина Центар и Францускиот институт во Скопје.

Ацо Шопов беше поет, преведувач, член на МАНУ и еден од основоположниците на современата македонска поезија

Шопов ја проширува границата на македонската литература, сместувајќи ја како трајна вредност во книжевностите на европските земји. Нашата заедничка обврска е зачувување на неговата оставнина, беше кажано на вчерашниот настан.

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски во обраќањето на омажот во Музејот на македонската борба во Скопје, ја акцентираше големата вредност на поезијата на Шопов и неговиот придонес кон македонската литература и кон неговата преведувачка дејност.

Кратко е времето да ги опфатиме сите вредности кои го сочинуваат животот и делото на Шопов. Неговото учество во НОБ, продукцијата на првата повоена книга на македонски јазик, воспоставување на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ но и неговите дипломатски и литературни ангажмани. Црпејќи инспирација во македонското народно творештво и водејќи се од Рацин, генијалноста на Шопов лежи во успехот да креира формули. Таа формула создава постојана модерна поезија, поезија со траен, современ сензибилитет. Шопов ја збогатува нашата литература и со преводи на литературни дела од други јазици, потенцираше Герасимовски.

Според него, Шопов ја проширува границата на македонската литература, сместувајќи ја како трајна вредност во книжевностите на европските земји.

Наша заедничка обврска е зачувување на неговата оставнина, советување за наше понатамошно создавање на идни настани и манифестации во чест на Ацо Шопов, додаде градоначалникот на Центар.

Директорот на Францускиот институт, Иго Бештел во обраќањето посочи дека Шопов секогаш со себе имал скромност и едноставност, дури и во време кога ги извршувал највисоките функции.

Ацо Шопов секогаш беше отворен и полн со почит кон светските култури и најмногу од се го водеше љубовта кон францускиот јазик, но уште повеќе, за сопствениот јазик, со кој тој толку блескаво твореше. Во март го славиме месецот на Франкофонијата, пред се на францускиот јазик, но и на вредностите што ги носи повеќејазичноста и почитта кон културната разновидност. Македонскиот јазик кој сега е признаен на европско ниво, се студира во Франција веќе долго време и има сопствена катедра на најпрестижниот јазичен универзитет, додаде Бештел.

Според поетот Веле Смилевски, факт е дека творечкиот развој на Ацо Шопов е еквивалентен на неколку важни фази од развојот на повоената македонската литература. Тие фази, како што рече, со своите специфики се одвиваа во јасно разграничени раздобја.

А кога се во прашање годините, вистинска мера за нив е песната. Тоа е песната на Ацо Шопов, песната извишена над годините. Песната која и нас денес не потсетува на пораката на својот автор. „Твоите години и моите години, два брега, два камена, две небиднини. Твоите години и моите години наши години“. На тие два брега, два камена и две небиднини се извишува песната на Ацо Шопов како постојан поттик за нови пристапи, доживувања и толкувања. Песната со своите визии, со своите очи и несоници, со своите длабоки тајни и тајни длабочини, песната со своите молитви и со својата убавина на вечноста и вечното откривање, песната со своите тишини и своите интимни трикови и болештини, песната со камења, глуждови. Претставниците на повоената македонска литература одиграа значајна улога во афирмацијата, творештвото и стремежот за освојување на рамништа, кои беа основа на новите современи модерни тенденции, со кои во наредните децении македонската литература го фаќаше чекорот со развојните европски текови, рече Смилевски.

The post Песните на Ацо Шопов и денес зрачат и побудуваат емоција и размисла кај читателите, рече Соња Стојменска Елзесер на одбележувањето на 100 години од раѓањето на поетот appeared first on Република.

