олег николенко Archives - Република https://republika.mk/tema/oleg-nikolenko/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Jan 2023 09:49:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png олег николенко Archives - Република https://republika.mk/tema/oleg-nikolenko/ 32 32 Николенко: Милановиќ го доведува во прашање територијалниот интегритет на Украина https://republika.mk/vesti/svet/nikolenko-milanovik-go-doveduva-vo-prashane-teritorijalniot-integritet-na-ukraina/ Tue, 31 Jan 2023 09:49:39 +0000 https://republika.mk/?p=602901

Со изјавата дека Крим никогаш повеќе нема да биде Украина хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го доведе во прашање територијалниот интегритет на Украина и тоа го сметаме за неприфатливо, напиша денеска на Фејсбук портпаролот на Министерството за надворешни работи, Олег Николенко.

Се прашувам дали Зоран Милановиќ би можел да стане претседател на својата земја со таква реторика во 1990-тите, кога Хрватска се бореше за зачувување на својата државност? Дали неговите гласачи би се согласиле да ги затворат очите пред окупацијата на дел од нивната земја? Се сомневам во тоа, напиша Николенко.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вчера во Петриња изјави дека „Крим никогаш повеќе нема да биде Украина“, алудирајќи на тоа дека меѓународната заедница веќе направила таков преседан со Косово.

Русија, ианку, го анектираше Крим пред девет години, во 2014 година.

Во својот пост, Николенко потсети дека „Хрватска можеше да изгуби една третина од својата територија поради надворешна агресија“.

Сепак, благодарение на херојската борба, Хрватите успеаја да ја заштитат независноста на својата земја. Сметаме дека изјавите на претседателот на Хрватска, кој всушност го доведе во прашање територијалниот интегритет на Украина, се неприфатливи, нагласи портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи.

The post Николенко: Милановиќ го доведува во прашање територијалниот интегритет на Украина appeared first on Република.

]]>

Со изјавата дека Крим никогаш повеќе нема да биде Украина хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го доведе во прашање територијалниот интегритет на Украина и тоа го сметаме за неприфатливо, напиша денеска на Фејсбук портпаролот на Министерството за надворешни работи, Олег Николенко. Се прашувам дали Зоран Милановиќ би можел да стане претседател на својата земја со таква реторика во 1990-тите, кога Хрватска се бореше за зачувување на својата државност? Дали неговите гласачи би се согласиле да ги затворат очите пред окупацијата на дел од нивната земја? Се сомневам во тоа, напиша Николенко. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вчера во Петриња изјави дека „Крим никогаш повеќе нема да биде Украина“, алудирајќи на тоа дека меѓународната заедница веќе направила таков преседан со Косово. Русија, ианку, го анектираше Крим пред девет години, во 2014 година. Во својот пост, Николенко потсети дека „Хрватска можеше да изгуби една третина од својата територија поради надворешна агресија“. Сепак, благодарение на херојската борба, Хрватите успеаја да ја заштитат независноста на својата земја. Сметаме дека изјавите на претседателот на Хрватска, кој всушност го доведе во прашање територијалниот интегритет на Украина, се неприфатливи, нагласи портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи.

The post Николенко: Милановиќ го доведува во прашање територијалниот интегритет на Украина appeared first on Република.

]]>
Украина подготвува санкции против 12.000 руски граѓани https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-podgotvuva-sankcii-protiv-12-000-ruski-gragjani/ Fri, 03 Jun 2022 21:42:52 +0000 https://republika.mk/?p=510878

Портпаролот на украинскиот министер за надворешни работи, Олег Николенко, соопшти дека украинските власти подготвиле список од околу 12.000 руски државјани кои ќе бидат ставени под санкции.

Украина ќе продолжи да се бори за санкционирање на руските граѓани, вклучително и на патријархот Кирил, кои ја поткопуваат украинската национална безбедност. Сè на сè, подготвивме список на санкции, во кој се вклучени повеќе од 12.000 руски олигарси, функционери и пропагандисти - изјави Николенко, пренесе ТАС С.

The post Украина подготвува санкции против 12.000 руски граѓани appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на украинскиот министер за надворешни работи, Олег Николенко, соопшти дека украинските власти подготвиле список од околу 12.000 руски државјани кои ќе бидат ставени под санкции.
Украина ќе продолжи да се бори за санкционирање на руските граѓани, вклучително и на патријархот Кирил, кои ја поткопуваат украинската национална безбедност. Сè на сè, подготвивме список на санкции, во кој се вклучени повеќе од 12.000 руски олигарси, функционери и пропагандисти - изјави Николенко, пренесе ТАС С.

The post Украина подготвува санкции против 12.000 руски граѓани appeared first on Република.

]]>