охридски рамковен договор Archives - Република https://republika.mk/tema/ohridski-ramkoven-dogovor/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 05:51:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png охридски рамковен договор Archives - Република https://republika.mk/tema/ohridski-ramkoven-dogovor/ 32 32 23 години Рамковен договор: Годинава власта и опозицијата со одделни настани https://republika.mk/vesti/makedonija/23-godini-ramkoven-dogovor-godinava-vlasta-i-opozitsijata-so-oddelni-nastani/ Tue, 13 Aug 2024 05:51:38 +0000 https://republika.mk/?p=805986

Со одделни настани на власта и на албанската опозиција денеска во Скопје ќе бидат одбележани 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година.

Владата ќе ја одбележи годишнината од Рамковниот договор со свечена седница во 13 часот на која, како што е најавено, ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски и првиот заменик премиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Настанот ќе се пренесува во живо на фејсбук и на јутуб-каналот на Владата.

Претходно, во 10 часот во Клубот на пратениците во Скопје, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање ќе биде одржана Панел дискусија на тема „23 години од Рамковниот договор, децентрализацијата останува предизвик", на која покрај вицепремиерот Меџити како паналисти се најавени и министерот за локална самоуправа Златко Перински и професорите Ризван Сулејмани, Нано Ружин, Африм Османи и Бујамин Бела.

Меџити вечер ќе организира и свечен прием во Музејот на современа уметност во Скопје.

Одделна прослава, пак, ќе организира Европскиот фронт, предводен од ДУИ. Тие 23- годишнинита од Охридскиот рамковен договор, ќе ја одбележат со настан насловен „Академија за легитимитет“ што ќе се одржи напладне во хотелот Александар Палас во Скопје.

За нив е навредливо тоа што Иван Стоилковиќ е вицепремиер и министер одговорен за Охридскиот договор, иако тој самиот ниту го признава ниту го почитува. Реагираат и дека бил намален буџетот за Охридскиот договор.

- Демократската унија за интеграција не може да стои со скрстени раце кога секојдневно се понижуваат Албанците и другите и кога се поништува секое достигнување во насока на еднаквоста. Затоа, го ангажиравме авторот на Охридскиот договор Пол Вилијамс и неговиот тим во ПИЛПГ да изготват правна платформа за легитимност, при што првиот нацрт е веќе поднесен и ќе биде разгледан во рамките на Европскиот фронт, а потоа и јавно со академскиот свет, невладините организации, медиумите, граѓаните, се наведува во реакцијата од ДУИ

Најавената паралелна прослава од ДУИ предизвика реакции кај Вреди, владејачката коалиција од редовите на Албанците. Министерот за здравство Арбен Таравари ваквиот чекор на ДУИ го оцени како „приватна журка и забава“.

Новиот в.д претседател на Алијанса за Албанците Арбен Таравари денеска по Централното собрание на партијата изјави дека е донесена одлука на 17 декември оваа година да се одржи вонреден конгр

-ДУИ некако секогаш има претензии да ги приватизира одредени настани. Се уште не можат да прифатат дека се опозиција, меѓутоа им треба време и ќе се навикнат на тоа. Ќе прифатат приватни журки, забави може секој да организира. Ние ги повикавме на утрешниот настан којшто го организира Владата на Република Македонија, добредојдени се, а приватни журки нека продолжат нека си организираат, изјави вчера Таравари.

The post 23 години Рамковен договор: Годинава власта и опозицијата со одделни настани appeared first on Република.

