Оф фест Archives - Република https://republika.mk/tema/of-fest/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Jun 2024 09:54:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Оф фест Archives - Република https://republika.mk/tema/of-fest/ 32 32 БОИ АКИ и КУТУ вечерва на ОФФест: Микс од африкански влијанија и европски фолк и моќен звук на француско-етиописката супер група за беспрекорно фестивалско доживување https://republika.mk/scena/muzika/boi-aki-i-kutu-vecherva-na-offest-miks-od-afrikanski-vlijanija-i-evropski-folk-i-moken-zvuk-na-frantsusko-etiopiskata-super-grupa-za-besprekorno-festivalsko-dozhivuvane/ Fri, 07 Jun 2024 09:54:04 +0000 https://republika.mk/?p=785467

По синоќешното експлозивно отворање на 23. издание на OFFest со импресивниот настап на „султанот на сахарскиот блуз“ BOMBINO, како и на ѕвездите на јужноафриканскиот психоделичен транс BCUC (Bantu Continua Uhuru Consciousness), нашиот најголем и најзначаен фестивал на музика на светот продолжува натаму. Втората вечер на годинешниот OFFest, што ќе се одржи вечерва во Националната опера и балет, е резервирана за вкусниот микс од меланезиски, индиски, африкански влијанија и европски фолк со елементи на импровизирана музика на холандскиот секстет BOI AKIH (БОИ АКИ), во комбинација со оригиналниот и моќен звук на француско-етиописката супер група KUTU (КУТУ). Овој програмски сплет несомнено создава услови за беспрекорно фестивалско доживување.

Повеќе од 25 години, пејачката и текстописец Моника Акихари и гитаристот и композитор Нилс Браувер се срцето и душата на БОИ АКИ. Безграничната љубопитност ги наведува на нови експерименти и откритија. Така, тие денес ги чувствуваат блиски музичките традиции од сите страни на светот – од модерен џез до класична Индиска музика, од Меланезиска, Африканска и Европска фолк до импровизирана музика. За музичарите, сите овие различни традиции и влијанија не се крајна дестинација, туку инспирација и почетна точка за музички развој. Тие можат да се забележат во бојата и текстурата на нивната музика, во сложените композиции и слободната импровизација, во употребата на вокалот и техниките на свирење, во смелите формации, а исто така и во необичната збирка на инструменти што ги користат – често изработени од нив самите и соодветно прилагодени на нивните индивидуални музички идеи. Уникатниот звук на Бои Аки произлегува од постојаната интеракција меѓу музичарите и изворите од кои тие црпат. Овој звук, изненадувачки нов, а сепак целосно препознатлив, ги обединува акустичните звуци и електронските звучни пејзажи со сестраниот, топол глас на Моника Акихари, која понекогаш пее на Англиски, а понекогаш на Харуку, јазикот на островот на нејзиниот татко. Во музичките проекти на Бои Аки, нивните длабоки, лични музички истражувања резултираат со хармоничен спој на навидум инкомпатибилни звуци, ритми и тоналитети, поништувајќи ги границите помеѓу старото и модерното, помеѓу музиката, приказната и поезијата и помеѓу Истокот, Западот, Северот и Југот.

КУТУ се формирани во Адис Абеба каде што францускиот виолинист и композитор Тео Секалди, повеќеслоен импровизатор и славна фигура на класичната музика и џезот во својата земја, го откри симбиотскиот глас на етиопската рок-пејачка Хејван Гебрeволд, добро позната на локалната вибрантна андерграунд музичка сцена по нејзиниот акробатски вокал и елегантни движења, како дел од 10-члениот рок бенд Јано. Заедно, тие се впуштија во авантура на создавање нов импровизаторски концепт кој ги спојува Азмари и Етио-џез корените со поезијата и грувот на светската урбана култура. Од поезијата на денешницата и селекцијата на етиопски племенски ритми, Тео Секалди гради сончев систем во кој се соединуваат импровизацијата, галопирачките вокали и панк енергијата, поддржани од моќна ритам секција и постава со заразна енергија: електро-вселенски клавијатури, древни перкусии, хипнотичен бас, заносен танц и небески гласови. Блескав етиопски транс состав, во кој слободата на џезот проникнува во суровата длабочина на Азмари звукот. КУТУ пленат и раздвижуваат со експлозија од волшебни ритми и енергија, наметнувајќи возбудлив танц, своевидна ведра духовност! Во Етиопија бендот се третира како еден вид НЛО поради својот речиси вонземски звук.

The post БОИ АКИ и КУТУ вечерва на ОФФест: Микс од африкански влијанија и европски фолк и моќен звук на француско-етиописката супер група за беспрекорно фестивалско доживување appeared first on Република.

]]>

По синоќешното експлозивно отворање на 23. издание на OFFest со импресивниот настап на „султанот на сахарскиот блуз“ BOMBINO, како и на ѕвездите на јужноафриканскиот психоделичен транс BCUC (Bantu Continua Uhuru Consciousness), нашиот најголем и најзначаен фестивал на музика на светот продолжува натаму. Втората вечер на годинешниот OFFest, што ќе се одржи вечерва во Националната опера и балет, е резервирана за вкусниот микс од меланезиски, индиски, африкански влијанија и европски фолк со елементи на импровизирана музика на холандскиот секстет BOI AKIH (БОИ АКИ), во комбинација со оригиналниот и моќен звук на француско-етиописката супер група KUTU (КУТУ). Овој програмски сплет несомнено создава услови за беспрекорно фестивалско доживување. Повеќе од 25 години, пејачката и текстописец Моника Акихари и гитаристот и композитор Нилс Браувер се срцето и душата на БОИ АКИ. Безграничната љубопитност ги наведува на нови експерименти и откритија. Така, тие денес ги чувствуваат блиски музичките традиции од сите страни на светот – од модерен џез до класична Индиска музика, од Меланезиска, Африканска и Европска фолк до импровизирана музика. За музичарите, сите овие различни традиции и влијанија не се крајна дестинација, туку инспирација и почетна точка за музички развој. Тие можат да се забележат во бојата и текстурата на нивната музика, во сложените композиции и слободната импровизација, во употребата на вокалот и техниките на свирење, во смелите формации, а исто така и во необичната збирка на инструменти што ги користат – често изработени од нив самите и соодветно прилагодени на нивните индивидуални музички идеи. Уникатниот звук на Бои Аки произлегува од постојаната интеракција меѓу музичарите и изворите од кои тие црпат. Овој звук, изненадувачки нов, а сепак целосно препознатлив, ги обединува акустичните звуци и електронските звучни пејзажи со сестраниот, топол глас на Моника Акихари, која понекогаш пее на Англиски, а понекогаш на Харуку, јазикот на островот на нејзиниот татко. Во музичките проекти на Бои Аки, нивните длабоки, лични музички истражувања резултираат со хармоничен спој на навидум инкомпатибилни звуци, ритми и тоналитети, поништувајќи ги границите помеѓу старото и модерното, помеѓу музиката, приказната и поезијата и помеѓу Истокот, Западот, Северот и Југот.
КУТУ се формирани во Адис Абеба каде што францускиот виолинист и композитор Тео Секалди, повеќеслоен импровизатор и славна фигура на класичната музика и џезот во својата земја, го откри симбиотскиот глас на етиопската рок-пејачка Хејван Гебрeволд, добро позната на локалната вибрантна андерграунд музичка сцена по нејзиниот акробатски вокал и елегантни движења, како дел од 10-члениот рок бенд Јано. Заедно, тие се впуштија во авантура на создавање нов импровизаторски концепт кој ги спојува Азмари и Етио-џез корените со поезијата и грувот на светската урбана култура. Од поезијата на денешницата и селекцијата на етиопски племенски ритми, Тео Секалди гради сончев систем во кој се соединуваат импровизацијата, галопирачките вокали и панк енергијата, поддржани од моќна ритам секција и постава со заразна енергија: електро-вселенски клавијатури, древни перкусии, хипнотичен бас, заносен танц и небески гласови. Блескав етиопски транс состав, во кој слободата на џезот проникнува во суровата длабочина на Азмари звукот. КУТУ пленат и раздвижуваат со експлозија од волшебни ритми и енергија, наметнувајќи возбудлив танц, своевидна ведра духовност! Во Етиопија бендот се третира како еден вид НЛО поради својот речиси вонземски звук.

The post БОИ АКИ и КУТУ вечерва на ОФФест: Микс од африкански влијанија и европски фолк и моќен звук на француско-етиописката супер група за беспрекорно фестивалско доживување appeared first on Република.

]]>
ОФ Фест: Документарните филмови „AGADEZ, THE MUSIC AND THE REBELLION“ и „CESÁRIA ÉVORA“ денеска во Кинотека https://republika.mk/scena/film/of-fest-dokumentarnite-filmovi-agadez-the-music-and-the-rebellion-i-cesaria-evora-deneska-vo-kinoteka/ Wed, 05 Jun 2024 08:25:43 +0000 https://republika.mk/?p=784570

Во среда, на 5 јуни 2024 година, во Кинотека на Македонија, со почеток во 19:00 часот, ќе биде прикажан документарниот филм „AGADEZ, THE MUSIC AND THE REBELLION“. Истата вечер со почеток во 21:00 часот ќе се одржи проекцијата на документарниот филм „CESÁRIA ÉVORA“. Проекциите се во рамките на 23-то издание на OFFest.

AGADEZ, THE MUSIC AND THE REBELLION – documentary film
Directed by: Ron Wyman
Written by: Jack McEnany
Year: 2010
With: Jeremy Keenan, Omara Moctar (Bombino), Thomas Seligman
Runtime: 75 min.

