На водителската позиција на Интернационалната вечер на 31. издание на „Охрид фест“, покрај Марјана Станојковска ќе биде и популарниот актер Дејан Лилиќ.
Актерот го заменува Васил Зафирчев, и открива дека, и покрај богатото актерско искуство, за првпат ќе биде водител на фестивал.
Пред 25 години сигурно не би се видел на фестивалот- вели Дејан. Пред десетина, можеби и би размислил, но денес по сето мое искуство, што сум видел, слушнал и доживеал, мислам дека е баш кул што сум тука. Со одлична екипа, на Интернационална вечер, со легенди и луѓе што оставиле многу зад себе. Задоволство ми е што на некој начин фестивалот ќе ме жигоса, а и јас него.
Интернационалната вечер на „Охрид фест“ ќе се случува на 31 август на величенствената сцена на Долни Сарај а организаторите најавуваат големи уметници кои ќе го потврдат повеќедеценискотот квалитет на фестивалот.
The post Дејан Лилиќ ќе го замени Васил Зафирчев на Интернационалната вечер на „Охрид фест“: Задоволство ми е што на некој начин фестивалот ќе ме жигоса, а и јас него appeared first on Република.
]]>Пред 25 години сигурно не би се видел на фестивалот- вели Дејан. Пред десетина, можеби и би размислил, но денес по сето мое искуство, што сум видел, слушнал и доживеал, мислам дека е баш кул што сум тука. Со одлична екипа, на Интернационална вечер, со легенди и луѓе што оставиле многу зад себе. Задоволство ми е што на некој начин фестивалот ќе ме жигоса, а и јас него.Интернационалната вечер на „Охрид фест“ ќе се случува на 31 август на величенствената сцена на Долни Сарај а организаторите најавуваат големи уметници кои ќе го потврдат повеќедеценискотот квалитет на фестивалот.
The post Дејан Лилиќ ќе го замени Васил Зафирчев на Интернационалната вечер на „Охрид фест“: Задоволство ми е што на некој начин фестивалот ќе ме жигоса, а и јас него appeared first on Република.
]]>Саша Милошевиќ- Маре, композитор и текстописец со блескава кариера, (меѓу останатото, автор на „Молитва“), е член на жирито на овогодинешното, 31-во издание на„Охрид фест“.
Драго ми е што сум дел од жирито, вели, Маре. Jа сакам Македонија, луѓето, ја сакам вашата природна топлина, љубезност, заљубен сум во вашата музика а имам и многу пријатели... Да си во жирито е голема одговорност, и таа улогата не е секогаш многу омилена. Во „Никад није касно“на пример, моите искуства се во функција да им помогнеме на луѓето, но и таму покрај врвни пејачи има и многу аматери...Но, за мене магија е кога ќе препознам талент, кога некој знае да ја пренесе емоцијата и има глас. Тоа е совршена техника и знак дека некој „ја поминува рампата“. Сигурен сум дека и на „Охрид-фест“ ќе има такви таленти, тоа го сметам како предуслов за успех.“
Oва не е е прв пат Маре да е дел од фестивалот. Во во 2007 бил во жирито на „Охрид фест“, истата година кога со „Против срца“ настапи групата „Бјути квинс“.
The post Саша Милошевиќ- Маре дел од жирито на „Охрид-фест“: За мене е магија кога ќе препознам талент, кога некој знае да ја пренесе емоцијата и има глас appeared first on Република.
]]>Драго ми е што сум дел од жирито, вели, Маре. Jа сакам Македонија, луѓето, ја сакам вашата природна топлина, љубезност, заљубен сум во вашата музика а имам и многу пријатели... Да си во жирито е голема одговорност, и таа улогата не е секогаш многу омилена. Во „Никад није касно“на пример, моите искуства се во функција да им помогнеме на луѓето, но и таму покрај врвни пејачи има и многу аматери...Но, за мене магија е кога ќе препознам талент, кога некој знае да ја пренесе емоцијата и има глас. Тоа е совршена техника и знак дека некој „ја поминува рампата“. Сигурен сум дека и на „Охрид-фест“ ќе има такви таленти, тоа го сметам како предуслов за успех.“Oва не е е прв пат Маре да е дел од фестивалот. Во во 2007 бил во жирито на „Охрид фест“, истата година кога со „Против срца“ настапи групата „Бјути квинс“.
The post Саша Милошевиќ- Маре дел од жирито на „Охрид-фест“: За мене е магија кога ќе препознам талент, кога некој знае да ја пренесе емоцијата и има глас appeared first on Република.
]]>Дадо Топиќ изрази желба наградата и одбележувањето на големиот јубилеј- 60 години професионална работа, да се случи токму на „Охрид фест“. Ова е поради големата љубов што тој ја чувствува кон нашата земја, поради приемот кај публиката, убавите спомени од минатогодишното издание на „Охрид фест“ и секако, поради почитта кон Григор Копров. Неговата желба е безусловно прифатена од фестивалот, бидејќи почитта е обострана, па така на Интернационлна вечер на Охрид фест, на 31 август, повторно ќе го видиме и чуеме Дадо Топиќ.
Сосема спонтано посакав овој мој јубилеј да го прославам токму на „Охрид фест, вели музичарот. Во Македонија се чувствувам величенствено, луѓето ме застануваат на секој чекор, на аеродром, на улица, во ресторан, сите се заблагодаруваат за песната „Македонија“, велат: Дадо ни подари најубава песна, тоа е нашата химна“ а тоа се зборови што не можат да се заборават. Инаку минатата година, песната наполни 50 години и „Македонија“ ја имам постојано на репертоар. Луѓето ме прашуваат за значењето на песната. „Тамо где вечно сунце сја, тамо је Македонија“ е посветена на сонцето, го имате на знамето, имате многу сончеви денови во годината, богата историја, мирен, музикален и срдечен народ, а таа песна, наградена на ланскиот „Охрид фест“ ја доби плакетата што ја краси мојата работна соба... Мојата љубов кон Македонија потекнува од најраната младост. Мајка ми беше многу музикална и кога се чистеше пченката по далматинските села, таа пееше македонски песни, јас слушав, регистрирав и полека си потпевнував во себе. Инаку, мојот менаџер Илија Јовановиќ има одлична соработка со Охрид фест, пријатели сме со Григор Копров, неуморен директор и идеен творец на фестивалот кој наголемо го реализира 31-вото издание. Ве очекува изненадување за фестивалот, нека остане тајна уште некој ден... И за крај, со нетрпение чекам да дојдеме во Охрид, би сакал за време на гостувањето да ги посетиме Билјанини извори и така да го прославиме мојот јубилеј, кој ќе биде одбележен со низа концерти низ поголеми градови во регионот. Во меѓувреме ја очекуваме биографијата, монографијата и збирка на песни што ги напишав. Се гледаме на „Охрид фест“, вели Топиќ.
The post Дадо Топиќ на Охрид фест ќе одбележи 60 години музика: Во Македонија луѓето ме застануваат на секој чекор и се заблагодаруваат за песната „Македонија“ appeared first on Република.
]]>Сосема спонтано посакав овој мој јубилеј да го прославам токму на „Охрид фест, вели музичарот. Во Македонија се чувствувам величенствено, луѓето ме застануваат на секој чекор, на аеродром, на улица, во ресторан, сите се заблагодаруваат за песната „Македонија“, велат: Дадо ни подари најубава песна, тоа е нашата химна“ а тоа се зборови што не можат да се заборават. Инаку минатата година, песната наполни 50 години и „Македонија“ ја имам постојано на репертоар. Луѓето ме прашуваат за значењето на песната. „Тамо где вечно сунце сја, тамо је Македонија“ е посветена на сонцето, го имате на знамето, имате многу сончеви денови во годината, богата историја, мирен, музикален и срдечен народ, а таа песна, наградена на ланскиот „Охрид фест“ ја доби плакетата што ја краси мојата работна соба... Мојата љубов кон Македонија потекнува од најраната младост. Мајка ми беше многу музикална и кога се чистеше пченката по далматинските села, таа пееше македонски песни, јас слушав, регистрирав и полека си потпевнував во себе. Инаку, мојот менаџер Илија Јовановиќ има одлична соработка со Охрид фест, пријатели сме со Григор Копров, неуморен директор и идеен творец на фестивалот кој наголемо го реализира 31-вото издание. Ве очекува изненадување за фестивалот, нека остане тајна уште некој ден... И за крај, со нетрпение чекам да дојдеме во Охрид, би сакал за време на гостувањето да ги посетиме Билјанини извори и така да го прославиме мојот јубилеј, кој ќе биде одбележен со низа концерти низ поголеми градови во регионот. Во меѓувреме ја очекуваме биографијата, монографијата и збирка на песни што ги напишав. Се гледаме на „Охрид фест“, вели Топиќ.
The post Дадо Топиќ на Охрид фест ќе одбележи 60 години музика: Во Македонија луѓето ме застануваат на секој чекор и се заблагодаруваат за песната „Македонија“ appeared first on Република.
]]>На три недели пред 31-вото издание на „Охрид фест“, уметничкиот директор на фолк вечерта, Љупчо Соколовски открива ексклузивитети врзани за учесниците, музиката што ќе преовладува и порачува дека и годинава ќе сведочиме на квалитена народна песна.
Како и минатата така и годинава, како уметнички директор на Фолк вечер на Охрид фест, целта ми е да имаме квалитетни песни што ќе бидат на високо ниво, бидејќи според многу компетентни критичари и новинари од музичката фела добивме позитивни критики за ланското издание. „Охрид фест“ беше еден од најдобрите фестивали за 2023 година. Песните што ќе се разлеат од Долни Сарај на 30 август се во духот на охридскиот мелос, можеби со помодерни аранжмани но сепак ќе биде запазен звукот на мандолината, тамбурата, кларинетот и виолината. Да потсетам дека лани имаше доста наши музички звезди кои се претставија со навистина квалитетни композиции. Го следиме тој модел: ќе бидат изведени 20 песни од различни автори, што значи дека песните стилски ќе се разликуваат, ќе имаме различни мелодии. Инаку, годинава сум уште поинспириран: ќе настапат еминентни имиња од фолк сцената, и секако, им даваме шанса на млади надежни музички имиња. Ќе набројам само дел од учесниците: Благица Павловска, Катерина Танева, Горан Кукиќ, Ленче Кукиќ, Нино Величковски, Ирена Спасовска, Влатко Миладиноски, групата Биоритам, Драган Николовски, Благоја Грујовски, Анета Арсовска, Петар Нечовски, Катерина Ристова...