]]>

Творечкиот опус на Ацо Шопов е еден од столбовите на македонската модерна поезија. Неговите песни и денес, после цело столетие од неговото раѓање, зрачат и побудуваат емоција и размисла кај читателите рече проф. д-р Соња Стојменска Елзесер, научен советник во Одделението за теорија на литературата и компаративната книжевност и редовен професор на Културолошките студии при Институтот за македонска литература на одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов, организиран од Општина Центар и Францускиот институт во Скопје. Ацо Шопов беше поет, преведувач, член на МАНУ и еден од основоположниците на современата македонска поезија Шопов ја проширува границата на македонската литература, сместувајќи ја како трајна вредност во книжевностите на европските земји. Нашата заедничка обврска е зачувување на неговата оставнина, беше кажано на вчерашниот настан. Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски во обраќањето на омажот во Музејот на македонската борба во Скопје, ја акцентираше големата вредност на поезијата на Шопов и неговиот придонес кон македонската литература и кон неговата преведувачка дејност.
Кратко е времето да ги опфатиме сите вредности кои го сочинуваат животот и делото на Шопов. Неговото учество во НОБ, продукцијата на првата повоена книга на македонски јазик, воспоставување на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ но и неговите дипломатски и литературни ангажмани. Црпејќи инспирација во македонското народно творештво и водејќи се од Рацин, генијалноста на Шопов лежи во успехот да креира формули. Таа формула создава постојана модерна поезија, поезија со траен, современ сензибилитет. Шопов ја збогатува нашата литература и со преводи на литературни дела од други јазици, потенцираше Герасимовски.
Според него, Шопов ја проширува границата на македонската литература, сместувајќи ја како трајна вредност во книжевностите на европските земји.
Наша заедничка обврска е зачувување на неговата оставнина, советување за наше понатамошно создавање на идни настани и манифестации во чест на Ацо Шопов, додаде градоначалникот на Центар.
Директорот на Францускиот институт, Иго Бештел во обраќањето посочи дека Шопов секогаш со себе имал скромност и едноставност, дури и во време кога ги извршувал највисоките функции.
Ацо Шопов секогаш беше отворен и полн со почит кон светските култури и најмногу од се го водеше љубовта кон францускиот јазик, но уште повеќе, за сопствениот јазик, со кој тој толку блескаво твореше. Во март го славиме месецот на Франкофонијата, пред се на францускиот јазик, но и на вредностите што ги носи повеќејазичноста и почитта кон културната разновидност. Македонскиот јазик кој сега е признаен на европско ниво, се студира во Франција веќе долго време и има сопствена катедра на најпрестижниот јазичен универзитет, додаде Бештел.
Според поетот Веле Смилевски, факт е дека творечкиот развој на Ацо Шопов е еквивалентен на неколку важни фази од развојот на повоената македонската литература. Тие фази, како што рече, со своите специфики се одвиваа во јасно разграничени раздобја.
А кога се во прашање годините, вистинска мера за нив е песната. Тоа е песната на Ацо Шопов, песната извишена над годините. Песната која и нас денес не потсетува на пораката на својот автор. „Твоите години и моите години, два брега, два камена, две небиднини. Твоите години и моите години наши години“. На тие два брега, два камена и две небиднини се извишува песната на Ацо Шопов како постојан поттик за нови пристапи, доживувања и толкувања. Песната со своите визии, со своите очи и несоници, со своите длабоки тајни и тајни длабочини, песната со своите молитви и со својата убавина на вечноста и вечното откривање, песната со своите тишини и своите интимни трикови и болештини, песната со камења, глуждови. Претставниците на повоената македонска литература одиграа значајна улога во афирмацијата, творештвото и стремежот за освојување на рамништа, кои беа основа на новите современи модерни тенденции, со кои во наредните децении македонската литература го фаќаше чекорот со развојните европски текови, рече Смилевски.
 
The post Песните на Ацо Шопов и денес зрачат и побудуваат емоција и размисла кај читателите, рече Соња Стојменска Елзесер на одбележувањето на 100 години од раѓањето на поетот appeared first on Република.

]]>
Омаж на маестро Џамбазов со оркестарот на Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/omaz-na-maestro-dzambazov-so-orkestarot-na-filharmonija/ Thu, 03 Nov 2022 07:47:56 +0000 https://republika.mk/?p=569018

Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов“ во рамки на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, посветен на големиот македонски композитор. Концертот е хуманитарен, а парите од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија „Баланс-Мк“.

На концертниот омаж публиката ќе може да проследи дела од неговиот симфониски опус - „Седумте танцови варијации“ со Елена Атанасовска-Ивановска како солист на пијано и „Рапсодија за Скопје“ со Иво Настевски како солист на пијано, потоа дела од опусот на маестро Џамбазов напишани за ревиски оркестар „Реминисценија“, „Балада за Шпато“ и др., како и избор од многубројните песни за вокал и ревиски оркестар, меѓу кои се неповторливите „Довидување“, „Само ти“ и др., во изведба на Тамара Тодевска, Никола Перевски-Пере, Александар Тарабунов и Антониа Гиговска, под диригентската палка на Џијан Емин.

