одбојкари Archives - Република https://republika.mk/tema/odbojkari/ За подобро да се разбереме Mon, 27 May 2024 19:59:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png одбојкари Archives - Република https://republika.mk/tema/odbojkari/ 32 32 Гром удрил во авионот во кој биле македонските одбојкари, па морале принудно да слетаат во Цирих https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/grom-udril-vo-avionot-vo-koj-bile-makedonskite-odbojkari-pa-morale-prinudno-da-sletaat-vo-tsirih/ Mon, 27 May 2024 19:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=782212

Одбојкарите на Македонија се враќаа дома по настапот на Златната лига во Белгија, а летот од Цирих до Скопје бил неочекувано запрен по неверојатна случка – гром удрил во авионот додека летал, објави порталот Екипа.

Поради ова, пилотот решил веднаш да се врати назад во Цирих каде што принудно слетал, за среќа без посериозни проблеми. Нашите одбојкари веќе се сместени во хотел и утре наутро со нов лет ќе тргнат кон Скопје.

Навистина неверојатна ситуација, додека летавме со авионот удри гром во него и пилотот реши да се врати во Цирих. Не беше пријатно кога слушнавме што се случи, видовме силна светлина во непосредна близина, вели за ЕКИПА капитенот Никола Ѓоргиев.

 

The post Гром удрил во авионот во кој биле македонските одбојкари, па морале принудно да слетаат во Цирих appeared first on Република.

]]>

Одбојкарите на Македонија се враќаа дома по настапот на Златната лига во Белгија, а летот од Цирих до Скопје бил неочекувано запрен по неверојатна случка – гром удрил во авионот додека летал, објави порталот Екипа. Поради ова, пилотот решил веднаш да се врати назад во Цирих каде што принудно слетал, за среќа без посериозни проблеми. Нашите одбојкари веќе се сместени во хотел и утре наутро со нов лет ќе тргнат кон Скопје.
Навистина неверојатна ситуација, додека летавме со авионот удри гром во него и пилотот реши да се врати во Цирих. Не беше пријатно кога слушнавме што се случи, видовме силна светлина во непосредна близина, вели за ЕКИПА капитенот Никола Ѓоргиев.
 

The post Гром удрил во авионот во кој биле македонските одбојкари, па морале принудно да слетаат во Цирих appeared first on Република.

]]>
Одбојкарите почнаа со подготовките за ЕП https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/odbojkarite-pochnaa-so-podgotovkite-za-ep/ Tue, 18 Jul 2023 11:42:16 +0000 https://republika.mk/?p=662709

Македонските одбојкари го одработеа првиот тренинг од подготвителниот процес за настапот на Европското првенство чијшто коорганизатор ќе биде и Македонија на крајот на август и на почетокот на септември. На списокот на селекторот Јошко Миленкоски се 19-мина репрезентативци, сите повикани и во мај и во јуни за Европската златна лига, а во тој состав националниот тим ќе работи до крајот на месецов, односно до првите контролни натпревари против Романија од 4-ти до 6-ти август во Скопје. Тогаш Миленкоски ќе го скрати
списокот за тројца или за четворица играчи.

Откако ќе заврши тој сегмент од подготовките, македонските одбојкари ќе се преселат во Кавадарци каде што ќе играат со Израел и со Јапонија, а потоа ќе се вратат во старата база, салата „Борис Трајковски“ каде што ќе биде одржан традиционалниот меморијал „Чајка“ како последна проверка пред третото учество на континенталните собири.

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Давид Стојанов

Коректори: Никола Ѓорѓиев, Стефан Алексов

Примачи: Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Лука Костиќ, Ангел Бошковски, Тоше Ефремов

Либера: Дарко Ангеловски, Костадин Ричлиев, Васе Михаилов

Средни блокери: Филип Маџунков, Филип Савовски, Филип Лепидовски, Иван Андонов, Славе Наков.

The post Одбојкарите почнаа со подготовките за ЕП appeared first on Република.

]]>

Македонските одбојкари го одработеа првиот тренинг од подготвителниот процес за настапот на Европското првенство чијшто коорганизатор ќе биде и Македонија на крајот на август и на почетокот на септември. На списокот на селекторот Јошко Миленкоски се 19-мина репрезентативци, сите повикани и во мај и во јуни за Европската златна лига, а во тој состав националниот тим ќе работи до крајот на месецов, односно до првите контролни натпревари против Романија од 4-ти до 6-ти август во Скопје. Тогаш Миленкоски ќе го скрати списокот за тројца или за четворица играчи. Откако ќе заврши тој сегмент од подготовките, македонските одбојкари ќе се преселат во Кавадарци каде што ќе играат со Израел и со Јапонија, а потоа ќе се вратат во старата база, салата „Борис Трајковски“ каде што ќе биде одржан традиционалниот меморијал „Чајка“ како последна проверка пред третото учество на континенталните собири. Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Давид Стојанов Коректори: Никола Ѓорѓиев, Стефан Алексов Примачи: Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Лука Костиќ, Ангел Бошковски, Тоше Ефремов Либера: Дарко Ангеловски, Костадин Ричлиев, Васе Михаилов Средни блокери: Филип Маџунков, Филип Савовски, Филип Лепидовски, Иван Андонов, Славе Наков.