]]>

Со одделни настани на власта и на албанската опозиција денеска во Скопје ќе бидат одбележани 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Владата ќе ја одбележи годишнината од Рамковниот договор со свечена седница во 13 часот на која, како што е најавено, ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски и првиот заменик премиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Настанот ќе се пренесува во живо на фејсбук и на јутуб-каналот на Владата. Претходно, во 10 часот во Клубот на пратениците во Скопје, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање ќе биде одржана Панел дискусија на тема „23 години од Рамковниот договор, децентрализацијата останува предизвик", на која покрај вицепремиерот Меџити како паналисти се најавени и министерот за локална самоуправа Златко Перински и професорите Ризван Сулејмани, Нано Ружин, Африм Османи и Бујамин Бела. Меџити вечер ќе организира и свечен прием во Музејот на современа уметност во Скопје. Одделна прослава, пак, ќе организира Европскиот фронт, предводен од ДУИ. Тие 23- годишнинита од Охридскиот рамковен договор, ќе ја одбележат со настан насловен „Академија за легитимитет“ што ќе се одржи напладне во хотелот Александар Палас во Скопје. За нив е навредливо тоа што Иван Стоилковиќ е вицепремиер и министер одговорен за Охридскиот договор, иако тој самиот ниту го признава ниту го почитува. Реагираат и дека бил намален буџетот за Охридскиот договор.
- Демократската унија за интеграција не може да стои со скрстени раце кога секојдневно се понижуваат Албанците и другите и кога се поништува секое достигнување во насока на еднаквоста. Затоа, го ангажиравме авторот на Охридскиот договор Пол Вилијамс и неговиот тим во ПИЛПГ да изготват правна платформа за легитимност, при што првиот нацрт е веќе поднесен и ќе биде разгледан во рамките на Европскиот фронт, а потоа и јавно со академскиот свет, невладините организации, медиумите, граѓаните, се наведува во реакцијата од ДУИ
Најавената паралелна прослава од ДУИ предизвика реакции кај Вреди, владејачката коалиција од редовите на Албанците. Министерот за здравство Арбен Таравари ваквиот чекор на ДУИ го оцени како „приватна журка и забава“. Новиот в.д претседател на Алијанса за Албанците Арбен Таравари денеска по Централното собрание на партијата изјави дека е донесена одлука на 17 декември оваа година да се одржи вонреден конгр
-ДУИ некако секогаш има претензии да ги приватизира одредени настани. Се уште не можат да прифатат дека се опозиција, меѓутоа им треба време и ќе се навикнат на тоа. Ќе прифатат приватни журки, забави може секој да организира. Ние ги повикавме на утрешниот настан којшто го организира Владата на Република Македонија, добредојдени се, а приватни журки нека продолжат нека си организираат, изјави вчера Таравари.

The post 23 години Рамковен договор: Годинава власта и опозицијата со одделни настани appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Охридскиот рамковен договор гo издржа тестот на времето и покажа дека е успешен концепт https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-ohridskiot-ramkoven-dogovor-go-izdrzha-testot-na-vremeto-i-pokazha-deka-e-uspeshen-kontsept/ Sat, 27 May 2023 15:10:34 +0000 https://republika.mk/?p=645231

Заменик претседателот на Владата задолжен на европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на панел-дискусијата на тема: „Важноста и улогата на Охридскиот рамковен договор на патот кон ЕУ и спроведувањето во однос на помалку бројните заедници“, на која изјави дека она што го имаме направено во изминатите две децении со Рамковниот договор, е голема вредност и позитивен влог, со којшто влегуваме во преговорите со Европската Унија.

Она што ние сме го надминале пред 22 години, денес се чини невозможно во регионот, затоа за Европа, па и во ЕУ, важиме за успешна приказна од која можат да учат и другите. Концептот на нашиот Устав, согласно Рамковниот договор, помогна и во преговорите со Бугарија, правејќи ги бугарските барања во една рамка и порационални, создавајќи услови за влез на Бугарите во Уставот според рамката која сега ја имаме, рече Маричиќ, потенцирајќи дека не е нешто што ќе направи турбуленција или промена на она сега го имаме, додавањето на уште неколку заедници во нашиот Устав.

Тој истакна дека Рамковниот договор е единствен успешен дипломатски потфат во рамките на бивша Југославија на ЕУ и на САД, кој е круна на дипломатските напори и еден од столбовите на стабилноста на Западен Балкан.

Многу е важно да сфативме дека Охридскиот рамковен договор и начинот на негово функционирање со сите предности и мани, особено со кохезијата која ја овозможи во општеството, е модел на којшто сериозно можеме да се повикаме и да го споделуваме како успешен модел на менаџирање на етничките и културните идентитети, посочи Маричиќ.