Открива дека потешко е да се обезбеди квалитетно пејачко име, од причина што тие се предходно веќе ангажирани, станува збор за викенди кога најмногу се активни и настапуваат.
Како уметнички директор на Фолк вечер можам да се пофалам дека годинава беше полесно да се дојде до звучни имиња , бидејќи две години наназад воведов доста промени во уметничкиот дел, што е резултат на моето залагање и идеа како треба да се третира еден реномиран фестивал како што е Охрид фест. И секако да не заборавам на соработката со прекрасниот тим што стои зад овој фестивал, а истото го препознаа новинарите, медиумите, порталите, со што прави еден фестивал да блесне.... Ќе повторам, годинава имаме доста големи музички имиња, фестивалот ќе биде вистински празник на музиката. Инаку, фестивалите секако и ден денес се популарни бидејќи имаме нови песни, а тоа е како ново засадено дрво, така што секоја песна ќе си остави свој белег во свое време, а и во македонската музичка ризница. Исто така е многу важно што на секое издание се раѓаат нови млади квалитетни музички имиња, кои имаат простор да се покажат пред публиката и да се промовираат, а тоа е нешто што е многу потребно во ова време.
Соколовски смета дека фестивалите допринесуваат за зачувување на нашата фолк песна и дека кај нашите изведувачи има уште надеж дека преку фестивалите народот ќе има простор да чуе и види нешто добро. Нашиот мелос е многу убав, колку повеќе нови песни се раѓаат- толку повеќе ќе се намали просторот за туѓа музика .
The post И годинава ќе сведочиме на квалитена народна песна на „Охрид фест“ appeared first on Република.
]]>Како и минатата така и годинава, како уметнички директор на Фолк вечер на Охрид фест, целта ми е да имаме квалитетни песни што ќе бидат на високо ниво, бидејќи според многу компетентни критичари и новинари од музичката фела добивме позитивни критики за ланското издание. „Охрид фест“ беше еден од најдобрите фестивали за 2023 година. Песните што ќе се разлеат од Долни Сарај на 30 август се во духот на охридскиот мелос, можеби со помодерни аранжмани но сепак ќе биде запазен звукот на мандолината, тамбурата, кларинетот и виолината. Да потсетам дека лани имаше доста наши музички звезди кои се претставија со навистина квалитетни композиции. Го следиме тој модел: ќе бидат изведени 20 песни од различни автори, што значи дека песните стилски ќе се разликуваат, ќе имаме различни мелодии. Инаку, годинава сум уште поинспириран: ќе настапат еминентни имиња од фолк сцената, и секако, им даваме шанса на млади надежни музички имиња. Ќе набројам само дел од учесниците: Благица Павловска, Катерина Танева, Горан Кукиќ, Ленче Кукиќ, Нино Величковски, Ирена Спасовска, Влатко Миладиноски, групата Биоритам, Драган Николовски, Благоја Грујовски, Анета Арсовска, Петар Нечовски, Катерина Ристова...Открива дека потешко е да се обезбеди квалитетно пејачко име, од причина што тие се предходно веќе ангажирани, станува збор за викенди кога најмногу се активни и настапуваат.
Како уметнички директор на Фолк вечер можам да се пофалам дека годинава беше полесно да се дојде до звучни имиња , бидејќи две години наназад воведов доста промени во уметничкиот дел, што е резултат на моето залагање и идеа како треба да се третира еден реномиран фестивал како што е Охрид фест. И секако да не заборавам на соработката со прекрасниот тим што стои зад овој фестивал, а истото го препознаа новинарите, медиумите, порталите, со што прави еден фестивал да блесне.... Ќе повторам, годинава имаме доста големи музички имиња, фестивалот ќе биде вистински празник на музиката. Инаку, фестивалите секако и ден денес се популарни бидејќи имаме нови песни, а тоа е како ново засадено дрво, така што секоја песна ќе си остави свој белег во свое време, а и во македонската музичка ризница. Исто така е многу важно што на секое издание се раѓаат нови млади квалитетни музички имиња, кои имаат простор да се покажат пред публиката и да се промовираат, а тоа е нешто што е многу потребно во ова време.Соколовски смета дека фестивалите допринесуваат за зачувување на нашата фолк песна и дека кај нашите изведувачи има уште надеж дека преку фестивалите народот ќе има простор да чуе и види нешто добро. Нашиот мелос е многу убав, колку повеќе нови песни се раѓаат- толку повеќе ќе се намали просторот за туѓа музика .
The post И годинава ќе сведочиме на квалитена народна песна на „Охрид фест“ appeared first on Република.
]]>Кристијан Рахимовски, син на Аки Рахимовски фронтменот на „Парни ваљак“ годинава првпат ќе настапи на „Охрид фест“.
Цел живот слушам за Охрид, ми зборуваше татко ми, таму имаше многу пријатели, се надевам дека некои и ќе запознам. Ова за мене е прилика уште повеќе да се поврзам со своите корени, затоа што го носам македонскиот ген. Срцето ми е полно а дека премногу се радувам на доаѓањето, малку е да се каже. Благодарен сум за поканата на „Охрид фест“ и верувам добро ќе се забавуваме на фестивалот. Песната што ќе ја изведам се вика „Само љубав“ и во право време е...Татко ми сакаше да сум што повеќе на терен, да ме слушнат луѓето, но по 15 години постојано свирење, малку се изморив. Во 2019 излезе албумот „Стопала“, песната стана регионален хит, но Корона стопираше се. Во тој период останав без татко ми и без баба ми., доживеав страшен шок и ми требаше време да се повратам. Тага и болка во срцето мораше да се залечат за да почнам повторно да пеам и да го земам иструментот во раце. „Сузе небеске“ е песна која ме раздвижи а „Само љубов“ е повеќе од се, затоа што околу себе гледам луѓе кои ме сакаат, семејството, менаџерот, мојата издавачка куќа Croatia records...
Вели дека за него Македонија не е само земја, туку и внатрешен мир додека пее.
Тешко ми е тоа да го објаснам, но навистина сум благословен со тој ген. Дедо ми Мустафа Рахимовски беше професор на Академија во Ниш, предаваше сакксафон, татко ми Аки беше еден од најголемте пејачи на овие простори. Ги имам тие гени, пеам со леснотија, а немам никакво музичко училиште. Музиката ме обликуваше, иако не сакав да му се препуштам на тој свет... Јазикот слабо го зборувам, но доста разбирам, и често се гледам со пријателот Стефан Ристовски со кој неодамна бев на концертот на Влатко Стефановски во Загреб.
Кристијан во моментов го завршува новиот студиски албум и вели дека е во одлично друштво на фантастични музичари.
Имам соработка со Дејан Николиќ, тој го потпишува последниот сингл и уште некои песни кои ќе се најдат на албумот. Тука е и продуцентот Срѓан Секуловиќ, со кој навистина уживам во соработка а не запозна Саша Драгиќ, мојот менаџер кој од Скопје внимава на секој мој чекор. Во ова мое турбулентно време тој се покажа не само како одличен автор чии песни допрва ќе се снимаат, туку ми е и голема подршка. Во него препознав пријател, кој искрено, без улижување кажува се. Полека градам приказна од луѓе и од песни. Тука е и Роберт Внук, кој соработуваше со Јосипа Лисац, Плави оркестар и останати големи изведувачи, и кој неодамна се приклучи на тимот. Верувам во луѓето околу мене, во песните. Се разбира тука се авторите со кои соработувам од почетокот на карирата- Миро Буљан, Нино Нинчевиќ, Душан Бачиќ, Борис Ѓурѓевиќ, чии песни веќе излегоа како синглови..
Речиси е невозможно да не го споредиме со неговиот татко, легендарниот Аки Рахимовски, фронтменот на Парни ваљак, поради фантастичниот вокал, глас полн со топлина, емоциии...
Пеењето го научив низ стотици настапи, преку техники на дишење, дикција, диманика и сл. Работев со големи автори и ми требаа буквално 15 години за да научам да пренесам песна на вистински начин. „Постоји ли место“ и „Стопала“ беа пресвртница, тогаш ја сватив сериозната промена во себе. За мене баладите се нешто како чистилиште, премин, но во суштина ги сакам среќните песни што ги најавив со новиот сингл. Македонија допрва ќе се запознае со мојата работа, огромна желба ми е да продолжам она што го правеше татко ми, и затоа ова не е само пазар туку и обврска. Освен тоа среќен сум што ги спојувам Хрватска и Македонија во себе. Ќе дадам се од себе и многу верувам во музиката, во песните...
The post Кристијан Рахимовски за прв пат доаѓа на „Охрид фест“: Среќен сум што ги спојувам Хрватска и Македонија во себе appeared first on Република.
]]>Цел живот слушам за Охрид, ми зборуваше татко ми, таму имаше многу пријатели, се надевам дека некои и ќе запознам. Ова за мене е прилика уште повеќе да се поврзам со своите корени, затоа што го носам македонскиот ген. Срцето ми е полно а дека премногу се радувам на доаѓањето, малку е да се каже. Благодарен сум за поканата на „Охрид фест“ и верувам добро ќе се забавуваме на фестивалот. Песната што ќе ја изведам се вика „Само љубав“ и во право време е...Татко ми сакаше да сум што повеќе на терен, да ме слушнат луѓето, но по 15 години постојано свирење, малку се изморив. Во 2019 излезе албумот „Стопала“, песната стана регионален хит, но Корона стопираше се. Во тој период останав без татко ми и без баба ми., доживеав страшен шок и ми требаше време да се повратам. Тага и болка во срцето мораше да се залечат за да почнам повторно да пеам и да го земам иструментот во раце. „Сузе небеске“ е песна која ме раздвижи а „Само љубов“ е повеќе од се, затоа што околу себе гледам луѓе кои ме сакаат, семејството, менаџерот, мојата издавачка куќа Croatia records...Вели дека за него Македонија не е само земја, туку и внатрешен мир додека пее.