За Туарезите, пустината е слобода. Музиката е моќ. Туарешките номади живееле во пустината Сахара со векови, поврзувајќи ги Северна и Западна Африка со своите карвани од камили. Омара „Бомбино“ Моктар, исклучителен туарешки гитарист Од Агадез, Нигер, ја користи музиката за да ја инспирира новата генерација да се адаптира на модерниот свет. Токму овој филм (создаден во исто време со неговиот прв албум „Agadez“), го лансираше Бомбино како светска музичка ѕвезда. Започнува за време на неговиот егзил во Буркина Фасо, кратко по бунтовништвото во Нигер (2007), и го следи неговото враќање во Агадез каде тој го слави крајот на отпорот со неговиот легендарен концерт во Агадез. Оттогаш, Бомбино интензивно настапува низ целиот свет, раскажувајќи ја приказната за неговата култура и за фасцинантниот регион од каде што доаѓа. Филмот го следи и до Нешвил во 2012 година, каде што неговиот втор албум, „Nomad“ беше продуциран од Ден Ауербек од The Black Keys, кој го забрза неговото устоличување во светска музичка сензација.

 

CESÁRIA ÉVORA – documentary film
Directed and written by: Ana Sofia Fonseca
Year: 2022
With: Cesária Évora, Janete Évora, José da Silva
Runtime: 94 min.

Овој филм исцртува моќен портрет на легендарната пејачка Сезарија Евора, жена родена во колониjалното Кабо Верде, која успеа се искачи во височините на музичкиот свет, во континуирана потрага по слободата пред сè. Иако нејзиниот свет се менувал околу неа, како што го минувала патот од мизерија и сиромаштија до неверојатен светски успех, потребата за слобода останува. Овој документарен филм ги следи различните политички и социјални контексти на животот на Евора, но и универзалните теми како слободата и расната и родовата нееднаквост, илустрирани со бројни досега невидени архивски и оригинални снимки, и уникатни сведочења од луѓето што ја познаваа легендата. Режисерката Ана Софија Фонсека во овој филм користи повеќе техники за постепено откривање на духот на славната пејачка, моќната жена и инспиративната африканска икона. Филмот вклучува и актуелни снимки од Кабо Верде, омилениот дом на босоногата дива, доловувајќи ја поезијата на морето, земјата и воздухот што ја обликувале оваа фасцинантна жена и уметница.

The post ОФ Фест: Документарните филмови „AGADEZ, THE MUSIC AND THE REBELLION“ и „CESÁRIA ÉVORA“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Во среда, на 5 јуни 2024 година, во Кинотека на Македонија, со почеток во 19:00 часот, ќе биде прикажан документарниот филм „AGADEZ, THE MUSIC AND THE REBELLION“. Истата вечер со почеток во 21:00 часот ќе се одржи проекцијата на документарниот филм „CESÁRIA ÉVORA“. Проекциите се во рамките на 23-то издание на OFFest. AGADEZ, THE MUSIC AND THE REBELLION – documentary film Directed by: Ron Wyman Written by: Jack McEnany Year: 2010 With: Jeremy Keenan, Omara Moctar (Bombino), Thomas Seligman Runtime: 75 min. За Туарезите, пустината е слобода. Музиката е моќ. Туарешките номади живееле во пустината Сахара со векови, поврзувајќи ги Северна и Западна Африка со своите карвани од камили. Омара „Бомбино“ Моктар, исклучителен туарешки гитарист Од Агадез, Нигер, ја користи музиката за да ја инспирира новата генерација да се адаптира на модерниот свет. Токму овој филм (создаден во исто време со неговиот прв албум „Agadez“), го лансираше Бомбино како светска музичка ѕвезда. Започнува за време на неговиот егзил во Буркина Фасо, кратко по бунтовништвото во Нигер (2007), и го следи неговото враќање во Агадез каде тој го слави крајот на отпорот со неговиот легендарен концерт во Агадез. Оттогаш, Бомбино интензивно настапува низ целиот свет, раскажувајќи ја приказната за неговата култура и за фасцинантниот регион од каде што доаѓа. Филмот го следи и до Нешвил во 2012 година, каде што неговиот втор албум, „Nomad“ беше продуциран од Ден Ауербек од The Black Keys, кој го забрза неговото устоличување во светска музичка сензација.   CESÁRIA ÉVORA – documentary film Directed and written by: Ana Sofia Fonseca Year: 2022 With: Cesária Évora, Janete Évora, José da Silva Runtime: 94 min. Овој филм исцртува моќен портрет на легендарната пејачка Сезарија Евора, жена родена во колониjалното Кабо Верде, која успеа се искачи во височините на музичкиот свет, во континуирана потрага по слободата пред сè. Иако нејзиниот свет се менувал околу неа, како што го минувала патот од мизерија и сиромаштија до неверојатен светски успех, потребата за слобода останува. Овој документарен филм ги следи различните политички и социјални контексти на животот на Евора, но и универзалните теми како слободата и расната и родовата нееднаквост, илустрирани со бројни досега невидени архивски и оригинални снимки, и уникатни сведочења од луѓето што ја познаваа легендата. Режисерката Ана Софија Фонсека во овој филм користи повеќе техники за постепено откривање на духот на славната пејачка, моќната жена и инспиративната африканска икона. Филмот вклучува и актуелни снимки од Кабо Верде, омилениот дом на босоногата дива, доловувајќи ја поезијата на морето, земјата и воздухот што ја обликувале оваа фасцинантна жена и уметница.

The post ОФ Фест: Документарните филмови „AGADEZ, THE MUSIC AND THE REBELLION“ и „CESÁRIA ÉVORA“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Во пресрет на 23 издание на ОФФест, утре ќе се промовира 51 издание на SJF Records, албумот „Нудист“ на Пијан Славеј https://republika.mk/scena/vo-presret-na-23-izdanie-na-offest-utre-ke-se-promovira-51-izdanie-na-sjf-records-albumot-nudist-na-pijan-slavej/ Fri, 31 May 2024 08:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=783414

Во пресрет на 23. ОФФест (6-9 јуни), утре во 13 часот во „Буква“ ќе се одржи промоција на новото (51) издание на SJF Records, албумот „Нудист“ на ПИЈАН СЛАВЕЈ.

Вториот студиски проект на ПИЈАН СЛАВЕЈ (Бранислав Николов - вокал и мини електрично пијано, Пеце Трајковски - гитара и синтисајзер, Гоце Јованоски - бас и Славчо Јовев - тапани) се состои од 4 композиции, во вкупно времетраење од 17 минути. Автор на текстовите е Бранислав Николов, а музиката и аранжманите се дело на групата. Песните се снимени, миксани и продуцирани од Ивица Јанкуловски во скопското студио „Алшар“. Дизајнот на омотот е дело на уметникот Владимир Лукаш. Извршен продуцент на изданието е Оливер Белопета.

„Нудист“ е концептуален мини-албум кој говори за сложената природа на човекот, за соочувањето со себе и, конечно, за немирот и тивкиот крик. Музиката и звукот се производ на здушниот напор на четворицата музичари кои низ овие впечатливи творби нудат пресек на индивидуалниот сензибилитет и светоглед во сегашната точка на дводецениското заедничко уметничко живеење. Четирите песни од „Нудист" се во срцето на пошироката концертна програма на бендот ПИЈАН СЛАВЕЈ, насловена како „нова македонска шансона“.

Покрај физичкото компакт-диск издание, „Нудист“ ќе биде достапен, веќе од овој петок (31 мај), и на сите популарни глобални дигитални платформи и стриминг сервиси: Bandcamp, Spotify, Deezer, Tidal, Apple Music, Youtube...

Промоцијата, којашто е дел од придружната програма на 23. ОФФест, ќе биде зачинета со акустичен мини-настап во живо, во кој Бранислав Николов ќе претстави дел од материјалот на новиот албум.

 

The post Во пресрет на 23 издание на ОФФест, утре ќе се промовира 51 издание на SJF Records, албумот „Нудист“ на Пијан Славеј appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на 23. ОФФест (6-9 јуни), утре во 13 часот во „Буква“ ќе се одржи промоција на новото (51) издание на SJF Records, албумот „Нудист“ на ПИЈАН СЛАВЕЈ. Вториот студиски проект на ПИЈАН СЛАВЕЈ (Бранислав Николов - вокал и мини електрично пијано, Пеце Трајковски - гитара и синтисајзер, Гоце Јованоски - бас и Славчо Јовев - тапани) се состои од 4 композиции, во вкупно времетраење од 17 минути. Автор на текстовите е Бранислав Николов, а музиката и аранжманите се дело на групата. Песните се снимени, миксани и продуцирани од Ивица Јанкуловски во скопското студио „Алшар“. Дизајнот на омотот е дело на уметникот Владимир Лукаш. Извршен продуцент на изданието е Оливер Белопета. „Нудист“ е концептуален мини-албум кој говори за сложената природа на човекот, за соочувањето со себе и, конечно, за немирот и тивкиот крик. Музиката и звукот се производ на здушниот напор на четворицата музичари кои низ овие впечатливи творби нудат пресек на индивидуалниот сензибилитет и светоглед во сегашната точка на дводецениското заедничко уметничко живеење. Четирите песни од „Нудист" се во срцето на пошироката концертна програма на бендот ПИЈАН СЛАВЕЈ, насловена како „нова македонска шансона“. Покрај физичкото компакт-диск издание, „Нудист“ ќе биде достапен, веќе од овој петок (31 мај), и на сите популарни глобални дигитални платформи и стриминг сервиси: Bandcamp, Spotify, Deezer, Tidal, Apple Music, Youtube... Промоцијата, којашто е дел од придружната програма на 23. ОФФест, ќе биде зачинета со акустичен мини-настап во живо, во кој Бранислав Николов ќе претстави дел од материјалот на новиот албум.