Со овој концерт оркестарот на Филхармонија, СОКОМ и пејачите кои ќе настапат на сцена ќе му оддадат признание и почит на македонскиот композитор и диригент - Александар Џамбазов, кој зад себе остави непроценлив музички опус.

Творештвото на Александар Џамбазов (1936-1922) главно ротира околу формата на популарните жанрови. Повеќе од 40 години композициите на Џамбазов беа неодминлив дел на најпознатите македонски фестивали и фестивалите во поранешна Југославија. Одличната професионална подготовка стекната низ школувањето во Скопје и Белград и природната дарба му овозможија да остави голем број мелодии од кои некои се вбројуваат во евергрините на македонската популарна песна. Особено е значајно и неговото творештво на полето на детската песна. Во првите петнаесетина години од постоењето на „Златно славејче“, неговиот авторски придонес во програмата овозможи фестивалот да прерасне во еден од најважните фактори во музичкото воспитување и образование на најмладите. Во сферата на класичната музика Џамбазов напиша неколку маркантни композиции, а неговата „Рапсодија за Скопје“ за пијано и симфониски оркестар е добитник на највисоко признание на меѓународниот фестивал во Кава де Тирени – Италија. 

The post Омаж на маестро Џамбазов со оркестарот на Филхармонија appeared first on Република.

Во четврток „Омаж на маестро Џамбазов“ со оркестарот на Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/vo-chetvrtok-omaz-na-maestro-dzambazov-so-orkestarot-na-filharmonija/ Mon, 31 Oct 2022 08:00:20 +0000 https://republika.mk/?p=567616

Оркестарот на Филхармонија в четврток ќе го одржи концертот насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов“ во рамки на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, посветен на големиот македонски композитор.

Концертот е хуманитарен, а парите од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија „Баланс-Мк“.

На концертниот омаж публиката ќе може да проследи дела од неговиот симфониски опус – „Седумте танцови варијации“ со Елена Атанасовска-Ивановска како солист на пијано и „Рапсодија за Скопје“ со Иво Настевски како солист на пијано, потоа дела од опусот на маестро Џамбазов напишани за ревиски оркестар – „Реминисценија“, „Балада за Шпато“ и др., како и избор од многубројните песни за вокал и ревиски оркестар, меѓу кои се неповторливите „Довидување“, „Само ти“ и др., во изведба на Тамара Тодевска, Никола Перевски-Пере, Александар Тарабунов и Антониа Гиговска, под диригентската палка на Џијан Емин.

Со овој концерт оркестарот на Филхармонија, СОКОМ и пејачите кои ќе настапат на сцена ќе му оддадат признание и почит на македонскиот композитор и диригент – Александар Џамбазов, кој зад себе остави непроценлив музички опус.

Творештвото на Александар Џамбазов (1936-1922) главно ротира околу формата на популарните жанрови. Повеќе од 40 години композициите на Џамбазов беа неодминлив дел на најпознатите македонски фестивали и фестивалите во поранешна Југославија. Одличната професионална подготовка стекната низ школувањето во Скопје и Белград и природната дарба му овозможија да остави голем број мелодии од кои некои се вбројуваат во евергрините на македонската популарна песна.

Особено е значајно и неговото творештво на полето на детската песна. Во првите петнаесетина години од постоењето на „Златно славејче“, неговиот авторски придонес во програмата овозможи фестивалот да прерасне во еден од најважните фактори во музичкото воспитување и образование на најмладите. Во сферата на класичната музика Џамбазов напиша неколку маркантни композиции, а неговата „Рапсодија за Скопје“ за пијано и симфониски оркестар е добитник на највисоко признание на меѓународниот фестивал во Кава де Тирени – Италија.