Во рамки на преговорите со ЕУ вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ укажа дека ни претстои процес на подготовка на Патоказ за владеење на правото, во чии рамки е и Акцискиот план за заштита на малцинствата, во кој ќе ги одредиме мерките за заштита зајакнување на позицијата на секаков вид на малцинства не само етнички, треба да ја направи нашата политичка агенда на тој план до членство во ЕУ.

Маричиќ на крајот од своето излагање кажа дека многу е битно Охридскиот рамковен договор да не остане во таа форма на договор, туку да биде еден жив политички концепт.

– Мислам дека тоа е клучното во она што го правиме и во она што го работиме. Започнавме пред неколку години со концептот „Едно општество за сите“, коешто треба да го замени називот Охридски рамковен договор и да го преведе во тој политички концепт, бидејќи Охридскиот рамковен договор е преведен во институционален концепт преку Уставот, институциите па и начинот на којшто тие функционираат, начинот на којшто функционира собранието, локалните совети итн., рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека целта на овој политички акт е секој да се чувствува еднакво и Македонија да биде дом за сите таква што со години и со векови е и дека Владата има големо разбирање за овој политички концепт.

На панел дискусијата учествуваше и пратеничката Шкријељ која се осврна на значењето на Комитетот за односи меѓу заедниците, како работно тело на Собранието на Република Македонија, кој има голема улога, но и одговорност во остварувањата на општите и посебните права на заедниците.

Со ова Комитетот има голема улога и придонес во развојот на мултикултурната и мултиетничката димензија на македонското општество, на вистински соживот и почитување на различностите на сите граѓани, а со тоа и јакнење на парламентарната демократија, рече пратеничката Шкријељ.

Заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците Џабир Доко пак додаде дека Охридскиот рамковен договор е еден од клучните историски моменти на нашата држава и пример за тоа како можат да се решат кризите и да се чекори напред во мир и стабилност.

На панел дискусијата организирана од Здружението за млади, демократија и човекови права УФУК-Скопје учествуваа и Исмет Рамадани, претседател на Евроатлантскиот совет на Македонија и Александар Бајдевски, заменик-министер за информатичко општество и администрација.

The post Маричиќ: Охридскиот рамковен договор гo издржа тестот на времето и покажа дека е успешен концепт appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата задолжен на европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на панел-дискусијата на тема: „Важноста и улогата на Охридскиот рамковен договор на патот кон ЕУ и спроведувањето во однос на помалку бројните заедници“, на која изјави дека она што го имаме направено во изминатите две децении со Рамковниот договор, е голема вредност и позитивен влог, со којшто влегуваме во преговорите со Европската Унија.
Она што ние сме го надминале пред 22 години, денес се чини невозможно во регионот, затоа за Европа, па и во ЕУ, важиме за успешна приказна од која можат да учат и другите. Концептот на нашиот Устав, согласно Рамковниот договор, помогна и во преговорите со Бугарија, правејќи ги бугарските барања во една рамка и порационални, создавајќи услови за влез на Бугарите во Уставот според рамката која сега ја имаме, рече Маричиќ, потенцирајќи дека не е нешто што ќе направи турбуленција или промена на она сега го имаме, додавањето на уште неколку заедници во нашиот Устав.
Тој истакна дека Рамковниот договор е единствен успешен дипломатски потфат во рамките на бивша Југославија на ЕУ и на САД, кој е круна на дипломатските напори и еден од столбовите на стабилноста на Западен Балкан.
Многу е важно да сфативме дека Охридскиот рамковен договор и начинот на негово функционирање со сите предности и мани, особено со кохезијата која ја овозможи во општеството, е модел на којшто сериозно можеме да се повикаме и да го споделуваме како успешен модел на менаџирање на етничките и културните идентитети, посочи Маричиќ.
Во рамки на преговорите со ЕУ вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ укажа дека ни претстои процес на подготовка на Патоказ за владеење на правото, во чии рамки е и Акцискиот план за заштита на малцинствата, во кој ќе ги одредиме мерките за заштита зајакнување на позицијата на секаков вид на малцинства не само етнички, треба да ја направи нашата политичка агенда на тој план до членство во ЕУ. Маричиќ на крајот од своето излагање кажа дека многу е битно Охридскиот рамковен договор да не остане во таа форма на договор, туку да биде еден жив политички концепт.
– Мислам дека тоа е клучното во она што го правиме и во она што го работиме. Започнавме пред неколку години со концептот „Едно општество за сите“, коешто треба да го замени називот Охридски рамковен договор и да го преведе во тој политички концепт, бидејќи Охридскиот рамковен договор е преведен во институционален концепт преку Уставот, институциите па и начинот на којшто тие функционираат, начинот на којшто функционира собранието, локалните совети итн., рече Маричиќ.
Вицепремиерот истакна дека целта на овој политички акт е секој да се чувствува еднакво и Македонија да биде дом за сите таква што со години и со векови е и дека Владата има големо разбирање за овој политички концепт. На панел дискусијата учествуваше и пратеничката Шкријељ која се осврна на значењето на Комитетот за односи меѓу заедниците, како работно тело на Собранието на Република Македонија, кој има голема улога, но и одговорност во остварувањата на општите и посебните права на заедниците.
Со ова Комитетот има голема улога и придонес во развојот на мултикултурната и мултиетничката димензија на македонското општество, на вистински соживот и почитување на различностите на сите граѓани, а со тоа и јакнење на парламентарната демократија, рече пратеничката Шкријељ.
Заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците Џабир Доко пак додаде дека Охридскиот рамковен договор е еден од клучните историски моменти на нашата држава и пример за тоа како можат да се решат кризите и да се чекори напред во мир и стабилност. На панел дискусијата организирана од Здружението за млади, демократија и човекови права УФУК-Скопје учествуваа и Исмет Рамадани, претседател на Евроатлантскиот совет на Македонија и Александар Бајдевски, заменик-министер за информатичко општество и администрација.