 

The post Во пресрет на 23 издание на ОФФест, утре ќе се промовира 51 издание на SJF Records, албумот „Нудист“ на Пијан Славеј appeared first on Република.

]]>
23. издание на Офф-Фест од 6 до 9 јуни: Фестивалот на големи ѕвезди на светската музика со грижливо избрана програма https://republika.mk/scena/muzika/23-izdanie-na-off-fest-od-6-do-9-juni-festivalot-na-golemi-zvezdi-na-svetskata-muzika-so-grizhlivo-izbrana-programa/ Thu, 30 May 2024 12:55:04 +0000 https://republika.mk/?p=783211

Осум концертни настапи и два документарни филма се дел од дваесет и третото издание на традиционалниот ОФФ-Фест ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Национална опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотека на Македонија.

Оливер Белопета, директор на скопскиот џез фестивал, на денешната прес-конференција во кафе книжарница „Буква“ рече дека фестивалот има базичен концепт кој не се менува.

Фестивалот има еден базичен концепт кој не се менува, а тоа е да биде фестивал на големи ѕвезди на светската музика, рече тој.

Дополни дека ОФФ-Фест има традиција секоја година да претставува една македонска група.

Грижливо избираме од тоа што има во Македонија, пред сѐ тоа да биде нешто што сметаме дека во иднина може да го најде патот за Европа. Годинава тоа се Калата, рече Белопета.

На 6 јуни фестивалот ќе го отворат BOMBINO, еден од најзначајните претставници на прославениот „пустински блуз“, и јужноафриканските ѕвезди BCUC, познати по својот афро-психоделичен транс и импресивните настапи во живо.

Дел од фестивалот ќе биде и миксот од меланезиски, индиски, африкански влијанија и европски фолк со елементи на импровизирана музика на холандскиот секстет BOI AKIH, во комбинација со оригиналниот и моќен звук на француско-етиописката супер-група KUTU.
VICENTE AMIGO ќе го претстави своето фасцинантно творештво, коешто му донесе светска слава и придонесе неговото име да се стане референца за фламенко гитарата денес.

Последната вечер на ОФФ-Фест ќе ја одбележат фуриозниот полски гудачки квинтет VOŁOSI со својот оригинален микс во кој се вкрстуваат влијанијата на рок, џез, етно, амбиент и филмската музика, потоа домашните нео-фолк миленици во подем KALATA, како и познатиот српски world music колектив NAKED.

Во рамките на предфестивалската плус програма ќе бидат премиерно прикажани и документарните филмови „Cesaria Evora” и „Agadez, the Music and the Rebellion“

https://republika.mk/scena/muzika/silna-inspirativna-i-vozbudliva-programa-na-off-fest/

The post 23. издание на Офф-Фест од 6 до 9 јуни: Фестивалот на големи ѕвезди на светската музика со грижливо избрана програма appeared first on Република.

]]>

Осум концертни настапи и два документарни филма се дел од дваесет и третото издание на традиционалниот ОФФ-Фест ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Национална опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотека на Македонија. Оливер Белопета, директор на скопскиот џез фестивал, на денешната прес-конференција во кафе книжарница „Буква“ рече дека фестивалот има базичен концепт кој не се менува.
Фестивалот има еден базичен концепт кој не се менува, а тоа е да биде фестивал на големи ѕвезди на светската музика, рече тој.
Дополни дека ОФФ-Фест има традиција секоја година да претставува една македонска група.
Грижливо избираме од тоа што има во Македонија, пред сѐ тоа да биде нешто што сметаме дека во иднина може да го најде патот за Европа. Годинава тоа се Калата, рече Белопета.
На 6 јуни фестивалот ќе го отворат BOMBINO, еден од најзначајните претставници на прославениот „пустински блуз“, и јужноафриканските ѕвезди BCUC, познати по својот афро-психоделичен транс и импресивните настапи во живо. Дел од фестивалот ќе биде и миксот од меланезиски, индиски, африкански влијанија и европски фолк со елементи на импровизирана музика на холандскиот секстет BOI AKIH, во комбинација со оригиналниот и моќен звук на француско-етиописката супер-група KUTU. VICENTE AMIGO ќе го претстави своето фасцинантно творештво, коешто му донесе светска слава и придонесе неговото име да се стане референца за фламенко гитарата денес. Последната вечер на ОФФ-Фест ќе ја одбележат фуриозниот полски гудачки квинтет VOŁOSI со својот оригинален микс во кој се вкрстуваат влијанијата на рок, џез, етно, амбиент и филмската музика, потоа домашните нео-фолк миленици во подем KALATA, како и познатиот српски world music колектив NAKED. Во рамките на предфестивалската плус програма ќе бидат премиерно прикажани и документарните филмови „Cesaria Evora” и „Agadez, the Music and the Rebellion“ https://republika.mk/scena/muzika/silna-inspirativna-i-vozbudliva-programa-na-off-fest/

The post 23. издание на Офф-Фест од 6 до 9 јуни: Фестивалот на големи ѕвезди на светската музика со грижливо избрана програма appeared first on Република.

]]>
Се надевам дека организаторот на Оф фест ќе се премисли и ќе ја искористи жалбата како правен механизам да реагира, рече Костадиновска- Стојчевска https://republika.mk/vesti/kultura/se-nadevam-deka-organizatorot-na-of-fest-ke-se-premisli-i-ke-ja-iskoristi-zhalbata-kako-praven-mehanizam-da-reagira-reche-kostadinovska-stojchevska/ Wed, 15 Feb 2023 14:16:13 +0000 https://republika.mk/?p=609340

Денеска, организаторите на „ОФ Фест“ се откажаа од организација на овогодишното издание на фестивалот за кој добија нешто над 1 милион денари, со образложение дека парите се недоволни.

Се надевам дека организаторот на ОФ Фест ќе се премисли и ќе ја искористи жалбата како правен механизам да реагира, рече денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Секој има право на жалба. Лани имавме долг период на ребаланс на буџетот, два и пол месеци  беше во Собрание. Не е точно дека требало да дојде ноември за да легнат средствата. Направив едно мало истражување и во 2019, ОФ Фест добиле 1 милион денари, поднеле жалба, и добиле уште 1 милион денари. Вкупно 2 милиона денари. Правото на жалба секој има право да го користи, онаму каде секој смета дека сумата од икс причини не е таа што треба да ја добијат и треба да добие повеќе, и тоа е право на жалба која почнува да тече 15 дена откако ќе го добијат решението. Бидејќи жалбата се поднесува електронски, се скратува периодот за одговoр  на жалбата, кој исто така ќе трае 15 дена, рече министерката на денешниот брифинг со новинарите.

https://republika.mk/vesti/kultura/otkazhan-of-fest-2023-nemame-namera-da-podnesuvame-zhalba-do-vtorostepenata-komisija-i-da-se-izlozhuvame-na-natamoshni-ponizhuvana/

 

The post Се надевам дека организаторот на Оф фест ќе се премисли и ќе ја искористи жалбата како правен механизам да реагира, рече Костадиновска- Стојчевска appeared first on Република.

]]>

Денеска, организаторите на „ОФ Фест“ се откажаа од организација на овогодишното издание на фестивалот за кој добија нешто над 1 милион денари, со образложение дека парите се недоволни.
Се надевам дека организаторот на ОФ Фест ќе се премисли и ќе ја искористи жалбата како правен механизам да реагира, рече денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Секој има право на жалба. Лани имавме долг период на ребаланс на буџетот, два и пол месеци  беше во Собрание. Не е точно дека требало да дојде ноември за да легнат средствата. Направив едно мало истражување и во 2019, ОФ Фест добиле 1 милион денари, поднеле жалба, и добиле уште 1 милион денари. Вкупно 2 милиона денари. Правото на жалба секој има право да го користи, онаму каде секој смета дека сумата од икс причини не е таа што треба да ја добијат и треба да добие повеќе, и тоа е право на жалба која почнува да тече 15 дена откако ќе го добијат решението. Бидејќи жалбата се поднесува електронски, се скратува периодот за одговoр  на жалбата, кој исто така ќе трае 15 дена, рече министерката на денешниот брифинг со новинарите.
https://republika.mk/vesti/kultura/otkazhan-of-fest-2023-nemame-namera-da-podnesuvame-zhalba-do-vtorostepenata-komisija-i-da-se-izlozhuvame-na-natamoshni-ponizhuvana/  

The post Се надевам дека организаторот на Оф фест ќе се премисли и ќе ја искористи жалбата како правен механизам да реагира, рече Костадиновска- Стојчевска appeared first on Република.

]]>
Марија Мацота, Ненси Виеира и многучлениот афробит колектив САНТРОФИ на завршната вечер на Оф фест https://republika.mk/scena/muzika/marija-macota-nensi-vieira-i-mnoguchleniot-afrobit-kolektiv-santrofi-na-zavrshnata-vecher-na-of-fest/ Sat, 04 Jun 2022 14:48:36 +0000 https://republika.mk/?p=511099

Четвртата, завршна, вечер на OFFest 2022 (1-4 јуни) е пред нас. Величенствената моќ и уникатната шареноликост во изразот на италијанската пејачка MARIA MAZZOTTA ќе ја пресретне волшебната интерпретација на националниот музички стил на Зелено'ртските острови (Кабо Верде), популарната „морна“, од страна на една од најреномираните уметници што го истражуваат и чуваат ова богато музичко наследство - NANCY VIEIRA. Дваесет и првото издание на OFFest ќе го затвори експлозивниот и фуриозен хајлајф фанк на многучлениот афробит колектив SANTROFI од Гана.