The post Во четврток „Омаж на маестро Џамбазов“ со оркестарот на Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Филхармонија в четврток ќе го одржи концертот насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов“ во рамки на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, посветен на големиот македонски композитор. Концертот е хуманитарен, а парите од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија „Баланс-Мк“. На концертниот омаж публиката ќе може да проследи дела од неговиот симфониски опус – „Седумте танцови варијации“ со Елена Атанасовска-Ивановска како солист на пијано и „Рапсодија за Скопје“ со Иво Настевски како солист на пијано, потоа дела од опусот на маестро Џамбазов напишани за ревиски оркестар – „Реминисценија“, „Балада за Шпато“ и др., како и избор од многубројните песни за вокал и ревиски оркестар, меѓу кои се неповторливите „Довидување“, „Само ти“ и др., во изведба на Тамара Тодевска, Никола Перевски-Пере, Александар Тарабунов и Антониа Гиговска, под диригентската палка на Џијан Емин. Со овој концерт оркестарот на Филхармонија, СОКОМ и пејачите кои ќе настапат на сцена ќе му оддадат признание и почит на македонскиот композитор и диригент – Александар Џамбазов, кој зад себе остави непроценлив музички опус. Творештвото на Александар Џамбазов (1936-1922) главно ротира околу формата на популарните жанрови. Повеќе од 40 години композициите на Џамбазов беа неодминлив дел на најпознатите македонски фестивали и фестивалите во поранешна Југославија. Одличната професионална подготовка стекната низ школувањето во Скопје и Белград и природната дарба му овозможија да остави голем број мелодии од кои некои се вбројуваат во евергрините на македонската популарна песна. Особено е значајно и неговото творештво на полето на детската песна. Во првите петнаесетина години од постоењето на „Златно славејче“, неговиот авторски придонес во програмата овозможи фестивалот да прерасне во еден од најважните фактори во музичкото воспитување и образование на најмладите. Во сферата на класичната музика Џамбазов напиша неколку маркантни композиции, а неговата „Рапсодија за Скопје“ за пијано и симфониски оркестар е добитник на највисоко признание на меѓународниот фестивал во Кава де Тирени – Италија.

The post Во четврток „Омаж на маестро Џамбазов“ со оркестарот на Филхармонија appeared first on Република.

]]>
„По стапките на… проф. д-р sci Томе Манчев” во Кинотека: Симболично навраќање преку делата на неговите студенти по композиција https://republika.mk/vesti/kultura/po-stapkite-na-prof-d-r-sci-tome-manchev-vo-kinoteka-simbolichno-navrakjanje-preku-delata-na-negovite-studenti-po-kompozicija/ Wed, 27 Apr 2022 07:43:59 +0000 https://republika.mk/?p=494129

Утре во Кинотека на Македонија (среда, 27.04.2022 година) ќе се одржи омаж под наслов „По стапките на… проф. д-р sci Томе Манчев” посветен на ликот, делото и значењето на неодамна починатиот, исклучителен македонски композитор Томе Манчев.

Негово мото беше да се создаде високо квалитетно и уметничко дело со моќна експресија, високо ниво на психо-енергија, совршено композициско-техничко обликување, но и дело што ќе успее да го “предаде” како граѓанин на Македонија. Всушност, дејноста преку која овој композитор ќе остане особено запаметен е неговата педагогија на сите степени на образование – од средно образование до докторски студии. Омажот е симболично навраќање конципирано преку делата на неговите студенти по композиција. Составен е од композициски начела на сега веќе реномирани творци, поранешни студенти по композиција, дела создадени под менторство на проф. д-р sci Томе Манчев.

Омажот “По стапките на…” е посветен на проф. д-р sci Томе Манчев од неговите докторанти, поширокото семејство и почитувачи на неговата музика и дејност.

Музички композиции:

Валентина Велковска – Трајановска – Исон – Симфониска Поема

Горан Начевски – 7 Звуци на Осаменост – 7 Афоризми за Пијано

Михајло Штерјев – Allusioni Marini

Вулнет Таири – Симфонија бр. 15

Борис Светиев – Concert Etudes for Piano and Symphonic Orchestra

Микс: Martchin

Мастеринг и снимање: Музичко Продуцентско Студио “Алшар” – Скопје

Визуелизации: Петар Џон

Колор Корекција: Илија Павлов

Среда, 27.04.2022 година

Кинотека, 20 часот, Слободен влез

The post „По стапките на… проф. д-р sci Томе Манчев” во Кинотека: Симболично навраќање преку делата на неговите студенти по композиција appeared first on Република.