The post Маричиќ: Охридскиот рамковен договор гo издржа тестот на времето и покажа дека е успешен концепт appeared first on Република.

]]>
Почина ЕУ потписникот на Охридскиот рамковен договор Франсоа Леотар https://republika.mk/vesti/makedonija/pochina-eu-potpisnikot-na-ohridskiot-ramkoven-dogovor-fransoa-leotar/ Tue, 25 Apr 2023 16:23:22 +0000 https://republika.mk/?p=634035

Денеска на 81-годишна возраст почина францускиот политичар Франсоа Леотар. Веста ја објави францускиот претседател Емануел Макрон на својот Твитер профил.

-Франсоа Леотар и служеше на државата и носеше одлична идеја за културата. Со неговото заминување губиме слободен дух, човек на книгите и посветеноста. Неговиот роден Вар, Франција што ја бранеше и Републиката што ја сакаше, денес чувствуваат голема загуба, стои во твитот на Макрон.

Леотар и е познат на македонската јавност како специјален претставник на ЕУ за време на конфликтот во 2001 година и еден од олеснувачите за постигнување на Охридскиот рамковен договор.

The post Почина ЕУ потписникот на Охридскиот рамковен договор Франсоа Леотар appeared first on Република.

Ковачевски: По сите тие договори од 2001 до денес Македонија секогаш излегувала како победник https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-po-site-tie-dogovori-od-2001-do-denes-makedonija-sekogash-izleguvala-kako-pobednik/ Mon, 03 Apr 2023 21:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=626885

„Ние досега сме донеле голем број на тешки одлуки, почнувајќи од 2001 година со Охридскиот рамковен договор, потоа со Преспанскиот договор, со договорот со Грција, како и со прифаќањето на преговарачката рамка и на Договорот за добрососедство со Бугарија. Можам да кажам дека после сите тие договори, Македонија секогаш излегувала како победник“, порача премиерот Ковачевски во интервјуто за РТВ Словенија.

После Охридскиот рамковен договор, како што посочи премиерот Ковачевски, ние имаме држава којашто е изградена на принципите на демократско општество каде што секоја етничка заедница, секој граѓанин има еднакви можности за личен и професионален развој; после договорот од Преспа станавме земја членка на НАТО и сега го гледаме значењето на зачленувањето во НАТО; по прифаќањето на преговарачката рамка ги почнавме преговорите со ЕУ, после 17 години чекање.