Тешко ми е тоа да го објаснам, но навистина сум благословен со тој ген. Дедо ми Мустафа Рахимовски беше професор на Академија во Ниш, предаваше сакксафон, татко ми Аки беше еден од најголемте пејачи на овие простори. Ги имам тие гени, пеам со леснотија, а немам никакво музичко училиште. Музиката ме обликуваше, иако не сакав да му се препуштам на тој свет... Јазикот слабо го зборувам, но доста разбирам, и често се гледам со пријателот Стефан Ристовски со кој неодамна бев на концертот на Влатко Стефановски во Загреб.Кристијан во моментов го завршува новиот студиски албум и вели дека е во одлично друштво на фантастични музичари.
Имам соработка со Дејан Николиќ, тој го потпишува последниот сингл и уште некои песни кои ќе се најдат на албумот. Тука е и продуцентот Срѓан Секуловиќ, со кој навистина уживам во соработка а не запозна Саша Драгиќ, мојот менаџер кој од Скопје внимава на секој мој чекор. Во ова мое турбулентно време тој се покажа не само како одличен автор чии песни допрва ќе се снимаат, туку ми е и голема подршка. Во него препознав пријател, кој искрено, без улижување кажува се. Полека градам приказна од луѓе и од песни. Тука е и Роберт Внук, кој соработуваше со Јосипа Лисац, Плави оркестар и останати големи изведувачи, и кој неодамна се приклучи на тимот. Верувам во луѓето околу мене, во песните. Се разбира тука се авторите со кои соработувам од почетокот на карирата- Миро Буљан, Нино Нинчевиќ, Душан Бачиќ, Борис Ѓурѓевиќ, чии песни веќе излегоа како синглови..Речиси е невозможно да не го споредиме со неговиот татко, легендарниот Аки Рахимовски, фронтменот на Парни ваљак, поради фантастичниот вокал, глас полн со топлина, емоциии...
Пеењето го научив низ стотици настапи, преку техники на дишење, дикција, диманика и сл. Работев со големи автори и ми требаа буквално 15 години за да научам да пренесам песна на вистински начин. „Постоји ли место“ и „Стопала“ беа пресвртница, тогаш ја сватив сериозната промена во себе. За мене баладите се нешто како чистилиште, премин, но во суштина ги сакам среќните песни што ги најавив со новиот сингл. Македонија допрва ќе се запознае со мојата работа, огромна желба ми е да продолжам она што го правеше татко ми, и затоа ова не е само пазар туку и обврска. Освен тоа среќен сум што ги спојувам Хрватска и Македонија во себе. Ќе дадам се од себе и многу верувам во музиката, во песните...
The post Кристијан Рахимовски за прв пат доаѓа на „Охрид фест“: Среќен сум што ги спојувам Хрватска и Македонија во себе appeared first on Република.
]]>Песната „Јутро“ годинава на „Охрид фест“ го добива признанието „Песна за сите времиња“. Го помина тестот на времето, ни се врежа во срцата и еве ја трае скоро 20 години.
Секако дека „Јутро“ е мојата музичка лична карта, и драго ми е што е прогласена за песна за сите времиња, бидејќи таа навистина е антологиска. Му благодарам на „Охрид фест“ за оваа награда! Секако таа му припаѓа и на Жељко Јосимовиќ кој ја компонираше „Јутро“, го правеше аранжманот ама и на Александра Милутиновиќ која го напиша текстот. И благодарам на публиката која ме сака, поддржува и слуша сите овие години, и благодарам бидејќи имам за кого да пеам, вели Јелена Томашевиќ.
Таа смета дека постои некоја тајна врска меѓу неа и македонската публика, па затоа и често доаѓа.
Секако тука е и поврзаноста со вонвременскиот Тоше чива што песна „Где да одем да те не волим“ ја снимив на претходниот албум. Обожавам се кога ќе дојдам во Македонија- од луѓе, преку музика па се до храна.
За нејзината успешна кариера, фантастични песни, концерти, но и дека и покрај тоа остана природна, достапна и драга вели дека тоа е работа на воспитување ама и на карактер.
Оваа наша работа е многу неизвесна а популарноста- релативна, па се може многу бргу да се смени. Затоа е добро да не се занесувате со слава.
За музиката денес, новите пејачи и жанрови смета дека песната е браник против сите „натрапници“ во музиката.
Да, тоа е песната. Мислам дека трендовите секогаш постоеле, па и меѓу нив има добри песни, не се осудува се. Медиумите можат многу да помогнат, во поддеднакво пласирање на трендовската и меин стрим музиката, за да немаме впечаток дека на публиката и е наметнат некој вид на музика, туку дека го имаат правото на избор.
Фото: Милош Надаждин
The post Томашевиќ: „Јутро“ е мојата музичка лична карта и драго ми е што е прогласена за песна за сите времиња на „Охрид фест“ appeared first on Република.
]]>Секако дека „Јутро“ е мојата музичка лична карта, и драго ми е што е прогласена за песна за сите времиња, бидејќи таа навистина е антологиска. Му благодарам на „Охрид фест“ за оваа награда! Секако таа му припаѓа и на Жељко Јосимовиќ кој ја компонираше „Јутро“, го правеше аранжманот ама и на Александра Милутиновиќ која го напиша текстот. И благодарам на публиката која ме сака, поддржува и слуша сите овие години, и благодарам бидејќи имам за кого да пеам, вели Јелена Томашевиќ.Таа смета дека постои некоја тајна врска меѓу неа и македонската публика, па затоа и често доаѓа.
Секако тука е и поврзаноста со вонвременскиот Тоше чива што песна „Где да одем да те не волим“ ја снимив на претходниот албум. Обожавам се кога ќе дојдам во Македонија- од луѓе, преку музика па се до храна.За нејзината успешна кариера, фантастични песни, концерти, но и дека и покрај тоа остана природна, достапна и драга вели дека тоа е работа на воспитување ама и на карактер.
Оваа наша работа е многу неизвесна а популарноста- релативна, па се може многу бргу да се смени. Затоа е добро да не се занесувате со слава.За музиката денес, новите пејачи и жанрови смета дека песната е браник против сите „натрапници“ во музиката.
Да, тоа е песната. Мислам дека трендовите секогаш постоеле, па и меѓу нив има добри песни, не се осудува се. Медиумите можат многу да помогнат, во поддеднакво пласирање на трендовската и меин стрим музиката, за да немаме впечаток дека на публиката и е наметнат некој вид на музика, туку дека го имаат правото на избор.Фото: Милош Надаждин
The post Томашевиќ: „Јутро“ е мојата музичка лична карта и драго ми е што е прогласена за песна за сите времиња на „Охрид фест“ appeared first on Република.
]]>Еден од најпознатите изведувачи од екс-Ју простори, автентичен и со гласот и во појавноста, Лео Мартин, годинава на „Охрид фест“ ја добива наградата за безвременски хит. Имено, композицијата „Одисеја“ евидентно стана евергрин добивајќи уште едно признание, а „Охрид фест“ останува доследен на својата цел да ги испочитува големите имиња од минатото, сите оние што оставиле трага во музиката.
Како сте Лео, каде ве наоѓам? За почеток, како најчесто ве ословуваат, со името од личната карта -Милош, или со вашето уметничко име?
Сите ме викаат Лео, а сопругата и нејзиното семејство ми велат- Мартин. Единствено мојот покоен пријател, композиторот и диригентот Војкан Борисављевиќ ме ословуваше со моето вистинско име- Милош.
Имате ли спомени врзани за Македонија, дали досега сте биле во Охрид?
Да, ја сакам вашата земја, бев многупати а таму живее и мојот син со семејството. Учествував на Скопски фестивал, и тоа со забележителен успех, се сеќавам на песните „Да нема разделби“, „Билјана“... Во Охрид бев во рамките на турнеја на Практична жена и тоа траеше една недела. Охрид е прекрасен, се радувам што ќе го видам повторно.
Вашата најголема популарност се случи во 70тите и 80тите години на минатиот век. Тогаш се роди хитот „Одисеја“, со кој не отидовте на Евровизија, но оваа песна стана вистински евергрин. Годинава на „Охрид фест“ е прогласена за безвременски хит. Како реагиравте на тоа дека „Одисеја“ сеуште се помни?
„Одисеја“ е вонвременска песна, ја пеат и стари ама и млади, на разни натпревари. Тоа е добро бидејќи и даваат надеж на добрата музика која се слуша. За жал, денес музиката повеќе се гледа одошто се слуша и тука престанува музиката. Што се однесува до фестивалското признание, се разбира дека бев почестен што „Одисеја“ е прогласна за безвременски хит. Навистина ми е голема чест.
Вашата биографија ја краси интернационалната кариера и големи хитови како што се „Лаку ноќ драги...“, „Ја те волим“, „Збогом“... На што од вашата богата кариера најрадо се сеќавате?
Првите плочи почнав да ги снимам во странство во 1968 за CBS, „Let Me Stay“ и други песни кои по лиценца пристигнуваа во Југославија. Домашната кариера ја започнав со песната „Волите се људи“ од Корнелије Ковач, потоа „Барбара“ од Вељко Вујичиќ, а потоа започна најуспешен дел од мојата кариера, соработката со Војкан Борисављевиќ- „Одисеја“, „Ја те волим“, „Збогом Кристина“, „Лаку ноќ драги“, „Добро вече мој животе“, „Песмо моја“ и др. Тоа е периодот на кој најрадо се сеќавам. После толку многу песни, турнеи, концерти..., искуство.
Кој е советот што би им го дале на оние кои допрва ја почнуваат кариерата?
Совет?! Ако мислат да се занимаваат со музиката цел живот и да остават некаква трага, тогаш таа работа треба многу серизно да ја сфатат. Да се музички и секако образовани, точни и талентирани. А треба многу да се работи, да се вежба, да се слуша. Во спротивно, се е со кус здив и губење на време.
The post Награда за безвременски хит на „Охрид фест“ за Лео Мартин : „Одисеја“ е песна на мојот живот appeared first on Република.
]]>Сите ме викаат Лео, а сопругата и нејзиното семејство ми велат- Мартин. Единствено мојот покоен пријател, композиторот и диригентот Војкан Борисављевиќ ме ословуваше со моето вистинско име- Милош.Имате ли спомени врзани за Македонија, дали досега сте биле во Охрид?
Да, ја сакам вашата земја, бев многупати а таму живее и мојот син со семејството. Учествував на Скопски фестивал, и тоа со забележителен успех, се сеќавам на песните „Да нема разделби“, „Билјана“... Во Охрид бев во рамките на турнеја на Практична жена и тоа траеше една недела. Охрид е прекрасен, се радувам што ќе го видам повторно.Вашата најголема популарност се случи во 70тите и 80тите години на минатиот век. Тогаш се роди хитот „Одисеја“, со кој не отидовте на Евровизија, но оваа песна стана вистински евергрин. Годинава на „Охрид фест“ е прогласена за безвременски хит. Како реагиравте на тоа дека „Одисеја“ сеуште се помни?