„По стапките на… проф. д-р sci Томе Манчев” утре во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/po-stapkite-na-prof-d-r-sci-tome-manchev-utre-vo-kinoteka/ Tue, 26 Apr 2022 06:49:14 +0000 https://republika.mk/?p=493580

Утре во Кинотека на Македонија (среда, 27.04.2022 година) ќе се одржи омаж под наслов "По стапките на… проф. д-р sci Томе Манчев" посветен на ликот, делото и значењето на неодамна починатиот, исклучителен македонски композитор Томе Манчев.

Негово мото беше да се создаде високо квалитетно и уметничко дело со моќна експресија, високо ниво на психо-енергија, совршено композициско-техничко обликување, но и дело што ќе успее да го "предаде" како граѓанин на Македонија. Всушност, дејноста преку која овој композитор ќе остане особено запаметен е неговата педагогија на сите степени на образование - од средно образование до докторски студии. Омажот е симболично навраќање конципирано преку делата на неговите студенти по композиција. Составен е од композициски начела на сега веќе реномирани творци, поранешни студенти по композиција, дела создадени под менторство на проф. д-р sci Томе Манчев.

Омажот “По стапките на…” е посветен на проф. д-р sci Томе Манчев од неговите докторанти, поширокото семејство и почитувачи на неговата музика и дејност.

Музички композиции:

Валентина Велковска – Трајановска – Исон – Симфониска Поема

Горан Начевски – 7 Звуци на Осаменост – 7 Афоризми за Пијано

Михајло Штерјев – Allusioni Marini

Вулнет Таири – Симфонија бр. 15

Борис Светиев – Concert Etudes for Piano and Symphonic Orchestra

Микс: Martchin

Мастеринг и снимање: Музичко Продуцентско Студио “Алшар” – Скопје

Визуелизации: Петар Џон

Колор Корекција: Илија Павлов

Среда, 27.04.2022 година

Кинотека, 20 часот, Слободен влез

The post „По стапките на… проф. д-р sci Томе Манчев” утре во Кинотека appeared first on Република.

Се одбележуваат 65 години од раѓањето на ликовниот уметник Ристо Соколов Сокол https://republika.mk/vesti/kultura/se-odbelezuvaat-65-godini-od-ragjanjeto-na-likovniot-umetnik-risto-sokolov-sokol/ Fri, 15 Apr 2022 06:58:39 +0000 https://republika.mk/?p=488671

Годинава се навршуваат 65 години од раѓањето на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници – Ристо Соколов Сокол (1957 – 2015). Годишнината ќе биде одбележана со два големи настани: во вторник, 19 април 2022 и крај на мај 2022.

Ристо е роден на 16 април, на ден Велигден, а замина на 14 февруари на ден Свети Трифун. Зад себе остави импозантно ликовно творештво, беше графичар и графички дизајнер по образование, а насекаде важеше и како исклучителен креатор на извонредни ликовни перформанси, мултимедијални настани, автор на бројни театарски сценографии, сценограф на многу музички концерти и фестивали и др. Едноставно, ликовната уметност за него немаше тајни, напротив, беше и голем ликовен иноватор што го покажа со неговата врвна ликовна изложба “Некогаш и денес“ на која се претстави со циклус дела работени со природни материјали.

Соработуваше со најдобрите уметници од сите дејности – театар, фотографија, музика, литература, стрип и др. Беше извонреден ентериест, голем број на локали низ Кавадарци, Македонија, Бугарија, Србија, сеуште го носат неговиот уметнички печат. Излагаше низ многу земји, уметнички делуваше низ половина свет (Њујорк, Париз, Белград, Загреб, Јадранското приморје, Берлин и секако речиси во секој град во Македонија).

Неговото тестаментарно креативно дело беше секако Уметничкото студио „Сокол Арт“ Кавадарци. Неговото отворено ателје и место на слобода за изразување, дружба и соработка на сите уметности и уметници. Освен изложби на неговите дела, во “Сокол Арт“ се одржаа неколку изложби, групни и поединечни на кавадаречки и македонски уметници, во „Сокол Арт“ имаше промоции на книги, концерти на поединци и бендови од различни музички жанрови, беше тоа студио во кое единствена тема беше уметноста, своевидна слободна уметничка територија. Како уметничко студио “Сокол Арт“ згасна со неговото заминување, но неговите долгогодишни соработници, сопатници низ животот, пријатели и соборци денес се збрани под името „Сокол Арт“ како неформална уметничка група, секако во чест на Ристо Соколов Сокол.