Уникатната сестраност на МАРИЈА МАЦОТА е клучната состојка што ја прави една од најзначајните појави на музичката сцена во регионот Апулија во Италија. Таа се движи природно, со беспрекорна леснотија, меѓу звуците на Јужна Италија и влијанијата на балканската музика, освојувајќи ја публиката со нејзината искрена интерпретација што нурнува длабоко во културите на изведуваните композиции. Покрај членувањето во култните Canzoniere Grecanico Salentino (од 2000-2015 година), бенд со кој сними 6 албуми, Марија Мацота може да се пофали со бројни соработки со истакнати светски музички уметници како: Боби Мекферин, Ибрахим Малуф, Рита Маркотули, Балаке Сисоко, Пиерс Фачини, Џастин Адамс и Џулде Камара, Реди Хаса, Рој Пачи и други. Во текот на нејзината кариера, таа настапи на некои од најважните меѓународни „world music“ фестивали: Womad (Австралија, Нов Зеланд, Велика Британија), GlobalFest (Њујорк), South by Southwest (Тексас), Rainforest (Малезија), TarabTanger (Мароко), Soglie (Саудиска Арабија), Womex (Солун и Порто), Babel Med Music и Les Suds a Arles (Франција) итн. На OFFest, Марија Мацота ќе го претстави својот последен албум “Amoreamaro”, во дует со хармоникашот Антонино Де Лука.

НЕНСИ ВИЕИРА е една од најреномираните уметници што го истражуваат огромното музичко наследство на Зеленортските Острови (Кабо Верде), поточно нивната „морна“, национален музички стил којшто неодамна беше прогласен од УНЕСКО како нематеријално наследство на човештвото. А на сцената, таа е една од најсилните чувари на ова наследство, претставувајќи го низ целиот свет. Нејзината музика, која зборува за патувањата и морето, за копнежот и далечината, опстојува на различни фреквенции, нешто што секогаш им дава посебна динамика на нејзините концерти, на кои таа секогаш претставува „морни“, „фунани“, „коладери“ и звук што се шири низ океанот и светот. Виеира, која живее во Португалија, го имаше своето деби во 1995, но првпат го привлече вниманието во 1999, кога се појави на компилацијата „Musica de Intervenção Cabo-Verdiana“ (Интервентна музика од Зеленортските Острови), пеејќи заедно со легендарниот Илдо Лобо. Таа потоа ги објави албумите „Segred“ (Praça Nova, 2004), „Lus“ (Harmonia Mundi/World Village, 2007), „Pássaro Cego“ со Мануел Пауло (Arthouse, 2009) и „Nô Amá“ (Lusafrica, 2012), а во 2018 го објави многу фалениот „Manhã Florida“ (Lusafrica). Во моментов, Ненси подготвува нов албум, што значи нејзиниот извонреден репертоар ќе биде збогатен со нови песни.

Дури и без издаден албум, SANTROFI веќе го потпалија светот полудувајќи ја публиката низ цела Европа со својата летна турнеја во 2019-та, вклучувајќи ги фестивалите Sines (Португалија), WOMAD (Велика Британија), Roskilde (Данска) и WOMEX (Финска). На овој млад деветчлен олстар бенд од Гана не му недостигаат талентирани музичари и енергија на сцената. Нивниот деби-албум “Alewa” испорачува - директно од улиците на Акра - нов бран свеж highlife звук вкоренет во минатото но со поглед кон иднината. Групата Santrofi, формиранa од басистот и продуцент Емануел Офори, кој „се хранеше од изворот“ настапувајќи со Ебо Тејлор и Пет Томас, е длабоко инспирирана од highlife музиката на Гана во сите нејзини облици. Влијанијата се движат од возбудливиот, динамичен, гитарски, денс-ориентиран highlife од 70-тите, преку различните етно форми на highlife фанкот, па сè до полиритмичните битови и мелодии со кои популарниот afrobeat го инфицираше целиот свет. На сцената, тие ја уриваат секоја можност за хиерархија: музичарите ги менуваат своите улоги, растејќи со развивање на талентот на другиот и усогласувајќи се како целина. Заедно, тие имаат моќ да збришат сè пред себе. А ова е само почеток.

The post Марија Мацота, Ненси Виеира и многучлениот афробит колектив САНТРОФИ на завршната вечер на Оф фест appeared first on Република.

]]>

Четвртата, завршна, вечер на OFFest 2022 (1-4 јуни) е пред нас. Величенствената моќ и уникатната шареноликост во изразот на италијанската пејачка MARIA MAZZOTTA ќе ја пресретне волшебната интерпретација на националниот музички стил на Зелено'ртските острови (Кабо Верде), популарната „морна“, од страна на една од најреномираните уметници што го истражуваат и чуваат ова богато музичко наследство - NANCY VIEIRA. Дваесет и првото издание на OFFest ќе го затвори експлозивниот и фуриозен хајлајф фанк на многучлениот афробит колектив SANTROFI од Гана. Уникатната сестраност на МАРИЈА МАЦОТА е клучната состојка што ја прави една од најзначајните појави на музичката сцена во регионот Апулија во Италија. Таа се движи природно, со беспрекорна леснотија, меѓу звуците на Јужна Италија и влијанијата на балканската музика, освојувајќи ја публиката со нејзината искрена интерпретација што нурнува длабоко во културите на изведуваните композиции. Покрај членувањето во култните Canzoniere Grecanico Salentino (од 2000-2015 година), бенд со кој сними 6 албуми, Марија Мацота може да се пофали со бројни соработки со истакнати светски музички уметници како: Боби Мекферин, Ибрахим Малуф, Рита Маркотули, Балаке Сисоко, Пиерс Фачини, Џастин Адамс и Џулде Камара, Реди Хаса, Рој Пачи и други. Во текот на нејзината кариера, таа настапи на некои од најважните меѓународни „world music“ фестивали: Womad (Австралија, Нов Зеланд, Велика Британија), GlobalFest (Њујорк), South by Southwest (Тексас), Rainforest (Малезија), TarabTanger (Мароко), Soglie (Саудиска Арабија), Womex (Солун и Порто), Babel Med Music и Les Suds a Arles (Франција) итн. На OFFest, Марија Мацота ќе го претстави својот последен албум “Amoreamaro”, во дует со хармоникашот Антонино Де Лука. НЕНСИ ВИЕИРА е една од најреномираните уметници што го истражуваат огромното музичко наследство на Зеленортските Острови (Кабо Верде), поточно нивната „морна“, национален музички стил којшто неодамна беше прогласен од УНЕСКО како нематеријално наследство на човештвото. А на сцената, таа е една од најсилните чувари на ова наследство, претставувајќи го низ целиот свет. Нејзината музика, која зборува за патувањата и морето, за копнежот и далечината, опстојува на различни фреквенции, нешто што секогаш им дава посебна динамика на нејзините концерти, на кои таа секогаш претставува „морни“, „фунани“, „коладери“ и звук што се шири низ океанот и светот. Виеира, која живее во Португалија, го имаше своето деби во 1995, но првпат го привлече вниманието во 1999, кога се појави на компилацијата „Musica de Intervenção Cabo-Verdiana“ (Интервентна музика од Зеленортските Острови), пеејќи заедно со легендарниот Илдо Лобо. Таа потоа ги објави албумите „Segred“ (Praça Nova, 2004), „Lus“ (Harmonia Mundi/World Village, 2007), „Pássaro Cego“ со Мануел Пауло (Arthouse, 2009) и „Nô Amá“ (Lusafrica, 2012), а во 2018 го објави многу фалениот „Manhã Florida“ (Lusafrica). Во моментов, Ненси подготвува нов албум, што значи нејзиниот извонреден репертоар ќе биде збогатен со нови песни. Дури и без издаден албум, SANTROFI веќе го потпалија светот полудувајќи ја публиката низ цела Европа со својата летна турнеја во 2019-та, вклучувајќи ги фестивалите Sines (Португалија), WOMAD (Велика Британија), Roskilde (Данска) и WOMEX (Финска). На овој млад деветчлен олстар бенд од Гана не му недостигаат талентирани музичари и енергија на сцената. Нивниот деби-албум “Alewa” испорачува - директно од улиците на Акра - нов бран свеж highlife звук вкоренет во минатото но со поглед кон иднината. Групата Santrofi, формиранa од басистот и продуцент Емануел Офори, кој „се хранеше од изворот“ настапувајќи со Ебо Тејлор и Пет Томас, е длабоко инспирирана од highlife музиката на Гана во сите нејзини облици. Влијанијата се движат од возбудливиот, динамичен, гитарски, денс-ориентиран highlife од 70-тите, преку различните етно форми на highlife фанкот, па сè до полиритмичните битови и мелодии со кои популарниот afrobeat го инфицираше целиот свет. На сцената, тие ја уриваат секоја можност за хиерархија: музичарите ги менуваат своите улоги, растејќи со развивање на талентот на другиот и усогласувајќи се како целина. Заедно, тие имаат моќ да збришат сè пред себе. А ова е само почеток.

The post Марија Мацота, Ненси Виеира и многучлениот афробит колектив САНТРОФИ на завршната вечер на Оф фест appeared first on Република.

]]>
Третата вечер на Оф фест со тропски шмек https://republika.mk/scena/muzika/tretata-vecher-na-of-fest-so-tropski-shmek/ Fri, 03 Jun 2022 07:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=510472

Третата вечер на OFFest (1-4 јуни), ќе ја одбележат три настани: проекција на документарниот филм "THE RUMBA KINGS" (20:00), потоа концертен настап на колумбиските тропски велемајстори LOS PIRAÑAS (22:00), како и ди-џеј сет на Mario Galeano попознат како FRENTE CUMBIERO (24:00). Целата програма ќе се одвива во МКЦ (Кино Фросина, Дансинг сала и Кафе МКЦ).