„Одисеја“ е вонвременска песна, ја пеат и стари ама и млади, на разни натпревари. Тоа е добро бидејќи и даваат надеж на добрата музика која се слуша. За жал, денес музиката повеќе се гледа одошто се слуша и тука престанува музиката. Што се однесува до фестивалското признание, се разбира дека бев почестен што „Одисеја“ е прогласна за безвременски хит. Навистина ми е голема чест.Вашата биографија ја краси интернационалната кариера и големи хитови како што се „Лаку ноќ драги...“, „Ја те волим“, „Збогом“... На што од вашата богата кариера најрадо се сеќавате?
Првите плочи почнав да ги снимам во странство во 1968 за CBS, „Let Me Stay“ и други песни кои по лиценца пристигнуваа во Југославија. Домашната кариера ја започнав со песната „Волите се људи“ од Корнелије Ковач, потоа „Барбара“ од Вељко Вујичиќ, а потоа започна најуспешен дел од мојата кариера, соработката со Војкан Борисављевиќ- „Одисеја“, „Ја те волим“, „Збогом Кристина“, „Лаку ноќ драги“, „Добро вече мој животе“, „Песмо моја“ и др. Тоа е периодот на кој најрадо се сеќавам. После толку многу песни, турнеи, концерти..., искуство.Кој е советот што би им го дале на оние кои допрва ја почнуваат кариерата?
Совет?! Ако мислат да се занимаваат со музиката цел живот и да остават некаква трага, тогаш таа работа треба многу серизно да ја сфатат. Да се музички и секако образовани, точни и талентирани. А треба многу да се работи, да се вежба, да се слуша. Во спротивно, се е со кус здив и губење на време.
The post Награда за безвременски хит на „Охрид фест“ за Лео Мартин : „Одисеја“ е песна на мојот живот appeared first on Република.
]]>Подготовките за претстојното 31. издание на популарниот „Охрид фест - Охридски трубадури“ се во полн ек: годинава фестивалот ќе се случува на 30 и 31 август на добро познатата, величенствената сцена на Долни Сарај.
„Охрид фест“ е еден од најпознатите музички фестивали кои низ својата историја оставија сериозна трага во нашата музичка индустрија но е познат и надвор од границите: изминатите три децении допре до над 200 милиони гледачи, се емитуваше во педесетина земји во Европа и низ светот, во фестивалската биографија е запишано дека на него настапија пејачи од 37 земји, но тој е и значаен симбол на градот Охрид.
-Токму затоа „Охрид фест“ широко ги отвара вратите за сите охриѓани и за оние што во тој период ќе бидат во убавиот Охрид, бидејќи влезот е слободен- информира Григор Копров, првиот човек на фестивалот. „Што се однесува до ова издание, со целото искуство што го имам и со здружени сили на тимот со кој работиме со години, не очекува одличен фестивал, со многу добри песни, со настапи на нашите докажани имиња, гости од странство, ѕвездите од екс -ју но и многу млади пејачи. Новината е што од годинава имаме соработката со Канал 5, соработка на која искрено се радувам- заврши Копров.
Традиционално фестивалот ќе започне со Фолк вечер низ која ќе води шармантната Ирена Спировска и каде покрај докажаните Благоја Грујовски, Катерина Танева, Благица Павловска, Петар Нечовски, Милица Кузмановска, група „Биоритам“.., шанса за убав старт ќе имаат и нови музички надежи.
Интернационалната вечер е резервирана за поп- музиката и младите но и за етаблирани имиња од Србија, Хрватска, Босна, Словенија, Бугарија...
Омилената водителска двојка Марјана Станојковска и Васил Зафирчев ќе бидат на своите позиции а на фестивалот ќе ги видиме Јелена Томашевиќ, Дадо Топиќ, Гоца Тржан, Срѓан Марјановиќ, Брано Ликиќ, Тони Мишел, Принц од Врање...
Охрид- фест ги подржува младите но е познат и како фестивал кој има долга меморија и ги почитува уметниците кои оставиле трага во музиката, не го заборава квалитетот на уметниците кои за адутот го имаат траењето. Во тој контекст, за безвременска песна е прогласена „Одисеја“ што маестрално ја пее Лео Мартин, композиција која го издржа тестот на времето од 1973 година.
Организаторите најавуваат уште изненадувања, а
директниот пренос на „Охрид фест“, на 30 и 31 август, од 21 часот годинава ќе се случува на телевизија Канал 5.
„Охрид- фест“ останува доследен на себе си, да слушате, гледате и уживате во музиката!
The post Јелена Томашевиќ, Дадо Топиќ, Гоца Тржан…. на „Охрид фест“ appeared first on Република.
]]>The post Јелена Томашевиќ, Дадо Топиќ, Гоца Тржан…. на „Охрид фест“ appeared first on Република.
]]>Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ по 31-ти пат го распиша конкурсот за нови композиции што ќе бидат изведени на годинешното фестивалски издание.
Условите за учество на „Охрид фест – Охридски трубадури 2024“ се композицијата да има назнака за која фестивалска вечер е наменета, демо-снимката и текстот треба да се на македонски јазик, композицијата да има наслов, да не е изведувана, сето проследено со податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот) и контакт информации. Демо-снимките треба да бидат со пратечки инструменти, пијано и гитара.
На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите за учеството, а рокот за поднесување на пријавите е до 1 јуни 2024 година. Своите композиции авторите треба да ги испратат на следната електронска адреса: [email protected]
Инаку, концептот и локацијата на одржувањето на Фестивалот не се менува од вообичаеното. Тој ќе содржи две фестивалски содржини – фолк и меѓународната вечер што на 30 и 31 август на добро познатата локација Долни Сарај во Охрид.
Организаторот на фестивалот „Охрид фест“ и овојпат ја нагласува својата поддршка на новите пејачки надежи, давајќи поддршка за дебитантите, охрабрувајќи ги да настапат на 31-то издание на „Охрид фест- Охридски трубадури“.
„Ова е извонредна шанса за промоција на дебитантите, бидејќи ‘Охрид фес“ го следат повеќе од 15 телевизии од Балканот што е извонредна можност за нивното промовирање. На истата сцена, во 1998 година Тоше Проески ја испеа „Усни на усни“ и го започна својот блескав музички пат“, посочуваат организаторите на манифестацијата.
The post 31. издание на „Охрид фест“ на 30 и 31 август на добро познатата локација Долни Сарај во Охрид appeared first on Република.
]]>The post 31. издание на „Охрид фест“ на 30 и 31 август на добро познатата локација Долни Сарај во Охрид appeared first on Република.
]]>Легендарниот Дадо Топиќ („Македонија“, „Дали знаш да те волим“, „Елизабет“, „За који живот да се родим“...) на јубилејното издание на „Охрид фест“, во Интернационалната вечер на 2 септември, ќе ја добие наградата за ширење музика на Балканот. Инаку, ова е интересна година - „Охрид фест“ ќе го има 30-тото издание, песната „Македонија“ одбележува 50 години постоење, а Дадо на 4 септември полни 74 години, и сите овие убави поводи ќе ги прослави токму кај нас, во Македонија.
Со голема радост доаѓам во Македонија, во Охрид, вели Дадо. - Не можете ниту да сфатите колку луѓето ја сакаат Македонија и колку знаат за неа, за македонската убавина, естетиката, хармонијата на ритамот и јазикот. Македонија има свој идентитет во музиката. Одамна не сум бил кај вас, ми значи поддршката од топлиот југ, се радувам на средбата со публиката. Патем, Копров ми кажа дека има песна за мене, значи можна е и соработка, а „Охрид фест“ е фестивал на кој му посакувам уште толку години.
На Интернационалната вечер ќе ја изведете легендарната „Македонија“ песна која со ист интензитет трае веќе 5 децении.
Луѓето го препознаваат македонското, има многу македонци во целиот свет, и сите тие првин ја бараат „Македонија“. Инаку, уште како мал ги засакав македонските песни, како дете ги слушав, ми се врежаа во меморијата а резултат на тоа е песната „Македонија“ која е мега слушана на сите континенти. Јас само го напишав текстот и музиката, а се`друго направија луѓето, тие не даваат да се заборави. Затоа и трае 5 децении.
Имате континуирана кариера, постојано патувате, настапувате. Што ќе направите прво откако ќе стигнете во Македонија?
Не останаа многу музичари од мојата генерација а јас ете имам кариера во континуитет. Фала му на Господ, здравјето добро ме служи, па ќе бидам на пат се додека ме бараат...А штом ќе стигнам во Македонија се знае: и јас не сум имун на вашата кујна, ќе уживам во македонските специјалитети, превкусен зеленчук, салати, тавче гравче, пинџур, и само тоа го јадам.
Фото:Марина Пешиќ
The post Дадо Топиќ на јубилејниот „Охрид фест“ ќе прослави роденден и 50 години од песната „Македонија“ appeared first on Република.
]]>Со голема радост доаѓам во Македонија, во Охрид, вели Дадо. - Не можете ниту да сфатите колку луѓето ја сакаат Македонија и колку знаат за неа, за македонската убавина, естетиката, хармонијата на ритамот и јазикот. Македонија има свој идентитет во музиката. Одамна не сум бил кај вас, ми значи поддршката од топлиот југ, се радувам на средбата со публиката. Патем, Копров ми кажа дека има песна за мене, значи можна е и соработка, а „Охрид фест“ е фестивал на кој му посакувам уште толку години.На Интернационалната вечер ќе ја изведете легендарната „Македонија“ песна која со ист интензитет трае веќе 5 децении.
Луѓето го препознаваат македонското, има многу македонци во целиот свет, и сите тие првин ја бараат „Македонија“. Инаку, уште како мал ги засакав македонските песни, како дете ги слушав, ми се врежаа во меморијата а резултат на тоа е песната „Македонија“ која е мега слушана на сите континенти. Јас само го напишав текстот и музиката, а се`друго направија луѓето, тие не даваат да се заборави. Затоа и трае 5 децении.Имате континуирана кариера, постојано патувате, настапувате. Што ќе направите прво откако ќе стигнете во Македонија?