Ристо Соколов Сокол беше и еден од основачите на Здружението за алтернативна култура „Алтер центар“ Кавадарци. Денес „Алтер Центар“ меѓу другото, ја реализира и Меморијалната манифестација „Пријателите за Ристо“, која годинава по осми пат ќе се оддржи некаде кон крајот на месец мај 2022. Манифестацијата во секое нејзино издание се оддржува на различен простор во Кавадарци, за да од минатата година започне да се оддржува и во други градови (Демир Капија). На манифестацијата во сите нејзини изданија со свои дела учествуваат млади, но и познати ликовни уметници, фотографи, рок и џез бендови, класични музичари, драмски актери и млади, но и познати поети.

65 години од раѓањето на големиот уметник и човек Ристо Соколов Сокол, годинава освен „Алтер Центар“, ќе ја одбележи со негова ретроспективна изложба, своевиден омаж на неговата уметност и живот, секако со поддршка на неговото семејство, пријатели и соработници и една институција во неговиот роден град и тоа Музеј Галерија Кавадарци, а изложбата со придружни настани ќе се одржи на 19 април 2022 (вторник) во ликовните салони на Музеј Галерија и ќе биде официјално отворена во 19 часот. Кавадаречката Музеј Галерија беше многу важна за Ристо Соколов Сокол. Таму се оддржаа неколку изложби со дела од повеќе негови уметнички циклуси, сите изложби беа во декември и на ден петок, особено што и неговата воопшто последна изложба насловена како “Ретро Арт – Нови моменти“. Заедно со Меморијалната манифестација „Пријателите за Ристо“ во организација на „Алтер Центар“, изложбата во Музеј Галерија Кавадарци е еден од настаните кои ќе ја одбележат ликовната година во Кавадарци и Тиквешијата.

The post Се одбележуваат 65 години од раѓањето на ликовниот уметник Ристо Соколов Сокол appeared first on Република.

]]>

Годинава се навршуваат 65 години од раѓањето на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници – Ристо Соколов Сокол (1957 – 2015). Годишнината ќе биде одбележана со два големи настани: во вторник, 19 април 2022 и крај на мај 2022. Ристо е роден на 16 април, на ден Велигден, а замина на 14 февруари на ден Свети Трифун. Зад себе остави импозантно ликовно творештво, беше графичар и графички дизајнер по образование, а насекаде важеше и како исклучителен креатор на извонредни ликовни перформанси, мултимедијални настани, автор на бројни театарски сценографии, сценограф на многу музички концерти и фестивали и др. Едноставно, ликовната уметност за него немаше тајни, напротив, беше и голем ликовен иноватор што го покажа со неговата врвна ликовна изложба “Некогаш и денес“ на која се претстави со циклус дела работени со природни материјали. Соработуваше со најдобрите уметници од сите дејности – театар, фотографија, музика, литература, стрип и др. Беше извонреден ентериест, голем број на локали низ Кавадарци, Македонија, Бугарија, Србија, сеуште го носат неговиот уметнички печат. Излагаше низ многу земји, уметнички делуваше низ половина свет (Њујорк, Париз, Белград, Загреб, Јадранското приморје, Берлин и секако речиси во секој град во Македонија). Неговото тестаментарно креативно дело беше секако Уметничкото студио „Сокол Арт“ Кавадарци. Неговото отворено ателје и место на слобода за изразување, дружба и соработка на сите уметности и уметници. Освен изложби на неговите дела, во “Сокол Арт“ се одржаа неколку изложби, групни и поединечни на кавадаречки и македонски уметници, во „Сокол Арт“ имаше промоции на книги, концерти на поединци и бендови од различни музички жанрови, беше тоа студио во кое единствена тема беше уметноста, своевидна слободна уметничка територија. Како уметничко студио “Сокол Арт“ згасна со неговото заминување, но неговите долгогодишни соработници, сопатници низ животот, пријатели и соборци денес се збрани под името „Сокол Арт“ како неформална уметничка група, секако во чест на Ристо Соколов Сокол. Ристо Соколов Сокол беше и еден од основачите на Здружението за алтернативна култура „Алтер центар“ Кавадарци. Денес „Алтер Центар“ меѓу другото, ја реализира и Меморијалната манифестација „Пријателите за Ристо“, која годинава по осми пат ќе се оддржи некаде кон крајот на месец мај 2022. Манифестацијата во секое нејзино издание се оддржува на различен простор во Кавадарци, за да од минатата година започне да се оддржува и во други градови (Демир Капија). На манифестацијата во сите нејзини изданија со свои дела учествуваат млади, но и познати ликовни уметници, фотографи, рок и џез бендови, класични музичари, драмски актери и млади, но и познати поети. 65 години од раѓањето на големиот уметник и човек Ристо Соколов Сокол, годинава освен „Алтер Центар“, ќе ја одбележи со негова ретроспективна изложба, своевиден омаж на неговата уметност и живот, секако со поддршка на неговото семејство, пријатели и соработници и една институција во неговиот роден град и тоа Музеј Галерија Кавадарци, а изложбата со придружни настани ќе се одржи на 19 април 2022 (вторник) во ликовните салони на Музеј Галерија и ќе биде официјално отворена во 19 часот. Кавадаречката Музеј Галерија беше многу важна за Ристо Соколов Сокол. Таму се оддржаа неколку изложби со дела од повеќе негови уметнички циклуси, сите изложби беа во декември и на ден петок, особено што и неговата воопшто последна изложба насловена како “Ретро Арт – Нови моменти“. Заедно со Меморијалната манифестација „Пријателите за Ристо“ во организација на „Алтер Центар“, изложбата во Музеј Галерија Кавадарци е еден од настаните кои ќе ја одбележат ликовната година во Кавадарци и Тиквешијата.