„Значи секогаш големите и стратешки одлуки носат бенефит за граѓаните“, оцени премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, рече дека е од големо значење поддршката на Македонија во своите аспирации за полноправно членство во ЕУ, од страна на пријателите од НАТО и ЕУ.

„Македонија е држава којашто на својот пат кон европските и евроатланските интеграции мораше да ги донесе веројатно најтешките одлуки во споредба со сите други држави кои се зачлениле и во НАТО и во ЕУ. Тие одлуки навистина можам слободно да кажам дека предизвикуваат мачнина кај најголемиот дел од нашиот народ исто и кај мене. Јас ги делам тие чувства. Меѓутоа од друга страна, ние како држава немаме друга алтернатива. Единствената алтернатива на Македонија и она што е зацртано во стратешките документи на нашата држава е интеграција во НАТО и интеграција во ЕУ“, рече премиерот Ковачевски.

Во интервјуто, премиерот Ковачевски посочи дека - „добивме преговарачка рамка со чист македонски јазик, со заштитен идентитет на Македонците, со сите културни и други обележја коишто обележуваат еден народ и со тоа да ги започнеме преговорите со ЕУ“, и нагласи дека - „стабилна политичка Влада е секогаш добра за секоја држава“.

Премиерот Ковачевски рече дека државите од регионот, посебно земја членка на ЕУ, има обврска да промовира европски вредности кај другите земји од регионот, бидејќи регионот има потреба да оди напред.

„И единствено преку политичка волја, соработка и институционално разбирање помеѓу државите можеме да одиме напред“, оцени премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски: По сите тие договори од 2001 до денес Македонија секогаш излегувала како победник appeared first on Република.

]]>

„Ние досега сме донеле голем број на тешки одлуки, почнувајќи од 2001 година со Охридскиот рамковен договор, потоа со Преспанскиот договор, со договорот со Грција, како и со прифаќањето на преговарачката рамка и на Договорот за добрососедство со Бугарија. Можам да кажам дека после сите тие договори, Македонија секогаш излегувала како победник“, порача премиерот Ковачевски во интервјуто за РТВ Словенија.
После Охридскиот рамковен договор, како што посочи премиерот Ковачевски, ние имаме држава којашто е изградена на принципите на демократско општество каде што секоја етничка заедница, секој граѓанин има еднакви можности за личен и професионален развој; после договорот од Преспа станавме земја членка на НАТО и сега го гледаме значењето на зачленувањето во НАТО; по прифаќањето на преговарачката рамка ги почнавме преговорите со ЕУ, после 17 години чекање.
„Значи секогаш големите и стратешки одлуки носат бенефит за граѓаните“, оцени премиерот Ковачевски.
Претседателот на Владата, Ковачевски, рече дека е од големо значење поддршката на Македонија во своите аспирации за полноправно членство во ЕУ, од страна на пријателите од НАТО и ЕУ.
„Македонија е држава којашто на својот пат кон европските и евроатланските интеграции мораше да ги донесе веројатно најтешките одлуки во споредба со сите други држави кои се зачлениле и во НАТО и во ЕУ. Тие одлуки навистина можам слободно да кажам дека предизвикуваат мачнина кај најголемиот дел од нашиот народ исто и кај мене. Јас ги делам тие чувства. Меѓутоа од друга страна, ние како држава немаме друга алтернатива. Единствената алтернатива на Македонија и она што е зацртано во стратешките документи на нашата држава е интеграција во НАТО и интеграција во ЕУ“, рече премиерот Ковачевски.
Во интервјуто, премиерот Ковачевски посочи дека - „добивме преговарачка рамка со чист македонски јазик, со заштитен идентитет на Македонците, со сите културни и други обележја коишто обележуваат еден народ и со тоа да ги започнеме преговорите со ЕУ“, и нагласи дека - „стабилна политичка Влада е секогаш добра за секоја држава“. Премиерот Ковачевски рече дека државите од регионот, посебно земја членка на ЕУ, има обврска да промовира европски вредности кај другите земји од регионот, бидејќи регионот има потреба да оди напред.
„И единствено преку политичка волја, соработка и институционално разбирање помеѓу државите можеме да одиме напред“, оцени премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски: По сите тие договори од 2001 до денес Македонија секогаш излегувала како победник appeared first on Република.