Не останаа многу музичари од мојата генерација а јас ете имам кариера во континуитет. Фала му на Господ, здравјето добро ме служи, па ќе бидам на пат се додека ме бараат...А штом ќе стигнам во Македонија се знае: и јас не сум имун на вашата кујна, ќе уживам во македонските специјалитети, превкусен зеленчук, салати, тавче гравче, пинџур, и само тоа го јадам.Фото:Марина Пешиќ
The post Дадо Топиќ на јубилејниот „Охрид фест“ ќе прослави роденден и 50 години од песната „Македонија“ appeared first on Република.
]]>За големиот јубилеј, 30 години „Охрид фест“, Љупчо Соколовски од позиција на уметнички директор на Фолк вечерта продолжува со заложбите на фестивалот да се чуе старатата охридска песна, да доминираат мандолина, тамбура, кларинет...
Како минатата така и годинава, како уметнички директор на Фолк вечер на „Охрид фест“ целта ми е се да е на високо ниво, уште подобро од лани, кога според многу компетентни критичари и новинари од музичката фела добивме позитивни критики дека фестивалот е еден од најдобрите за 2022 година. Да потсетам: имаше доста наши квалитетни музички звезди кои се претставија со навистина квалитетни песни. Годинава сум уште поинспириран бидејќи го имаме големиот јубилеј, 30 години траење на фестивалот. Се е како што треба: ќе настапат еминентни имиња од фолк сцената, вистински ѕвезди: дуети, Наум Петрески и Лилија Семкова, Тања и Новица, потоа Зуица Лазова, Благица Павловска, Душко Георгиевски, Перо Христов, Петар Нечовски, ансамбл „Билјана“, Катерина Танева и група Сарај, Нино Величковски.., и секако ќе им дадеме шанса на дебитантите. На 1 септември од Долни Сарај ќе се разлеат песни во духот на охридскиот мелос, можеби во помодерни аранжмани но сепак ќе биде запазен звукот на мандолината, тамбурата, кларинетот и виолината. На сите учесници им посакувам успешен настап.
Вели дека ќе видиме доста познати пејачи што ќе изведат нови 20 песни .
Исто така можам да се пофалам дека имаме различни автори застапени на фестивалот, што е голем адут, бидејќи стилски ќе се разликуваат, ќе имаме различни мелодии. Во ревијалниот дел ќе настапи нашата фолк дива Сузана Спасовска, која има неколку настапи на „Охрид фест“ и тие песни ќе ги слушнеме токму сега. Ќе има и неколку изненадувања, да оставиме гледачите да уживаат во ова единствено музичко патување.
Уверува дека ќе има големи музички имиња, но не ги открива гостите...
Да бидам искрен, потешко е да се обезбеди квалитетно пејачко име, од причина што тие се предходно веќе ангажирани, станува збор за викенди кога најмногу се активни и настапуваат. Има доста наши пејачи од дијаспората кои сеуште се тука во тој период, ќе се дружиме со нив...Како и да е, годинава ќе имаме доста големи музички имиња, ќе биде вистински празник на музиката. Околу прашањето- дали со добра песна може да се одрани фолкот , ех... тоа е големо прашање но во кратки црти можам да одговорам . Првин ќе ги посочам телевизиите (оние со национална концесија) колку тие пуштаат македонска музика и во кој период. За жал, многу малку, што е и една од причините но и самите изведувачи не вложуваат во новите песни туку се насочени на обработки на народни песни или во голем број преработки на веќе авторски снимени песни. Но за среќа ќе речам, сеуште ги имаме фестивалите како што е „Охрид фест“ каде навистина може да се чуе добра песна, она што останува како браник наспрам сите „наезди“ од соседите. Тие што ќе бидат во Охрид ќе се уверат на лице место, а истото може да го направат и гледачите преку директниот пренос на „Охрид фест“ на МТВ.
The post Љупчо Соколовски, уметнички директор на Фолк вечер на „Охрид фест“: Јубилеј во знак на големи ѕвезди appeared first on Република.
]]>Како минатата така и годинава, како уметнички директор на Фолк вечер на „Охрид фест“ целта ми е се да е на високо ниво, уште подобро од лани, кога според многу компетентни критичари и новинари од музичката фела добивме позитивни критики дека фестивалот е еден од најдобрите за 2022 година. Да потсетам: имаше доста наши квалитетни музички звезди кои се претставија со навистина квалитетни песни. Годинава сум уште поинспириран бидејќи го имаме големиот јубилеј, 30 години траење на фестивалот. Се е како што треба: ќе настапат еминентни имиња од фолк сцената, вистински ѕвезди: дуети, Наум Петрески и Лилија Семкова, Тања и Новица, потоа Зуица Лазова, Благица Павловска, Душко Георгиевски, Перо Христов, Петар Нечовски, ансамбл „Билјана“, Катерина Танева и група Сарај, Нино Величковски.., и секако ќе им дадеме шанса на дебитантите. На 1 септември од Долни Сарај ќе се разлеат песни во духот на охридскиот мелос, можеби во помодерни аранжмани но сепак ќе биде запазен звукот на мандолината, тамбурата, кларинетот и виолината. На сите учесници им посакувам успешен настап.Вели дека ќе видиме доста познати пејачи што ќе изведат нови 20 песни .
Исто така можам да се пофалам дека имаме различни автори застапени на фестивалот, што е голем адут, бидејќи стилски ќе се разликуваат, ќе имаме различни мелодии. Во ревијалниот дел ќе настапи нашата фолк дива Сузана Спасовска, која има неколку настапи на „Охрид фест“ и тие песни ќе ги слушнеме токму сега. Ќе има и неколку изненадувања, да оставиме гледачите да уживаат во ова единствено музичко патување.Уверува дека ќе има големи музички имиња, но не ги открива гостите...
Да бидам искрен, потешко е да се обезбеди квалитетно пејачко име, од причина што тие се предходно веќе ангажирани, станува збор за викенди кога најмногу се активни и настапуваат. Има доста наши пејачи од дијаспората кои сеуште се тука во тој период, ќе се дружиме со нив...Како и да е, годинава ќе имаме доста големи музички имиња, ќе биде вистински празник на музиката. Околу прашањето- дали со добра песна може да се одрани фолкот , ех... тоа е големо прашање но во кратки црти можам да одговорам . Првин ќе ги посочам телевизиите (оние со национална концесија) колку тие пуштаат македонска музика и во кој период. За жал, многу малку, што е и една од причините но и самите изведувачи не вложуваат во новите песни туку се насочени на обработки на народни песни или во голем број преработки на веќе авторски снимени песни. Но за среќа ќе речам, сеуште ги имаме фестивалите како што е „Охрид фест“ каде навистина може да се чуе добра песна, она што останува како браник наспрам сите „наезди“ од соседите. Тие што ќе бидат во Охрид ќе се уверат на лице место, а истото може да го направат и гледачите преку директниот пренос на „Охрид фест“ на МТВ.
The post Љупчо Соколовски, уметнички директор на Фолк вечер на „Охрид фест“: Јубилеј во знак на големи ѕвезди appeared first on Република.
]]>Васил, за многумина беше вистинско изненадување веста за твоето учество на „Охрид фест“. После толку многу сцени, вклучувајќи ја и евровизиската, 2021 година во Холандија, годинава, на 2 септември настапува на Интернационалната вечер на „Охрид фест“.
Да, секој фестивал, натпревар има своја магија околу целата манифестација - енергија, музика, публика, место … листата продолжува. Честа да бидам дел од 30-тото изданије на „Охрид фест“ со толку важна и позната песна испеана во мој стил ми е доволен предизвик да застанам на таа сцена. Мене пред се, Охрид ми е многу драго место (дури би го ставил во Топ 5- Без змиите во вода:)), видеозаписите од „Ѓердан„ и „ПриКазна“ се најголема потврда за мојата љубов кон Охрид а воедно и негово претставување на мојата публика. Второ, маестро Копров, иако немаме заедничка песна беше еден од ретките во Македонија кој цело време ме поддржуваше, ми се јавуваше да ми честита за песна или проект и често знаеме да одиме на кафе кога сум во Скопје. Неколку пати разговаравме да бидам дел од „Охрид фест“, но самиот распоред до сега не го дозволи тоа. Трето, пред еден месец поминав една недела во Торонто и една во Чикаго со Давор Јордановски, каде што го привршувавме мојот прв “Cross-Over” албум чија промоција ќе биде во Скопје и Струмица во средината на септември, вели Гарванлиев.
На сцената на Долни Сарај, Гарванлиев ќе ја изведе песната „Јовано“. Вели дека Евровизиската не е најголемата сцена каде што настапувал до сега, но признава дека сцена како Долни Сарај на „Охрид фест“ му предизвикува трема и внатрешна турбуленција 1000 пати поголема од таа на Евросонг.
Живее во Чикаго и најавува враќање на класичната сцена во 2024 како солист на Кармина Бурана.
Конечно ќе остварам уште еден сон - настапот ке биде во легендарната Kennedy Center во Вашингтон САД. Најголемиот сон кој го подготвувам скоро десеттина години ќе биде изведен премиерно во Струмица и Скопје во средина на септември- Албумот „ВАСИЛ” - мултимедијален спектакл, кој е мост на три музички жанрови во еден: Балкан, оригинал поп и класика на седум јазици со камерен оркестар, хор, танчери, светлосни/видео ефекти и наративи каде преку песна ќе ја раскажам мојата имигрантска приказна...
The post Васил Гарванлиев ќе настапи на „Охрид фест“: Сцената на Долни Сарај ми предизвикува турбуленција 1000 пати поголема од онаа на „Евросонг“ appeared first on Република.