The post Се одбележуваат 65 години од раѓањето на ликовниот уметник Ристо Соколов Сокол appeared first on Република.

]]>
„Омаж за Саша Николовски – Ѓумар“ вечерва во Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/omaz-za-sasha-nikolovski-gjumar-vecherva-vo-filharmonija/ Thu, 07 Apr 2022 07:31:53 +0000 https://republika.mk/?p=484521

Оркестарот на Филхармонијата денеска во 20 часот ќе го изведе концертот насловен „Омаж за Саша Николовски -Ѓумар“, посветен на големиот македонски диригент. Пред концертот во фоајето на Филхармонија ќе биде отворена и изложба на дела од Саша Николовски – Ѓумар, кој освен диригирањето кое му беше професија, имаше пасија и кон сликањето и пишувањето.

На програмата на овој концерт се две дела од рускиот композитор Сергеј Рахмањинов – Концерт за пијано и оркестар број 3 и „Симфониски танци“. Како солист на пијано ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери, а диригент е Вања Ѓумар Николовски.

Вања Ѓумар Николовски се школува во Скопје, каде што на Факултетот за музичка уметност во 1992 година дипломира на одделот за диригирање, а во 1993 година на одделот за композиција .Во 1995 и 1996 година специјализира диригирање во Санкт Петербург на Конзерваториумот „Николај Римски Корсаков“, во класите на Илија Мусин и Михаил Кукушкин. Во овој период активно соработува со Јури Темирканов и Валери Гергиев. Мастер студиите по композиција ги продолжува во 1999 година во Скопје во класата на проф. Гоце Коларовски. Во деведесеттите години развива богата диригентска дејност настапувајќи со повеќе хорски и инструментални ансамбли во Македонија (меѓу кои и Македонската филхармонија, Хорот на Македонската радио-телевизија, хорот „Мирче Ацев“ и др.), а Македонската опера и балет е неговата матична куќа. Остварува и голем број настапи во странство: Санкт Петербург (Русија), Белград (Србија), Виена (Австрија), Порто (Португалија), а подоцна и низа настапи во САД (Феникс, Сан Диего, Вашингтон, Лос Анџелес …). Паралелно со ова активен е на полето на музичкото творештво, а неговите дела се изведуваат на „Деновите на македонска музика“, „Охридско лето“, средбите на музичките академии од поранешна Југославија. Во почетокот на овој век се преселува во САД каде што ја продолжува својата диригентска, педагошка и композиторска дејност.

Во своето творештво минува низ различни фази. За време на студентските години, трагајќи по сопствен музички израз, неговите дела носат и неоромантичарски и неокласицистички елементи. Во ова време ги проучува и композиторските системи на Месијан и Шенберг и уште некои алтернативни правци преку кои се обидува да го пронајде патот за најавтентичен израз на своите музички инспирации и да воспостави (Битола, 13.01.1968) композитор и диригент Вања Ѓумар Николовски директна и непосредна врска меѓу својата музика и публиката.