The post Одбојкарите почнаа со подготовките за ЕП appeared first on Република.

]]>
Морничави вести од Турција: Извлечени телата на младите одбојкари од Кипар, згаснаа 16 животи https://republika.mk/vesti/svet/mornichavi-vesti-od-turtsija-izvlecheni-telata-na-mladite-odbojkari-od-kipar-zgasnaa-16-zhivoti/ Fri, 10 Feb 2023 14:06:19 +0000 https://republika.mk/?p=607446

Премиерот на Северен Кипар соопшти дека во урнатините на хотелот „Исијас“ на булеварот Адијаман Ататурк се пронајдени мртви тела на вкупно 16 лица.

Во седумкатниот хотел, кој се урна во земјотресот, престојуваа машките и женските одбојкарски екипи на Колеџот „Фамагуста“, чија експедиција броеше 39 членови.

Четири лица веднаш по земјотресот излегоа од урнатините.

Ги пронајдовме телата на уште четири наши деца во групата ТРСК за време на операциите за пребарување и спасување што беа спроведени во урнатините на хотелот Исиас. Со оваа загуба, бројот на граѓани на Северен Кипар во Адијаман се зголеми на 16, се вели во соопштението на Претседателството на Северен Кипар.

Во расчистувањето на урнатините учествува спасувачки тим од Северен Кипар, со тим од 170 луѓе, составен од спасувачки екипи и семејства.

Експертите сметаат дека првите 72 часа по земјотресот се клучни за пронаоѓање на преживеани под урнатините.

Повеќе од 90 отсто од преживеаните беа спасени во рок од три дена од катастрофата.

The post Морничави вести од Турција: Извлечени телата на младите одбојкари од Кипар, згаснаа 16 животи appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Северен Кипар соопшти дека во урнатините на хотелот „Исијас“ на булеварот Адијаман Ататурк се пронајдени мртви тела на вкупно 16 лица. Во седумкатниот хотел, кој се урна во земјотресот, престојуваа машките и женските одбојкарски екипи на Колеџот „Фамагуста“, чија експедиција броеше 39 членови. Четири лица веднаш по земјотресот излегоа од урнатините. Ги пронајдовме телата на уште четири наши деца во групата ТРСК за време на операциите за пребарување и спасување што беа спроведени во урнатините на хотелот Исиас. Со оваа загуба, бројот на граѓани на Северен Кипар во Адијаман се зголеми на 16, се вели во соопштението на Претседателството на Северен Кипар. Во расчистувањето на урнатините учествува спасувачки тим од Северен Кипар, со тим од 170 луѓе, составен од спасувачки екипи и семејства. Експертите сметаат дека првите 72 часа по земјотресот се клучни за пронаоѓање на преживеани под урнатините. Повеќе од 90 отсто од преживеаните беа спасени во рок од три дена од катастрофата.

The post Морничави вести од Турција: Извлечени телата на младите одбојкари од Кипар, згаснаа 16 животи appeared first on Република.

]]>
За нас Косово е Србија: Српски одбојкари одбија да играат против Косово на Балканско првенство https://republika.mk/vesti/balkan/za-nas-kosovo-e-srbija-srpski-odbojkari-odbija-da-igraat-protiv-kosovo-na-balkansko-prvenstvo/ Sat, 25 Jun 2022 15:04:33 +0000 https://republika.mk/?p=519656

Српскиот национален тим во одбојка на плажа заврши на деветтото место на Балканското првенство бидејќи се откажа од турнирот пред мечот против Косово. Тимот во состав Марко Макариќ и Вукашин Рајковиќ не сакаше да игра против косовската двојка, иако официјално организаторот објави дека Србија се повлекла поради повреда на еден од одбојкарите.

Сепак, Марко Макариќ на својот Твитер профил ја објави вистинската причина.

За жал ова е крај на нашиот настап затоа што утре не можеме да излеземе и да играме против Косово. Натпреварувањето го завршуваме гордо на 9. место, бидејќи за нас Косово е Србија“, напиша Макариќ.

The post За нас Косово е Србија: Српски одбојкари одбија да играат против Косово на Балканско првенство appeared first on Република.

]]>

Српскиот национален тим во одбојка на плажа заврши на деветтото место на Балканското првенство бидејќи се откажа од турнирот пред мечот против Косово. Тимот во состав Марко Макариќ и Вукашин Рајковиќ не сакаше да игра против косовската двојка, иако официјално организаторот објави дека Србија се повлекла поради повреда на еден од одбојкарите. Сепак, Марко Макариќ на својот Твитер профил ја објави вистинската причина. За жал ова е крај на нашиот настап затоа што утре не можеме да излеземе и да играме против Косово. Натпреварувањето го завршуваме гордо на 9. место, бидејќи за нас Косово е Србија“, напиша Макариќ.

The post За нас Косово е Србија: Српски одбојкари одбија да играат против Косово на Балканско првенство appeared first on Република.

]]>