]]>Да, секој фестивал, натпревар има своја магија околу целата манифестација - енергија, музика, публика, место … листата продолжува. Честа да бидам дел од 30-тото изданије на „Охрид фест“ со толку важна и позната песна испеана во мој стил ми е доволен предизвик да застанам на таа сцена. Мене пред се, Охрид ми е многу драго место (дури би го ставил во Топ 5- Без змиите во вода:)), видеозаписите од „Ѓердан„ и „ПриКазна“ се најголема потврда за мојата љубов кон Охрид а воедно и негово претставување на мојата публика. Второ, маестро Копров, иако немаме заедничка песна беше еден од ретките во Македонија кој цело време ме поддржуваше, ми се јавуваше да ми честита за песна или проект и често знаеме да одиме на кафе кога сум во Скопје. Неколку пати разговаравме да бидам дел од „Охрид фест“, но самиот распоред до сега не го дозволи тоа. Трето, пред еден месец поминав една недела во Торонто и една во Чикаго со Давор Јордановски, каде што го привршувавме мојот прв “Cross-Over” албум чија промоција ќе биде во Скопје и Струмица во средината на септември, вели Гарванлиев.На сцената на Долни Сарај, Гарванлиев ќе ја изведе песната „Јовано“. Вели дека Евровизиската не е најголемата сцена каде што настапувал до сега, но признава дека сцена како Долни Сарај на „Охрид фест“ му предизвикува трема и внатрешна турбуленција 1000 пати поголема од таа на Евросонг. Живее во Чикаго и најавува враќање на класичната сцена во 2024 како солист на Кармина Бурана.
Конечно ќе остварам уште еден сон - настапот ке биде во легендарната Kennedy Center во Вашингтон САД. Најголемиот сон кој го подготвувам скоро десеттина години ќе биде изведен премиерно во Струмица и Скопје во средина на септември- Албумот „ВАСИЛ” - мултимедијален спектакл, кој е мост на три музички жанрови во еден: Балкан, оригинал поп и класика на седум јазици со камерен оркестар, хор, танчери, светлосни/видео ефекти и наративи каде преку песна ќе ја раскажам мојата имигрантска приказна...
The post Васил Гарванлиев ќе настапи на „Охрид фест“: Сцената на Долни Сарај ми предизвикува турбуленција 1000 пати поголема од онаа на „Евросонг“ appeared first on Република.
]]>„Мирно“, песната потпишана од Душан Бачиќ и Дејан Николиќ, што ја прати синергијата на Гоца Тржан и Стефан Здравковиќ- познат како Принц од Врање, ќе биде дел од Интернационалната вечер на „Охрид-фест“.
Ова вкрстено интервју на двајцата блескави вокали, само ја опишува страста со која тие ќе настапат на фестивалот. По фантастичниот дует со Тоше, во темата „1200 миља“ Гоца е во дует со Принц во песната „Мирно“. Како се случи овој музички „спој“: поради привлечноста на песната, взаемна енергија или можеби најдовте некоја сличност со Тоше?
Гоца Тржан: Тоше е незаменлив и хитот „1200 миља“ стана легендарен и ги обележи нашите кариери. Принц има посебна енергија но една заедничка црта помеѓу него и Тоше е прекрасна пристојност, достапност и леснотија со која соработувавме. Песната „Мирно“ допре на прво слушање а реакциите се повеќе од одлични. Нашиот композитор Душан Бачиќ ни ја пушти песната и кога е добра, се оди лесно. Всушност, се е лесно кога работиш со талентирани луѓе, а Принц е преталентиран.
Вистинска привилегија е да се има дует со Гоца Тржан, каков предизвик е на почетокот на кариерата да се настапи со вака познато име?
Принц: Соработката со Гоца Тржан навистина е привилегија. Како етаблирана уметница, таа создаде извонредна кариера и стекна голем број обожаватели. Да се пее со неа е голем предизвик, ама и неизмерна радост. Гоца има неодоллива харизма и неверојатна вокална експресија која може да измами емоции кај секој слушател. Се радувам што на публиката во Охрид заедно ќе и пружиме незаборавно доживување. Ќе биде тоа посебен момент за сите нас и за сите оние што ќе сведочат на нашата музичка синергија.
Гоца Тржан на “Охрид фест“ доаѓа по втор пат: во рани деведесети бевте гостинка на овој познат македонски фестивал... Затоа пак, Принц ќе го има официјалното пробивање на мраз на „Охрид фест“.
Гоца: Уште од многу одамна Охрид ми остана во срцето, но немав прилика често да го посетувам. Ама ете, кога слушнав дека постои можност, веднаш се одлучив да дојдам. Инаку, ја обожавам Македонија, уживање ми е дружење со колеги на фестивали, и едвај чекам „Мирно“ да ја претставиме на македонската публика. Потоа, во план ни е серија концерти низ Македонија, и искрено се надевам дека настапот на „Охрид фест“ само ќе ја зајакне мојата љубов со Македонија.
Принц: Учество на 30- то, јубилејно издание на „Охрид фест“ за мене е особено значајно. Да си дел од вака престижен настан со толку големи уметници е вистинска чест и прилика која не е честа. Дадо Топиќ, Неда Украден, Срѓан Марјановиќ.., се извонредни музичари и да си во нивното друшто, на иста сцена, за мене е голема инспирација. Инаку, пред десетина година имав прилика со друштво да пеам на плоштад во Охрид, направивме мал концерт и имавме добра реакција на публиката. Од бакшишот што го добивме, го продолживме одморот на уште два дена. Сега се чувствувам привилегирано што ќе бидам дел од фестивалот кој ја слави музиката и уметноста, и се надевам дека ќе и донесеме радост на публиката.
Што мислите, како македонската публика ќе ја прифатат „Мирно“?
Гоца Тржан: Македонците се еден особено музикален народ кој ја почитува добрата музика и добрите пеачи, чест е да се настапува пред таквата публика. Песната е модерна, ама во неа има многу од нашата балканска душа и емоција и луѓето тоа го препознаваат. Сигурна сум дека на македонците ќе им се допадне нашата песна и дека наскоро ќе се видиме на концерти.
Принц: Македонија има богата музичка традиција и љубов кон уметноста, а тоа посебно се чувствува на фестивалите. Очекувам дека македонската публика ќе биде особено срдечна и страствена кон музиката, верувам дека ќе не дочека со голем ентузијазам и радост... Со оглед на тоа што сум од Врање, македонската музика за мене, уште од дете е блиска и позната. Татко ми ја пееше „Зајди зајди“ а јас бев голем фан на Тоше Проески...Македонија има квалитетни изведувачи а со некои имав среќа да се запознам и делам иста сцена со Елена Ристевска, Даниел Кајмаковски, Тијана Дапчевиќ.
The post Гоца Тржан и Стефан Здравковиќ- Принц на „Охрид-фест“: Искрено се надевам дека настапот ќе ја зајакне мојата љубов со Македонија appeared first on Република.
]]>Гоца Тржан: Тоше е незаменлив и хитот „1200 миља“ стана легендарен и ги обележи нашите кариери. Принц има посебна енергија но една заедничка црта помеѓу него и Тоше е прекрасна пристојност, достапност и леснотија со која соработувавме. Песната „Мирно“ допре на прво слушање а реакциите се повеќе од одлични. Нашиот композитор Душан Бачиќ ни ја пушти песната и кога е добра, се оди лесно. Всушност, се е лесно кога работиш со талентирани луѓе, а Принц е преталентиран.Вистинска привилегија е да се има дует со Гоца Тржан, каков предизвик е на почетокот на кариерата да се настапи со вака познато име?
Принц: Соработката со Гоца Тржан навистина е привилегија. Како етаблирана уметница, таа создаде извонредна кариера и стекна голем број обожаватели. Да се пее со неа е голем предизвик, ама и неизмерна радост. Гоца има неодоллива харизма и неверојатна вокална експресија која може да измами емоции кај секој слушател. Се радувам што на публиката во Охрид заедно ќе и пружиме незаборавно доживување. Ќе биде тоа посебен момент за сите нас и за сите оние што ќе сведочат на нашата музичка синергија.Гоца Тржан на “Охрид фест“ доаѓа по втор пат: во рани деведесети бевте гостинка на овој познат македонски фестивал... Затоа пак, Принц ќе го има официјалното пробивање на мраз на „Охрид фест“.
Гоца: Уште од многу одамна Охрид ми остана во срцето, но немав прилика често да го посетувам. Ама ете, кога слушнав дека постои можност, веднаш се одлучив да дојдам. Инаку, ја обожавам Македонија, уживање ми е дружење со колеги на фестивали, и едвај чекам „Мирно“ да ја претставиме на македонската публика. Потоа, во план ни е серија концерти низ Македонија, и искрено се надевам дека настапот на „Охрид фест“ само ќе ја зајакне мојата љубов со Македонија.
Принц: Учество на 30- то, јубилејно издание на „Охрид фест“ за мене е особено значајно. Да си дел од вака престижен настан со толку големи уметници е вистинска чест и прилика која не е честа. Дадо Топиќ, Неда Украден, Срѓан Марјановиќ.., се извонредни музичари и да си во нивното друшто, на иста сцена, за мене е голема инспирација. Инаку, пред десетина година имав прилика со друштво да пеам на плоштад во Охрид, направивме мал концерт и имавме добра реакција на публиката. Од бакшишот што го добивме, го продолживме одморот на уште два дена. Сега се чувствувам привилегирано што ќе бидам дел од фестивалот кој ја слави музиката и уметноста, и се надевам дека ќе и донесеме радост на публиката.Што мислите, како македонската публика ќе ја прифатат „Мирно“?
Гоца Тржан: Македонците се еден особено музикален народ кој ја почитува добрата музика и добрите пеачи, чест е да се настапува пред таквата публика. Песната е модерна, ама во неа има многу од нашата балканска душа и емоција и луѓето тоа го препознаваат. Сигурна сум дека на македонците ќе им се допадне нашата песна и дека наскоро ќе се видиме на концерти.
Принц: Македонија има богата музичка традиција и љубов кон уметноста, а тоа посебно се чувствува на фестивалите. Очекувам дека македонската публика ќе биде особено срдечна и страствена кон музиката, верувам дека ќе не дочека со голем ентузијазам и радост... Со оглед на тоа што сум од Врање, македонската музика за мене, уште од дете е блиска и позната. Татко ми ја пееше „Зајди зајди“ а јас бев голем фан на Тоше Проески...Македонија има квалитетни изведувачи а со некои имав среќа да се запознам и делам иста сцена со Елена Ристевска, Даниел Кајмаковски, Тијана Дапчевиќ.
The post Гоца Тржан и Стефан Здравковиќ- Принц на „Охрид-фест“: Искрено се надевам дека настапот ќе ја зајакне мојата љубов со Македонија appeared first on Република.
]]>Јуре Бркљача (27), млад музичар од Задар -Хрватска, на Интернационалната вечер на „Охрид фест“ со песната „Не постојим кад ниси ти“ на Мирослав Рус ја освои првата награда од публиката. Со „медитеранот во себе“, топлината во гласот и далматинска непосредност ги освои сите, па вети дека ќе доаѓа почесто.