Документарниот филм "THE RUMBA KINGS" (2021) на режисерот Алан Брејн ја воспева епската потрага по конгоанската румба. Тоа е музиката што му помогна на Конго да се бори против колонијалното угнетување, да се ослободи и да создаде нов идентитет. Во 1950-тите, кога Демократска Република Конго беше белгиска колонија, цела една генерација тамошни музичари ги спои традиционалните африкански ритми со афро-кубанската музика, создавајќи го возбудливиот бит на конгоанската румба. Звук што ќе го доведе Конго до неговата независност и ќе го вооодушеви целиот африкански континент со својот заразен грув, хипнотизирачки гитари и пријатни вокали. Овој филм содржи музика од Franco Luambo & OK Jazz, Grand Kallé & African Jazz и Docteur Nico & African Fiesta Sukisa. "The Rumba Kings" не е само музичко патување, туку и емотивно искуство за тоа како музиката може да ги урне бариерите, да ги залечи раните и да донесе надеж.

LOS PIRAÑAS е инструментална супергрупа од Колумбија во која учествуваат три музички визионери од Богота: Еблис Алварез (Meridian Brothers, Chúpame el dedo), Марио Галеано (Frente Cumbiero, Ondatropica) и Педро Охеда (Romperayo, Sidestepper). Обединувајќи ги експерименталните можности на ритмите и звуците од Јужна Америка (кумбија, чампета, тропикалија, салса и други) со авант психо-рокот, даб минимализмот и „бодликавиот“ џез, Los Pirañas е ретро-футуризам од најдобар вид. Сите овие стилови тие ги комбинираат во рок манир, со бучни импровизации и апсурден музички хумор. Замисли го Captain Beefheart во егзотично расположение. Или можеби Карлос Сантана во млади години на LSD. Сосема лудо, но во исто време исклучително пријатно и погодно за танц и уживање. Интензивните европски турнеи им донесоа настап на некои од најголемите и најзначајните фестивали, како данскиот Roskilde (2016) каде што изместија толпа од 10.000 луѓе, португалскиот FMM во Синеш (2016), холандскиот Best Kept Secret (2018) и многу други.

Марио Галеано или FRENTE CUMBIERO е еден од клучните виновници за светската експлозија на колумбиската музичка сцена во последниве 10-тина години. Го памтиме по неговиот настап со веселиот ансамбл Ondatrópica на OFFest 2013, а особено по незаборавната диџеј забава што заедно со Quantic ја приредија тие денови во легендарната „Менада“. Годинава тој ни доаѓа во Скопје со тропските ретро-футуристи Los Pirañas, по чиј настап, ќе настапи и со свој полноќен бонус диџеј-сет со кој, на најубав можен начин, без најава во официјалната програма, ќе ја заокружи оваа возбудлива фестивалска вечер на 21. OFFest.

The post Третата вечер на Оф фест со тропски шмек appeared first on Република.

]]>

Третата вечер на OFFest (1-4 јуни), ќе ја одбележат три настани: проекција на документарниот филм "THE RUMBA KINGS" (20:00), потоа концертен настап на колумбиските тропски велемајстори LOS PIRAÑAS (22:00), како и ди-џеј сет на Mario Galeano попознат како FRENTE CUMBIERO (24:00). Целата програма ќе се одвива во МКЦ (Кино Фросина, Дансинг сала и Кафе МКЦ). Документарниот филм "THE RUMBA KINGS" (2021) на режисерот Алан Брејн ја воспева епската потрага по конгоанската румба. Тоа е музиката што му помогна на Конго да се бори против колонијалното угнетување, да се ослободи и да создаде нов идентитет. Во 1950-тите, кога Демократска Република Конго беше белгиска колонија, цела една генерација тамошни музичари ги спои традиционалните африкански ритми со афро-кубанската музика, создавајќи го возбудливиот бит на конгоанската румба. Звук што ќе го доведе Конго до неговата независност и ќе го вооодушеви целиот африкански континент со својот заразен грув, хипнотизирачки гитари и пријатни вокали. Овој филм содржи музика од Franco Luambo & OK Jazz, Grand Kallé & African Jazz и Docteur Nico & African Fiesta Sukisa. "The Rumba Kings" не е само музичко патување, туку и емотивно искуство за тоа како музиката може да ги урне бариерите, да ги залечи раните и да донесе надеж. LOS PIRAÑAS е инструментална супергрупа од Колумбија во која учествуваат три музички визионери од Богота: Еблис Алварез (Meridian Brothers, Chúpame el dedo), Марио Галеано (Frente Cumbiero, Ondatropica) и Педро Охеда (Romperayo, Sidestepper). Обединувајќи ги експерименталните можности на ритмите и звуците од Јужна Америка (кумбија, чампета, тропикалија, салса и други) со авант психо-рокот, даб минимализмот и „бодликавиот“ џез, Los Pirañas е ретро-футуризам од најдобар вид. Сите овие стилови тие ги комбинираат во рок манир, со бучни импровизации и апсурден музички хумор. Замисли го Captain Beefheart во егзотично расположение. Или можеби Карлос Сантана во млади години на LSD. Сосема лудо, но во исто време исклучително пријатно и погодно за танц и уживање. Интензивните европски турнеи им донесоа настап на некои од најголемите и најзначајните фестивали, како данскиот Roskilde (2016) каде што изместија толпа од 10.000 луѓе, португалскиот FMM во Синеш (2016), холандскиот Best Kept Secret (2018) и многу други. Марио Галеано или FRENTE CUMBIERO е еден од клучните виновници за светската експлозија на колумбиската музичка сцена во последниве 10-тина години. Го памтиме по неговиот настап со веселиот ансамбл Ondatrópica на OFFest 2013, а особено по незаборавната диџеј забава што заедно со Quantic ја приредија тие денови во легендарната „Менада“. Годинава тој ни доаѓа во Скопје со тропските ретро-футуристи Los Pirañas, по чиј настап, ќе настапи и со свој полноќен бонус диџеј-сет со кој, на најубав можен начин, без најава во официјалната програма, ќе ја заокружи оваа возбудлива фестивалска вечер на 21. OFFest.

The post Третата вечер на Оф фест со тропски шмек appeared first on Република.

]]>
Македонскиот етно состав „Перија“ ќе го отвори 21. издание на „Оф фест“ https://republika.mk/scena/muzika/makedonskiot-etno-sostav-perija-kje-go-otvori-21-izdanie-na-of-fest/ Mon, 30 May 2022 14:27:04 +0000 https://republika.mk/?p=508841

Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалот годинава го сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно состав ПЕРИЈА, како и маестралниот тандем на две наши исклучителни творечки фигури ДОБРИЛА & ДОРИАН ДУО, со домашна концертна премиера на музичкото ремек-дело, албумот „Апокриф“ (SJF Records). Мајсторството во изведбата на африканската кора што ќе го сподели виртуозниот инструменталист БАЛАКЕ СИСОКО од Мали, во комбинација со рафинираниот пост-тропикализмичен и боса-нова звук на триото на бразилскиот гитарист, пејач, композитор и продуцент ЛУКАС САНТАНА, создаваат услови за беспрекорно концертно доживување. Фасцинантниот електро-психоделичен музички огномет на колумбиските тропски велемајстори ЛОС ПИРАЊАС е еднакво погоден за слушање и за танцување. Величенствената моќ и уникатната разновидност на италијанската пејачка ѕвезда МАРИЈА МАЦОТА ќе ја пресретне волшебната интерпретација на националниот музички стил на Зелено'ртските острови (Кабо Верде), популарната „морна“, од страна на една од најреномираните уметници што го истражуваат и чуваат ова огромно музичко наследство - НЕНСИ ВИЕИРА. ОФФ-Фест 2022 ќе го заклучи експлозивниот и фуриозен хајлајф фанк на многучлениот афробит колектив САНТРОФИ од Гана. Во рамките на фестивалската програма ќе биде прикажан и документарниот филм “The Rumba Kings”, посветен на конгоанската румба.

ПЕРИЈА е бенд формиран во 2015 година. Своите почетоци ги имаше на улица како импровизирана сцена. Членовите се менуваат низ текот на годините, а бендот останува отворен за конекции и соработки. Перија е македонски збор со турско потекло што значи самовила. Токму таа митолошка врска со темнината на балканските шуми е чувството коешто се обидуваат да го пренесат во својата музика. Идејата е комбинирање на нивните музички влијанија и создавање на фузија: обработување на стари, речиси заборавени песни (некои од нив собирани од пријатели кои патуваат по селата и ги снимаат, а некои најдени во многу стари снимки), со сопствена оригинална авторска музика и аранжмани. Бендот во својот вокален израз употребува различни јазици од Балканот и пошироко, бидејќи веруваат во еднаквоста на културите. Нивните музички влијанија варираат од модерната класична музика, атоналната, пост-панк, рок, метал, психоделичниот транс, па сè до традиционалната музика на Балканот, Блискиот Исток и Северна Африка. Комбинираат западни и источни техники на свирење: музички скали што се користат во традиционалната музика на Балканот, комплицирани макамски скали, па дури и одредени раги од истокот, непарни ритми од Балканот итн. Имаат објавено два студиски албуми и две EP изданија.

За мене претставува чест да бидеме дел од овој светски фестивал, да ја претставеме македонската музика или барем музика која има македонски корени во себе и да бидеме селектирани од целокупната наша сцена. Голема е одговорноста, но и возбудата што ќе бидеме дел од ова, и јас пред неколку дена кажав дека тоа се чувствува и по треперењето на гласот и телото, затоа што не е лесно да се појавиш вака пред луѓе кои што се музички талентирани и да го отвориш она што во моментов го имаме, рече Добрила Грашеска.