]]>
Дали ЕУ и САД му подготвуваат на Вучиќ „Охридски рамковен“? https://republika.mk/vesti/balkan/dali-eu-i-sad-mu-podgotvuvaat-na-vuchik-ohridski-ramkoven/ Fri, 17 Mar 2023 10:28:09 +0000 https://republika.mk/?p=620645

 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти утре треба да се сретнат во Охрид, за да ги продолжат разговорите за договорот за патот кон нормализација на односите. Состанокот во Охрид е продолжение на дискусијата што двајцата лидери ја имаа на 27 февруари во Брисел, на која го договорија текстот на првичниот план.

Европската унија очекува на средбата да се договорат за имплементацискиот анекс на договорот, што се смета за составен дел на документот. Жозеп Борел, високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на Унијата за дијалогот меѓу Белград и Приштина, ќе се обидат на Вучиќ и на Курти да им ги приближат решенијата што ги предлага Запад.

- Доколку тоа се случи... тогаш Западниот Балкан ќе слави голем чекор напред кон патот на Европската унија, рече Борел вчера во Тирана, каде што учествуваше на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација ЕУ - Албанија. - Договорот ќе ги постави нивните односи на нова поодржлива основа и ќе обезбеди дека дијалогот ќе продолжи на неговата траекторија кон целосна нормализација, рече Борел, повторувајќи ги неговите објавени блог-коментари.

Предлогот на ЕУ за нормализација на односите Белград - Приштина, претходно познат како француско-германски план, не ја обврзува Србија формално да ја признае независноста на Косово, но двете земји меѓусебно ќе ги признаат документите на другата страна, како што се пасошите, дипломите и регистарските таблички.

Според планот, Србија, исто така, нема да се спротивставува на членството на Косово во која било меѓународна организација.

Претходно вчера, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изрази оптимизам дека оваа година може да се постигне договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. - Мислам дека тоа е сосема можно, рече Ескобар, додавајќи дека предлогот на ЕУ е првенствено договор за нормализација, а не за признавање на независноста на Косово од страна на Србија.

- Американскиот став е дека Косово е независна држава со територијален интегритет и суверенитет. Ние, исто така, веруваме дека регионот ќе има корист од меѓусебното признавање, но не станува збор за тоа, додаде Ескобар.

Косово прогласи независност од Белград во 2008 година, што беше призната од повеќето земји на ЕУ, со исклучок на Грција, Шпанија, Романија, Словачка и Кипар.

Од 2011 година Србија и Косово се ангажирани во дијалогот инциран и предводен од Брисел. Во 2013 година тогашните премиери на двете земји, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, го постигнаа т.н. Бриселски договор, но многу елементи од него останаа неимплементирани до денес.

Главниот камен на сопнување во процесот е формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово, што Приштина одбива да го спроведе, стравувајќи дека тоа ќе создаде ентитет сличен на Република Српска во земјата, што потоа ќе ја загрози нејзината функционалност. Меѓународната заедница инсистира Косово да ја спроведе преземената обврска и да ја формира заедницата.

Српскиот претседател Вучиќ вчера изјави дека во Охрид не треба да се очекува судбоносен ден, дека од Брисел се уште не пристигнал нацрт за тоа што сака ЕУ, како и оти Србија ќе продолжи да работи со Европската унија без да се откаже од „црвените линии“.

Тој во обраќањето пред патувањето за Охрид истакна дека одредени медиуми објавиле наводен „таен план“ за имплементација на договорот, со нагласок дека тоа не е вистина, туку „список желби на албанската страна“.

Нормализирање за Вучиќ е „да имаме подобри основи со Албанците, дека решаваме безброј проблеми и се трудиме да живееме колку што можеме повеќе заедно, ако не тогаш еден до друг“.