Неговиот музички пат во Хрватска започна на натпреварот „Тhe voice“ во 2015 година, и за само неколку години целиот талент и дарба испливаа на површина. Еве со какви импресии Јуре се врати во својата татковина.
По поминати 1000 километри, што прво направи кога пристигна дома?
Патував со феноменална екипа од Словенија, што за прв пат ја запознав, а се дружевме како да се знаеме со години. Тоа беа новинарот Вања Вардјан и дел од групата „Рандеву“, Миро Чекелиш и Божидар Волфанд. Од Охрид тргнавме за Загреб, со неколку паузи, па и „гурманска“ во Скопје, каде ручавме, пристигнавме во понеделник, околу 4 часот наутро. Првин легнав да се наспијам. Потоа, веднаш се фатив за гитарата а потоа почнав со тренинг.
И, кои се впечатоците неколку дена по победата на „Охрид-фест“, раскажи се: како беше на фестивалот, колку те изненади наградата, ја почувствува ли енергијата на исчекување на „она нешто“?
Голема чест ми е победата на „Охрид фест“ а најдраго ми е што публиката го препознаа медитеранот во песната. Се изненадив како луѓето ме прифатија „од прва“. Целта ми беше да дојдам во Македонија, да се претставам и да ја запознам вашата земја, не размислував за никаков пласман. Особено што едни од моите најголеми музички идоли ми се Тоше Проески и Влатко Стефановски, така што честа да победам во земјата од каде што се тие, е уште поголема.
Првпат во Македонија и ете, се случи убава работа, награда и можноста да ни доаѓаш почесто. Што ти се допадна кај нас - Охрид, луѓе, храна?
Македонија и Охрид за првпат. Најмногу од се ми се допаднаа луѓето кои имаат голема љубезност кон гостите. Охрид е прекрасен, го има „она нешто“. Сите денови пред фестивалот се дружевме во локалот Харбор и свиревме клавир. Запознав добри луѓе и пријатели на кои ќе им се јавам секогаш кога ќе дојдам во Охрид.
А што се однесува до храната, многу е добра и морам да признам дека веќе ми недостасува.
Соработуваш со Мирослав Рус, и тоа е голема радост за двајцата. Како започна тој музички пат, како работите?
Рус е мојот пријател пред се. Во една прилика ги слушаше моите песни во студио и едноставно се случи „кликнување“, имаме многу сличен поглед на музиката. Мене ме импресионираа неговите песни и текстови.. Сметам дека Рус е еден од најдобрите автори на сите времиња на овие простори. Има безвременски песни.
Од него најмногу научив за музиката и за работата. Го снимивме заедно мојот прв албум „Остани тајна живота мог“ и подготвуваме уште песни кои едвај чекаме да ги слушнете. Рус е посебна личност, добар пријател и човек.
Кои ти се ангажманите во следниот период?
Работиме на новиот албум и на тоа сум најмногу фокусиран. Се радувам на новите песни и средби со публиката. Свирењето во живо ми ги полни батериите и ми дава голем предизвик. Имам многу енергија и младост, сакам да ја искористам таа прилика и да оставам трага зад себе.
Фото: Марино Бркљача
The post Јуре Бркљача, победник од публиката на „Охрид фест“: Момче со море во себе appeared first on Република.
]]>Патував со феноменална екипа од Словенија, што за прв пат ја запознав, а се дружевме како да се знаеме со години. Тоа беа новинарот Вања Вардјан и дел од групата „Рандеву“, Миро Чекелиш и Божидар Волфанд. Од Охрид тргнавме за Загреб, со неколку паузи, па и „гурманска“ во Скопје, каде ручавме, пристигнавме во понеделник, околу 4 часот наутро. Првин легнав да се наспијам. Потоа, веднаш се фатив за гитарата а потоа почнав со тренинг.И, кои се впечатоците неколку дена по победата на „Охрид-фест“, раскажи се: како беше на фестивалот, колку те изненади наградата, ја почувствува ли енергијата на исчекување на „она нешто“?
Голема чест ми е победата на „Охрид фест“ а најдраго ми е што публиката го препознаа медитеранот во песната. Се изненадив како луѓето ме прифатија „од прва“. Целта ми беше да дојдам во Македонија, да се претставам и да ја запознам вашата земја, не размислував за никаков пласман. Особено што едни од моите најголеми музички идоли ми се Тоше Проески и Влатко Стефановски, така што честа да победам во земјата од каде што се тие, е уште поголема.Првпат во Македонија и ете, се случи убава работа, награда и можноста да ни доаѓаш почесто. Што ти се допадна кај нас - Охрид, луѓе, храна?
Македонија и Охрид за првпат. Најмногу од се ми се допаднаа луѓето кои имаат голема љубезност кон гостите. Охрид е прекрасен, го има „она нешто“. Сите денови пред фестивалот се дружевме во локалот Харбор и свиревме клавир. Запознав добри луѓе и пријатели на кои ќе им се јавам секогаш кога ќе дојдам во Охрид. А што се однесува до храната, многу е добра и морам да признам дека веќе ми недостасува.Соработуваш со Мирослав Рус, и тоа е голема радост за двајцата. Како започна тој музички пат, како работите?
Рус е мојот пријател пред се. Во една прилика ги слушаше моите песни во студио и едноставно се случи „кликнување“, имаме многу сличен поглед на музиката. Мене ме импресионираа неговите песни и текстови.. Сметам дека Рус е еден од најдобрите автори на сите времиња на овие простори. Има безвременски песни. Од него најмногу научив за музиката и за работата. Го снимивме заедно мојот прв албум „Остани тајна живота мог“ и подготвуваме уште песни кои едвај чекаме да ги слушнете. Рус е посебна личност, добар пријател и човек.Кои ти се ангажманите во следниот период?
Работиме на новиот албум и на тоа сум најмногу фокусиран. Се радувам на новите песни и средби со публиката. Свирењето во живо ми ги полни батериите и ми дава голем предизвик. Имам многу енергија и младост, сакам да ја искористам таа прилика и да оставам трага зад себе.Фото: Марино Бркљача
The post Јуре Бркљача, победник од публиката на „Охрид фест“: Момче со море во себе appeared first on Република.
]]>Изминатиот викенд во Охрид се одржа 29- тото издание на фестивалот „Охрид Фест- Охридски трубадури“, сцената на Долни Сарај никогаш не изгледала помоќно, а домаќини беа Марјана Станојковска и Васил Зафирчев.
Настапија етаблирани музички имиња од Балканот- омилениот Владо Калембер, кантавторот Срѓан Марјановиќ, групата „Рандеву“ од Словенија, Тони Мишел од Филаделфија и секако - дебитанти, на кои „Охрид фест“ им дава фантастична можност за промоција.
Специјалното интернационалното жири ги даде своите гласови на најдобрите, а годинава имаше и новинарската награда, акредитираните медиуми ја одбраа песната што на нив оставила најдобар впечаток.
Награда за најдобар текст: Борче Нечовски за композицијата “Твоја сум” во изведба на Мила
Награда за најдобар аранжман: Александар Масевски за “Close to the sun” во изведба на Андреа
Награда за најдобра интерпретација: Марија – “Засекогаш Твоја”
Награда Долни Сарај: Ненад Цвјетиќ
Награда за најдобар дебитант: Ник
1-ва Награда од стручно Жири: Expose – “This love will last forever”
2-ра Награда од стручно Жири: Александар и Белма – “Глупаво е да си сам”
3-та Награда од стручно Жири: Моника Кнезовиќ – “Молекул”
Првата награда од стручното жири ја освои Expose со песната “This love will last forever”. Втората награда од жирито им припадна на дуетот Александар и Белма, додека третата на гостинката од Црна Гора, Моника Кнезовиќ.
На фестивалот беа доделени и други награди како награда за најдобар текст, која ја доби Борче Нечовски за композицијата “Твоја сум” во изведба на Мила.
Наградата за најдобар аранжман ја освои Александар Масевски за “Close to the sun” во изведба на Андреа, додека награда за најдобра интерпретација и припадна на Марија – “Засекогаш Твоја”.
На 29-то издание на фестивалот се отпеаа 16 нови фолк песни и на сцената застанаа многу познати имиња: Наум Петрески, Благица Павловска, Зуица Лазова, Баже Груевски, Петар Нечовски, групте „Академци“, „Чардаш“... кои ја направија вечерта навистина посебна.
Првата награда од стручното жири ја освои Наум Петрески со песната ,,Не се откажав”.
Второнаградени од жири се групата ,,Академци”, а пак на трето место заврши Кирил Белистојановски.
The post Долни Сарај никогаш не изгледал помоќно: 29. издание на „Охрид фест-Охридски трубадури“ донесе етаблирани имиња и дебитанти на сцената appeared first on Република.
]]>Настапија етаблирани музички имиња од Балканот- омилениот Владо Калембер, кантавторот Срѓан Марјановиќ, групата „Рандеву“ од Словенија, Тони Мишел од Филаделфија и секако - дебитанти, на кои „Охрид фест“ им дава фантастична можност за промоција.
Специјалното интернационалното жири ги даде своите гласови на најдобрите, а годинава имаше и новинарската награда, акредитираните медиуми ја одбраа песната што на нив оставила најдобар впечаток.
Награда за најдобар текст: Борче Нечовски за композицијата “Твоја сум” во изведба на Мила Награда за најдобар аранжман: Александар Масевски за “Close to the sun” во изведба на Андреа Награда за најдобра интерпретација: Марија – “Засекогаш Твоја” Награда Долни Сарај: Ненад Цвјетиќ Награда за најдобар дебитант: Ник 1-ва Награда од стручно Жири: Expose – “This love will last forever” 2-ра Награда од стручно Жири: Александар и Белма – “Глупаво е да си сам” 3-та Награда од стручно Жири: Моника Кнезовиќ – “Молекул” Првата награда од стручното жири ја освои Expose со песната “This love will last forever”. Втората награда од жирито им припадна на дуетот Александар и Белма, додека третата на гостинката од Црна Гора, Моника Кнезовиќ.