Таа напомена дека на фестивалот ќе го отсвират „Апокриф“ од почеток до крај, меѓутоа како што рече, ќе има и изненадување односно публиката ќе има можност да чуе и нешто ново и поинакво.

Леа Милиновиќ  од групата Перија рече дека е благодарна што се поканети на фестивалот, и оти тоа што го носат е карактеристично, влече и македонски и балкански корени.

Можам да кажам во име на сите дека сме многу возбудени и благодарни што сме поканети на сцената на овој фестивал. Тоа што го носиме ние е доста карактеристично, влече македонски ама влече и балкански корен, е еден многу интересен колаж од тоа што сме ние, тоа што сме го доживеале и тоа што сакаме да го претставиме, рече Милиновиќ на прес-конференцијата.

Со песните таа напомена дека носат една порака на маргинализираниот глас на луѓето во едно општество.

Претежно работиме на автори поети од 20 век кои твореле гласно за тоа што не сакаме да го чуеме и преку музиката ќе се обидеме да ја раскажеме таа приказна на еден доста карактеристични акутични и ориентални инструменти. Спремаме и ние нов албум, во подготовка сме сега, го завршуваме и промотивно ќе го изведеме на фестивалот, додаде Милиновиќ

Добрила и Дориан ја започнуваат својата соработка уште во 2008 година во Чалгија саунд систем кој до денес е еден од оние бендови што ја негува традиционалната чалгиска музика, но и креира нова, современа музика базирана врз традицоналната чалгија. Нивната заедничка музичка авантура во форма на дуо започнува во 2020 година создавајќи го проектот DOBRILA & DORIAN DUO и првиот заеднички албум наречен „Апокриф“ (SJF Records, 2021), кој уште при самото негово појавување е оценет како ремек-дело. Во него се наоѓаат неколку од најубавите македонски традиционални песни: „Излези, Видо“, „Три години стана“, „Невесто, тенка, висока“, но овојпат со комплетно нов пристап и уникатен „електронски“ поглед кон македонската музика кој ја носи во една поинаква димензија. Сега, наместо познатиот инструментариум на поголемите ансамбли, се слуша само утот, луповите, тишината, импровизациите и раскошната убавина на мелодиите. За привлечноста на овој нов музички изблик уште на самиот почеток на неговото живеење ќе речат:

Смел, искрен и до нота маестрално изведен проект, кој ако го пуштите еднаш, како спирала ќе ве подигне нагоре и по секое пуштање си велите ај, пак!.

Еден од најзначајните современи мајстори на инструментот кора, БАЛАКЕ СИСОКО е музичар од Мали, познат по своите инструментални иновации и бројни соработки вон западноафриканската музика. Меѓународниот подем го постигна заедно со кора гуруто Тумани Диабате, на албумот „New Ancient Strings“ (1999), првиот инструментален кора албум во светот. Сисоко започнал да се занимава со музика на млада возраст. Во 1981 година, уште во раните тинејџерски години, по смртта на татко му Џелимади, тој го зазема неговото место во Ensemble Instrumental National du Mali. Една од карактеристиките на неговата музичка визија е тоа што тој стана сериски кроскултурен соработник, секогаш подготвен да го имплементира звукот на кората во нови и различни контексти. Тоа започна со раскошен сет дуети на пијано и кора со италијанскиот композитор Лудовико Еинауди, а потоа следеше неговата соработка со ирскиот мултиинструменталист Рос Дејли. Настапувал или снимал музика со Рокиа Траоре, Таџ Махал, триото 3MA (со Ел Малуми и Раџери) и Салиф Кеита, меѓу другите. Веројатно најзабележителната негова авантура е тандемот со францускиот виолончелист Винсент Сегал, со кого сними два извонредни албуми на кора и виолончело дуети. Балаке е рангиран само позади неговиот роднина Тумани Диабате како најистакнат светски кора маестро.

Долго пред неговиот 30-ти роденден, бразилскиот вундеркинд ЛУКАС САНТАНА, крстосувајќи го светот со најголемите имиња на бразилската Тропикалија, веќе имаше апсорбирано огромно количество музика, недостижно за повеќето професионалци во текот целиот свој живот. Младиот талент од Баија беше откриен во своите рани дваесетти години од страна на бразилските „супертешкаши“ Жилберто Жил и Каетано Велосо. Во текот на својата повеќе од две децении долга кариера, тој издаде 8 одлични албуми, а компонираше музика и за неколку MPB ѕвезди, како Фернанда Абреу, Мариса Монте и Даниела Меркјури, прераснувајќи во еден од најжешките музички феномени јужно од Екваторот. Денес, пејачот, композиторот, продуцентот и движечката сила на бразилскиот нов бран се враќа кон корените на бразилската гитарска традиција од 1950-тите за да испорача еден пост-тропикализмичен електро-акустичен поп албум со теми што го третираат подемот на реакционерната политика и нејзиното опасно игнорирање на човековите права и животната средина. Сантана бира интимна поставка за својата потрага по светлина во овие мрачни времиња. Како што вели:

Живееме во време во кое сите зборуваат гласно. Мислам дека дојде време за шепот во ушите на луѓето.

LOS PIRAÑAS се инструментална супергрупа од Колумбија во која учествуваат три музички визионери од Богота: Еблис Алварез (Meridian Brothers, Chúpame el dedo), Марио Галеано (Frente Cumbiero, Ondatropica) и Педро Охеда (Romperayo, Sidestepper). Обединувајќи ги експерименталните можности на ритмите и звуците од Јужна Америка (кумбија, чампета, тропикалија, салса и други) со авант психо-рокот, даб минимализмот и „бодликавиот“ џез, Los Pirañas е ретро-футуризам од најдобар вид. Сите овие стилови тие ги комбинираат во рок манир, со бучни импровизации и апсурден музички хумор. Замисли го Captain Beefheart во егзотично расположение. Или можеби Карлос Сантана во млади години на LSD. Сосема лудо, но во исто време исклучително пријатно и погодно за танц и уживање. Интензивните европски турнеи им донесоа настап на некои од најголемите и најзначајните фестивали, како данскиот Roskilde (2016) каде што изместија толпа од 10.000 луѓе, португалскиот FMM во Синеш (2016), холандскиот Best Kept Secret (2018) и многу други.

Уникатната сестраност на МАРИЈА МАЦОТА е клучната состојка што ја прави една од најзначајните појави на музичката сцена во регионот Апулија во Италија. Таа се движи природно, со беспрекорна леснотија, меѓу звуците на Јужна Италија и влијанијата на балканската музика, освојувајќи ја публиката со нејзината искрена интерпретација што нурнува длабоко во културите на изведуваните композиции. Покрај членувањето во култните Canzoniere Grecanico Salentino (од 2000 до 2015 година), бенд со кој сними 6 албуми, Марија Мацота може да се пофали со бројни соработки со истакнати светски музички уметници како: Боби Мекферин, Ибрахим Малуф, Рита Маркотули, Балаке Сисоко, Пиерс Фачини, Џастин Адамс и Џулде Камара, Реди Хаса, Рој Пачи и други. Во текот на нејзината кариера, таа настапи на некои од најважните меѓународни „world music“ фестивали: Womad (Австралија, Нов Зеланд, Велика Британија), GlobalFest (Њујорк), South by Southwest (Тексас), Rainforest (Малезија), TarabTanger (Мароко), Soglie (Саудиска Арабија), Womex (Солун и Порто), Babel Med Music и Les Suds a Arles (Франција) итн. На OFFest, Марија Мацота ќе го претстави својот последен албум “Amoreamaro”, во дует со хармоникашот Антонино Де Лука.

НЕНСИ ВИЕИРА е една од најреномираните уметници што го истражуваат огромното музичко наследство на Зеленортските Острови (Кабо Верде), поточно нивната „морна“, национален музички стил којшто неодамна беше прогласен од УНЕСКО како нематеријално наследство на човештвото. А на сцената, таа е една од најсилните чувари на ова наследство, претставувајќи го низ целиот свет. Нејзината музика, која зборува за патувањата и морето, за копнежот и далечината, опстојува на различни фреквенции, нешто што секогаш им дава посебна динамика на нејзините концерти, на кои таа секогаш претставува „морни“, „фунани“, „коладери“ и звук што се шири низ океанот и светот. Виеира, која живее во Португалија, го имаше своето деби во 1995, но првпат го привлече вниманието во 1999, кога се појави на компилацијата „Musica de Intervenção Cabo-Verdiana“ (Интервентна музика од Зеленортските Острови), пеејќи заедно со легендарниот Илдо Лобо. Таа потоа ги објави албумите „Segred“ (Praça Nova, 2004), „Lus“ (Harmonia Mundi/World Village, 2007), „Pássaro Cego“ со Мануел Пауло (Arthouse, 2009) и „Nô Amá“ (Lusafrica, 2012), а во 2018 го објави многу фалениот „Manhã Florida“ (Lusafrica). Во моментов, Ненси подготвува нов албум, што значи нејзиниот извонреден репертоар ќе биде збогатен со нови песни.