Бескрајната творечка љубопитност го води и во други творечки правци, не само на сопствената земја, туку и на другите народи од различни континенти. Сето тоа резултира со полустилистичко музичко творештво што би требало да биде синтеза на различностите во еден единствен музички универзум.

Денес, со веќе изграден творечки стил, Вања Николовски во создавањето на своите дела приоѓа на интуитивен и рационален начин. Родените, создадените теми и идеи во сопствената свест се пуштаат „низ филтерот“ на сопствената творечка вештина, низ сопствениот занает, и преку класичните начини на мотивска и тематска работа, низ разложувањето на вертикалните склопови во хоризонтални елементи, низ нивната комбинација се доаѓа до посакуваниот резултат. Притоа, особено важна улога во неговиот опус игра ритмичката компонента.

The post „Омаж за Саша Николовски – Ѓумар“ вечерва во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Филхармонијата денеска во 20 часот ќе го изведе концертот насловен „Омаж за Саша Николовски -Ѓумар“, посветен на големиот македонски диригент. Пред концертот во фоајето на Филхармонија ќе биде отворена и изложба на дела од Саша Николовски – Ѓумар, кој освен диригирањето кое му беше професија, имаше пасија и кон сликањето и пишувањето. На програмата на овој концерт се две дела од рускиот композитор Сергеј Рахмањинов – Концерт за пијано и оркестар број 3 и „Симфониски танци“. Како солист на пијано ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери, а диригент е Вања Ѓумар Николовски. Вања Ѓумар Николовски се школува во Скопје, каде што на Факултетот за музичка уметност во 1992 година дипломира на одделот за диригирање, а во 1993 година на одделот за композиција .Во 1995 и 1996 година специјализира диригирање во Санкт Петербург на Конзерваториумот „Николај Римски Корсаков“, во класите на Илија Мусин и Михаил Кукушкин. Во овој период активно соработува со Јури Темирканов и Валери Гергиев. Мастер студиите по композиција ги продолжува во 1999 година во Скопје во класата на проф. Гоце Коларовски. Во деведесеттите години развива богата диригентска дејност настапувајќи со повеќе хорски и инструментални ансамбли во Македонија (меѓу кои и Македонската филхармонија, Хорот на Македонската радио-телевизија, хорот „Мирче Ацев“ и др.), а Македонската опера и балет е неговата матична куќа. Остварува и голем број настапи во странство: Санкт Петербург (Русија), Белград (Србија), Виена (Австрија), Порто (Португалија), а подоцна и низа настапи во САД (Феникс, Сан Диего, Вашингтон, Лос Анџелес …). Паралелно со ова активен е на полето на музичкото творештво, а неговите дела се изведуваат на „Деновите на македонска музика“, „Охридско лето“, средбите на музичките академии од поранешна Југославија. Во почетокот на овој век се преселува во САД каде што ја продолжува својата диригентска, педагошка и композиторска дејност. Во своето творештво минува низ различни фази. За време на студентските години, трагајќи по сопствен музички израз, неговите дела носат и неоромантичарски и неокласицистички елементи. Во ова време ги проучува и композиторските системи на Месијан и Шенберг и уште некои алтернативни правци преку кои се обидува да го пронајде патот за најавтентичен израз на своите музички инспирации и да воспостави (Битола, 13.01.1968) композитор и диригент Вања Ѓумар Николовски директна и непосредна врска меѓу својата музика и публиката. Бескрајната творечка љубопитност го води и во други творечки правци, не само на сопствената земја, туку и на другите народи од различни континенти. Сето тоа резултира со полустилистичко музичко творештво што би требало да биде синтеза на различностите во еден единствен музички универзум. Денес, со веќе изграден творечки стил, Вања Николовски во создавањето на своите дела приоѓа на интуитивен и рационален начин. Родените, создадените теми и идеи во сопствената свест се пуштаат „низ филтерот“ на сопствената творечка вештина, низ сопствениот занает, и преку класичните начини на мотивска и тематска работа, низ разложувањето на вертикалните склопови во хоризонтални елементи, низ нивната комбинација се доаѓа до посакуваниот резултат. Притоа, особено важна улога во неговиот опус игра ритмичката компонента.

The post „Омаж за Саша Николовски – Ѓумар“ вечерва во Филхармонија appeared first on Република.

]]>