На фестивалот беа доделени и други награди како награда за најдобар текст, која ја доби Борче Нечовски за композицијата “Твоја сум” во изведба на Мила. Наградата за најдобар аранжман ја освои Александар Масевски за “Close to the sun” во изведба на Андреа, додека награда за најдобра интерпретација и припадна на Марија – “Засекогаш Твоја”. На 29-то издание на фестивалот се отпеаа 16 нови фолк песни и на сцената застанаа многу познати имиња: Наум Петрески, Благица Павловска, Зуица Лазова, Баже Груевски, Петар Нечовски, групте „Академци“, „Чардаш“... кои ја направија вечерта навистина посебна. Првата награда од стручното жири ја освои Наум Петрески со песната ,,Не се откажав”. Второнаградени од жири се групата ,,Академци”, а пак на трето место заврши Кирил Белистојановски.The post Долни Сарај никогаш не изгледал помоќно: 29. издание на „Охрид фест-Охридски трубадури“ донесе етаблирани имиња и дебитанти на сцената appeared first on Република.
]]>Љупчо Соколовски, уметничкиот директор на Фолк вечер на „Охрид фест“ посочува дека 29-то издание на фестивалот ќе се реализира со учество на Наум Петрески, Сузе Спасовска, Зуица Лазова, Катерина Танева, Благоја Груевски, Петар Нечовски.
И годинава Фолк вечер на „Охрид фест“ ја продолжува музичката традиција поткрепена со нашите најдобри пеачи, кои ќе изведуваат песни на докажани авторски тимови- не информира Љупчо Соколовски, уметничкиот директор на првата, Фолк вечер на спомнатиот фестивал.Подготовките се во тек, се работи под полна пареа а сите музички гурмани, оние што го почитуваат македонскиот мелос нека го запомнат 2 септември, бидејќи тогаш ќе празнува народната песна на фестивалот. „Охрид фест“ со години им пркоси на модерни, современи продукциски технологии, автентичен е во звукот и мелодијата поради претпознатливата охридска песна.
Фестивалот тежнее песните да го издржат тестот на времето, па во тој контекст, што ќе доминира годинава?
Секако дека и оваа година ќе биде запазен мелосот на овој фестивал: виолината, тамбурата, кларинетот, мандолината... Ќе имаме 18 нови градски песни од веќе докажани композитори, текстописци, аранжери, сето тоа полеано со бисерните грла на нашите најдобри изведувачи. Патем, отсекогаш „Охрид фест“ асоцирал на староградски-медитерански мелос што се негувал со децении. Задоволен сум што продолжуваме под полна пареа, Уметничкиот директор со селекцијата што ја прави, му дава особен белег на фестивалот.
Која е твојата музичка цел и кои се учесниците што ќе ги видиме годинава?
Пред се, сакам да имаме одличен фестивал, на македонската јавност да и презентираме 18 одлични песни а годинава ќе преовладуваат веќе докажани изведувачи и професионалци. Секако дека ќе има и дебитанти, кои со својот квалитет ќе го оправдаат учеството а за да снимките звучат професионално, аудио записите ќе бидат реализирани во професионални студија. Најдобрите песни ќе бидат наградени од стручно жири. По фестивалската вечер ќе имаме дружба со колегите како што порано често се правеше на овој фестивал, за да се чувствуваме како дома. Што се однесува до учесниците, ќе ја видиме и слушнеме нашата докажана фолк елита: Наум Петрески , Зуица Лазова ,Сузана Спасовска , Благоја Груевски , Катерина Танева, Стојне Николова, Ивана Наумова, групите „Академци“, „ Чардак“, потоа, Кирил Белистојаноски, Милован Секолуски, Петар Нечовски ..., списокот не е конечен, но на сите изведувачи им посакувам успех на ова 29-то издание на „Охрид фест“.
The post Љупчо Соколовски, уметнички директор на Фолк вечер на „Охрид фест“: 29-то издание со Наум Петрески, Сузе Спасовска, Зуица Лазова, Катерина Танева, Благоја Груевски, Петар Нечовски appeared first on Република.
]]>Љупчо Соколовски, уметничкиот директор на Фолк вечер на „Охрид фест“ посочува дека 29-то издание на фестивалот ќе се реализира со учество на Наум Петрески, Сузе Спасовска, Зуица Лазова, Катерина Танева, Благоја Груевски, Петар Нечовски.
И годинава Фолк вечер на „Охрид фест“ ја продолжува музичката традиција поткрепена со нашите најдобри пеачи, кои ќе изведуваат песни на докажани авторски тимови- не информира Љупчо Соколовски, уметничкиот директор на првата, Фолк вечер на спомнатиот фестивал.Подготовките се во тек, се работи под полна пареа а сите музички гурмани, оние што го почитуваат македонскиот мелос нека го запомнат 2 септември, бидејќи тогаш ќе празнува народната песна на фестивалот. „Охрид фест“ со години им пркоси на модерни, современи продукциски технологии, автентичен е во звукот и мелодијата поради претпознатливата охридска песна.
Фестивалот тежнее песните да го издржат тестот на времето, па во тој контекст, што ќе доминира годинава?
Секако дека и оваа година ќе биде запазен мелосот на овој фестивал: виолината, тамбурата, кларинетот, мандолината... Ќе имаме 18 нови градски песни од веќе докажани композитори, текстописци, аранжери, сето тоа полеано со бисерните грла на нашите најдобри изведувачи. Патем, отсекогаш „Охрид фест“ асоцирал на староградски-медитерански мелос што се негувал со децении. Задоволен сум што продолжуваме под полна пареа, Уметничкиот директор со селекцијата што ја прави, му дава особен белег на фестивалот.
Која е твојата музичка цел и кои се учесниците што ќе ги видиме годинава?
Пред се, сакам да имаме одличен фестивал, на македонската јавност да и презентираме 18 одлични песни а годинава ќе преовладуваат веќе докажани изведувачи и професионалци. Секако дека ќе има и дебитанти, кои со својот квалитет ќе го оправдаат учеството а за да снимките звучат професионално, аудио записите ќе бидат реализирани во професионални студија. Најдобрите песни ќе бидат наградени од стручно жири. По фестивалската вечер ќе имаме дружба со колегите како што порано често се правеше на овој фестивал, за да се чувствуваме како дома. Што се однесува до учесниците, ќе ја видиме и слушнеме нашата докажана фолк елита: Наум Петрески , Зуица Лазова ,Сузана Спасовска , Благоја Груевски , Катерина Танева, Стојне Николова, Ивана Наумова, групите „Академци“, „ Чардак“, потоа, Кирил Белистојаноски, Милован Секолуски, Петар Нечовски ..., списокот не е конечен, но на сите изведувачи им посакувам успех на ова 29-то издание на „Охрид фест“.
The post Љупчо Соколовски, уметнички директор на Фолк вечер на „Охрид фест“: 29-то издание со Наум Петрески, Сузе Спасовска, Зуица Лазова, Катерина Танева, Благоја Груевски, Петар Нечовски appeared first on Република.
]]>Кики Лесендриќ, една од иконите на српскиот рокенрол звук во 80-тите и 90-тите години на минатиот век, ќе настапи на Интернационалната вечер (3 септември) на 29-тото издание на „Охрид фест“.
Евергрините „Свет је леп када сањамо“, „Заборављени“, „Као птица на мом длану“.., ќе ја потсетат македонската публика на нежните балади и специфичната боја на гласот на Лесендриќ.
Кики, каде ве наоѓам моментално, и што вообичаено правите во овој летен период?
Моментално сум на Санторини во Грција, но бргу се враќам за Белград, па почнувам со јулските концерти. Главно, преку лето сум на Закинтос, а се враќам за концерти.
Македонската публика ќе има можност да ве види и слушне на „Охрид фест“. Од кога не сте биле кај нас, имате ли убави спомени од Македонија?
Не сум бил во Македонија навистина долго. Но, во еден период со „Пилоти“ свиревме многу кај вас, мислам, сигурен сум дека скоро и да не постои место каде не настапувавме. Се надевам дека новиот албум на есен, повторно ќе не донесе во Македонија, дека повторно ќе свириме, и тоа ќе го правиме со посебно задоволство.
Од вашето богато музичко и животно искуство- како автор, пејач, продуцент, ментор.., кој период го сметате за најважен? На што сакате да се сетите?
Секоја од тие станици мене ми е драгоцена. Почетокот во 1981 година е како прв бакнеж во училиште. Понатаму навистина имаше различни периоди, од луди 80- ти па се до војната, моето заминување за Грција и подоцнежното враќање со албумот „Месец на вратима“. Многу години се зад мене, но некако сеуште сакам да снимам и да сум на сцена.
The post Кики Лесендриќ доаѓа на „Охрид фест“: Многу години се зад мене, но некако сеуште сакам да снимам и да сум на сцена appeared first on Република.
]]>Кики Лесендриќ, една од иконите на српскиот рокенрол звук во 80-тите и 90-тите години на минатиот век, ќе настапи на Интернационалната вечер (3 септември) на 29-тото издание на „Охрид фест“.
Евергрините „Свет је леп када сањамо“, „Заборављени“, „Као птица на мом длану“.., ќе ја потсетат македонската публика на нежните балади и специфичната боја на гласот на Лесендриќ.
Кики, каде ве наоѓам моментално, и што вообичаено правите во овој летен период?
Моментално сум на Санторини во Грција, но бргу се враќам за Белград, па почнувам со јулските концерти. Главно, преку лето сум на Закинтос, а се враќам за концерти.
Македонската публика ќе има можност да ве види и слушне на „Охрид фест“. Од кога не сте биле кај нас, имате ли убави спомени од Македонија?
Не сум бил во Македонија навистина долго. Но, во еден период со „Пилоти“ свиревме многу кај вас, мислам, сигурен сум дека скоро и да не постои место каде не настапувавме. Се надевам дека новиот албум на есен, повторно ќе не донесе во Македонија, дека повторно ќе свириме, и тоа ќе го правиме со посебно задоволство.
Од вашето богато музичко и животно искуство- како автор, пејач, продуцент, ментор.., кој период го сметате за најважен? На што сакате да се сетите?
Секоја од тие станици мене ми е драгоцена. Почетокот во 1981 година е како прв бакнеж во училиште. Понатаму навистина имаше различни периоди, од луди 80- ти па се до војната, моето заминување за Грција и подоцнежното враќање со албумот „Месец на вратима“. Многу години се зад мене, но некако сеуште сакам да снимам и да сум на сцена.
The post Кики Лесендриќ доаѓа на „Охрид фест“: Многу години се зад мене, но некако сеуште сакам да снимам и да сум на сцена appeared first on Република.
]]>