НЕНСИ ВИЕИРА е една од најреномираните уметници што го истражуваат огромното музичко наследство на Зеленортските Острови (Кабо Верде), поточно нивната „морна“, национален музички стил којшто неодамна беше прогласен од УНЕСКО како нематеријално наследство на човештвото. А на сцената, таа е една од најсилните чувари на ова наследство, претставувајќи го низ целиот свет. Нејзината музика, која зборува за патувањата и морето, за копнежот и далечината, опстојува на различни фреквенции, нешто што секогаш им дава посебна динамика на нејзините концерти, на кои таа секогаш претставува „морни“, „фунани“, „коладери“ и звук што се шири низ океанот и светот. Виеира, која живее во Португалија, го имаше своето деби во 1995, но првпат го привлече вниманието во 1999, кога се појави на компилацијата „Musica de Intervenção Cabo-Verdiana“ (Интервентна музика од Зеленортските Острови), пеејќи заедно со легендарниот Илдо Лобо. Таа потоа ги објави албумите „Segred“ (Praça Nova, 2004), „Lus“ (Harmonia Mundi/World Village, 2007), „Pássaro Cego“ со Мануел Пауло (Arthouse, 2009) и „Nô Amá“ (Lusafrica, 2012), а во 2018 го објави многу фалениот „Manhã Florida“ (Lusafrica). Во моментов, Ненси подготвува нов албум, што значи нејзиниот извонреден репертоар ќе биде збогатен со нови песни.

Документарниот филм THE RUMBA KINGS ја воспева епската потрага по конгоанската румба. Тоа е музиката што му помогна на Конго да се бори против колонијалното угнетување, да се ослободи и да создаде нов идентитет. Во 1950-тите, кога Демократска Република Конго беше белгиска колонија, цела една генерација тамошни музичари ги спои традиционалните африкански ритми со афро-кубанската музика, создавајќи го возбудливиот бит на конгоанската румба. Звук што ќе го доведе Конго до неговата независност и ќе го вооодушеви целиот африкански континент со својот заразен грув, хипнотизирачки гитари и пријатни вокали. Овој филм содржи музика од Franco Luambo & OK Jazz, Grand Kallé & African Jazz и Docteur Nico & African Fiesta Sukisa. The Rumba Kings не е само музичко патување, туку и емотивно искуство за тоа како музиката може да ги урне бариерите, да ги залечи раните и да донесе надеж.

Оваа година ќе имаме свеж документарец кој минатата година во светот ја имаше својата премиера. Јас би препорачал никако да не се пропушти овој документарец, затоа што е еден многу драматичен, а потоа следува група од Колумбија која не е за пропуштање бидејќи денес веројатно ја има најсилната музичка сцена, информираше Оливере Белопета, директор на Фестивалот.

The post Македонскиот етно состав „Перија“ ќе го отвори 21. издание на „Оф фест“ appeared first on Република.