Меѓу другото, Вучиќ синоќа изјави дека официјален Белград ќе инсистира Заедницата на српските општини да се формира во согласност со веќе потпишаните документи, особено осврнувајќи се на документот од 2015 година, кој гарантира дека Србија има надлежности во делот на здравството, образованието, руралниот и урбан развој, просторното планирање и економскиот развој.

Косовскиот премиер, Албин Курти, смета дека основниот договор меѓу Косово и Србија претставува напредок кон взаемно признавање меѓу двете држави. - Сметаме дека целосната нормализација на односите бара такво признавање како централна точка на договорот, вели тој.

- На трилатералниот состанок во Брисел на 27 февруари, понудив да го потпишам основниот договор во име на Република Косово. За жал, претседателот на Србија одби. Тој го објави одбивањето јавно по напуштањето на состанокот, рече Курти, додавајќи дека се надева оти тоа не значи дека Вучиќ не се согласува со содржината. - Овој основен договор кој го предложија 27-те земји на ЕУ, е основа за да се оди напред и се надеваме дека конечно ќе го постигнеме на 18 март, рече Курти.

Веќе е објавена и агендата на разговорите во Охрид. Прво се предвидени одвоени средби на високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Борел, и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Лајчак со двете делегации, а потоа е предвидена и заедничка средба. По завршувањето на средбите во вилите „Билјана“ и „Охрид“, најавено е обраќање на Борел пред медиумите.

Инаку, во Охрид се вршат последните подготовки за престојната средба. Покрај редовното обезбедување што е засилено при вакви гостувања на државници, полицијата веќе ги отстрани „лежечките полицајци“ од главната сообраќајница во градот, булеварот „Туристичка“ каде ќе минуваат делегациите, а се уредуваат и зелените површини во централното градско подрачје.

The post Дали ЕУ и САД му подготвуваат на Вучиќ „Охридски рамковен“? appeared first on Република.

Груби: Охридскиот договор ги унапреди правата на заедниците, поставуваме еднакви стандарди за сите https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-ohridskiot-dogovor-gi-unapredi-pravata-na-zaednicite-postavuvame-ednakvi-standardi-za-site/ Mon, 07 Nov 2022 11:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=570902

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска учествуваше на Самитот за Западен Балкан против расна дискриминација, организиран во Приштина под покровителство на премиерот на Република Косово, Албин Курти.

Груби, како што се наведува во соопштението од неговиот Кабинет, во својот говор ја истакнал хронологијата на развојот на антидискриминациските настани во Македонија, споредувајќи ги состојбите почнувајќи од 2001 година па сè до достигнувањата во последните години.

До 2001 година, етничката дискриминација беше главен збор на политичката елита на мнозинската заедница и метод за добивање гласови преку влевање страв од другиот. Сè се смени со постигнувањето на Охридскиот мировен договор и уставните измени. Денес, во Македонија се трудиме да поставиме стандарди за почитување на сите заедници, со цел истите да имаат можност да го изразат и негуваат својот идентитет, како што се јазикот, образованието, идентитетот и културата, а истовремено имаме механизам кој им овозможува и еднаков пристап до институциите, имено, како што ние го нарекуваме, правична и соодветна застапеност, како и спречување на мајоризација преку двојното мнозинство во Собранието и општинските совети, истакнал тој во своето обраќање.

Базирајќи се на конкретни статистички податоци, Груби говорел и за правичната институционална застапеност на Албанците, образованието на мајчин јазик, отворањето на универзитети на албански јазик, како и унапредувањето на социјалниот дијалог, случаи кои ги претстави како успеси кои можат да им послужат и на институциите на Република Косово.

The post Груби: Охридскиот договор ги унапреди правата на заедниците, поставуваме еднакви стандарди за сите appeared first on Република.

]]>

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска учествуваше на Самитот за Западен Балкан против расна дискриминација, организиран во Приштина под покровителство на премиерот на Република Косово, Албин Курти. Груби, како што се наведува во соопштението од неговиот Кабинет, во својот говор ја истакнал хронологијата на развојот на антидискриминациските настани во Македонија, споредувајќи ги состојбите почнувајќи од 2001 година па сè до достигнувањата во последните години.