]]>

Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалот годинава го сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно состав ПЕРИЈА, како и маестралниот тандем на две наши исклучителни творечки фигури ДОБРИЛА & ДОРИАН ДУО, со домашна концертна премиера на музичкото ремек-дело, албумот „Апокриф“ (SJF Records). Мајсторството во изведбата на африканската кора што ќе го сподели виртуозниот инструменталист БАЛАКЕ СИСОКО од Мали, во комбинација со рафинираниот пост-тропикализмичен и боса-нова звук на триото на бразилскиот гитарист, пејач, композитор и продуцент ЛУКАС САНТАНА, создаваат услови за беспрекорно концертно доживување. Фасцинантниот електро-психоделичен музички огномет на колумбиските тропски велемајстори ЛОС ПИРАЊАС е еднакво погоден за слушање и за танцување. Величенствената моќ и уникатната разновидност на италијанската пејачка ѕвезда МАРИЈА МАЦОТА ќе ја пресретне волшебната интерпретација на националниот музички стил на Зелено'ртските острови (Кабо Верде), популарната „морна“, од страна на една од најреномираните уметници што го истражуваат и чуваат ова огромно музичко наследство - НЕНСИ ВИЕИРА. ОФФ-Фест 2022 ќе го заклучи експлозивниот и фуриозен хајлајф фанк на многучлениот афробит колектив САНТРОФИ од Гана. Во рамките на фестивалската програма ќе биде прикажан и документарниот филм “The Rumba Kings”, посветен на конгоанската румба. ПЕРИЈА е бенд формиран во 2015 година. Своите почетоци ги имаше на улица како импровизирана сцена. Членовите се менуваат низ текот на годините, а бендот останува отворен за конекции и соработки. Перија е македонски збор со турско потекло што значи самовила. Токму таа митолошка врска со темнината на балканските шуми е чувството коешто се обидуваат да го пренесат во својата музика. Идејата е комбинирање на нивните музички влијанија и создавање на фузија: обработување на стари, речиси заборавени песни (некои од нив собирани од пријатели кои патуваат по селата и ги снимаат, а некои најдени во многу стари снимки), со сопствена оригинална авторска музика и аранжмани. Бендот во својот вокален израз употребува различни јазици од Балканот и пошироко, бидејќи веруваат во еднаквоста на културите. Нивните музички влијанија варираат од модерната класична музика, атоналната, пост-панк, рок, метал, психоделичниот транс, па сè до традиционалната музика на Балканот, Блискиот Исток и Северна Африка. Комбинираат западни и источни техники на свирење: музички скали што се користат во традиционалната музика на Балканот, комплицирани макамски скали, па дури и одредени раги од истокот, непарни ритми од Балканот итн. Имаат објавено два студиски албуми и две EP изданија.
За мене претставува чест да бидеме дел од овој светски фестивал, да ја претставеме македонската музика или барем музика која има македонски корени во себе и да бидеме селектирани од целокупната наша сцена. Голема е одговорноста, но и возбудата што ќе бидеме дел од ова, и јас пред неколку дена кажав дека тоа се чувствува и по треперењето на гласот и телото, затоа што не е лесно да се појавиш вака пред луѓе кои што се музички талентирани и да го отвориш она што во моментов го имаме, рече Добрила Грашеска.
Таа напомена дека на фестивалот ќе го отсвират „Апокриф“ од почеток до крај, меѓутоа како што рече, ќе има и изненадување односно публиката ќе има можност да чуе и нешто ново и поинакво. Леа Милиновиќ  од групата Перија рече дека е благодарна што се поканети на фестивалот, и оти тоа што го носат е карактеристично, влече и македонски и балкански корени.
Можам да кажам во име на сите дека сме многу возбудени и благодарни што сме поканети на сцената на овој фестивал. Тоа што го носиме ние е доста карактеристично, влече македонски ама влече и балкански корен, е еден многу интересен колаж од тоа што сме ние, тоа што сме го доживеале и тоа што сакаме да го претставиме, рече Милиновиќ на прес-конференцијата.
Со песните таа напомена дека носат една порака на маргинализираниот глас на луѓето во едно општество.
Претежно работиме на автори поети од 20 век кои твореле гласно за тоа што не сакаме да го чуеме и преку музиката ќе се обидеме да ја раскажеме таа приказна на еден доста карактеристични акутични и ориентални инструменти. Спремаме и ние нов албум, во подготовка сме сега, го завршуваме и промотивно ќе го изведеме на фестивалот, додаде Милиновиќ
Добрила и Дориан ја започнуваат својата соработка уште во 2008 година во Чалгија саунд систем кој до денес е еден од оние бендови што ја негува традиционалната чалгиска музика, но и креира нова, современа музика базирана врз традицоналната чалгија. Нивната заедничка музичка авантура во форма на дуо започнува во 2020 година создавајќи го проектот DOBRILA & DORIAN DUO и првиот заеднички албум наречен „Апокриф“ (SJF Records, 2021), кој уште при самото негово појавување е оценет како ремек-дело. Во него се наоѓаат неколку од најубавите македонски традиционални песни: „Излези, Видо“, „Три години стана“, „Невесто, тенка, висока“, но овојпат со комплетно нов пристап и уникатен „електронски“ поглед кон македонската музика кој ја носи во една поинаква димензија. Сега, наместо познатиот инструментариум на поголемите ансамбли, се слуша само утот, луповите, тишината, импровизациите и раскошната убавина на мелодиите. За привлечноста на овој нов музички изблик уште на самиот почеток на неговото живеење ќе речат:
Смел, искрен и до нота маестрално изведен проект, кој ако го пуштите еднаш, како спирала ќе ве подигне нагоре и по секое пуштање си велите ај, пак!.
Еден од најзначајните современи мајстори на инструментот кора, БАЛАКЕ СИСОКО е музичар од Мали, познат по своите инструментални иновации и бројни соработки вон западноафриканската музика. Меѓународниот подем го постигна заедно со кора гуруто Тумани Диабате, на албумот „New Ancient Strings“ (1999), првиот инструментален кора албум во светот. Сисоко започнал да се занимава со музика на млада возраст. Во 1981 година, уште во раните тинејџерски години, по смртта на татко му Џелимади, тој го зазема неговото место во Ensemble Instrumental National du Mali. Една од карактеристиките на неговата музичка визија е тоа што тој стана сериски кроскултурен соработник, секогаш подготвен да го имплементира звукот на кората во нови и различни контексти. Тоа започна со раскошен сет дуети на пијано и кора со италијанскиот композитор Лудовико Еинауди, а потоа следеше неговата соработка со ирскиот мултиинструменталист Рос Дејли. Настапувал или снимал музика со Рокиа Траоре, Таџ Махал, триото 3MA (со Ел Малуми и Раџери) и Салиф Кеита, меѓу другите. Веројатно најзабележителната негова авантура е тандемот со францускиот виолончелист Винсент Сегал, со кого сними два извонредни албуми на кора и виолончело дуети. Балаке е рангиран само позади неговиот роднина Тумани Диабате како најистакнат светски кора маестро. Долго пред неговиот 30-ти роденден, бразилскиот вундеркинд ЛУКАС САНТАНА, крстосувајќи го светот со најголемите имиња на бразилската Тропикалија, веќе имаше апсорбирано огромно количество музика, недостижно за повеќето професионалци во текот целиот свој живот. Младиот талент од Баија беше откриен во своите рани дваесетти години од страна на бразилските „супертешкаши“ Жилберто Жил и Каетано Велосо. Во текот на својата повеќе од две децении долга кариера, тој издаде 8 одлични албуми, а компонираше музика и за неколку MPB ѕвезди, како Фернанда Абреу, Мариса Монте и Даниела Меркјури, прераснувајќи во еден од најжешките музички феномени јужно од Екваторот. Денес, пејачот, композиторот, продуцентот и движечката сила на бразилскиот нов бран се враќа кон корените на бразилската гитарска традиција од 1950-тите за да испорача еден пост-тропикализмичен електро-акустичен поп албум со теми што го третираат подемот на реакционерната политика и нејзиното опасно игнорирање на човековите права и животната средина. Сантана бира интимна поставка за својата потрага по светлина во овие мрачни времиња. Како што вели:
Живееме во време во кое сите зборуваат гласно. Мислам дека дојде време за шепот во ушите на луѓето.
LOS PIRAÑAS се инструментална супергрупа од Колумбија во која учествуваат три музички визионери од Богота: Еблис Алварез (Meridian Brothers, Chúpame el dedo), Марио Галеано (Frente Cumbiero, Ondatropica) и Педро Охеда (Romperayo, Sidestepper). Обединувајќи ги експерименталните можности на ритмите и звуците од Јужна Америка (кумбија, чампета, тропикалија, салса и други) со авант психо-рокот, даб минимализмот и „бодликавиот“ џез, Los Pirañas е ретро-футуризам од најдобар вид. Сите овие стилови тие ги комбинираат во рок манир, со бучни импровизации и апсурден музички хумор. Замисли го Captain Beefheart во егзотично расположение. Или можеби Карлос Сантана во млади години на LSD. Сосема лудо, но во исто време исклучително пријатно и погодно за танц и уживање. Интензивните европски турнеи им донесоа настап на некои од најголемите и најзначајните фестивали, како данскиот Roskilde (2016) каде што изместија толпа од 10.000 луѓе, португалскиот FMM во Синеш (2016), холандскиот Best Kept Secret (2018) и многу други. Уникатната сестраност на МАРИЈА МАЦОТА е клучната состојка што ја прави една од најзначајните појави на музичката сцена во регионот Апулија во Италија. Таа се движи природно, со беспрекорна леснотија, меѓу звуците на Јужна Италија и влијанијата на балканската музика, освојувајќи ја публиката со нејзината искрена интерпретација што нурнува длабоко во културите на изведуваните композиции. Покрај членувањето во култните Canzoniere Grecanico Salentino (од 2000 до 2015 година), бенд со кој сними 6 албуми, Марија Мацота може да се пофали со бројни соработки со истакнати светски музички уметници како: Боби Мекферин, Ибрахим Малуф, Рита Маркотули, Балаке Сисоко, Пиерс Фачини, Џастин Адамс и Џулде Камара, Реди Хаса, Рој Пачи и други. Во текот на нејзината кариера, таа настапи на некои од најважните меѓународни „world music“ фестивали: Womad (Австралија, Нов Зеланд, Велика Британија), GlobalFest (Њујорк), South by Southwest (Тексас), Rainforest (Малезија), TarabTanger (Мароко), Soglie (Саудиска Арабија), Womex (Солун и Порто), Babel Med Music и Les Suds a Arles (Франција) итн. На OFFest, Марија Мацота ќе го претстави својот последен албум “Amoreamaro”, во дует со хармоникашот Антонино Де Лука. НЕНСИ ВИЕИРА е една од најреномираните уметници што го истражуваат огромното музичко наследство на Зеленортските Острови (Кабо Верде), поточно нивната „морна“, национален музички стил којшто неодамна беше прогласен од УНЕСКО како нематеријално наследство на човештвото. А на сцената, таа е една од најсилните чувари на ова наследство, претставувајќи го низ целиот свет. Нејзината музика, која зборува за патувањата и морето, за копнежот и далечината, опстојува на различни фреквенции, нешто што секогаш им дава посебна динамика на нејзините концерти, на кои таа секогаш претставува „морни“, „фунани“, „коладери“ и звук што се шири низ океанот и светот. Виеира, која живее во Португалија, го имаше своето деби во 1995, но првпат го привлече вниманието во 1999, кога се појави на компилацијата „Musica de Intervenção Cabo-Verdiana“ (Интервентна музика од Зеленортските Острови), пеејќи заедно со легендарниот Илдо Лобо. Таа потоа ги објави албумите „Segred“ (Praça Nova, 2004), „Lus“ (Harmonia Mundi/World Village, 2007), „Pássaro Cego“ со Мануел Пауло (Arthouse, 2009) и „Nô Amá“ (Lusafrica, 2012), а во 2018 го објави многу фалениот „Manhã Florida“ (Lusafrica). Во моментов, Ненси подготвува нов албум, што значи нејзиниот извонреден репертоар ќе биде збогатен со нови песни. НЕНСИ ВИЕИРА е една од најреномираните уметници што го истражуваат огромното музичко наследство на Зеленортските Острови (Кабо Верде), поточно нивната „морна“, национален музички стил којшто неодамна беше прогласен од УНЕСКО како нематеријално наследство на човештвото. А на сцената, таа е една од најсилните чувари на ова наследство, претставувајќи го низ целиот свет. Нејзината музика, која зборува за патувањата и морето, за копнежот и далечината, опстојува на различни фреквенции, нешто што секогаш им дава посебна динамика на нејзините концерти, на кои таа секогаш претставува „морни“, „фунани“, „коладери“ и звук што се шири низ океанот и светот. Виеира, која живее во Португалија, го имаше своето деби во 1995, но првпат го привлече вниманието во 1999, кога се појави на компилацијата „Musica de Intervenção Cabo-Verdiana“ (Интервентна музика од Зеленортските Острови), пеејќи заедно со легендарниот Илдо Лобо. Таа потоа ги објави албумите „Segred“ (Praça Nova, 2004), „Lus“ (Harmonia Mundi/World Village, 2007), „Pássaro Cego“ со Мануел Пауло (Arthouse, 2009) и „Nô Amá“ (Lusafrica, 2012), а во 2018 го објави многу фалениот „Manhã Florida“ (Lusafrica). Во моментов, Ненси подготвува нов албум, што значи нејзиниот извонреден репертоар ќе биде збогатен со нови песни. Документарниот филм THE RUMBA KINGS ја воспева епската потрага по конгоанската румба. Тоа е музиката што му помогна на Конго да се бори против колонијалното угнетување, да се ослободи и да создаде нов идентитет. Во 1950-тите, кога Демократска Република Конго беше белгиска колонија, цела една генерација тамошни музичари ги спои традиционалните африкански ритми со афро-кубанската музика, создавајќи го возбудливиот бит на конгоанската румба. Звук што ќе го доведе Конго до неговата независност и ќе го вооодушеви целиот африкански континент со својот заразен грув, хипнотизирачки гитари и пријатни вокали. Овој филм содржи музика од Franco Luambo & OK Jazz, Grand Kallé & African Jazz и Docteur Nico & African Fiesta Sukisa. The Rumba Kings не е само музичко патување, туку и емотивно искуство за тоа како музиката може да ги урне бариерите, да ги залечи раните и да донесе надеж.
Оваа година ќе имаме свеж документарец кој минатата година во светот ја имаше својата премиера. Јас би препорачал никако да не се пропушти овој документарец, затоа што е еден многу драматичен, а потоа следува група од Колумбија која не е за пропуштање бидејќи денес веројатно ја има најсилната музичка сцена, информираше Оливере Белопета, директор на Фестивалот.

The post Македонскиот етно состав „Перија“ ќе го отвори 21. издание на „Оф фест“ appeared first on Република.

]]>
Во пресрет на 21. Оф фест промоција на Пијан Славеј ЕП https://republika.mk/scena/muzika/vo-presret-na-21-of-fest-promocija-na-pijan-slavej-ep/ Tue, 17 May 2022 17:42:07 +0000 https://republika.mk/?p=503453

Во пресрет на 21. OFFest (1-4 јуни), Скопскиот џез фестивал го промовира новото издание на SJF Records - првата дискографска објава на ПИЈАН СЛАВЕЈ.

Среда, 18 мај
МАККА БАР (бул. Св. Климент Охридски 60)
Почеток: 20:00

Ова EP содржи 5 авторски композиции на ПИЈАН СЛАВЕЈ (Бранислав Николов), во вкупно времетраење од 18 минути. Покрај физичкото компакт-диск издание, Pijan Slavej EP ќе биде достапно и на сите популарни глобални дигитални платформи и стриминг сервиси. Pijan Slavej EP е 48. издание на SJF Records.

The post Во пресрет на 21. Оф фест промоција на Пијан Славеј ЕП appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на 21. OFFest (1-4 јуни), Скопскиот џез фестивал го промовира новото издание на SJF Records - првата дискографска објава на ПИЈАН СЛАВЕЈ.

Среда, 18 мај МАККА БАР (бул. Св. Климент Охридски 60) Почеток: 20:00

Ова EP содржи 5 авторски композиции на ПИЈАН СЛАВЕЈ (Бранислав Николов), во вкупно времетраење од 18 минути. Покрај физичкото компакт-диск издание, Pijan Slavej EP ќе биде достапно и на сите популарни глобални дигитални платформи и стриминг сервиси. Pijan Slavej EP е 48. издание на SJF Records.

The post Во пресрет на 21. Оф фест промоција на Пијан Славеј ЕП appeared first on Република.

]]>